![]() |
![]() |
![]() |
Голем Ринг |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 9> |
Author | |||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
![]() Кај зелен пазар се уништува зеленило колку што гледам позади блокот Краш. Но на сметка на тоа се добива не толку мало зеленило кај зелен пазар. Кај ССМ се уништува неповратно зеленилото во внатрешноста и тоа не ми се допаѓа. Сепак... 80% не е малку претерано? Мислам дека повеќе се работи за реорганизација отколку за уништување на зеленило. Спрема мене планов е прилично неинвентивен и неинспиративен за централно градско подрачје. Но ако го земам како таков не гледам некоја криза со зеленилото. Инаку јас би го урбанизирал поголемиот дел од просторот кај зелен пазар но и блоковите кои излегуваат на Кочо Рацин и 11 Октомври (од страната на зелен пазар). Градски ѕид не би го чепкал но мислам дека на овој дел кој го споменувам му треба сериозна реорганизација. Дел од тие објекти ми се симпатични, на пример станбените кои излегуваат на Кочо Рацин иако се доста стари. Но сепак мислам дека местото не им е тука и дека со најновиот развој што не очекува кај и околу стара железничка станица ќе биде паметно да се редефинира и овој дел. |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
BTW, да ја расчистам конфузијата што е посеана ради одредени новинарски написи, Голем Ринг не е еден ДУП, туку низа на ДУП-ови кои имаат предзнак „Голем Ринг“, но и попрецизна географска одредница.
Затоа тука ги префрлив и постовите што се однесуваа на делот карши Холидеј Ин. |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
![]() Тоа зеленило, па и начинот на кој е изграден целиот тој простор е доста добар, а ако не друго барем треба да го земеме во обзир фактот дека концептуално е дел од градски ѕид и во никој случај не треба да се уништува ради површински паркинзи. Па дури и да не требаше да се уништува зеленило, мислам дека претворање на тие површини во паркинзи е грешка и само по себе. Филозофски гледано и јас не сум голем обожавател на класични станбени четврти (со сите погодности што би биле пологични за попериферни локации) во строг центар на град, но градски ѕид е веќе изграден и треба планирањето да го прилагодиме на тоа, а не со вакви акробации да го упропастиме и концептот на градски ѕид. Во врска со „реорганизацијата“ на зеленилото, квантитативно си во право, но квалитетот не е воопшто исто. Паркот кај зелено пазарче не може воопшто да го замени она концептуално зеленило непосредно до зградите, а уште повеќе што на негово место измеѓу зградите ќе дојдат паркинзи. Па дури и квантитетот можеме да го ставиме под знак прашање, затоа што прашање е дали тој парк воопшто некогаш ќе види бел ден, а и ако види, сепак него ќе биде многу полесно некој да го избрише... Во врска со ова, ај еве да ја кажам „информацијава“ што прееска избегнав да ја кажам затоа што можно е да е само рекла-казала... Имено од двајца граѓани што пополнуваа анкетни листови, а делуваа поинформирани, ми беше посочено дека од кругови на Аларова процурило дека тој парк не е озбилна работа и дека е само мачкање очи за да се смири ситуација... И уште ми беше посочено дека кај доградбата на ламелата што недостасува кај градски ѕид имало коруптивни елементи кои наскоро ќе се актуелизирале... Ај да почекаме па ќе видиме... А за граѓаните што се бунат имам разбирање и апсолутно ги подржувам (конкретно за зеленилото во овој дел што коментирав), затоа што очигледно им се одзема нешто кое било предвидено да си биде и остане зеленило и простор за релаксација. Овде не е случај како на други места, каде што некои се бунат против логични решенија што си биле зацртани уште пред они да се вселат. Овде револтот во најголема мерка е оправдан.
|
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Добро бе кај најдоа ќоше од зграда да го искорумпираат. Па што може да се корумпира тука бе, кај отиде светов....!!!
|
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
да не се разбиравме изгледа за ова уствари се сложувам... тие жардинерии се дефинитивно дел од градски ѕид и не треба да се чепкаат (но под итно мора да се средат) |
|||
![]() |
|||
Shopgirl ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 12-Aug-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
"Роберт Гајдиќ" се наоѓа веднаш до влезот на пазарот од бул."Кочо Рацин", во една нова зградичка со жолтеникава боја, ама увидот траеше до 10 август. Ако сакате фотографии, само кажете.
|
|||
![]() |
|||
Shopgirl ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 12-Aug-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Од целиот план најдобра е само идејата за дислокацијата на пазарот без разлика која е веројатноста тоа да се случи, меѓутоа прашајте еден жител околу пазарот дали би бил среќен да се тргне пазарот...
Живеам долги години со поглед на пазарот, и е ужасно... од 4 часот наутро почнуваат да се влечат гајби, да трескаат тезги, да викаат пазарџии по цел ден... вечерта да останат најхрабрите и да се пијанчат до доцна вечерта... и најлошо од се што ја чуваат робата во комбиња кои седат на паркинг со денови и фаќаат паркинг места наменети за станарите, а ако не се чува во комбе тогаш се чува во подземните гаражи каде ужасно смрди поради скапаните патлиџани и пиперки... Верувајте ужасно е да се живее покрај пазаров!! Некој ми спомна дека зелениот пазар имал традиција и требал да остане таму? Која црна традиција? и дали воопшто е зелен пазар, или пазар за се, за долна облека, за банани, за супер лепак, за папучи, за сирење.... за останатите работи од планот не коментирам.. само морам да ја пофалам идејата за дислокација. |
|||
![]() |
|||
Shopgirl ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 12-Aug-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Не го уништуваат зеленилото околу Градски Ѕид, туку на сите плочници околу градски ѕид прават паркинзи.... Зеленилото меѓу плочниците и улиците не го чепкаат.
|
|||
![]() |
|||
Shopgirl ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 12-Aug-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Горната слика не е стар план, туку постојна состојба, а втората е ДУП.
|
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Добредојде shopgirl!!! Фала за инфото околу паркинзите, очи ќе си истеравме околу жардињериве.
|
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
shopgirl добредојде
Не сум сигурен дека те разбирам баш најдобро во врска со зеленилото внатре во градскиот ѕид. Колку што може да се види во планот, а и со оглед на дискусиите што се тераа во “Роберт Гајдиќ, ако ДУП-ов помине, најголем дел од тоа зеленило би било уништено за паркинзи. |
|||
![]() |
|||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
||
не мора да значи дрворедите ќе бидат како маркери за паркинг полињата, но и така лека пополека ќе се сардисаат дрвата што од премногу издувни гасови што од весели шофери, а има и друга побезболна варијанта да се нацртаат дрва по фасадите на зградите и грмушки по тротоарите ![]() |
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Точно бетон, голем ринг треба да биде бизнис центар, а таков ќе стане ако се дозволи преиначување од станбен во деловен простор и над 2 кат (сега може само до втори).
Ова би било и донекаде стимул во странските инвестиции, зашто ќе падне цената на деловниот простор во центарот на Скопје што сметам дека позитивно би влијаело. |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
@ beton
Дрвата и зеленилото имаат мал милион позитивни влијанија - климатско, прочистување, па и пошироки еколошки влијанија, естетска димензија, заштита од бучава, место за релаксација, т.н. „хумана димензија“.... Дефинитивно не смееме толку лесно да се откажуваме од веќе постоечко добро испланирано зеленило, особено не ако е дел од поширокиот концепт како што е во случајов. Инаку за начинот на домување во центар се сложувам (веќе образложив), но градски ѕид и неговиот концепт (вклучувајќи го и зеленилото) е реалност и треба да се земе во предвид. Вакво агресивно уништување на концептот и на квалитетот на живеење таму не смее да се дозволи. Што се однесува до паркинг просторите (поради кои во најголема мерка би се уништило зеленилово за кое зборуваме), тие дефинитивно се потребни, само што требало да најдат други решенија за нив. Едно од нив веќе спомнав - повеќе подземни паркинзи. Кога веќе се присатни и испланирани прилично големи површини со подземни паркинг простори, не гледам зошто не би се испланирале уште повеќе, со цел да не се прават онакви груби импровизации на површината. @ lsl Градски ѕид на пример да се пренамени во деловен простор?!?!? А и не мислам баш дека цената на деловниот простор е баш некоја пречка за странски инвестиции... Плус тоа со сите празни локации во центарот на Скопје, дури и повисока цена на постоечкиот деловен простор стимулира изградба на нови деловни објекти. Ако веќе имаме недостаток на деловен простор и слободни парцели за изградба, да охрабруваме импровизирана пренамена на станбен простор во деловен според мене е чиста глупост. Edited by Cloverstack - 13-Aug-2008 at 16:47 |
|||
![]() |
|||
Shopgirl ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 12-Aug-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Позади секој блок од Градски Ѕид има плочник, на тие плочници е предвиден паркинг, а зеленилото моментално се наоѓа меѓу плочниците и улиците... Освен на еден блок кадешто е земено и зеленилото за паркинг.
|
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Хммм... Според она што можам да го видам од веќе приложеното, ме буни ова што го кажуваш.
Спомна дека имаш некои фотографии... Ај ако се со подобар квалитет од приложените постирај ги тука па да може да ја продолжиме дискусијава попрецизно и подобро да се разбереме. |
|||
![]() |
|||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
||
кловер се сложувам со тебе дека заради естетскиот дел мора да се трудиме да задржиме што повеќе зеленило но мислам поголем ефект ќе се добие доколку се спроведе регулатива пред секој локал и на секој два метра по троарите да има и мали и големи жардињери со цвеќе и дрва, но за еколошкиот момент дефинитивно треба исклучиво еко 4 или 5 стандард да се воведе за скопје, задолжителни еко филтри, екстра давачки за секој втор приватен автомобил, рушење на антиквитетот матка 1 како би се вратило струењето во градов како и дислоцирање на усје од кисела вода...
ако мислиш дека скопје е пропорционално раззеленет во сооднос со бројот на население тогаш најверојатно мислиш на површините проектирани за после ’63 кога се планирало и проектирало за за скопје со 200.000 жители а не за скопје со 700.000 а за тоа дека од парковите нема ни П и муабет да не правиме... туку за подземните гаражи и паркинзи си во право но не заборавај мора прво еден куп кеш да оди на сондажи, на елаборати и согласности, па сетне на изведувачи, нештошто само е возможно за крупни зафати како тунелот под плоштад или некаде каде што ќе се проектира за поголема површина вака меѓу сокаци многу тешко ушт потешко што никаде не постои катастар на инсталации, т.е. она што постои е далеку запоставено и застарено па се случува во аеродром да имат застој со месеци а не па во центар мислам дека е тотално неизводливо, попрво би се нашло чаре за трамвај или за метро отколку за подземни паркинзи... но не е проблем паркирањето колку што е проблем менталитетот на народов на работа секој да оди со своја кола или да зафаќа паркинг за тројца, а има и случаи каде цел јавен паркинг е околчен со столбови... тешко на оние станари што си ги имаат продадено гаражите а мислам дека повеќето го имаат сторено тоа, па дури и да ги резервираат новите паркинзи за себе пак нема да куртулат... |
|||
![]() |
|||
Shopgirl ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 12-Aug-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Се гледа и од приложените... она што е зелено е зеленило...
Нема потреба од понатамошна дискусија околу зеленилото... Дали некој ја забележа катната гаража до Аутомакедонија, наспроти Музеј на град Скопје, која не е баш катна.. П+1 ![]() И паркингот пред двете кули од Градски ѕид, позади Аутомакедонија, кој одеднаш со планот станува помал... од 70 паркинг места на 32!!! ![]() Нема да има крај на лудориите во ДУП-овите... |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Бетон, се слагам со повеќето што го кажуваш, со исклучок на овие две работи:
- Жардињерите кај блокот што е до Зелено Пазарче целосно се уништуваат. - Жардињерите кај блокот што е кај Аутомакедонија остануваат, но и самиот факт што постојните пешачки плочници околу нив се претвораат во паркинзи воопшто не ми се допаѓа, а со самото тоа опаѓа и „вредноста“ на тоа зеленило што останува како островчиња на сред паркинг простор. |
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
Офтопик но морам да го постирам ова во контекст на струењето на воздухот.
Го обожавам делот со стручното мислење на "старите скопјани". Да се биде "стар скопјанец" се издигна веќе на ниво на професија, тоа се неприкосновени експерти на чие знаење неможе да му пркоси ниту еден факултетлија, магистер или доктор на науки ![]()
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1475&ArticleID=96522 |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 9> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |