![]() |
![]() |
![]() |
Православна сакрална архитектура |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456> |
Author | |
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
фала Макс,и мене ме изненади цената,ги зумирав сликите и не гледам некоја аберација на лежата.прошлиот апарат имаше на десниот горен дел,овде засега не приметувам ништо.промотивната цена е за цел балкан(можеби и на други места)
многу ме чуди што ќе испадне ова со гробницава на линкот(и на други портали),вакво нешто немало во Македонија,сме гледале во Египет и на други места.Многу мегалитски се камениве блокови.ќе излезе нешто големо од ова ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
опуштено си истражуваат и опуштено нека тера офтопиков во археологија, тука стави слики од некоја средновековна ротонда, иако ваквите тумулуси се директен предок на куполата како архитектонска појава во византија, иако намената им е различна макар интерпретацијата била иста... |
|
![]() |
|
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
ова ме изненади како интерпретација - http://en.wiktionary.org/wiki/cupola
но ова кај нас ко значење би било претпоставувам Тамбур, а купола велиме најчесто кога мислиме на домо - http://en.wiktionary.org/wiki/dome - а порано чукав глава од каде дошол зборот дома просто природно местото ни е таму... |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|
![]() |
|
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
http://en.wikipedia.org/wiki/Onion_dome
РПСА - http://www.youtube.com/watch?v=rRVD9hzRsDI&t=30m Edited by +Protagorist - 05-Mar-2017 at 20:23 |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|
![]() |
|
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|
![]() |
|
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
http://preminportal.com.mk/content/category/13/43/158/ http://myweb.rollins.edu/aboguslawski/Ruspaint/underst.html
http://www.atma-o-jibon.org/file_pdf/camminiamo_n25_novemmre_dicembre2013.pdf Edited by +Protagorist - 25-Jul-2018 at 21:33 |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|
![]() |
|
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
мало туристичко ЕПП и не дека неможе без него туку бидејки повеќето така стигнуваат побрзо до аберот од претходниот пост
кога првпат го погледнав видеово за манастирите на Пелистер прво што ми падна на памет е дека цела ова тура плаче за фрирајд, иако и без точак се може но за трекинг треба буквално чоек да е спремен на кампирање бидејки прашање е дали и кого ќе најде по манастирите со оглед дека истите сега се претежно само селски Цркви евентуално Света Петка в с.Цапари но токму вреди и за во вреќа цела тура од Сливница преку Курбиново та отаде Малоиште па Цапари, а може да префрли и кон Илинска планина та преку Ѓавато, Гопеш и Смилево да се стигне до Слепче, јасно вожњата може да тера потем и према Журче та лесно отаде према Прилепско, кој бил на местава знае за што зборувам и би му препорачал пак да отиде, а кој не бил нека не се мисли двапати оти сеуште е сето ова недопрена природа - настрана сета историја и традиција посреди! |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|
![]() |
|
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
уствари турата од Горна кон Долна Пелагонија исто е феноменална, пример од Журче за Прилепец па кон Зрзе а од таму назад за Трескавец па Варошкиот манастир та сетне кон Мариово до Свети Никола во Витолиште (видеото) и Свети Никола во Градешница (фотката), бар по оние кои се живи Манастири иако последниот е исклучок, овој во Витолиште немам отидено но веројатно немаше ни да чујам да не беше Жири посреди, што да кажам спокојно место и спокоен Манастир ![]() Edited by +Protagorist - 09-Nov-2014 at 19:10 |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
овој манастир го раководи мој колега,иначе дипл.ел.инженер кој по апсолвирањето одма се замонаши,и последните испити ги доположи во мантија.има огромна помош од локалното муслиманско население,и буквално секојдневно со нешто му помогаат.
чуден животен пат,но за секоја пофалба |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
зошто чуден ПАТ а не па и ЖИВОТодавен... мене чудно ми е како не успеваме да се поучиме и угледаме на примерот од подвижниците - макар живееле мирјански, да наоѓаме радост во скромноста и простодушноста, да имаме разбирање за сите и насекаде, со насмевка и благодарност да трпиме... во Рајчица не сум бил, а сите велат дека е бисер мијачки и заради локацијата и заради локалците [1] особено што таму мијаците се исламизирани та алкохол речиси и да не се пие - претпоставувам местото Цвета во Смирение штом Литургиски се разлие Славословие... Рај на земјата - http://infomax.mk/wp/?p=377 |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
обично не размилувам аскетски со оглед дека нема поголем пад за душата од умисленост за подвиг, но понекогаш се потсетувам дека сред овие декадентни времиња [1] треба трезвеноумно да бдееме на себе! а дали е тоа возможно доколку живееме атлетски, раскошно или натпреварувачки во овој свет, и не само како индивидуи туку и колективно како членови на Црквата... дали Трезен Ум може да остане смирен доколку си дозволи да се товари доброволно со секакви искушенија... ем дали малку искушение е навистина малку или искушение е искушение та било малку или многу!? сепак не е наше да судиме а уште помалку да релативизираме нечиј подвиг или бреме, и посекако Различно тежат едно кило и сто кила јаболка, односно едно е доколку некој се спасува со едно модерно ауто, а сосем друго со елитна ергела болиди, иако оној пак со едно едно ауто има помалку прилики некому да помогне него оној со повеќе, но бидејки денес заборавот е норма па ни на сон не можеме да живееме социјалистички ко монасите денеска а не па комунистички ко терапевтите некогаш [1]... можам слободно да кажам навистина Чудно е во очите на повеќето денеска да живееш со Љубов кон сите сакајки на секому во се простодушно да помогнеш во секојдневните тешкотии, а воедно избегнуваш да им помогаш во секојдневното безделничење или фестивалски дружби - токму ТОА го прават денес монасите бар како духовници и лекари ако не ко измеќари, иако многу често и од последниот залак двојат за на оние кои им се духовни чеда да им подадат вака или онака нешто милостиња, само што ние тоа не го гледаме истакнато на огласна табла а потем и ги судиме дека немаат милосрден подвиг Иако самото Литургиско Славословие е повеќе од доволно од нивна страна за сите околу нив и при нив да се спасуваат и жевејат Радосно онака исполнети со Благодат а која за жал потем најчесто ја трошат пред телевизор, компјутер или друго електронско тенеќе, ајде бар со надеж дека и тоа е подобро него во такво расположение да мерат дискотеки, плажи и фестивали, она денес причест в Цркваа утре коктелче на ибица, смешно но токму вака изгледа преминот на испрелестен чоек кој се воцрковува, а тоа така може и да потрае додека вистински човек да се воцркови, мене пример ми требаа добри десет години ваков кросовер иако пет претходно бев свесен дека живеам екстра-декадентно и не дека на почеток или на крај е тешко, колку што човек лесно неможе да се победи себе си доколку е сред волци, она или ќе го изедат или пак ќе стане волк, затоа и неопходно е повлекување, а потем и расчистување со стариот адам, што незначи дека пак чоек неможе да биде заведен од старите слатки искушенија макар се преселил и на врв планина, но со троа наивност (смиреноумност) и нешто молитва (искрен разговор со Бога) посекако и себе а и на други утре ќе може да им помогне, но ако на мирјаните не им е лесно уште помалку на подвижниците макар достигнале степен и на старци, иако ко монаси истите уште одма се челичат со турбо-духовни искушенија пр. како во исто време да се молиш ем да слушаш нечии световни теории на млака вода а на крај и да го испратиш дома излечен оној кој дошол по Благослов, сепак најколемо прекршување копја в себе имаат пишман монасите т.е. оние искушеници кои не го нашле својот мир а потем назад и во свет не ги држи место, што вика архимандрит Софроние Сахаров останале ниваму нитаму, да не сум им во кожа ![]()
Навистина Чуден Пат Имаат Тоа Монасите во право си Ѓоко најчесто летаат по него додека ние мирјаните не можеме ни да се расониме сред истиот, до душа и оние мигови кога се расонуваме гледаме што побрзо пак да се фрлиме во дремеж, онаа уште една минута сон што ни е потребна секое утро земено духовно е речиси ко цел живот кај Христијанинот кој живее во светов! ![]() |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
прв пат во манастиров в Зрзе имав отидено со екипа апла туристички летото '97 чинам, но и манастирот немаше монаси, а единствено дедо Иљо беше ко доманикин таму, но повеќе ко чувар на традицијата кој потем доведе еден чоек мислам од Ниш изгледа се викаше Мино ил така нешто, нејсе, имавме прилика тогаш и коритото од кладенецот да го зашалуваме, а тек годиње подоцна го направија ко што е сега иако и тогаш беше тоа камената одаја, битно од таа година ето ко архи-турист месец дена имав прилика да видам што е тоа манастир и поднаучам по нешто и за градителската и за црковната традиција, иако поминаа приличнo години од тогаш додека и да се приучам, но сега е нај'склет бидејки нема ништо полошо на овој свет од полуписмен чоек кој мисли дека со својта просечност може да префрли умно и тро потака... туку тогаш пред да стигнеме до манастирот барајки го патот наидовме на едно девојче и ни вели 'само следете го патот со белите камчиња' за жал истиот денес е асфалтиран за што повеќе туристи да можат да се прошетаат иако ко што може да видите по мене туристите далеку знаат да стигнат и без никаква особена подготовка единствено што треба е ЉУБОВ - Љиљаков Убав Бран Од Виножито ( онака ко за почеток или мисија прва ![]() Edited by Max - 18-May-2021 at 18:50 |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
денес бев Сведок на две убави работи, првата е Блажена Мајка а другата е Радосна Невеста, и на Двете Господ Да Им Подари Спасение, а кое како Православни Христијанки ќе го заслужуваат живеејки во подвиг, што може на мирјаните им делува дека е норма само за отшелниците, но дефакто сите сме повикани на Целомудреност од кој аспект оние кои живеат во манастир или потака в пештера ил пустина ко аскети ним иако искушенијата им се претежно од духовна природа, сепак се во подобра положба од оние кои се Спасуваат во светот односно сред цивилизација, и не бидејки на монасите им е полесен патот од мирјаните ТУКУ бидејки мирјаните имаат одговорност во Бракот далеку поголема него што тоа е случај со монасите кои пред Бога одговараат сами за себе, но и во двата случаи доколку Православните не се стремат кон подвиг во Љубов тогаш и делата и плодовите им се млаки ко што вели Апостолот ко кимвал што ѕвечи... е сега ако Љубовта се' простува и не се противи, ако Љубовта трпи и сострадува, ем ако Љубовта значи милост а не жртва, тогаш лесно се пребродуваат сите искушенија, а уште полесно се надминуваат сите разлики, но дали денес се наоѓа искрена Љубов - е тоа е друга работа за која потребно е хируршка прецизност во животот сето ова би било лесно применливо доколку се држиме до поуките на Светите Отци кои својот опит и традицијата ги преточиле во Канони а кои денес како поуки ни се предадени на Црквата доколку сакаме Живот со лесно бреме и осигурано спасение, во спротивно Црквата повторно има простор за покајание и за оние кои отпаѓаат но само доколку тоа го прават скрушено а не од разонода колку да исполнат одредена форма, ОД овој аспект уште поголем престап е да се живее вон Црковните закони а да се очекува дека ко такви можеме редовно да им пристапуваме на Светите Тајни... дури денес од овој аспект ми е навистина шубе да размислувам и за работи како флерт со жена за време пост а не па вонбрачен живот со неа капак ко таков да барам да се Причестам... ех, If being a Christian is not easy being an Orthodox Christian is even harder еве неколку страни извадок од книгата Беседи Под Крстот издание на Небески Цветови Св.Атанасие ман.с.Журче а каде едноставно се укажува дека добро е да се живее во Чистота и Страв пред Бога доколку сакаме животот да го минеме во Слобода на што никој не е присилен но на крај посекако ќе сконта дека така би било полесно за него да се спасува, другиот аршин е падни стани бранувања се додека не се почне да се игра по правила а кои не се за нас да не ограничат туку да ни помогнат ограничувањата на овој свет лесно да се надминат... последната е за оние кои стапуваат во Брак, а средната е за се потоа, односно дека Љубовта е како таписерија та кога ткаеш доколку конците ти се врзани за небесата (осигурани од Христа преку венчање и светотаински живот) резултатот секогаш ќе биде Благ макар живееле во горчливи околности или времиња, Спасувајте се Изворно... бар одвреме навреме ако не можете постојано сепак најдобро преку духовно раководство та и старателство кај избран Духовник, живејте како достојни Христијани доколку веќе се декларирате ко такви, бар бидете искрени доколку не можете ни да се разбудите со три чисти... ![]() ![]() ![]() Edited by Max - 18-May-2021 at 18:56 |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
![]() нека е Честит духовниот и националниот празник Свети Климент Охридски и по неговите Молитви да им подаде Господ трпение и смирение во овој краток живот на оние кои бараат застапништво од Светителот пред Христа ... дали некој знае каде може да се најдат реплики од охридската резба на Светиот Словенски Архиепископ чинам прв е кај Словените бидејќи Свети Кирил и Методиј се Рамноапостоли Словенски без царски указ за епископи, иако и Седмочислениците како нивни ученици и наследници меѓу кои Свети Климент е поставен како прв меѓу еднаквите се воедно и самите Словенски Рамноапостоли ![]() http://ortos.wordpress.com/2008/12/07/свети-климент-охридски/ Се искажуваат претпоставки дека Климент ги придружувал Кирил и Методиј во нивната мисија во Хазарија
Edited by Max - 08-Dec-2014 at 12:10 |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
Средниот Пат, царскиот пат, умерениот колосек, како и да е свртен исто ко горната слика в среде (пост #74 погоре) значи токму Пат со Душа, а дали човек (или живот) со душа е тоа доколку е заробен од материјализам и страв по земното, дали ропството е вредно на крајот од краиштата како би биле во тренд и по духот од овој свет наситувајки се само со минливи страсти наместо со вечни емоции, дали смртта значи само музејска витрина в земја или само чекпоинт односно граничен премин за душата... И сам се прашувам често дали средниот пат значи буквално умереност и златна средина ИЛИ средниот пат е Трпение (кое раѓа Смирение а ова Спасение) некој ќе рече тогаш по тој аршин средниот пат е автогол за Гордоста, алчноста и ненаситноста, а за жал понив нели сите денес слиниме искрено, бидејки реално и со по некој кредит можеме сето тоа и да си го дозволиме бар на вересија итн. но дури и кога ќе се наситиме повторно чувствуваме празнина, налик вкус во устата кој не одминува брзо но бидејки не сме уживале искрено додека траел не сме се ни израдувале ко што треба а потем пак сакаме нестрпливо повторно да ни биде ко тогаш заради што сме спремни да не трпиме ем бараме скратен пат како повторно до насладите, бар да беа природни и изворни истите, бар да беа искрени та и ради нив да трпиме и се смируваме, или излудиме и изгинеме, за жал денес тоа го правиме жртвуваји се за и поради тешки лаги ко шминка и конзервански спакирани во добра амбалажа и намакани во бомбастични етикети за случајно да не би имало простор да се поколебаме во сопствената самоизмама! но и да е така, и контра од ова макар некој искрено одлучил да живее Живот Со Душа наместо добро етаблираниот живот по тело, тој или таа просто незначи дека со самиот почеток на утакмицата ја однеле победата, настрана што мора постојано преку автоголови да победува се до последната секунда!!! земено како Архитектура може да се каже старите камени градби се токму Градби со Душа, истото важи и за Традиционалното Славословие кое е иако церемонијално сепак Искри од Срце, додека ова современиве трендови на бетон и пластика а на тоа донакалемени и театарските клупи за церемонијата да бидне ко кино претстава наместо Служба пред Бога ја сведува духвноста на инстант уметничка закрпа за побожни носталгичари, ДОБРО претерувам но дефинитивно не е исто плетени чорапи и неопренски сред зима иако доколку нема добри обувки стапалото сигурно ќе накисне макар чоек ги комбинирал и двата вида чорапи а ТИЕ обувки идеално би требало да се направени од Милост и Скромност... да поедноставам Царски Пат во православната духоносна архитектура би било да се држи до традицијата Милозвучно во формите на византискиот стил, додека Скромно со модернизирањето околу материјалите не дека треба само со камен и цигла да се гради напротив тоа денес е екстралуксуз, но да се избегнува од Црковните Храмови да правиме трендовски модни салони И на првоместо акцентот да биде кон Молитва макар истата се излевала во параклис од ламарина! вака видено некој ќерече византискиот стил тогаш би бил раскош, и тоа дури може и било така доколку се посматра од средновековен агол, но прво тогаш на Луѓето центар во својот живот не им бил телевизорот и компјутерот туку Црквата и Спасението па народ богат или сиромав и последниот алтандоброволно го двоел за да во селото, градот или државата се подигат Цркви та макар тоа го правел и нахоризонтално ниво за да се знае дека тоа можел да си го дозволи и сите преку тоа индиректно да му одадат признание, иако длабоко сум уверен дека нашите предци не граделе за да фрлаат чалам ами за да ко ктитори измолат милостиња пред Бога преку молитвите на сите оние кои ќе служат утре во тој Храм со оглед дека на секоја литургија во секоја Црква се молиме во континуитет со векови за сите оние кои го дарувале и граделе тој Црковен Храм денес пак некој повторно ќе приговори дека византискиот стил е непотребен луксуз, но знаејќи дека се крева истиот со калапи и вештачки, сепак ко таков не потсеќа на Славната Духоносна Традиција од минатите два милениума со што бар формално би допреле до онаа СИЛА која ја имале верниците и верските војводи претходно а чив подвиг денес може да ни биде само мисловна именка макар што живееме во далеку поголемо материјално изобилство и технолошки напредок но Сиромаштијата на Духот го компензира екстра лесно сето тоа! струмичката базилика Свети 15 Тивериополски Маченици Edited by Max - 11-Dec-2014 at 07:11 |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
денешен Свети Никола да ни биде пример за ревност и кон Милоста и кон Жртвата но од првиот Севселеснки Собор каде присуствувал милостивиот застапник за сиромисите и пожртвуваниот архиепископ за Мирската Црква па се до денес има светлосни години разлика како во Славословието така и во Спасението, Солта денес е размлачена што може да се види преку осигураните отстапувања од традицијата како церемонијално така и архитектонски, а во многу што и духовно! искрено доста народ ако не и мнозинството не знае како да се постави општо кон различните, а не па да проникне потака во Верата и се што е околу неа, настрана што и оние ко мене кои се трудат нешто да разберат мораат вака да калемат абери за да воопшто и нешто си насадат во меморија, за срце и да не помислувам а не да говорам! на оваа тема добро четиво е Тајната на Спасението од архимандрит Рафаил Карелин, еве и мал извадок во контекст различните http://www.slideshare.net/krugoi-okoliski/ss-42869925 и препис во однос млакоста
|
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
Ако некаде Свети Јован Крстител е чествуван како светител на Балканов тоа дефинитивно е во Македонија каде нема околија да нема еден манастирска Црква која е под негов патронат, а поука за ова се и двата наши манастири предводници на локалните резбарски школи Слепчанскиот и Бигорскиот манастир [1] и двата манастира дополнително поѕнати и по своите фрескописи и икони [1][1] она што го прави дополнително посебен Слепчанскиот манастир е неговата историска нишка врзана за ослепените самоилови војници а кои тука наше засолниште после суровата византиска опомена до Самоил [1] патем има претпоставки дека првата Црква на ова место е од 7 век иако неофицијално тоа се смета ѕа 11 век односно официјално од 14 век инаку во овој манастир имав прилика да научам молзење крави за време Велигденски Пост а за време Светлата Недела и Славословие со битолчани севкупно прилика да сетам што е тоа Православна Среќа на Свето Место а во сеќавање ми се и шарпланинците со кои првата средба ми беше молтвена а сепак на работ на гладијаторска борба, среќа баба Софче се појави од никаде па останав целосен, иако потем и Белка и Роки ми станаа побратими, се сеќавам истата среќа ја немаше еден друг Лав
во контекст датирањето на манастирот од мештаните уште пред самоилово време имав прилика еднаш да чујам за сонот на Баба Софче која долги години го прислужува манастирот при кујната, вели синко немој да му кажеш на Отецототи нејќе празни муабети но јас сонив кко по манастирската црква има столбови ко од врата која води кон постара Црква, се смеевме велев баба Софче ти си сонила нешто од онојсвет та пази да не заминеш такаод овој т.е. не им верувј на соништта за да не ти земат мирот и те прелжат макар биле и вистинити со оглед дека ретко кој е достоен за да разбере што каде како има а тоа да не го испрелести, што вели Свети Јован Злтоуст оној кој верува на соништата е како оној кој сака ја фати својата сенка, што пак незначи дека неможе да распознае колку е сат преку истата односно кој дел од денот го разденило од таа страна... инаку севкупната книжевно-духовна историја на слепчанскиот манастир за жал е сотрена прво од ромејците во антиката, потем арнаутите во средниот век, а на крај и титоистите го досардисале она што претходниве немале прилика, капак и самиот манастир и самата Црква се повеќратно опожарувани, сето тоа сега обновено и одржувано од Отец Серафим кој со своето необично смирение се носи прилично инветивно со пелагониските стихии со оглед дека слепчанскиот манастир со метохот во Журче се единстевните светилници за сега во цела битолско-смилевска околија, веројатно добар дел од снисходливоста на о.Серафим е потпрена и на неговото претходно искуство ко балкански шампион во кунг-фу мислам беше, дефинитивно за да чоек излезе на крај со битолци му треба познавање и на вакви боречки вештини таман за да ја релативизира добро познатата битолскиот презир од комунизмот кон монасите и монаштвото, чудно та и смешно речиси да не сум чул за монах од битолско освен ето од ресенско, но тоа незначи дека вака ќе биде во недоглед имајки предвид дека Битола и битолско низ вековите биле монашки расадници... она што им фали веројатно на битолци е пристап ко на есените со оглед дека не се навикнати на системска хиерархија ето можеби скитови посреди мариово, и по некој заскитан по пелистерот ко што беше случај со Диме Илиевски некогаш! симболично Слепче и денес е лечилиште за сите и физички и душевно а особено духовно ослепени браќа и сестри, кој ошол ова и го сетил ако веќе и не го разбрал, а сигурно затоаи самоиловите војници отседнале баш таму, следната 1015 прва пат и чествувајки го денот на Претечата Свети Јован Крстител, ова 2015 година впрочем прилика да се одбелижи 1000 години од ваквата чест кон Претечата од сите сродници на овие некогашни македонски предци... чествувањето иако читири пати повторено секоја година сепак основно е на 20 јануари по нов стил веднаш после Богојавление, та после Божиќ, Свети Стефан, Василица и Водици, зимскиот циклус празници симболично се завршува со Претечата кој го навестува Христовото доаѓање а со тоа и припремата за Великиот Пост и нашиот стремеж за Богопознание преку усрдна молитва и литургиско заедничарење кое кулминира символично напролет на Велигден... |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
![]() Олтарската Апсида ... ![]() Edited by beTon - 06-Sep-2023 at 19:02 |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
во манастирската Црква во Слепче постојниот Живопис е од 19 век а со тоа и нешто поренесансен, иако повторно во голем ел византиски но со некои наивни моменти посреди, но плаветнилото го прави навистина уникатен како целина, штета што и иконостасот не остнал нечепнат, претходниот Живопис впрочем е покриен со овој веројатно после опожарување на манастирот, но одма над манастирот има помала веројатно аскетска Црква порано посветена на Свети Јован Богослов, иако в Слепче редот бил таков да некогаш општожителните монаси биле стационирани тука додека аскетите оделе во метохот од каршија во село Журче в манастирот на Свети Атанасие Велики воочливо едноставно и по изобилството на вода во Слепче а сушните ридои во Журче ![]() ![]()
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |