build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 268269270271272 329>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [53.93%]
83 [43.46%]
5 [2.62%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #5381 Posted: 01-Jul-2015 at 19:31
Originally posted by Staro Skopje











Повеќе фотографии на a1on.mk


За ова се криви самите “граѓани“, а инаку јас не би ги ни нарекол примитивци, затоа што тоа за нив е преблаг збор. Значи на нас човек ништо да не ни направи. Во состојба сме за недела дена да го уништиме, а први сме за јадење трици како нешто не чини, а кога сме во состојба да ја покажеме нашата одговорност кон општеството и јавната култура никаде не нема.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #5382 Posted: 01-Jul-2015 at 19:42
Previous
 
Освен првата и последната слика, каде виде човечки фактор во пукнатините во 2-та и 3-та слика ?
 
Или онака, фрлаш паричка со петка или глава и од едната и од другата страна, па без разлика како ќе падне паричката, секогаш виновни се граѓаните ?
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #5383 Posted: 01-Jul-2015 at 20:19
Пред само неколку дена имаше канонада за објавениот оглас од Град Скопје за оджување на објектите од проектот ск2014, сега истите тие што тогаш критикуваа, сега критикуваат зошто имало негрижа и запуштеност на објектите. Веројатно се реализација на тој конкурс ке се корегираат најголемиот дел на настанатата штета. Инаку ништо не е вечно, сите ние што имаме куќи знаеме дека треба секоја година да си вршиме поправки и заштита на одредени сегменти. А замислете како е со јавни објекти и јавни површини, мора да се одржува и да се поправа настанатата штета. Не гледам ништо страшно во тоа што одредени мермерни делови испукале, се работи за природен, а со самото тоа и порозен материјал, кој што кога ке прими вода во микропукнатини со замрзнување на истата доаѓа до кршење на делови од мермерот. Постојат заштитни епоксидни смоли, но во надворешни услови не се секогаш ефикасни.
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #5384 Posted: 02-Jul-2015 at 06:56
Квалитетот на изработка и на материјалите е крајно низок.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #5385 Posted: 02-Jul-2015 at 10:11
Иако е голем дел кич, сепак треба да има грижа. Срамота е да пропаѓа, доста странците ќе ни се смеат.
Според мене би требало средстава не само за објектите од ск2014 туку и за целиот мал-голем ринг со чаршијата заедно. Центар си е центар!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5386 Posted: 02-Jul-2015 at 12:03
Текстов е делумно поврзан со Скопје 2014...

Откриен „хаос“ во скопската подружница на австриската Алпине

Сомнителни заеми, провизии, конфликт на интереси и значително надуен профит се дел од обвинувањата насочени кон македонската подружница на градежниот титан Алпине Бау во две ревизии кои денес за прв пат ги објави Балканската истражувачка репортерска мрежа.

Драматичниот банкрот на Алпине Бау во јуни 2013 година беше резултат на токсичен коктел од несоодветно управување, вратоломна експанзија на странски пазари, отсуство на систем на внатрешна контрола и баланс и бројни финансиски нерегуларности.

Тоа никаде не беше толку очигледно колку во Македонија, каде компанијата израсна во една од најголемите градежни компании во земјата и за седум години доби државни договори во вредност од 70 милиони евра и воспостави тесни врски со високи државни службеници.

Новите документи, кои денес за прв пат се објавуваат, откриваат шокантни детали за матните зделки на една од најугледните европски градежни фирми на Балканот.

Само во периодот помеѓу 2010 и 2012, четири милиони евра се доделени на компании во сопственост на повисокото раководство на Алпине Бау во Македонија преку сомнителни договори.

Истите фирми добивале заеми без никаков надомест кои не биле отплатени, додека за една компанија за поправка на автомобили поврзана со нив дури бил изграден и сервис речиси за без пари.

Дополнителни 2 милиони евра биле исплатени на други фирми без очигледен резултат, вклучувајќи големи исплати на хотелски и текстилни фирми за истиот технички извештај за изградба на патишта.

Иако извештаите не откриваат докази за корупција, ревизорите бележат дека подизведувачите одобриле исплати на „провизии“ на подружницата на Алпине Бау.

БИРН исто така дознава дека македонската финансиска полиција истражува можни злоупотреби, иако одби да даде повеќе детали.

Разобличување

Алпине Бау стана водечка градежна фирма на Балканот во 2000-ите, а само нејзината македонска подружница, Алпине Бау ГмбХ Скопје успеа да обезбеди низа лукративни договори во седумте години пред падот на компанијата во 2013 година.
Банкротот е забележан како најголем во Австрија од 1945 година и зад себе остави мноштво незавршени проекти, 15 000 отпуштени лица и бројни неисплатени подизведувачи.

Алпине Бау ги има изградено некои од најголемите инфраструктурни проекти на денешницата –од стадиуми за светски фудбалски првенства, преку балкански автопати до грандиозната евровизиска сала во Азербејџан.

Македонската подружница доби зделки за големи патни и железнички проекти, покрај 20 милионските договори за изградба на клучни објекти во рамки на проектот Скопје 2014– грандиозното, некои ќе речат кич, преобликување на главниот град.

Кога компанијата пропадна, повлече со себе десетици милиони евра од парите на даночните обврзници – пари кои беа резервирани за државни проекти. До сега, Владата успеа да „изгребе“ назад само 6 милиони евра од тие пари.


Бројките добиени од извор во Салзбург откриваат, на пример, дека македонската подружница загубила 25 милиони евра во 2012 година како резултат на драстичниот пад на очекуваниот профит.

„Сомнителни“ заеми и исплати

Сериозната загриженост кај повисокото раководство за операциите на Алпине Бау ја потврдуваат вознемирувачките наоди од ревизијата на КПМГ во 2011 година, до кои дојде БИРН, кои покажуваат, меѓу другите недостатоци, сомнителни исплати и значително надуен предвиден профит во Македонија.

Всушност, извештајот на КПМГ открил недостатоци од такви димензии што централата во Салзбург наложила дополнителна внатрешна истрага во веќе сериозно задолжените операции на градежниот гигант во Македонија.

Се покажа дека фирмата била веројатно банкротирана уште од 2011 година и се одржувала во живот со парите што ги добивала од главната канцеларија во Салзбург, се вели во извештајот.

Извештајот посочува и на „сомнителни внатре-компаниски заеми“ давани без камата и без очигледни причини. Ревизорите побараа дополнителна истрага во заемот од 500.000 евра помеѓу скопската подружница на Алпине Бау и Алпине Скопје ДООЕЛ, локална фирма основана од Австријците која никогаш вистински и не проработела.

Беа откриени и договори помеѓу компании во сопственост или под контрола на директорот Ѓоко Динев и вработените Сашо Дамјановски, Методија Чолаков и Тодор Цоневски.

Овие договори биле склучени и покрај тоа што на вработените на Алпине им било забрането да извршуваат работа за други работодавачи без писмена согласност.

Ревизорите особено ги посочија како загрижувачки консултантските договори склучени со СИМ Консалтинг во сопственост на Дамјановски и Чолаков, кои „би можеле да упатат на конфликт на интереси и проблеми со управувањето“.


Милиони исплатени на фирми на вработените

Резултатите од внатрешната истрага за работењето на скопската подружница на Алпине Бау во 2012 година – кои ги доби БИРН – откриваат како повисокото раководство на компанијата во Македонија во текот на изминатите две години доделило договори во вредност од 4 милиони евра на фирми во сопственост или тесно поврзани со нивниот персонал.

Извештајот, кој БИРН го поткрепи со информации од јавен карактер, исто така посочува на исплати од 2 милиони евра во текот на истиот период на изведувачи и покрај тоа што постојат „малку или воопшто докази“ за извршување на каква било работа.

Понатаму, авторите на извештајот забележале дека голем број на македонски добавувачи и подизведувачи посведочиле дека плаќале „провизии“ на Алпине Бау ГмбХ Скопје.

Авторите на интерниот извештај ги опишале ваквите откритија како „само дел од хаосот кој се случувал во периодот 2010-2012“.


Од компаниите во сопственост или тесно поврзани со персоналот на Алпине Бау, авторите на внатрешниот извештај забележале дека Аура Проект и Аура Инвест – првично во сопственост на генералниот директор на скопската подружница на Алпине Бау – Динев, добиле вкупно 415.000 евра помеѓу 2010 и 2012 година.

Динев ја пренел сопственоста врз двете компании на својот татко и на Василка Мелник, сопругата на неговиот колега од Алпине Бау Петар Мелник, набрзо откако дошол на неговата позиција во скопската подружница во 2009 година.

Извештајот покажува дека 215.000 евра биле префрлени на Аура Проект веднаш откако Динев станал генерален директор на Алпине минерални суровини, геолошка компанија основана од салзбуршкиот градежен гигант. Преносите од скопската подружница на Алпине Бау вклучувале 185.000 евра за „елаборација на проекти“ и 15.000 евра за трошоци поврзани со наемнина.

Тодор Цоневски е уште еден вработен во скопската подружница на Алпине Бау, кој истовремено работел и во друга градежна фирма во негова сопственост. Според извештајот, на неговата фирма Геоинженеринг ДОО биле исплатени 60.000 евра во 2011 и 2012 година од страна на Алпине Бау за „изработка на проект“. Цоневски не одговори на барањата на БИРН за интервју.

Најмногу средства од Алпине Бау примиле вработените Сашо Дамјановски и Методи Чолаков кои, благодарение на фактот што скопската подружница на Алпине Бау ангажирала низа фирми во нивна сопственост, биле исплатени 3,4 милиони евра од 2010 до 2012 година. Внатрешниот извештај наведува дека нема докази дека фирмите на оваа двојка извршувале какви било работи.

Сим консалтинг [во документите споменувани и како Сим Консалт], една од фирмите во сопственост на Дамјановски и Чолаков, добила исплати во вкупен износ од 1,8 милиони евра од 2010 до 2012 за различни консултантски услуги. Авторите на извештајот тврдат дека Сим консалтинг не извршиле ништо од работата за која биле исплатени.

Внатрешната истрага исто така открила дека 177.000 евра биле дадени во заем од страна на Алпине Бау ГмбХ Скопје на Алпине минерални суровини – локална геолошка компанија во сопственост на скопската подружница на Алпине Бау – на 4 март 2010 година. Следниот ден Алпине минерални суровини одобрил заем во ист износ на Сим консалтинг.

Според внатрешниот извештај, нема докази дека заемот бил отплатен.

Фактури под лупа на даночните инспектори

Истиот извештај забележува дека македонскиот даночен инспекторат, Управата за јавни приходи, утврдила дека „Сим консалтинг Скопје нема вработено ниту едно лице и дека дел од фактурите се неосновани, т.е. наведените услуги не биле извршени (sic)“.

„Интересно е дека главната дејност на Сим консалтинг се консултантски услуги и дека компанијата изведува градежни работи без соодветна дозвола, врши дистрибуција на нафта и битумен без дозвола и сето тоа без ниту еден вработен(sic),“ се вели во внатрешниот извештај на Алпине Бау.

Според авторите на извештајот, даночните инспектори откриле дека Сим консалтинг/консалт имале само еден клиент: Алпине Бау ГмбХ Скопје. Како резултат на притисокот од Алпине Бау, договорот со Сим консалтинг бил раскинат во 2011 година.

Сепак, други компании во сопственост или под раководство на Дамјановски и/или Чолаков продолжиле да добиваат договори и заеми.

Фирмата за поправка на автомобили на Дамјановски, СГС Сервис, ќарила договори од Алпине Бау во вредност од 5.000 евра и 20.000 евра заем кој, според внатрешниот извештај, не е отплатен. Авторите на извештајот додаваат дека Алпине Бау Скопје го изградиле сервисот за автомобили во главниот град на Македонија за само 2.000 евра – износ опишан како „интересен“.

Интеграл инженеринг Скопје, подружница на успешната босанска фирма управувана во Македонија од Дамјановски, добила исплата од 280.000 евра од страна на Алпине Бау ГмбХ Скопје.

На геолошката компанија Лабин Атанас и` биле исплатени 1,3 милиони евра од страна на Алпине Бау откако истата била купена во 2010 година од Сим консалтинг, во сопственост пак на Дамјановски и Чокалов.

„Четири фирми исплатени за ист договор“

Македонските даночни инспектори откриле дека Алпине Бау ГмбХ Скопје им платиле дури на девет компании вкупен износ од 1,7 милиони евра од 2010 до 2012 без да обезбедат докази дека работата била извршена.

По објавувањето на сториите за детали од активностите на Алпине Бау на Балканот, БИРН побара официјална потврда од скопската финансиска полиција околу евентуалните истраги во подружницата. Портпаролката на финансиската полиција во март годинава рече не може да потврди ниту да негира дека истрагата е во тек. Извор од финансиската полиција вели за БИРН дека предметот слабо напредува поради неговата „политичка чувствителност“.

Од тие девет компании, четири добиле нешто помалку од 1 милион евра за спроведување на очигледно иста студија за патишта. Бизарно, договорните фирми вклучувале хотел и текстилна фирма, Алутра Текс, кои пак на даночните испектори им рекле дека никогаш не вршеле никакви услуги за Алпине Бау.
Во обид да ги замаскираат сè поголемите финансиски невољи на Алпине Бау во Македонија, внатрешните инспектори тврдат дека скопската подружница доставила лажна фактура до Агенцијата за државни патишта на Македонија во 2011 година и потоа ја завеле како иден профит.

Извештајот наведува дека лажни фактури во вкупен износ од 1,2 милиони евра биле доставени истата година до неименувана приватна фирма, додека друга фактура од 60.000 евра била доставена до Алпине Скопје ДООЕЛ – фирма основана од Алпине Бау но која никогаш не започнала со работа. Повторно, тие биле заведени како иден профит, што оддавало впечаток дека компанијата успешно ги водела финансиите.

Скопски директор: „Не ги овластив исплатите“

Директорот на Алпине Бау Скопје – Динев, изјави за БИРН дека секоја фактура била легитимна, истакнувајќи: „Зад секој договор и секоја исплата стои автентична услуга, барем во периодот кога јас бев генерален директор.“

Покрај тоа, Динев подвлече дека тој имал „многу ограничени овластувања“ кога станува збор за одобрување на плаќања и тврдеше дека секоја фактура морало да биде одобрена од Ивица Борошак, кој е наведен како втор генерален директор во Македонија и управител на подружницата на Алпине во Хрватска.

„Моите овластувања беа многу, многу ограничени. За секое плаќање и договор морав да добијам одобрување од Ивица Борошак. На хартија и двајцата бевме потписници, но тој ги имаше вистинските овластувања. Јас бев одговорен само за техничкиот дел од работата“, истакна тој.

Запрашан за плаќањата извршени кои Аура Проект и Аура Инвест – првично во негова сопственост, но пренесени на неговиот татко и сопругата на негов колега – тој негираше каква било незаконитост.

„Сите ние во бизнисот доаѓаме од некаде и јас не можам толку лесно да ја избришам мојата компанија“, вели тој.

Во однос пак на плаќањата кон фирми кои биле во сопственост или под контрола на Дамјановски, Динев за БИРН вели дека Дамјановски бил назначен од `сопствениците` на Алпине Бау, упатувајќи на поранешниот акционер во Алпине Бау и генерален директор Диетмар Алута Олтјан и неговата сопруга Хелена.

„Шефовите рекоа дека треба да се ангажира компанијата Сим консалтинг, и што можам јас да кажам или сторам?“

Самиот Дамјановски одби да биде интервјуиран, но инсистираше дека сите обвинувања за незаконито делување се неточни, велејќи: „Се сомневам дека имате документи во поткрепа на таквите тврдења.“

Неговиот партнер Чолаков, Борошак и другите поранешни вработени не одговорија на бројните барања за одговори и разговор.

Откако Алпине Бау пропадна, Борошак и Динев биле вработени во фирми во сопственост на г-ѓа Алута-Олтјан која зела активно учество во активностите на Алпине на Балканот, опишувајќи се себе си како „претставник на Алпине за Балканот“ – иако извори информираат дека нејзината официјална функција во компанијата не била воопшто јасна.

Покрај тоа, Динев тврди дека додека Борошак одобрувал договори и плаќања, Г-ѓа Алута-Олтјан и нејзиниот сопруг биле тие кои всушност ги воделе операциите на Алпине Бау во Македонија.

Обајцата одбија директно да ја коментираат содржината на извештајот, претходните ревизии и банкротот. Објаснувањето од страна на адвокатот на Г-дин Алута-Олтјан е дека се работи за деловна тајна.

Сопственикот ФЦЦ исто така одби да коментира.

_____________________________________________

Да ги видите сите документи користени од БИРН во ва истражување, кликнете на BIRN Source.

http://birnsource.com/en/folder/202

Во изработката на ова истражување учествуваше и Мориц Готѕаунер-Волф.

Овој текст е објавен од страна на Балканската истражувачка мрежа, БИРН. Текстот е дел од програмата насловена како „По трагата на документите до подобро управување“ (“A Paper Trail to Better Governance”).


извор: http://prizma.birn.eu.com/%D0%BC%D0%BA/%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B8/%D0%BE%D1%82%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BD-%D1%85%D0%B0%D0%BE%D1%81-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B6%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%B2%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B0%D0%BB%D0%BF%D0%B8%D0%BD%D0%B5
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #5387 Posted: 02-Jul-2015 at 13:58
Auuuu, dosega neznaev deka poradi kriminaliite vo sk2014 bez rabota ostanale 15 000 lugje. Navistina haos
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #5388 Posted: 02-Jul-2015 at 16:10
Previous
 
Најголемиот дел од тие 15.000 луѓе не се од Македонија, туку од Австрија - матичната држава на Алпине, како и од другите држави во кои Алпине имала свои подружници.
 
Сигурно ќе се изнауживаат во прошетките низ Скопје и покрај објектите од проектот Скопје 2014 кои ја доведоа нивната фирма до банкрот, а нив ги оставија без работа.
 
Па кој знае, можеби ќе ги декорираат објектите со молотови коктели во знак на благодарност бидејќи останале без работа.


Edited by Dexter26 - 02-Jul-2015 at 16:10
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #5389 Posted: 02-Jul-2015 at 16:55
Originally posted by Dexter26


Previous  Па кој знае, можеби ќе ги декорираат објектите со молотови коктели во знак на благодарност бидејќи останале без работа.


Грчев style. Само така, продолжете Ако во државава декориравме така во знак на благодарност за губење на работно место, многу работи ќе беа поинкави.

Edited by Navigator - 02-Jul-2015 at 16:57
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #5390 Posted: 02-Jul-2015 at 17:37
Целиот текст е една обична боранија, вадени се делови од ревизорски извештај, извештајот е за Алпине Австрија, а само мали делови се за скопската подружница на Алпине. Од целиот текст може да се заклучи дека во Алпине Македонија неможе да се открие корупција, што нас мајмногу не интересира. Во остатокот на текстот се бави со евентуални сомнежи за тоа дали раководствата на оваа Македонска подружница, вкупно двајца директори ја оштетиле својата фирма, преку издавање-примање на двојни фактури и слично. Што може да е основ за криминал, но нема врска со владата.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5391 Posted: 02-Jul-2015 at 19:06
Затоа пишав дека е делумно поврзан со проектот Скопје 2014. Во текстот се вели дека владата ја ангажирала македонската подружница за проекти во земјава, меѓу кои и за Скопје 2014, а кога компанијата банкротирала
Кога компанијата пропадна, повлече со себе десетици милиони евра од парите на даночните обврзници – пари кои беа резервирани за државни проекти. До сега, Владата успеа да „изгребе“ назад само 6 милиони евра од тие пари.
, владата успеала да поврати само 6 милиони евра. Значи, 4 милиони евра сме во минус. Тоа се наши, народни пари. И овој цитат кажува доволно
Извор од финансиската полиција вели за БИРН дека предметот слабо напредува поради неговата „политичка чувствителност“.
. Значи, нема политичка волја за решавање на случајот. Зошто? Затоа што сигурно ќе се откријат нови „детали“ за криминали. Малку е чудно што досега две компании што беа ангажирани во проектот „Скопје 2014“ банкротираа (втората беше Конструктор од Сплит, Хрватска). Нивните проекти останаа недовршени, наши фирми ги презедоа, но никој не кажува колкава финансиска штета претрпевме ние, обичните граѓани. Кој може да биде сигурен дека во меѓувреме уште некоја компанија што е вмешана во проектот Скопје 2014 нема да банкротира? И кој може да тврди дека тој банкрот не е намерен? Можеби со него се покриваат одредени криминални активности? Ние тоа можеби нема никогаш да го дознаеме зашто истражувачкото новинарство кај нас е прикачено на „апарати за одржување во живот“, т.е. е речиси мртво. А на политичарите воопшто не им верувам, од која партија и да се.

Edited by Џоле - 02-Jul-2015 at 19:07
За сè има вторпат
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #5392 Posted: 02-Jul-2015 at 20:09
Originally posted by Џоле

Затоа пишав дека е делумно поврзан со проектот Скопје 2014. Во текстот се вели дека владата ја ангажирала македонската подружница за проекти во земјава, меѓу кои и за Скопје 2014, а кога компанијата банкротирала
Кога компанијата пропадна, повлече со себе десетици милиони евра од парите на даночните обврзници – пари кои беа резервирани за државни проекти. До сега, Владата успеа да „изгребе“ назад само 6 милиони евра од тие пари.
, владата успеала да поврати само 6 милиони евра. Значи, 4 милиони евра сме во минус. Тоа се наши, народни пари. И овој цитат кажува доволно
Извор од финансиската полиција вели за БИРН дека предметот слабо напредува поради неговата „политичка чувствителност“.
. Значи, нема политичка волја за решавање на случајот. Зошто? Затоа што сигурно ќе се откријат нови „детали“ за криминали. Малку е чудно што досега две компании што беа ангажирани во проектот „Скопје 2014“ банкротираа (втората беше Конструктор од Сплит, Хрватска). Нивните проекти останаа недовршени, наши фирми ги презедоа, но никој не кажува колкава финансиска штета претрпевме ние, обичните граѓани. Кој може да биде сигурен дека во меѓувреме уште некоја компанија што е вмешана во проектот Скопје 2014 нема да банкротира? И кој може да тврди дека тој банкрот не е намерен? Можеби со него се покриваат одредени криминални активности? Ние тоа можеби нема никогаш да го дознаеме зашто истражувачкото новинарство кај нас е прикачено на „апарати за одржување во живот“, т.е. е речиси мртво. А на политичарите воопшто не им верувам, од која партија и да се.


Ова е веке во доменот на научна фантастика, би требало да пишуваме со малку повеќе разум, колку и да ни се емоциите силни, неважно дали се тие емоции насочени кон владата или кон поединци од неа. Оваа теорија дека европски фирми банкротираат намерно за да сокријат криминал во Скопје се во најмала рака несериозни. И двете фирми кои ги споменуваш беа европски градежни фирми со респектибилно портфолио и со огеомен број на вработени. Нивниот избор бил на тендер на кој што понудиле најдобра понуда, овој тип на тендери се отворени и инвеститорот, најчесто Еврпоската банка учествува во правењето на критериумите, обично ставаат високи критериуми за да ги исклучат повеќето од Македонските фирми од можноста да учествуваат. Нон сенс е дека некој од Македонија воопшто помислувал, макар и во сон за можноста овие два европски гиганти банкротираат. Што се однесува до штетата, само мое мислење е, немам точни податоци, но бидејки сум вработен во поголема градежна фирма и знам како одат процедурите на тендерите, скоро сум сигурен дека немаме никаква штета. Тендерите функционираат на следниот начин, ако го добиеш тендерот имаш можност да повлечеш до 10% аванс, но само ако истиот го покриеш со Банкарска гаранција. Подоцнежните исплати се по доставени ситуации, потпишани од надзорен орган. Како што гледаш нема никаква можност да државата претрпе штета, освен ако пропадне банката која ја издала гаранцијата, а такво нешто нема.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #5393 Posted: 07-Jul-2015 at 09:47
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #5394 Posted: 07-Jul-2015 at 18:49
Плоштадот зема се повеќе форма. Ајде веќе нека заврши..
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #5395 Posted: 07-Jul-2015 at 19:59
Експерти предупредуваат дека ќе се урнe мостот „Око“?!


Проектот „Скопје 2014“ почна да пука и да тоне. Оградите на мостот „Око“ се распукани, објектите покрај Кејот на Вардар се зафатени со влага и мувла, а тоне и катната гаража кај Телеком. Читатели на „Слободен печат“ се јавија во нашата редакција и реагираа дека лифтот во гаражата не работел од причина што објектот почнал да тоне и се изместиле ѕидовите, поради што и лифтот не можел да се движи. Нашата екипа беше на самото место и единствено можевме да видиме дека лифтот не е во функција.

Оградата на мостот „Око“ исто така не издржа ниту една година. На многу места мермерот е искршен, а се распаѓаат и дел од плочките на мостот. Граѓанскиот активист Никола Писарев на својот Фејсбук-профил коментира дека причината зошто распукала оградата на мостот е самиот мост.

„Не е до оградата, до мостот е. Тие пукнатини не се од самите себе, туку од нарушена статика и лоша градба. Во нормални држави мостот веднаш би бил затворен, бидејќи му претстои опасност од рушење, фирмата што го градела би била затворена, а газдите и инженерите казнети и со одземени лиценци. Е да, во нормална држава би било така, ама во оваа бијафрава сите мислат дека е до оградата. Не е, мостот мрда оти го конструирале кондураџии, а го граделе шустери“, напишал Писарев.

Експертите уште кога почна да се гради мостот, коментираа дека во коритото на Вардар не смеат да се градат какви било објекти. Сè уште неизграден, мостот еднаш веќе беше поплавен, односно поплавени беа неговите темели, а експертите најавуваа дека во иднина може да биде загрозена неговата статика.

Петар Петровски, експерт што долги години работел во Дирекцијата за регулирање на нивото на реката Вардар, во изјави за медиуми предупредуваше на овие појави. Според него, „Око“ имал сериозни технички пропусти и недостатоци во самиот дизајн. Тој ги потврдуваше изјавите и на другите експерти дека најрелевантните претставници на стручната јавност не биле консултирани за проектот, а и за одредувањето на местоположбата на мостот. Според него, единствената институција што дала мислење за мостот била Управата за водостопанство, за која вели дека направила погрешна процена. „Слободен печат“ вчера се обиде да стапи во контакт со Управата за водостопанство, со цел оттаму да ни објаснат зошто распукала оградата на „Око“, но на нивниот телефонски број не ни се јавуваше никој.

Општина Центар, со која во тоа време управуваше Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ, сепак остана глува на предупредувањата на познавачите и продолжи со изградбата на мостот. Оттаму посочуваа дека работата несметано ќе продолжи и дека за „Око“ ќе нема каква било опасност од реките на Вардар, независно од тоа колку ќе бидат покачени.

Токму сега, коментираат познавачите, се докажало дека експертите биле во право и дека за проектот „Скопје 2014“ се игнорирани критиките на стручни лица, а е спроведувана исклучиво партиска директива.

Градската плажа под Камениот мост, која беше отворена пред четири години под мотото „На чекор од тебе“, повеќе не постои, објави порталот А1он. Не може ни да се направи чекор од кршот што остана по инвестицијата од 150 илјади евра.
Порталот објави и видео од кое се гледаат напуштени шанкови, уништени тушеви, грмје наместо скапите палми што се селеа и се затоплуваа преку зима, за што дополнително имаше трошоци. Дупки, откорнати ѕидови, кабли на сите страни.

Бината предвидена за манифестации е пропадната, украсните чешми не се повеќе украсни. Веројатно дојде време за ново проектче на истиот простор и ново фрлање пари, пишува порталот. Токму градоначалникот Коце Трајановски упорно тврдеше дека проектот не е промашен, иако ретко можеше да се начека посетител во изминативе четири години.

Подготви: А.А.

(Објавено во „Слободен печат“)

plusinfo.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #5396 Posted: 08-Jul-2015 at 09:51
Остајте вие тоа што се гледа секојдневно во рамки на проектот „Скопје 2014“. Што правиме со она што каде што немаме пристап, како што се на пример подрумските простории, еве на пример на Археолошкиот музеј, МНТ или објектот на АЕК? Што се случува таму после секој поголем дожд или надоаѓање на Вардар?
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #5397 Posted: 08-Jul-2015 at 19:40
Се случува потоп.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #5398 Posted: 08-Jul-2015 at 21:55
Леле леле, ако ги читаш одредени постови мислиш Скопје е Атлантида. Што ли имало во подрумите на зградите после секој дожд, најверојатно истото што имало пред дождот.
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #5399 Posted: 08-Jul-2015 at 23:38
Оди види сам па ќе се увериш. Само извади ги розовите наочари.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #5400 Posted: 09-Jul-2015 at 01:54
Originally posted by King

Леле леле, ако ги читаш одредени постови мислиш Скопје е Атлантида. Што ли имало во подрумите на зградите после секој дожд, најверојатно истото што имало пред дождот.


Чисто едно прашање за тебе, знам каква ти е идеологијата, али дали според тебе, како лаик, иако поддржувач на СК2014, овој мост може, не да се сруши, но да претрпи сериозни оштетувања поради лоша изведба?
И дали, ако се деси тоа, ќе речеш дека нешто у СК2014 е лошо изведено?

Сигурно сите објекти не се фуш направени, на крај краева во нив работат министри, директори и сл, али де факто некои објекти од Кале се гледаат дека се неквалитетно изработени.
23ka.wordpress.com
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 268269270271272 329>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 7.070 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.