![]() |
![]() |
![]() |
Рајска градина Аеродром |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() погледни ја таблата неколку поста погоре, и погледни го само насловот на Дневник и ќе ти стане све јасно... |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Проектот изгледа ќе почне наскоро.14 мил. Евра а кога ќе земиме во предвид, сеуште има места во скопје без струја. Треба да се инвестира на нешто што ќе ни донесе нова енергија и капитал. Како и да е, со среќа.
|
|
![]() |
|
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Пола град нема нормални услови за живот, ние се заебаваме со барокни рајски градини. Боже мили, дај еднаш нека заврши ова лудило. ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Сега треба да излезат на протести граѓаните од Лисиче, па граѓаните од Керамидница и да објаснат во какви услови живеат тие, за инфраструктура зборувам. Потоа, владата да им објасни што е тоа планирано за градење на неколку стотина метри од нив.
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
А нели е поевтино само да се засадат стотици дрвја и да се направат прости патеки со столчиња, сигурно од 15 ќе се спадне на 2 мил, а ефектот е малтене ист.
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Видете, первертираниот ум не го дозволува тоа. Има умови кои не размислуваат рационално. А тоа е така бидејќи од државната цицка шмукаат целиот свој живот. А кај нас државното е поистоветено со онаа општествена сопственост од минатото, апстрактен поим на средства кои доаѓаат до мене, а јас им правам што сакам. И со една ваква комбинација, јас не мислам дека паркот ќе чини 15 милиони евра. По мое, тој ќе чини повеќе. |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
а кога кажале животни, мислеле мермерни.... ок
![]() |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Барокна рајска градина во населба од комунистички тип на колективни станбени единици...тоа е тоа вклопување.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во „Рајскиот парк“ во Ново Лисиче ќе се одгледуваат градинарски култури и зачински билки
Скопје ќе ја добие првата урбана градина која ќе биде со површина од 3.000 квадратни метри. При тоа, предвидени се 30 парцели од 50 квадратни метри кои ќе ги користат околните жители. Освен парцелите ќе има и мини стаклена градина, како и дел за компостирање. Здружението на граѓани „Зелената арка“ е задолжено за реализацијата на овој проект, за што е склучен договор со Градот За прв пат жителите на Скопје ќе имаат можност да почувствуваат како е да се грижиш за животната средина и тоа да ти биде возвратено со благодат. Вакво чувство ќе може да се добие во првата урбана градина која ќе биде подигната на локација кај Рајскиот парк во Ново Лисиче. Корисник на оваа урбана градина ќе биде локалното население, а проектот ќе го реализира здружението на граѓани „Зелената арка“, кое за таа цел склучи договор со Градот. Оттаму за весникот ВЕЧЕР изјавија дека градината ќе биде распослана на 3.000 квадратни метри, од кои 1.500 квадрати се поделени на 30 парцели со по 50 квадратни метри, каде што може индивидуално, семејно или во група да се посветат околу 30 постојани учесници со сезонско членство, а останатиот простор е отворен за градинари со желба и можност за повремено заедничко градинарење, како и за одржување образовни посети и обуки за љубопитните. – Градината е структурирана во осум модули организирани како „соседства“ составени од четири парцели, секоја со површина од 50 квадратни метри, со заеднички средишен дел. „Соседствата“ се распоредени по периферијата на градината, а просторите меѓу нив се слеваат во средишниот заеднички дел од градината што е директно отворен кон влезот во градината – објаснија од „Зелената арка“. Освен парцелите ќе има и мини стаклена градина, како и дел за компостирање. Во оваа градина ќе бидат опфатени автохтони лекови билки, ќе може да се произведуваат градинарски култури, органски зеленчук, овошје, зачински билки, цвеќе, повеќегодишни јадливи растенија, грмушести бобинки и овошни џуџести дрвја. Средишниот дел е предвиден и како простор за социјализација меѓу присутните и за одржување јавни настани поврзани со градинарството. Градските власти потенцираат дека урбаната градина ќе создаде можност за дружење меѓу локалното население. – Според резултатите на истражувањето кое претходно беше спроведено, од вкупно 220 испитаници, 208 или 94,5 проценти одговорија дека сакаат да учествуваат во општествената (заедничката) градина, од нив 161 пополнија пријави за учество во градината. Иако значително повеќе граѓани изразија желба да градинарат на определени парцели од 50 квадратни метри, заради ограниченоста на капацитетите успеавме да дојдеме до заемно разбирање и волја да се споделуваат парцелите од страна на повеќе учесници, наместо само еден учесник по парцела – изјавија од „Зелената арка“. Од здружението додаваат дека условите за учество во градината се пропишани во градинарскиот ред што задолжително мора да го прочитаат, прифатат и почитуваат сите учесници/градинари уште при пополнувањето на пријавата за учество. – Забранета е употребата на вештачки ѓубрива и штетни синтетички хербициди, инсектициди, пестициди и фунгициди, плодовите набрани во градината е забрането да се продаваат, сите учесници заеднички треба да ја одржуваат целокупната површина на градината, да се почитуваат, да соработуваат меѓусебно и да го одржуваат биодиверзитетот во почвениот екосистем – објаснуваат од „Зелената арка“. Како последица на општиот застој за време на вонредните мерки за заштита од ковид-19, изведбата на основните инфраструктурни зафати е целосно сопрена. Рокот за завршување на урбаната градина беше до јуни 2020 година, но поради состојбата со корона вирусот, Градот со здружението „Зелената арка“ склучи анекс-договор со кој овој рок е продолжен за една година. – Ограничувањата за собирање на јавни површини и препораките за држење безбедно растојание ги намалија можностите за градинарење на минимум, па така само повремено неколку учесници во општествената градина се обидуваат да градинарат во смени – потенцираат од „Зелената арка“. Градежниот институт Македонија за потребите на Град Скопје ќе изведе бунар за експлоатација на подземна вода кој ќе биде лоциран во рамките на урбаната градина и ќе се користи за наводнување на изведените засадени површини. Организацијата „Macedonian Honey“ ќе донира пчелини сандаци кои ќе бидат поставени на работ од градината и тие ќе се грижат за пчелите, но ќе биде вклучено и локалното население. (А.П.) https://www.vecer.press/во-рајскиот-парк-во-ново-лисиче-ќе-с/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
По повод одбележување на 45 години постоење, Градежниот институт Македонија изведе бунар за експлоатација на подземна вода како донација за Град Скопје.
Бунарот е комплетно опремен со пумпа и потребна опрема за црпење на подземна вода. Бунарот e лоциран во рамките на првата Урбана градина во Скопје која Градот ја развива во населбата Ново Лисиче, кај Рајскиот парк и ќе се користи за наводнување на засадените површини. Заедничката градина се реализира во рамките на проектот „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“ со средства обезбедени од Град Скопје, локална логистичка поддршка од Општина Аеродром и во изведба на Граѓанската организација „Зелената арка“. ![]() ![]() https://www.facebook.com/gradezeninstitutmakedonija/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕ ОТВОРА „БОСТАНИЕ“ - ПРВАТА УРБАНА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ
![]() ![]() ![]() ![]() Првата урбана градина во Скопје, сместена во паркот во Ново Лисиче, од денеска ги отвора вратите за посетители. Градината „Бостание“ е работена согласно со проектот на здружението на граѓани „Зелена Арка“, реализиран со финансиска поддршка на Град Скопје, а во соработка со Општина Аеродром, ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, Градежниот институт и повеќе општествено одговорни компании. Овој проект претставува уште еден придонес кон остварувањето на концептот за отпорен град, односно приспособување кон климатските промени и зајакнување на урбаната отпорност на Скопје. За реализација на овој проект предвидени се 2 милиони денари финансиска поддршка од Буџетот на Град Скопје. Урбаното градинарство кое зема се поголем замав во градовите низ светот има за цел дружење и зближување на граѓаните преку претворање на јавните површини во градини, односно во оази за производство на здрава храна преку споделување на искуствата и одговорностите. Одржливоста на урбаните градини е заснована на примена на дизајн на самиот терен, при што се земаат предвид сите елементи како што се: микроклимата, геологијата на теренот, искуствата на заедницата во одгледувањето на различните градинарски култури, снабдувањето со вода, електрична енергија, пристапни патишта и друго. https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |