![]() |
![]() |
![]() |
Урбана мафија - Охрид |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 234 |
Author | |
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Се урива бесправно изграден хотел во близина на Охридското Езеро
Акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти, што ја спроведува Општина Охрид, денеска продолжи со уривање на хотелот „Грин спејс“ во близина на езерскиот брег, непосредно до стариот пат за Струга. Уривањето на бесправно изградените објекти се одвива согласно Планот за управување со Охридскиот регион кој произлегува од барањата на Реактивната мисија на УНЕСКО за зачувување на универзалните вредности на заштитеното светско природно и културното наследство на Охрид, информира локалната самоуправа. Претходно од Охридското крајбрежје беа отстранети повеќе објекти, конструкции и платформи на брегот и во вода од повеќе плажи. Акцијата има за цел зачувување на статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО, кој поради негрижата во изминатите децении може да биде ставен на Листата на заштитени подрачја во опасност, што е чекор кон целосно губење на статусот на заштитено светско природно и културно наследство. Општината најави дека акцијата ќе се одвива континуирано и неселективно и дека во иднина повеќе нема да се дозволат било какви градби на крајбрежјето и во градот кои ќе отстапуваат од Планот за управување со Охридскиот регион и актите кои треба да произлезат од него. Градот Охрид за преземените активности доби отворена поддршка од Европската унија и нејзиниот претставник во земјата, како и од амбасадорите на САД и Република Франција. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.ohridnews.com/se-uriva-bespravno-izgraden-hotel-vo-blizina-na-ohridskoto-ezero/ Edited by ironm - 06-Jul-2020 at 12:53 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нема да се чепкаат објектите што узурпираат злелен појас во Охрид, а во меѓу време се легализирале
https://alfa.mk/nema-da-se-chepkaat-objektite-shto-uzurpiraat-zlelen-pojas-vo-ohrid-a-vo-megju-vreme-se-legalizirale/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
УСТАВНИОТ СУД ГО ЗАПРЕ УРИВАЊЕТО НА ДИВИТЕ ПЛАЖИ НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ, КАФЕАНИТЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ИСТЕРААТ И ОВАА СЕЗОНА ВО ВОДА
Само што почна уривањето на дивите плажи на Охридското крајбрежје, Уставниот суд го запре. На денешната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, но не на целата уредба, туку само во делот на дополнувањето, кое се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга. Дополнувањето за кое Уставните судии поведоа постапка, изгласано е на владина седница на 9 јуни, откога почнаа подготовките, но и првите уривања на плажите во Охрид на чии сопственици им истекол договорот за закуп и се сметаат за дивоградби. Во Струга, додуша, не ни почна оваа акција. Забраната за уривање на плажите-дивоградби ќе трае до денот кога Уставниот суд ќе донесе одлука за поведената постапка. Според владината уредба која се стопира, земјиштето за плажа кое било предмет на краткорочен закуп, а договорот за закуп е истечен или предвремено раскинат, потребно е да се врати во првобитната состојба од страна на закупецот. Се забранува понатамошно вршење на дејност од страна на закупецот. Уривањето и расчистувањето требаше да го спроведуваат Државниот пазарен инспекторат и УЈП. На 22 јуни, Општина Охрид почна со градежни работи за уредување на крајбрежјето на Езерото каде што беа урнати шанкови, платформи и монтажни објекти. „Овој вид на Уредба нема врска со вонредна состојба. Тоа Владата може да си го спроведе со закон, а не со уредба со законска сила за време на вонредна состојба. Вакви уредби се дозволени само за оправдани цели, за нешто што има врска со сузбивањето и со борбата со коронавирусот, поради кој е прогласена вонредната состојба. Што има врска со ковид-19 обврската на закупецот на плажа на кого му истекол договорот за закуп? Уредбата треба да има врска со ковид-19, а не со градежно земјиште“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Уставниот суд. САКАМДАКАЖАМ. МК лани во декември пишуваше дека никој не плаќа концесија на Општина Охрид за стопанисување со плажите долж Охридското Езеро. Ниту еден од газдите кои ги работат плажите, поставуваат лежалки, маси, столици, чадори, па дури имаат изградено и цели објекти претворени во кафулиња, немаат дозвола за работа. Концесиите им се истечени, па веќе неколку години си работат на диво. Плажите се водат како дивоградби, бидејќи според договорите за краткотраен закуп кои ги потпишале со Министерството за транспорт и врски, се обврзале по истекот на концесијата да го вратат земјиштето, односно плажата во првобитна состојба. Во Охрид срамежливо, но полека почна акцијата на уривање на дивите шанкови и објекти на плажите, а невладината „Охрид СОС“ дури и јавно го праша градоначалникот Рамиз Мерко дали за Струга важат посебни закони или воопшто не важат законите. „Навистина е крајно време државата да застане на патот на ДУИ. Бараме санкции за функционерите на ДУИ, бараме затворски казни за тие што ги заслужиле, бараме да се оневозможи една криминална група да оперира непречено на штета на јавниот интерес“, рекоа од „Охрид СОС“. Побараа од Владата дури и да им достави план и динамика за уривањето, како и редослед. Несрушените шанкови на чии газди им истекле договорите за закуп, може слободно да си ја истераат и оваа сезона, зашто Уставниот суд ќе решава за ова дури по одморите, најрано во септември. https://sdk.mk/index.php/naslovna/ustavniot-sud-go-zapre-urivaneto-na-divite-plazhi-na-ohridskoto-krajbrezhje-kafeanite-mozhe-da-si-ja-isteraat-i-ovaa-sezona-vo-voda/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ГИ УРИВА ДИВИТЕ ПЛАЖИ, ТОА НЕМА ВРСКА СО ВЛАДИНАТА УРЕДБА ШТО ЈА ОСПОРИ УСТАВНИОТ СУД, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ
Општина Охрид има донесено правосилни решенија за уривање на плажите неколку години пред уредбата на Владата и затоа ќе продолжиме да уриваме сѐ додека не ги отстраниме сите дивоградби долж крајбрежјето, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески по одлуката за Уставен суд да се запре уривањето на плажите во Охрид. Георгиески за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не му е потребна уредба или каква било друга одлука од Владата за да урива дивоградби бидејќи тоа е надлежност на Општината. „Ние почнавме со уривање на дивоградбите врз основа на решенија издадени од 2017 и 2016 година за нелегално изградени објекти и за објекти со истечени договори за закуп, со што тие всушност се дивоградба. Не треба Владата да донесе уредба за Општината да урива. Во уредбата на Владата не се споменува дека Општина Охрид треба да урива туку дека Пазарниот инспекторат и Управата за јавни приходи треба да го затворат објектот кој откако му истекол договорот за закуп продолжил да работи. Ние како Општина си имаме друго решение со кое го уриваме објектот, односно го враќаме просторот во првобитна состојба бидејќи тоа не го сторил концесионерот“, вели градоначалникот Георгиески. Со уредбата на Владата за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба на закупците на кои им е истечен договорот им се наложува да го вратат во првобитна состојба земјиштето и им се забранува да вршат дејност. Се предвидува надзорот да го вршат Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција кои треба да го затворат објектот доколку не се почитува одредбата. „И во самиот договор кој го имаат концесионерите стои дека земјиштето треба да се врати во првобитна состојба откако ќе помине договорот за закупот. Ние постапуваме по тие договори, бидејќи закупците не ѝ плаќаат кирија на Општината, а не по уредба на Влада. Затоа, уште лани распишавме тендер за уривање на дивоградбите, тогаш немаше никаква уредба. Уставниот суд нема да ме спречи да продолжиме да си ја вршиме работата и да го исчистиме крајбрежјето од дивоградби“, додава Георгиески. Уставниот суд на денешната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, но не на целата уредба, туку само во делот на дополнувањето, кое се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга. Дополнувањето за кое Уставните судии поведоа постапка, изгласано е на владина седница на 9 јуни. Забраната за уривање на плажите-дивоградби според одлуката на Уставен суд ќе трае до денот кога ќе донесе одлука за поведената постапка. САКАМДАКАЖАМ. МК лани во декември пишуваше дека никој не плаќа концесија на Општина Охрид за стопанисување со плажите долж Охридското Езеро. Ниту еден од газдите кои ги работат плажите, поставуваат лежалки, маси, столици, чадори, па дури имаат изградено и цели објекти претворени во кафулиња, немаат дозвола за работа. Концесиите им се истечени, па веќе неколку години си работат на диво. Плажите се водат како дивоградби, бидејќи според договорите за краткотраен закуп кои ги потпишале со Министерството за транспорт и врски, се обврзале по истекот на концесијата да го вратат земјиштето, односно плажата во првобитна состојба. А. АНТЕВСКА https://sdk.mk/index.php/makedonija/opshtina-ohrid-ke-prodolzhi-da-gi-uriva-divite-plazhi-ustaven-sud-ne-mozhe-da-sprechi-veli-gradonachalnikot-georgieski/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
#ПИА
СЕ УРИВА БЕТОНСКАТА БАЗА НА СОВЕТНИКОТ ОД ДУИ НЕФИ УСЕИНИ ВО ОХРИДСКАТА НАСЕЛБА ДАЛЈАН
sdk.mk |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Охрид „се мава“ по дивоградбите, Струга никој не ја чепка – на секое слободно местенце се гради
Во ек на сезона додека механизацијата пустоши на охридското крајбрежје, од акцијата за уривање на дивоградби на струшките плажи, нема ништо.Напротив,последниве два месеци забрзано се врши урбанизација на крајбрежјето,се приграбува секоја слободна површина, а надлежните не вршат никаква контрола ниту надзор на градбите кои никнуваат,на плажите.Угостителските објекти и шанкови цел ден работат ,а плажите се послани со лежалки. Невладините организации бараат одговорност од надлежните за ваквата селективност -каде е велат Националната комисија на Унеско, ќе го санкционира ли некој ваквото безумно однесување на Мерко? Тој е обврзан велат невладините, да ги спроведува сите препораки од реакривната мониторинг мисија. Според тоа,тој е обврзан да изработи регистар на дивоградби во рамки на неговота општина и понатаму да изработи план за нивно соодветно отстранување.Непочитањето на овие препораки повлекува регионот да биде неповратно уништен. Користењето на одлуката на Уставниот суд како оправдување за неспроведувањето на законите, е всушност целосно во служба на урбаната мафија и претставува бесмислен изговор вели Драгана Велкоска-Охрид СОС. Изговори за уништувањето на Унеско регионот повеќе не смее да има,вели Велкоска и потсетува на заедничката препорака на најголемата меѓународна мрежа за заштита на природата IUCN и меѓународниот совет за културно наследство ИКОНОМОС, кои бараа охридскиот регион да се премести на Листата на светско наследство во опасност. Градоначалникот Мерко,кој денес не беше достапен за коментар уште во месец мај најави дека не само што нема да дозволел државата да руши, туку без око да му трепне, кажа дека ќе продолжел со градежната експанзија. Ние сакаме да градиме, не да рушиме.Ние ќе му кажиме да доградиме уште, не да рушат.Владата ќе реагира како ние ќе кажеме ,сигурно има така да каже, затоа ние знаеме, ние сме локална власт.Што сме ние,не може преку сила некој да дојде и да каже.Значи треба да е подобрат условите, овие работи Вас и на овие многу невладини кои ги имате во Охрид и ја напаѓаат Струга,нас за тоа баш не брига изјави Рамиз Мерко-градоначалник на Струга од 20.05. Комитетот за светско наследство даде уште една шанса Охрид и Струга да покажат вистински напредок во исполнување на забелешките на УНЕСКО,а тоа е справувањето со нелегалната градба,неконтролираниот урбан развој,експлоатацијата на крајбрежјето,уништувањето и загадувањето на животната средина. Поради корона кризата,новата сесија на Комитетот за светско наследство е одложена за идната 2021-ва година. Росица Голабоска https://alfa.mk/vo-ohrid-se-mava-po-divogradbite-struga-nikoj-ne-ja-chepka-na-sekoe-slobodno-mestence-se-gradi/ |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
First, we take Ohrid, and then we take Struga
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Запре уривањето на дивоградбите во Охрид
https://sitel.com.mk/zapre-urivanjeto-na-divogradbite-vo-ohrid |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Охрид, уривањето дивоградби замрзнато
https://alsat.mk/mk/охрид-уривањето-дивоградби-замрзнат/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА ОХРИД ГИ ЧЕКА ПАРИТЕ ОД ВЛАДАТА ЗА ДА ПРОДОЛЖИ СО РУШЕЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ
Општина Охрид ќе продолжи со уривање на дивоградбите по добивањето на средствата кои Владата со ребалансот ги предвиде за имплементација на препораките на УНЕСКО, како помош за справување со нелегално изградените објекти. Општината нема доволно средства сама да се справи со отстранувањето, па токму затоа овој процес запре по рушење на само неколку дивоизградени објекти. „Средствата кои се останати по последната тендерска постапка се многу мали. Треба да обезбедиме дополнителни средства за да продолжи акцијата за уривање. Ги чекаме средствата од ребалансот кој го изгласа Парламентот да ни бидат префрлени на посебна сметка на Општината, по што ќе распишеме брза постапка и кога ќе имаме нов договор со фирма за отстранување веднаш ќе продолжиме со процесот за отстранување на дивоградбите. Процесот е скап. Цените коишто ги добиваме на тендер се високи и тешко се наоѓа фирма за отстранување“, изјави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Акцијата ќе продолжи со бесправно изградените објекти вдолж Охридското Езеро. Во тек е тендерска постапка за изработка на урбанистичка документација за плажите која, според најавите на градоначалникот, ќе заврши до јануари наредната година, по што ќе следи нов оглас за давање на плажите под концесија. „Најпрво ќе се урива сè она што е во и покрај вода. Знам дека тие објекти се репрезентативни и навистина е штета што треба да се отстранат, но земјиштето мора да се врати во првобитна состојба. Не постои правна рамка како ние да ги легализираме тие објекти па потоа да го издаваме земјиштето на друг сопственик, кога објектот не е наш. Нема законска можност објектот да стане сопственост на Општината и да се издава таа плажа со објект“, вели Георгиески. Георгиески смета дека стратешката евалуација согласно Планот за управување ќе одреди кои објекти ќе бидат предмет на отстранување, односно кои објекти можат, а кои не да се се вклопат во наредни урбанистички планови. „Не гледам причина и понатака да ги стопираме легализациите или издавањето одобренија за градба на тие објекти кои се усогласени со планот за управување“, вели охридскиот градоначалник. Георгиески по денешната седница на Советот на Општина Охрид на која беше усвоен ребалансот на буџетот кажа дека Општината го намалила и долгот со што повеќе не е на првото место на листата задолжени општини. „Најголем успех на оваа локална власт е раздолжувањето на Општината. Долгот од 1.600.000.000 денари кој го наследивме во 2017 година, го сведовме на ниво 470 милиони денари по сите основи, па така по скоро две децении, Општина Охрид повеќе не е на првото место на листата на најголеми должници како локална самоуправа“, рече Георгиески. Тој кажа и дека во програмата Градоначалник патните и дневните расходи со новиот ребаланс се скратени за 355.000 денари. „Сите средства што ми се исплатени на име патни и дневни расходи во 2020 година на крајот на годината ќе ги уплатам на сметката на Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост ‘Зраци’“, кажа Георгиески. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-ohrid-gi-cheka-parite-od-vladata-za-da-prodolzhi-so-rushene-na-divogradbite/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
09.10.2020(od fb)
![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВЛАДАТА ДАДЕ ПАРИ, А ОПШТИНАТА ТРЕБА САМА ДА ГИ УРНЕ ДИВОГРАДБИТЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ ВО ОХРИД
Општина Охрид ги доби шестте милиони денари од Владата кои беа предвидени за имплементација на препораките на УНЕСКО како помош за справување со нелегално изградените објекти, но Општината треба сама да ги урне дивоградбите, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. „Државата може финансиски да помага, а Општините имаат ингеренции и можности да се справат со нелегалните градби“, рече Бочварски денеска во Охрид по првата официјална посета на Oпштината. Бочварски најави државна помош и во делот на носењето на уранистичките планови за заштитениот појас на Охридското Езеро. „Во текот на 2021 година, Министерството ја презема обврската да го реши крајбрежниот појас на сè она што е надвор од Генералниот план. Ќе следи етапно урбанизирање, со што ќе се реши и проблемот со дивите плажи. Ќе се работи согласно финансиските можности и капацитетите на институциите кои се под Министерството. Сите нелегални објекти според новите урбанистички планови ќе треба да бидат отстранети од охридското крајбрежје, по што Општината во иднина ќе може да располага со крајбрежјето“, рече Бочварски. Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, рече дека поддршката на државата е од особено значење за решавање на проблемите со кои се соочува Општината. За Општина Струга министерот Бочварски најави дека проблемите и таму ќе се решаваат со средби и разговори. Одземање на ингеренциите во делот на урбанизмот, за министерот не е решение, и покрај тоа што струшкиот градоначалник Рамис Мерко досега не презема никакви конкретни чекори за справување со овој проблем. „Не сакаме да одземаме нечии ингеренции, секој треба да ги преземе своите одговорности со цел граѓаните да почуствуваат правда и правичност. И централната и локалната власт треба заедно да ги решаваат проблемите на граѓаните. Врз база на документација треба да се види што е тоа што е нелегално во Струга и кој е планот на Општината за решавање на овие прашања“, вели Бочварски. Министерот не ја знае точната бројка на дивоградби во Струга, вели тоа е работа на Општината, но рече дека е свесен за проблемот со недостатокот од градежни инспектоти за што вети зајакнување на капацитетите на инспекциските служби. Кажа дека со ое повисоки плати и поголеми ингеренции ќе се привлекуват стручните лица да работат како инспектори. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vladata-dade-pari-a-opshtinata-treba-sama-da-gi-urne-divogradbite-reche-ministerot-bochvarski-vo-ohrid/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ИЗВЕШТАЈ ОД УНЕСКО ЗА ОХРИД ВЛАДАТА ВЕЛИ ЌЕ ИНСИСТИРА ДА СЕ УРНАТ СИТЕ ДИВОГРАДБИ
По извештајот на УНЕСКО во кој состојбата во Охридскиот Регион е најлошо оценета досега, денеска премиерот Зоран Заев имаше средба со дел од министерите во Владата. На состанокот на кој се разгледуваше извештајот кој кажува дека во Охрид владее урбанистички хаос што го загрозува и уништува живиот свет, покрај премиерот Заев присуствуваа вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за култура Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Македонски железници – Инфраструктура Хари Локвенец. Како што соопштија од владината прес-служба, на средбата премиерот Заев кажал дека ‘нацрт извештајот на УНЕСКО треба да се прифати како уште еден, до сега најсилен аларм за состојбата со Охридскиот Регион и дека сега се налага огромна потреба за највисоко ниво на ангажираност кај сите чинители за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат Охридското Езеро‘. Како и неколкупати досега, и после денешната средбата од Владата велат дека сите објекти кои се наоѓаат во заштитениот појас треба да се урнат. „Беше потенцирано дека Владата ќе инсистира на завршување на процесот на отстранување на сите бесправно изградени објекти кои се опасност за Охридскиот Регион и за таа цел ќе се организираат иницијативи со градоначалниците на Охрид, Струга и Дебарца, за секоја институција итно да ги преземе сопствените одговорности, како и да се спроведе поништување на сите аспекти од штетните проекти кои се наследство од минатото како што се, на пример, проектите на Субрата Рој и Владата до 2016 година, Љубаништа 1 и 2“, се вели во соопштението од Владата. На состанокот било договорено да продолжи координацијата меѓу надлежните институции со забрзано темпо и до УНЕСКО да биде доставен соодветен одговор по однос на алармантниот драфт извештај, а штом се заврши темелната анализа сите наоди ќе бидат презентирани пред јавноста од страна на премиерот и сите останати релевантни носители на јавни функции. Отстранување на дивопоставените објекти вдолж брегот на Охридското Езеро и во заштитеното подрачје на градот, целосна забрана за градба, усогласување на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, заштита на старата градска архитектура, отстранување на урбаната опрема околу значајните знаменитости во градот и сончевите колектори од куќите во Стар Град, се само дел од забелешките нотирани во најновиот обемен Извештај на УНЕСКО. УНЕСКО бара и реконструкција на пешачката патека која го поврзува каналот „Студенчишта“ со „Горица 1“ бидејќи оценката е дека се прекинале природните врски меѓу езерото и блатото со што бил загрозен живиот свет. Според еколозите, сѐ поизвесно е дека Охрид ќе се најде на листата на заштитено подрачје во опасност што пак од друга страна би значело користење на стручна помош, искуства и механизми на УНЕСКО. Според правилата на УНЕСКО, Листата на загрозено светско наследство е создадена да ја информира меѓународната заедница за условите кои ја загрозуваат специфичната особеност поради која еден регион или место е ставен на Листата за светско наследство, а и за да охрабри корективна акција. Ставањето на Листата на загрозено светско наследство му овозможува на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на загрозеното место даде му даде итна помош од Фондот за светско наследство. Тој ја информира и меѓународната заедница за ваквите состојби, со надеж дека ќе се здружат силите за да се спасат загрозените места. Ставањето на Листата загрозено наследство овозможува светската заедница за заштита да преземе специфични мерки за заштита и тоа на ефикасен начин. Се разбира, досега се покажало дека со самите изгледи едно место да се стави на Листата зегрозено наследство веќе се иницирала итна акција за заштита. Со вбројувањето на едно место на Листата загрозено наследство, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, во консултација со владата за загрозениот регион, треба да развие и усвои програма за корективни мерки и потоа да врши мониторинг на состојбата на терен. Сите активности треба да се преземат за да се обноват загрозените вредности на местото, за да се овозможи тоа во најкус можен рок д биде тргнато од Листата на загрозено наследство. https://sdk.mk/index.php/makedonija/po-katastrofalniot-izveshtaj-od-unesko-za-ohrid-vladata-veli-ke-insistira-da-se-urnat-site-divogradbi/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Кој пат е откажан, експресниот Охрид-Св. Наум? Нема да се гради ски-центар на Галичица
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Еххх, кои лаги. Токму Владата во последниот ребаланс ги скрати парите за заокружување на колекторскиот систем, па да не зборуваме за другите работи.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 234 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |