![]() |
![]() |
![]() |
Хотел Бетон (седиште на ВМРО-ДПМНЕ) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 12131415> |
Author | |
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
Задната третина се соѕидува и се поставува фасада на овој објект
![]() Edited by mirakuliks - 24-Aug-2016 at 15:59 |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Robbi-MKD да го консултирам дали оваа сала(на видеото) што последно често се појавува на по медиуми е во новото седиште на гујо?
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ИСТРАЖУВАЊA
Како жолтата зграда прерасна во неокласичен дворец Школски пример за тоа како со малку пари и со неприкосновена политичка моќ може да се дојде до голем имот Автор: Владо Апостолов Објавено на 01 ноември 2016 Власта носи привилегии, апсолутната власт, пак, носи голем имот. Вака некако може да се преформулира позната максима на англискиот историчар Лорд Ектон во случајот со ВМРО-ДПМНЕ и со нејзиното ново, поголемо и накитено седиште во центарот на Скопје. Денес тоа здание личи на неокласичен дворец, кој блеска со сите свои осум ката плус спорната тераса, буквално стуткан во триаголникот меѓу сивите остроаголни згради на хотелот „Бест вестерн“ и онаа на „Технометал-Вардар“. Трагајќи по тоа како препознатливата жолта трикатница на ВМРО-ДПМНЕ се претвори во габаритен објект висок 29 метри, стигнавме до заклучок дека новото седиште ќе беше само нечија замисла, доколку партијата не ги поседуваше сите лостови на власта. Приказнава е школски пример за тоа како со малку пари и со неприкосновена политичка моќ може да се дојде до голем имот. Платиле по 110 евра за квадрат ВМРО-ДПМНЕ управуваше со центарот на градот уште од самиот почеток на милениумов, меѓутоа дури откако партијата се зацврсти на централно ниво во 2007, советниците во општината Центар ги утврдиле границите на денешново здание. Тогаш за прв пат по 1997 година го смениле деталниот урбанистички план (ДУП) и околу жолтата трикатница, која зафаќаше 200 квадратни метри, нацртале нова градежна парцела со површина од околу 1.200 квадрати. Според овој ДУП, првичната идеја била таму да подигнат нова шесткатница со канцеларии, висока 25 метри и со габарит од нешто помалку од 700 квадрати, меѓутоа за да можела партијата да се шири и да се извишува, прво требало да ја регулира сопственоста врз земјиштето. Целата градежна парцела се простирала врз државно земјиште и според официјалните документи уште на почетокот од наредната 2008 Катастарот ги земал работите во свои раце, прекројувајќи и спојувајќи парцели, така што ВМРО-ДПМНЕ можела потоа со еден договор во пакет да ја купи целата земја. Тоа се случило веќе наредната 2009. Таа година во јуни Миле Јанакиески во име на Министерството за транспорт и врски ѝ го продал целото земјиште на ВМРО-ДПМНЕ по пат на непосредна спогодба. Од страната на партијата овој договор го потпишал Мартин Протоѓер во улога на тогашен генерален секретар. Со други зборови, ВМРО-ДПМНЕ од државата што ја водела самата партија купила две парцели, онаа под жолтата зграда и поголемата околу неа, со вкупна површина од 1.241 метар квадратен или речиси колку што изнесува градежната парцела за новото седиште. Партијата го купила земјиштето за нешто повеќе од 130.000 евра, односно приближно за 110 евра по квадрат. Тоа е цена која е далеку пониска од пазарната во најатрактивната општина во Македонија, бидејќи истото Министерство за транспорт и врски во центарот на Скопје наредната 2010 година продаде државно земјиште на јавна аукција за 3.000 евра по квадрат. Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ го искористила Законот за градежно земјиште, поточно одредбата која вели дека сопствениците на легалните објекти може да ја приватизираат целата градежна парцела со договор во четири очи според цените што ги одредува Владата. Ова се впрочем и единствените пари што ВМРО-ДПМНЕ ги вложила за изградбата на новата зграда, бидејќи подоцна го ангажираше „Бетон“ – АД Скопје како коинвеститор. Партијата го даде земјиштето, компанијата го градеше објектот. Им се брзало за дозвола за градење Откако ВМРО-ДПМНЕ го пазарила земјиштето, објектот почнал да се шири и да расте во височина. Во наредните години со неколку промени на ДУП-от за Мал ринг, габаритот на објектот пораснал од почетните 700 квадрати на околу 1.200 или колку што е целата градежна парцела, скокнал од 25 на 29 метри со што се зголемил и бројот на катови од шест со приземје на осум со приземје и поткровје на кое подоцна му е доградена и тераса. Па така летото 2012, ВМРО-ДПМНЕ преку весниците бараше коинвеститор што ќе изгради објект од два дела, кои ќе имаат посебни влезови и откако ќе финишира градењето, фирмата ќе биде обврзана едниот дел да ѝ го отстапи на ВМРО-ДПМНЕ по принципот „клуч на рака“. И додека траеле подготовките за новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ, се случија локалните избори на кои партијата по повеќе од една деценија ја изгуби власта во општината Центар. И за време на изборите поради скандалот со гласачите од Пустец, меѓутоа посебно по „бомбите“ на Зоран Заев и по истрагите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), се дозна дека ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се трудела да не ја изгуби оваа општина, а подоцна кога сфатила дека тоа е невозможно со сите усилби го одложувала предавањето на локалната самоуправа избоксувајќи втор и трет круг на изборите. Токму меѓу вториот и третиот круг на гласањето во општина Центар, на 10 април 2013 администрацијата на градоначалникот во заминување, Владимир Тодоровиќ, на ВМРО-ДПМНЕ ѝ издала одобрение за градба на седиштето. Со тоа законски го покрила и обезбедила градењето на новото седиште и практично се спасила од ревизијата на урбанистичките планови, кои новиот градоначалник Андреј Жерновски се обиде да ја спроведе. Има уште еден проблем со актуелната градежна маркичка на ова партиско седиште. Она што е спорно од аспект на процедура е тоа што маркичката за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во декември 2012 добила преширока ознака Б, објект за комерцијални и деловни намени, а не поконкретна ознака Б4 – деловни простории или Б5 – хотел. Правилникот за урбанистичко планирање на Министерството за транспорт и врски, кој има сила на подзаконски акт, не дозволува во деталните урбанистички планови вака прешироко да се обележуваат градежните маркички туку стриктно бара да се дефинира нивната конкретна намена, хотел или, пак, деловни простории. Проблемот е во тоа што ВМРО-ДПМНЕ на овој начин била привилегирана да гради што сака во доменот на она што спаѓа под комерцијални и деловни објекти, а таа привилегија ја немаат другите организации, фирми и граѓаните. За крај, вреди да се спомне дека скопски „Бетон“, кој со свои средства го изгради новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ врз земја што партијата ја купи по повластена цена, е градежната компанија што доби третина од парите наменети за изградба на „Скопје 2014“, дури 215 милиони евра до сега. Таа е прва на листата фирми што добиле најмногу пари од проектот што го водеше ВМРО-ДПМНЕ преку Владата и преку општината Центар. http://prizma.mk/kako-zholtata-zgrada-prerasna-vo-neoklasichen-dvorets/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Најлошиот дел од сето ова е што по читањето на анализава, не се осеќам изненаден или напизден... Едноставно како да си прочитав сиже на IMDb.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
ВМРО-ДПМНЕ – Како изгледа седиштето на најбогатата партија во Европа
Внатрешноста на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не беше изложена за очите на јавноста. Партијата строго контролира кој влегува, а кој излегува. Таму не се одржуваат прес-конференции, а на оние кои влегуваат не им е дозволено да ги понесат мобилните телефони. Накусо, ВМРО-ДПНЕ има обезбедување посилно и од она на Американската амбасада. Сепак, на фан страницата на Фејсбук на „Странски служби“ (саркастично име на група индивидуалци кои на комичен начин прават осврти на актуелните политички случувања) се појавија оригинални фотографии од седиштето на партијата. Претходно, НОВАТВ објави фотографии од дел од уметничките слики кои се поставени на ѕидовите во седиштето, додека СКУП објави дека ВМРО-ДПМНЕ е најбогатата политичка партија во Европа, побогата и од онаа на германската канцеларка Ангела Меркел. Повеќе на: http://novatv.mk/vmro-dpmne-kako-izgleda-sedishteto-na-najbogatata-partija-vo-evropa/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Ристоска: Бараме замрзнување на зградата на ВМРО-ДПМНЕ, осомничени се и генералните секретари
http://a1on.mk/archives/742455 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Се чини како да се работело на фасадата тука, мислам дека порано беше само гола конструкција.
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
„БЕТОН“ ЈА ИЗГРАДИ БЕЛАТА ПАЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, А НИВНИОТ ХОТЕЛ СТОИ НЕДОГРАДЕН КАКО ГРДОСИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ
![]() Хотелот кој ГП „Бетон“ во 2013 почна да го гради до белата палата на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, неколку години стои како карабина. На оваа локација во строгиот центар на градот нема никакви градежни градежни активности и просторот кој некогаш беше пешачка улица сега е грдосија. Од една страна е запуштениот дел на зградата на „Технометал Вардар“, а од друга е градилиштето за хотелот. Просторот е ограден со тараби, од сите страни се поставени скелиња и висат платна со кои е покриена зградата. Од „Бетон“ не добивме одговор на нашето прашање зошто не се гради зградата, дали се планира да се продолжи со градбата или таа ќе остане во форма на градилиште. Одобрението за градба на хотелот заедно со зградата на ВМРО-ДПМНЕ „Бетон“ го добива во јуни 2012, а станува провосилно во март 2013. Од Општина Центар велат дека сè уште не е истечен рокот за градба и затоа не можат да преземат никакви активности по однос на ова градилиште. „Согласно членот 68 од Законот за градење, рокот за изградба на објектот е 6 години. Но, со Законот за изменување и дополнување на Законот за градење рокот за изградба на објектот е продолжен на 10 години и важи ретроактивно, за сите издадени одобренија за градење. Поради тоа до овој момент ‘Бетон‘ не плаќа пенали кон Општината“, велат од Општина Центар. Хотелот на „Бетон“ се наоѓа на улицата која водеше до некогашната жолта зграда на два ката на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Но, со доаѓањето на власт на партијата под раководство на Никола Груевски, државното земјиште Министерството за транспорт и врски го продава по багателна цена од 130.000 евра на партијата, и со неколку измени на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“ во времето кога градоначалник е Владимир Тодоровиќ се нацртаа маркички за сегашните објекти со висина приземје и осум ката. Потоа, партијата се договори со „Бетон“ бесплатно да им ја изгради зградата, а за возврат им го дадоа земјиштето за да си градат хотел. „Бетон“ беше еден од најголемите градители на објектите од проектот „Скопје 2014“, за што имаше склучено договори во вредност од околу 200 милиони евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/beton-ja-izgradi-belata-palata-na-vmro-dpmne-a-nivniot-hotel-8-godini-stoi-nedograden-kako-grdosija-vo-tsentarot-na-skopje/ |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
И за ова никој нема да оди в затвор, а народот мисли дека е поважно да протестира заради „името и идентитетот“, отколку за вакви работи. Квалитет на живот и приоритети, тоа ни е.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
Бајат ти е муабетов. Забораваш дека овие сега што се на власт одеа на шарен протест заради цвикерите на грујо, а се курчат на социјалните мрежи со златни сервиси за јадење?
Зградава може да се сруши за 3 дена, ама прашање е дали за 3 дена ќе се врати она што го изгубивме последните години, и после пописот што допрва ќе изгубиме. И да, кој ќе иде у затвор за тоа? |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Моменталната неписмена власт е само одговор на незадоволните гласачи кои ќе прифатеја било што освен Грујо, исто како што Бајден е само одговор на незадоволните гласачи кои ќе прифатеја било што само за да го сменат кловнот Трамп, додека пак самиот Трамп беше одговор на незадоволните гласачи кои не можеа да поверуваат дека наместо Берни ја кадидираа истрошената Хилари, па за инает гласаа за Трамп за да се промени нешто во естаблишментот и демократите да научат лекција. Затоа, биди сигурен дека и како што го осудија Грујо за нешто банално (и избега), така и овие фигури ќе бидат осудени кога ќе се смени власта (бидејќи опозицијата не може да дочека да ги спали на клада и да се одмазди), и можеби и ќе одат в затвор, освен ако и тие не најдат некое засолниште во Европа и се скријат. Сето тоа така во круг до бескрај, освен ако Левица не откине некој глас повеќе со шизофрената национал-левичарска политика па да се размрда малку мометалната ситуација. Сепак, кој и да дојде на власт, биди сигурен дека олигарсите од Пуцко петрол, Камчеви и Мијалкови, и особено ДУИевци ќе си продолжат со самоволието и со профитирање на сметка на нас сите, а таквите како мене и тебе ќе се расправаат по форуми за тоа кој бил полош или поарен од политичарите. P.S. Една добронамерна критика до тебе, во ситуација кога соседите обвинуваат дека нашиот јазик е србизирана бастардизирана верзија на нивниот јазик, да коментираш „ќе иде“ и „у затвор“ во иста реченица каде што се жалиш за името и идентитетот (и јазикот) е малку смешно. Поздрав. Edited by гитардемон - 30-Jan-2021 at 13:21 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
😊Јбг, скопјанец сум. Како што гевгеличани викаат "ув", за "во", така е и во Скопје со "у" и "иде". Тоа ми е наследен говор од дома. Зборење на литерстурен јазик, како спикер на вести, нема да ни промени ништо околу ставот на соседите, туку ставот кои ќе го завземат властите, кои како тргнале, нема да им треба многу време на комшииве да не разубедат.
А ако мојот скопски речник смета, повеќе од двојазичност во државата, и кога некој си функционер слободно си збори на својот мајчин јазик, а ние го гледаме ко телиња и чекаме превод, и сето тоа е согласно законот, тогаш незнам за што збориме. Поздрав и секое добро |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Grammar police.... во недостаток на аргументи
Отидовте оф-топик од оф-топик-от. ![]() |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Онтопик - срамота е да нема протести против ова, без разлика на коментарот за името и „идентитетот“. Офтопик - Не е grammar police, мене ич не ми е гајле кој како си зборува, ама да намалиме со хипокризијата. Сами си пукаме в нога со коментари од типот „ја сметам дека они лажат, ние сме боље ние никад не сме биле србизирани“. Како вицот за Ѕинго: Вистина ли е дека во вашата партија сте србомани? -То није тачно! |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Српсково влијание во македонски јазик е сосема нормална појава и Е дел од македонскиот јазик. Како што се англицизми, турцизми, и секакви други влијанија. Против тие влијанија треба да се има либерален пристап, ниту треба да се бориш против со некаква пурификација, ниту да ги воведуваш со сила. Секој обид за насилно интервенирање во јазикот е фашистички, инсистирање дека не треба да се употребуваат србизми во македонски јазик е неприродно, затоа што е природно да ги има србизмите. Бугарите што ќе мислат, ама ич не треба да не тангира за влијанијата во нашиот јазик. Може би некогаш ќе ги снема тие србизми, можеби некогаш ќе ги има повеќе. Нема ништо хипокризија во тоа што некој рекол боље, никад, они и слични зборови. хипокризијата кај македонците врз која стварно треба да влијаеме е на друго место, да не употребуваат навредливи термини за други народи како шиптари, цигани, ѓупци. А јазикот си еволуира под разни влијанија, и ќе продолжи да си еволуира. А бугарите нека се замислат малку зашто македонскиот и бугарскиот јазик од исти јазик успеаја за само 100 години да се одвојат толку, по нивна кривица, до нивоа на неразбирливост за одредени групи граѓани. Пак нека продолжат со глупите политики кон Македонија после толку многу историски грешки, па може уште еден бран на пурификација, мотивирана од инат кај македонците, чистење од "бугаризми" ќе го зафати Македонскиот јазик, како што е тоа случај после втора светска кога македонски зборови и букви се исфрлани за да се стави граница со бугарските. Нека продолжат и Каракачаов и Ковачен со глупите изјави кои ништо добро не носат, па нека се чудат после.
|
|
![]() |
|
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
Не се разбираме, па еве ќе те прашам:
-кој треба да оди во затвор, тој што ја изгради зградата, или тој што се колнеше дека ќе ја руши(настрешницата, тераса ли не, незнам што е). Од дрвата не ја гледаме шумата, па зградава е најголемиот проблем во државата и баш за тоа мора ра да има протест, а не за на пример што во моментов се ДОурнисува езерото Треска, или Матка со платформите Ама таму не смее да се дига галама многу, јер "едно општество за сите" |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Прифатете ја Северна и поздравете го преспански договор, едноставно е, ставете се на линија на нормалниот свет, доста инат! Зградата преку ноќ ќе стане културно наследство, може и некој дипломат ќе ви влезе у неа. А тогаш може и ќе се изгради консензус за спречување на лудолото околу треска!
|
|
![]() |
|
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
Те молам објасни ми ја линината на нормален свет. Незнам каде во нормалниот свет се случува ова што се случува кај нас. Јас не гледам на друго место во светот, во својата држава да е грев да си партиот, и да си ја сакаш државата, и воедно граѓанин од втор ред. Иначе да се се разбереме погрешно, партиски не сум обоен, и мене ми е ружна.(пошто генерална етикета во државава е ако си партиот, тогаш си вмровец небањат и сл)
Целта на муабетот ми беше, дека во државата не е дојддно до тоа да се оди на протест за згради, бидејќи ни тежат 1000 други далеку посериозни проблеми. |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Токму тој дел со „посериозните проблеми“ и го коментирав. Сето тоа е субјективна перцепција, а името на една држава и народ се менува преку ноќ (како што веќе видовме). Како што си отишло, може и да се врати. Квалитетот на живот многу повеќе зависи од колку луѓе умираат од рак (поради ненормалното загадување на воздухот поради електраната на јаглен во Битола, фабриките во Скопје без филтри, старите возила), поради тоа што немаме велосипедски сообраќај и јавен транспорт и стоиме заглавени во кола по цел ден, поради тоа што немаме зеленило на покривите, по улиците па ни по новите „паркови“, поради тоа што само нам од цела Европа ни треба виза за држави како ОАЕ, Јужна Кореја, Тајланд или Мексико бидејќи немаме ни амбасадори по светот а не па безвизни режими, бидејќи луѓето земаат бугарски пасош само за да се исселат (бидејќи само тој се купува со пари, да имало фински или португалски него би го купиле), бидејќи за да се заврши факултет се плаќа мито, и за да се најде работа се фаќаат врски, и редица други многу поважни проблеми отколку „идентитетот“.
А ако се фокусираш на она другото кај нас, многу помал проблем е дали на личната карта или на свидетелството ќе ми пишува и на албански, или дали ќе ми пишува Северна Македонија. Тоа се тие ситни дневно-политички препукувања на кои паѓа балканскиот народ. И Турците, и Грците, и Бугарите, и ние... Ердоган, Златна Зора, Каракачанов, Грујо - треба да си многу многу ограничен за да ти е поважно името на државата отколку фактот дека ќе ти умре половина фамилија од рак ако живееш во Битола, оти поради корупција не ставиле филтри преку 20 години (а ги раздаваат парите по тендери за камиони, автобуси и што не). Романците имаат и малцинства, и сиромаштија, па колку политичари и влади паднаа и легнаа затвор поради тоа што народот излезе на улица и не попушти - кај нас малку потешко нешто такво. Многу ја затерав, ама секој со приоритетите. Ако се прашувате зошто на многумина не им се живее во државава, помислете дека и вие самите сте некогаш причината зошто соседот ваш сака да се иссели - без разлика дали сте од СДСМ, ВМРО или ДУИ. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 12131415> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |