Зелени покриви - Скопје |
Post Reply | Page 123> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply
#1 Topic: Зелени покриви - Скопје Posted: 29-Nov-2019 at 15:30 |
https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #2 Posted: 29-Nov-2019 at 21:03 |
Супер е ова, само да се обезбедува и одржува. Уште 10 пати по толку и цел ГТЦ
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #3 Posted: 29-Nov-2019 at 21:10 |
Makedonska rabota. Na gorniot sprat fontani i parkovi a prizemjeto e vo faza na raspaganje!
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #4 Posted: 18-Dec-2020 at 12:02 |
Покривот на Дом на градежници ќе стане зелен парк
Голема реконструкција на покривот на Домот на градежници, почнува денеска, најавија од Град Скопје, површина која треба да стане зелена, со цел да се намали температурата вво центарот на Скопје, во летните месеци. Тоа е една култна стара зграда во центарот во Скопје, изградена пред децении. Во свое време била култно место каде градежните работници се собирале и учествувале во своето културно издигнување. Посебно бил значаен покривот на таа зграда, затоа што овде се случувале многу културни настани. Познато е како киното на Домот на градежници, кое со овој зелен покрив ќе го вратиме. Се планира да се направи по примерот на покривот на ГТЦ, кој беше огромен успех и го посетија повеќе од 100.000 луѓе за само една година, а скопјани го користат за своите фото-разгледници. – Сега правиме ново место, во центарот, во Мал ринг, кадешто ја идентификувавме потребата да се бориме против топлотниот остров којшто го сосдава покривот на оваа зграда. Очекуваме по рекоснтрукцијата просечната температура да биде спуштена за три степени, особено во лето, драстично ќе биде намалена температурата пред околните згради – велат од Градот. Во план е да се постават десетици садници дрвја и уште повеќе ниско и средно зеленило, распоредено така да биде функционално за оние кои ќе го користат покривот. Ќе има и тревна површина и вертикално зеленило на ѕидовите. Сето тоа збогатено со клупи и друга урбана опрема за уживање на присутните, а киното треба да врати што повеќе посетители. Покривот има две нивоа и на двете нивоа ќе се направи зелена површина. Дополнително покрај целата ограда ќе има густ дрворед за да не им се смета на жителите од околните згради. Инвестицијата чини 18,5 миниони денари. https://nezavisen.mk/pokrivot-na-dom-na-gradezhnici-kje-stane-zelen-park/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #5 Posted: 18-Dec-2020 at 12:18 |
На Домот на градежници, во центарот на градот
СЕ ПРАВИ ВТОРИОТ ЗЕЛЕН ПОКРИВ ВО СКОПЈЕ Градот Скопје во соработка со УНДП почна со уредување на вториот зелен покрив во центарот на градот - покривот на Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое ќе биде функционално распоредено, ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите, ќе се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино. - Денеска почнуваме голема реконструкција на покривот на Домот на градежниците - една култна стара зграда во центарот на Скопје, изградена пред децении, која што во своето златно доба била место каде што се собирале градежните работници и учествувале во своето културно издигнување. Посебно бил значаен покривот на таа зграда каде што се случувале многу културни настани. Познат е како „Киното на Домот на градежници“ кое со овој зелен покрив ќе го вратиме. Она што планираме да го направиме овде е по примерот на покривот на ГТЦ кој што беше огромен успех, го посетија 100.000 луѓе за само една година и стана едно од местата кои скопјани ги користат за своите фото-разгледници и за своите свадбени фотографии. Сега правиме ново место во центарот, во Мал ринг, каде што ја идентификувавме потребата да се бориме против топлотниот остров кој што го создава покривот на оваа зграда. Очекуваме дека по реконструкцијата, просечната температура на годишно ниво ќе биде намалена за три степени, а во лето ќе биде драстично намалена температурата пред околните згради – рече Никола Наумоски, претставник од Град Скопје, на денешната прес-конференција. Тој додаде дека покривот на Домот на градежници има две нивоа, а и на двете нивоа ќе биде поставено зеленило. - Дополнително, околу оградата ќе биде поставен дрворед од густи дрвја за да не им пречиме на граѓаните од околните згради со нашето присуство – објасни Наумоски. Запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот. Согласно со податоците од релевантни истражувања температурите на зелениот покрив можат да бидат пониски од 16 до 22 Целзиусови степени споредено со конвенционалните покриви. Со тоа, температурите на околината можат да се намалат до 3 Целзиусови степени, при што потрошувачката на електрична енергија потребна за ладење на овие објекти би се намалила за 0,7%. Проектот за изградбата на Зелен покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје (во вредност од околу 18,5 милиони денари), а имплементиран е во соработка и со поддршка од УНДП. На почетокот на уредувањето на зелениот покрив на Домот на градежници денеска присуствуваа и заменик постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во нашата земја, Сања Бојаниќ и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. - Овој покрив ќе се трансформира од „топлотен остров“ каков што е сега, во „зелен остров“ кој ќе ја намалува температурата, ќе ја контролира влажноста, ќе го подобрува квалитетот на воздухот и се на се ќе го подобрува квалитетот на животот на граѓаните на Скопје. Ова е придонес Скопје да стане поотпорно и позелено место – рече Бојаниќ. Градоначалникот Богдановиќ го изрази своето задоволство од реализацијата на овој проект, кој ќе придонесе за поотпорно Скопје, а ќе понуди и можност за рекреација за граѓаните, особено за младите луѓе да учествуваат во различни културни активности. https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #6 Posted: 21-Dec-2020 at 15:10 |
01.12.2019
Green Roof On GTC Shopping Centre - Skopje (North Macedonia) |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #7 Posted: 28-Dec-2020 at 15:01 |
Шилегов: Зелениот покрив на Домот на градежници ќе биде готов во април во 2021 година
Активностите за изградба на вториот зелен покрив на Домот на градежници во Скопје се интензивирани и ќе завршат во април следната година, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје. Градоначалникот во одговор на советничкото прашање за зелениот покрив, потсети дека целта на овој проект е заштита на животната средина, создавање на подобро место на живеење и подобар квалитет на живот. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови дрвја, средно и ниско зеленило, а ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите. Предвидено е да се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино. Како што соопштија градските власти, запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје” беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови” кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот. Проектот за изградбата на Зелен покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје во вредност од околу 18,5 милиони денари, а имплементиран е во соработка и со поддршка од УНДП. https://www.slobodenpecat.mk/shilegov-zeleniot-pokriv-na-domot-na-gradezhniczi-ke-bide-gotov-vo-april-vo-2021-godina/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #8 Posted: 26-Jan-2021 at 13:23 |
Рамниот покрив на Мавровка ќе се претвори во зелена оаза
По ГТЦ и Дом на градежниците, „Мавровка“ ќе биде третиот објект во градот на кој рамниот покрив ќе биде претворен во зелена оаза. Најавата преку Фејбук ја даде граночалникот на Град Скопје, Петре Шилегов објавувајќи видео како во моментов изгледа покривот на трговскиот центар „Мавровка“. – Еве како изгледа напуштениот и неуреден простор на „Мавровка“ што набрзо ќе биде трет и најголем зелен покрив во Скопје – најави Шилегов како увертира на планираната прес-конференција со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, а на која требаше да се означи стартот на работите, но поради лошото време беше откажана. Инаку, во тек се работите на уредување на покривот на Домот на градежниците што треба да прерасне во зелено катче пролетва во април. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови дрвја, средно и ниско зеленило, а ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите. Предвидено е да се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино. Инаку, запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот. Повикувајќи се на податоците од релевантни истражувања, температурата на зелениот покрив може да се намали од 16 до 22 Целзиусови степени споредено со конвенционалните покриви. Со тоа температурите на околината можат да се намалат до 3 степени целзиусови, при што потрошувачката на електрична енергија потребна за ладење на овие објекти би се намалила за 0,7 проценти. На површина од 1.800 квадратни метри е првиот зелен покрив кој е поставен на ГТЦ и денес е едно од најпосетуваните места во градот. Само за една година од неговото отворање за посетители низ него поминале сто илјади луѓе кои таму се фотографираат, но и се правеа свадбени фотосесии. (С.Бл.) https://www.vecer.press/рамниот-покрив-на-мавровка-ќе-се-претв/ |
|
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #9 Posted: 26-Jan-2021 at 15:48 |
Треба да бидат попрецизни: НА ДЕЛ од ГТЦ, а не на ГТЦ.
|
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #10 Posted: 26-Jan-2021 at 15:56 |
Уште да се дава попуст за комуналии на станбените згради кои наместо поткровје ќе изберат зелен покрив/градина со билки, и животот ќе стане барем малку поубав за сите.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
MKDSTRUGA
Senior Member Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 460 |
Quote Reply #11 Posted: 26-Jan-2021 at 16:07 |
Odlichna idea gitardemon! Inache go pozdravuvam sreduvanjeto na krovot na Mavrovka, ama mislam deka prvo trebashe da se dovrsi celosno GTC pa posle da se odi na Mavrovka.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #12 Posted: 27-Jan-2021 at 16:59 |
РАЗЗЕЛЕНУВА И ПОКРИВОТ НА „МАВРОВКА“ – ТРЕТ И НАЈГОЛЕМ ЗЕЛЕН ПОКРИВ ВО СКОПЈЕ
Градот Скопје во соработка со општина Чаир и Здружението на корисниците на деловен простор во Мавровка, почна со уредување на третиот и најголем зелен покрив во Скопје - покривот на „Мавровка“. Зелениот покрив се уредува според проект од реномираниот и наградуван архитект, Бесиан Мехмети. Со реализацијата на овој проект не само што ќе имаме импакт со зеленило врз најголемата раскрсница во градот, ќе влијаеме и врз самиот трговски центар. На луѓето ќе им овозможиме уште едно прекрасно катче, кое од вака руинирана површина која зрачи топлина поради бетонот ќе стане површина на која граѓаните ќе може да поминуваат пријатни моменти https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #13 Posted: 27-Jan-2021 at 17:00 |
И ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „МАВРОВКА“ ЌЕ ДОБИЕ ЗЕЛЕН ПОКРИВ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ НЕМА КАФУЛЕ
Покривот на вториот кат на скопскиот трговски центар „Мавровка“ ќе стане зелен покрив. Градот Скопје, Општина Чаир и Здружението на сопственици на деловен простор „Мавровка“ денеска го презентираа проектот за уредување напуштениот и руиниран простор, кој е биде трет зелен покрив по оние на Градскиот трговски центар (ГТЦ) и Домот на градежници. Овој зелен покрив ќе биде најголем, со површина од 3.000 метри квадратни и се планира да бидат засадени над 40 различни видови садници. „Одбравме да го правиме овој зелен покрив од две причини. Првата е да го покажеме нашиот пристап на еднаквост на градот кон сите страни. Другата причина е да се надомести за уништеното зеленило со изградбата на барокните згради кои беа дел од проектот Скопје 2014”, рече градоначалникот Петре Шилегов. На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали на зелениот покрив кој ќе се прави со пари од буџетот на Градот ќе има кафуле, Шилегов рече „дефинитивно нема да имаме кафуле, туку ова ќе биде јавен простор“. Зелениот покрив ќе почне да се гради напролет, бидејќи допрва ќе се распишува тендерот за избор на фирма изведувач. Според проценките, ќе чини околу 300.000 евра. Проектот е на архитектот Бесиан Мехмети, автор на основното училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/i-tts-mavrovka-ke-dobie-zelen-pokriv-shilegov-veli-deka-nema-da-ima-kafule/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #14 Posted: 30-Jan-2021 at 10:20 |
Проект за зелена кровна тераса – ТЦ „Мавровка“ / БМА
https://marh.mk/proekt-za-zelena-krovna-terasa-tc-mavrovka-bma/ |
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #15 Posted: 30-Jan-2021 at 13:23 |
Е сега додајте ги климите на фасадата и со години немиените прозорци, па да видиме колку прекрасно ќе изгледа. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #16 Posted: 30-Jan-2021 at 14:12 |
Чија е уствари Мавровка?! Има некој "куќен совет" со расцепкана сопственост налик ГТЦ?! Или е целосно приватна нечива? Ова е клучен проблем на државните трговски во тоа зашто уште има прљави прозори и неоодржувано ништо, зашто е сечие и ничие. Ако е државно да се продаде одма на меѓународен оглас топтан и да дојде еден-и-единствен сопственик. Ако е сеуште државно, во тој случај доста симулираме сомуправен социјализам и глумиме некаков социјалистички резерват во кој живеат неосвестени југословени по убедување, и тоа во сред европа. И тука и во ГТЦ и во Бисер и во Алуминка и во Олимпико и секаде, видете ги на што личат.
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #17 Posted: 30-Jan-2021 at 18:36 |
Фино би било кога „Мавровка“ би ја откупила некоја голема фирма и би ја модернизирала за свое претставништво и канцеларии, ама, пак, зошто воопшто си фантазирам кога најверојатно никогаш нема да се случи тоа...
|
|
За сè има вторпат
|
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1143 |
Quote Reply #18 Posted: 31-Jan-2021 at 16:56 |
Немало после пари за ЛРТ. Ќе нема кога вакви глупости се финансираат. Како барокна фасада на зграда во приватна сопственост што се распаѓа.
|
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #19 Posted: 31-Jan-2021 at 20:15 |
Е не е во приватна сопственост, нели државно/јавно претрпијатие е како ГТЦ. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #20 Posted: 31-Jan-2021 at 20:49 |
Во приватна сопственост е Мавровка, го води Здружението на корисници на деловен простор во деловниот центар „Мавровка“
|
|
Post Reply | Page 123> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |