Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#161 Posted: 10-Dec-2008 at 00:46 |
Покрај Вардар ќе никне уште еден проблематичен објект!

Костовски се закани дека нема да издаде пресметка за комуналии
Деспина Трајковска
Градоначалникот Трифун Костовски предупредува дека на левиот брег на
Вардар, пред Комерцијална банка можно е да никне уште еден
проблематичен објект, како оној што се гради на кејот на местото на
поранешната Народна банка. Локацијата за објектот, според Костовски,
нема соодветни сообраќајни услови, а истовремено изградбата е
проблематична и поради близината на речното корито.
Градоначалникот
се закани дека Градот нема да издаде пресметка за наплата на
комуналиите, независно кој ќе биде инвеститорот. Тој има сознанија дека
објектот е предвиден за седиште на Уставниот суд. И од Општина Центар,
пред четири месеци кога ја нацртаа маркичката во спорниот план „Мал
ринг“, најавија дека таму се планира изградба на зграда за Устваниот
суд и за неколку државни институции.
„Не' не интересира кој
планира да се смести таму, туку дека маркичката се коси со постојниот
ГУП. Нашиот став е јасен, планот ’Мал ринг‘ е незаконски и додека
Уставен суд не се изјасни по нашата иницијатива за преиспитување на
законитоста, нема да ја издадеме пресметката“, се закани вчера
Костовски, потенцирајќи дека нема да потклекне под евентуалните
притисоци на Владата.
„Уморен сум веќе од тие случувања, но во
ниту еден момент нема да одам против законот“, додаде градоначалникот
без да се изјасни дали и кој побарал пресметка за комуналии.
Од
Општина Центар, пак, вчера само накусо рекоа дека досега никој не
презел никакви официјални активности за таа маркичка. Но, со оглед на
тоа дека во ДУП маркичката е регистрирана за административна намена,
најверојатно, целата постапка ќе оди преку Министерството за транспорт.
Дали и што е преземено досега и која е улогата на Министерството вчера
не добивме одговор.
Инаку, маркичката за објектот, кој според
ДУП може да биде висок и до 29 метри, значи, може да има девет ката, е
предвидена со последните измени на ДУП „Мал ринг“ од пред четири
месеци. Тогаш градските власти заедно со дел од експертската јавност
покрај тоа што имаа забелешки за планираната црква на плоштадот, укажаа
дека маркичката за градба на објектот не ги исполнува сите услови за
реализација, бидејќи нема планиран приод до објектот кој речиси е
залепен до кејот. Беше потенцирано дека е проблематично и сообраќајното
решение за делот на кој почна да се возобновува стариот театар, на
местото на кое веќе никнува Музејот на холокаустот, а особено на
просторот предвиден за изградба на музејскиот комплекс на ВМРО. http://utrinski.com.mk/?ItemID=09E9BA0B2D10654D81DA22201CB06857 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#162 Posted: 10-Dec-2008 at 11:51 |
Костовски: Уставниот суд да ја забрза постапката за Малиот ринг |
Градоначалникот
Трифун Костовски чека Уставниот суд да донесе одлука за деталниот
урбанистички план за Малиот ринг, според која понатаму тој ќе се
координира и ќе ги донесува своите заклучоци. Тој истакна дека
општината Центар врши притисок за изградба на објектот до хотелот
„Стоун Бриџ“ и до Комерцијалната банка. - Со последната измена
на деталниот план беше вцртана маркица за изградба на деветкатница во
која треба да се сместат канцелариите на Уставниот суд. Општината
Центар бара да ги пресметаме комуналиите за објектот, за да може да
издаде градежна дозвола. Но, сметам дека таа зграда ги нема потребните
услови, како што е пристап до објектот, а се коси и со Генералниот
урбанистички план, според кој објектот не смее да биде повисок од 21
метар и да биде поблиску од 30 метри до коритото на реката Вардар -
објасни Костовски.
Тој додаде дека треба да се измени законот
за градот Скопје, со што би се утврдиле ингеренциите и правата на
градот, за разлика од сега кога општините имаат неприкосновено
владеење.
Според Југослав Миленковиќ, постапката за деталниот
урбанистички план за Малиот ринг е во фаза на доутврдување на
фактичката и правната состојба, поради дилемите кои произлегле меѓу
законот за градот Скопје и законот за локална самоуправа. Според првиот
закон, мислењето на градот е обврзувачко, а вториот вели дека тоа е
само советодавно. |
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=260&ArticleID=13343 |
|
 |
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#163 Posted: 11-Dec-2008 at 12:24 |
Уставниот суд ќе добие зграда во антички стил
ВЛАДИНА ИНВЕСТИЦИЈА
Уставниот суд ќе добие зграда во антички стил
Скопскиот градоначалник Трифун Костовски нема да направи пресметка за комуналиите за новата зграда се додека Уставниот суд не се изјасни за уставноста на планот "Мал ринг"
Новата зграда за Уставниот суд на Македонија, која Владата ќе ја гради на левиот брег од реката Вардар, пред управната зграда на Комерцијална банка, ќе биде во антички македонски стил. Службата за општи и заеднички работи на Владата минатата недела почнала постапка за добивање градежна дозвола, односно побарала од Градот и од Општина Центар да и го пресметаат надоместокот за уредување градежно земјиште. Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи, вели дека побарале од Градот и од Општината да ги ослободи од плаќање на овој надоместок и дека штом ја добијат потребната документација за градба, веднаш ќе распишат тендер за избор на изведувач.
"Зградата ќе ја градиме во антички македонски стил, со високи столбови и куполи. Објектот ќе биде на осум ката и ќе зафаќа површина од околу 12.000 квадратни метри. 10.000 квадратни метри ќе бидат административен дел, каде што освен Уставниот суд ќе го сместиме и Државниот архив, потоа околу 700 квадратни метри ќе бидат галериски простор, а 2.100 квадратни метри се за гаража", рече Доневски.
Тој објасни дека Владата следната година треба да им префрли средства за изградба на нова зграда за Уставниот суд, кој сега е под кирија во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Скопскиот градоначалник Трифун Костовски најави дека нема намера да ги пресмета комуналиите за новата зграда на брегот од Вардар се додека Уставниот суд не се изјасни за иницијативата на Градот за оценување на уставноста на деталниот урбанистички план "Мал ринг", во кој е вцртана и маркичката за новата зграда на овој суд.
"Со овој план, Општина Центар го прекрши Законот за градење, со кој во центарот на Скопје не може да се гради зграда повисока од 21 метар и таа не смее да биде на помало растојание од 30 метри од коритото на Вардар", смета градоначалникот Костовски.
Портпаролот на Уставниот суд Југослав Миленковиќ вели дека Судот еднаш расправал за претставката на Градот за ДУП "Мал ринг", но дека го одложиле донесувањето на одлуката за да соберат дополнителни правни аргументи за односот меѓу Законот за градење и Законот за Град Скопје. (Е.А.)
[URL=%20]http://vest.com.mk/default.asp?id=160742&idg=8&idb=2546&rubrika=Skopje
Edited by blejdsk - 11-Dec-2008 at 12:25
|
|
 |
BlacK
Groupie
Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
|
Quote Reply
#164 Posted: 11-Dec-2008 at 12:41 |
WTF!???!?  anticki,8 sprata,kupoli,ustaven....?!?!?!  WTF?!?!??!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#165 Posted: 11-Dec-2008 at 13:31 |
На овој циркус нема крај...  Запнале целиот центар да го направат една таква невидена помија... Дали таа зграда стилски се вклопува или ќе изгледа смешно не е битно. Дали за таа зграда воопшто има простор без да се зезне целиот простор исто така не е битно. Битно е дека некој идиот со детски критериуми решил дека е од национален интерес во најстрогиот центар да имаме една ваква зграда по секоја цена. BTW, каков е тој „антички македонски стил“ во архитектурата??? Од кај му куполи??? И конечно како ќе изгледа тој „стил“ со 9 ката? Кој идиот ги смислува овие работи не знам, ама знам дека сме тотално идиотска држава кога вакви „идеи“ не заглавуваат уште на првиот филтер туку напротив се туркаат институционално со сите сили и по секоја цена.
|
 |
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#166 Posted: 11-Dec-2008 at 14:31 |
ne e bitno da se fklopuva biten e merakot na nekoj, sto nema vrska...
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#167 Posted: 12-Dec-2008 at 15:13 |
Ако го укине Малиот ринг, Уставниот суд ќе ја избрише и својата зграда |
|
Автор: Александра Денковска |
|
Деталниот
урбанистички план на општината Центар за Малиот ринг, за кој Уставниот
суд води постапка за оценување на неговата законитост, предвидува
изградба на објект во кој ќе се смести самиот суд. Таа треба да се
направи на левата страна од реката Вардар до Камени мост, на просторот
пред хотелот „Стоун бриџ“ и дирекцијата на Комерцијална банка.
Од
судот еднаш го одложија одлучувањето за овој план бидејќи им беше
потребно да ги доиспитаат законите. Оттаму тврдат дека и покрај тоа што
е во нивен интерес планот да помине, тоа немало да влијае врз конечната
одлука. Претставката ја поднесе градоначалникот Трифун Костовски, кој
тврди дека планот ги прекршува законите за градот Скопје и за просторно
и урбанистичко планирање, како и генералниот урбанистички план за
градот.
ОБЈЕКТ ВО АНТИЧКИ СТИЛ
Според најавите, зградата
за Уставниот суд треба да биде изградена во антички стил, со високи
столбови и со куполи. Таа ќе има осум ката и површина од околу 12
илјади квадратни метри. Од нив, десет илјади ќе бидат административен
дел, каде што ќе се сместат судот и Државниот архив, 700 квадрати
галериски простор, а 2.100 квадрати ќе служат за паркирање.
Од
службата за општи и заеднички работи на Владата најавуваат дека
наредната година треба да се обезбедат пари за изградба на објектот и
затоа ја почнале процедурата за добивање градежна дозвола, односно
побарале да им се пресметаат комуналиите и ако има можност да бидат
ослободени од нивното плаќање. Градоначалникот Костовски пред три дена
нагласи дека општината Центар вршела притисок да се пресмета сумата за
комуналиите, но тој немал намера да им наложи на своите служби да го
сторат тоа се додека не се усвои конечната одлука на судот за целиот
план. Според него, зградата што треба да се гради на левиот брег на
Вардар ги нема сите потребни услови за да добие одобрение и се коси со
генералниот урбанистички план, затоа што ја надминува пропишаната во
него височина од 21 метар и не е оддалечена барем 30 метри од самото
корито на реката.
ИНТЕРЕСИТЕ НА СУДОТ МОРА ДА СЕ ОСТВАРАТ
Југослав
Миленковиќ, портпаролот на Уставниот суд, вели дека оваа институција не
се раководи од своите интереси, туку пред сè се гледаат уставноста и
исправноста на донесените решенија. Според него, целосно е исклучена
варијантата да се прогласи планот за Малиот ринг за законски само за да
се изгради нивната зграда.
- Интересите на Уставниот суд мора да
се остварат. Ако тоа не се направи со овој план, ќе се изврши со некој
друг. Но ние не сме институција што се води од сопствените интереси.
Уставниот суд одлучува дали некоја одлука е усвоена според пропишаните
правила, а не колку таа ни одговара на нас - објаснува Миленковиќ.
Во
врска со повикот на Костовски да се забрза одлучувањето, тој вели дека
судот имал ориентациски рокови за своите постапки и нема да подлегне
под никакви притисоци за да може непристрасно да пресуди и за овој и за
кој било друг случај.
Градоначалникот ја поднесе претставката до
судот кон крајот на јули, а поради годишниот одмор судиите почнаа да ја
разгледуваат во септември. Тие еднаш решија да го одложат одлучувањето
за да ги доиспитаат законите. Планот е донесен без позитивно мислење од
градот и тоа е еден од главните аргументи на Костовски дека тој мора да
падне. Но задолжителноста на позитивното мислење се предвидува само
според Законот за градот Скопје, а според тој за просторно и
урбанистичко планирање општината треба само да добие мислење од градот,
а потоа може да ја продолжи постапката и да го усвои планот без разлика
дали градските власти се изјасниле за или против него. Токму овие
спротивставени одредби го збунија Уставниот суд. |
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=262&ArticleID=13495 |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#168 Posted: 12-Dec-2008 at 15:54 |
не ми е јасно зашто од толку места секогаш ги бираат најневозможните локации, од толку слободни места во градов ги бираат најмалите и најнесоодветните, изгледа сакаат да и пркосат на логиката и зошто да има антички стил, зашто да не биде модерен и сместен во модерна средина, и од кога античкиот стил е висок 20 и кусур метра и има куполи и високи столбови
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#169 Posted: 18-Dec-2008 at 10:29 |
Уставниот суд со „Малиот ринг“ ќе пресудува и за себе

Позитивно мислење или само мислење од Градот Скопје - дилемата треба да ја разрешат судиите за „Малиот ринг“
Гордана Дувњак
Изградбата на нова зграда за седиште на Уставниот суд е одложена на
неопределено време поради противењето на скопскиот градоначалник Трифун
Костовски да се направи пресметка за комуналии, се' додека не се
разреши спорот со „Малиот ринг“ во Скопје.
Дилемата треба да ја
разреши никој друг, туку самиот Уставен суд кој со години е потстанар
во зградата на Синдикатот, каде што држи два ката. Од уставните судии
се очекува, конечно, да пресечат околу тоа дали се законити измените и
дополнувањата на Деталниот урбанистички план за Општина Центар, со кои
покрај изградбата на нова црква во епицентарот на Скопје, на плоштадот
„Македонија“, се предвидува изградба и на многу други објекти, меѓу кои
и на новата зграда на Уставниот суд.
Мала е веројатноста
одлуката да се донесе до истекот на оваа година, бидејќи Судот и
градските власти се' уште се во преписка околу доставување на некои
дополнителни информации. Според информациите од Уставниот суд,
последната ургенција датира од 28 ноември, кога е побарано да се
прецизира кој надлежен орган постапувал во оценувањето дали Деталниот
урбанистички план е во согласност со Генералниот.
Иницијативата
на Градот за оцена на уставноста и законитоста на одлуката за „Мал
ринг“ од 28 јули оваа година веќе беше разгледувана на седница на
Уставниот суд во средината на октомври, но не беше донесена одлука. На
20 октомври Судот поднел дополнително барање до Општина Центар и до
Градот Скопје, а откако не добиле одговор, следувала ургенција.
Главната
дилема што треба да ја разрешат судиите е дали изградбата може да почне
без добивање позитивно мислење од Градот или тука е доволно само да се
добие мислење, без оглед на тоа дали е негативно или позитивно. Судиите
треба да ја разрешат и очебијната колизија што постои меѓу Законот за
град Скопје, кој во една своја одредба предвидува прибавување позитивно
мислење, додека Законот за просторно и урбанистичко планирање оперира
со терминот „мислење“.
Градоначалникот Трифун Костовски неодамна
предупреди дека на левиот брег на Вардар пред Комерцијална банка е
можно да никне уште еден проблематичен објект, како оној што се гради
на кејот на местото на поранешната Народна банка. Локацијата за
објектот, според Костовски, нема соодветни сообраќајни услови, а
истовремено изградбата е проблематична и поради близината на речното
корито.
Градоначалникот се закани дека Градот нема да издаде пресметка за наплата на комуналиите, независно кој ќе биде инвеститорот.
„Не
не' интересира кој планира да се смести таму, туку дека маркичката се
коси со постојниот ГУП. Нашиот став е јасен, планот ’Мал ринг‘ е
незаконски и додека Уставен суд не се изјасни по нашата иницијатива за
преиспитување на законитоста, нема да ја издадеме пресметката“,
потенцираше Костовски.
Спорниот објект, кој засега не се знае
точно каде треба да никне, но се претпоставува дека тоа треба да биде
во непосредна близина на Комерцијална банка, е планиран за седиште на
Уставниот суд. Во новиот објект, кој е замислен да оди во височина 29
метри (8-9 ката), иако со ГУП висината е лимитирана на 21 метар, таму
треба да се сместат и други институции, меѓу кои и Државниот архив.
Ваквото решение предизвикува незадоволство во Судот, бидејќи оттаму
сметаат дека не треба да го делат објектот со друг корисник, особено не
со институција која е сосема различна од нивната.
Изградбата
на нова зграда за највисоката државна институција која се занимава со
оцена на уставноста и законитоста беше договорена за време на посетата
на премиерот Никола Груевски на Уставниот суд во мај оваа година.
Првиот човек на Владата тогаш можеше и самиот да се увери дека судиите
работат во неадекватни услови. Уставниот суд сега користи под кирија
околу 1.000 квадратни метри, но има потреба од 3.000 метри. За време на
средбата било разговарано и околу итна набавка на конференциска опрема
за симултан превод.
Во овој момент не само што е неизвесно кога
и дали ќе почне изградбата на објектот, туку се' уште нема ни трага ни
глас од побараната опрема. Како што неофицијално дознаваме, надлежните
од Уставниот суд не биле консултирани ниту околу локацијата на зградата
ниту, пак, за распоредот на просториите. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F4D593AD62BEC14E952316AFCD2648C5
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#170 Posted: 18-Dec-2008 at 15:21 |
не ми е јасно, мислам дека може да се изгради (ако толку веќе запнале) на другата страна од плоштадот, пред црквата, таман ќе го оформат плоштадот не сум сигурен само за просторот таму
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#171 Posted: 19-Dec-2008 at 03:22 |
Во овој момент не само што е неизвесно кога
и дали ќе почне изградбата на објектот, туку се' уште нема ни трага ни
глас од побараната опрема. Како што неофицијално дознаваме, надлежните
од Уставниот суд не биле консултирани ниту околу локацијата на зградата
ниту, пак, за распоредот на просториите. |
Шо има да консултираат некого, Вангел и Жан (или некои нивни клонови) си знаат све како треба да биде...
Edited by Cloverstack - 19-Dec-2008 at 03:23
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#172 Posted: 24-Dec-2008 at 11:53 |
Еве нешто повеќе.... Има неколку моменти за кои прв пат слушам... На пример порталите??? Најсветла точка од сето ова е подземниот паркинг под Жена парк но секако за него сум и најголем скептик за скорешна реализација. Исто така продолжуваат без проблеми да си цртаат подземни улици пошто сите до сега ги изградија. Рандом катовите + (како оној на АРМ и ТЦЦ Плаца) ми се исто така омилени.
Под земја паркинзи, над земја фонтани и споменици
Роза Петкова
Четири
фонтани, од кои две големи, се лоцирани на улицата пред црквата „Свети
Димитрија“, а помалите пред Камениот мост, ќе бидат дел од партерното
уредување на плоштадот Карпошово востание, со новите измени на
Деталниот урбанистички план „Мал ринг“. Поголем дел од калдрмената
улица, која сега се користи како паркинг, е предвидено да биде покриен
со големи водени површини во чија средина ќе постои можност да се
постави скулптура или да се изведе решение со водоскоци, во зависност
од проектот кој допрва ќе се работи. Меѓу двете големи фонтани ќе има и
кружно зеленило. Под фонтаната планирана пред сегашниот паркинг на
Министерството за транспорт и врски е предвиден подземен паркинг за 70
возила, а во истиот дел е проектирана и подземна улица. До зградата
наменета за државна институција, која треба да се гради пред
дирекцијата на Комерцијална банка, исто така е планирано подземно
паркиралиште за 130 возило, во кое пристапот би бил преку подземна
сообраќајница. Проширена е и парцелата на црквата, која ќе го опфати
запуштениот простор до неа, каде што порано имаше угостителски објект
во рамките на меѓуградската автобуска станица. Според планерот Лидија
Андреевска од проектантската куќа „Инпума“, во минатото во рамките на
црквата имало крстилница и трпезарија, а сега откако ќе се направи
посебен архитектонско-урбанистички проект ќе се определи кои содржини
ќе се градат. Новина е и тоа што подземните гаражи кај „Палома бјанка“,
зад Собранието и под паркот „Жена борец“ ќе се дополнат со уште едно
ниво, наместо досегашните две. Најмногу паркинг-места ќе има во паркот
и тоа 1.500. Покрај двата портали кои треба да стојат на краевите од
третата делница на улица Македонија, проектиран е уште еден голем
портал во почетокот на улицата 11 Октомври, пред плоштадот Пела. Се
зголемува и габаритот на Домот на АРМ, со можност за изградба на уште
два ката, зградата на Фондот за здравство ќе може во сегашните рамки да
ја зголеми висината до 15 метри, а ТЦЦ „Плаза“ да изгради уште еден
кат. Со измените на планот се доцртани споменици во паркот „Жена
борец“, кај Домот на АРМ, на паркингот зад Собранието Последните
дополнувања на ДУП „Мал ринг“ од вчера се изложени на јавна анкета во
урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“, кај Зелен пазар, а граѓаните ќе може
да ги видат во рок од десет работни дена. Во Општина Центар немаа
одговор зошто сите измени и дополнувања на планот не се донесуваат
одеднаш, туку во неколку етапи. Шефицата на градоначалничкиот кабинет
во Центар, Лидија Неделковска, немаше информации кој ќе го спроведува
уредувањето на плоштадот Карпошово востание. Според неа, во моментот
Општината нема проект за уредување, а тоа ќе се решавало откако ќе се
усвојат измените. |
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1583&ArticleID=104582
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#173 Posted: 24-Dec-2008 at 17:43 |
Што е целта на тие два портали на третиот дел од улица Македонија? Да се опструира еден од најпрепознатливите погледи во Скопје - погледот долж улица Македонија врз старата железничка станица???
Edited by Cloverstack - 24-Dec-2008 at 17:48
|
 |
BlacK
Groupie
Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
|
Quote Reply
#174 Posted: 24-Dec-2008 at 18:41 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#175 Posted: 24-Dec-2008 at 18:47 |
Originally posted by BlacK
Dali mal ring ima ulici koi ce moze da go absorbiraat tolkaviot broj na vozila za koi e planiran parking prostorot ili kako kaj Ramstore ce se ceka po 15 min za da se ubacis od parkingot na ulicata   
|
Доколку се работи на комплетирање на примарната сообраќајна мрежа ќе има абсорпциона моќ, доколку продолжат да се заебаваат, да одлагаат, да импровизираат и да го касапат ГУП-от тогаш ќе заглавиме... Добар е примерот што го спомна со Рамстор. Доколку беше реализирана примарната сообраќајна мрежа во околината, пред се Јужен Булевар, тогаш се ќе беше во најдобар ред. Вака е катастрофа, но и понатака никој не ни размислува на „Јужен“. Ако тоа е рецептот, истото и полошо ќе не снајде и во Мал Ринг...
Edited by Cloverstack - 24-Dec-2008 at 18:48
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#176 Posted: 25-Dec-2008 at 02:14 |
Извинете, но може да објасните за какви „портали“ се работи? Не можам да си го преведам во глава никако...
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#177 Posted: 25-Dec-2008 at 02:28 |
Ех кога би знаел(е)...
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#178 Posted: 25-Dec-2008 at 13:13 |
ah taa zgradata pred komercialna banka ..katastrofaaaa
i so spomenicite preteruvaat
СО НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ НА ДУП "МАЛ РИНГ" Во Центарот нацртани уште споменици, фонтани и порти Најновите измени на планот се на јавна анкета во месната заедница Роберт Гајдиќ
|
Домот на АРМ ќе добие два ката плус, а трговскиот центар "Плаза" ќе може да се надогради со уште еден кат, согласно најновите измени на деталниот урбанистички план "Мал ринг". Со измените на планот, кој од завчера е на јавна анкета во месната заедница Роберт Гајдиќ во Центар, во строгото градско подрачје треба да се постават над 60 споменици и спомен-обележја, а плоштадот Карпошово востание, од левата страна на Камени мост, да се уреди со две фонтани. Лидија Андреевска, архитект во проектантската куќа ИНПУМА, која прави измените на ДУП "Мал ринг", вели дека со измените нема крупни промени во планот. Според неа, сообраќајните решенија остануваат исти и дека не вцртале нови маркички. Таа објаснува дека спомениците во планот се вцртани по програма од Министерството за култура, а дека доградба се предвидува само за Домот на АРМ и за "ТЦ"Плаза". Со измените под плоштадот Карпошово востание, односно под сегашниот паркинг кај Министерството за транспорт и врски, предвиден е простор за подземно паркирање на две нивоа, а подземно паркирање на два ката се предвидува и кај новата зграда која треба да се гради пред управата на Комерцијална банка на левиот брег на Вардар. "Подземните паркинзи под Жена парк, до Прламентот, и покрај 'Палома бјанка', кои во планот беа планирани да бидат на две нивоа, сега се предвидува да бидат на три ката под земја, бидејќи се утврди дека е потребен поголем број места за паркирање", вели Андреевска. На просторот меѓу плоштадот Пела и Градскиот трговски центар е предвидено да се гради портал, исто како што со претходните измени на планот беа предвидени портали на вториот дел од улица Македонија. Општина Центар само годинава по втор пат прави измена на ДУП "Мал ринг", кој беше донесен лани во јули. Првите измени годинава беа направени за да се вцрта маркичка за црквата на плоштад Македонија, која треба да се гради по идеја на премиерот Никола Груевски. Тогаш беа вцртани и две нови маркички на левиот брег на Вардар пред управната зграда на Комерцијална банка и пред МНТ, а максималната висина на објектите околу плоштадот беше зголемена на 29 метри |
| http://www.vest.com.mk/default.asp?id=161351&idg=8&idb=2558&rubrika=Skopje
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#179 Posted: 25-Dec-2008 at 13:35 |
Originally posted by La Linea
Извинете, но може да објасните за какви „портали“ се работи? Не можам да си го преведам во глава никако...
|
еве ти портал на ул. Македонија од почетокот на минатиот век
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#180 Posted: 25-Dec-2008 at 15:52 |
Прееска бев до „Роберт Гајдиќ“ да ги видам плановите. Не носев апарат со мене, но можам да ви доловам моменти се дур не се сликне. Вака сега:
1. Заборавете на Карпошово востание (онакво какво што го знаеме) таму ќе се направи фонтана со големина на олимписки базен. Една голема и две мали кружни од страна на Камениот мост
2. Во Вардар има многу маркички за споменици - еден куп. Типот ми објасни дека тоа би биле нешто како фонтани, водоскоци и слично.
3. Мостот на цвеќето, мостот кој доаѓа некаде измеѓу комерцијална банка и Stone Bridge Hotel, и уште еден мост после Камени се сеуште во планот.
4. Ги видов маркичките за портали(вкупно 3). Имам многу лошо претчуство за истиве
5. ЦЕЛ ГРАД, КЕЈ ПАРКОВИ се испошарани со маркички за споменици
6. На мостот Гоце Делчев има 4 маркици , најверојатно за лавовите. И доста се големи
Edited by La Linea - 25-Dec-2008 at 15:52
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |