build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Железници (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 676869
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1361 Posted: 20-Nov-2022 at 15:58
Карта од 1945 година.



Edited by Џоле - 20-Nov-2022 at 15:59
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 877
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1362 Posted: 21-Nov-2022 at 19:01
Јака карта. Ама се надевам дека си грешка со годината ... оти то би значело дека сме на исто ниво 80 години подоцна... Софија е недостапна со воз, а и Битола исправно не е вклучена на мапата оти во 2022 возот патува над 6 сати. Само вчера му фати 8.5 сати.

Edited by hcitrS - 21-Nov-2022 at 19:02
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1363 Posted: 21-Nov-2022 at 19:04
Мапата покажува уште една друга работа, геополитичка. Дека коридорот Скопје-Приштина-Белград како контратежа на Скопје-Ниш-Белград е целосно запозтавен заради политичките односи на Косово.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 877
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1364 Posted: 21-Nov-2022 at 19:12
Originally posted by user8642

Мапата покажува уште една друга работа, геополитичка. Дека коридорот Скопје-Приштина-Белград како контратежа на Скопје-Ниш-Белград е целосно запозтавен заради политичките односи на Косово.


Па добро, и со пругата кон Софија мал дел од причините се исто така политички (зашто најголемиот дел се безскрупулозна партиска кражба на државата).
И да не би постоел геополитичкиот елемент, не мислам дека нешто многу подобро би изгледала ситуацијата Ск-Приштина. Па види ги 2.5 нови возови кои ги имаме во која состојба се (зборувам за кинеските кои сообраќаат внатре во државата). Па еднаш месечно со бришка да би врвел еден од стотиците вработени во Железници би личеле на нешто.
Back to Top
marfimk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote marfimk Quote  Post ReplyReply #1365 Posted: 06-Feb-2023 at 23:35
Сликано утрово во Прилеп




Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1366 Posted: 22-Mar-2023 at 16:00
БРЗИНАТА НА ВОЗОВИТЕ СКОПЈЕ – ВЕЛЕС ОГРАНИЧЕНА НА МАКСИМАЛНИ 20 КМ НА ЧАС, ПАТНИЦИТЕ НЕ ЗНААТ КОГА ЌЕ СТАСААТ

Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура ја ограничи брзината на возовите на делницата Скопје-Велес и обратно, за што вчера биле информирани железничките станици долж пругата.

„Максималната брзина на пругата Скопје-Велес меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес ќе биде 20 километри на час. Истата важи до нејзино отповикување“, соопштија од Македонски железници Инфраструктура.

Оттаму не кажаа што е причината за ваквата одлука. Патниците стравуваат дека ова ограничување на брзината ќе придонесе за сериозно доцнење на патничките возови.

„Ние, редовните патници сме крајно револтирани. До Скопје или до Велес да патуваме два часа, ако не и повеќе. Нека кажат јавно дали оваа одлука е привремена или долгорочна. Вчера возот од Скопје во 14:20 часот стигна во Велес во 14.55, а назад за Скопје тргна во 15 часот и стасавме во 16:20, место во 15:20. Патници раскажуваат дека со вечерниот воз тргнале во 22:40 часот, а стасале во 12:35“, вели револтиран патник.

Нивното искуство е дека во летниот период возовите знаат да возат со намалена брзина на одредени делници поради високите температури и можноста од ширење на шините, но не помнат толку рано, уште во март, да се започне со ограничувања. Утринскиот воз Скопје-Гевгелија, кој по ред на возење од Велес поаѓа во 7:25 часот за Гевгелија, денеска замина по час и половина, во девет часот.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/brzinata-na-vozovite-skopje-veles-ogranichena-na-maksimalni-20-km-na-chas-patnitsite-ne-znaat-koga-ke-stasaat/
Carpe diem
Back to Top
marfimk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote marfimk Quote  Post ReplyReply #1367 Posted: 26-Mar-2023 at 23:28

Една убава слика во близина на железничката станица во Прилеп, oдамна не сум видел цистерни. Во позадина и загубарот” - Жито Прилеп.



Edited by marfimk - 26-Mar-2023 at 23:30
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1368 Posted: 27-Mar-2023 at 17:51
На вагоните пишува "за меласа" што е полупроизвод на шеќерна трска. Освен за Витаминка, друга фабрика не ни има каде би можеле да одат вагониве.
Back to Top
marfimk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote marfimk Quote  Post ReplyReply #1369 Posted: 27-Apr-2023 at 21:55
Да, точно карши Витаминка беа, тука е и железничката станица.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2663
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1370 Posted: 15-May-2023 at 19:37
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1371 Posted: 03-Jan-2024 at 10:21
Приватни оператори по македонските пруги

Од 1 јануари, според новиот Закон за либерализација на железничкиот сообраќај, и други компании од регионот ќе можат да оперираат по македонските железнички пруги. Јавното претпријатие Железници инфраструктура од оваа новина очекува приход од 98 милиони денари или 1,6 милиони евра.

Се работи за можност и други компании од регионот да учествуваат во товарниот превоз. Македонија беше една од последните земји во регионот која сè уште немаше либерализација.

„Либерализацијата не значи продажба, либерализацијата значи отворање на пазарот за повеќе оператори да можат да оперираат по македонските железнички пруги“, изјави неодамна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Железници транспорт ќе остане доминантен оператор во товарниот превоз за компаниите.

Според проекциите приходите на Железници инфраструктура ќе се зголемат од 4 на 7 милиони евра.

https://mkd.mk/privatni-operatori-po-makedonskite-prugi/
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1372 Posted: 04-Jan-2024 at 17:39
Конечно една нормална капиталистичка вест. Нека влезат сега на пазарот Костцо, ДБ-шенкер, Маерск и останати логистицс компаниес, нека го повлечат ионака малку останатиот кадар во МЖ како машиновозачи и слично со нормални плати, и конечно нека пропадне тоа партиско дувло МЖ Транспорт. Мислам дека и некои домашни комапнии имаат интерес за инвестирање, како ДЕНИ интернационал. Во Дојран железарата сама сакаше да гради пруга до Грција и да управува со товарен сообрачај и не и дозволија заради глупите закони кои спречуваа либерализација.

Истото треба да и се случи и на пошта, како и на здравстен фонд.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1373 Posted: 06-Jan-2024 at 10:44
САНИРАН ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ МОСТ НА РЕКАТА ЦРНА, ПАК ВОЗИ ВОЗОТ ОД ВЕЛЕС ДО ГЕВГЕЛИЈА, ЖЕЛЕЗНИЦАТА ЗАГУБИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА



Вчера беше извршено пробно товарење на мостот кое се покажа успешно, по што (МЖ)-Инфраструктура одлучи дека може да се одвива железнички сообраќај. (Фото: СДК.МК)

Патничкиот воз кој вчера од 16,55 часот тргна од Скопје е првиот кој по пауза од 52 дена стигна до Гевгелија, без притоа патниците да преседнуваат во автобус и така да се премости оштетениот мост на реката Црна кај локалитетот Стоби. Ова откако заврши санацијата на Железничкиот мост, кој беше оштетен на 14 ноември лани. Вчера беше извршено тестирање, пробно товарење на мостот кое се покажа успешно, по што Македонски Железници (МЖ) – Инфраструктура одлучи дека преку санираниот мост може да се одвива железнички сообраќај.

„Се работеше за пропаѓање на вториот столб, што е последица на пуштање енормна количина на вода, испуштена од ХЕЦ Тиквеш. Извршените испитувања покажаа дека една третина од темелот на мостот е поткопана, дојдено е до ротирање на целиот столб и мостот беше спуштен за 24 сантиметри. Ние, како Железница, не можеме да влијаеме на промената на режимот на реката Црна. Ако некој од блоковите на РЕК Битола не работи се пушта поголема количина вода, која резултира со поткопување на дното на реката. Тоа е идентична ситуација како и пред пет години кога беше оштетен првиот носечки столб“, кажа Владимир Трајковски, координатор за санација на Железничкиот мост.

Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија е во прекин од 14 ноември. Поради тоа, товарниот сообраќај не функционираше и превозот на стоката од пристаништето во Солун кон Средна Европа се превезуваше преку Бугарија. Патничкиот железнички сообраќај се изведуваше комбинирано, од Градско до Неготино и обратно патниците се превезуваа со автобус, додека од Скопје до Градско и од Неготино до Гевгелија со воз.

„Овој Коридор 10 е од витално значење на МЖ, тој ја обезбедува нашата работа. Најголемите приходи во компанијата стигаат преку него. Клиентите кои ги користат нашите услуги се во исчекување на нормализација на товарниот сообраќај. Со затворањето на оваа делница, претрпевме големи штети, кои уште ги пресметуваме“, рече Тоше Силјановски, директор на товарен сообраќај во МЖ – Транспорт.

Според претставникот на МЖ-Инфраструктура, секојдневно поради несообраќање на товарните возови, тие губеле по 30 илјади евра или за сите 52 дена вкупно претрпеле загуба од 1,5 милиони евра. Оваа деленица е најкратка железничка врска на солунското пристаниште со Средна Европа.

„За да се испита детално оштетувањето на мостот се користеа и нуркачи. Тој има проблеми уште при неговата изградба, со квалитетот на неговите материјали, со неговата местоположба која се наоѓа на влив од една во друга река. Ние школски велиме дека тука, на таква локација не се гради мост, има вртлози, зголемено ниво. И при санацијата на првиот столб и сега нагласуваме дека санацијата е времена за да може да се одвива железничкиот сообраќај. Од МЖ потврдија дека ќе се започне со проектирање на нов мост, во непосредна близина на постојниот, за да овој проблем трајно се реши“, рече Дарко Наков, професор на Градежен факултет.

Изведувачот „Синтек инженеринг“ од Скопје ги заврши градежните работи пред време од рокот од 45 дена кој му бил даден, а започнаа на 29 ноември. Оваа фирма ја изведуваше санацијата и на првиот оштетен столб на истиот мост пред пет години, која се случи есента 2018. Тогаш железничкиот сообраќај беше во прекин 40 дена, а штетата беше проценета на 1,2 милиони евра.

П. ПЕЧКОВ

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/saniran-zheleznichkiot-most-na-rekata-tsrna-pak-vozi-vozot-od-veles-do-gevgelija-zheleznitsata-zagubi-1-5-milioni-evra/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1374 Posted: 04-Jun-2024 at 19:00
Патници од Велес останаа без превоз откако се расипал возот што требало да ги однесе за Скопје



Неколку десетици велешани кои со воз патуваат на работа во Скопје, утрово задоцнија, оти возот во 6:27 не се појави на велешката станица. Се расипал синоќа, на тргнување од Скопје кон Гевгелија.

И покрај ова, од Македонски железници не известиле за тоа, за да можат оние кои планираат патување со воз, да бараат алтернатива. Од државната компанија која управува со возовите велат дека има промена на килимата, па возовите реагирале на тоа.

Патник кој секојдневно патува со овој воз, но не сакаше да зборува пред камера, за Телевизија 24 револтирано вели дека морал да се изложува на дополнителни трошоци. Тој бара одговорност од Македонски железници транспорт, оти ваквите настани освен пари, можеле да го чинат и губење на работното место. Директорот Терзиевски не чувствува лична одговорност.

Железничкиот сообраќај во земјава е во лоша состојба. Возовите доцнат и по неколку часови, а некогаш и со денови, а пругите и мостовите се дотрајани и попуштаат. Поради ова, патниците ретко го избираат возот како превозно средство.

Во последните пет години железничкиот мост кај Стоби, на вливот на Црна Река во Вардар два пати попушта, при што и првиот и вториот пат сообраќајот беше во прекин повеќе од еден месец, а железницата изгуби неколку милиони евра. И додека возови има се помалку, во двете компании на Македонски железници има директори на претек - вкупно 14, од кои двајца генерални.

И покрај тоа што во последните 10 години се сменети10 директори, подобрување на состојбата нема.

https://24.mk/details/patnici-od-veles-ostanaa-bez-prevoz-otkako-se-rasipal-vozot-shto-trebalo-da-gi-odnese-za-skopje
Carpe diem
Back to Top
marfimk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote marfimk Quote  Post ReplyReply #1375 Posted: 27-Jun-2024 at 17:35

Слики од ФБ група “Zeljeznica zauvek” што мислам дека се интересни. На сликата се работници одбрани за обука во САД во 1972 година, за работа на новите локомотиви. Има и листа со нивните имиња, можеби некој ќе се препознае.

 

 

 

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1376 Posted: 22-Oct-2024 at 18:24
ВОЗОВИТЕ КОН КОЧАНИ И КИЧЕВО НЕ СООБРАЌААТ ОТИ НЕМА ЕКОНОМСКА ИСПЛАТЛИВОСТ, А ДИЗЕЛ ЛОКОМОТИВИТЕ СЕ СКАПИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ НИКОЛОСКИ

Пругите кон Кочани и Кичево ќе причекаат додека повторно по нив возат возови, а ќе чекаат и патниците кои ги користеа услугите на Македонски железници да патуваат за овие правци. Пругите кон Кичево и Кочани се без воз од мај 2021. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски во Велес кажа дека причината за прекинот не е малиот број патнички возови и локомотиви, туку малиот број патници.

„Пругата кон Кочани и Кичево нема железнички сообраќај бидејќи не е електрифицирана, а дизел локомотивите се скапа работа за одржување. Тоа е една од работите кои ги работиме со Македонски железници, целосна електрификација на овие пруги. Во моментов нема економска исплатиливост, каква таква има само за Коридор 10, кој е целосно електрифициран“, рече Николоски.

Железничарите подолго време објаснуваат дека сите расположливи патнички возови на електричен погон се користат за сообраќај на линијата Скопје-Гевгелија и Скопје-Велес и обратно, дури поради тоа што еден од кинеските електрични возови се расипа, укината е една од трите линии кои сообраќаа кон Гевгелија. Кон Битола сообраќаат моторно-патнички возови од кинеско производство или локомотива со патнички вагони, дневно три на број. Пругата кон Куманово и Бељаковце е исто така електрифицрана како гевгелиската и има голем број патници, работници и студенти кои патуваат кон Скопја и назад, но и таа не функционира, од почетокот на 2022.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vozovite-kon-kochani-i-kichevo-ne-soobrakaat-oti-nema-ekonomska-isplatlivost-a-dizel-lokomotivite-se-skapi-reche-ministerot-nikoloski/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 676869

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.270 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.