![]() |
![]() |
![]() |
Буџети на општините вон Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 16-Jan-2022 at 14:55 |
Општините ќе располагаат со повеќе пари, но ќе има и поголема финансиска дисциплина и отчетност
Од годинава општините ќе добиваат повеќе пари со што треба да станат финансиски постабилни и на тој начин да испорачуваат подобри и поефикасни услуги за граѓаните. Со реформата за унапредување на фискална децентрализација предвидено е постепено до 2024 година општините да добијат повеќе приходи од личниот данок на доход и од стапката на дотација од ДДВ. Поточно, сегашните три проценти предвидени приходи за општините по основ на данокот на личен доход треба да се зголемат до шест проценти во 2024 година, а стапката на дотација од ДДВ од сегашните 4,5 проценти да се зголеми на шест проценти во 2024 година. Зголемувањето на приходите од данокот на личен доход ќе оди постепено. Поточно, годинава тој процент ќе биде четири, следната година пет проценти за веќе во 2024 година да достигне шест проценти. Постепено зголемување ќе има и кај стапката на дотација од ДДВ така што таа годинава ќе изнесува пет проценти, во 2023 година 5,5 проценти и во 2024 година шест проценти. Податоците покажуваат дека од 2005 до 2019 година, средствата за општините се зголемени од 5,9 милијарди денари на 37 милијарди денари. Сега, согласно закон, општините добиваат 2,8 милијарди денари преку дотација од ДДВ и преку данокот на личен доход, а со реформата за унапредување на фискалната децентрализација се предвидува овие средства да се зголемат речиси двојно, односно на 5,2 милијарди денари во 2024 година. Фонд за перформанси (успешност) и Фонд за воедначување Средствата ќе се распределуваат во три фонда и тоа Основен фонд во кој ќе одат 4,5 проценти од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година, како и Фонд за перформанси и Фонд за изедначување каде ќе се слеваат по 0,75 проценти од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година. Општините кои ќе имаат позитивни резултати и повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат повеќе средства од Фондот за перформанси, а оние кои имаат пониски приходи заради ограничениот капацитет на ресурси, а покажале добри резултати во собирањето на сопствените приходи, ќе добиваат средства од Фондот за воедначување. Годинава, кога треба да почне постепеното зголемување на средствата, во Фондот за перформанси и во Фондот за воедначување ќе се распоредат по 0,25 проценти соодветно, додека во Основниот фонд ќе се распоредат 4,5 проценти. Веќе во 2023 година, кога се очекува приходите од ДДВ да се искачат на 5,5 проценти од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година ќе се распоредат 0,5 проценти во Фондот за перформанси и Фондот за воедначување, а за Основниот фонд остануваат 4,5 проценти. Нови инструменти за поголема финансиска дисциплина Со реформата за унапредување на фискалната децентрализација се очекува да се зголеми и финансиската дисциплина и да се намалат и репрограмираат доспеаните, а ненамирени обврски. Општините ќе имаат можност за финансиска консолидација преку 10-годишна структурна обврзница што ќе ја издава Министерството за финансии. Таа е една од трите инструменти што општините ќе ги имаат на располагање во случај на финансиска нестабилност што е регулирано со Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Покрај ова, на општините на располагање ќе им бидат уште два инструмента – условен кредит, кој ќе го издава исто така Министерството за финансии со времетраење од 10 години, како и бескаматна општинска обврзница која е со рок на доставување до 10 години. Бескаматната општинска обврзница ќе се издава по донесување акт за одобрување на емисијата на хартии од вредност од страна на Комисијата за хартии од вредност. За користење на еден од инструментите, општината ќе доставува барање до Министерството за финансии врз основа на Планот на мерки за надминување на финансиската нестабилност. Барањето ќе содржи податоци за потребниот износ на финансиски средства и можноста за користење на еден од инструментите. Наспроти досегашната обврска, градоначалникот да прогласува финансиска нестабилност, сега финансиската нестабилност настанува по сила на закон со денот на исполнување на еден од условите пропишани во Законот, без да се чека на донесување одлука од страна на градоначалникот. Веднаш по настапувањето на финансиската нестабилност, Советот на општината, на предлог на градоначалникот, носи План на мерки за надминување на финансиската нестабилност. Мерките опфаќаат ограничувања на градоначалникот во поглед на користењето на општинските средства по повеќе основи со цел рационално користење на средствата и надминување на финансиската нестабилност. Планот транспарентно се објавува на веб-страницата на општината со цел запознавање на пошироката јавност, а Министерството за финансии го следи спроведувањето на мерките од Планот. Со зајакнување на фискалната одговорност на општините, се очекува да се зголеми и транспарентноста во нивното работење. Поточно, тие ќе имаат обврска да објавуваат финансиски податоци на своите веб страни, а се најавува и зголемена контрола од страна на финансиската инспекција. Унапредувањето на фискалната децентрализација е во согласност со Европската повелба за локална самоуправа на Советот на Европа (1985) којашто е прифатена со Декларација и ратификувана и во нашето Собрание во 1997 година. Децентрализацијата официјално започна од 1 јули 2005 година, согласно Законот за локална самоуправа кој беше донесен во 2002 година. Со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа кој е донесен во 2004 година се уредува финансиското работење на општините, како и фазниот пристап на фискалната децентрализација. Втората фаза од процесот на фискалната децентрализација започна од 1 јули 2007 година со оценување на општините за влез во втора фаза. https://nezavisen.mk/opshtinite-kje-raspolagaat-so-povekje-pari-no-kje-ima-i-pogolema-finansiska-disciplina-i-otchetnost/ |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Текстот личи како насочен кон партиски мекотели. За нормалните луѓе оваа невероватна штедрост на државата значи дека за 2 години ќе имаме невероватни, дополнителни 100 денари по жител месечно. Џам свиткаја од децентрализирање.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДОЛГОВИ НА ОПШТИНИ
Општините тонат во долгови и покрај обидот на Владата во 2018 година да им помогне со финансиска инјекција од 50 милиони евра. Па така, гледано по општини и бројот на жители согласно пописот од 2002 година, Охрид има 42.033 жители и долг од 6. 693.227 евра додека по глава на жител долгот е 159 евра. Тетово, е со долг од 11,937,984 евра а има 86.580 жители и долг од 137 евра по глава на жител. Куманово, е со долг од 85,146 евра и вкупен број на жители, согласно пописот од 2002 година, 70.842 жители но има и долг од по 1 евро по глава на жител. Меѓу општините со поголем долг е и општина Гостивар која има долг од 5,449,071 евра и население од 35.847 жители но и долг од 152 евра по глава на жител. Од скопските општини, Карпош е со долг од 4,160,549 но и број на жители од 59.666 жители но и долг од 69 евра по глава на жител. Експертите алармираат дека Владата треба да им помогне на општините да излезат од долговите но овој пат тоа да не биде како во 2018 година, туку потенцираат дека Владата тоа треба да го направи преку јасно воспоставена фискална и финансиска дисциплина кон општините, преку создавање механизми за рано предупредување и детектирање на општините кои запаѓаат во долгови. Експертите велат дека треба и да постои и механизам кој ќе лоцира и одговорност во општините, кај секој еден кој ќе го направи долгот да даде објаснување а преку закон да се пропипше дека ќе се прави ревизија на финансиите на општините барем на секој три години, бидејќи според професорот се до сега постојат општини кои никогаш не биле предмет на ревизија на нивното финансиско работење. Попис на население 2002 година Охрид - 42.033 жители Тетово - 86.580 жители Куманово – 70.842 жители Гостивар - 35.847 жители Карпош - 59.666 жители Трет квартал - доспеани, а неплатени обврски за тековна фискална година 2021 Охрид – 6,693,227 Тетово – 11,937,984 евра Куманово – 85,146 евра Гостивар – 5,449,071 евра Карпош – 4,160,549 https://24.mk/details/dolgovi-na-opshtini |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
На помалите општини ќе им оди се потешко гледано од финансиски аспект бидејќи со тек на време ќе бидат во се поголеми проблеми за исплата на плати,плаќање за потрошена струја и слично.Не знам до кога ќе може да им се покриваат сите расходи од државниот буџет бидејќи цените секојдневно се во пораст а многу од општините немаат доволни приливи за да го покријат тоа.
Освен од наплата на даноци друг поголем извор на финансирање речиси и да немаат бидејќи нема многу градежни активности од кои би се прибирале комуналии и други придонеси. Слободно може да се направи реорганизација со која од 80 би можело таа бројка да се преполови во најмала рака бидејќи имаме квантитет по број на општини и градоначалници но нулти квалитет во поглед на основни инфраструктурни услови(нема канализација,асфалт,водоснабдување и многу други основни потреби не се задоволени). |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Па не знам дали имаме квантитет на општини. Јас сум противник на територијалната поделба од 2004 година и сум поборник за имање на што повеќе општини, кои би ги немале сите овластување, односно би имале Општина и Зависна општина, па така на пример може неколку Зависни општини да си функционираат посебно, но за комунални/сообраќајни/даночни и други прашања да бидат здружени во една заедница, која би ги водела овие работи. Тоа може да биде т.н. Општина или пак една од тие Зависни општини.
Како човек што лично посетил 60% од сите села во државава и сум многу добро запознаен со руралните средини, моето искуство, но и разговор со мештаните е дека имањето макар и на една канцеларија, која би имала началник и двајца вработени да ги ислушаат и да поднесуваат проекти, многу ќе значи за тие села, отколку да се има една голема Општина Битола, да треба некој да патува 60-тина километри за да си ја каже маката. Имањето на 1.700 села, а само 80 општини и сега е проблем според мене, кој поради несакањето да се има вистинска финансиска децентрализација, не треба да се решава со укинување и на овие општини. Финансиската децентрализација мора да се спроведе, а општините да имаат и свои даноци, за да мрднат од мртва точка и да не зависат од комуналии и дотации. Инаку, нашата територијална организација знаеме како се направи и зашто се направи. |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Друго решение е да се воведе двостепена локална самоуправа: I. 30-34 општини, еквивалентни на сегашните градски метро зони кои би се занимавале со покрупни локални инфраструктурни прашања, даноци, комунални прашања, урбанизам од втор степен (ГУП-ови и одобрување ДУП-ови и акти за село), образование, здравство, пожарна и останати битни работи. На нивно чело би бил градоначалник со кабинет од тројца заменици (урбанизам и инфраструктура; финансии и администрација; комунални работи) и совет од 11-49 члена избрани на непосредни избори. II. 34 града и околу 300 селски заедници во состав на општините, кои би се занимавале со помала инфраструкура, предлагање ДУП-ови и акти за село и прашања од значење за населените места и земјоделие, а воедно би биле и поблиски на секој жител, со тоа и нивна врска со општината (преку горенаведените канцеларии во секое село). На нивно чело би бил управник и совет од 5-9 члена, избрани на непосредни избори. Со намалувањето на бројот на општините би се подобрила нивната работа преку зголемување на буџетот, а со тоа и можноста за самостојно делување во низа сектори и намалувањето на зависноста од комуналии, а градовите со селата околу нив би се равивале на подобар начин. Селските заедници се важни за подобрување на состојбата во руралниот дел од земјата. Се разбира, нужна е финансиска децентрализација.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Попис 2002
Вевчани 2,433 жители Лозово 2,858 Конче 3,536 Новаци 3,549 Ранковце 4,144 Старо Нагоричане 4,840 Дојран 3,426 Градско 3,760 Зрновци 3,264 Карбинци 4,012 Росоман 4,141 Пехчево 5,517 Денес сите сигурно имаат големи падови на население. Освен Новаци која може да се одржува некако заради ТЕЦ Битола на нејзина територија и евентуално Дојран од туризам, другово треба да се укине. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНИТЕ СЕ ЖАЛАТ НА ВИСОКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА
Почнаа да пристигнуваат зголемените сметки за струја во општините. Декемвриската сметка на Свети Николе за три и пол пати повисока од претходно. Градоначалникот вели лани за цела година биле потрошени 3,5 милиони денари, годинава предвиделе 10, но можено е да се прави и ребаланс на буџетот. Тешко ќе може да издржат без подршка од државата. Свети Николе е една од општините и комуналните претпријатија на кои добавувачот на електрична енергија еднострано во ист ден им ги раскина договорите. Иако тие имаат законска можност да тужат, општините и комуналните претпријатија тоа нема да го сторат бидејќи голем дел од нив должат и по неколку рати. Таква е состојбата во Карбинци, каде комуналното претпријатие има долг од 17 милиони денари, а со нова цена тешко ќе може да ја платат тековната сметка и ратата за стартиот наследен долг, но засега не се размислува за повисоки цени на комуналните услуги. Новите тендери за набавка на струја се во тек за повеќе општини, училишта, комунални претпријатија. Очекувањата се дека годинава поголем дел од буџетите ќе одат за оваа ставка. Од Владата претходно рекоа дека не може да се мешаат во либерализираниот пазар на струја, но се прават разговори за заштитена цена за малите потрошувачи. https://24.mk/details/opshtinite-se-zhalat-na-visoki-smetki-za-struja |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Куманово има пари за струја само за три месеци
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 информираше дека сериозен е проблемот со енергетската криза и со него ќе се соочат сите општини, така што државата треба да изнајде начин за субвенционирање на сметките на општините по примерот со субвенционирање на сметките за секое домаќинство. „Ако видиме дека гасот е покачен за четирипати, а еве за еден месец се веќе потрошени средствата кои се планирани за следните четири месеци, тогаш ќе наидеме на сериозен дефицит во буџетот и недостаток на наменски средства кои ги добиваме од блок дотации за делегираните надлежности и во образованието и останатите сегменти на функционирање на локалната самоуправа. Тука е и проблемот со покачување на цената на електрична енергија. Во петок ги гледав анализите за потрошената електрична енергија, некаде во овој момент општина Куманово само по основ на енергенси за месец јануари во буџетот виси со средства кои треба да пристигнат од блок дотации за образование со повеќе од 2 милиони денари, што значи дека во месец јануари, февруари и март ние ќе ги потрошиме вкупните планирани финансиски средства за финансирање на енергенсите за цела тековна година, бидејќи имаме енормно покачување“, рече Димитриевски. https://fokus.mk/kumanovo-ima-pari-za-struja-samo-za-tri-mesetsi |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Општините трошат милион евра годишно на изведувачи и забавни манифестации
1 милион евра пари на граѓаните општините трошат годишно на изведувачи и забавни манифестации објави Центарот за граѓански комуникации. Во нивната анализа се наведува дека најскапо платена годинава е Северина, за која Крива Паланка платила 25 илјади евра. Сепак, годинава најмногу вкупно пари добила Јелена Розга - 42 илјади евра , за два настапи, во Берово и во Штип. Лани, најскапо бил платен Саша Ковачевиќ, кој од Штип добил скоро 26 илјади евра. „Најмногу пари на забавни манифестации трошат општините Кавадарци, Струмица, Штип, Кисела Вода и Велес. Овие услуги општините ги набавуваат преку помалку транспарентни постапки или наоѓаат начини да не го применат Законот за јавни набавки. Вакви трошоци имале 50 општини. Од другите, 29 немаат, а две не доставија податоци.“ - пишува во анализата на Центарот за граѓански комуникации. Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски вели дека граѓаните се тие кои ги одобруваат манифестациите и како такви истите допринесуваат за развој на културата и на севкупниот локален економски развој. Градоначалникот на Крива Паланка во телефонски разговор рече дека среќата на неговите граѓани нема цена и дека Крива Паланка е еден од градовите кој инвестира за своите граѓани да имаат бенефит. Манифестациите кои се одржуваат се со одлука на советот. Од македонските пејачи, најголем хонорар добила Бојана Скендеровски, на која од Општина Неготино ѝ платиле 13.000 евра. По Бојана Скендеровски која е најплатената домашна пејачка годинава, втора на листата е поп-ѕвездата Каролина Гочева која од Општина Крива Паланка за учество на манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата“ добила 11.110 евра. Трет на оваа листа е Кирил Џајковски, кој од Општина Валандово добил 10.000 евра за учество на манифестацијата Ревијална вечер на „Фолк-фест Валандово“. https://24.mk/details/opshtinite-troshat-milion-evra-godishno-na-izveduvachi-i-zabavni-manifestacii |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
(ВИДЕО) Се трошат до милион евра годишно, а речиси нема правила – како општините бираат пејачки и пејачи
![]() ![]() ![]() https://360stepeni.mk/video-se-troshat-do-milion-evra-godishno-a-rechisi-nema-pravila-kako-opshtinite-biraat-pejachki-i-pejachi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Милковски ![]() Newbie ![]() Joined: 07-Oct-2022 Online Status: Offline Posts: 20 |
![]() ![]() |
https://nezavisen.mk/shtip-so-istoriski-najgolem-budzhet-od-nad-30-milioni-evra-za-2025-godina/
|
|
![]() |
|
Милковски ![]() Newbie ![]() Joined: 07-Oct-2022 Online Status: Offline Posts: 20 |
![]() ![]() |
https://nezavisen.mk/shtip-so-istoriski-najgolem-budzhet-od-nad-30-milioni-evra-za-2025-godina/
Edited by Милковски - 22-Dec-2024 at 13:16 |
|
![]() |
|
Супа со кне ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 21-Dec-2024 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 6 |
![]() ![]() |
Со 30 милиони евра градот треба да изгледа како Њујорк, а не сега канализации и водовод да се прават. Работи што требаше да бидат завршени пред 30-тина години, се прават во 2024-2025 година.
|
|
Чистокрвен скопјанец
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
(ВИДЕО) Од ветените сто милиони евра за општините годинава ќе се потрошат како за џепарлак
https://360stepeni.mk/video-od-vetenite-sto-milioni-evra-za-opshtinite-godinava-ke-se-potroshat-kako-za-dheparlak/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА КУМАНОВО ПОТРОШИ 20.000 ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА
Околу 20.000 евра чини празничната програма на Општина Куманово за новогодишните празници, која се одржа на 27 и 28 декември минатата година. Половина од средствата се потрошени за хонорари на музичарите за концертот на градскиот плоштад, а останатото за другите активности и техничка подготовка. Новогодишната програма ја спроведува Фондацијата за култура и спорт Куманово, по одобрени средства од Секторот за култура во Општина Куманово. „Во Програмата за културни манифестации на Општина Куманово, според која што работи Фондацијата за култура и спорт “Куманово” беа предвидени 1.124.000 денари. За музичката програма, конкретно беа потрошени 614.000 денари. Додека, за останатите активности, во вид на културно-уметничка програма 310.000 денари. 200.000 денари беа потрошени за тековни трошоци при реализација на самите случувања. Почнувајќи од дизајн на пропаганден материјал, преку угостителски услуги и исполнување на рајдер листи, бинска опрема, вонредно физичко обезбедување, како и обврска кон здружение за заштита на музички авторски права“, вели Марио Арангеловски, в.д. директор на Фондацијата за култура и спорт Куманово. Концертот на Градскиот плоштад во Куманово се одржа во сабота на 28 декември од 18 часот до 21 часот, а настапија дуото „Дупер“ , групата „Tин камп“ и рап пејачот Тајзи. За едночасовниот наспат на тинејџерската група „Tин камп“ се исплатени 4.000 евра, на Тајзи 3.000 евра и на дуото „Дупер“ 2.000 евра . Посетители велат дека на концертот биле исклучиво тинејџери и деца, а посетеноста била слаба поради тоа што било многу студено, но и поради недоволната промоција. Најголем интерес имало за настапот на Тајзи. Истиот ден на Градскиот плоштад во 16 часот се одржа новогодишен перформанс на Дарко Ѓурчиновски, жонглер и аниматор, а во 17.00 часот пристигна Дедо Мраз. На 27. декември во просториите на Занаетчиски дом во Куманово се играше детската претстава „Ех да може во зима, сладолед да има“, во режија на „Балада продукција“ од Прилеп, наменета за деца од 3 до 9 години, а вечерта беше новогодишен концерт на оперскиот пејач Дарко Тодоровски. „Општина Куманово со години на назад не организира музички концерт во очи новата година, но, исто така, во континуитет организира предновогодишна програма за деца и млади, а годинава, по тој повод, за прв пат беа предвидени малку повеќе финансиски средства од вообичаеното, па, соодветно на нив, беше успешно реализирана богата културна-уметничка програма“, смета Арангеловски. На 30 и 31 декември, како што беше традиција пред смената на локалната власт, и како што имаше прослави во другите градови во државата, во Куманово немаше никава организирана активност или настан, па не се ни чувствуваше предновогодишната атмосфера. Новогодишната прослава во Куманово последните години падна во сенка на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Куманово – 11 Ноември, кога се организираат повеќе настани и прославата завршува со голем концерт на Градскиот плоштад. Оваа година настапија над 20 изведувачи на забавна и народна музика, а за 3,5 часовниот концерт беа исплатени 30.000 евра за хонорари. На концертот тогаш пееја: Владо Јаневски, ДНК, Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Антониа Гиговска, 2 Бона, Слаткаристика, ИвонаЈо, Наум Петрески, Маргица Антевска, Пајак, Марио Арангеловски, Куку Леле, Мартија Станојковиќ, Лука Чомбе, Миле Кузмановски, Нино Величковски, Лара Иванова, Мартинијан Кириловски и Шпенд Латифи, водител бше Стефан Лазаров, „Фис бенд“ и диџеј Боно. Тогаш од Фондацијата не кажаа кој колкав хонорар добил, под изговор дека е деловна тајна. Новогодишно украсување на Куманово оваа година чини близу 3 милиони денари или 50.000 евра, што значи дека заедно со двата концерти, за два месеци се потрошени 100.000 евра од општинскиот буџет. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-kumanovo-potroshi-20-000-evra-za-dva-dena-novogodishna-programa/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Мислам дека општините треба поинаку да го објавуваат буџетот со оглед дека едно добри 60-70% од парите во буџетот се плати и придонеси за сите наставници во сите основни и средни училишта. Да има повеќе големи ставки ајде де да се прикажува целото како буџет. Ваквото прикажување ги тера голем број луѓе да мислат дека овие пари се пари за капитални расходи што е многу далеку од вистината. Мислам дека само 15тина-20% од оваа вкупна сума одат во инфраструктура, реконструкција, директна поддрша на економија, културни манифестации и сл. Edited by hcitrS - 15-Jan-2025 at 19:07 |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Сепак повеќе општини се пофалија со рекордни буџети за 2025-та. Комбинацијата од големи буџети, унгарскиот кредит како и тоа што ќе има локални избори, ветува дека јако ќе нагазат со капитални проекти годинава. Едино лошо е што пред избори не смее нови тендери, ама ќе видиме што ќе направат до есента.
Edited by <Fresno> - 15-Jan-2025 at 22:13 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |