build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 21-Jan-2010 at 19:10
Не се разбирам нешто посебно у оддлени стилови и нивни карактеристики, ама колку што гледам објектов би требало да влече елементи од црква. Па сега нека внимаваат да не биде многу византиски, нека имаат у предвид со кого војувал Самоил.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 21-Jan-2010 at 20:21
Морав со бришење на постови да го сосечам историско-препукувачкиот офтопик. Не ми е воопшто задоволство да бришам, но некои правила и стандарди на форумов мора да се одржат. За во иднина да се избегне создавање на лоша атмосфера и бришење на постови, ве молам и самите придонесете со одмерена дискусија и без забегување во непожелни правци.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 21-Jan-2010 at 22:23
Кога веќе го спомнавме, да споделам неколку слики од објектот на МОБ откако му ја освежија фасадата

1.


2.


3.


4.


Можеби треба да се направат слики при поубаво време зошто неможе да дојде до израз при вакво време свежината што се доби. Но колку што можев да видам, они никогаш немале намера сериозно да го средат платото и да го бојадисаат целиот тој комплекс. Делови се сеуште со излупена боја, а делови сеуште изгледаат вака:


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 21-Jan-2010 at 22:49
Супер е ова, овој објект мора да биде кристално бел за да биде убав, само морам да кажам дека при услови на дожд тече по ѕидовите, веројатно од водата што се собира на крововите, тоа прашање изгледа не е решено. Така да некои делови од ѕидовите веќе не се бели, пожолтеа, поцрнеа и тоа како одминува времето ќе изгледа се полошо и полошо!!!UnhappyСега е офарбан, да не надеваме дека нема после 30-40 години пак да биде освежуван, се надевам дека тоа ќе биде многу по редовно.
Back to Top
Johnny View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Johnny Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 21-Jan-2010 at 23:03
http://img443.imageshack.us/img443/200/mntiy4.jpg операта најдобро изгледа на оваа слика, сликава е стара сигурно едно 18 години а може и повеќе.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 22-Jan-2010 at 20:37
Originally posted by dacito

Супер е ова, овој објект мора да биде кристално бел за да биде убав, само морам да кажам дека при услови на дожд тече по ѕидовите, веројатно од водата што се собира на крововите, тоа прашање изгледа не е решено. Така да некои делови од ѕидовите веќе не се бели, пожолтеа, поцрнеа и тоа како одминува времето ќе изгледа се полошо и полошо!!!UnhappyСега е офарбан, да не надеваме дека нема после 30-40 години пак да биде освежуван, се надевам дека тоа ќе биде многу по редовно.


Не се сложувам, мислам дека објектов би изгледал уште подобро ЦРН! ем нема да се валка, ем ќе биде мошне интересен. Таква промена може лесно да се направи.
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 23-Jan-2010 at 01:50
Previous

Мислам дека проектот првенствено е замислен да преставува санта лед, ако не се лажам. Сега ако ледот може да биде црн, ОК, ама не знам баш!!! Ако биде црн, тогаш водата што протекува по неговите ѕидови ќе формираат светли ленти и пак ќе добиеме слична ситуација
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 23-Jan-2010 at 16:16
не се разбирам во архитектура, но ќе се обидам да објаснам што ми смета кај МОБ
не ја познавам првичната идеја за МОБ, но мислам дека една грешка му е што е бел и што е од таков материјал, исто така сите делови од објектот се сосема идентични, од ист материјал, исти форми и иста боја, едноставно нема многу живот во неговата фасада, ако го споредиме со оперите постирани во повеќе наврати низ форумов, исто на пример, можам да го споредам со „Мавровка“, имаат слични форми но Мавровка ми е многу попријатна за гледање поради таквите причини, а и тие решетките на задната фасада ми се непријатен детал
исто платото е многу голем проблем и општо просторот на таа страна на Вардар, едноставно е умртвено и пропаднато, но и да беше реновирано мислам дека пак ќе беше пусто, таму според мене би требало да има повеќе содржини како фонтана, плочник како оној пред дом на арм на пр. па и скулптури како оние кои ги насадија по цел кеј
за жал да ја направиме цела таа ситуација полоша, не чекаат колонади, некоја си „европска“ архитектура и т.н.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 23-Jan-2010 at 16:54
    Добра работа е да се искористат белите ѕидови како платно за проекции. На некоја од зградите во ГТЦ или Холидеј Инн да се постават проектори и да се добие подобра појава од МОБ, проекциите може да се менуваат на ден, недела, месец, ќе биде поинтересно едноставо и многу добра слика за малку пари.  

Edited by FoSsiL - 23-Jan-2010 at 16:55
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 24-Jan-2010 at 01:15
Originally posted by dacito

PreviousМислам дека проектот првенствено е замислен да преставува санта лед, ако не се лажам. Сега ако ледот може да биде црн, ОК, ама не знам баш!!! Ако биде црн, тогаш водата што протекува по неговите ѕидови ќе формираат светли ленти и пак ќе добиеме слична ситуација


Ок, ама мене не ме интересира како е замислен, чисто давам идеа како би бил поинтересен.

Еве еден пример од Утрехт, иако овде има и застаклена површина, но замислете си го целиот театар со ваква црна боја и ќе замислите на што алудирам.

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 24-Jan-2010 at 11:14
Originally posted by Шпер



Музеј на Цар Самуил во Струмица
Здружението "Аквила ауреа Македоника" и Општина Струмица бараат поддршка од европски фондови за изградба на музеј во кои би се сместиле сите археолошки и пишани докази за неговото владеење и за Беласичката битка, како и остатоците од гробот на големи

По примерот на Русите, кои за големата Бородинска битка од 1814 г. имаат подигнато Меморијален музеј, група струмичани сакаат да ја обноват меморијата за Цар Самуил, но и за познатата Беласичка битка од 1014 година, која според многумина историчари е најпознатата битка што се водела на македонска територија. Иницијативниот одбор составен од Аце Стојанов, Кирил Френков, Зоран Рујак, Кокан Грчев и уште неколку струмичани, неодамна јавно ја промовираа својата идеја за изградба на меморијален Музеј во кој ќе бидат поставени слики поврзани со Беласичката битка и со животот на Самуил. Во овој музеј кој ќе биде на површина од 320 квадратни метри, според идејата на иницијаторите, ќе се изложат археолошки експонати од тоа време, како и текстови за настаните од животот на средновековниот македонски војсководец Цар Самуил.

"За Беласичката битка многу малку се знае. За овој настан од 29 јули 1014 година во овој регион нема никакви археолошки истражувања. Во Македонија нема никакво спомен обележје за цар Самуил, а за жал немаме зачувано ниту фрески или скулптури од неговото време. Преку ова наша иницијатива имаме намера да го издигнеме овој настан и да му дадеме поголемо значење бидејќи станува збор за основоположникот на македонската средновековна држава", објаснува младиот историчар Аце Стојанов и постдипломец на Институтот за национална историја во Скопје кој преку здружението "Аквила ауреа Македоника" планира да го аплицира овој проект пред државните и меѓународните институции.
Со помош на неговиот профессор од Институтот за национална историја Милан Бошковски, Стојанов подолго време истражувал низ светските литератури за Самуил и Беласичката битка преку кои дошол до одредени сознанија и материјали кои планира да ги овековечи во Меморијалниот музеј. Таму низ текстовите и минијатурите од византискиот историчар Јован Скилица (кој творел во 11 век ) ќе го отслика животот на Цар Самуил, еден од четворицата синови на Никола и жена му Рипсимија, ќе се документира неговото царство кое траело од 976 до 1014 година, ќе се презентираат нови податоци за неговите деца Гаврил Радомир, Мирослава и Косара, борбите со византискиот војсководец Василиј Втори. Во музејот ќе се сместат и остатоците пронајдени 1966 година на островот Мала Преспа во денешна Грција во Црквата Св. Ахил.
"Поентата е младите преку пишани матријали, слики и археолошки експонати на едно место да дознаат се за Цар Самуил и Беласичката битка. која според некои историчари (Бранко Панов, И. Златарски) се одвивала кај селото Мокриево, каде се уште има остатоци од кула од самуиловиот период. Врз база на текстовите од византискиот историчар Јован Скилица, е направена минијатура од тоа време како бегаат самуиловите војници после битката, кога биле заробени околу 15 илјади војници и ослепени кај Водоча. Тоа се интересни податоци кои планираме да ги презентираме пред јавноста заедно со фотографии од надгробната плоча во црквата Св. Ахил каде бил погребан Цар Самуил во облека со златни везови. Планираме да презентираме и повеќе наоди на грчкиот археолог Муцопулос од 1966 година, кој вршел ископувања на црквата Св. Ахил, каде го пронашол гробот на цар Самуил", вели Стојанов.
Иницијаторите се надеваат дека меморијалниот музеј ќе биде издигнат во близина на Домот на АРМ во Струмица или во струмичката касарна. Во музејот се планира да бидат прикажани речиси сите минијатури кои ги има во ракописите на Јован Скилица и Манасиј за самуиловото време. Освен за беласичката битка ќе бидат презентирани материјали и за другите битки на цар Самуил. Се издвојуваат битката кај Трајанова врата во Бугарија во 986 година кога Цар самуил победил и битката кај реката Сперхеј во Грција во 996 г. кога Самуил бил ранет, а македонската војска била фатена на спиење и поразена. Освен меморијалниот музеј каде ќе има изложбени простори, со проектот се планира да се псотави и споменик на цар Самуил на коњ и две спомен обележја - едното да биде во близина на село Водоча каде се случило ослепувањето на самуиловите војници и второто кај село Мокриево каде според народното предание се случиала Беласичката битка.
"Редно е да се оддолжиме кон оваа историска личност и познатата битка на Беласица, вели Стојанов.
Според замислата, во склоп на објектот би функционирала и продавница за сувенири и ресторан со кои би се обезбедиле средства за одржување на музејот.
Зад ова иницијатива застана и локалната самоуправа на Струмица која за реализиација на овој проект заедно со здружението "Аквила ауреа Македоника", освен што ќе учествува со сопствени средства ќе аплицира и пред фондовите на Европската унија за прекугранична соработка, конкретно со Грција. Веруваат дека Меморијалниот музеј ќе биде готов до 29 јули 2014 година кога ќе се одблежува илјада годишнината од битката на Беласица.
Ване Трајков

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 30-Jan-2010 at 14:02

Се враќа неокласицизмот, кој всушност нé одминал

Архитектурата, како и уметноста, треба да биде одраз на едно време, а планот за изгледот на плоштадот во Скопје го враќа неокласицизмот - период што, всушност, сосема ја одминал Македонија, која од византизам прескокнала во модерна

Дваесет и деветметарски објекти на Кривичниот суд, Обвинителството, Финансиската полиција, Државниот архив, Министерството за надворешни, канонада од антички столбови и хотел што треба да никне кај Македонската опера и балет со задолжителна неокласицистичка фасада, па дури и катни гаражи во стилот на барокот, класицизмот и неокласицизмот, фонтани и скулптури и од другата страна на Камени мост...

Според новиот план, кој предвидува и порта на плоштадот Пела и огромен обелиск среде паркот „Жена-борец“, на плоштадот како јавен простор ќе има сериозен недостиг од празно место.

Визијата на актуелната власт за „облагородување“ на центарот на Скопје предизвикува многу реакции во јавноста, не само од естетска природа.

- Не се работи само за естетскиот момент, кој можеби е во заднина, иако појавното секогаш е врзано за естетското. Но, кога се работи за архитектура, за урбан дизајн, многу се важни просторните односи. А тука се евидентно нарушени одредени критериуми што владееле во градот. Што се однесува, пак, до изразот, тоа е прашање што може да се третира како индивидуално, освен во случај кога тој архитектонски израз се диктира. Тогаш станува збор за неслобода - вели Минас Бакалчев, професор на Архитектонскиот факултет.

Според него, архитектурата е креативна работа, па во однос на изразот или јазикот, ако сакате, тешко може нешто да се наметне.

- Ако изразот не се диктира, тој останува индивидуална волја на архитектите во однос на еден или друг архитектонски јазик и може да биде предмет на архитектонска критика, но ако тој се диктира треба да се прашаме зошто е тоа така и од каде доаѓа таа идеја? Идејата, пред да се реализира, треба да се обзнани и да се отвори дебата за неа. Вака одлуките се многу површни и наивни. Ова е наивизам. Иако можеби е шармантен во еден дел, кога е диктиран, малку е непријатно - вели Бакалчев.

Професорката Билјана Ванковска пишувајќи во една пригода за новите усилби за осмислување на јавниот простор ги окарактеризира како „супститут за една инстант-голема историја на еден мал народ“.

За ваквата супституција на цел еден прескокнат период во историјата на домашната уметност и архитектура се изјасни и сликарот Александар Станковски. Во овие настојувања тој гледа „претерувања и наивитет од провинциска провениенција кој граничи со кич“.

„Овде е значајно дека конечно една македонска политичка елита решила да го редизајнира јавниот простор, кој естетички не е третиран веќе со децении.

Потоа гледаме еден вид народна волја во овој процес кој во голема мера потсетува на периодите од европскиот класицизам, кога за првпат во историјата на човештвото политичките елити воспоставија дијалог со народната волја. Класицизмот, кој на нашата јавна сцена се појавува под пејоративот ‘антиквизација‘, всушност е спонтан обид од страна на народот и курентната политичка елита да ја пополнат страотната дупка во развојот на културата и уметноста во Република Македонија“.

Според Станковски, во земјотресот Скопје го загуби сиот свој неокласицизам, а за сметка на ова, пак, модернизмот не оставил значајни дела во јавниот простор, освен донекаде во архитектурата.

„Затоа полнењето на јавниот простор со уметничка пластика е значаен чекор напред, макар таа пластика била неокласицистичка. Њујорк, Лондон, Париз, Рим, Прага, Виена, Санкт Петербург се полни со класицизам и неокласицизам. И конечно, по 30-годишна апстиненција, можност скулпторскиот еснаф да добие понекоја порачка и да се изрази на монументален начин и притоа чесно заработувајќи за тешкиот вајарски труд“, вели Становски.

Сепак, тој смета дека јавниот простор на градскиот плоштад е сериозно оптоварен со најавите за новите градби.

- Зар мора сé да биде на плоштадот „Македонија“? Градете нови плоштади - порачува Станковски.

За нарушениот капацитет на просторот на плоштадот предупредуваат и архитектите.

- Нашата професија посебно ги евидентира нарушените простори и тоа е она што ни пречи. Не се само естетиката и изразот во преден план. Важно е колку капацитет има тој простор. Тоа е проблематично - вели Бакалчев.

Сериозните проекти за осмислување на јавниот простор, особено за додавање уметност во него, се прават, велат експертите, во подолг временски период, при што неопходно е опстојно разгледување на пристапот.

- Ние мислиме дека е добро да има споменици и такви градби, како и на секој друг плоштад во европските главни градови - рече премиерот Груевски, децидно потврдувајќи ја градителската одлука на Владата со која раководи.

Но, архитектурата треба да има приказна зад себе, а на граѓанинот му е потребно време граѓанинот да се навикне на новите интервенции во јавниот простор - предупредуваат експертите, отворајќи ги дилемите што ги предизвикува владината плоштадска акција.

Антички или неоклацистички стил, сеедно кој од нив ќе биде применет на новите градби, нема да ја пополни градителската празнина од тој период во Македонија. Според студентите од т.н. „Македонска архибригада“, новите градби не ќе имаат архитектонска вредност ниту за нас ниту за туристите, и покрај најдобрата волја.

- Тие не можат да бидат антички градби, дури и ако се направат со камења од Стоби - нагласуваат од ова здружение.

%20


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=13010109138&id=16&prilog=0&setIzdanie=21897
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 09-Feb-2010 at 06:05
Кокино и охридскиот регион под посебен третман и заштита

Со последната Одлука на Владата во законски рамки се обезбедува строг режим на заштита, зачувување и превенција на изворната состојба на нашето културно наследство, забрана за оштетување и уништување, но и уредување на просторот во функција на посетителите


Архео-астрономскиот локалитет Кокино е прогласен за културно наследство од исклучително значење, а за охридскиот регион е подготвена конечната верзија на Планот за управување со природното и културното наследство. Со овие два потега на Владата на РМ и Министерството за култура нашето богато културно наследство конечно добива законски рамки во кои ќе се заштити, презентира и афирмира.
-Во насока на дополнителна меѓународна валоризација на локалитетот Кокино, кој НАСА пред неколку години го вброи меѓу најстарите праисториски опсерватории во светот, Владата донесе одлука оваа споменична целина да добие меѓународно признат статус, односно да се обидеме да го впишеме на листата на светското наследство на оваа престижна организација, објаснува министерката за култура Елизабета Милевска-Канческа.

Таа потенцира дека на овој начин трајно ќе се заштитат податоците за овој локалитет кој е идентификуван како обреден простор од бронзено време и опсерваторија, засега единствена појава на Балканот, а реткост и во Европа. Истовремено ќе се спречи и негово уништување.
Охридскиот регион, пак, со планот кој е доставен и до Комитетот за Светско наследство во Париз, ќе добие конкретен и посоодветен третман на координирано управување од сите институции, инволвирани во неговата заштита.
-Целта на донесување на ваков план беше да се спречи нарушување или неимплементирање на одредбите на УНЕСКО за заштита на светското културно наследство. Паралелно се работеше и на подготовката на Законот за управување на светското природно и културно наследство на охридскиот регион, кој е веќе доставен до Владата на усвојување, додава Канческа-Милевска.
За поголема заштита на самиот град Охрид кој веќе 30 години се наоѓа на листата на светското културно наследство на УНЕСКО, треба да придонесе и Законот за прогласување на старото градско јадро за споменична целина од особено значење, којшто е планирано да биде изготвен годинава.

Придонес во афирмацијата на нашето културно наследство, според Канческа-Милевска, се очекува и од УНЕСКО кој како што вели се докажа како пријател и партнер на Македонија во многу проекти.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F92EF962C09AA249B9F60EA964F7A96B

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 09-Feb-2010 at 14:20

„Јени-џамија“ ќе стане мултикултурен музеј

Битолската „Јени-џамија“ е на пат да се претвори во музеј на христијанско-исламска уметност и архитектура, откако археолошките ископувања покажаа дека во неа се содржани два верски објекти од различна религија

- На еден магичен начин се спојуваат двете култури, двете вери, а тоа е нешто како „Аја Софија“ во Истанбул - вели Зоран Николовски, директор на Заводот и музеј Битола.

Според него, ископувањата и истражувањата што се почнати пред неколку години ќе продолжат.

До крајот на годинава се најавени санација и конзервација на археолошките пронајдоци, на средновековниот материјал пронајден заедно со црквата, надворешно и внатрешно, како и завршница на предвидениот стаклен под.

За она за што ќе им недостасуваат пари, од Заводот и музеј Битола најавуваат дека ќе го надоместат со странски донации.

„Јени-џамија“ е државен објект во надлежност на Заводот и музеј на Битола.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2910111541&id=16&prilog=0&setIzdanie=21905
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 10-Feb-2010 at 12:41
Ова е нишка за проекти од културата, а не за архитектонски стилови и периоди. Дискусијата што ја почна whisper за предземјотресните објекти во Скопје е префрлена во нова нишка:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=853

Не можев да ја префрлам во нишката за Скопје 2014 бидејќи ептен ќе се испомешаа хронолошки постовите и ќе испаднеше хаос.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 11-Feb-2010 at 10:40
Карпата Слон под Марковите кули туристичка атракција

Пролетва, по завршувањето на деталите околу идејното решение, во подножјето на Марковите кули прилепската локална самоуправа ќе ја почне реал изацијата на втората фаза од проектот “Варош култур на гордост и традиција“. Со него е предвидена изградба на втор крак на осветлена туристичката патека Крали Марко во должина од 600 метри, како и на трите при стапни патеки до карпата наречена Слон и партерно уредениот просторот околу овој споменик на приро дата висок над шест метри:

 

  

-Просторот околу карпата Слон сам по себе е една туристичка и природна атракција. Опфаќа околу 1.000 квадратни метри кои со мали градежни зафати треба да се облагородат. Целта е природната атракција која ја има овој простор да се зголеми и да биде подостапна првенствено за прилепчани, но и сите останати посетители. Нема да се менува ништо од автентичноста на просторот - ќе се интервенира на површина со димензии 48 на 20 метри. Кон платото ќе се пристапува од новопроектираната патека од “Свети Архангел Михаил”, постојниот асфалтен пат и новопроектирана патека од градот (каналот кај резервоарот “Студенчица”). Патеката ќе биде од автентичен камен, нема да има никакво уништување на карпите. Така секој оној што сака да ја прошета патеката од Панаѓуриште во Варош ќе може до овде и да се одмори на неколку пунктови, а воедно ова ќе биде и појдовна точка за следната фаза- патеката што ќе води до врвот на Марковите кули. Таа ќе се трасира во соработка со стручните лица од Музејот и Институтот и нема ништо да се нарушува од природната средина, вели Бранко Нешкоски, директор на ЈП за просторни планови кое го изработи идејното решение, а во него се вклучени и Заводот и музеј и Институтот за старословенска култура, како и Форумот за авангардна креативност.

За реализација на проектот ќе бидат потрошени два милиони денари од кои 450.000 се од Владата, а тој ќе биде заокружен со заедничкиот проект на Прилеп и грчката општина Аридеа за привлекување на странски туристи со кој од Интерек 4 програмата на ЕУ. Со него Прилеп очекува околу еден милион евра за изградба на туристичка патека до самиот врв на Марковите кули, како и довршување на фекалната канализациона мрежа во Варош - проект кој би стартувал до крајот на оваа година. Со првата фаза на проектот и средствата обезбедени преку Форумите во заедниците минатата година беше изграден амфитеатар и туристичка патека долга два километри која низ населбата Варош поврзува пет од некогашните 77 цркви.

Од Општина Прилеп најавија дека наскоро ќе побараат конкретна помош од Министерството за култура и ИПА-фондовите за во скорешна иднина да почнат сериозни активности и зафати на обнова на Марковите кули, а се размислува и на локација на која би се поставил споменикот на Крали Марко.

П.ДИМОСКИ

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1687&Itemid=78


Edited by Cloverstack - 11-Feb-2010 at 11:54
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 20-Feb-2010 at 22:14
Воениот музеј - до летово паркот на скулптурите - неизвесен


Надворешната изложба на Воениот музеј, која ќе биде сместена под Скопската тврдина, го депласира предлогот на претседателот Ѓорге Иванов тој простор да стане европски парк на скулптурите. За внатрешната постановка на Воениот музеј деновиве интензивно се оспособуваат 400 квадратни метри во Музејот на Македонија


Просторот од 400 квадратни метри што Воениот музеј го доби во Музејот на Македонија почна да се обновува за да ги прими новите експонати од внатрешната изложба на оваа институција. До летото, како што е предвидено, освен внатрешната постановка во Музејот на Македонија, Воениот музеј ќе ја постави и новата изложба на отворено на просторот над црквата „Свети Спас“ под Скопската тврдина.

Со тоа очигледно дефинитивно се отфрла идејата на претседателот Ѓорге Иванов овој простор да стане парк на скулптурите, во кој странските амбасадори во земјава ќе постават уметнички дела, изработени од уметници во нивните земји.

- Ние веќе имаме одлука од Владата за користење на овие два простори - во Музејот и под Калето - вели Александар Стојчев, раководител на Воениот музеј.

Само една година по неговото основање во 2006 година, Воениот музеј е иселен од просториите на Воената академија, каде што беше првично сместен. Институцијата-бездомник, на која во меѓувреме и е отстапен простор во Музејот на Македонија и под Скопското кале, интензивно се подготвува до летото да ги оспособи двете свои постановки за - публика.

- Не бевме пресреќни кога минатата година ни јавија дека дел од просторот ни се одзема и му се доделува на Министерството за одбрана за потребите на Воениот музеј. Особено затоа што првата идеја беше надворешната изложба на тешките оружја да се постави на платото пред Музејот на Македонија, кое ние го користиме за други настани и собирања. Сметавме дека со прифаќање на таа идеја ќе се наруши целиот концепт за културата што ја застапува Музејот на Македонија - вели директорката на оваа куќа Мери Аницин-Пејовска, која и натаму се надева дека ова е привремено решение за сместување на Воениот музеј.

Стојчев не ги коментира овие размислувања.

- Иако припаѓаме под ингеренциите на Министерството за одбрана, упатени сме на соработка со Музејот на Македонија. Конечно, во нивната постановка, особено во историската и археолошката, оружјето зазема голем простор, можеби до 80 отсто - вели Стојчев.

На оспособување на просторот од 400 квадратни метри во Музејот на Македонија деновиве интензивно се работи. Таму ќе бидат изложени парчиња поситно оружје, опрема, облека, униформи, воени знамиња и мапи, ордени и други воени одликувања, фотографии, документи, видеозаписи и други артефакти од воената историја на Македонија. Меѓу предвидените експонати се и оружје и воена опрема од времето на Самуиловото Царство, средновековен меч и боздогани од времето на Волкашин и Крале Марко, предмети-сведоштва за учеството на Македонците во Балканските војни, но и факсимили од Букурешкиот договор и парчиња воена опрема користени во Втората светска војна.

- Веројатно поатрактивна ќе биде, сепак, надворешната изложба под Кале, каде што ќе бидат изложени 15 парчиња тешко оружје, меѓу кои и американски тенк „шерман“ и тенк „патон“ од Првата светска војна. Ќе бидат организирани и амбиентални постановки на бивак (место за престој на војниците на борбена линија) и полска кујна од Првата светска војна, останата од британската војска - најавува Стојчев.



Воениот музеј, како единствена институција во земјава што се занимава со колекционирање, заштита, обработка и презентација на предмети од воена провениенција, кои се од национално значење, има, како што вели и Стојчев, и едукативна задача.

- Очекуваме меѓу посетителите, освен љубопитници, историчари и проучувачи на оружјето, да има и ученици, па затоа во настојување што поавтентично да се претстави собраниот материјал, планираме и набљудувачница, во која ќе бидат изложени дурбини, двогледи и друга опрема, која, условно речено, спаѓа во категоријата „неоружје“ - вели Стојчев.

Директорката на Музејот на Македонија, Аницин-Пејовска, предупреди дека не е пропорачливо топовите да се гледаат од плоштадот.

- Избраната локација е по малку чувствителна. Да се гледа надворешната постановка на оружје од плоштадот би испраќало милитантна порака, нешто што, убедена сум, ни во Воениот музеј не го посакуваат - вели таа.

Стојчев вели дека се задоволни од изборот на локацијата, која, според нив, е атрактивна и ексклузивна.

- Идејата е да се запознае воената историја, зашто Македонија минала низ многу војни - и тоа што се знае да не се повтори - вели тој.



Споредби:

- Воениот музеј во Белград, сместен на Калемегдан, бележи историја од 130 години постоење. Располага со 30 илјади историски предмети и 80 илјади фотографии.

- Воениот музеј во Љубљана постои од 1978 година. Содржи голем број експонати, пронајдени на борбената линија помеѓу австроунгарските и италијанските војски.



Воениот музеј е единствен специјализиран национален музеј, овластен да соработува со странски воени музеи во рамките на строгите воени правила за воената музеологија и воената историја, вели Александар Стојчев, раководител на куќата.

- Таа соработка ни овозможува обучување кадри за воена музеологија, кои досега сме ги немале во Македонија. Покрај обучувањето, Воениот музеј е надлежен и овластен да соработува со воените музеи на Република Турција, каде што се наоѓаат вредни военоисториски артефакти, како што е црешовото топче од Илинденското востание. Таквата соработка ќе биде од голема полза на другите национални, локални и приватни музеи во Македонија во чии фондови веќе се наоѓаат многу оружје и артефакти од областа на воената историја на земјата. Планираме организација на изложби на богат фактографски материјал од воената историја на Македонија, но исто така и учество во меѓународни изложби во рамките на НАТО-интеграциите - најавува Стојчев.     
     
Автор: Ј.Ф
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=220101018125&id=16&prilog=0&setIzdanie=21915
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 22-Feb-2010 at 17:19

Иселеници од САД отвораат музеј во Крива Паланка

Семејството на Мери Елен Хеилбрун од САД, која има потекло од Крива Паланка, основа фондација во нејзина чест, а парите ќе ги даде за развојот на родниот град на своите предци

Новата фондација „Мери Елен Хеилбрун“ од Калифорнија, САД, ќе го финансира основањето градски музеј во Крива Паланка. Градот поради недостиг од пари не можеше да ја оформи оваа културна институција и да го заштити своето културно-историско наследство. Фондацијата е основана од потомците на неодамна починатата Мери Елен Хеилбрун, која има македонско потекло, а нејзините три деца Керол, Тод и Сузан, ја основале поради нејзината емотивна поврзаност со Македонија и одлучиле парите да ги донираат за родниот крај на родителите на својата мајка. Паричната помош од оваа фондација, е од огромно значење за овој град, затоа што конечно ќе се создадат можности Крива Паланка да добие музеј и да ги обезбеди и презентира своите културни вредности.

- Општината веќе неколку години прави напори за основање и оформување на првиот Градски музеј. Досега успеавме да ја изработиме потребната документација и неопходните правни акти во согласност со националното законодавство, а имаме собрано и добар дел од збирките за музејот, односно, околу 1.500 артефакти. Но, недостасуваат пари за реконструкција и опремување на објектите во кои треба да бидат сместени и изложени збирките. Потребно е довршување на реконструкцијата на Манастирскиот ан, за во кој е предвидено да биде сместена етнолошката збирка, како и довршување на реконструкцијата и адаптација на објектот и просторот во зградата на некогашниот Дом на АРМ, за каде што е планирано да бидат поставени историската и постојаната археолошка збирка. Паричната помош од фондацијата „Мери Елен Хеилбрун“ ќе ни овозможи Градскиот музеј конечно да може да профункционира - вели етнологот Драган Величковски.

Мери Елен Хеилбрун потекнува од печалбарско кривопаланечко семејство. Нејзиниот татко Милан емигрирал во САД во 1915 година, а мајка и' Магдалена, која потекнува од познатата кривопаланечка фамилија Тодосови, заминала во САД во 1922 година, откако по големата поплава во Крива Паланка нејзиниот татко останал без своето богатство. Сепак, тие останале приврзани за родниот крај и за Македонија и одржувале контакти со своите блиски. Семејството на Мери Елен веќе остварило контакт и со градоначалникот Арсенчо Алексовски при неговиот неодамнешен престој во САД, при што биле договорени активностите за соработката на Фондацијата со општината.

- За довршување на објектите во кои ќе функционира Градскиот музеј е потребна поголема сума, кои општината не може да ги обебеди. Затоа сме благодарни на оваа несебична и искрена помош од нашите иселеници, кои несебично се обидуваат да помогнат за развојот на својот роден град, исто како што беше случајот и при обезбедувањето на донацијата за Здравствениот дом. Многу сме благодарни на семејството Хеилбрун и на нивната фондација. Се надеваме дека со нивна помош ќе можеме целосно да ги завршиме потребните објекти и да ги ставиме во функција. Имаме вредно културно-историско наследство, кое треба да го зачуваме за идните генерации - вели Алексовски.

Општината во соработка со Центарот за култура и стручни лица веќе изработи четиригодишна програма за развој на музејската дејност. Главен акцент во програмата за периодот 2010 - 2014 година е ставен на меѓуинституционаланта соработка во развојот и унапредувањето на музејската дејност во општината.

- На градот му недостигаше ваква институција, која ќе се грижи за вредните артефакти, кои повеќе нема да се уништуваат и да бидат далеку од очите на јавноста, туку ќе го добијат вистинското место - вели Величковски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=229ACFBDDA25DC4296BF713224A976BA
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 12-Mar-2010 at 15:29
Музејот на вода не е поплавен

Годинава во Охрид ќе се конзервира фрескоживописот на четири цркви, а дел од ѕидовите од Самоиловата тврдина ќе се конзервираат и реставрираат


Охридскиот Музеј на вода не е поплавен и не претрпе никаква штета од зголемениот водостој на езерото.
- Нема никаква штета на наколната населба. Платформата е поставена на доволно високо ниво, така што брановите не навлегуваат во куќарките, изјави за ВЕЧЕР директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташевска.

За оваа реконструкција на наколна населба од бронзеното време, која како топ дестинација ја препорача и весникот "Њујорк тајмс", директорката вели дека "уште кога го изготвувавме проектот ги предвидовме сите работи, за да не дојде до никакви оштетувања на наколната населба, па таму нема да се преземаат превентивни мерки за заштита".

Директорката не информира и дека продолжуваат активностите за реализација на проектите за 2010-та година.
-Следно што ќе се прави е конзервација на фрескоживопис на четири цркви, конзервација и реставрација на дел од ѕидовите од Самоиловата тврдина, каде ќе продолжат и археолошките ископувања, и др. активности, вели Паскали Бунташевска.

За реализација на програмата Музејот оваа година доби 10,5 милиони денари за заштита на културното наследство, милион и пол за музејска дејност, а одобрени се и средства за меѓународна и ликовна дејност.

http://vecer.com.mk/?ItemID=30D487DEA8AB03499B9A040ACCFA9CC2
Back to Top
Addvert View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2009
Location: Sofia, Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 153
  Quote Addvert Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 13-Mar-2010 at 11:58
На последните парламентарни избори, Зоран Ставревски беше кандидат од ИЕ4, штабот му беше во Струмица. Едно од ветувањата му беше дека ке направи Национална Ликовна Галерија, што би било фантастична работа со оглед на тоа дека Струмичката Ликовна колонија поседува неколку илјади уметнички дела, меѓу кои од сите еминентни имиња од македонската уметност... Мазев, Кондовски, Мартиноски ... би сакал да прашам дали некој некаде слушнал дали воопшто има и В од ова ветување. Претпоставувам дека З.С. мислеше на нова зграда во која ќе се помести огромната колекција... оти во Дом Културе нема некакви услови... едно од атељеата сега е ресторан by the way.... 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.566 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.