build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 25-Jan-2010 at 10:07

Каде се фрла ѓубре?

Некои „граѓани“ и три века да живеат нема да научат како да се однесуваат во град. Примерите за нивното сфаќање на градскиот живот ги гледаме секојдневно околу нас. Но, прашање е зошто еднаш комуналните инспекции не им застанат цврсто на патот и во доброорганизирана акција на штета на нивните џебови ги научат каде се фрла ѓубре, како, на пример, се шета куче и за што служи клупа.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A75551A25E274B409C0DA0A5E2346BE9
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 25-Jan-2010 at 20:33
А овај горе градскиот новинар многу паметен дека ги вреѓа луѓето од село. Демек на село се прости и фрлаат кај ќе стигнат? Нека оди до Вевчани нека ѕирни. Луѓето на село повеќе се грижат за природата отколку граѓаните на македонските петрополи.

Се заменуваат бетонските со метални корпи за отпадоци
ПОНЕДЕЛНИК, 25 ЈАНУАРИ 2010 17:26



Јавното претпријатие „Комуналец" реши да ги замени бетонските корпи за отпадоци поставени низ градот, со нови, метални. Причината била честото оштетување на старите корпи. За оваа година претпријатието нарачало 100 нови корпи за отпадоци.



-Бетонските корпи мислевме дека се со подобар лик, поукрасни, но се оштетуваа. Сега ќе поставиме нови кои ќе бидат потрајни - вели Јовко Крстевски, директор на ЈП.

Корпите за отпадоци веќе почнале да се поставуваат на одредени локации во градот.



-Веќе се поставени низ пазарот, шеталиште, 30 се набавени за на „Партизанска", булеварот „Први мај", „Иво Лола Рибар", „Прилепска" - додава Крстевски.

Претријатието е задоволно од навиката која се создала кај граѓаните да го селектираат отпадот, односно пластиката и хартијата. Постоечките поставени контејнери ги задоволувале потребите, но се најавува дека ќе се набават и нови.



-Оваа година ќе го дуплираме бројот на контејнери и за хартија и за пластика, размислуваме и за стакло - вели Крстевски.



Пречка да се отпочне со селекција на стакло е непостоење на фабрика во земјава која го третира овој отпад, па тој мора да се извезува во странски земји, што според претпријатието е поскап процес.

Наташа Чавдаровска


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=17105&Itemid=106

Edited by гитардемон - 25-Jan-2010 at 20:34
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 25-Jan-2010 at 22:28
Originally posted by гитардемон

А овај горе градскиот новинар многу паметен дека ги вреѓа луѓето од село. Демек на село се прости и фрлаат кај ќе стигнат? Нека оди до Вевчани нека ѕирни. Луѓето на село повеќе се грижат за природата отколку граѓаните на македонските петрополи.

па безвредно е да се коменира дали е село или е град,  секаде има стока, секој има различна култура без разлика од каде е
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 26-Jan-2010 at 11:44

По улиците во Скопје-Север одамна „не заиграла“ метла

Комуналците признаваат дека локалните и сервисните улици ги чистат еднаш месечно

Снежана Калабакова


Во населбата Скопје-Север комуналците редовно ги празнат само контејнерите, а кога последен пат влегле да ги исчистат со метла сервисните улици е тешко да се претпостави. Помеѓу станбените згради, по патеките од павер-елементи, тргнувајќи од улицата „Ѓоце Стојчевски“ или „Христо Талевски“ кон „Боро Менков“, може да се забележат десетина купишта суви лисје, а врз нив разновиден отпад од пластични шишиња, картонски амбалажи, најлонски ќесиња и сето она што стигнале да го остават несовесните граѓани. По една таква патека што води од една до друга станбена зграда, може да се видат десетина такви диви мини-депонии. Луѓето со лоши навики оставаат парчиња од мебел и бела техника покрај контејнерите.

Но, колку што граѓаните валкаат, се чини, уште помалку чистат комуналците. Можеби и не се доволно екипирани за да исчистат колку што ќе извалкаат несовесните жители. Штом се влезе во населбата, сликата потсетува на оние денови кога по силни ветришта, ѓубре и најлонски ќеси висат по дрвја. Улиците се преполни со најразновиден отпад, кој многу често ги затнува атмосферските шахти. Жителите велат дека последен пат било чисто кога снегот го покрил ѓубрето. По уличките во Скопје-Север комуналците ретко се гледаат.

„Не е доволно да се чисти само два-три пати годишно, бидејќи и оваа населба е градска и се наоѓа на само три-четири километри од центарот.

Ѓубрето не треба да биде по улиците, туку во контејнерите и во кошниците што треба да ги има како и во секоја урбана населба“, вели Василија Ивкова, жителка на населбата Скопје-Север.

Снежана Клинчарова, одговорна за информирање во Општина Бутел, објасни дека со ангажманот на 40 сезонски работници, хигиената била на повисоко ниво, а тоа го констатирале и граѓаните. Според неа, Општината нема пари да ангажира приватна комунална служба, но доколку граѓаните достават писмено барање, може да побара комуналците да исчистат таму каде што е најпотребно.

„Чистиме три категории улици: главни, сервисни и станбени, а сето тоа значи дека треба да се исчистат пет милиони квадратни метри. Локалните и сервисни улици ги чистиме еднаш месечно. Лисјето треба да ги подигнат вработените од ЈП ’Паркови и зеленило‘, а не ние заедно ѓубрето. Во расчистувањето на населбите доста ни помогнаа сезонските работници што ги ангажираа општините. Штом заврши нивниот ангажман, веднаш се забележува дека недостасува работна рака“, вели Катерина Лаова, портпаролка на ЈП „Комунална хигиена“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=90D25306BD489D489B0F9796FE13D108
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 30-Jan-2010 at 01:14
Изречени околу 50 опомени заради нерасчистен снег
Комуналната инспекција на Град Скопје деновиве изврши контрола на расчистувањето на снегот од страна на правните и физичките лица и изрече околу 50 опомени заради нерасчистен снег.
Како што соопшти Град Скопје, и денеска инспекциските контроли ќе продолжат, како кај опоменатите од претходниот ден, така и кај останатите субјекти кои во согласност со Законот имаат обврска да го расчистуваат снегот пред нивните станбени и деловни објекти.
Градот апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат кон законската обврска и да ги расчистат приодите кон нивните објекти.

http://vecer.com.mk/?ItemID=A7F146B406E309499CDAA95E83E97DDC
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 24-Feb-2010 at 23:10

ова ви се измолкнало!?

Колку ѓубре толкава ѓубрарина

„Комунална хигиена“ е на пат да ја исправи неправдата што со години им ја нанесува на илјадници домаќинства што живеат во куќи со дворови, со тоа што сметките за ѓубрарина ќе ги пресметува според тежината на подигнатиот смет. Со години „Комунална“ ѓубрарината за куќите ја пресметуваше според квадратурата на станбената и на дворната површина, па оние што имаат големи дворови плаќаат високи сметки, без разлика колку ѓубре месечно произведуваат. На пример, домаќинство со куќа од 150 квадрати и двор од 500 квадрати месечно за ѓубрарина плаќа 770 денари, а домаќинство во стан од 80 квадрати добива сметка од 230 денари. Сегашната цена на ѓубрарината изнесува 2,85 денара за квадратен метар станбена површина и 0,6 денари по квадрат дворна површина. 

Од „Комунална“ велат дека се подготвуваат за новиот начин на наплата.

- Формирани се работни групи кои треба да го воспостават новиот систем на наплата според килограм смет - вели Катерина Лаова, портпаролка на градското комунално претпријатие.

Од Градот Скопје велат дека ова е иницијатива на скопскиот градоначалник Коце Трајановски и дека идејата за промена на начинот на наплата веќе се разработува.

- Кога комплетно ќе се подготви, таквата одлука ќе биде усвоена од Управниот одбор на претпријатието, по што ќе биде ставена на дневен ред на Советот. Потоа ќе почне пресметката и наплатата на ѓубрарината по новата методологија - велат во одделението за односи со јавноста во Градот, без да прецизираат кога скопјани да очекуваат дека ќе платат онолку колку што „ќе потрошат“.

Според сознанијата на градските власти, ѓубрарината во сите главни градови на земјите од поранешна Југославија се наплаќа според квадратура на станбена површина, а Љубљана сега воведува нова методологија за наплата според подигната количина на смет.

Скопјани реагираат дека услугата на јавното претпријатие ни малку не соодветствува на цената што ја плаќаат, особено во изминатата година.

- Срамота е да плаќам речиси 1.000 денари месечно за собирање на сметот, а комуналците три недели не дошле. Како може да бараат да плаќаме, а тие да не ги извршуваат своите обврски кон нас? И зошто јас ако произведувам десет килограми ѓубре месечно да платам тројно повеќе од некој што ќе направи повеќе ѓубре од мене, а живее во стан - реагира П.С. жител на Скопје.

Од „Комунална хигиена“ велат дека сегашниот начин на наплата е законски.

- Во Законот за управувањето со отпадот се дадени три варијанти за определување на висината на цената за собирање и за транспортирање на комуналниот смет. Таа може да се утврдува според квадратни метри површина или според зафатнината или тежината на ѓубрето. А од друга страна пак, според Законот за комуналните дејности, висината на цената се определува само според квадратни метри површина. Начинот како ќе се наплатува го одреди Советот на Град Скопје со одлука - вели Лаова.

Градоначалникот Трајановски уште на почетокот на мандатот најави дека хигиената во градот ќе ја подобри со воведување канти кај индивидуалните станбени објекти и со нов начин на наплата, според тежината на сметот од секое домаќинство. Тогаш тој истакна дека воведувањето на оваа новина е резултат токму на тоа што голем број граѓани се жалат на одлуката на Советот за наплатата според квадратура, бидејќи тоа е прескапо за нив. Трајановски образложи дека неговата идеја е пресметката да се врши по подигната канта, односно според тежината на собраниот смет. Секое домаќинство ќе треба да купи 120-литарска канта, односно нив на почетокот ќе ги плати „Комунална хигиена“, а потоа граѓаните ќе ги отплаќаат со ѓубрарината. На тој начин ќе се намали потребата од контејнери, а ќе се изврши и нова организација во „Комунална хигиена“.

Оваа идеја, според Лаова, е веќе реалност во Лисабон, Португалија.

- Таму цената на ѓубрарина се пресметува според волуменот, односно според килограмите на произведен смет. Со таа разлика што таму граѓаните имаат канти со зафатнина од 240 литри - вели Лаова.

Анела Петрова
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=76D33E96FEFA2D49ADE96B4AF795CBB1&arc=1

а кој е гарант дека комуналците правично ќе го баждарат отпадот!?

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 25-Feb-2010 at 09:52
Мислам дека ќе биде грешка ако се воведе овој принцип. Според моето лично мислење ќе се појават премногу диви депонии, каде луѓето ќе го фрлаат сметот за да заштедат на ѓубрарина.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 25-Feb-2010 at 10:02
za toa se  kaznite tuka
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 01-Mar-2010 at 19:46

Новата странска инвестиција во Карпош, огромното градилиште спроти „Асиба“, е само уште едно повторување на честата слика низ градот кога се работи за хигиената на просторот околу градилиштата, додека за една година полицијата и градската инспекција успеале да изречат одвај четириесетина казни за овој прекршок

 
 
%20  
Иако според сообраќајните правила обврска на секој возач е да ги исчисти тркалата на своето возило пред да излезе на коловоз, тоа многу ретко се почитува, особено кога станува збор за градилиштата. Овој прекршок го прават не само домашните градежници и инвеститори, туку и оние странските, од Западна Европа, каде што ваквите грешки мошне строго се казнуваат. Таков впечаток остава и градилиштето на новата голема инвестиција во реонскиот дел на населбата Карпош 3, спроти поранешната зграда на „Асиба“.

Од претставништвото „Фешн груп“, на австриската компанијата „Мен фешн“, велат дека не ги прекршуваат правилата со градежните работи, односно пред да го напуштат градилиштето нивните камиони поминуваат низ посебен песок за да не оставаат траги по улиците.

- Како странски инвеститори се трудиме да ги почитуваме македонските закони и затоа се погриживме возилата што излегуваат од нашето градилиште да се чисти и да не ги валкаат улиците. Проблем е што гумите не секогаш може да целосно да се исчистат и затоа во првиот километар или два може да сејат прашина. Поради ова потпишавме и договор со една компанија која секоја вечер ја чисти трасата каде што поминуваат нашите камиони - вели Искра Секуловска, маркетинг-менаџерка на компанијата.

Жителите, пак, од улицата Манапо, каде што од градилиштето секојдневно излегуваат десетина камиони, кои разнесуваат прав и кал, во зависност од временските услови, додаваат дека условите за живот не им се исти откако почнаа градежните работи во соседството, бидејќи понекогаш мора да одат низ облаци од прашина.

- Знаеме дека градењето е валкана работа, но мора да се внимава што се остава зад себе. Не само што живееме опкружени од прашина, туку и камионите што изнесуваат материјали и отпад оттаму не се секогаш затворени, па дел од товарот им паѓа на коловозите. Залудно се чистат улиците ако постојано се валкаат. Освен тоа, нашите деца си играат во игралиштето непосредно до улицата и тоа дополнително не загрижува - велат жителите од оваа улица.

%20Пред извесно време со сличен проблем се соочија и жителите на дел од населбата Тафталиџе, во близината на Млечниот ресторан. Минатото лето во нивното соседство се ископа огромна дупка за да се направи зграда, а додека се изнесуваше земјата, таа паѓаше на сите страни. Повеќето возила беа толку прекриени со прав што воопшто не им се познаваше бојата, а по улиците имаше дебели траги од кал што го отежнуваа движењето на некои автомобили. Поради ова една група жители и протестираа.

- Дишевме нечист воздух поради прашината од камионите. Речиси секој ден моравме да ги миеме возилата. За среќа, градежните работи беа прекинати поради некои проблеми со документацијата, па сега сме помирни, но ако продолжат најверојатно пак ќе немаме мир и ќе мораме да реагираме - велат тие.

Двојна казна следува за валкањето на улиците, а вкупната глоба од неа изнесува 80 евра. Според Законот за безбедност во сообраќајот за овој прекршок возачот треба да плати 30 евра или да му се впишат 15 казнени поени, а воедно се наплатуваат и 50 евра за непочитување на Законот за јавна чистота. Но иако оваа појава е многу честа, таа ретко се казнува.

- Во текот на 2009 година за овој прекршок СВР Скопје изрече 25 казни, а во првиот месец од годинава нема казнети. Казните се изрекуваат на самото место, за да може полесно да се докаже кој ја извалкал улицата - вели Лиза Бендевска, портпаролка на Скопската полиција.

Од пред шест месеци, со измените на Законот за јавна чистота, и градските комунални инспектори имаат право да казнуваат за овој прекршок. Од Градската управа велат дека се задоволни од резултатите што ги постигнале досега и сметаат дека доследно го спроведуваат Законот.

- За овој краток период сме казниле 14 приватни превозници што излегувале од градилиште без да го покријат или заштитат товарот или без да ги исчистат гумите. Казнуваме на многу локации, во Ново Лисиче, кај салата „Јане Сандански“, кај Камени мост и на други места - велат од Градската управа.
 
                                                                                                                                                        http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3110104323&id=14&setIzdanie=21922    
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 03-Mar-2010 at 15:32

Градски редари ќе не' учат на ред



Несовесните граѓани што се однесуваат недолично, го валкаат градот, плукаат на улица, фрлаат ѓубре и догорчиња или дозволуваат нивните миленици да вршат нужда во тревник, ќе бидат главна мета на „градските полицајци“, односно комуналните редари. Градоначалникот Коце Трајановски по година и половина од донесувањето на Законот за јавната чистота, со кој се воведе оваа нова функција, најави дека Градот Скопје конечно одлучил да вработи редари, кои ќе се грижат за животната средина.

Локалните власти објаснуваат дека редарите ќе бидат како инспектор и полицаец во едно. Тие ќе бидат униформирани и ќе ги санкционираат граѓаните според одредбите од Законот за јавната чистота.

Вработувањето редари во рамките на Градот ќе се случи во наредните неколку месеци, а бројката се' уште не е позната. Досега оваа функција ја вршеа комуналните инспектори, но тие имаат сосема други овластувања, што беше главното оправдување за малиот број изречени казни по основа на Законот за јавната чистота.

- Ќе вработиме толку редари колку што ќе ни дозволат финансиите - изјави портпаролот Неделчо Крстевски.

Долгото чекање на овие нови вработувања од Градот го објаснуваа со неусогласени подзаконски акти околу систематизацијата на работните места.

Обврската за вработување на комунални редари, освен за Градот, важи и за другите општини. Некои од нив веќе имаат, како Карпош и Ѓорче Петров. Таму редарите изрекуваат казни за бесправно поставени огради, пречки на паркиралишта, истурен песок или ѓубре на јавни површини. Казните се парични, но може да се одработат и со физичка работа во некое од градските претпријатија. За најчестиот прекршок, фрлање ѓубре на улица, плукање или фрлање догорчиња, се плаќа 50 евра. Толку ќе платат и сите што ги мијат или ги поправаат возилата на јавни површини, перат теписи или продаваат дреболии на картонски кутии.

На последната седница на Координативното тело на градоначалници, Трајановски и неговите колеги дискутирале и на оваа тема.

Во иднина треба да се донесе програма со која ќе се определат надлежностите на редарите, за да не доаѓа до судири на надлежности. Се очекува тоа да биде лесно надминато, со тоа што општинските редари ќе казнуваат на сервисните улици, а градските инспектори на улиците што се под градска надлежност.

Јорданка Ивановска


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=510F69200A1C0F40A9657677AEB2568D
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 08-Mar-2010 at 20:45

Премиеру, во Скопје нема канти за ѓубре

Во Скопје канти за отпадоци нема, а Владата од неодамна почна кампања наречена „Дај кош“ со која ги едуцира граѓаните да ги фрлаат отпадоците во канти. Во кампањата се вели „Дај кош, поен за тебе, победа за околината“, но граѓаните се прашуваат каде да ги даваат кошевите кога канти за ѓубре низ градот или нема или се искршени и без дно.

Општините допрва се подготвуваат да постават канти, иако со Законот за јавната чистота беа задолжени да ги постават во најкраток рок. Се наметнува прашањето која е поентата на кампањата „Дај кош“ сега, кога нема услови да покаже резултат во пракса и дали ќе беше подобро општините прво да ги накитеа своите јавни површини со нови канти, па тогаш да се спроведе кампањата за подигнување на јавната свест. Во Скопје нема ниту јавни тоалети, а преку кампањата Владата порачува: „Не можеш да изгубиш 3.000 денари, ако најдеш јавен тоалет“, при што се алудира на тоа дека казната за уринирање на јавно место, исто како и за фрлање отпадоци на улица, е 50 евра во денарска противвредност.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека тие по налог на Владата лани на 20 ноември испорачале 5.000 контејнери, кои се распоредени по сите општини што имаат свои комунални претпријатија, како и 20.000 канти за отпадоци за општините што немаат претпријатија. Оттаму додаваат дека тоа треба да послужи како поттик општините да набавуваат дополнителни садови за отпад за јавните површини.

- Самите општини преку своите јавни комунални претпријатија се должни да обезбедат од малите канти за отпадоци за граѓаните да имаат каде да ги фрлаат отпадоците. Ваква набавка е направена прв пат. Станува збор за вид помош од Владата - објаснува портпаролот Сашо Секуловски.

За тоа што ваква акција се презема две години откако стапи во сила Законот за јавната чистота, Секуловски вели дека за спроведување на целата постапка за набавка на контејнери и канти за отпадоци било потребно време.

Факт е дека ниту Градот ниту општините не побрзаа да наместат нови канти, а инспекторите побрзаа да им пишуваат казни на граѓаните. Сепак, надлежните државни органи не ги казнија општините што не ја завршиле својата законска обврска, иако казните за општински служби се движат од 300 до 600 евра, односно Законот за јавната чистота на својот грб го почувствуваа само граѓаните.

На прашањата за обврската за поставување канти, Градот и општините одговараат во идно време.

- Јавната набавка за канти за отпадоци треба да се распише деновиве, а за канти за индивидуалните домаќинства ќе се обезбедуваат преку кредит од Светска банка. Градот ќе обезбеди и дополнителни разновидни садови за собирање отпад, со што условите за јавната чистота ќе се кренат на ниво на стандардите пропишани со законот - образлагаат градските власти.

Во Општина Центар во тек е јавниот оглас за набавка и поставување канти за отпадоци со пепелници, а лани Општината постави 30 канти за отпадоци.

Во Општина Кисела Вода уверуваат дека во наредниот период ќе почне постапката за избор на најповолен понудувач за изработка на кантите што ќе се поставуваат во текот на целата година.

- Овие канти за отпадоци ќе се постават на местата што во изминатиот период се оценети како црни точки, односно каде немало поставено канти и друга урбана опрема - вели Марјан Спасески, портпарол во Кисела Вода.

Тој нагласува дека општинските власти имаат проблеми со несовесни граѓани што ја уништуваат поставената урбана опрема, особено кантите за отпадоци и клупите.

Од СВР Скопје информираат дека во 2009 година, на подрачјето на град Скопје биле регистрирани вкупно 12.877 прекршоци, за кои на сторителите им се издадени 378 налози за плаќање глоба, а од подготвените 6.497 записници за општокорисна работа, реализирани се 1.022. Во јануари годинава биле издадени 546 налози за плаќање глоба, а биле поднесени 1.178 барања за поведување прекршочна постапка.

Анела Петрова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2FF31779FD5338488A40A2C8FF2B9733

Edited by Cloverstack - 08-Mar-2010 at 20:46
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 09-Mar-2010 at 13:00

СКОПЈЕ ЗАТРУПАНО СО ОТПАДОЦИ

Ѓубрето од контејнерите расфрлано по улици

Полни ќесиња се фрлаат едно преку друго во контејнерите, а кога веќе нема место во нив, тоа се истура на тротоарите, па што од ветер што од минувачите, се развлекува насекаде

Тротоарите на скопските улици се затрупани со ѓубре. Жива реткост е да се наиде на контејнер кој е не е затрупан со отпадоци уште половина метар преку него. Преполни ќесиња се фрлаат едно врз друго, а кога веќе нема место ни игла да се фрли во кантите, снаодливите граѓани почнуваат ѓубрето да го обесуваат на шрафовите од предната и од задната страна на контејнерите.
Како што само една капка ја прелева преполната чаша, така овде се случува само еден мал отпадок да го урне целото ѓубре на тротоарите. Е тогаш отпадоците почнуваат да се развлекуваат на сите страни, дури до улиците. Што од ветер, а многу повеќе од минувачите кои, за да поминаат, ги шутитаат насекаде, речиси и нема општина која може да се пофали со чисти улици.
Скопјани газат на расипана храна, срчи, скапан зеленчук. Градот смрди на сè и сешто. Многу често грдата слика е надополнета и со искршен мебел, кревети и со расипани апарати за домаќинството кои, бидејќи не ги собира во контејнерите, граѓаните, без пардон, ги оставаат покрај нив на тротоарите.
"Цел град смрди на скапано. Затрупани сме со ѓубре, а да видиш комуналци да чистат е вистински празник. Во последно време некој се дрзнува и мебелот да го остави на улица", се жалат скопјани.
Од ЈП "Комунална хигиена" вчера не добивме одговор за нехигиената во Градот, но дека редовно ги празнат контејнерите секогаш е нивно оправдување.
Нивниот непроменлив став е дека работат во смени и спред предвидена програма. Излегуваат и дополнително на терен, секогаш кога ќе им јават граѓаните дека има потреба од чистење на некои локации.

http://vest.com.mk/?ItemID=F10E88CB1B7B494D8B0D9DB4F2645F35
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 11-Mar-2010 at 16:52
ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА ТЕШКО СЕ СПРОВЕДУВА
Казни има, но не и канти за измет од миленици

Елена Мачевска

Малиот број канти за измет од домашните миленичиња е причината поради која низ скопските улици и низ парковите, граѓаните секојдневно се соочуваат со грдата слика од фекалии од животни. Скопјани кои чуваат кучиња коментираат дека не треба да има казни доколку не се обезбедат доволно специјални кошници за таа намена. Тие се револтирани затоа што и да сакаат да го соберат ѓубрето по своето милениче немаат каде да го фрлат, оти според Законот за јавна чистота, тоа не смеат да го сторат во обичен контејнер за комунален отпад. Во централното градско подрачје има поставено вакви канти, но поголемиот дел од нив или се со искршено дно или граѓаните кои минуваат ги користат како обични канти за ѓубре. Состојбата е поинаква низ населбите каде на мал број улици има кошници со знак со животно на нив. Во периферните делови на градот, пак, многу често на некоја од улиците може да се налета и на измет од коњи и од други домашни животни, со што постојано се крши Законот за јавна чистота. Сепак, и покрај недостигот од специализирана урбана опрема низ градот, со овој Закон строго се забранува фекалните остатоци од домашните миленичиња да се оставаат на јавните површини, а за нивните сопственици е предвидена казна од 50 евра. - Кучето најчесто го шетам по Партизанска, каде нема кошници, или во парк каде и се наоѓа по некоја. Поради тоа често ми се случува моето куче да остави неред зад себе иако знам дека тоа е казниво со закон. Неколку пати, пак, ми се случило да го соберам изметот и да немам каде да го фрлам, па со мене да го носам стотина метри и повторно, на ризик да го фрлам во контејнер - вели Ивана од Карпош. Од Друштвото за заштита на животните „Срце за животните“ велат дека уште од донесувањето на овој Закон, тие имаат низа забелешки околу парична казна за тие што не го собираат отпадот што го остава нивното милениче и не го ставаат во канти за таа намена. Според нив треба да се направат измени на Законот и на места каде што нема поставено специјални канти, да не се казнуваат ниту граѓаните за направениот прекршок. - Од самиот почеток кога беше воведен овој Закон, кај нас почнаа да се јавуваат граѓани кои биле казнети од комуналните инспектори, токму поради тоа што не го фрлиле изметот од животните на соодветно место. Ние побаравме да се измени Законот во овој дел, но оттогаш па се до денес нема промени - рече Вангел Мичевски, претседателот на Друштвото за заштита на животните „Срце за животните“. Од „Комунална Хигиена“ велат дека тие не се надлежни да поставуваат вакви канти за отпадоци, туку општините, од каде што, пак, нема најава за покривање на улиците со специјализирани кошници. - Нашите екипи само се задолжени да го чистат отпадот од овие канти. Но, состојбата на терен е загрижувачка, затоа што наместо тие да служат за фрлање на измет од миленичињата, во нив се фрла секаков вид смет - вели Катерина Лаова, портпарол на „Комунална Хигиена“.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1964&ArticleID=135925
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 13-Mar-2010 at 18:09
Срамот исплива од Охридско Езеро
Брановите исфрлија купови медицински отпад на градскиот кеј, а комуналното претпријатие исчисти повеќе тони цврст отпад, пред сé, пластични шишиња за чие разградување се неопходни стотици години
%20
Брановите предизвикани од силниот ветер на охридското крајбрежје исфрлија медицински отпад што го фрлале несовесни граѓани. Од велосипедскиот клуб „Екодром“ реагираат дека ваквиот вид опасен отпад го има на повеќе локации на градскиот кеј.

- Големи количини медицински отпад се исфрлени на брегот. Шприцеви, амбалажа од инсулин и што уште не, се најдоа на брегот заедно со остатоците од трската. Како тој стигнал до езерото, дали некој го исфрлил во околните реки по сливот на езерото и се растурил по целото крајбрежје или можеби се работи за нешто друго, не сме компетентни да кажеме. Потребно е надлежните инспекциски служби веднаш да излезат на терен и да испитаат како медицинскиот отпад завршил во езерото - велат од „Екодром“.

Од клубот бараат инспекциите да извршат контроли во здравствените организации и установи, за да проверат на кој начин се депонира и се одлага медицинскиот отпад.

Државниот инспектор за животна средина во Охрид Игор Трајкоски, вели дека не се работи за медицински отпад исфрлен од страна на болниците и ординациите во градот. Најверојатно, тој влегол во езерото преку реките кои се влеваат во него.

- Се работи за инцидентни остатоци од медицински отпад, што ги фрлиле несовесни граѓани. Веднаш излеговме на терен да ја констатираме состојбата, а потоа ќе се преземат и соодветни мерки за да нема вакви појави кои се потенцијална опасност, но и грда слика на Охрид - вели Трајкоски.

Според раководителот на охридскиот општински инспекторат Танас Танасоски, доколку државните инспектори навреме си ја вршеле работата и интервенирале, немало да дојде до ваква појава.

Од Општата болница во Охрид велат дека нивниот медицински отпад во никој случај не завршува во езерските води и додаваат дека ја почитуваат законската регулатива за третирање ваков отпад.

Брановите деновиве многу лесно го исфрлаат отпадот од Охридско Езеро, како резултат на надојдената вода која веќе се искачи на 694, 01 метри и е за 26 сантиметри над дозволениот максимум. Службите на комуналното претпријатие „Охридски комуналец“ исчистија повеќе тони цврст отпад, пред сé, пластични шишиња за чие разградување се неопходни стотици години.

По последните состојби со надојдените води и силните бранови, екологистите велат дека езерото ги исфрла сите неправди кои му се нанесени. Преплавувањето на одделни делови од кражбрежјето, тие го коментираат како „обид на езерото да си го земе тоа што некогаш било негово“.

%20




Над два милиони евра штета од поплавите во Пелагонија

Штета од над два милиони евра предизвикале февруарските поплави во полињата на битолскиот земјоделски комбинат „Пелагонија“. Во компанијата соопштија дека поради обилните снежни врнежи, наглото топење на снегот, високиот водостој на реките и проблематичната одводна мрежа во февруари, годинава на површините на ЗК „Пелагонија“ се излеало огромно количество вода.

- Беа поплавени парцели на комбинатот засеани со есенски и повеќегодишни култури и површини подготвени за пролетна сеидба, со што се предизвика голема штета. Стручните екипи формирани во ЗК „Пелагонија“ констатираа дека вкупно се поплавени 5.052 хектари, и тоа 3.020 хектари засеани со есенски и повеќегодишни култури и 2.032 хектари површини подготвени за пролетна сеидба - велат во ЗК „Пелагонија“.

В.Н.




 НОВ ЕЗЕРСКИ ХУМОР

  • Издавам куќа во Кичево, веднаш до плажа, со поглед на Охридско Езеро.
  • Издавам соба со поглед под вода!
  • Нова забава во Охрид - шетање пастрмки по паркот!
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31310948275&id=9&prilog=0&setIzdanie=21933
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 26-Mar-2010 at 04:55

Струмица постави големи пепелници

На неколку места во центарот на Струмица од завчера се поставени големи пепелници наменети за пушачите. Локалните власти се одлучија на ваков чекор за да го спречат фрлањето догорчиња по улиците, тротоарите и на другите јавни површини, со што несовесните пушачи го загадуваат градот.

- Избегнувајќи го пушењето во затворени простории, пушачите го прават тоа на јавни места и тука ги фрлаат догорчињата, и покрај тоа што во изминатите шест месеци за непочитување на Законот за јавната чистота во Струмичкиот регион се казнети над 3.000 лица. Со поставувањето јавни пепелници сметаме дека значително ќе биде намален сметот од отпушоци во градот - велат во локалната самоуправа.

Покрај пепелниците, во централното градско подрачје се поставени и нови канти за фрлање смет, како и нови клупи за одмор на минувачите.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B5F6E6D1E5449E4BAD3C898BA05B39CE
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 05-Apr-2010 at 22:34

И ПОКРАЈ НАТПИСИТЕ "ЗАБРАНЕТО ФРЛАЊЕ ШУТ И СМЕТ"


Граѓаните не ги почитуваат законите

Од стапувањето на сила на Законот за јавна чистота заклучно со 2009 година Општина Кисела Вода казнила вкупно 272 граѓани, од кои 162 лица извршиле општокорисна работа, 110 лица платиле мандатна казна


Расфрлан градежен шут, кеси со ѓубре, гранки, пластични шишиња ова е сликата во населеното место Бара во населбата Драчево. Жителите кои живеат во близина велат дека и покрај акциите што ги презема Општината Кисела Вода е залудно, бидејќи следниот ден повторно има ѓубре.

- Честопати сме се обратиле до Општината да се преземе нешто и да не се фрла тука ѓубре, но попусто, повторно има. Оттука се шири реа и кучињата-скитници ги развлекуваат кесите со ѓубре и се шири зараза. Но и покрај поставената табла на која е напишано да не се фрла смет и шут, никој тоа не го почитува - вели Зоки, кој секојдневно поминува оттука.

Од Општина Кисела Вода информираат дека е зголемена контролата на местата каде што се создаваат дивите депонии. Оттаму додаваат дека во изминатиов период на територијата на Општината се извршени неколку акции за чистење на дивите депонии, а контролата на таканаречените диви точки се одвива перманентно и на истите се поставуваат табли со натпис Забрането фрлање смет и шут".

- Веднаш по успешно завршената акција за чистење на дивите депонии на територијата на Општина Кисела Вода и по извршениот надзор од страна на општинските инспекциски служби за животна средина, констатирано е дека на локациите (црните точки) повторно се фрла смет. За надминување на ваквата состојба Општина Кисела Вода во наредниот период ќе ја зајакне соработката со Еко-патролата" од ЈКП Комунална хигиена" за вршење на дежурства и инспекциски надзор на веќе исчистените локации за истите повторно да не се претвораат во диви депонии - вели портпаролот на Општината, Марјан Спасески.

Тој додава дека Општина Кисела Вода повторно упатува апел до граѓаните да ги почитуваат Законот за јавна чистота и Законот за животна средина и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина. Во спротивно секое поинакво поведение ќе биде санкционирано во согласност со законските прописи.

- Што се однесува до спроведувањето на Законот за јавна чистота во Општина Кисела Вода, од стапувањето на сила на Законот за јавна чистота заклучно со 2009 година, Општина Кисела Вода казнила вкупно 272 граѓани, од кои 162 лица извршиле општокорисна работа, 110 лица платиле мандатна казна (глоба). Истовремено, имало 6 казни во согласност со Законот за управување со отпад. За 2010 година од почетокот до денес има 10 изречени казни, од кои 1 е платена и 9 лица извршиле општокорисна работа. Имало 6 постапки по барања на граѓани и 1 решение за извршување за кое е побарана асистенција од овластените службени лица на МВР, додава Спасески.                                                                                                                                             http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7BD564E580AA41489EA8AC05347FEBAB  

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 13-Apr-2010 at 01:03

„Дали сега го забележуваш отпадокот“?

Големи стуткани лименки се поставени во центарот на Скопје, на улица Македонија и во Паркот на жената борец, во рамките на кампањата „Дај кош“, која ја спроведува Владата. Под лименките пишува „Дали сега го забележуваш отпадокот?“. Целта на кампањата е да ја подигне јавната свест за зачувување на околината и да ги опомене граѓаните дека казната за фрлање отпадоци на несоодветно место е 50 евра во денарска противвредност.

Big%20smileThumbs%20Up
 
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 13-Apr-2010 at 14:28
Previous
Дури и од Прилеп го забележав. Поддршка за кампањава.
Thumbs%20UpThumbs%20Up
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 13-Apr-2010 at 17:15


Копираат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 13-Apr-2010 at 18:56
Во градски парк на платото кај фонтаната се поставени еден голем отпушок од цигара и едно пластично шише. Поддршка за кампањава и од мене Thumbs%20Up
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.