Author |
Topic Search Topic Options
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#561 Posted: 12-Mar-2010 at 20:26 |
еве интересен коментар за распашковски! иако искрено делува и дури и да е вистина сепак чоекот не ми се верува до толку да е паднат од марс, но скотско и се е можно! после коментаров изгубив волја за домашен бренд ајде може евентуално ако го добие тендерот да собере вична тајфа мајстори!
„Санос“ може да прави двокатни автобуси Фабриката „Санос“ има капацитет да изработува двокатни градски автобуси, но тешко може да добие банкарска гаранција, рече вчера Славе Распашковски, директорот на компанијата. Таа е пријавена на тендерот што го распиша Министерството за транспорт и врски за набавка на 302 двокатни возила за јавниот превоз.
- Автобусите ќе ги направиме според сите европски стандарди, но тешко можеме да обезбедиме банкарска гаранција за толкав број. Банките тешко се решаваат да ја дадат. Сметам дека двокатните автобуси се добар маркетиншки трик, кој ќе успее да ја врати навиката на граѓаните да го користат јавниот превоз - додаде Распашковски.
Според него, ако „Санос“ го добие тендерот, корист ќе имаат и граѓаните и Владата, затоа што ќе ангажира домашна фирма, а и компанијата, која во тој случај ќе вработи повеќе работници. |
што и да рекол тој преварантот распашковски кој лично многу добро го познавам санос веке неможе ни чези да изработува а камоли автобуси па камоли двокатни!!! последната серија на автобуси што ја извади каросерија беше пред 2 години и тоа 15 наменети за белградскиот јавен превоз Автобусите беа патетични и ниско квалитетни бев ангажиран во транспортот на автобусите!! од скопје до Белград можам само едно да кажам толку застанувања поради дефекти немаат ни старите саноси 2113 или дубравите шоферите викаа и пцуеја на патиштана а Распашковски како и секој добар мајстор од типот држи буре воду док мајстори не оду , не презема ништо!!! па наместо да патуваме до белград 8 часа ние патувавме 4 дена и до ден денес газдите што ги купија автобусите не видоа аир од нив, прво зошто неможе каросерија да изработува автобуси затоа што немаат капацитет на работна сила и кога велам работна сила мислам на квалификувана и квалитетна сите мајстори бравари и механичари му избегаа бидејки на им даваше плати, остана само со најнеспособните и тие што немаат кај да одат, второ последните автобуси кој ги произведе беа на стари школки заостанати уште од 1980 година и сега нема веќе е сега би требало нови да се напреват а со тие мајстори незнам колку би биле безбедни тие автобуси. трето овде многу лесно распашковски ке добие А-тест за новите автобуси бидејки има врски на машински впрочем вујкому е голем човек на машински, 4 имаше еден приватен автобус 45ка одете да видите во каква состојба е после само една година тоа срање недај боже да заврне а за стабилност и квалитет на преден и заден трап да не збориме http://forums.vmacedonia.com/f73/sanos-moje-da-pravi-dvokatni-avtobusi-17771/#post298723 |
|
 |
Korsis
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 09-Feb-2010
Location: Бугарија
Online Status: Offline
Posts: 102
|
Quote Reply
#562 Posted: 13-Mar-2010 at 14:08 |
Кинг Лонг:
Јутонг:
Изгледа дека овоj аргумент на македонското Министерство за транспорт и врски не е точен:
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#563 Posted: 13-Mar-2010 at 15:03 |
мене не ми е јасно што подразбираат под тој фамозен „ретро дизајн“  дали под „ретро“ подразбираат автобусите да бидат целите за'рѓани и да личат како секој момент да ќе се распаднат? или пак овие „услови“ покажуваат дека некој постојано си игра со тендери, со некоја за нас непозната цел?
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#564 Posted: 17-Mar-2010 at 03:49 |
Originally posted by FoSsiL
вака сега, ги гледав семафориве во Аеродром, па и на партизанска и во голем дел од Скопје, а и ова новите профили, носачи или што и да се кај железничка и некако не ми иде дека тука ќе се протнат овие автобуси, можеби грешам, или пак на неколку сантиметри ќе проаѓаат или ќе се гребат, ај некој нека ме расветли
|
За старите и јас имам сомнеж, треба да измериме. За новите како оние кај транспортен центар веќе измерив  Со мене имав метро па залепив една мастика на точно 1,5m висина и сликав. Постапката поради повеќе фактори не е баш прецизна до милиметар, ама орјентационо врши работа. 3x1,5m=4,5m + просторот што останува горе + висината на тротоарот и „основата“ = цирка 5 метри. Нормално, таблите и семафорите кои ќе се поставуваат ќе „висат“ и надолу, но доколку тоа не е премногу, не би требало да има проблем за двокатни автобуси (лондонските двокатни биле високи 4,38m па претпоставувам дека и ние доколку добиеме ќе бидат во таа околина). Значи не верувам дека новиве конструкции за сигнализација би биле проблем, но 99% од главоболките со двокатните автобуси секако ќе си останат  Се надевам ќе пропадне и тековниот тендер и наредниот ако распишат... се додека не се свестат. Лошо е да пропаѓаат тендери, лошо е да продолжиме да тераме со ваков возен парк, но најлошо би било да заглавиме со троцифрена бројка на двокатни автобуси.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#565 Posted: 17-Mar-2010 at 05:13 |
И тоа ме тера да прашам дали некој знае чиј е овој автобус што си го фатил на сликата бидејќи две години веќе седи таму, и абер нема да го тргне некој. Очигледно не е во возна состојба.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#566 Posted: 27-Mar-2010 at 00:20 |
ОДБИЕНА ЖАЛБАТА НА БУГАРСКАТА КОМПАНИЈА КИНГ ЛОНГ
Новите автобуси за градски сообраќај ќе наликуваат на даблдекерите кои се движеле низ скопските улици во педесеттите години од дваесеттиот век
Двокатните автобуси за Скопје ќе се изработуват во кинеската компанија Јутонг. Вака одлучи Министерството за транспорт и врски откако Државната комисија за јавни набавки ја одби жалбата на бугарската Кинг Лонг која сметаше дека уште во старт биле фаворити бидејќи понудиле најевтини возила со многу подобри технички карактеристики. Доколку Бугарите не одлучат да се жалат на повисоки инстанци, во следниот период се очекува и официјално да биде потпишан купопродажниот договор.
Кинеската Џенгџоу Јутонг групација, беше избрана за најповолен понудувач по огласот за набавка на 202 двокатни автобуси кој ресорното министерство го распиша по петти пат. При изборот на Јутонг, од Министерството соопштија дека понудата на вториот понудувач Кинг Лонг од Бугарија е невалидна, во делот на дизајнот, со што според комисијата не освоила доволен број бодови за да може понудата да се смета за прифатлива. Всушност одбиената понуда беше за околу 5,5 милиони евра поевтина од избраната, но сепак пресудно било барањето новите автобуси да наликуваат на автобусите за градски сообраќај кои се движеле во Скопје во педесеттите години од дваесеттиот век. Автобусите треба да стасаат до 2013 та година. 200-те двокатни автобуси Јутонг ќе ги изработува за цена од речиси 32 милиони евра а двата панорамски за 282 илјади евра.
Обновата на возниот парк на ЈСП Скопје ќе почне уште во јуни годинава, кога треба да пристигне првата пратка од вкупно 84 едноподни автобуси што Министерството за транспорт и врски ќе ги набави од украинската фабрика "ЛАЗ".
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#567 Posted: 13-Apr-2010 at 18:34 |
Утре ќе биде потпишан договор за набавка на 202
двокатни автобуси -
13.4.2010
Почитувани,
Ве информираме дека утре
во 12.30 часот во Министерството
за транспорт и врски, ќе биде потпишан договор за набавка на 202
новопроизведени двокатни автобуси, од кои 200 од затворен тип и 2 од
отворен тип за градски сообраќај со компанијата Zhengzhou Yutong Group
co ltd (ДОО Џенгџоу Јутонг Групација) – Кина која беше избрана за
најповолен понудувач на спроведената постапка за јавна набавка.
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2455
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#568 Posted: 14-Apr-2010 at 00:28 |
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#569 Posted: 14-Apr-2010 at 00:34 |
О да. Ове е дефинитивно СО ГЛАВАТА ВО ЅИД!
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#570 Posted: 14-Apr-2010 at 13:22 |
Потпишан
договорот за набавка на двокатни автобуси
Кинеската
компанија „Јутонг“ и Министерството за транспорт и врски потпишаа
договор за набавка на 202 двокатни автобуси. Првите 66 автобуси се
очекуваат во октомври следната година, а останатите ќе доаѓаат етапно во
период од две години.
За набавка на двокатните автобуси државата ќе одвои 335 милиони
евра, а за двата панорамски 310 илјади евра.
Кинезите треба да ја дизајнираат линијата на автобусите по пример на
градските автобуси од 50-тите и 60-тите години на минатиот век.
Останува да се набават уште 16 мини автобуси. Ова е продолжување на
инвестицијата во ЈСП со цел да се обнови стариот возен парк.
14.04.2010, 13:46
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=59395
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#571 Posted: 14-Apr-2010 at 15:14 |
Двокатните автобуси догодина ќе возат низ скопските улици
Автор: Александар Поповски
14 април 2010, 14:50
Извор: Макфакс
Скопје
Првите двокатни автобуси се очекува до октомври наредната година да започнат да возат низ скопските улици, додека комплетната испорака на сите 202 автобуси треба да биде комплетирана во 2013 година.
Ова денеска во Скопје го истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, кој потпиша договор за набавка на 202 новопроизведени двокатни автобуси, со компанијата ДОО Џенгџоу Јутонг Групацијата од Кина.
Притоа Јанакиевски посочи дека кинеската компанија треба да произведе специјално дизајнирани автобуси за потребите на град Скопје, кои ќе бидат во ретро стил на автобусите кои возеле во градот во 50-те и 60-те години од изминатиот век.
„Станува збор за современи автобуси кои ги исполнуваат сите потребни стандарди, односно имаат емисија за издувни гасови ЕУРО 4, дигитален тахограф, автоматски управувана рампа за инвалидски колички и целосно се климатизирани“, рече Јанакиевски.
Тој информираше дека според договорот до крајот на 2011 година ќе се испорачаат 66 автобуси, 68 треба да пристигнат во 2012 година, а преостанатите автобуси би се испорачале во 2013 година.
Ваквата поделба, според Јанакиевски, била направена со цел испораката да биде во три фискални години за да нема оптоварување на буџетот на Македонија.
Согласно договорот Македонија ќе треба да издвои 35 милиони евра за 200 затворени двокатни автобуси и 310 илјади евра за два отворени двокатни автобуси.
Генералниот директор на компанијата Јутонг за Европа, Хуангмин Жанг информираше дека компанијата дневно произведува 150 автобуси, со што е еден од најголемите испорачатели во светот.
„Нашите автобуси во просек поминуваат 24,5 милијарди км годишно. Навистина ни е драго што и македонските граѓани ќе се возат со нашите автобуси“, рече Хуангмин Жанг. |
http://makfax.com.mk/_tools/article/104508/view
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#572 Posted: 15-Apr-2010 at 00:16 |
Кинеските даблдекери ќе возат по улиците од октомври в година

Возењето во 202 двокатни автобуса ќе не' чини 35 милиони евра без пресметан ДДВ
Деспина Трајковска
Од идната година
по скопските улици ќе почнат да возат првите 66 од вкупно 202 двокатни
автобуса слични на оние од 1950-тите години. Владината набавка за
поднова на јавниот превоз вчера ја официјализираа министерот за
транспорт и врски, Миле Јанакиески, и Гуанминг Занг, генерален директор
на кинеската компанија „Јутонг“ за пазарите во Европа и во Северна
Америка.
Кинезите беа избрани како најповолни понудувачи на
тендерот за даблдекерите, кој успеа дури во петтиот обид. За двокатните
автобуси Владата ќе треба да плати 35 милиони евра без пресметан ДДВ,
пари што ќе се издвојат од три фискални години. Автобусите ќе се
исплаќаат по секоја испорака, а предвидено е до крајот на наредната
година да стасаат првите 66 возила и во наредните две години по 68. Два
од 202-та двокатни автобуса се со отворен покрив, наменети за
туристички разглед и еден од нив ќе му се подари на Охрид за развој на
туризмот.
„Овој проект ќе значи конечна обнова на застарениот
јавен превоз на Скопје, имајќи предвид дека неодамна се потпиша и
договорот за 84 едноподни автобуси од Украина, а во тек е и тендер за
набавка на 16 минибуси“, рече министерот Јанакиески по потпишувањето на
договорот со Кинезите, информирајќи дека од компанијата дале ветување
оти е можно првите автобуси да ги испорачаат и пред крајниот рок,
односно до октомври наредната година.
„Мило ни е што
македонските граѓани ќе се возат во нашите автобуси. Ние сме компанија
со реноме, една од светски најпознатите и имаме капацитет да одговориме
на вашите барања. Автобусите за Скопје се вонсериска линија, вакви
досега не се произведени, иако имаме изработено 100 вида автобуси,
двокатни и обични“, истакна Гуанминг Занг.
Тој потврди дека
ретродизајнот, кој покрај цената беше еден од главните услови за
добивање на тендерот, автоматски ја поскапел набавката, но воопшто не
сакаше да каже за колкава сума, па дури ни приближно. Занг демантираше
дека локален партнер на компанијата во проектот е бизнисменот Орце
Камчев. Се пофали дека „Јутонг“ лани произвела над 30.000 автобуси, а
дневниот капацитет на производство, во зависност од типот на автобусот,
изнесува околу 150 возила.
Автобусите што ќе се возат по
скопските улици ќе користат мотор еуро 4, ќе имаат дигитален такограф,
автоматска рампа, по 60 седишта за седење и 20 за стоење и ќе бидат
целосно климатизирани.
Со официјализирањето на набавката се
стави крај на речиси двегодишниот избор на најповолен понудувач за
даблдекерите. Успеа петтиот тендер откако претходните беа поништувани
поради нецелосни понуди, а првично и поради зголемувањето на бројот на
бараните возила. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=537643CF99EC8F47886DC87A9DE1FD48
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
zokidac
Newbiе
Joined: 24-Aug-2009
Location: MKD
Online Status: Offline
Posts: 13
|
Quote Reply
#573 Posted: 15-Apr-2010 at 14:17 |
gledajki go dizajnov na yutong nekako ne mi shtima kako vozacot na avtobusot ke naplati ili proveri dali ke se izvrshi elektronska naplata koga negovata kabina e smestena baagicko ponapred od vratata za vlez
|
 |
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#574 Posted: 15-Apr-2010 at 14:36 |
Нема да има возачот контакт со наплата, тоа е и целта на системиве сто ги уградуваат како моја карта што се. Се заштедува огромно време , а возчот ке биде само возач а не благајник и сметководидител )))
|
|
 |
zokidac
Newbiе
Joined: 24-Aug-2009
Location: MKD
Online Status: Offline
Posts: 13
|
Quote Reply
#575 Posted: 15-Apr-2010 at 14:43 |
|
 |
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#576 Posted: 15-Apr-2010 at 14:48 |
За тоа си постојат контрололорите,,,,е сеа ако некој се шверца негов ризик. Нека стават 1000 денари казна ако немаш билет и строги контроли од старт , па да видиш дали ке се шверцаат. А и народов веке стана свесен за казни од секаков вид ))
|
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#577 Posted: 15-Apr-2010 at 17:22 |
Иако морам да кажам дека се согласувам и со двајцата, сепак сум повеќе за тоа дека иако сме говеда и сигурно барем 40% од патниците ќе се возат без да чукнат билети на почетокот, мислам дека е многу поесенцијално качувањето и слегувањето да се одвива многу брзо, отколку дали шоферот го исконтролирал некого или не.
Впрочем дури ни за говеда како нас контрола од шоферот не помага. Ќе си има казна 2000-3000 денари, па кој нема карта кога ќе дојдат (многуте) контролори, нека му ја мисли. Од казните ќе извадат пари за контролорите. Нормално тие не мора да бидат во кеш, со прикажување на лична карта ќе може да се наплатат и во ЈСП по 10-тина дена. Кој нема ни кеш ни лична карта, во апсаана
Не може да се качуваме само на предната врата, за да нè видел возачот a.k.a. сметководител и инкасант  Треба да биде и редар ако немам карта? Си има кој да контролира такви работи, да не треба да стани од волан да дојди да ме тепа ако немам карта?
P.S. Според некоја пазарна логика, ако не е влегувањето само на една врата, и ако не се плаќа на рака кај возачот туку има автомати во кои може да се купи карта за едно возење (за оние кои немаат електронска картичка со нив), и со тоа автобусот се движи многу побрзо и е многу поточен, употребата на јавниот превоз ќе порасне за барем 10% (тоа треба да се истражи колку е точно) бидејќи околу 10% од корисниците уствари ја ценат точноста, а не изгледот на автобусите или чистотата во нив.
Edited by гитардемон - 15-Apr-2010 at 17:26
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#578 Posted: 21-Apr-2010 at 22:37 |
ГУАНГМИН ЗАНГ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА „ЏЕНГЏОУ ЈУТОНГ“ ОД КИНА
Со автобусите за Скопје во поход на ЕУ

Кинеската компанија „Џенгџоу јутонг“ до 2013 година треба да ни испорача 202 двокатни автобуса со уникатен ретро-изглед, за што државата ќе и' плати 35 милиони евра. Еден двокатен затворен автобус од кинеско производство ќе чини 175.000 евра, а двете отворени возила за туристичко разгледување - 310.000 евра. Првите двокатни автобуси скопјани ќе ги видат дури во октомври наредната година, кога ќе бидат испорачани 66 вакви возила, а по 68 возила ќе бидат испорачувани во двете наредни години.
За квалитетот на возилата и за капацитетите на кинеската фабрика разговаравме со Гуангмин Занг, генерален директор на „Џенгџоу јутонг“, која е една од најголемите фабрики за производство на автобуси во светот, со годишно производство во 2009 година од над 30.000 автобуси и со капацитет од 150 возила дневно.
Како ќе гарантирате за квалитетот на автобусите што ќе ги произведете за Скопје, кој е најважен за граѓаните, имајќи предвид дека станува збор за уникатни возила?
- Се согласувам дека најбитно е да им овозможиме на вашите граѓани да се чувствуваат безбедно и комфорно во новиот градски превоз. Компанијата „Јутонг“ досега има произведено голем број двокатни автобуси и нивните шасии се исти. Единствената разлика е во дизајнот и изгледот на предниот дел. Во нивната изработка применуваме неколку методи, кои се клучни за висококвалитетен краен продукт. Го применуваме најсовремениот систем за контролата на квалитетот според ИСО-стандардите. Го поседуваме најнапредниот системски дизајн, како и високостручни инженери што работат на дизајнот и на безбедноста на автобусите. Секој дел од автобусот е тестиран и центриран за да бидеме сигурни дека ги задоволуваме ригорозните европски технички стандарди. Во новите возила ќе бидат вградени каминс-мотори, произведени во Англија, ЗФ-менувачи, оски и управувачи, произведени во Германија. Нашата компанија, покрај лабораториските тестови, има посебен центар за тестирање што ги симулира вистинските состојби на патиштата, со цел да ги тестираме шасиите, системот, како и комплетниот производ, за да бидеме сигурни во квалитетот и во безбедноста.
Колку поскапо ќе не' чини тоа што ќе ни изработите уникатни автобуси, односно што ќе има една таква производствена линија само за Скопје?
- „Јутонг“ е компанија која има над 100 различни линии на производство. Самиот факт дека станува збор за производство на поголема количина на автобуси значи дека ќе имаме пониска цена за единица автобус. Нашиот производствен процес е флексибилен и приспособлив, така што и самото производство на ретро-автобусите ќе биде во рамките на нашите просечни цени. Цената би можело да бидат незначително повисока во споредба со цената на слични автобуси што се возат во Азија, бидејќи ќе треба да се дистрибуираат на подалечна релација. Ќе бидат поевтини од оние што ги произведуваат западноевропските земји, а сигурно ќе имаат еднаков квалитет.
Македонија е само прва точка на влезот на „Јутонг“ на европскиот пазар, што значи дека сакаме да оставиме впечаток на сериозна и квалитетна компанија, која произведува врвни автобуси. Ако се задоволни граѓаните на Скопје, како и Владата на Република Македонија, тоа би било одлична референца за останатите европски земји. Тоа подразбира дека сакаме да обезбедиме висок квалитет за нормална цена.
Дури и најпознатите светски производители на автобуси се скептици за безбедноста на патниците во двокатните возила. И наши стручњаци се сомневаат дека ако се стои на горниот кат, што инаку е непожелно, автобусот може да се преврти. Со што ќе не' убедите дека тоа нема да се случи со вашите возила?
- Во нашето досегашно искуство немаме случај кој би ги потврдил овие стравувања. Доколку ги земеме за пример Лондон и Хонг Конг, кои користат двокатни автобуси, ќе видиме дека досега немале инцидент како тој што го споменавте. Затоа може да кажеме дека овие тврдења се само претпоставки, кои не се базираат на докази и на реални ситуации.
На кој начин ќе биде организирано сервисирањето на возилата? Ќе имате ли сервисен центар во Скопје?
- Сега работиме токму на оваа тема за да изнајдеме соодветни решенија, кои беа побарани од нас на тендерот. Треба да одговориме соодветно на нашите обврски и услуги по продажбата и да најдеме решенија за резервните делови што би биле потребни во иднина.
Од еколошки аспект, колку овие автобуси ќе влијаат на загадувањето на воздухот?
- Еколошките стандарди се основа на нашата компанија и нивното почитување се однесува на целокупниот процес на производство. Моторот што ќе го користат новите автобуси е евро 5. Овие мотори како стандард се усвоени од западна Европа и веруваме дека со нив воздухот ќе биде помалку загаден, бидејќи тие се многу поеколошки од сегашните.
Каде се' се возат вашите автобуси?
- Во светот се возат повеќе од 200.000 автобуси на „Јутонг“. Тие сообраќаат по високите планини во Тибет, на минус 50 степени во северните делови и на плус 45 степени на југот од Кина, потоа во бразилските дождовни шуми, во зимскиот Сибир, во топлата Куба, во африканските савани - секаде функционираат одлично.
Ние држиме 25 проценти од пазарот во Кина, каде што функционираат повеќе од 300 компании за производство на автобуси.
Анела Петрова
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#579 Posted: 21-Apr-2010 at 23:20 |
- Во нашето досегашно искуство немаме случај кој би ги потврдил овие стравувања. Доколку ги земеме за пример Лондон и Хонг Конг, кои користат двокатни автобуси, ќе видиме дека досега немале инцидент како тој што го споменавте. Затоа може да кажеме дека овие тврдења се само претпоставки, кои не се базираат на докази и на реални ситуации.
http://www.youtube.com/watch?v=nidvGiFh9D4&feature=related
ВЕ МОЛАМ погледнете го ова. Чист доказ на фактот дека двокатните се превртуваат многу лесно (во случајов без директен удар од другото возило). Да тврдиш дека ова е изолиран случај, а не па и дека никогаш не се случило е просто апсурд. Мислам не сме во ерата на Чаушеску, та Секуритате да ни го формира мислњето! Отвори интернет и ќе се информираш за се. ЈАЗК ЗА НОВИНАРОТ ШУПЛИВ!
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#580 Posted: 21-Apr-2010 at 23:22 |
Интересен текст..освен ако Clo не го скине се зезам, се зезам.. 
Двокатните автобуси отсекогаш беа атракција

За Душко Коцевски, возач на некогашните „лејланди“, вистинска радост е купувањето нови двокатни автобуси
Снежана Калабакова
Деведесетгодишниот Душко Коцевски-Борац, веројатно, е еден од последните живи возачи на некогашните двокатни автобуси во Скопје. Се радува што повторно низ скопските улици ќе види двокатни автобуси и со нетрпение ги очекува. Многу би бил среќен да може, онака, од задоволство да повози еден и да се потсети на радоста кога првпат седнал зад воланот на некогашните лондонски „лејланд“ и „аец“. Жали што во градот се' уште нема трамвај, бидејќи скопјани го посакувале уште откако ја почуствувале удобноста на превозот со двокатните автобуси.
Овој професионален возач со 41 година работен стаж, од кои една деценија во некогашниот градски сообраќај на Скопје, смета дека и сега, исто како и тогаш, двокатните автобуси ќе бидат права атракција. Искуството не му дозволува да се сомнева во нивната стабилност, ниту дека ќе има проблем со нивната висина за да поминат кај подвозниците. Смета дека ако тогаш двокатни автобуси се возеле низ улици што биле поплочени со коцка и биле стабилни дури и кога превезувале повеќе патници од дозволениот број, нема да има проблем ни сега кога ќе се возат по асфалтирани улици.
Како професионален возач, Коцевски ја пропатувал половина Европа, Грција, Бугарија, Русија, Германија, Холандија, Белгија, Италија, каде што најчесто превезувал портокали и јагнешко месо за Велигденските празници. Се пензионирал како вработен во „Македонија табак“. Во Скопје дошол од Кумановско, во 1940 година, кога градот имал 50-ина илјади жители, непоплочени улици и малку автомобили. Првото вработување му било во претпријатието за превоз на патници „Автопролетер“. Имал возачка дозвола од трета класа, сегашна Б-категорија, а возел камион. Му требале четири години практика за да може да полага за Ц и за Е-категорија, а потоа уште седум за да стаса до возач од прва класа, или сегашна Д-категорија. Две години возел и за „Гранит“ во периодот кога се градела пругата Ѓорче Петров - Гостивар и исто толкав период за „Бетон“.
„Некаде во 1954 или 1955 година во ’Градски сообраќај‘ стигнаа околу 13 лондонски двокатни автобуси. Преку тогашното министерство за сообраќај не' побараа сите колку што бевме, триесетина возачи со дозволи од прва класа. Беше преубаво чувството кога преку широките платформи прв пат влеговме во речиси новите возила, оти само десетина години биле возени низ лондонските улици. Секој сакаше да се качи во нив, особено на платформата. Возилата беа регистрирани со четирисет места за седење на катовите, но за стоење качувавме и по 150 патници. Оти сите што службено или приватно доаѓаа во Скопје имаа мерак да се качат во двокатните. На станиците намерно се пропуштаа да поминат нископодните, а луѓето чекаа да се качат во двокатен автобус“, се присетува Коцевски.
Возел двокатен автобус на линијата број „53“, која и тогаш сообраќала до Катланово, но бил и на „52“ за Петровец, потоа на „4“ која имала траса како сега „24“ до Кисела Вода. И тогаш „2“ тргнувала од Автокоманда и возела до плоштадот. Возачите во „Градски“ носеле униформи, зиме темни, а во лето посветли. Коцевски раскажува дека патниците строго внимавале на хигиената, бидејќи автобусите имале тапацирани седишта, кои биле чисти, незамрсени. На постојките се појавувал автобус на секој половина час или на дваесетина минути. Возилата многу ретко се расипувале, но имало резервни делови и веднаш се поправале.
„Се сеќавам дека ’2‘ возеше од Автокоманда, кај ’Континентал‘, потоа долу покрај Вардар кај сегашна Македонска телевизија, преку мостот кај ’Холидеј ин‘ и покрај Вардар до плоштад. Улиците беа тесни и поплочени со калдрма. Веднаш по првото возење во двокатните автобуси, патниците почнаа да зборуваат дека тоа било благодет, па дека би било убаво да има и трамвај. Кога во 1957 година ги дадоа на Сараево, многу луѓе жалеа“, објаснува Коцевски.
Додава дека како што се зголемувал бројот на едноподните автобуси, така се барале се' повеќе возачи, а бидејќи ги немало, на обука биле пратени шеесетина трактористи повикани од земјоделските задруги.
Иако, во меѓувреме, почнале масовно да се користат нископодни автобуси, како што се присетува возачот Душко Коцевски, скопјани никогаш не ги заборавија двокатните. Новите автобуси, кои допрва треба да дојдат од Кина, ќе го вратат минатото и носталгијата кон старо Скопје. Кој знае, можеби и на Борац ќе му се исполни желбата уште еднаш да седне зад воланот на автобусот.
|
 |