![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3132333435 159> |
Author | ||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
se slozuvam so isl.so tie 15 ml evra treba da pocnat da go gradat tunelot pod plostad.vo megjuvreme kje baraat sredstva zaemi kje kratat od neproduktivni trosoci.mora rabotata od nekade da trgne.mene mi izgleda deka nasive gradonacalnici,premieri se plasat da pocnat golemi proekti.a i ako go pocnat tunelot pod plostad kje nema pari za spomenici i slicni gluposti.treba da se fatat za rabota a ne samo da se zalat deka nemalo pari
|
||||||
![]() |
||||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|||||
Не велам дека јас го понудив најпаметното решение. Само дискутираме... не видов добри аргументи зошто клучка кај Маворвка (дали ќе биде детелина, со кружен тек кој зафаќа најмалку простор, дијамант или нешто друго не е битно), не би чинела?
А овие аргументи, ќе копаме тунел, па до кај стигнеме... ех, па тоа па? Како инвеститор на зграда да каже, имаме пари за првиот спрат, па да се надеваме дека ќе се најдат и за другите 6. Не се прави така, без разлика колку нас би ни импонирал еден импонзантен проект како тунел, итн. |
||||||
![]() |
||||||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|||||
Тотално се сложувам со аргументите на Кловер, едноставно затоа што тунелот под плоштад Македонија го одзема целиот притисок на раскрсницата Мавровка, во насоките исток-запад (Карпош/Центар - Аеродром/МТВ). Сметам дека раскрсницата кај Мавровка има неколку главни насоки на движење: бул. Гоце Делчев (Мост) - бул. Гоце Делчев (МТВ), бул. Гоце Делчев (Мост) - бул. Крсте Мисирков (Бит Пазар), бул. Крсте Мисирков (Бит Пазар) - бул. Крсте Мисирков (МАНУ) и обратно, како и бул. Крсте Мисирков - бул. Гоце Делчев (Мост). Сепак во рамките на овој простор од исклучително комуникациско, транспортно, општествено но и естетско значење (оваа раскрсница и нејзината околина јас ја сметам за најубавата во Скопје), не треба да се заборави и визуалниот ефект на голема клучка во форма на дијамант. Тоа е клучка на 3 нивоа, со големи лакови и столбови, со еден збор многу бетон на мало место опкружено од важни и убави згради. Исто така сметам дека оваа точка никако не смее да биде изоставена надвор од евентуалната мрежа на брзиот шински (подземен) транспорт на Скопје. Затоа јас предлагам едно сложно подземно решение за оваа раскрсница, кое морам да напоменам би се реализирало по изградбата на заобиколните проекти, заложени во ГУП (тунелот под пл. Македонија, мостот кај Владата и 3те градски магистрали) и при утврдувањето на евентуална потреба и изплатливост:
![]() Сметам дека главните насоки на двиење на оваа раскрсница по изградбата на примарната мрежа би биле север-југ и исток-заоад, односно насоката право на раскрсницата. Исто така се јавува огромна потреба тука да поминува и метро-трамот (кој го вцртав како што го предложив во Скопје 2020), поради значајот на локацијата. Водејќи сметка за естетските и функционалните компоненти, сета инфраструктура ја споуштам под земја, на 3 подземни нивоа, до -20 метри. ЖОЛТА - со оваа боја е означен метро-трамот на линијата 2 кој оди подземно на -8 (или -9) метри, односно на прво подземно ниво (-1). ТЕМНО ЛИЛАВА - го означува тунелот (кој освен во делот на свртувачкото тркало се поклопува на север под бул. К. П. Мисирков со тунелот на трамвајската линија 2), на тролејбуската подземна линија 6, од планот Скопје 2020. Исто така се работи за подземното ниво -1, на 8 или 9 метри под земјата. РОЗЕВА - се обележани подземната станица, односно платформите за патници по линиите 2 и 6 на брзиот транспорт, како и подземните премини за пешаци, кои ги сврзуваат тротоарите на земјата. ЗЕЛЕНА - обележани се тунелите за автомобили (по две коловозни ленти во секоја насока), во насока север - југ, долж бул. К. П. Мисирков, кои се положени на второто подземно ниво, на околу -14 или -15 метри. ЦРВЕНА - обележани се тунелите за автомобили (по две коловозни ленти во секоја насока), во насоката исток - запад, долж бул. Гоце Делчев, кои се положени на третото подземно ниво, или на околу -19 или -20 метри. Тунелот започнува кај најниската точка под стоковната куќа Мост и постепено се спушта на -20 метри, избегнувајќи ја раскрсницата кај стоковната куќа Илинден. Истиот повторно понира на нивото на земјата по раскрсницата кај МТВ и со тоа практично застанувањето по целата должина на булеварот Гоце Делчев (од Владата до Саемот) е избегнато и се елиминираат 3 семафорски раскрсници. Потоа, на ниво на земјата, односно преку семафори би се регулирало само вртењето в десно (на кое припаѓаат само два семафорски брана, кои наизменично би се менувале), а вртењето во десно е секогаш слободно. Се разбира знам дека ова е доста поскапо решение (но според мене не повеќе од двојно, или околу 30 милиони евра), од евентуална клучка, која освен што естетски е неприфатлива за околината, не ги елиминира раскрсниците кај МТВ и стоковната куќа мост. Според мене доведени се во прашање стандардите за клучка со брзина на градска магистрала (60-80 км/ч), на оваа раскрсница, односно поради економија на средства или незнаење, да ни се повтори суб-стандардна клучка како на Бит Пазар (односно ова не би можел да го наречам клучка или решение на проблем). |
||||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||||||
![]() |
||||||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|||||
И да го искоментирам предложениот кружен тек за раскрсницава: Тука се вливаат 16-20 коловозни ленти од четирите булевара, така што би требало да се оди со многу голем радиус и профил на истиот (според мене над 4 коловозни ленти на кругот). Дали за тоа има место? Според Гугл Радиусот од центарот на раскрсницата, до првата најблиска зграда (НУБ) е околу 60 метри. Ако кажеме дека на коловозните ленти отпаѓаат 25 метри, останува радиусот од центарот до почетокот на коловозите (централниот зелен дел) да е 35 метри. Исто така, како што беше споменато е дека сите насоки имаат скоро еднаков проток на возила по изградбата на примарната градска мрежа, така што менување од прва до петта коловозна лента на толку кратко растојание е многу тешко и опасно. Последно на листава, но никако како последен фактор е нашиот менталитет и возачката (не)култура. Ние неможеме да се споредуваме со Прага, не само по обемот на сообраќај, туку и по начинот на возење и давање на предност. Според мене би било адекватно да се споредиме со кружните текови во Букурешт (како оној на Пјаца Унирии). Не само што има навистина сличен проток на возила кај Мавровка, туку и начинот на возење е многу сличен. Еве како тоа изгледа таму, макар што знам дека дел од сликиве веќе беа постирани, но не е лошо да се потсетиме:
![]() ![]() И ноќе се гледа, кога сообраќајот е далеку помал, дека ова решение неможе да смогне сили и да го реши метежот иако се работи за ток со 4-5 ленти: ![]() Edited by Andrej_LJ - 01-Mar-2010 at 21:49 |
||||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||||||
![]() |
||||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|||||
Ја не знам што толку сте запнале за Мавровка. Мислам дека доста се растерети таму хаосот со проширувањата како и со мостот кај Саем, клучката кај Континентал и новото решение кај Пластичарска. Многу поголем хаос и (приоритет според тоа) ми изгледа дека е централниот дел, од Рампа до НМ/Црква па и до Рузвелтова. Во 5 саат има колона од Треска до Католичка, а многумина ги закрчуваат маалските улички накај Универзална во обид да се пробијат накај Карпош. На Партизанска исто се случуваат колони од Рузвелтова до Буњаковец. А насабајле се случува кај Алумина да има колона до студентскиот Гоце Делчев. Накај Аеродром одам 1-2 пати неделно после работа и не сум приметил некоја голема гужва кај МНТ/Судска како на другиве што спомнав. |
||||||
![]() |
||||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|||||
Андреј, предлогот ти е фантастичен. За жал, за некое друго време и место.
Втора работа што некако се провлече, дали од нејаснотиите кои ги нафрли Кловер. Мавровка во никој случај не би била само кружен тек, туку ДЕЛ од неа би бил кружен тек, а дел би одел под кружниот тек (ова е само предлог за размислување). Така, претпоставувам дека 30% од сообраќајот не би се качувал на кружниот тек воопшто, а можеби и повеќе во зависност колку доминира правецот СЌ Мост - МТВ. Андреј гледам дека имаш многу добри идеи и замисли, само ти недостасува една работа - допир со реалноста. Јас поставив едно прашање што само еден член се обиде да го одговори, а тоа е: имаш 15 милиони евра - како ќе ги потрошиш за највеќе што се може со тој буџет да му се помогне на сообраќајот во Скопје? |
||||||
![]() |
||||||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|||||
@Крале
Веднаш да ти одговорам затоа што имам одговор, а сум заборавил претходно. Најмувам на меѓународен тендер етаблирана и релевантна проектантска куќа од областа на сообраќајот, која ми прави целосен проект за примарната градска мрежа. Потоа најмувам консултантска куќа, која би ги бркала евро-фондовите (од кои сега на големо молзат многу балкански градови, на чело со Грција и во тоа нема ама баш ништо лошо). Ако остане некој денар би ги упатил кон отуѓување на приватно земјиште и имоти по трасата, за да стане чиста. Со готов проект и чист терен, изградбата би можела да започне во секој момент, кога ќе се обезбедат пари за тоа. Извини ама грешно ти е мислењето дека нема пари. Штом можат да се градат стотици бесцелни тениски и секакви игралишта, за Скопје 2014 веќе јасно се изјавив, тогаш за ваков проект кој влиаје на секој трет жител на Македонија директно, пари ќе се најдат делумно од фондови, делумно од кредити и делумно од владино финансирање. Потоа сакам да те запрашам зошто си мислиш дека немам допир со реалноста? Јас сум свесен дека ние во моментов не сме кадарни ни автобус да одржуваме, но зарем не треба усилено да се работи на подобрувањето во секој аспект? Зарем не мислиш дека премногу касниме и дека со шминкање нема никогаш да ги наваксаме ниту соседите? Мислам дека декади наназад покажаа дека со делумни и ад-хок решенија всушност ништо не постигнуваме, туку уште повеќе додаваме сол на раната? Подобро е да се реализира еден вистински сложен и скап проект (според мене највисок приоритет е тунелот под Плоштадот), отколку 5 глупави (како нпр. клучката Бит Пазар)!? Потоа, мислиш дека проблемите на градовите се решаваат лесно, брзо и ефтино? Се изработува план (и ние си го имаме де) по коишто се работи во следната деценија - две. Инаку решението кое ти го нудиш, исто така опфаќа тунел, но само еден, односно веројатно во насоката исток- запад и забораваш дека исто токлу оптоварен е и сообрачајот во насока север - југ по бул. Крсте Мисирков. Еве едно слично решение на твоето (во далеку покомплицирани услови) кое моментално се гради во Софија: Опфаќа раскрсница на 3 нивоа (значи 0 , -1 и -2), преку која поминува река и трамвајски линии, а под самата раскрсница се наоѓа нова метро станица Лавов Мост на МД2, кон која водат 5 подземни премини за пешаци од сите страни на раскрсницата. ![]() ПЛАНОТ: ![]() За појаснување (-1 ниво - автомобилски тунели): ![]() - 2 ниво - метро станица со пешачки подлези: ![]() Епа штом Софија го може, зошто и ние да не го можеме? Не станува збор за Токио или пак некаков невиден и сложен зафат! Вакви подземни клучки и тунели има низ целиот развиен свет во многу помали градови од Скопје, а камо ли столици. Така што во денешно време (особено пак во Скопје каде проблемите се таложеле без решение со децении) нема ефтино, брзо или едноставно решение. Јас сепак не мислам дека сум од Хаити и знам дека ние имаме капацитет (знаење , волја и средства) да го направиме Скопје убаво место за живеење. Со 15 милиони и самиот знаеш дека тоа е невозможно. И би се согласил веројатно дека е крајно време огромни пари да се налејат во скопската инфраструктура и дека со мали шминкања ништо нема да постигнеме! |
||||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||||||
![]() |
||||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
|||||
кој јунак ќе се најде за инфраструктура да фрла камен!?! ајде после 2014 посекако ќе следи проект скопје 2020!?! но не до толку амбициозен како на Андреј! ~ јас како и претходно што заговарав кога и првиот пат се спукавме со кло околу надвозниците, значи за скопје најбрзо најбезболбо решение е клучка на секоја поголема раскрсница колку и тоа да делувало неизводливо! јасно мора комплетирана примарна мрежа, како мост на бул.АСНОМ но и клучка кај саем, но и клучка кај мавровка, но и клучка кај пошта, па и кај влада т,е, илинденска итн. а онаму каде се влеваат колекторски улици прост надвозник чисто колку да можат да поминат возила, пример за чаршија, за фонтана итн. посекако приоритет е тунелот под плоштад, но исто битно е да се затвори рекорд а со ваквите закрпи како клучки да се измести тежиштето од центар и да се префрли одоколу, тука јасно потребни се и клучки кај рампа и кај нома како дел од јужен, горе доле речиси цела примарна мрежа, но не баш, сепак за непречен проток потрени се клучки на секој ќош што би се рекло, тоа значи и предвидената кај нбм и една (без можност за лево во два правци) кај црвен крст... ~ во принцип не се работи дали и колку ќе се дисперзира одоколу сообраќајот туку колку истиот ќе се направи проточен! од тој аспект прв но скромен чекор е најавата за физибилитка за клучка кај мавровка! нешто што се надевам ќе следи и за цел голем ринг натака! единствено дискутабилно е колку сето ова би било естетски вклопливо и колку за вакво нешто имаме капацитет во еден здив да го изведеме, а да не заглавиме со крпење наредните 20 год. |
||||||
![]() |
||||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|||||
@Andrej
Фантастичен начин да се потрошат 15 милиони. Навистина ти симнувам капа - ова е дефинитивно најдобриот предлог што сум го слушнал. Од друга страна, мило ми е што и двајцата (ти и макс) сепак сте свесни дека клучка кај Мавровка е корисна, а мислам дека може и естетски да се изведе (примерот од Софија е навистина и естетски прифатлив). |
||||||
![]() |
||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
|||||
Кружните текови заглавија во тендерските кругови Предвидените 40 милиони денари за кружни раскрсници, нема да се потрошат
Осумте кружни раскрсници со кои градските власти ќе го растоваруваа сообраќајот нема да се реализираат ни годинава. И покрај тоа што за кружен тек кај Католичка црква се зборува со години, постапката е заглавена во бесконечното тендерирање. Иако во буџетот за годинава има 40 милиони денари за оваа намена, сепак, ни во локалната самоуправа не се големи оптимисти дека ќе почнат да ги трошат.
Освен кај Католичка црква, како приоритети, градската власт ги оценила и кружните текови на улицата „4 Јули“ со „Партизанска“ во Ѓорче Петров, на улиците „16 Бригада“ и „Коце Металец“ во Железара, како и меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и улицата „Никола Карев“ кај Тутунски комбинат. Покрај овие четири локации, Градот има подготвено идејни решенија и за „Босна и Херцеговина“ и „Александар Урдаревски“ во населба Бутел, потоа две кружни раскрсници на улица „Втора македонска бригада“, едната со улицата „Лазо Трповски“, а втората со улицата „Кемал Сејфула“ во Чаир. Последната кружна раскрсница се планира на пресекот на улиците „16 Бригада“ со „808“, кај објектите на Пиварница и „Алкалоид“ во Автокоманда. Моментално Градот Скопје бара проектанти кои би направиле изведбени решенија. Иако градежната сезона е на прагот, веројатно ќе биде испуштена, затоа што по изработката на финалните проекти ќе треба нов тендер, овој пат за изведувачи. Во Градот засега не се сигурни ниту која од осумте најавени кружни раскрсници прва ќе се реализира, дали ќе се тендерираат сите заедно или секоја посебно ниту, пак, пред да се направат конечните проекти може да направи каква било финансиска рамка колку ќе чинат тие.
„Градот моментално го завршува тендерот за избор на проектанти за инфраструктура и нискоградба. По изборот фирмите ќе треба да ги изработат изведбените решенија за проектите што се предвидени со буџетот, каде што влегуваат и кружните текови“, информираат од Градот. Оттаму велат дека конечните проекти ќе покажат колку ќе чини изградбата, какви се имотно-правните односи на локациите, по што ќе се утврдат приоритетот и динамиката на нивната реализација. (С.Н.) Edited by SkyBoy - 06-Mar-2010 at 01:10 |
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
Досега не се сеќавам да се ставила Самоилова на дневен ред.
|
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
|
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
|
||||||
![]() |
||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||
Да ја имаме и тука веста за изградба на мостот и околните сообраќајници. Е сега се вели подолу дека мостот е оној од ГУП-от, така а не е тој што директно води копн комплексот, туку е овде 41°59'37.64"N 21°27'42.57"E.
Edited by lslcrew - 17-Mar-2010 at 01:31 |
||||||
![]() |
||||||
lupo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Nov-2009 Online Status: Offline Posts: 434 |
![]() ![]() |
|||||
znaete od prilika koga ke pocne izgradbata po partizanska, i kolkava e sigurnosta za tramvaj zasto gledam skoro na sekoja skica ja stavate linijata
|
||||||
![]() |
||||||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|||||
lubo, еден убав ден
![]() Многу далеку сме од тоа ! |
||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||||
![]() |
||||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|||||
Памтам дека некој имаше спомнато дека сите тие булевари Србија, Војводина, Босна и Херцеговина и Словенија се всушност дел од еден прстен замислен во минатото, кој треба да ги содржи сите републики и покраини на СФРЈ.
Епа со виша математика успеав да пресметам дека ни фалат уште бул. Косово, бул. Хрватска и бул. Црна Гора (веројатно бул. Македонија не бил планиран, или се лажам?). Сега постоечките ги знам и ги наоѓам на мапата, но дали некој би сакал да биде љубезен и да нацрта (ако знае) каде би требало да се наоѓаат овие 3-4 што недостасуваат? |
||||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||||
![]() |
||||||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|||||
![]() Колку што знам бул. Македонија е официалното име на Јужниот булевар. Инаку постојат и бул. Хрватска и бул. Црна Гора иако не се баш булевари и треба допрва да се прават и дооформуваат. Инаку сакам да покренам едно прашање. Сметате ли дека дојде времето кога треба да се вовоеде реципроцитет во именувањето на улиците? Знам дека во Белград има ул. Македонија и тоа централна, така што бул. Србија не ми е спорно. Но, бул. Војводина или се друго (можеби Словенија како најголем наш поддржувач, но во Љубљана нема со сигурност ул. Македонија) сметам дека треба да се преименува. Сепак колку и да се трудиме, нас овие земји не ни се ништо за да се именуваат главни булевари со нивните имиња. |
||||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||||||
![]() |
||||||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
|||||
Булевар Македонија (или Јужен Булевар) не е дел од прстенот Југославија, ама треба да се спојува со него (барем кај делот со булевар Србија). Булевар Косово (и Метохија) воопшто не е планиран. Булевар Хрватска треба да ги спои Војводина и Босна и Херцеговина, поминувајќи покрај населба Железара, меѓутоа тука една (или две) згради пречат. Булевар Босна и Херцеговина треба да се прошири со по уште две ленти на северната страна. Општина Бутел најави дека најверојатно идната година ќе се почнел проектот. Булевар Словенија е до пола изграден. Треба да помине јужно од Бардовци и да се спои со сегашната улица Црна Гора, која треба да сруши еден куп куќи за да стане правилен булевар. Дај ми 15 минути, ќе ти нацртам на мапа. EDIT: Еве ја мапата ![]() Edited by alexgizh - 15-Apr-2010 at 15:28 |
||||||
![]() |
||||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|||||
Фала многу за супер-корисните информации! Не би било лошо во вестите на порталот кога се споменува бул. Србија да се напише и збор два за оваа работа. Не верувам дека сите слушнале за ова.
P.S. Бидејќи бул. Словенија ми изгледа прилично подолг од другите, можно е тој делот што викаш дека треба да се продолжи накај Бардовци да не е бул. Словенија, туку бул. Косово и Метохија? Сепак нема логика ако ги има сите републики да не планирале бул. Косово. Edited by гитардемон - 15-Apr-2010 at 16:58 |
||||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3132333435 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |