build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2930313233 329>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [53.93%]
83 [43.46%]
5 [2.62%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #601 Posted: 17-Apr-2010 at 18:36
oficialno e ova:
ovde falat nekolku zgradi ama aj....
 
Muzeu kombetar= narodniot muzej
Sheshi skenderbeu= plostad skenderbeg
Teatri i operes the baletit = opera i ballet
lulishtja, keshili i evropes= park i stoznam nesto od evropa hehe
znaci se raboti so 3 fazi (plostadot e deloeno vo 3 parcinja za da nema chaos)
inace ovde se kazuva kade moze da se voli i kade ne
 


Edited by my Macedonia - 17-Apr-2010 at 18:37
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #602 Posted: 17-Apr-2010 at 18:41
Знали позади Скендербег ќе има паркче. За самиот плоштад навистина немам претстава како ќе изгледа од ова (со што ќе се поплочува итн).

Моја главна замерка е дека и понатаму ќе се дозволува сообраќај околу него. Мислам дека Тирана мора да пресече и овој дел да го претвори во комплетно пешачка зона (евентуално да влегува јавен превоз само).

Веројатно и во Скопје ќе беше полесно за возење доколку плоштадот уште беше прооден за коли но градот немаше да биде тоа што е нели?

Во секој случај среќно на Тирана па ќе го следиме прогресот на изградбата.
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #603 Posted: 17-Apr-2010 at 19:46
Originally posted by Dragan

По мене модерно Скопје прилега модерна архитектура.
 
АПСОЛУТНО !!!
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #604 Posted: 17-Apr-2010 at 19:54
Многу некако го наџиџаа плоштадот со згради. Плоштадот моментално претставува наширокиот простор во Тирана во радиус од неколку км заедно со уште еден парк што е во негова близина колку и да изгледа грдо. Е сега дали вреди да се стеснува тој простор уште повеќе ... Да не знаете што ќе биде таа скалеста зграда (мене многу ми е чудна)
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #605 Posted: 22-Apr-2010 at 20:18

ПРВАТА ИЗЛОЖБА НА СИЛИКОНСКИ СКУЛПТУРИ ВО МАКЕДОНИЈА ОТВОРЕНА ПРЕКСИНОЌА ВО КИЦ

Пред барокот, Башески го донесе 21 век во Скопје

Само три скулптури ја сочинуваат изложбата "Линк" на вајарот Жарко Башески, која прексиноќа се отвори во Културно-информативниот центар во Скопје. Воодушевување кај публиката. Коментарите се дека ова е вистински погодок на Башески, кој е во центарот на вниманието на јавноста зашто ги направи скулптурите на Гоце Делчев, Даме Груев и на Кирил и Методиј од владиниот проект за Плоштадот, кои набргу ќе бидат поставени.
За првпат во Македонија Башески донесе концептуална уметност која одамна е присутна во светот, а тоа се скулптури од силикон кој, како што вели самиот, е најсовремениот материјал, лесен, ефектен и практичен за работа. Донесе нов пристап на моделација со хиперреалситична техника. Како што ни рече историчарката на уметност Маја Чанкуловска - Михајловска, воопшто е реткост кај нас да видиме скулптура на човечка фигура, а камоли со овој, за нас нов пристап. Проектот има два предимензионирани човечки портрета, и еден минимизиран автопортрет. Башески ни објасни дека тој е само врската меѓу двата лика кои ги одбрал за темата човештво со која се занимава. "Авторот размислува и е загрижен за обичниот човек кој се бори да излезе, да се ослободи и, преку метафората за Филип како колективна потсвест, е загрижен за историјата, ги има стравовите од прашањата дали ќе нè биде, што ќе биде?", ни рече Башески, кој на проектот интензивно работел 4 години. (М. За.)

http://vest.com.mk/?ItemID=A60A56AB875D0E4E959F15C830FA6819

Една утеха судејќи по неговите вајачки способности е дека авторот на коњаниците сепак и неспособен, а испадна и дека не е анонимус. Сепак нормално тоа не е изговор за тоа што ни се сервира. Останува да се надеваме дека ќе бидат добро изработени.

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #606 Posted: 22-Apr-2010 at 23:40

„Скопје 2014“ не е продукт на демократијата

 

Двајца угледни виенски архитекти сметаат дека колку е поголем коњот, толку зад него се гледа празнина и изгубеност

Билјана Ангеловска

„Оваа архитектура што се предлага со ’Скопје 2014‘ сигурно не е продукт на демократија и на тоа дека народот што живее во Скопје има силна потреба од ваков израз. Ваков тип архитектура се јавува многу често кога владејачкото тело на една држава ја држи целата моќ во свои раце и се поврзува со архитекти и урбанисти што пристапуваат многу дивјачки на професијата“.

Вака накусо ги сублимираат своите првични впечатоци од планот за ребрендирањето на центарот на Скопје, Кристоф Луксингер, професор на Институтот за урбанизам на Техничкиот универзитет во Виена и неговиот колега Ерих Рајт, кои со уште 30-ина дипломци и докторанди на Виенскиот факултет се дојдени во главниот град. Тие работат студија за Скопје, за што деновиве во Мала станица ќе бидат одржани повеќе работилници. Во организација на „Форум Скопје 2010“, гостите од Австрија ги донесе Иван Мирковски, предавач на Институтот во Виена и на Американскиот колеџ во Скопје.

„Скопје е одличен полигон за обучување на идните градски планери, но е тежок за изучување. Прво, станува збор за екстремно интересен град на полето на урбанизмот, во насока на нови планови за развивање, додека за идните планери е многу важно дали ќе ги следат идеите на Кензо Танге, кои доаѓаат од едно друго соѕвездие или ќе пронаоѓаат други методологии. Мој личен аспект е дека на Скопје му е потребен голем публицитет во странство, за она што се случува тука. Потребна му е отворена, јавна дискусија, дебата што би се претворила во дискурс што му е неопходен на еден град“.

За Луксингер, Скопје како еден од градовите кои за него се' уште се непознати, на еден зачудувачки позитивен начин покажува голем степен на модерна архитектура и се разликува од сето она што досега го видел во другите градови на поранешна Југославија. Неговиот впечаток е дека големите зафати што ги планирал Кензо Танге оставиле печат на градот.

Професорот Рајт, пак, смета дека фрагментарното гледање на Скопје што го направил јапонскиот архитект е добро, бидејќи дава натамошни потреби за развој на урбанизмот. Според Луксингер, очигледно е дека во целата таа сложувалка замислите на Танге ја даваат главната структура на градот. Професорот Рајт се надева дека проектот „Скопје 2014“ ќе остане само мал фрагмент во концептот на Танге.

„Не е главно прашање дали проектот е контра Танге или не, туку како моментално влијае на градот и го менува. Овој план, пред се', има просторни проблеми, бидејќи уништува постојни простори што носат огромни квалитети. Најтрагичен пример за мене е заградувањето на фронтот на реката Вардар од левата страна и затворањето на просторот пред МНТ, со што се уништува еден објект како што е МНТ, кој е апсолутно пример за најдобра градба од европската модерна архитектура“, констатира професорот Кристоф Луксингер.

Проектот за Скопје има и една друга димензија, емитацијата на стар, одамна изумрен стил, наспроти модерната футуристичка архитектура што денес се планира во светот. За Ерих Рајт отсликувањето на антиквизацијата во сите новоизградени објекти нема никаква порака, светот нема никако да реагира, зашто тоа е нешто што е познато, нешто што се случило и поминало. Тој смета дека преку такво планирање се става во позадина сета позитивна архитектура и идеја што ја има градот, вистинската и модерна архитектура се затскрива зад кулисите на некоја вештачка антиквизација. Таквиот архитектонски израз не ја отсликува демократијата во творењето.

„Оваа архитектура што се предлага со ’Скопје 2014‘ сигурно не е продукт на демократија и на тоа дека народот што живее во Скопје има силна потреба од ваков израз. Мене веднаш ми беше јасно дека тоа е најверојатно процес што почнал од одозгора, иако архитектурата почнува одоздола. Таа е процес за кој секогаш треба јавно мислење, дискусии, дебати за да се дојде до процес што ќе заврши горе. За жал, овој процес е почнат од горе и ќе заврши долу“, вели професорот Рајт и појаснува дека во светот често се случуваат вакви примери каде што архитектурата почнува да се претвора во масовен продукт.

„Од друга страна, пак, ваков тип архитектура се јавува многу често кога владејачкото тело на една држава ја држи целата моќ во свои раце и се поврзува со архитекти и урбанисти што пристапуваат многу дивјачки на професијата. Тоа, според мене, би била најдобра формулација на најлошиот можен вкус во секој смисла во однос на политиката и на оној што е градител на сево ова“, надополнува Рајт.

Архитектите вообичаено велат дека објектите ги одразуваат чувствата и пренесуваат некаква порака. Но, очигледно, тоа не е секогаш така. Предвидената триумфална порта за австриските професори не отсликува ниту чувства ниту, пак, триумф. За нив таа претставува барање некаква слика, потрага по идентитет за кој некој мисли дека е изгубен.

„Таквиот тип барање идентитет преку реплицирање на нешто што се случило во светот, не знам како би можело да функционира. Се става под прашање каков триумф и зошто“, е ставот на Рајт.

За него сево ова што сега се гради во Скопје, секако, ќе остави трага и порака до идните генерации. Тој смета дека овие објекти го носат времето на оваа политичка структура и на денешната структура на население. Но, од друга страна, тој е категоричен дека овие објекти носат порака за една несигурност.

Рајт вели дека колку е поголем коњот толку зад него се гледа празнина, изгубеност и несигурност во планирањето. На самиот раб на влезот на Македонија во ЕУ се забележува дека државава се обидува да пренесе порака до Европа дека и Скопје е европски град, и тоа преку една фасада, предница со која Македонија треба да се претстави. Но, во тој процес има и други земји што чекаат да влезат, како, на пример Турција, која, како што појаснуваат виенските професори, носи еден архитектонски израз кон кој Европа е многу ориентирана денес, а не кон нешто што го веќе имала и го ставила во музеј. Оттаму, не смее да се заборави дека со една таква презентација, идејата што ќе ја пренесува Скопје, ќе стави во заборав дел од сложувалката, која за Европа е незаборавна и многу позитивна, а на нејзино место ќе постави нешто што Европа не ја интересира.

„Значи, нас, како странци, но, пред се', како професори и студенти по архитектура од еден европски град, овде ни е многу поинтересно кога ја гледаме Старата чаршија, па дури и населбата Шуто Оризари, отколку триумфалната капија“, заклучуваат виенските архитекти Ерих Рајт и Кристоф Луксингер.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #607 Posted: 23-Apr-2010 at 13:39
Во весник видов тендер излегол за зградата на Агенција за Електронски Комуникации. Тоа е онаа зграда во форма на триаголник што треба да дојде всушност пред Комерцијална Банка, меѓу кружната зграда и Археолошкиот Музеј.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #608 Posted: 26-Apr-2010 at 23:14
„Скопје 2014“ ќе стане мултиетнички

Проектот „Скопје 2014“ од етноцентрички ќе стане мултиетнички проект, изјави Ермира Мехмети, пратеник од ДУИ.

„Дебатата не е затворена и, според тоа, нема конечен договор како ќе изгледа. Се води дискусија, се прават напори да се дефинира таков модел на Скопје 2014 што ќе биде одраз на реалноста во Република Македонија, а таа е мултиетничка, мултијазична и мултиконфесионална“, истакна Мехмети. (П.Р.)
 
 
Што да не, само да не вадите рамковен на маса и за ова. На крајот на краиштата во тие историски времиња за кои се однесуваат музеите, спомениците итн структурата на населението не била како денес. Сакам да кажам, се надевам нема да пресметуваат проценти на застапеност на културно-историски обележја, па во интерес на денешната процентуална застапеност на некои заедници, да се бута и шуто и рогато..
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #609 Posted: 26-Apr-2010 at 23:55


За тоа ли скокаа? Не најдоа некој друг проблематичен аспект?

И одеднаш СК2014 стана подобен. Одлично... До сега имавме тешка глупост, а сега ќе имаме мултиетничка тешка глупост. Ама глупост си е глупост   Bash




Edited by Cloverstack - 27-Apr-2010 at 19:50
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #610 Posted: 27-Apr-2010 at 21:19
Originally posted by Cloverstack



За тоа ли скокаа? Не најдоа некој друг проблематичен аспект?

И одеднаш СК2014 стана подобен. Одлично... До сега имавме тешка глупост, а сега ќе имаме мултиетничка тешка глупост. Ама глупост си е глупост   Bash




За партиите нема ништо подобро од што е можно повеќе гласови и подобри шанси да се остане на власт...................а средствата за остварување на спомнатите цели е тотално небитно дали се логични, имаат смисла односно навистина се во полн интерес на останатите граѓани
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #611 Posted: 27-Apr-2010 at 21:39
Originally posted by Cloverstack



За тоа ли скокаа? Не најдоа некој друг проблематичен аспект?

И одеднаш СК2014 стана подобен. Одлично... До сега имавме тешка глупост, а сега ќе имаме мултиетничка тешка глупост. Ама глупост си е глупост   Bash


 
pa za toa, site alb. vesnici pisuvaa od manipulacija i diskriminacija, a deka e urbanisticka katastrofa nikoj ne spomna (osven jas vo forumovBig%20smile)
 
znaci poveke bea protiv poradi drugo nesto otkako urbanistickiot kic!! zalam, ne sum arhitekt ama urbanistickiot kic mi padne vo oci, ne e mozno da ne mu padnl nesto v oci, mislam luge se gleda, ke prosetas vo kejot i odma pred tebe zgrada?''' znaci ne e nesto vo red
 
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #612 Posted: 27-Apr-2010 at 22:12

ЌЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ ТРИ СКУЛПТУРИ НА АЛБАНСКИ ИСТОРИСКИ ЛИЧНОСТИ


ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договорија за проектот Скопје 2014

Од листата која ДУИ пред повеќе од еден месец му ја достави на ВМРО-ДПМНЕ, македонскиот коалициски партнер ги прифатил имињата на Неџат Аголи, Дервиш Цара и Пјетер Богдани


Коалициските партнери од власта ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ постигнале договор за поставувањето на споменици на значајни личности од албанската историографија на потегот на централното градско подрачје, дознава ВЕЧЕР од владини извори.

Во однос на поставувањето на одбележувањето на значајни лица и настани со споменични обележја, од урбанистички, функционален и културно-естетски агол, проектот Скопје 2014 е составен од три целини: Кеј на реката Вардар, простор пред Собранието и Плоштад Македонија. Нашите извори велат дека на секоја целина од Проектот ќе биде подигнат по еден споменик на значајни лица од албанската историја. Од листата која ДУИ пред повеќе од еден месец му ја достави на ВМРО-ДПМН, македонскиот коалициски партнер ги прифатил имињата на Неџат Аголи, Дервиш Цара и Пјетер Богдани. Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека историчарите кои ги консултирале при изборот потврдиле дека овие лица не се контроверзни и нема да предизвикуваат нарушување на чувствата на македонската етничка заедница. Истите извори немаа одговор за распоредот на спомениците во однос на урбанистичките целини на споменичните обележја. Се претпоставува дека споменикот на Неџат Аголи ќе биде поставен на плоштадот Македонија во близина на споменикот на Ченто. И двете лица настрадале во времето на Информбирото.

ВМРО-ДПМНЕ, додаваат нашите извори, се согласува и на Мостот на уметноста да бидат поставени скулптури на значајни личности од историјата на албанскиот културно-уметнички и научен живот. Покрај скулптурите на Блаже Конески, Ацо Шопов, Личеновски, Мазев, Мартиновски, Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Стеван Гајдов, и други врвни македонски уметници ќе бидат и спомениците на писателите и поранешни уредници во МРТ Шукри Раими, Неџати Зекири, Муртеза Пеза, Адем Гајтани. Владејачката партија сметала дека нема ништо лошо во фактот на мостот кој треба да го симболизира развојот на научната и културна мисла во Македонија да бидат поставени обележја на Албанци кои во исто време уживаат почитување во албанската етничка заедница.

Останува недоречено дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се согласи во рамките на Музејот на револуционерната борба, која пак е составен од Музејот на ВМРО и Музејот на жртвите на комунизмот, да бидат вметната и поставки на фигури и сцени од значење и интерес на Албанците во Македонија. Дознаваме дека начелна согласност и волја постоеле за вметнување на албанското историско дело во Македонија, во рамките на Музејот на жртвите на комунизмот, но и во делот наменет за револуционерите од ВМРО. Поставување на фигура на Џемо Хаса не било предложено, но и да било, тогаш од партијата на Груевски ќе било енергично одбиено. Условот кој пак ВМРО-ДПМНЕ го поставил за прифаќање на заложбата на партијата на Албанците во Владата, албански личности да бидат поставени во Музејот на ВМРО, е предлозите да бидат поврзани со историската борба на ВМРО или пак да имале значајна директна или пак индиректна улога во таа борба. Оттука, веројатно во Музејот ќе се најдат 1 до 2 восочни фигури на Албанци кои соработувале со ВМРО, потоа документи, артефакти, фотографии од тоа време, како и 4 до 5 уметнички слики со реален приказ на соработката и вистинити настани од тоа време.

Нашите извори велат дека ВМРО-ДПМНЕ размислува, во Музејот на револуционерната борба, покрај веќе предвидените, и за поставување на други фигури и сцени и од значење за другите етнички заедници кои живеат во Република Македонија.


Кои се историските личности кои ќе добијат споменик
Неџат Аголи (1914 - 1949) учесник во НОВ. По ослободувањето бил министер за социјални работи во првата повоена влада. Се залагал за еманципација на албанската жена. Во периодот на Информбирото е уапсен и мачен од УДБА.

Дервиш Цара (19 век) управник на Џеладинбег во Гостивар и водач на востание на албанското население против османлиската власт во ноември 1843. По задушувањето на Востанието бил заробен и во затворот му се губи трагата

Пјетар Богдани (1630 - 1689) е најоригинален писател на почетокот на литературата во Албанија.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #613 Posted: 28-Apr-2010 at 03:18
Ме изненадува што вака релативно тивко се извозе "решение", особено што знаеме дека кај нас вакви случаи може лесно да се доведат до која мера на закрвеност, бес и дивјаштво, ова мислам на етничко-политички план, макар што за мене ова е и небитно но за тоа на други форуми и места за дискусија, тука не. Немам воопшто проблем со тие личности, особено ме радува што еве гледам дека некои и учестувале во градењето на оваа држава како уредниците, а особено би сакал за пример нека служи Аголи и залагањата за еманципација на албанската жена, проблем кој до ден денешен се влече. Се надевам ќе послужат и како некоја школа, нели треба личностите што им поставуваме споменици да ни бидат и некое школо, а не само декларативно да стојат таму само затоа што се дел од историја или уште помалку само затоа што се дел од некоја етничка заедница. Искрено немам проблем со личностите пред се кога знам дека немаат конфликтни ситуации со македонската историја и не се работи за личности кои би биле насила протуркани како некоја форма на триумфализам од инает како што да речеме тоа би бил Хаса или некој сличен. Уште еднаш, стварно ме изненадува разрешницата, воопшто не личи на типичен домашен политички производ да вака се заврши некое "отворено прашање" на меѓуетнички план. Ама стварно не ми личи како да ова се случило на домашна политичка сцена.

Во секој случај ваквото импровизационо квотизирање дури и на културен план останува дамка.


Edited by lslcrew - 28-Apr-2010 at 03:45
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #614 Posted: 29-Apr-2010 at 23:54

Дупката на плоштадот како „туристичка“ атракција

И додека Уставниот суд ја одложи расправата за ДУП за Малиот ринг, со цел да се утврди фактичката состојба околу постапката за донесување на планот, градежната механизација ангажирана за ископ на дупката за механичката соба за фонтаната и споменикот на Александар Македонски, сé повеќе го привлекува вниманието на скопјани

 
 
 
Судот на вчерашната седница оцени дека треба да се утврди дали јавната анкета за последните измени на ДУП за Малиот ринг траела точно 10 работни дена, ако се знае дека планот бил јавно изложен од 24 декември минатата до 10 јануари годинава, период кога има повеќе празнични денови.

Кратерот е голем и минувачите не можат, а да не подзастанат и да ѕиркаат во него. Иако повеќето знаат дека се работи за изградба на машинската соба, во која ќе се смести механизацијата за фонтаната, сепак, некои и се сомневаат дека се работи само за фонтаната.

- Навистина сум зачудена од ова што се гради на плоштадот. Големата дупка дефинитивно не е за фонтаната. Не е можно да биде толку голема - вели Ана Марковска. LOL Не, не.. за бункер е. Big%20smile Дефинитивно. 

Од општината Центар објаснуваат дека се менува механизацијата што е потребна за да се постави новата фонтана.

Фонтаната на плоштадот ќе чини три милиони евра.
 
 
Брзо да го промовираме и овој туристички потенцијал. Што се нема да прочитаме по веснициве. LOL
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #615 Posted: 03-May-2010 at 12:50

Надојдениот Вардар го одложи поставувањето на фонтаните


Измените во проектите за фонтаните и надојдените речни води го одложија поставувањето на фонтаните во Вардар

 

 
%20  
Според најавите на Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар, фонтаните требаше да се постават кон средината на овој месец, затоа што тогаш водостојот на реката е најнизок. Но поради некои мали измени во проектите од општината нé информираа дека нивното поставување ќе се одложи. Според проектот, во Вардар ќе „никнат“ две фонтани. Едната ќе биде во линијата на театарот, а другата пред објектот на Уставниот суд. За изведувач на работите е избрана италијанската фирма „Ла моне мореда“, а финансиер е општината Центар.

- Изградбата на фонтаните ќе почне кон крајот на мај или почетокот на јуни -изјави Јовица Ацковски, портпарол на општината.

Од општината велат дека од фирмата што ќе ги гради добиле гаранција дека откако ќе се почне да се работи на теренот, фонтаните ќе бидат готови за седум месеци.
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=53101032285&id=14&prilog=0&setIzdanie=21973
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #616 Posted: 03-May-2010 at 13:00
Previous
 
Тоа се тие со висок водоскок што беа представени на визуализацијата "Скопје 2014" ?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #617 Posted: 04-May-2010 at 18:45

 

 

 

 

     

Скопје ита кон 2014 г., Белград бега од 1999 г.


Нашиот главен град не е единствениот во регионот на кого му се случуваат големи естетски промени - во српската престолнина полека ги снемува урнатините од бомбардирањата на НАТО пред 11 години, за кои Србите порано велеа дека треба да останат и да потсетуваат на агресијата

 
 
%20  

Знамето на Србија сé уште се вее од највисокиот дел на „Добровиќевиот генералштаб“, полуразурнат комплекс од над 50 илјади квадрати на аголот меѓу улиците Кнез Милош и Немањина во центарот на Белград, веднаш спроти зградата на Владата, во кој порано биле сместени Генералштабот и Министерството за одбрана.

Ова е едно од ретките зданија во српската метропола што сé уште ги носат лузните од бомбардирањата на НАТО во 1999 година, а за кое засега нема конкретни планови за обнова. За разлика од него, подолу на истата улица, сојузното министерство за внатрешни работи е продадено за хотел, се вршат последните дотерувања на неколку други објекти, се пушти во употреба и реизградената Авалска кула, како највисока градба на Балканот, а реконструираниот облакодер на Ушќе, поранешното седиште на ЦК на КПЈ, сега е современ бизнис-центар. Во Белград веќе се спроведува и тоа што допрва треба да почне во Скопје - реконструкцијата на парламентарната зграда. Според ова, нашиот главен град со својот проект „Скопје 2014“, сепак, не е единствениот во регионот на кого му се случуваат големи естетски промени.


СЕ МЕНУВА СВЕСТА


Урнатините во белградскиот центар беа туристички атракции, а некои од нив и сé уште служат за тоа. Многу љубопитни странци, вчудовидени од нивната грандиозност во некоја апокалиптична смисла, се сликаат пред нив. Сега останаа само две-три, порано ги имаше многу повеќе. Пред пет-шест години речиси целата улица Кнез Милош личеше на отворена изложба на згради со дупки од бомби. На посетителите, зачудени од хорор-сликите што ги гледаат, најчесто им се објаснуваше дека тоа треба така и да остане, за да потсетува на „злосторничката агресија“.

Но овие ставови сé повеќе се менуваат. Па така, додека во Скопје поставувањето на статуите на Гоце Делчев и на Даме Груев, како дел од проектот „Скопје 2014“, предизвика уште поостри поделби меѓу населението во однос на тоа дали овој чин е кукавички или патриотски, белграѓани веќе расчистиле дека сакаат поубав град. Сé почести се прилозите во медиумите, со кои се врши притисок за што побрза обнова на преостанатите оштетени згради, на кои главно се лепат коментари што го поддржуваат тоа.

- Свеста е сменета, главно под притисок на младите, на кои им здодеа да ги гледаат тие згради. Сé почна откога се обнови зградата на ЦК во Нов Белград, која исто така беше оштетена, па сите видоа колку убави објекти можеме да имаме наместо грдосиите останати од уривањето - вели Радмило Кљајиќ, новинар во „Политика“.


ГЕНЕРАЛШТАБОТ НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН


Од сите урнати згради, се чини дека стариот Генералштаб најдолго ќе остане да потсетува на бомбардирањата во 1999 година. Дводелниот комплекс е огромен и се наоѓа на место, чија вредност се проценува на 50 милиони евра. Но од 2005 година е заштитен како споменик на културата, односно како врвно достигнување на српската модерна архитектура, дело на архитектот Никола Добровиќ. Српското министерство за одбрана ниту има пари да го обнови, ниту смета дека таков воен објект треба да се наоѓа во строгиот центар на Белград. Дирекцијата за државен имот на Србија, пак, поради заштитата не може да најде приватен инвеститор што би ги реконструирал зградите, бидејќи тој би бил обврзан да го задржи постојниот изглед и да ја смени само намената. Нејзиниот заменик-директор Србољуб Паниќ неколку пати побарал да се преиспита статусот, остатоците да се урнат и да се продаде празниот простор.

%20Другите објекти не ја делат оваа тажна судбина. Веќе блеска обновениот Дом на судовите, а привршуваат и работите на стариот Генералштаб изграден во 1928 година. Поранешното сојузно министерство за внатрешни работи, иако сé уште е во урнатини, им е продадено на израелски инвеститори за 29 милиони евра уште во 2007 година и таму треба да никне супермодерен хотел, кој чека урбанистички и градежни дозволи.

Една од најсреќните приказни за белграѓани е обновата на Авалската кула, која со 204,5 метри стана највисокиот објект на Балканот. Со голема церемонија таа беше отворена пред две недели. Повеќе од три години траеше обновата на телевизиската кула, исто така срамнета со земја во бомбардирањата. Сега повторно од нејзиниот ресторан на висина од 120 метри може да се види половина Србија.

Но подобрувањето на изгледот на Белград не завршува со обновата на оштетените згради во 1999 година. Поранешното сојузно собрание, кое сега е парламент на Србија, од почетокот на годинава е целосно опколено со скелиња. Се обновува старата фасада, а ќе се постави и украсно осветлување на објектот. Тој, сепак, ќе го задржи првобитниот изглед. Веќе има три куполи на врвот и нема потреба да се гради нова - како кај нас.


ЛОШ ГЛАС ЗА „СКОПЈЕ 2014“


Веста за проектот „Скопје 2014“ од поодамна стигнала во Белград, но тамошните жители биле далеку од импресионирани од него. Во редакцијата на „Политика“ раскажуваат дека се изнасмеале кога ја виделе видеоснимката со толку многу споменици.

- Убавината на градовите е во духот на нивните граѓани, а скопјани се духовно особено богати, па сето тоа ми се чини непотребно - вели Александра Мијалковиќ, член на невладина организација, која често патува во Скопје.


Скулптури и трпение - сé е во пропорциите

Откако скулптурите на Гоце Делчев и на Даме Груев осамнаа викендов на градскиот плоштад, Стевчо Јакимовски, претседател на Градската организација на СДСМ, повика проектот „Скопје 2014“, чиј сегмент се скулптурите, да осамне и на собраниска седница.

- Не случајно Груевски и ВМРО-ДПМНЕ одбраа спомениците на македонските револуционери Гоце Делчев и Даме Груев да бидат првите што ќе ги постават на плоштадот, знаејќи ја огромната почит што секој македонски граѓанин ја има кон овие историски великани - рече Јакимовски.

ВМРО-ДПМНЕ, за чудо, остана без коментар на оваа порака од СДСМ, но со најава за следните скулптури, чие поставување е во подготовка - Никола Карев пред Собранието на Македонија, а лавовите на „портите“ на мостот „Гоце Делчев“.

Во меѓувреме, деновиве, спомениците поставени во неделата рано наутро ги проверија многумина скопјани.

- Нозете не им се кратки - коментираа граѓаните, алудирајќи на графитот што се појави на ѕидот на Министерството за култура, „На коњите им се кратки нозете“, веднаш по првото објавување на макетите на спомениците.

Всушност, сé е во пропорциите. Груев и Делчев сега доминираат со просторот, но кога ќе биде поставена и скулптурата на Александар, таквата диспропорција ќе се надмине, коментираат љубопитниците.

Тогаш, веројатно, кратка ќе се чини Ристиќева палата.

Завчеравечер, на истекот на денот, по 23 часот, и голем број припадници на владејачката партија се најдоа на плоштадот да ги видат новопоставените бронзени коњаници. Меѓу нив и вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски, градоначалникот на Центар, Владо Тодоровиќ, и други.

Општината Центар е постојано повикувана како таен адут во оспорената дебата за „Скопје 2014“, зашто, како што вели Јакимовски, секогаш кога се поставуваат прашања за чинењето на проектот, прашањето од државно се пренасочува на комунално ниво.

Мислењата што во меѓувреме се слушнаа за и против скулптурите и воопшто за проектот „Скопје 2014“ се движат и губат во широкиот дијапазон аргументи, кои тргнуваат од економската оправданост во ова време на криза до историската нужност да им се оддаде почит на најзаслужните во историјата. Сé е во пропорциите.

Ј.Ф.


За бугарските историчари - спомениците биле пропаганда

Поставувањето споменици во Скопје е пропаганда што нема да постигне успеси, изјавил бугарскиот историчар Цочо Билјарски по поставувањето на спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев во Скопје.

Во веста што ја пренесува агенцијата „Фокус“, Билјарски дополнува дека револуционерите во чија чест се подигнуваат споменици се бугарски, додека во јавноста се претставуваат како македонски револуционери.

- Освен спомениците што ќе им бидат подигнати на нашите револуционери, кои таму веќе се претставуваат како македонски, ќе се подигнат и споменици на Александар Македонски, на Филип Македонски, на Самуил и на кого уште не. Во Скопје има споменик на Скендер-бег, албански владетел и борец против турското владеење, има споменик на Мајка Тереза, која е родена во Скопје, но е Албанка. Тоа нема да постигне големи пропагандни успеси - смета историчарот Билјарски.

 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=54101038504&id=9&setIzdanie=21974
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #618 Posted: 10-May-2010 at 14:29

Европа има изобилство на кич, за кој Скопје може само да сонува

Првата годишнина од „востанието“ на Првата архибригада, студентите од Архитектонскиот факултет ја одбележаа со изложби и трибини, а главна идеја, пред сé, беше заеднички да планираат и да размислуваат за градот и за неговите потреби  

 
 
Кои се вистинските потреби на градот? Дали урбаниот контекст е трајно изменет? Која е одговорноста на сегашните генерации, постои ли јаз меѓу генерациите и што би значело тоа за градот? Постои ли комуникација меѓу професионалците и граѓаните? Која е визијата на градот и дали е таа интегрална и на што се базира? Како би изгледал градот по повеќе години... се само дел од прашањата што се отворија за време на дебатата што ја одржаа членовите на Првата архибригада (ПАБ), неформална група студенти од Архитектонскиот факултет и млади дипломирани инженери-архитекти. Тие во текот на изминатава недела одржаа повеќе настани поврзани со урбаното планирање на градот.

Преку разговор се обидоа да одговорат на одредени прашања, да антиципираат одредена реалност, а нивната цел, пред сé, беше заеднички да планираат и да размислуваат за градот и за неговите потреби.

- Проектот „Скопје 2014“ досега беше само политичко препукување, дојде време за вистинска дебата. Прифаќаме дека е радост да се гради, меѓутоа што станува со зелените површини, кои ги има во сé помал број... Прашањето е колку вистински многу губиме со секоја нова градба. Ова што се случува во Скопје го има насекаде во светот. И таму постојано се гради ли се гради. Впрочем, Европа има толку многу изобилство на кич, за кој Скопје може само да сонува - истакна Иван Мирковски, еден од членовите на ПАБ.

Младите „востаници“ сметат дека е од голема важност одлуките за урбанистичкиот план на градот да не се донесуваат во тесни затворени кругови, туку дека за тоа е потребно да се консултираат и граѓаните. 
 
 
- Залудно е да се зборува за „Скопје 2014“. Залудно е да се бара коренот на проблемот. Тој не е ни во Владата, ни во архитектите. Проблемот е во тоа што не успеавме да се ослободиме од старите страсти да се повампират некои градби. Поривите на целото наше општество се на многу ниско ниво. Добро е да се создава, меѓутоа вистински проблем е што нема конекција меѓу широката народна маса и стручната јавност. Јасно е дека на народот му се допаѓа сé ново што ќе му се понуди да се изгради. Не може да се изгради свест преку ноќ - вели Александар Петрушев, дел од интернет-форумот „Билд мк“. -

Меѓу другото, архитектите разговара и за тоа дека е добро да се слушаат советите на оние што заминуваат во странство и на Македонија и носат соодветни идејни решенија.

- Вредни се искуствата на луѓето што одат надвор од земјата, затоа што потоа сите носат понекое добро идејно решение за нас - рече Дивна Пенчиќ, асистентка на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Покрај дебатата, се одржа и изложба на која можеше да се погледне дел од архитектонското богатство на Скопје од периодот на модерната, различни студентски проекти, конкурсни решенија за одредени локации во градот за кои јавноста не е доволно информирана, како и јавната анкета за измени на ДУП за Малиот ринг.

- Со оваа симболична изложба одбележивме една година од првото архитектонско востание. Овој настан е мал обид да го сумираме она што му се случуваше на Скопје во изминатиов период, да се соочиме со реалноста и да размислуваме за новите предизвици. Симболично да покажеме дека при планирање на градот се потребни дебата, стратегија, различни идеи, избор, транспарентност, слободна творечка мисла и вистинска јавна презентација. Во однос на јавната анкета сакаме да им овозможиме на скопјани да го искажат своето мислење за измените во центарот на градот, а пополнетите анкетни листови ќе ги доставиме до советот на општината Центар - велат од ПАБ.

 
 
 
Автор: Биљана Стојановска
 


Edited by SkyBoy - 10-May-2010 at 14:37
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #619 Posted: 10-May-2010 at 16:06


Овие два цитати се ужасно неточно пренесени

- Проектот „Скопје 2014“ досега беше само политичко препукување, дојде време за вистинска дебата. Прифаќаме дека е радост да се гради, меѓутоа што станува со зелените површини, кои ги има во сé помал број... Прашањето е колку вистински многу губиме со секоја нова градба. Ова што се случува во Скопје го има насекаде во светот. И таму постојано се гради ли се гради. Впрочем, Европа има толку многу изобилство на кич, за кој Скопје може само да сонува - истакна Иван Мирковски, еден од членовите на ПАБ.


- Залудно е да се зборува за „Скопје 2014“. Залудно е да се бара коренот на проблемот. Тој не е ни во Владата, ни во архитектите. Проблемот е во тоа што не успеавме да се ослободиме од старите страсти да се повампират некои градби. Поривите на целото наше општество се на многу ниско ниво. Добро е да се создава, меѓутоа вистински проблем е што нема конекција меѓу широката народна маса и стручната јавност. Јасно е дека на народот му се допаѓа сé ново што ќе му се понуди да се изгради. Не може да се изгради свест преку ноќ - вели Александар Петрушев, дел од интернет-форумот „Билд мк“.



Edited by Cloverstack - 10-May-2010 at 16:07
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #620 Posted: 10-May-2010 at 17:23
Европа има толку многу изобилство на кич, за кој Скопје може само да сонува


Звучи како демек кичот да е нешто добро? wtf?!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2930313233 329>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.383 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.