build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 55>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #481 Posted: 29-Jul-2010 at 00:30
Originally posted by Dave Gahan

п.с просториите на Урбаната заедница Мирче Ацев се некаде спроти Т-mobile стакленикот....

Да, во таа станбената кула карши, на приземје.

41°59'51.88"N  21°25'44.38"E
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #482 Posted: 12-Aug-2010 at 16:39
ЗАВРШИ ЈАВНАТА АНКЕТА ЗА ДУП „МАЛ РИНГ“
Скопјани не сакаат порта на плоштад

Роза Петкова

Триумфалната порта, спомениците и новите мостови најмногу им пречат на скопјани во владиниот проект „Скопје 2014“. Тие се наведени во забелешките, кои жителите на главниот град ги упатиле до Општина Центар, на јавната анкета за деталниот урбанистички план „Мал ринг“. Најмногу анкетни листови пополниле членовите на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), кои бараат да се организира нова јавна презентација на планот, затоа што првата се одржа во тесниот простор на месната заедница „Мирче Ацев“, како и планот да се врати на преработка која ќе вклучи и јавна дебата. Дел од нив во своите анкетни листови навеле дека бараат да се избрише триумфалната порта од ДУП. Во забелешките граѓанин пишува и дека споменик на плоштадот, без да се прецизира на кој се мисли, е многу голем и дека мостот „Око“ е преблиску до „Камениот мост“ и ќе го засени. Некои граѓани пополниле листови со барање да им се дозволи да градат поткровје на зграда, на улицата Македонија, а една заедница на сопственици на зграда на улицата Даме Груев бара да не се гради катна гаража пред „Лотарија на Македонија“ затоа што ќе го загрози здравјето на децата, кои се згрижуваат во блиската градинка и во училиштето „Гоце Делчев“. Во Општина Центар вчера не одговорија колку анкетни листови примиле во изминатите денови. - Вчера во 17 часот заврши јавната анкета за ДУП „Мал ринг“. Денеска ќе бидат предадени анкетните листови во архивата на Општина Центар и ќе се знае нивниот конечен број - кратко одговорија од Општината. Вчера во „Мирче Ацев“ имаше 40-тина ливчиња, а според одговорните за месната заедница, се пополнувале забелешки и во претходните денови. Само Асоцијацијата на архитекти поднела преку 30 забелешки. - Нашиот проблем не е во Законот за просторно и за урбанистичко планирање, туку во начините на кои се спроведува. Планот имаше недостоинствена презентација, на која немаше каде да се соберат сите заинтересирани граѓани. Затоа баравме да се организира нова јавна презентација, но до вчера не добивме одговор од Општина Центар - вели Даница Павловска, претседателката ААМ. Организацијата во своите забелешки бара со објектите во планот да не се зафаќаат простори покрај Вардар, кои се од јавен интерес, подземните сообраќајници да не го зафаќаат одбранбениот ѕид на реката, да не се загрозуваат спомениците на културата како што е „Камениот мост“, да не се условува новите зданија да содржат одредени историски стилови, и да не се менуваат фасади на веќе постојни објекти.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2092&ArticleID=146293
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #483 Posted: 12-Aug-2010 at 20:21
не ми е јасно зошто се фаќаат постојано на една работа, прво беше црквата, сега портава, малку ми е нелогично кога истовремено со портата се гради цел еден план исполнет со глупости

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #484 Posted: 19-Aug-2010 at 13:57
А зашто всушност има сплавови во урбанистички план? Не ли се тоа превозни средства што најчесто се користат закотвени за угостителски намени. Не се тоа објекти. Ако се објекти и ги има во урбанистички план тогаш се веќе платформи со добра конструкција од дрвени столбови. Или ова му доаѓа нешто како обележување паркинг места, само што во вода. Dunno


Edited by lslcrew - 19-Aug-2010 at 13:59
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #485 Posted: 20-Aug-2010 at 14:45
Кај и да е ќе се приврши со изградбата на карабината од Реконструкцијата на некогашната народна банка (http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173) и ќе дојде време за изградба на подземната уличка што е предвидена со планот. Медиумите малку изгубија интерес за обејктот, едно време доста беше актуелен. Постов го пишувам во врска со некои работи што дури сега видов како треба да изгледа таа подземна уличка. Пред се профилот со кој е вцртана уличката. Се работи за профил од 6 метри ширина, а од друга страна излезот од новиот објект е двокатен. Едно време пртпоставував дека цела уличка треба да биде двокатна, но очигледно тука треба да име некои чуден нагиб под земја. Двете ленти, за двата правца се еден покрај друг, се до влезот во објектот каде што се рагрануваат и едниот доаќа над другиот да пасуваат на влезот  (http://i245.photobucket.com/albums/gg72/lslcrew/javnacistota/wmDSC05157.jpg). Ова би замолил некој од SketchUp-џиите ако може да склопи нешто. Друга работа е што при влезот во народна банка треба да има и раскрсница што ќе води крак до идната катна гаража што треба да биде во средината тука меѓу зградите. Исто така една друга работа што дури пред некој дена ја приметив е што уличката има уште еден крак кој се одвојува нешто порано пред катната гаража и води до плоштадот Македонија, што веројатно е некаков влез за иден подземен паркинг.

И уште една работа е излезот од оваа уличка и како тоа тука ќе се вклопи. Трафиките може би нема да сметаат, ама малку проблематично ќе биде да се вклопат скалите од долниот кеј на горниот што се до самиот мост. Ова и не некој којзнае каков зафат, може да се направат нови после влезот од кога ќе понира и нема да се наруши печачкиот простор. Е сега оваа уличка кога ќе почне да опслужува три паркинга во строг центар на град, што секако дека ќе бидат полни се наметнува прашањето при излезот како овие возила ќе се вклучуваат во сообраќај и дали ќе може да се влегува од кај холидеј ин со свртување во лево и при излез да се иде према МОБ исто така со свртување во лево. Според мене, би требало да се постават семафори на ова араскрсница со тоа што раскрсницата би ги опфаќала сите пет пристапи (2 од булеварот + уличката подземна + едносмерната што е сега кај Дрво-Декор + Паркингот од Холидеј Ин) и да се направи некое комплексно семафорско решение со тоа што на булеварот ќе му се отстапи многу поголем интервал од овие другите три улички, но пред се семафори за да биде регулиран сообраќајот и да се овозможи свртување во лево. А како што ми изгледа просторот би можел да дозволи и некој кружен тек како некое логично решение за раскрница со повеќе од пет пристапа, но во тој случај се губи од проточност на булеварот.






Edited by lslcrew - 20-Aug-2010 at 14:54
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #486 Posted: 27-Aug-2010 at 15:23

Да, потполно те разбирам. Плус и ми објасни во живо, па мислам дека сфатив што најверојатно ќе биде, и мислам дека претпоставката е 99% на место.

Него мене ме интересира што е тоа "Сплав 1" на вториот пресек на планот, втората слика.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #487 Posted: 27-Aug-2010 at 15:32


Еден од предвидените сплавови на вардар. Ѕирни го целиот план за каде се вцртани сите.
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #488 Posted: 27-Aug-2010 at 17:16

Пишува споменик на Јустинијан на местото кај што ги ставија Ѓемиџиите..

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #489 Posted: 27-Aug-2010 at 17:48
Имаше некоја забуна. Гоце и Даме на клипот беа заменети,а во ДУП-от се добро.  Јустинијан и Гемџиите во ДУП-от се заменети, а во клипот и на терен како што беше предвидено. На споменикот на Свети Кирил и Методиј, на клипот Свети Кирил и Свети Методиј беа меѓу себе заменети.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #490 Posted: 27-Aug-2010 at 18:58
А објект спротивен на ДУП е... ?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #491 Posted: 27-Aug-2010 at 19:06

Спомениците најверојатно технички не се спротивни на ДУП-от, тие се на истите места предвидени и зацртани за споменици, со иста плоштина и висина, освен имињата во ДУП-от што треба да се сменат, но мислам дека нема да прават проблем. Може кој било споменик да биде, се додека ги исполнува димензиите на парцелата во планот. Така да промената не би била спротивна на ДУП-от. 

Мое мислење, иако немам познавање во оваа област.

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #492 Posted: 27-Aug-2010 at 19:15
Тоа е и мое мислење, ама што мајка барале да вметнуваат име штом одат спротивно на напишаното? Значи ДУП е онака, факултативен

Затоа се црта маркичка за споменик, а не за тој и тој.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #493 Posted: 27-Aug-2010 at 19:24
A sto e crvenava tocka na Kameni most na slika 1?
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #494 Posted: 27-Aug-2010 at 19:25
Zar ke ima skulpturi i na mostov kaj Holliday inn?
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #495 Posted: 27-Aug-2010 at 19:29
Originally posted by FoSsiL

Спомениците најверојатно технички не се спротивни на ДУП-от, тие се на истите места предвидени и зацртани за споменици, со иста плоштина и висина, освен имињата во ДУП-от што треба да се сменат, но мислам дека нема да прават проблем. Може кој било споменик да биде, се додека ги исполнува димензиите на парцелата во планот. Така да промената не би била спротивна на ДУП-от. 

Мое мислење, иако немам познавање во оваа област.

 
 
И после шопинг гаража Зебра..
 
Smile
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #496 Posted: 27-Aug-2010 at 21:00

^ ако можат да изведат такво нешто ќе им дадам рака, ама владава ги претекна и сега ги имаме Гоце и Даме....

Малку погоре лупо праша. Црвената точка е дека е споменик на културата и заштитен од државата или градот, така нешто.... не се грижи не е ништо од типот на споменици или скулптури...

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #497 Posted: 27-Aug-2010 at 21:02

Originally posted by lupo

Zar ke ima skulpturi i na mostov kaj Holliday inn?

Епа според ДУП-от така нешто би му дошло...

Back to Top
NorthWind View Drop Down
Infraction Group
Infraction Group


Joined: 28-Sep-2010
Location: Neighborhood
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NorthWind Quote  Post ReplyReply #498 Posted: 30-Sep-2010 at 12:29

Центар ги крие забелешките од анкетата за „Малиот ринг“

 

И додека од резултатите од јавната анкета и донесувањето на најновите измени и дополнување на ДУП за „Малиот ринг“ нема ни абер, објектите од проектот „Скопје 2014“ се градат со несмален интензитет

Надлежните од општината Центар упорно ги кријат анкетните ливчиња од последната анкета за најновите измени на Деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“, ниту, пак, сакаат да ги обелоденат резултатите од оваа важна анкета. Не обелоденуваат ниту за кој објект од проектот „Скопје 2014“ стигнаа најголем број забелешки од жителите на општината. Овој план летово Уставниот суд, не навлегувајќи во неговата содржина, го прогласи за противзаконски, затоа што при неговото донесување не е почитуван Законот за просторно и урбанистичко планирање, во поглед на постапката за донесување. ДУП за „Малиот ринг“ е оспорен поради тоа што е донесен во скратена законска постапка, а и рокот за јавната анкета зимово беше покус поради бројните празнични денови во јануари. Неофицијално 65 отсто од анкетираните за ДУП за „Малиот ринг“ се против изградбата на триумфалната порта, како и против барокните фасади што треба да ги добијат повеќе деловни и станбени објекти во централното градско подрачје, фонтаните.

По укинувањето на планот спорна е изградбата на катните гаражи кај Музејот на холокаустот, кај МЕПСО и кај телекомот, на паркингот кај „Холидеј ин“, како и новата зграда на Министерството за надворешни работи и уметничко-естетската инсталација во партерот пред Македонската опера и балет, триумфалната порта.

Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, велат дека само нивните членови поднеле повеќе од педесетина забелешки, а според нив имало и жители што пополнувале анкетни листови.

- Заедно со нашите забелешки испративме и писмо до градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, во кое му предложивме заедно да направиме нов функционален детален урбанистички план, или барем да се земе предвид нашето мислење. Но од него не добивме одговор, а и до каде е постапката со планот не знаеме - посочија од ААМ.

И додека од донесувањето на најновите измени и дополнување на ДУП за Малиот ринг нема ни абер, објектите од проектот „Скопје 2014“ се градат со несмален интензитет. Фонтаните во коритото на Вардар од ден на ден се сé повисоки, и постаментот за споменикот на Александар Македонски исто така. Ова е доказ плус дека локалната власт не ги почитува одлуките на судот и, заедно со државата, продолжува со проектот. А според членот 377 од Кривичниот законик, секој што не ги почитува одлуките на Уставниот суд може кривично да одговара.

На прашањата до каде е изградбата на објектот од проектот „Скопје 2014“ за кои е надлежна општината Центар, како и за кои објекти наскоро ќе се распишат конкурси, портпаролот на општината Јовица Ацковски, протоколарно ни одговори дека повеќето од почнатите објекти се видливи на терен, а конкурсите се уредно објавени на интернет-страницата на бирото за јавни набавки.

Од Министерството за култура велат дека во тек е жалбената постапка на јавниот повик за избор на изведувач за триумфалната порта „Македонија“.

Според жителите на централното градско подрачје со кои разговаравме, а кои пополниле анкетни лостови, најмногу жалби поднеле за триумфалната порта, барокната катна гаража, монументалните споменици и новите мостови на Вардар.

- Јас во моето ливче напишав дека најмногу ми пречи споменикот на Александар Македонски, кој навистина ќе биде преголем, а барокната катна гаража кај телекомот е премногу грда - ни изјави М.К., стар скопјанец, жител на општината Центар.
 
 
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #499 Posted: 14-Oct-2010 at 12:31
Текстов е од вчерашен „Утрински“, мислам дека е соодветен thread...

     
До кога на маргините на светската архитектура?



За да тече трагедијата што му се случува на Скопје, се продолжува со понатамошна узурпација на крајбрежната зона

Георги Константиновски

Проектирањето на градовите претставува временска уметност и вештина. На ист начин како и едно архитектонско дело, и градот е конструкција само во поголема мерка. Тој бил и сега е предмет кој може да се согледа преку подолги временски периоди. Секој жител на една урбана средина има свој личен однос кон одделни делови од својот град. Неговата претстава за нив е натопена со интимни чувства и симболички значења. Превземање чекор за урбанистичка промена на еден постоечки амбиент во помала или поголема мерка бара одговорен однос од архитектите. Таа промена секако треба да се јави како плод на вистински потреби за да се направи животот на граѓаните похуман и посреќен. Тоа доаѓа на предлог на стручни лица од повеќе области на науката. Тука вообичаено се прави тим составен од урбанисти, архитекти, економисти, правници, уметници од областа на просторната креација-скулптори, хортикултурци, екологисти, општествени работници…

Секако, покрај претходните бројни анализи како од аспект на економската оправданост на тие промени, така и од аспект на стручни анализи за сообраќајот, профилот на улиците, лесниот пристап до објектите, висината на објектите, нивната ориентација, слободните визури и секако, естетската издржаност на предложеното решение. Пред да се пристапи кон разгледување на решението, потребно е студиозно прибирање на статистички податоци во поширока смисла на зборот.

Особен акцент треба да се стави врз тродимензионалното проектирање со цел да се согледа полесно и појасно можноста за најцелосно ползување на површините. Со предлогот за промена на урбанистичкото решение, треба да се предвидат сите евентуални последици кои би можеле да влијаат негативно врз постојниот комплекс, кој со пиетет треба бездруго да биде сочуван. Посебно внимание во овие анализи подготвени од урбанистите коишто ја носат најголемата одговорност, треба да се посвети на меѓусебниот однос на постоечките објекти и објектите што се предлагаат да го урбанизираат предметниот простор!

Времето што минува остава траги коишто не' опоменуваат! Но, времето што минува исто така остава траги и од човековиот подем. Времето на негативните појави останува запишано во историјата, но времето на подемот почнува со создавањето на човечкиот род и тоа е постојан негов придружник. Подемот на човекот се јавува како резултат на неговиот креативен дух. Колку повеќе една земја поседува креативни луѓе, толку е и поголем нејзиниот подем. Не постои подем таму каде што се живее со минатото. Минатото им припаѓа на оние коишто веќе го напуштиле овој свет. Нивното творештвото и нивните дела можат да не' инспирираат, но во ниеден случај не смеат да претставуваат нивни копии!

Сега после полни две години ќе го повторам моето размислување од 2008 година кога напишав: „И колку многу да се чувствувам среќен што мојот живот го посветив за афирмацијата на македонската архитектура, толку повеќе се чувствувам навреден и несреќен од она што се случува на нејзиното поле, посебно во овие последни две години, во 2007- 08!“

Ете, денес во 2010 после две поминати години се случи најлошото што можеше да му се направи на нашиот главен град Скопје.

На една архитектура со кристално чисти волумени во коишто владеат законите на современата архитектура за ред, ритам и пропорции со доследно спроведување на колонада од столбови којашто се јавува како карактеристичен архитектонски белег во крајбрежни речни и езерски зони, почнувајќи од објектот „Ибни Пајко“ (1937) од архитект Глигорие Томиќ, преку објектот на ДОЗ (Стопанска банка – 1960) од арх. Душан Пецовски и продолжувајќи во објектот на Комуналната банка (Комерцијална банка - 1955), од архитект Славко Брезовски, и се испречува објект кој не само што ја негира таа архитектура од времето на модерната, туку на најбезобзирен и крајно примитивен начин, се испречува објект кој не само што не се јавува како одраз на времето во коешто живееме, туку претставува најголемо архитектонско зло за узурпација на рекреативната зона на реката Вардар, која му припаѓа на секој граѓанин, не само на Скопје, туку и на секој посетител на градот од било каде и да доаѓа.

Тука е неизбежно прашањето, кој беше толку „мудар“ да гради објект на самиот заштитен ѕид од Вардар и комплетно да го блокира објектот на Комерцијалната банка? Кој е тој толку силен и со кое право му го одзема видикот на овој објект? Кои се тие луѓе и со каква совест ќе уживаат во нивниот новоизграден објект, во несреќата што им ја нанесуваат на вработените од блокираните објекти?

Кој е тој толку „мудар“ што главниот влез во објектот го ориентира токму над коритото на Вардар?. Кој е тој толку „видовит“ што проектира најскап пристап во светски рамки преку мост за директен приод во главниот влез на објектот?. Кој е тој толку интелигентен што ги присилува вработените да мораат да тргнуваат од кејот покрај Трговскиот центар и преку мостот да влегуваат во објектот?. Кој е тој толку голем „планер“ кој за оваа толку сложена институција, предвидува под објектот паркинг за 30-тина возила?

Кој е тој „голем урбанист“ којшто реката Вардар сака да ја претвори во градски канал? Кој е тој толку „голем експерт“ кој во еден и ист објект обединува три институции коишто треба да бидат целосно издвоени во сопствени габарити и наполно автономни!?. Кој е тој…?

За да тече трагедијата што му се случува на Скопје, се продолжува со понатамошна узурпација на крајбрежната зона со административни објекти, со оддамна изумрените стилови на барокот, класицизмот, неокласицизмот, романтизмот и неоромантизмот, рококо, …?).

Од урбанистичка гледна точка, во крајбрежната зона на реката Вардар можат да се предвидуваат само објекти од рекреативен карактер и тоа решавани како приземни габарити, со цел да се почувствува и зачува како зеницата во очите единствениот благодет што му го поклонила природата на Скопје. Тоа го знаеја архитектите што го градеа тој дел од брегот, тоа го знаеја авторите на културниот центар на градот. Тоа не го знаат, не само тие што по линија на власт го прават овој тежок престап, туку што е најлошо, тоа го кумуваат „урбанистите“ на кои професионалната етика им е туѓа и на кои треба трајно да им се одземе правото да се занимаваат со таа дејност. Тука секако предничат општинските архитекти, послушни машички во рацете на недоволно образованите општински челници!

Спроведената анкета колку научно и сериозно се однесуваат одговорните служби за толку деликатна зона како што е т.н. „Мал Ринг“, може да се согледа од неколку аспекти:

1. Времето избрано за изјаснување на граѓаните во анкетниот лист (од 26.07 2010 до 11.08 2010) е темпирано кога градот поради годишните одмори е празен;

2. Јавната анкета се одржува во несоодветна просторија, односно како да се бара изјаснување за доделување на локација за киоск за продавање на таксени марки;

3. Урбанистот со цела сериозност им објаснува на архитектите за промената, како овие за прв пат во животот да слушаат „стручно“ објаснување;

4. Граѓаните кои дошле на анкетата повеќе од љубопитство, сега во целина го „разбраа“ објаснувањето онака како да сите завршиле архитектура;

5. Ни трага од идеите на големиот Кензо Танге…

6,7,8…

Организаторите на Јавната анкета по инерција отпечатија и анкетни листови, за чиј текст не давам коментар, а на кои стои: „Општина Центар организирана Јавна анкета, по Нацртот на деталниот урбанистички план со назив на урбанистичкиот зафат „Нацрт на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план централно градско подрачје на Град Скопје „Мал Ринг“, дел од Блок 1, Блок 4, Блок 5 и Блок 7 Општина Центар – Скопје“.

Денеска, во 21 век на овој начин да се претставуваат толку значајни урбанистички потфати е повеќе од срамно! Покрај сите недостатоци на темпираното време, несоодветната просторија за изложување и бедното презентирање во духот „мижи да те лажам“, се поставува прашањето зошто не се направи макета во М-1:500 за актуелната територија на Малиот Ринг? Зошто анкетата не се одржа во голема сала во присуство на поголем број архитекти? Зошто се избегнува мислењето на архитектите?

Денес никаде во светот не се презентираат дури и најмалите урбанистичко-архитектонски зафати без макета (модел)! Во оваа насока прашувам, дали некој видел макети за оние чуда што се случуваат во зоната под Кале, се' до брегот на Вардар? Ако постоеше макета, немаше да се дозволи Кале, како еден од најзначајните симболи на градот да исчезне од погледите од плоштадот! Ако постоеше макета за објектот на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј и беше презентирана пред архитектите и граѓанството, тој објект не само што ќе служеше за потсмев, туку без двоумење ќе беше отфрлен!

И така јас воопшто не се тревожам за глупостите што ги прават политичарите, но се чувствувам многу засегнат и навреден како архитект кој секогаш ќе црвенее од срам од сето она што е изградено и се планира да се гради по коритото на раката Вардар! Верувам дека ова чувство ќе го споделат со мене сите граѓани коишто му го мислат доброто на оваа држава!

Свесен сум дека во очите на светската јавност ќе бидеме уникатна држава на општо исмејување! Дали тоа го заслужуваме и дали тоа треба да го дозволиме?



(Aвторот е дописен член на Словенечката академија на науките и уметностите

(САЗУ), член на на Македонската академија на архитектите при асоцијацијата

на архитектите на Македонија)



оригиналниот текст тука
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #500 Posted: 03-Nov-2010 at 22:16
Приметувам една работа со објектите од Скопје 2014 кои се градат во Малиот Ринг. Повеќето од објектите имаат два ката подрумски простории и се гледа од страна обично се оставаат некои отвори што асоцираат на подземно поврзување меѓу објектите. Барем ова го имам приметено на Музејот "Македонска Борба" што асоцира на поврзување со театарот, еве гледам сега го има и на Министерство за Надворешни Работи што веројатно ќе се поврзе со ЈО/ФП па понатаму со АЕЦ и УС/МА/АМ. А во ДУП-от овие подземни коридори не сум ги видел. Дали е потребно да се вцртуваат, претпоставувам да? И за што ќе се користат. Дали за создавање некоја продолжена целина од паркинг простор, или само во случај на непожелни ситуации за евакуација, скривници, технички пристапи, кабли, цефки?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 55>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.488 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.