Грција ги регистрира www.macedonialovesyou.gr и www.lovemacedonia.gr
Останати вести
Некои
од моите македонски пријатели беа збунети и скептични за исходот, но
јас и понатаму сум насмеан. Не можам да кажам колку сум среќен, бидејќи
за мене ова е знак, доказ за тоа дека Европејците навистина можат да
бидат обединети, вели Станислав Пигон
Две интернет-адреси, www.macedonialovesyou.gr и www.lovemacedonia.gr од
завчера и официјално се регистрирани од Грчката комисија за
телекомуникации и пошта (ЕЕТТ). И овие адреси се дел од проектот на
Полјакот Станислав Пигон, кој пред две години со својата прва адреса
„Македонија ве сака“ покрена вистинска меѓународна промоција на
земјава, за да од завчера интернет страниците „Македонија ве сака“ и
„Сакај ја Македонија“ станаа официјални и во Грција. Збунувачки за сите.
- Немаше проблеми, само вообичаените процедури. Ги купив адресите преку www.eurodns.com,
европска интернет-компанија. Адресите веднаш беа активирани, со
привремен статус, бидејќи треба да бидат одобрени од Грчката комисија
за телекомуникации и пошта (ЕЕТТ). Бев информиран дека стандардно оваа
процедура може да трае и неколку недели. Некои од моите македонски
пријатели беа збунети и скептични за исходот, но јас и понатаму сум
насмеан. Дојдоа добрите вести. ЕЕТТ ги одобри двете адреси. Не можам да
кажам колку сум среќен, бидејќи за мене ова е знак, доказ за тоа дека
Европејците навистина можат да бидат обединети.
Како автор на „Македонија ве сака“, веќе две години ја
промовирате Македонија. Каков е статусот на проектот „Македонија ве
сака“ и какви се плановите? Што се случува со проектот во моментов?
- На секој проект за промоција му е потребна динамика, а истото важи и
за проектот „Македонија ве сака“. Тој почна како мал приватен проект,
во знак на благодарност до македонските пријатели, на кои многу им
должам и од кои научив многу. Но и покрај тоа што се разви во еден вид
на глобална промоција на Македонија, проектот мора да се развива за да
привлече внимание. Неодамна го пуштивме есенското дополнување на
веб-сајтот, кој следи по годишнава тема на страницата, која е „Четири
сезони во Македонија“ и која помеѓу другото на гледачите им порачува
дека вреди да се посети Македонија преку целата година. Само што го
завршив неделниот одмор во Охрид и беше прекрасно, но голема штета е
што најголемиот дел од хотелите сé речиси празни. Мора нешто да се
стори во врска со тоа. Можеби „Македонија ве сака“ дава мал придонес.
Треба да се напомене дека страната на „Македонија ве сака“ не е
директно вмешана во бизнис промоција и никогаш нема да стане
комерцијален проект. Примарната цел на проектот беше, е и ќе остане
промоцијата на пријателството и разбирањето меѓу луѓето. Затоа, со
малиот тинк-танк што стои зад проектот „Македонија ве сака“ мислевме да
го прошириме неговиот опсег со два сестрински проекта: „Сакај ја
Македонија“ и „Промовирај ја Македонија“.
На што се однесуваат тие сестрински проекти?
- „Сакај ја Македонија“ е природна последица на „Македонија ве сака“.
Две години на светов му велиме Македонија ве сака, Македонија ве сака,
и многумина се вљубија во Македонија, па затоа сакаме да видиме уште
луѓе да се заљубуваат во прекрасната Македонија. Бев радосен од тоа што
„Нова Македонија“ одлучи да ги здружи силите и да биде партнер на
проектот, кој по природа е отворен. „Нова Македонија“ и проектот
„Македонија ве сака“ ја покануваат секоја институција да се придружи.
Веќе успешно ја имплементиравме првата фаза: издавање на офлајн ЦД
верзија на веб-сајтот со поддршка на две големи македонски институции
за промоција на туризмот, Агенцијата за промоција и поддршка на
туризмот на Република Македонија и Стопанската комора за туризам на
Македонија. „Кепитал медиа груп“ исто така планира да се придружи кон
напорите. Се надевам дека ова ќе продолжи и оти и други институции ќе
се приклучат. Проектот исто така планира да го објави специјалниот
водич за Македонија, „Македонија од сé срце“, а исто така сакаме да
почнеме и меѓународен натпревар по фотографија за македонската убавина,
натпревар по цртање за деца... плановите се големи. Како што велат
Македонците, небото е крај.
Идејата
зад проектот „Промовирајте ја Македонија“ е од сосема друга природа.
Неговата намена е да придонесе во вмрежувањето и тренирањето на
македонските бизнисмени и извозници. Проектот не е наменет како
конкуренција на постојните проекти или активностите на
специјализираните агенции, кои веќе го прават тоа во Македонија. Во
некоја смисла, неговата намена е да ги здружи силите, да додаде друга
димензија, да засили некои пораки, да им помогне на македонските
бизнисмени и извозници да научат како можат самите да си помогнат.
Можеби да помогне на поврзувањето и споделувањето на искуството со
бизнисмените и трговските компании од Европа. Посебно би сакал да видам
промоција на македонски вина, кои толку многу ги сакам. Би сакал
квалитетните македонски вина да го пронајдат патот до горните полици во
европските продавници, исто како што унгарските вина направија во
изминатите години. Веќе обезбедивме интернет-адреса за „Промовирај ја
Македонија“, а веќе имав прелиминарни разговори со потенцијалните
партнери... Можеби ќе потрае малку, но јас сум оптимист. Позитивното
размислување секогаш помага.
„Македонија ве сака“ досега е виден во повеќе од 150 земји.
Како интернет-страницата се промовира себеси? Како информирате за
дополнувањата? Кој е нејзиниот опсег?
- Нашиот тим е многу мал и ресурсите се ограничени, но ја имаме
поддршката од илјадници обожаватели, и тоа не само Македонци, туку и
странци, па известувањето е лесно. Многу сум благодарен за поддршката
на македонските медиуми, телевизии и весници, интернет портали, бидејќи
тие навистина го поддржаа проектот без да побараат ниту еден денар и го
сторија сосема бесплатно за доброто на Македонија. Тоа навистина е
фантастично, зарем не? Имам бесценета поддршка од многу луѓе, кои ми
праќаат придонеси и совети за, на пример, како да ги преведам
промотивните слогани на македонски јазик. Многу научив од нив, но исто
научив и за тоа како функционира промоцијата на Интернет. На пример,
научив дека е важно да се прошират интернет адресите на проектот, за
тој да може да функционира не само преку глобалните адреси, туку и
преку националните. Може со насмевка да кажете сакај ја Македонија и да
добиете насмевка за возврат.
Наскоро www.macedonialovesyou.gr и www.lovemacedonia.gr ќе
продолжат да го промовираат пријателството и разбирањето меѓу луѓето.
Ова е над политиката, бизнис интересите и другите предрасуди и
несогласувања. Можно е да се изградат мостови. Се прашувам дали треба
да му се јавам на Нимиц?
5 ГОДИНИ ! 5 YEARS ! The Macedonia Loves You project celebrates today its 5th Anniversary. The story formally began on September 13th , 2007 when a domain for was registered. Few weeks later, on Sunday October 14th, 2007 three Friends - in
Warsaw and Skopje - were nervously clicking to check if everything was as it was meant to be. Since Monday October 15th , 2007 people from all over the world admire Beauty of Macedonia at
од лани има нов сеопшт словенски портал каде би било логично да се претставиме достојно, имајте на ум прилози може да склепува секој та кој има воља нека се нафати да нафрли некоја приказна, репортажа, честитка ...
на форумов чинам има доволно материјал за инспирација, а освен оваа има уште две три промо нишки тука [1][2][[u3] плус две три околу идентитетот во офтопик [1][2][3]
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum