build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 03-Feb-2012 at 11:30
Мислиш од домот на културата или од киното внатре:

Според директорот на домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци,
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 15-Mar-2012 at 20:01

Пуштен реновираниот Салон 19,19

Пуштен%20реновираниот%20Салон%2019,19
Салонот 19,19 што се реновираше во изминатите шест месеци од денеска ќе ги отвори своите врати за уметниците и публиката.

- Центарот за културните збиднувања во Скопје кој им е препознатлив на сите генерации денеска по 45 години од основањето доживува свое реновирање и добива нов лик, рече градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на свеченото отворање на салонот.

Тој посочи дека Градот ќе продолжи со инвестирање во културниот живот во Скопје преку подобрување на културната инфраструктура, но и на културната програма.

Салонот 19,19 уште од далечната 1967 година претставува култно место во кое се одржале камерни концерти, претстави и промоции. Поради лошата состојба и прокиснувањето на покривот и при најслаб дожд, во изминативе години беше затворен за јавноста.

Во изминативе месеци со донација од Фондацијата ИМАФ со седише во Мајами од седум милиони денари и донација од Град Скопје од 3,5 милиони денари целосно беше заменета покривната конструкција и прозорите, беше променета железната конструкција на подот, поставени се нови 150 седишта, современо осветлување и централна климатизација. Обновени се и фоајето, тоалетот и сите помошни простории со што култниот салон доби модерен лик и акустика што ги задоволува сите светски стандарди.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 30-Mar-2012 at 08:46
Спомен Костурнцита ќе се санира, но треба да се открие од каде протекува. Министерката Канчевска Милевска во посета на Велес

« претходна | следна »



http://tirekovmirece.com/Novost/%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%82%D0%B5%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B2-%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D1%82

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 30-Mar-2012 at 21:55
Реставрација на Куќата на Ататурк

Жителите на дебарското село ги раскажуваат преданијата дека токму тоа што Али Риза, таткото на Мустафа Кемал, живеел меѓу Македонците, придонело кај синот да се спојат најдобрите особини од едниот и од другиот народ. Љубовта кон Македонија го навела Али Риза да го запише младиот Ататурк во училиште во Битола. Како што се раскажува меѓу селаните, иако тој копнеел да ја посети семејната куќа, никогаш не дошол во Коџаџик

Проектот за реконструкција на семејниот дом
На 1.200 метри надморска височина на карстот над дебарското село Коџаџик, од кој се протега кристален поглед на селото и на околните снежни врвови, се наоѓаат темелите на семејната куќа на големиот турски државник и реформатор Мустафа Кемал Ататурк (1881-1938 г.). Остатоците од темелите што се наѕираат од камената почва сведочат за поинаква слика на пределот, сведоштво за поблескава етапа од историјата на овој крај. На нив во мај ќе почне изградбата на спомен-објект на Ататурк, творецот на модерна Турција.

- Ова место некогаш се викало Ташли Маала, што значи маало од камен, и тука на времето се наоѓале повеќе убави куќи на видни жители на селото. Меѓу нив и онаа на таткото на Кемал Ататурк, за што со генерации се плетат приказни кај луѓето од овој крај - раскажува Сабаетин Сезаир, наставник по турски јазик во основното училиште во Коџаџик.

Тој додава дека локалните жители, главно турско население, отсекогаш сакале да му оддадат почит на овој голем човек, но неколкуте обиди досега се покажале како безуспешни. Ликот на Ататурк е длабоко вткаен во нивната колективна меморија и речиси сите генерации сакаат да се идентификуваат со овој период од нивната историја.

- Овдешните луѓе се гордеат со тоа што потекнуваат од ист крај како и Мустафа Кемал, дури и децата мислат дека се половина Ататурк - вели Сезаир.





Темелите на реконструкцијата
Го зел најдоброто од македонскиот и од турскиот народ

До Коџаџик во општината Жупа се стигнува по тесниот планински пат од чија десна страна се протега поглед на Дебар и на Дебарско Езеро. Жолторасцветаните дренови гранки меѓу преостанатите дамки снег го означуваат крајот на една од најострите зими во последниве децении во Дебарско. Од коџаџиското сретсело до Ташли Маало на ридот води нов асфалтиран пат.

- Куќата на семејството Ататурк, според својот габарит и обележја, отскокнувала од сите други во тогашно Ташли Маало. Таа била најголема и најубава во крајот, што укажува на тоа дека Ататурк бил од добростоечко семејство. Остатоците од овие куќи биле зачувани до пред Втората светска војна - вели архитект-конзерватор Ѓурѓица Лековска од Националниот конзерваторски центар, кој го подготви проектот што ќе се реализира со донација од ТИКА.

Семејната куќа на Кемал Ататурк во 19 век ја изградил неговиот дедо Казли Хафиз Ахмед, кој во овој крај дошол како турски војник- дервенџија (војници што ги чувале патиштата, мостовите и премините каде што минувале тогашните трговци). Тој останал тука и го основал турското маало над рамниот дел од селото, кое живеело според посебни обичаи.

- Куќите во Ташли Маало биле градени од прочуените дебарски тајфи, кои работеле во Истанбул и во цела Европа - вели Лековска.

Сепак, Ататурк е роден во 1881 година во розовата трокатна куќа во улицата Ислахана, во солунскиот кварт Коџа Касим-паша. Трагајќи по егзистенција, неговиот татко Али Риза решил да се пресели во Солун.

- Коџаџиските овчари, кои во зима патувале со своите стада дури до Солунско Поле, биле меѓу првите што дознале дека Али Риза има син и веста ја пренеле во овдешниот крај. Луѓето од Коџаџик често оделе и се враќале од Солун, така што контактот со преостанатите од фамилијата на Ататурк никогаш не се прекинал - вели Сезаир.

Познавачите на ликот на Кемал Ататурк велат дека токму поради фактот што неговиот татко живеел меѓу Македонците, кај Ататурк се споиле најдобрите особини од едниот и од другиот народ. Љубовта кон Македонија го навела татко му да го запише младиот Ататурк да учи во Битола.
Како што се раскажува меѓу селаните на Коџаџик, иако самиот Ататурк копнеел да ја посети семејната куќа, тој никогаш не дошол во Коџаџик.

Традиционална заедница со чист турски говор

Дебарското село Коџаџик има бурна историја. Се вели дека го добило името од турскиот збор коџаџенк, голема битка. Според преданијата, тука се водела жестока битка меѓу турската војска и војските на Скендер-бег. Во времето на Османлиите бил вистинско мало гратче со голем пазар, многу продавници и четири џамии. Во ѕидините на Калето честопати се одморале карваните што патувале по Виа Игнација.
По Втората светска војна голем дел од жителите на селото се вратиле во Турција, така што во 1970 година селото броело само девет куќи.

И покрај тоа што Коџаџик сега брои 300 жители, околу 80 отсто од нив се печалбари и живеат во странство. Препознатлив белег на неговите жители се чистиот турски говор без примеси на локален дијалект и живописните традиционални женски носии, кои потсетуваат на јуручките.

Жителите на Коџаџик се мошне традиционална заедница, силно врзана за своите корени.
Возобновувањето на куќата на Ататурк го сметаат како долг кон нивната историја, но и како можност од зафрлено дебарско селце Коџаџик да стане повидлива точка на светската мапа.

- Реконструкцијата на куќата на семејството Ататурк ќе значи многу за овој крај и ќе привлече многу добронамерници и туристи. Иако патот до селото е лош, особено во зима, кога е завеан во снег, споменувањето на името на Мустафа Кемал Ататурк сигурно ќе побуди интерес и за нас - вели Сабаетин Сезаир.
Етнолошка куќа и историски музеј

Реконструкцијата на семејната и на роднинската куќа на семејството Ататурк ќе се работи според стара фотографија, што се наоѓа во сопственост на последниот преостанат женски потомок што живее во Дебар. На локацијата Ташли Маало ќе се изградат две куќи врз автентични темели - едната на ефенди Али Риза, а другата, роднинската куќа на семејството.
Првата ќе биде претворена во етнолошка куќа со мебел што ќе го долови некогашниот амбиент. Роднинската куќа, пак, ќе ја прикажува историјата на Коџаџик, со дел посветен на предците на Ататурк. Во една од просториите ќе биде претставен Ататурк како војник и голем државник.
Back to Top
JimmyN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Dec-2012
Location: Germany
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote JimmyN Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 22-Jan-2013 at 20:15

Отворена нова поставка во музејот на Старата скопска чаршија (ФОТО)

Денеска се отвори постојаната музејска поставка на експонати од старите скопски занаети, сместена во музејот на Старата скопска чаршија, депанданс на Музеј на град Скопје (сместен во просториите на Сули-ан, Стара чаршија). На свеченото отворање присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој ја прогласи поставката за отворена, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорката на Музејот на град Скопје, Љубица Кондијанова.

„Задоволство ми е што денеска присуствуваме на отворањето на обновената и дигитализирана поставка во која влегуваат и обнова на ентериерот на музејските простории и обнова на изложениот материјал и музејската поставка. Ова е доказ за залагањата на Град Скопје за развој на повеќе сегменти од културата и тоа: обнова и осовремување на градските културни установи, промоција на културата во Старата скопска чаршија и секако придонес кон развој на културниот туризам, што е во согласност со Стратегијата за развој на културата на Град Скопје во периодот 2012-2015 година“, истакна градоначалникот Трајановски.

Во 2011 и во 2012 година се реновираше и адаптираше просторот за музејската поставка, сместена во Музеј на Старата скопска чаршија, а Градот Скопје за оваа намена од буџетот издвои 3,4 милиони денари.

„Во оваа пригода би сакала да го изразам моето задоволство што присуствуваме на отворањето на оваа постојана поставка, сместена во најавтентичното јадро во нашата метропола, а тоа секако е Старата скопска чаршија. Ова е уште еден од низата успешни проекти за реставрирање на Старата скопска чаршија што ги реализира Министерството за култура и Градот Скопје, а посетителите можат да видат вредни експонати што беа пронајдени во низата истражувања на скопското кале, збогатени со ликовните дела на нашите најголеми уметници, како Коџоман, Мартиновски, Пандилов и други“, изјави Милевска.

Поставката се состои од археолошки, историски и етнолошки дел и е придружена со уметнички дела инспирирани од мотивите на чаршијата со дела од Мартиновски, Пандилов, Владимирски, Коџоман, Анастасов, Мазев, Перчинков….

Овој музеј ќе биде центар преку кој туристите и граѓаните ќе ја осознаваат богатата историја на чаршијата и нејзиното функционирање низ вековите.

If you don`t have a clue,...use the internet!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 22-Jan-2013 at 21:42
е вака треба да се инвестира во културата
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
JimmyN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Dec-2012
Location: Germany
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote JimmyN Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 22-Jan-2013 at 22:01
Thumbs%20Up
If you don`t have a clue,...use the internet!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 29-Jan-2013 at 00:31
СО ПОДДРШКА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА


Ќе се санира Спомен-костурницата во Велес


Во костурницата е сместен најголемиот мозаик во Македонија, голем 275 метри квадратни, изработен од уметникот Петар Мазев

Покривот на Спомен-костурницата на паднатите борци во Велес ќе се санира! По прокиснувањето во костурницата каде е сместен најголемиот мозаик во Македонија (голем 275 метри квадратни, изработен од уметникот Петар Мазев), санацијата е одобрена со Годишната програма од национален интерес за 2013 година. За зафатот е задолжен Национален конзерваторски центар од Скопје.

Со Годишната програма обезбедените се средства и за одржување на 50-тите по ред Рацинови средби, а Народниот театар "Јордан Хаџи Константинов - Џинот" ќе постави три премиери. Актерската екипа на велешкиот театар премиерно ќе ги изведат "Последниот балкански вампир" од Дејан Дуковски, во режија на Александар Ивановски, "Кралот Лир" од Вилијам Шекспир во режија на Ѕвездана Ангеловска и "Дивите лебеди" од Вилхем Хауф во режија на Дарко Ковачевски.

Покрај за Рациновите средби и Народниот театар Министерството за култура одобри средства и за повеќе активности на Народниот музеј. Археолозите ќе ги продолжат ископувањата во античкиот локалитет Згрополци и Велешкото Кале. Покрај ова ќе бидат обезбедени средства и за изложба на нумизматичка збирка и други активности. Предвиден е и концерт на групата Синтезис.
Инаку, Министерството за култура ги финансиските средства за доградба на новата зграда на Народниот театар во Велес. Работите се при крај и се очекува театарот да биде готов во втората половина од годинава.

(С.А.)

вечер
Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 29-Jan-2013 at 10:29
семејството Ататурк ???
Ататурк („Татко на Турците“) е почесно звање изгласано од турското собрание во 1934 г. За тој факт се учи уште во основно (од таму и знам). На кое дереџе е новинарството...


Edited by Граѓанин - 29-Jan-2013 at 10:29
Back to Top
Goki View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2013
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote Goki Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 29-Jan-2013 at 16:26
Novinarstvo?.... Koe novinarstvo?  
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 02-Feb-2013 at 14:34
Музеј со ретки минерали ќе биде отворен во Пробиштип
Македонија
2. февруари 2013 - 14:12





Пробиштип ќе добие музеј на ретки минерали, кој е единствениот од ваков тип како во Македонија, така и на Балканот.

За изградбата на музејот ќе бидат одделени 120 000 евра.

- Не случајно е избран Пробиштип за седиште на еден ваков музеј бидејќи до градот се наоѓа најстариот рудник во Македонија, на Балканот па и во европски рамки, рудникот за експлоатација на олово и цинк Добрево, чија дејност датира од 1928 година - објасни Билјана Црвенковска-Јовановска, портпаролка во рудник за олово и цинк Добрево-Пробиштип, пренесува Канал 5.

- Целта е да покажаме како се развивало рударството во Македонија. Овој музеј од друга страна ќе претставува своевидна туристичка атракција, но и место за едукација на сите млади чија идна професија е рударството - изјави Тони Тоневски, градоначалник на општина Пробиштип.


http://maxim.mk/muzej-so-retki-minerali-kje-bide-otvoren-vo-probishtip


Браво за идејата. Знае ли некој дали има дисперзирани студии по рударство во Пробиштип или тие се во Штип. Како и да мислам дека на толку рударство во овие краишта се заслужи музеј од ваков вид. 

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 21-Feb-2013 at 21:07
Градоначалникот Емил Дончев одржа состанок со вработените во музејот на град Виница. Главна тема на состанокот беше идејното решение за новиот музеј, каде што конечно археолошкото богатство на Виница ќе се презентира на соодветен начин. Градоначалникот се запозна со проектите кои што ќе ги финансира Министерството за култура во рамките на годишната програма за остварување на националниот интерес во културата во 2013 година. Музејот на град Виница е застапен во програмата со следниве проекти: Музејска ноќ 2013, Археолошки истражувања на локалитето Коколов Рид, Конзервација на дел од керамичкиот материјал од Виничкото Кале и Конзервација на иконостасните икони во црквата Св. Илија-Блатец, а градоначалникот најави учество и на Локалната Самоуправа во реализацијата. Градоначалникот Дончев ќе се јави како главен покровител на годинешното издание на ликовната колонија „Св. Андреј“. Изложбите кои што оваа година веќе се закажани во голем број ќе бидат финансиски помагани од страна на градоначалникот, како што беше пракса и до сега. Се сумираа и резултатите од проектот за инфраструктурно уредување на Виничкото Кале и заеднички се одредија насоките во кои ќе се одвива понатамошното уредување на овој локалитет. Градоначалникот Дончев изрази задоволство од досегашното работење на музејот и најави уште поголеми инвестиции во областа на културата.

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 24-Feb-2013 at 00:19
Идната општинска кино сала
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 24-Feb-2013 at 00:32
Неопходни се ваквите помали но модерни и повеќенамнески кино и театарски сали во помалите градови во Македонија. Јас уште неможам да разберам како може град како Струмица за кого нели сите ние сметаме дека е еден од поразвиените во тој дел од Македонија да нема КИНО сала а културниот дом да се распаѓа без никакво греење  и одржување.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 01-Mar-2013 at 13:18
Франција ќе гради музеј во Битола





Франција ќе изгради музеј во близина на француските гробишта во Битола по повод стогодишнината од Првата светска војна. Ова го најави француската амбасадорка Лоренс Оер при нејзината посета на Битола, првата општина од внатрешноста на Македонија што ја посети по нејзиното назначување на амбасадорското место во земјава. Според неа, музејот ќе содржи документи и други материјали зачувани во француските архиви од Првата светска војна, а кои се поврзани со историјата на градот-страдалник од тоа време, Битола. Целта е да се прикажат страдањата и подвизите на тогашната француска армија и македонските војници, но да служат како опомена во иднина да нема војни.

- Битола ќе има приоритетно место во програмата за одбележување на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна зашто ние имаме многу материјал низ архивите, фотографски и друг кој претставува сведоштво за она што се случувало во оваа војна - изјави Оер.

Таа најави дека музејот ќе се гради за две години, а ќе содржи богат документаристички материјал, кој досега не бил достапен за македонската јавност.

Од Општина Битола прифатија да помогнат во реализацијата на програмата за јубилејот еден век од Првата светска војна, сметајќи дека ќе има и опоменувачки карактер - такви трагични настани повеќе да не се случат.

- Општина Битола ќе ги поддржи активностите на амбасадорката. Освен тоа, Битола е збратимена со Епинал и во мај имаме покана од тамошниот градоначалникот да направиме заедничка манифестација таму - изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.

За време на Првата светска војна Битола во повеќе наврати била бомбардирана и претрпела голема материјална штета и човечки загуби. Од тоа време го носи и името град-страдалник. Во чест на заедничкото историско минато на македонскиот и францускиот народ за време на Првата светска војна, Франција ~ има врачено на Битола Медал од Легијата на Гезите и медал како град-страдалник поради ужасот и загубите што ги претрпе во Првата светска војна. На француските гробишта во Битола од војната, која траеше од 1914 до 1918 година, погребани се посмртните останки на 13.000 војници.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=97E19C87E134564882C80920A1172E7E
Back to Top
JimmyN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Dec-2012
Location: Germany
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote JimmyN Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 03-Mar-2013 at 00:15
Thumbs%20Up
If you don`t have a clue,...use the internet!
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 14-Mar-2013 at 13:19
Среда, 13 Март 2013 12:56

Во Кратово денеска беше свечено отворено некогашното кино кое во изминатите 20-ина години беше затворено и руинирано. Сега тоа доби нов лик и нова функција - мултимедијален центар, кој ќе биде место на разновидни културни случувања за околу 6.500 жители на градот.

003

Обновата траеше две години, на иницијатива на кратовци, преку проектот Форуми на заедниците. Го промовираа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Кратово Мите Андоновски.

Објектот има 225 седишта. Општината во него вложи 7 милиони денари, 2,4 милиони се од Швајцарската агенција за соработка и развој, а 2 милиона денари од Министерството за култура.  Целосно ќе биде завршен во втората фаза, кога ќе се доуреди просторот под сцената и ќе се додадат уште 50 седишта на балконот.

На промовирањето на повеќенаменскиот центар, министерката Канческа-Миклевска посочи на долгата културна традиција на Кратово, за кој рече дека е музеј на отворено, град на мостови, кули, подземни тунели, стари куќи и цркви со ретки фрескоживописи, археолошки локалитети, како Цоцев Камен и Куклица.

- Токму затоа, со големо задоволство ја прифатив идејата на градоначалникот Андоновски за целосна реконструкција на старото кино и изградба на мултимедијален центар во Кратово, каде што граѓаните ќе може да следат претстави, концерти, фестивали, културни манифестации...простор во кој најмладите ќе ја градат својата перцепција за културата и уметноста, рече министерката за култура.

002

Посочи и на други проекти во културата што се реализирани во општината, во функција на локалниот равој и заштита на културното наследство, како ревитализацијата на Симиќевата кула во која е изложена постојаната поставка „Карпошово востание 1689“. Во тек се заштитните интервенции на Златковата кула, која е симбол на Кратово. Исто така, почнат е и проектот за заштита на архитектурата и ѕидното сликарство во црквата Св. Јован Крстител, изградена од познатиот градител Андреја Дамјанов.

Годинава во Кратово ќе бидат обновени и конзервирани фасади од староградска архитектура, споменичната целина Ајдучка чаршија - блок од пет групирани дуќани во кратовската чаршија, како и реставрација на тунелите во Кратово. Следната седмица во новоотворениот центар ќе биде монтирана нова киноопрема.

Градоначалникот Андоновски  обраќајќи се во мултимедијалниот центар рече дека тој ќе биде простор на многу културни настани, кои досега се организирале во несоодветни услови, на отворено или во спортската сала.

- Кратовци заслужуваат ваков центар, зашто Кратово има долга традиција и култура, истакна Андоновски.

http://www.kurir.mk/republika/opstini/107436-Staroto-kino-vo-Kratovo-so-nov-lik-i-nova-funkcija

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 23-Mar-2013 at 20:39
Музејот на вода во Струга, ќе почека

Напишано од Николоска Биљана на 23 Март 2013. Објавено во Струга

Реализацијата на проектот „Изградба на музеј на вода“, во Струга ќе почека. Музејот на вода беше предвидено да се подигне на истекот од реката Црн Дрим од Охридското езеро. Како што е добро познато министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска на почетокот на јули месец минатата година најави дека на тоа место било предвидено да се возобнови наколната населба по примерот на онаа од Заливот на коските во Охрид, како и за археолошкиот локалитет Врбник кои датираат од железното време и во кои според направените истражувања биле пронајдени голем број артефакти. Но работите очигледно не тргнаа во посакуваната насока.

„Знаете ние застанавме зад тој проект и мислам како што се реализираше проектот за реконструкција на наколната населба во Охрид согласно анализите, сондажите, истражувањата и во Струга има уште подобра можност да се направи реконструкција на наколна насеба која што и постоела така да во секој случај сите овие правди, процедурии т. н мислам дека ќе треба да се завршат од страна на општината се со цел да можеме да настапиме со реализација на тој проект“.

Министерката уште тогаш најави дека струшкиот музеј треба да е носител на целокупниот проект. На ова прашање дилема постои и кај Д-р Сашо Цветкоски, директорот на Муејот „Д-р Никола Незлобински. Цветкоски неодамна изјави дека институциите воопшто немаат никаква координација за да реагираат пред очи на она што сега таму се случува.

„Ние овде очигледно дека имаме една прекината комуникација една колизија меѓу она што треба да се прави и тоа што се прави на лице место. Па најдрастичен пример е кога на самиот локалитет на устието на реката Црн Дрим се поднесува дивоградба да се легализира, а сите можни забрани ги има“.

Овој локалитет за прв пат бил истражуван пред цели педесет години. Според министерката Милеска главна цел на изградбата на музејот на вода, кој треба да е изграден на местото на утоката на Црн Дрим е целосна презентација на наколните живеалишта и се што ќе се најде во тие подводни истражувања да бидат изложени во музејот на вода. Според досегашните истражувања станува збор за наоди од 8 и 7, но и од 5 ти век пред нашата ера.

http://tvm.mk/vesti-mobil/struga/14382-muzej-voda-struga-poceka


Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 16-Apr-2013 at 10:54
Има некој поточни информации за ова??

„Изградба на нов театар на местото на МНТ, при што по пат на јавно-приватно партнерство ќе се изгради објект во кој покрај останатите содржини, ќе биде сместен и театарот (2015)“

Edited by kire85 - 16-Apr-2013 at 10:56
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 16-Apr-2013 at 11:32
????????

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.233 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.