build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 124>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 16-Aug-2009 at 17:29

„ТАВ“ не ја одлага инвестицијата во Македонија


Коментари (1)   
16.08.2009 16:28
Миле Јанакиески

 

Турски „ТАВ“ засега не ја одлага инвестицијата во Македонија. Со реконструкција на аеродромите во Скопје и Охрид и изградбата на карго аеродромот во Штип треба да стартува за 15 дена, засега од компанијата не побарале второ одложување тврди министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

„Доколку има било какви промени благовремено ќе ве информираме. Сега за сега анекс на договорот стои дека од први септември треба да започне со изградба. Како пакет одат заедно скопскиот аеродром, охридскиот аеродром и изградбата на карго аеродромот во близина на Штип.

-Значи тоа се шпекулации што долго време се пуштаат во јавноста. Дефинитивно, дел од пакетот, дел од концесискиот договор е карго аеродромот во близина на Штип“, вели Јанакиески.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112650
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 20-Aug-2009 at 06:04

На истокот битка и за карго-аеродромот

Одново се постави прашањето за местото на инвестицијата, во Овчеполието или во Струмичко

Иван Бојаџиски

Штип - Неодамнешната посета на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, на Штип, од каде што тој потврди дека карго-аеродромот ќе започнел да се гради веќе од 1 септември на локација која ги опфаќа општините Штип и Свети Николе, одново ги зовре страстите на истокот од државата. На јавна дебата одново се постави прашањето каде и' е вистинското место на една вака голема и значајна инвестиција, во Овчеполието или во струмичкиот крај.

Штипскиот градоначалник Зоран Алексов вели дека ова прашање, од стручен и од секаков друг аспект, одамна е елаборирано и затворено.

„Сегашнава локација е избрана од стручен тим како централна точка на еден регион кој има свои потенцијали, а ја има и сета друга потребна инфраструктура, како што се магистрален пат и железница, во својата близина. Карго-аеродромот е само дел од еден комплексен проект битен за развојот на овој дел од државата во кој како главна алка е предвидена изградбата на модерен автопат од Скопје до Штип преку Миладиновци, со што оваа релација се скусува за триесет километри. Тоа говори дека во сиот овој проект од големо значење е и близината до главниот град на државата“, вели Алексов. Тој смета дека и Штип, како и целиот регион, својата енергија ќе ја насочи кон реализација на идејата модерниот автопат да продолжи и кон Радовиш и Струмица заради сигурен транспорт на раноградинарските производи од тој дел на државата до аеродромот.

Од друга страна, струмичкиот градоначалник Зоран Заев тврди дека не верува оти карго-аеродромот ќе се гради кај Штип. Тој е убеден дека во блиска иднина Струмица ќе добие ваков објект.

„Светското искуство говори дека вакви објекти се градат откако сите калкулации ќе ја докажат нивната профитабилност. Во таа смисла, Струмица е во огромна предност поради огромното производство на раноградинарски производи на кои им е неопходен брз транспорт до светските потрошувачки центри. Минатата година само преку струмичкиот терминал кон светот е извршен извоз на раноградинарски производи за 150 милиони евра. Карго-аеродромот изграден на наша локација ќе има многу работа, бидејќи ќе транспортира градинарски производи од Струмичко, валандовско-гевгелиското подрачје, од околината на Петрич во Бугарија и од регионот на северна Грција. Тој факт ја прави целата инвестиција исплатлива, профитабилна“, потенцира Заев.

Градоначалникот на Струмица е категоричен дека кога ќе се донесат наредните фази од Законот за децентрализација, Струмица ќе најде инвеститор за изградба на карго-аеродром. Засега општините немаат право да располагаат со државното земјиште и тоа е кочницата поради која, според Заев, тие не можат да работат на реализација на својата идеја. Тој тврди дека интерес за раноградинарските производи од Македонија пројавуваат сите држави настанати од поранешниот СССР, вклучително и големата Русија, а државата треба да размисли зошто овие производи за тој пазар одат со 15 отсто царина, додека Турција ги извезува без царина.

Како и да е, до почетокот на градбата, макар кога и да биде, мора да се одговори и на едно друго суштинско прашање. Тоа е изјавата на претставникот на турски ТАВ, кој ќе ги гради трите аеродроми во Македонија, дека во пакет ќе го изградат и карго-аеродромот кај Штип, но не сакаат да го управуваат, туку ќе и' го подарат на државата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=88A32BBC1EFD8C41AC440BA1003E3849
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 20-Aug-2009 at 20:24
Штипскиот градоначалник Зоран Алексов вели дека ова прашање, од стручен и од секаков друг аспект, одамна е елаборирано и затворено.

LOL

Да да, и после мрморецот ја виткаше чоколадата во фолија...
Дај да видиме каква-таква студија или анализа на хартија, зошто вакво произволно коментирање и вадење на „аргументи“ од газот сигурно нема да го направат аеродромот економски или поинаку исплатлив.




Карго-аеродромот е само дел од еден комплексен проект битен за развојот на овој дел од државата во кој како главна алка е предвидена изградбата на модерен автопат од Скопје до Штип преку Миладиновци, со што оваа релација се скусува за триесет километри.
Лага!

Во однос на планираниот автопат Отовица-Штип, вкупното кратење помеѓу Скопје и Штип со автопат Миладиновци-Штип се сведува на нешто повеќе од 1km, а со значително понеповолна топографија:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=18023#18023

Зошто ни е потребна изградба на скап автопат кој во 95% ќе го дуплира предвидениот и многу пологичниот автопат Отовица-Штип, не знам и не е место да разглабам, но апсурдно е како аргумент за неисплатлив аеродром да се наведува изградба на неисплатлив автопат!



Тоа говори дека во сиот овој проект од големо значење е и близината до главниот град на државата“, вели Алексов.
Главниот град веќе има аеродром, кој аеродром е на локација каде што се сечат два пан-европски коридори. Во било каква догледна иднина на Македонија не и треба нов аеродром на раздалеченост од само 40km воздушна линија од постоечкиот во Петровец.




Како и да е, до почетокот на градбата, макар кога и да биде, мора да се одговори и на едно друго суштинско прашање. Тоа е изјавата на претставникот на турски ТАВ, кој ќе ги гради трите аеродроми во Македонија, дека во пакет ќе го изградат и карго-аеродромот кај Штип, но не сакаат да го управуваат, туку ќе и' го подарат на државата.
Ова прилично многу кажува за оправданоста и исплатливоста на тој аеродром во Штип.


Edited by Cloverstack - 20-Aug-2009 at 20:26
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 21-Aug-2009 at 15:45

ТАВ пак го одлага презема-њето на аеродромите

Од централата на ТАВ во Истанбул потврдуваат дека почетокот на модерниза-цијата на аеродромите повторно ќе биде одложен и посочија дека причините се технички, а инвестицијата со сигурност ќе се реализира

Модернизацијата на македонските аеродроми, „Александар Велики“ во Скопје и охридскиот „Св. Апостол Павле“, како и изградбата на нов карго-аеродром во Штип, нема да почне на 1 септември како што најави турскиот инвеститор ТАВ во договор со Владата. ТАВ требаше да ги преземе македонските аеродроми со уплата на парите до 1 септември годинава откако веќе еднаш инвестицијата беше одложена. Неофицијалната причина за новото одложување е времето потребно за меѓународните финансиски институции да донесат одлука да и' одобрат заем на турската компанија за инвестицијата во Македонија.

ТАВ, поради светската економска криза и неможноста да земе кредит, во декември лани ја одложи инвестицијата вредна 200 милиони евра. Во меѓувреме, компанијата за проектот во Македонија побара заеми од 125 милиони евра, од кои 45 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и уште 80 милиони евра од Европската инвестициска банка. Дека почетокот на инвестицијата ќе биде повторно одложен потврдија и од централата на ТАВ во Истанбул, каде што само посочија дека причините за новото одложување се технички и дека инвестицијата со сигурност ќе се реализира.

Наспроти тоа, десетина дена пред истекот на рокот, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески изјави дека очекува ТАВ навреме да ги обезбеди парите за инвестицијата во Македонија. На прашањето до каде се подготовките за целиот проект, од Министерството вчера одговорија дека не очекуваат одложување, но ако такво нешто се случи, „јавноста ќе биде благовремено информирана“.

Од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) велат дека барањето за кредит на ТАВ се' уште се разгледува и наскоро Одборот на директори ќе одлучи дали ќе се одобри заемот од 45 милиони евра. Општите информации за барањето за кредит на ТАВ од ЕБОР од неодамна не се достапни на интернет-страницата на банката.

Упатените велат дека второто одложување на инвестицијата е поради несреќно избраниот датум за одложување - 1 септември. Според правните експерти, меѓународните финансиски институции како ЕБРД и ЕИС вообичаено свикуваат состанок на Одборот на директорите по истекот на септември. Токму затоа за одлуката дали ќе се одобри барањето на ТАВ, ќе мора да се почека уште најмалку 30 дена по 1 септември.

ТАВ досега зела неколку вакви повеќемилионски заеми од ЕБРД, ЕИС и ИФЦ за слични проекти за модернизација на аеродромите во Грузија и во Тунис. „ТАВ Хавалиманлари холдинг“ пред една година победи на тендерот за концесија над македонските аеродроми „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“ во траење од 20 години, како и изградба на нов карго-аеродром во Штип. Турците беа единствен понудувач на тендерот, иако заинтересирани беа четири компании. Откако изби светската финансиска криза, кон крајот на јануари годинава, ТАВ продаде една третина од акциите во профитабилниот бизнис со аеродромски услуги за да ги плати доспеаните долгови.

При неодамнешната посета на Македонија, претседателот на Сојузот на стопанските комори на Турција, Рифат Хисарџиколу, изјави дека „и покрај светскиот проблем со обезбедување готовина, ТАВ ќе го направи тоа успешно“.Турскиот гигант ТАВ има 11.000 вработени и целосно управува со четири аеродроми во Турција и по два аеродрома во Грузија и во Тунис. Неодамна компанијата конкурира и за концесија врз аеродромот во Рига, Литванија.

Турците на скопскиот „Александар Велики“ треба да изградат нова терминална зграда, да ја продолжат пистата, паркинг за автомобили, пристапен пат со нова клучка, да инсталираат системи за земска навигација, да воспостават комунална инфраструктура, да ја доградат административната зграда и да изградат нов карго-терминал, противпожарна станица и нов паркинг за воздухоплови. На охридскиот „Св. Апостол Павле“ за една година од почетокот на проектот е предвидена реконструкција на постојниот паркинг, реновирање на објектите во карго-центарот, изградба на ВИП-објект, реконструкција на административната зграда и набавка на нова опрема. Карго-аеродромот во близина на Штип треба да биде готов за три години од почнувањето. Намерата на Владата е тој да функционира како алтернативен аеродром за цивилната авијација, со можност во иднина да стане главен аеродром во Македонија

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 24-Aug-2009 at 12:25

ТАВ ќе почне со реконструкција на аеродромите на почетокот на идната година

Анета Додевска Коментари (0)   
24.08.2009 12:18
 

 

Турски ТАВ ќе почне со реконструкција на аеродромите на почетокот на идната година. Турските инвеститори не се откажуваат од инвестирање, но сепак реализацијата на терен ќе биде пролонгирана.

Ова денеска во Скопје го изјави претседателот на унијата на индустриски и трговски комори. Денеска овде во Скопје беа сумирани и показателите за трговската размена меѓу двете земји. Сега во оваа година на економска криза, во првите 6 месеци споредено со истиот период лани, трговската размена е намалена за 13, 4 проценти, и изнесува 136 милиони долари. Во оваа трговска позиција извозот е зголемен за нешто повеќе од 8 проценти, а увозот од Турција е со пад од 16,5 проценти.

Според проекциите и прогнозите на гостите од Турција се очекува тренд на зголемување на увозот на репроматеријали и суровини од Турција.

Дека одредени, политички и бизнис структури ги замешале прстите и манипулираат со штрајкувачите, преку соопштение обвинуваат и од Владата, искажувајќи спремност да изберат државен довереник по мерка на вработените. Работниците сметаат дека така, многу работи ќе се решат, а ги отфрлаат обвинувањата дека некој стои зад нив.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 24-Aug-2009 at 12:27
ај бе нека се одлучат веќе, ај сега ќе почнеме, не чекај, не сега, за некое  време, ама сега сигурни сме дека ќе почнеме, ај уште една година нема да боли Bash
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 24-Aug-2009 at 12:30
poarno ke bese na nekoja druga kompanija da gi dadea aerodromite otkolku na ovaa TAV
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 24-Aug-2009 at 13:32
Е сега според ова што го читам во последниве две страни на нишкава се прави извод на две причиснко-последични нешта:
1) Раскинување на договорот со ТАВ и давање на аеродромите на тендер, под други услови за да се привлечат навистина сериозни компании. ФраПорт е една од нив и прави одлична работа со Варна и Бургас на пример.
2) Министерчето (кое патем е отприлика на моја возраст Ohno) да си даде ВЕДНАШ оставка, пошто ова лажење, ветување и празно уверување нема крај, аеродромите тонат, туѓите  грабат напред а МАТ (што се води како национален превозник, а не приватна компанија) пропаѓа! Причини за оставката може да видиме и во патната мрежа, колку сакаш!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 24-Aug-2009 at 14:04
Назад пишува мислам во нишкава дека аеродромите беа строго врзани како приврзок за влегувањето на Македонија во нато, бидејќи ова не се случи повеќе од јасно е дека ТАВ во вакви услови нема да инвестира, имајќи предвид дека ЕБРД е исто така нато ќерка фирма, одмрзнувањето т.е. одобрувањето на заемот за ТАВ повторно е условено со полноправно членство на Македонија во нато... Министерот ниту имал ниту ќе има абер што се и како се во европа се редат лончињата, тој само пренесува што му кажуваат, ниту има легитимитет ниту има можност да даде своја проценка!

Edited by Max - 24-Aug-2009 at 14:14
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 26-Aug-2009 at 01:44

Аеродромите ќе ја чекаат идната пролет

Турскиот инвеститор ТАВ доби ново продолжување до 1 март 2010 година да почне со модернизација на скопскиот и на охридскиот аеродром и со изградба на карго-аеродром во Штип

Владата втор пат му одобри на турски ТАВ да го одложи почетокот на работите за модернизација и изградба на македонските аеродроми. Турскиот инвеститор на завчерашната владина седница доби рок најдоцна до 1 март 2010 година да ја почне инвестицијата, изјави вчера министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.Според Јанакиески, 200-милионската инвестиција во македонските аеродроми се одложи поради неможноста ТАВ да обезбеди пари за нејзина реализација, како последица на светската економска криза.

- Светските аналитичари очекуваат економската криза да заврши или да биде ублажена до крајот на годинава и се очекува ТАВ во март да нема проблеми да ги обезбеди парите. Претставниците на турската компанија ТАВ повеќепати ја искажаа својата волја и тоа е дел од договорот. Ќе инвестираат и во скопскиот и во охридскиот аеродром, а ќе го изградат и карго-аеродромот во Штип - рече Јанакиески.

Првото одложување на стапувањето во сила на Договорот со ТАВ беше во декември лани, кога турската компанија се обврза да почне со инвестицијата во почетокот на септември годинава. Причина за одложување на инвестицијата и тогаш беше неможноста да обезбеди кредити за инвестицијата поради светската економска криза.Според Јанакиески, тековната гаранција од 6 милиони евра од турскиот инвеститор важи до 1 март, за кога се очекува да стапи во сила Договорот за реализација на инвестицијата.

- Договорот ќе стапи во сила на 1 март и тоа е последниот рок даден од Владата. Ако од 1 март не почне инвестицијата, гаранцијата ќе се ефектуира - тврди министерот за транспорт.

Прашан зошто Владата не го раскинува договорот поради одложувањата и да побара друг инвеститор за аеродромите, Јанакиески рече дека треба да се има предвид оти поради економската криза ниту една меѓународна финансиска институција не дава толкав обем на финансии.

- Гледаме дека голем број концесии во близина на Македонија и ширум Европа пропаѓаат, така што мислам оти е разумно ова пролонгирање од шест месеци. Очекувам дека по 1 март, а можеби и порано, сите да бидеме сведоци на инвестиција која се очекува во Македонија во последните 15 години- нагласи Јанакиески.

Најавата од ТАВ дека не се повлекува, но оти ги одлага работите на проектот за модернизација и изградба на македонските аеродроми за почетокот на идната година, вчера ја потврди Рифат Хисарџиклиоклу, претседател на Унијата на индустриските и трговските комори и берзи на Турција (ТОББ), кој престојува во посета на Македонија.

„Дневник“ неодамна објави дека турскиот инвеститор бара кредит од 125 милиони евра од две банки. Од Европската банка за обнова и развој бара 45 милиони евра и уште 80 милиони евра од Европската инвестициска банка.Атрактивноста на концесионерство на македонските аеродроми ја загрозува најавата на косовската влада дека за една недела ќе распише повик за концесија на приштинскиот аеродром, кој последнава година го презеде приматот на најфреквентен регионален аеродром.

Марјан Блажевски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6456DE80D3598F479969F4904AE7A659

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 26-Aug-2009 at 02:32
Ајде бе Миле, завчера што кажуваше, денеска што кажуваш... Колку кратка мислиш дека е нашата меморија?
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 27-Aug-2009 at 08:07
 

ПО ОД­ЛО­ЖУ­ВА­ЊЕ­ТО НА НАЈ­ГО­ЛЕ­МА­ТА ИН­ВЕС­ТИ­ЦИ­ЈА ЗА ГО­ДИ­НА­ВА

Штип­ски­от ае­род­ром ќе го из­гра­ди Приш­тин­ски­от

Упор­но­то ин­сис­ти­ра­ње на Вла­да­та да се гра­ди штип­ски­от ае­род­ром ја ком­пли­ку­ва ре­конс­трук­ци­ја­та на дру­ги­те два ае­род­ро­ма - Скоп­ски­от и Ох­рид­ски­от, со што ќа­рот ќе го из­вле­че Приш­тин­ски­от ае­род­ром, чи­ја ре­конс­трук­ци­ја тре­ба да поч­не од на­ред­на­та го­ди­на

До­де­ка ма­ке­дон­ска­та Вла­да го че­ка тур­ски ТАВ да нај­де па­ри за из­град­ба на спор­ни­от штип­ски ае­род­ром, ко­сов­ски­те влас­ти пла­ни­ра­ат од по­че­то­кот на на­ред­на­та го­ди­на да ја поч­нат ре­конс­трук­ци­ја­та на Ае­род­ро­мот во Приш­ти­на, со што, де­фи­ни­тив­но, Скоп­ски­от ае­род­ром ќе ја из­гу­би бит­ка­та за пат­ни­ци со Приш­тин­ски­от. Од­ла­га­ње­то на из­град­ба­та на ма­ке­дон­ски­те ае­род­ро­ми оди во при­лог на раз­во­јот на Приш­тин­ски­от ае­род­ром, што го по­ка­жу­ва­ат и спо­ред­бе­ни­те по­да­то­ци за два­та ае­род­ро­ма.
Ко­сов­ска­та вла­да на 9 ав­густ рас­пи­ша ме­ѓу­на­ро­ден тен­дер на кој ба­ра при­ва­тен ин­вес­ти­тор кој ќе из­гра­ди нов тер­ми­нал, кон­трол­на ку­ла, хан­гар и пар­кинг-прос­тор на Приш­тин­ски­от ае­род­ром, во за­ме­на за кон­це­си­ја на Ае­род­ро­мот на 20 го­ди­ни. Се оче­ку­ва ин­вес­ти­ци­ја од нај­мал­ку 100 ми­ли­о­ни ев­ра. Про­ек­ти­ра­ни­от про­фит од 20-го­диш­на­та кон­це­си­ја се про­це­ну­ва на 400 ми­ли­о­ни ев­ра.
"Пла­ни­ра­ме да го пот­пи­ше­ме до­го­во­рот за кон­це­си­ја во де­кем­ври", из­ја­ви ми­нис­те­рот за тран­спорт на Ко­со­во Фат­мир Ли­мај, об­ја­ву­вај­ќи го рас­пи­шу­ва­ње­то на тен­де­рот.
"Приш­тин­ски­от ме­ѓу­на­ро­ден ае­род­ром ќе би­де при­мер во ре­ги­о­нот", до­да­де пре­ми­е­рот Ха­шим Та­чи.
Бро­јот на пат­ни­ци на Приш­тин­ски­от ае­род­ром во пос­лед­ни­ве го­ди­ни пос­то­ја­но рас­те. Во 2008 го­ди­на бе­ле­жи 17.000 ле­то­ви и пре­ве­зе­ни око­лу 1,2 ми­ли­о­ни пат­ни­ци, што е за 11 про­цен­ти по­ве­ќе от­кол­ку прет­ход­на­та го­ди­на. Од Приш­ти­на опе­ри­ра­ат 35 ави­о­ком­па­нии на 30 дес­ти­на­ции - за Ти­ра­на, Бу­дим­пеш­та, Ци­рих, Ви­е­на, Лон­дон, Љуб­ља­на, Заг­реб, Же­не­ва, Хам­бург, Фран­кфурт, Бер­лин, Рим, Со­фи­ја, за Ис­тан­бул. Ле­то­во има­ше ди­рек­тен лет за Њу­јорк. Днев­но има по око­лу 20 ле­то­ви. Ае­род­ро­мот ла­ни ос­тва­рил 7 ми­ли­о­ни ев­ра до­бив­ка.
На Скоп­ски­от ае­род­ром, пак, ла­ни има­ло око­лу 13.000 ле­то­ви со 650.000 пат­ни­ци. Од Скоп­је опе­ри­ра­ат 13 ави­о­ком­па­нии кои со­об­ра­ќа­ат на ре­дов­ни ли­нии и уш­те не­кол­ку кои ре­а­ли­зи­ра­ат чар­тер-ле­то­ви.
Не­о­фи­ци­јал­но, ра­бо­ти­те око­лу ре­конс­трук­ци­ја­та на ма­ке­дон­ски­те ае­род­ро­ми се ком­пли­ку­ва­ат по­ра­ди ин­сис­ти­ра­ње­то на Вла­да­та по се­ко­ја це­на да се гра­ди штип­ски­от ае­род­ром.
И кон­сул­тан­тот - хо­ланд­ска­та ком­па­ни­ја "На­ко", ко­ја Вла­да­та ја од­бра на тен­дер за да ја по­со­ве­ту­ва што да пра­ви со ае­род­ро­ми­те, ука­жа­ла на проб­ле­ма­тич­нос­та на штип­ски­от ае­род­ром. Во Сту­ди­ја­та за раз­вој на ае­род­ро­ми­те со кон­це­си­ски мо­дел којс ја из­ра­бо­ти "На­ко" стои де­ка из­град­ба­та на кар­го-ае­род­ром во Штип е не­ра­ци­о­нал­но ре­ше­ние, иа­ко иде­ја­та е тех­нич­ки из­вод­ли­ва.
Се­га ТАВ мо­ра да го из­гра­ди и штип­ски­от ае­род­ром, во па­кет со ре­конс­трук­ци­ја­та на дру­ги­те два ае­род­ро­ма, но има проб­ле­ми да обез­бе­ди па­ри за нив. Спо­ред кон­це­сис­ки­от до­го­вор, ТАВ, от­ка­ко ќе го из­гра­ди, ќе $ го да­де штип­ски­от ае­род­ром на уп­ра­ву­ва­ње на Вла­да­та.
За из­град­ба­та на штип­ски­от ае­род­ром и до­маш­ни­те ек­спер­ти ука­жаа де­ка не е ис­плат­ли­во ре­ше­ние. (А.С.)

***

АКО ОБ­НО­ВА­ТА НА АЕ­РОД­РО­МИ­ТЕ НЕ ПОЧ­НЕ НА 1 МАРТ 2010

Вла­да­та ќе ја ак­ти­ви­ра га­ран­ци­ја­та на ТАВ од 6 ми­ли­о­ни ев­ра

Вла­да­та по втор пат му одоб­ри на тур­ски ТАВ да го про­лон­ги­ра по­че­то­кот на ра­бо­ти­те за мо­дер­ни­за­ци­ја и из­град­ба на ма­ке­дон­ски­те ае­род­ро­ми. На зав­че­раш­на­та вла­ди­на сед­ни­ца тур­ски­от ин­вес­ти­тор до­бил рок да ја поч­не ин­вес­ти­ци­ја­та нај­доц­на до 1 март ид­на­та го­ди­на, пот­вр­ди вче­ра ми­нис­те­рот за тран­спорт и вр­ски Ми­ле Ја­на­ки­е­ски.
Спо­ред Ја­на­ки­е­ски, 200-ми­ли­он­ска­та ин­вес­ти­ци­ја во ма­ке­дон­ски­те ае­род­ро­ми се про­лон­ги­ра по­ра­ди не­мож­нос­та ТАВ да обез­бе­ди па­ри за неј­зи­на ре­а­ли­за­ци­ја, ка­ко пос­ле­ди­ца на свет­ска­та еко­ном­ска кри­за.
Прв­пат ре­а­ли­за­ци­ја­та на до­го­во­рот со ТАВ со ис­то­то об­раз­ло­же­ние бе­ше од­ло­же­на ла­ни во де­кем­ври, со об­вр­ска ра­бо­ти­те на ае­род­ро­ми­те да поч­нат на по­че­то­кот на сеп­тем­ври го­ди­на­ва.
Спо­ред Ја­на­ки­е­ски, те­ков­на­та га­ран­ци­ја од 6 ми­ли­о­ни ев­ра од тур­ски­от ин­вес­ти­тор ва­жи до 1 март.
"До­го­во­рот ќе ста­пи во си­ла на 1 март, и тоа е пос­лед­ни­от рок да­ден од Вла­да­та. До­кол­ку од 1 март не поч­не ин­вес­ти­ци­ја­та, то­гаш га­ран­ци­ја­та ќе се ефек­ту­и­ра", твр­ди ми­нис­те­рот за тран­спорт.
Пра­шан зош­то Вла­да­та не го рас­ки­ну­ва до­го­во­рот и не по­ба­ра друг ин­вес­ти­тор за ае­род­ро­ми­те, Ја­на­ки­е­ски ре­че де­ка тре­ба да се има пред­вид оти по­ра­ди еко­ном­ска­та кри­за, ни­ту ед­на ме­ѓу­на­род­на фи­нан­си­ска ин­сти­ту­ци­ја не да­ва тол­кав обем на фи­нан­сии.
"Го­лем број кон­це­сии во бли­зи­на на Ма­ке­до­ни­ја и низ Ев­ро­па про­па­ѓа­ат, та­ка што мис­лам оти е раз­ум­но ова но­во про­лон­ги­ра­ње од шест ме­се­ци, по што ин­вес­ти­ци­ја­та ав­то­мат­ски ќе поч­не. Оче­ку­вам по 1 март, а мо­же­би и по­ра­но, си­те да би­де­ме све­до­ци на ин­вес­ти­ци­ја ко­ја се оче­ку­ва во Ма­ке­до­ни­ја во пос­лед­ни­те 15 го­ди­ни", наг­ла­си Ја­на­ки­е­ски.
Спо­ред до­го­во­рот ме­ѓу Вла­да­та и ТАВ, тур­ска­та ком­па­ни­ја тре­ба да ги об­но­ви Скоп­ски­от и Ох­рид­ски­от ае­род­ром и за три го­ди­ни од ак­ти­ви­ра­ње­то на до­го­во­рот да из­гра­ди нов кар­го-ае­род­ром во бли­зи­на на Штип.

 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 27-Aug-2009 at 08:11
 
И кон­сул­тан­тот - хо­ланд­ска­та ком­па­ни­ја "На­ко", ко­ја Вла­да­та ја од­бра на тен­дер за да ја по­со­ве­ту­ва што да пра­ви со ае­род­ро­ми­те, ука­жа­ла на проб­ле­ма­тич­нос­та на штип­ски­от ае­род­ром. Во Сту­ди­ја­та за раз­вој на ае­род­ро­ми­те со кон­це­си­ски мо­дел којс ја из­ра­бо­ти "На­ко" стои де­ка из­град­ба­та на кар­го-ае­род­ром во Штип е не­ра­ци­о­нал­но ре­ше­ние, иа­ко иде­ја­та е тех­нич­ки из­вод­ли­ва.
 
 
Enough said....
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 03-Sep-2009 at 23:59

ТАВ останува во Македонија

Александар Момировски Коментари (0)   
03.09.2009 20:00
ТАВ со сопствени средства целосно ќе ги модернизира авиопристаништа

 

Августовското одложување на реконструкцијата на македонските аеродроми е последно, ветува Сани Шенер, првиот човек на турската компанија, кој денеска допатува во еднодневна посета на Македонија.

Во ексклузивното интервју за А1 тој вели дека ако не се најдат кредити од меѓународните институции, ТАВ со сопствени средства целосно ќе ги модернизира домашните авиопристаништа.

„Владата не извести дека ова е последно пролонгирање на тендерот за аеродромот, и ние се согласивме. Јас, како генерален директор на ТАВ Холдинг, можам да ветам дека на први март следната година ќе почнеме да работиме од постоечкиот аеродром, а и ќе започнеме со изградба на уште еден. Проблемот не беше во немањето финансии. Финансиите се тука, но условите во светот сосема се изменија. Како ТАВ, ние сме во состојба да финансираме, но ни треба малку време“, изјави Сани Шенер, генерален менаџер на ТАВ.

По проблемите со експропријацијата на земјиштето кои сега биле решени главниот менаџер на ТАВ, вели дека останува отворено и прашањето за карго аеродромот во Штип. Овој аеродром ќе се гради, но дури откако ќе се направат потребните анализи на терен, кои траат и по неколку години.

„Нема да се случи да не градиме во Штип. Карго аеродромот во Штип ќе биде изграден. Така стои во договорот. Но, се јавуваат инженерски проблеми, проблеми во авио-инженерингот. Мораме да ја провериме климата барем за пет години. На крај, можеби владата ќе го дислоцира аеродромот лево или десно, па затоа главниот план за Штип не е направен“, вели Шенер.

Македонија ја чувствуваме како братска земја на Турција

 

Македонија ја чувствуваме како братска земја на Турција и затоа ќе останеме овде вели Шерен, демантирајќи ги информациите дека ТАВ се вклучува во трката за концесионерство на приштинскиот аеродром.

„Ние нема да учествуваме на тендерот во Косово, зашто на Балканот дојдовме за Македонија, го одбравме и го добивме Скопје“, рече Шенер.

Турски ТАВ ги доби македонските аеродроми под концесија во траење од 20 години и од нив треба модерни европски авиопристаништа. Лани во октомври со владата ставија потпис на документот за реализација на оваа клучна инвестиција во авиосекторот тешка 200 милиони евра, но сепак поради финансиски проблеми, стартот на модернизацијата беше одложуван два пати.

Првиот човек на ТАВ денеска сигурен во тврдењата дека повеќе нема одлагања. Убеден е дека скопскиот аеродром под нивно раководство ќе стане балкански авиоцентар, чиј најголем конкурент ќе биде виенскиот аеродром.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113328
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 07-Sep-2009 at 00:43
Скопскиот аеродром - мост на Европејците за Блискиот Исток


Аеродромот во Скопје е идеално поставен помеѓу Европа и Блискиот и Средниот Исток и по модернизацијата би можел да стане главен регионален центар за транзитните туристи, смета Зоран Крстевски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство


Профилирање на двата македонски аеродроми како регионални центри е најдоброто решение за помрднување од сегашната агонија во која се наоѓаат домашните авиопристаништа. Со постоење на четири директни авиоврски до десетте најголеми трговски партнери на Македонија, а до другите шест лета само по една авиокомпанија, доволно говори за атрактивноста на нашите авиопристаништа. Според експертите, пречка за доаѓање на нови авиокомпании и за зголемување на авиоврските е немодернизацијата на аеродромите кои, пак, реално и не можеа да се модернизираат бидејќи во претходните години постојано работеа со загуба. Според груби проценки, во авиобизнисот во земјава годишно се вртат околу 100 милиони евра, но од тие пари многу малку се искористуваа за подобрување на инфраструктурата на двете авиопристаништа, на условите и функционирањето на авиосообраќајот.

Експертите, но и аеродромските власти многу очекуваат од турски ТАВ кој треба да инвестира 200 милиони евра во скопскиот, охридскиот и во новиот карго-аеродром во Штип. Зоран Крстевски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, смета дека е добро што Владата имаше слух и донесе одлука за второ пролонгирање на рокот за влез на ТАВ во аеродромите.
- Приликите во авиобизнисот и економијата во светот се лоши и добро е што Владата одлучи да го задржи овој сериозен инвеститор. Од ТАВ се постојано на терен и ги подготвуваат проектите во очекување банките во октомври да им го одобрат кредитот за реализација на инвестицијата во Македонија која ќе ни овозможи да бидеме чекор пред другите во регионот - вели Крстевски.
Според него, од сите аеродроми во регионот, пред нас е само аеродромот во Софија каде годишно поминуваат над два милиони патници и секоја вложена инвестиција во негова модернизација е исплатлива.
- Другите аеродроми ништо посебно не напреднале.Мислам на белградскиот, нишкиот и приштинскиот, а особено последниот кој за време на кризата имаше пораст на бројот на патници што дава лажна слика за неговиот развој - вели Крстевски.

Аеродромот во Скопје е идеално поставен помеѓу Европа и Блискиот и Средниот Исток и по модернизацијата би можел да стане главен регионален центар за транзитните туристи. Така ќе се привлечат авиокомпании што нудат евтини авиобилети. За скопскиот аеродром да стане интересен за потенцијалните патници од Косово, Јужна Србија, па и пошироко, експертите сметаат дека треба да се работи на промоција на аеродромот кај локалните туроператори во тие земји. За нив уште понеопходно е да се отворат редовни автобуски линии од поголемите градови на Косово и Јужна Србија до скопскиот аеродром кои ќе бидат врзани со тајминзите на полетување и слетување. Ваков успешен пристап со години има аеродромот во Франкфурт кој има редовни автобуски линии од повеќе градови во Германија, како и оној во Стразбур кои носат илјадници патници на овој аеродром.

За Охридскиот аеродром тие сметаат дека треба да се развива не само како алтернативен на скопскиот во случај на магла и за повремени чартер летови во време на туристичката сезона, туку како пограничен аеродром.
- Треба да се работи на привлекување на патници од југоисточна и источна Албанија како и од северозападна Грција. Добар пример за развој на пограничен аеродром како регионален е аеродромот во Батуми во Грузија, кој е исто така под концесија и го менаџира турски ТАВ. Благодарение на одлуката на грузиската и турската влада за воспоставување на слободен малограничен појас, Батуми прерасна во практично главен аеродром на североисточна Турција - сметаат експерти.

Со неодамнешната одлука да се овозможи влез во Македонија на сите државјани на земјите-членки на ЕУ само со лична карта и со укинувањето на визите за влез во Македонија за државјаните на Албанија, се отвораат големи перспективи за охридскиот аеродром да привлече low-cost компании како Рајан Ер, Езиџет, Визар и други, кои од Охрид би го покривале македонскиот, јужноалбанскиот и северозападниот пазар на Грција.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=57BC3CFD0DF7A34D8D21BE04CAD31B26
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 07-Sep-2009 at 14:43
Повторно wanna be ситуација. Директорот зборува за идно време, коешто најверојатно никогаш нема да се оствари. Аеродромот во Скопје ќе биде истиснат од аеродромот во Приштина, при што во тоа сум сосема сигурен, следејќи го текот на развојот на двата аеродроми. А ако го додадеме и аеродромот во Ниш, и оние во Грција, модернизираните аеродроми во Белград и Тирана, тогаш можам да кажам дека овие текстови се само владина пропаганда и пуста, но неостварлива желба.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 12-Sep-2009 at 22:08
iskopav nesto od internet:
poveke mi e poradi slikive
STIP!!!:
 

International Airport Shtip / MAZEDONIEN

International%20Airport%20Shtip%20/%20MAZEDONIEN

Services:

  • Future Concept of Use
  • Master Plan
  • Cost Estimates
  • Functional Concept
  • Phasing Concept
  • Business Modell & Plan

 

Partner:

  • airside.ch

 

Customer:

  • VIE Vienna International Airport

Skopje:

International Airport Skopje / MAZEDONIEN

International%20Airport%20Skopje%20/%20MAZEDONIEN

 

Services:

  • Future Concept of Use
  • Master Plan
  • Cost Estimates
  • Functional Concept
  • Phasing Concept
  • Business Modell & Plan

 

Partner:

  • airside.ch

 

Customer:

  • VIE Vienna International Airport
Ohrid:
 

International Airport Ohrid / MAZEDONIEN

International%20Airport%20Ohrid%20/%20MAZEDONIEN


Services:

  • Future Concept of Use
  • Master Plan
  • Cost Estimates
  • Functional Concept
  • Phasing Concept
  • Business Modell & Plan

 

Partner:

  • airside.ch

 

Customer:

  • VIE Vienna International Airport
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 12-Sep-2009 at 22:34


Интересно myMacedonia Thumbs%20Up

Успеа да извлечеш некоја слика или пак некој од овие ПДФи?

ОВа се некои студии на Виенскиот аеродром во врска со Скопскиот, Охридскиот и Штипскиот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 12-Sep-2009 at 23:37
my Macedonia, за кои слики викаш?

Acrobat-ов не ми ги отвара тие pdf-ите
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 13-Sep-2009 at 00:10

сликите си се на место http://www.e-bpd.ch/track-record/development?set_language=de-de

а за документите бара регистрација! MM ако можеш да им пратиш меил за да ти достават тоа проектитете, ова очигледно е фирма која ја избрале турците за идејно решение !?!



Edited by Max - 13-Sep-2009 at 00:12
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 124>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.528 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.