build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 66>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 01-Sep-2009 at 00:10
Е што треба да разберам јас од овој текст? Ставиле некоја нова маркица П+36?И каде е овој кајак-клуб знае некој да даде координати?

Кајак клубот ќе биде Кинески ѕид?

„Постојниот Кајак кану-клуб во Градскиот парк ќе стане втор Кинески ѕид. Тука ќе никнат угостителски објект, хотел, базени, тениски игралишта и други придружни содржини“, предупреди на вчерашната седница на Советот на Карпош советникот Ранко Петровиќ.

Пред мнозинството советници да даде зелено светло за ДУП „Централен градски парк - блок 2“, Петровиќ истакна оти е убеден дека планот дозволува во иднина на местото на Кајак кану-клубот да се отвори простор за изградба на 36-катница. Сепак, Советот го одобри планот. Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, категорично изјави оти планот единствено ја потврдува сегашната висина и површина на објектот од приземје со потпокрив.

„Со Генералниот урбанистички план е утврдена намената на објектот и ние не можеме да одиме против него. Во објектот има 12 соби и тие ќе се користат за потребите на кајакарите, нема да имаат никаква комерцијална намена. Живееме во 21 век, зар овие луѓе се' уште да работат во мизерни услови какви што сега ги имаат. Со овој ДУП само им даваме можност да го реновираат објектот во постојните граници“, рече Јакимовски. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3F4CD9877191534C95011D7AADA5E51B

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 01-Sep-2009 at 00:45


42° 0'45.09"N  21°24'57.59"E


П+36 ?!? Нормални ли се овие бре, или нешто се изгубило во преводот?!?
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 417
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 02-Sep-2009 at 20:43
dali ima DUP izvadeno za delot kaj arhitektonski fakultet nakaj broz kafe do krajot na opstina centar odnosno ruzveltova  ??
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 10-Sep-2009 at 19:40
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 10-Sep-2009 at 20:08
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 19-Sep-2009 at 15:13

Карпош го сочува зеленилото





 

Објектите за колективно домување изградени во населбата Влае 1 покрај реката Вардар со деталните планови треба да се раздвојат за да се добие одредена удобност, но и да имаат место за паркирање во сопствената парцела, одлучија вчера советниците на општината Карпош

 

 
%20  
 Според новиот детален урбанистички план, како и новиот Закон за градење, објектите што се наменети за индивидуално домување во висина ќе можат да достигнат до 10.20 метри. На ова советниците остро реагираа бидејќи тоа ќе значи преименување на сите објекти од индивидуални домаќинства, во објекти за колективно домување. Планирана е и изградба на ново детско игралиште, како и на нови бензински пумпи.

Стевчо Јакимовски, градоначалникот на општината, истакна дека детално не е запознаен со плановите бидејќи тие не го интересираат.

- Реагирам само за оние делови каде што граѓаните имаат проблем, а што точно има на плановите, како се наменети маркиците не ме интересира. Сакам со Советот да си ги усогласиме ставовите за урбанизмот за да можеме заедно да застанеме и да ги браниме пред граѓаните. Надградби и доградби на постојни објекти се ризик за безбедноста на жителите и јас лично по тоа прашање сум против - изјави Јакимовски.

Советниците дадоа и дозвола за касарната Илинден, односно се усвои предлог-одлуката за донесување детален план за овој локалитет каде што ќе бидат сместени амбасадите на Русија и Народна Република Кина.

Планот што отпадна, односно не доби одобрение од Советот, е за населбите Карпош 1 и 2, каде што, според предвиденото, за да се спречи проблемот со паркирањето, односно за да се изградат паркинг-простори, треба да се уништи цело зеленило бидејќи нема место каде да се сместат тие. Планот предвидуваше изградба на три паркинзи на две нивоа, како и забрана за доградување на станбените објекти, но и изградба на нова зграда на местото на Црвениот крст. Во делот кај Скопски пазар беше предвидена и изградба на два станбени објекти, едната со пет ката, а другата со четири.
 
   
Автор: Б.С.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91892037313&id=14&prilog=0&setIzdanie=21792
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 24-Sep-2009 at 22:30

донесени се нови два дупа во Аеродром, ДУП за Горно Лисиче УЕ 3 со опфатена површина од 27 хектари и ДУП Индустриска Зона УЕ Б - блок 7 и 8 со опфатена површина од 3,25 хектари

ДУПовите треба деновиве да бидат качени на нет, во моментов се во постапка уште неколку нови дупови

www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=1485



Edited by Max - 24-Sep-2009 at 22:33
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 28-Sep-2009 at 17:15
УСВОЕН ДУП ЗА ВЛАЕ 2
Куќите ќе ги заменат згради Советот на Општина Карпош го усвои деталниот план Влае 2, за делот што се граничи со булевар Партизански одреди, Вардар и улиците Алфред Циборовски и Ангел Динев. Планот опфаќа површина од околу 18 хектари, на кои се предвидуваат зони за домување во куќи и во станбени згради, дел за образовани објекти, бензиска пумпа, пешачки мост и спортски објекти. Максималната висина на објектите, според ДУП, треба да изнесува 13,1 метри.
Дел од советниците дискутираа дека со планот се намалува зеленилото и се отвора простор за изградба на згради, место куќи. Некои реагираа и на тоа дека луѓето што живеат на овој потег немаат доволно игралишта за децата. Градоначалникот Стевчо Јакимовски од говорницата порача да се разделат маркичките на станбените објекти што излегуваат на реката Вардар, затоа што постоела опасност тие да се спојат во нови згради, кои потоа ќе го затворат просторот. - Настојувавме само на пофреквентни улици да ја промениме намената на просторот од индивидуално домување во колективно и побаравме вакви измени да направи и Градот во генералниот урбанистички план - одговорија надлежните од секторот за урбанизам.
На дневен ред на последната седница во Карпош се разгледуваше и планот за Карпош 1. Овде се предвидува домување во куќи и во згради, големи трговски единици, зеленило со детско игралиште и паркиралиште на повеќе нивоа. Советниците не го усвоија планот откако дел од нив дадоа забелешки дека со изградбата на подземна гаража во зеленилото зад кулата, која се наоѓа во близина на „СП маркет“, ќе се уништи просторот што жителите го користат како собиралиште и парк. За советниците беа спорни и новата зграда од приземје, четири ката и кат под покривот, која би се градела на местото на бараката на Црвениот крст, а до неа е вцртана уште една трикатна зграда со кот под покривот. Планот предвидува и три паркинзи со приземје и подрум.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1824&ArticleID=122649
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 28-Sep-2009 at 17:40

mozne e li da mi go nacrtate dupot vlae 2 ili da mi kazete od kade do kade e vlae 2??¨¨

samo ako sakate/mozeteRoll%20eyesBig%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 29-Sep-2009 at 00:23

42° 0'19.36"N  21°22'25.06"E

Мислам дека Влае 2 е во рамките на овие граници, а за делот на кој се однесува ДУП-от сум сигурен и е обележан со дупла линија:




Edited by Cloverstack - 29-Sep-2009 at 00:28
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 30-Sep-2009 at 15:02
ОХРИДСКА ИНВЕСТИЦИЈА
Бејбунар зависи од Уставниот суд

Урбанизацијата на охридската населба Бејбунар, каде што е предвидено да се изгради станбено-деловен комплекс вреден 100 милиони евра, зависи од одлуката на Уставниот суд, информираат од локалната самоуправа.
- Постапката беше запрена со решение на Министерството за локална самоуправа. По оспорувањето на одлуката на Советот, Министерството поведе постапка пред Уставниот суд за да се утврди дали градското собрание постапило по укажувањето на Министерството за транспорт, кое пред седницата со допис укажало дека не дава позитивно мислење за тој ДУП - изјави портпаролот на Општина Охрид, Никола Манески.
Неодамна министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, најави дека за спорниот ДУП ќе решава второстепената владина комисија. Урбанизацијата на населбата Бејбунар беше запрена поради тоа што Управата за заштита на културното наследство инсистираше да се извршат археолошки истражувања на тој простор, поради сознанија дека постојат остатоци од наколна населба. Директорот на оваа институција, Паско Кузман, деновиве изјави дека испитувањата се завршени и дека на спорниот простор не се најдени значајни археолошки наоди.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=1&EditionID=1826&ArticleID=122799
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 03-Oct-2009 at 16:14

Две згради и трговски центар меѓу Воената болница и „Букурешт“





 

Општината Карпош усвои нови урбанистички планови, од кои со еден се дозволува паркирање на нивоа во Карпош 1 и 2, а со друг нови градби во Карпош 3

 
 
%20  
Паркинг простори на три нивоа, новопроектирани улици и нови станбено-деловни објекти ќе има во населбите Карпош 1, 2 и 3 со деталните урбанистички планови што ги усвоија советниците во оваа општина. Планот за Карпош 1 и 2 не беше изгласан на претходната седница бидејќи членовите на советот се противеа да се прават паркиралишта на местото на зеленилото, но овојпат и тој помина. Во Карпош 3, пак, на просторот меѓу Воената болница и поликлиниката „Букурешт“ треба да се направат два станбено-деловни објекти со трговски центар во нивното подножје, како и да се пробијат две нови улици. Едната ќе се наоѓа меѓу Воената болница и Паркот на толеранцијата и ќе биде слепа, а ќе овозможува уште еден пристап до овој здравствен објект. Другата, пак, ќе ги спојува булеварот 8-ми Септември и улицата Бледски договор и ќе биде пристапна сообраќајница за жителите на двете новопланирани згради.

Стевчо Јакимовски, градоначалникот на општината, побара од советниците да ги гласаат урбанистичките планови за Карпош да не се претвори во ново Дебар маало.

- Паркинзите во планот за Карпош 1 и 2 се ставени за зградите што имаат доградби и надградби. Тие нема да служат како јавни паркиралишта, за таа намена на оваа локација има предвидено друг простор. Сакам да ве замолам да ги усвоите потребните детални планови и за други делови на нашата општина, како што се Жданец, Козле и Трнодол и да спречиме овие населби да се претворат во ново Дебар маало. Гледаме дека сите претходни градоначалници, и Андреј Петров и Сашо Димиќ се потрудиле да донесат планови за да спречат Карпош да биде Тексас - порача Јакимовски.

Како на минатата седница, и на оваа беше спорен делот во Карпош 1 каде некогаш се наоѓал објектот на Црвениот крст на улицата Руѓер Бошковиќ. Единствената забелешка што ја имаа советниците за оваа локација беше да се направат доволно места за паркирање кога ќе се изгради планираниот трговскиот центар или станбено-деловната зграда, односно висината на објектот да се одреди според бројот на паркинг местата. Станарите на високата кула која се наоѓа спроти полициската станица конечно ќе добијат место каде да ги оставаат своите возила. Паркингот ќе биде на три нивоа и на тој начин ќе се реши овој нивни долгогодишен проблем.

Независниот советник Ранко Петровиќ повторно побара потранспарентна соработка со жителите.

- Граѓаните треба да бидат запознаени со сите работи што се случуваат, односно со деталните планови што се носат за местата каде што тие живеат. Затоа предлагам пред да донесеме одреден план на жителите на тој реон да им испратиме писма за да ги повикаме на презентација, за да не се чудат кога ќе ги видат багерите и да речат дека никој не ги известил за тоа што ќе се гради таму - рече Петровиќ.

Но овој негов предлог повторно не беше поддржан од другите советници и од градоначалникот.
 
   
Автор: Бојана Стојчевска


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1039101592&id=14&setIzdanie=21803
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 04-Oct-2009 at 13:41
Но овој негов предлог повторно не беше поддржан од другите советници и од градоначалникот.
па ова не е нормално, зар немаат во карпош бар пред донесување ден за поплаки, критики или пофалби, не ми е јасно нели законски општините се обврзани на вакво нешто или ова презентациите т.е. месното разгледување пред усвојување по останати општини се само добра волја на тамошната администрација!?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 04-Oct-2009 at 22:34


Не знам што се чудиш, да не си рипнал некој ред  Question

Предлогот се однесува конкретно на ова:
Затоа предлагам пред да донесеме одреден план на жителите на тој реон да им испратиме писма за да ги повикаме на презентација

Ваква работа дефинитивно не е законска обврска, ниту пак јас некогаш сум слушнал некој ова да го направил ради добра воља и транспарентност.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 05-Oct-2009 at 01:17
Originally posted by Cloverstack

Не знам што се чудиш, да не си рипнал некој ред  Question
Предлогот се однесува конкретно на ова:
Затоа предлагам пред да донесеме одреден план на жителите на тој реон да им испратиме писма за да ги повикаме на презентација
Ваква работа дефинитивно не е законска обврска, ниту пак јас некогаш сум слушнал некој ова да го направил ради добра воља и транспарентност.

мене од кажаното ми звучи дека граѓаните не се известуваат во карпош за предлог дуповите, ова нормално би требало да оди со јавен повик на веб страницата и во медиумите, но ако беше тоа случај сигурно и ќе беше наведено како образложение и контрааргумент од страна на останатите советници. инаку сега го гледав законот кој вели дека општината не е обврзана, може но немора да истера дебата за предлог дуп

Член 30   Јавни трибини, анкети и предлози  
При изготвувањето на прописите на општината, советот, односно градоначалникот може претходно да организира јавни трибини, да спроведе анкети или да побара предлози од граѓаните. http://www.igu.gov.mk/files/pdf/lokalna_samouprava/zakoni/zakon_za_lokalnata_samouprava.pdf
сепак ранко е во право за нетранспарентноста, но доколку навистина немаат средства за пуштање јавен оглас во дневниот печат, тогаш логично е да се побара некој друг начин за известување како допис до месните заедници, или како што правеа во аеродром со залепен флаер-известување на сите станбени влезови за местото и времето каде граѓаните можат да го погледнат предлог дупот или дуповите, но и да се соочат со општинарите. колку што мене ми е познато на овој начин жителите на скопјанка издејствуваа неколку промени во нивниот дуп...


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 05-Oct-2009 at 03:15


Не знам како успеало баш така да ти прозвучи, напишано е на македонски, не на кинески:
Граѓаните треба да бидат запознаени со сите работи што се случуваат, односно со деталните планови што се носат за местата каде што тие живеат. Затоа предлагам пред да донесеме одреден план на жителите на тој реон да им испратиме писма за да ги повикаме на презентација, за да не се чудат кога ќе ги видат багерите и да речат дека никој не ги известил за тоа што ќе се гради таму - рече Петровиќ.

Но овој негов предлог повторно не беше поддржан од другите советници и од градоначалникот.



Иста работа и со цитатот што си го издвоил од законот за локална самоуправа. И таму на македонски, не на кинески е напишано „прописите на општината“. А бидејќи се работи за формална правна терминологија, не за маалски муабет, урбанистичките планови никако не може се ставаат под капата „прописи“.


А јавна презентација и анкета за урбанистичките планови и те како е законски задолжителна. Исто така задолжително е граѓаните да бидат известени преку јавни гласила. Ако го игнорираш очигледното и по секоја цена бараш потврда за спротивното, најверојатно ќе ископаш погрешен закон и погрешно ќе го протолкуваш.
Закон што ја регулира оваа материја не е законот за локална самоуправа, туку логично, законот за просторно и урбанистичко планирање:

Член 24

(1) По нацртот на деталниот урбанистички план, урбанистичкиот план за
село и урбанистичкиот план вон населено место, општината спроведува
јавна презентација и јавна анкета.
(2) Организирањето на јавната презентација и јавната анкета по
плановите од ставот (1) на овој член, го врши градоначалникот на
општината, по утврдување на нацртот на планот од страна на советот.
(3) За спроведената јавна презентација и јавна анкета се изработува
извештај.
(4) Јавната презентација и јавната анкета од ставот (1) на овој член се
спроведува со излагање на планот на јавно место кое се наоѓа во кругот на
месната самоуправа. Јавната анкета трае најмалку 15 работни дена, во кој
рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје
опфатено со планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на
анкетни листови.
(5) Јавната презентација е стручно презентирање на планот и се
организира во простории и време што ќе го определи градоначалникот на
општината.
(6) Извештај од јавната анкета со образложение за прифатените и
неприфатените забелешки за плановите од ставот (1) на овој член,
изработува стручна комисија формирана од градоначалникот на
општината, која е
составена од три члена, и тоа: носителот на изработка на планот,
одговорно лице од општинската администрација надлежно за
урбанистичко планирање и
истакнат научен и стручен работник од областа на урбанистичкото
планирање.
(7) Извештајот од ставот (6) на овој член е составен дел на одлуката за
донесување на предлогот на планот.
(8) Врз основа на извештајот, комисијата од ставот (6) на овој член е
должна писмено да го извести секое лице кое поднело анкетен лист со
образложение за прифаќање или неприфаќање на неговите забелешки
или предлози.
(9) Доколку комисијата од ставот (6) на овој член оцени дека нацртот на
планот со прифатените забелешки од јавната анкета претрпел значајни
промени (промена на границата на урбанистичкиот опфат, промени на
регулационите линии, промена на намената на земјиштето и промени во
поголем обем на други параметри утврдени во планот), градоначалникот
на општината за нацртот на планот со вградени забелешки во планот
повторно спроведува јавна презентација и јавна анкета.
(10) Времето и местото каде што ќе биде изложен планот и
спроведувањето на јавната презентација и јавната анкета, задолжително
се објавува со соопштение во јавните гласила. Соопштението
задолжително ги содржи податоците, местоположбата и површината на
опфатот на планот, како и образложенија на планските решенија.
Член 74

Со парична казна од 30.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок
одговорното лице во општината и одговорното лице во градот Скопје, ако
не обезбеди јавна презентација и јавна анкета согласно со одредбите од
членот 24 на овој закон.
Член 75

Со парична казна од 30.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок
одговорното лице во општината, ако не објави во јавните гласила за
времето и местото каде ќе биде изложен планот во согласност со членот 24
став (10) од овој закон.

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 05-Oct-2009 at 11:05

немајки ја предвид законската обврска за јавна презентација, за која само претпоставував дека постои, а ја изнегирав како законски обврзувачка преку цитат од законот за општините, затоа и она муабетот на ранко позитивно го протолкував.

во случајов пак останува недореченост т.е. она што го подвлекуваш со писмата тоа е во ред, но најверојатно не е до толку во аут ранко па да бара писмо за секој стан, но и тоа е можно, сепак мене според кажаното во новинарскиот натпис ми звучи како граѓаните за измените во дуповите воопшто и да не се информирани, јас колку што знам не чув и не прочитав некоја објава во медиумите за јавна презентација за последниве предлог дупови, туку само известување дека се донесени.

а може и идејата на ранко е лошо пренесена имајќи во предвид како толкуваат и пренесуваат новинариве изјави, ете во аеродром покрајна медиумската објава,  на секој влез имаше залепено известување дека ќе има јавна расправа, што можеби истата како таква да е доставена прво до куќните совети, а потоа тие да ја истакнале.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 05-Oct-2009 at 13:30
Ако целта е да се врти дискусија во празно, тогаш вакво „креативно“ толкување на работи што се сосема јасни може да заврши работа. Ама ни дискусија во празно не е баш толкав проблем, колку што се заблудите што на таков начин се шират уз пат.

Општините го почитуваат законот, ако не целосно, тогаш сигурно во огромен број случаеви. Проблемот е на друго место. Кога сакаат нетранспарентно да протуркааат некој ДУП, тогаш прибегнуваат кон вакви и слични финти: тоа се прави за време на годишни одмори, објавата во јавни гласила е скриена и затуцана во најнетиражното, на контакт телефон тешко дека ќе добиеш некаков корисен одговор, презентацијата и анкетата се вршат на локација тешка за наоѓање, лицето кое се остава да дава информации за време на анкетата е нестручно, итн.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 05-Oct-2009 at 13:49

секоја дебата на крај доведува до некаков заклучок, без разлика имало веднаш чаре и решение за истата или тоа покасно се јавило како реакција  

требало законски да се покрие дека објавување на вакви информации треба да има и по местата за огласување во влезовите, односно општината да биде обврзана да ги информира засегнатите граѓани и да биде непосредно во контакт со куќните совети, па за што ги плаќаме ако глумат лудило!?

абе сигурно ранко не покренал иницијатива заради мајтап, туку заради ефективност, затоа и велам лошо или нејасно е пренесана истата во написов на НМ, штанцање покани за секој стан оделно е луда работа, попрво можеби соопштение за куќните совети оделно! како и да е факт е дека општините досега гледаа да ги замачкаат ваквите јавни презентации, единствено отскокнува аеродром на овој план преку транспарентноста која ја затера Кирил, а сега сакал нејќел и неговиот наследник ја тера.



Edited by Max - 05-Oct-2009 at 13:49
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 09-Oct-2009 at 16:41
ЌЕ СЕ УРБАНИЗИРА ДЕЛОТ ОД „АЛУМИНА“ ДО ТЦ „ОЛИМПИКО“
Ниските куќи ќе израснат во висококатници

Висококатници од 30 метри ќе се издигнат долж улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот каде што сега се наоѓаат ниски куќи, меѓу фабриката „Алумина“ и трговскиот центар „Олимпико“. Овој дел од населбата Тафталиџе 1 ќе се урбанизира со дваесетина станбени блокови, вцртани во предлог-планот кој во моментов се наоѓа на јавна анкета во просториите на Општина Карпош. Деталниот урбанистички план предвидува сите згради да бидат со приземје, осум ката и поткровје, а во нивните парцели се планирани паркиралишта со различен капацитет, од 50 до 200 паркинг-места. Со новите објекти ќе се изградат 1.610 станови, кои може да соберат 5.637 жители. Меѓу станбените блокови ќе се пробијат четири сервисни улици кои ќе ги поврзуваат улиците Гологанов и Прашка. Веднаш до станбената зона, на местото на фабриката, се очекува да се изгради трговски комплекс. Овој блок со површина од приближно 40.000 квадратни метри е поделен на дваесетина парцели, сите со намена за комерцијални и деловни објекти. За сите градби се предвидени висини до еден, шест и 22 ката, односно 12, 25 и 105 метри. Според планот, тоа може да бидат угостителски објекти, деловни простории и објекти од културата. Урбанистите дозволиле инвеститорот да може да ја смени првичната намена и да пренамени најмногу 40 проценти од целиот објект. Планерите дале можност, во согласност со ГУП, до 36 отсто од целата комерцијална зона да се претвори во станови. Пред година и пол израелската компанија „Газитглоб“ го откупи земјиштето на фабриката за 22 милиони евра. Таа најави дека на местото ќе се гради трговски центар во вредност од 100.000 до 200.000 евра. Според последните најави, тоа ќе биде трговско-хотелски комплекс, но за да почне со изградба, планот ќе треба прво да се усвои во Општината.

Р.П.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1835&ArticleID=123661
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 66>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.663 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.