build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 11-Jan-2014 at 23:04
Previous
„култури“ на страна, барем ми е мило шт објектот ќе се реновира и ќе го задржи оригиналниот изглед (ова кај нас стана жива радост, објект да задржи изглед), солиден, пристоен објект (иако сметам дека утната му е локација, не толку поради изгледот, туку поради збутаноста во чаршијата и близината до џамии, искрено, некои луѓе не ни знаат дека постои театаров)
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 12-Jan-2014 at 00:14
PreviousНекој како мене на пример
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 12-Jan-2014 at 00:42
Originally posted by daci92

PreviousНекој како мене на пример
ти што не кажеш, одма со координати ќе се распалиме LOL

42° 0'15.67"N
 21°26'18.23"E
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 12-Jan-2014 at 03:14
фала за координатите
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 12-Feb-2014 at 09:40

Штип добива музеј на знаменити личности

Музејот ќе биде сместен во веќе откупената, позната куќа на Андови во Ново Село

Иван Бојаџиски


Штип наскоро ќе го добие својот музеј на знаменити штипјани и тоа не каде било, туку во урбаната заедница Ново Село, за кое се тврди дека има најмногу историја по квадратен сантиметар од значење за Македонија. За реализација на овој потфат, Управата за заштита на културното наследство ја откупи куќата на Андови (се говори за сума од 90.000 евра), која важи за најголема инспирација на уметниците-сликари и која е најмногу фотографирана куќа кога станува збор за Штип, Ново Село и за неговата бурна историска димензија.

„Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Штип ги спроведува своите активности (и) во Ново Село согласно до Годишната програмата, која е усвоена и од Министерството за култура. Еден од приоритетите на Програмата за 2014 година е етаблирањето музеј на знаменити штипјани за што откупивме една зграда од старата македонска архитектура, позната како куќата на Андови. Планираме музејот на познати штипјани, кои во најголем дел потекнуваат токму од Ново Село, да биде готов во текот на оваа година“, вели Зоран Читкушев, директор на Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј во Штип.

Иако не е обелоденет фактот врз кои принципи ќе се определува листата на знаменити штипјани, познат е фактот дека во Ново Село се родени Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија, Михајло Апостолски, Михаил Гогов, првиот поглавар на МПЦ, Јосиф Ковачев, Тодор Александров, Ванчо Михајлов, Благородна Бурева, првата оперска певица во Македонија која настапи во операта „Палјачи“ на Сергеј Михајлов, прва изведена опера во Македонија, потоа Натка Пенушлиска, првата македонска балерина, а тука се и некои други ликови, како што е Никола Кљусев, првиот премиер на самостојна и независна Македонија. Во овој музеј ќе бидат поместени портрети, но и восочни фигури на знаменитите штипјани.

Но, ова не е се' кога е во прашање Ново Село, кое дише во старата прекрасна македонска архитектура и каде што шеснаесет куќи се ставени под заштита на државата како ретко наследство на старата македонска архитектура. Според Читкушев, годинава, согласно со Програмата на музејот, ќе се изврши санација на фасадата на куќата на Делипетрови (други ја знаат како куќа на Личкови), која е на истата (главна) новоселска улица на која е и куќата на Андови. На оваа улица Управата за заштита на културното наследство одбра уште две куќи кои се под заштита на законот, а кои годинава ќе бидат реконструирани и конзервирани, при што едната од нив веќе е во фаза на конзервација. Досега целосна реконструкција и конзервација е извршена на четири новоселски куќи познати по својата единствена стара македонска архитектура. Кога се говори за Ново Село како своевиден паметник на нашите историски премрежиња, треба да се одбележи и тоа дека семејството Мијалкови на местото на старата куќа изгради нова која во се' го задржа својот првобитен архитектонски облик.

Ново Село и преку други градби и реконструкции го менува својот лик на подобро. Универзитетот „Гоце Делчев“ од темел го реконструира училиштето во кое на времето учителствувал и каде што својата револуционерна дејност ја спроведувал Гоце Делчев. До крајот на февруари во оваа зграда ќе биде сместен Ректоратот на Универзитетот. Во Ново Село пред крај е и изградбата на црквата „Покровита Богородица“, чиј ктитор е семејството на бизнисменот Сашко Миладинов, а кај месноста Јавор мала црквичка со мал плоштад околу неа гради и семејството Мијалкови.

http://utrinski.mk/?ItemID=8BBF2739C3A0F147AD209FC994F14618

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 14-Feb-2014 at 07:49
Старото кино во Кисела Вода ќе прерасне во мултимедијален центар



Мултифункционална сала за изведување на театарски претстави и прикажување на филмови, библиотека, уметнички клуб, кафетерија со галерија, административни простории и простории за месната заедница се идните содржини на мултимедијалниот центар што ќе се смести во просториите на некогашното кино во општина Кисела Вода. Со санациониот зафат ќе се реновираат и пренаменат постоечките простории на зданието, кое во иднина треба да прерасне во локација за одвивање на културните збиднувања во оваа скопска општина. Централно место во објектот ќе заземе мултифункционалната сала со површина од 315 метри квадратни. Таа ќе може да прими 144 посетители и ќе биде прилагодена за изведување на театарски претстави, музички концерти, но и за прикажување на филмски остварувања.



Покрај новиот ентериер, старото кино ќе добие и модерен надворешен изглед. Фасадата ќе се изработи од композитни алуминиумски панели во три бои – црвена, темно сива и светло сива. Со проектот е предвидена структурална фасада од алуминиумски профили застаклени со транспарентно темно стакло. Просторот околу објектот хортикултурно ќе се уреди, а планирано е да се изведе и паркинг просторза посетителите. Потребните финансии ќе се обезбедат од буџетот на општина Кисела Вода и од државниот буџет.





http://www.build.mk/?p=32711
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 24-Feb-2014 at 00:30
Реконструираниот Музеј на современа уметност во Скопје ги отвори вратите за посетители



Со вчерашното отворање на постојаната поставка „Солидарноста – недовршен проект“, заврши процесот на реконструкција на Музејот на современа уметност во Скопје. Во изминатите неколку месеци се работеше на санација на простории со површина од 1.500 метри квадратни, и тоа првенствено застаклената сала „Пикасо“ и горниот кат од музејот. Со зафатот се замени старата стаклена фасада со специјални сигурносни стакла со заштитна фолија, променет е дел од фасадата, додека на стаклениот покрив е поставена специјална фолија со УВ заштита. Интервенции се извршени и во ентериерот на галерискиот простор за да се обезбеди соодветна температура, влажност и осветлување за соодветен третман на делата што ќе бидат изложени во музејот. Во објектот е поставен нов систем за противпожарна заштита и 40 инфрацрвени камери за обезбедување на врвните уметнички творби.



Реконструкцијата на Музејот на современа уметност чинеше околу 24 милиони денари, финансиски средства обезбедени од буџетот на Министерството за култура. Овој зафат претставува прва поголема интервенција во целиот објект од неговото отворање во 1970 година. Градежните работи ги изведуваше компанијата „Бортас“ од Скопје. Музејот на современа уметност во претстојниот период ќе работи на осмислување и уредување на впечатливиот партерен простор на зданието, а дополнителни финансиски средства е неопходно да се вложат и во реконструкција на скалишниот простор, кој составен дел на самиот објект. Санацијата на Музејот на современа уметност започна на крајот од мај минатата година.



Објектот на оваа музејска установа е една од најпрепознатливите градби во македонската метропола. По скопскиот земјотрес од 1963 година, тогашните власти го поканиле славниот архитект Ле Корбизје да биде автор на зградата на Музејот на современа уметност, но тој го одбил овој предлог. По сугестија на полскиот архитект и урбанист Адолф Циборовски, одбрана е локацијата, а Владата на Народна Република Полска го донира ова здание за жителите на Скопје, претходно распишувајќи конкурс за избор на идејно решение. Од пристигнатите 89 трудови, одбрана е визијата на Јержи Мокшински, Евгениуш Вјежбицки и Вацлав Клишевски. Од корисната површина од 5.428 метри квадратни, дури 3.000 метри квадратни претставуваат изложбен простор за организирање постојани и привремени изложби.



Музејот на современа уметност во Скопје е на самиот врв во целиот регион според бројот на уметнички дела од модерната што ги поседува, неговата збирка во моментов е заокружена на 3.128 дела. Покрај квантумот, од исклучително значење е нивната извонредна вредност бидејќи во колекцијата на музејот се наоѓаат творби на познатите Пикасо, Хокни, Петар Лубарда, Џаспер Џоунс, Фернан Леже, Бернар Бифе, Пјер Алешински, уметнички форми и инсталации на Калдер, Јанис Гаитис, како и дела на основоположниците на македонската модерна како Лазар Личеноски, Димо Тодоровски, Димитар Кондовски и други. Од сите нив, љубителите на современата уметност во претстојниот период ќе можат да се запознаат со 330 уметнички дела од 248 домашни и странски автори.

http://www.build.mk/?p=33042
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 27-Feb-2014 at 20:00
ФОТО: Свечено отворен амфитеатарот „Паљурци“ во Богданци

Во Богданци денеска свечено беше отворен и предаден во употреба амфитеатарот „Паљурци“, лоциран на брегот на истоимената брана.

Целта на овој проект, имајќи ја предвид историјата на локацијата, местоположбата и условите што ги нуди, е да го развие локалитетот Паљурци во туристичка атракција и привлечна дестинација, а во исто време да стане и центар за негување на образовните и културните вредности во регионот.

- Проектот „Амфитеатар Паљурци на отворено“ е само еден дел од големата идеја кон која се свртени погледите на граѓаните од мојата општина и која нема да застане заради можностите кои ги нуди и убавината што ја поседува. Им благодарам на сите што ја делат идејата за развој и афирмација на локалитетот Паљурци и се грижат за зачувување на неговата природа, а посебно на сите што овозможија проектот да се реализира, рече во своето обраќање пред присутните Анастасија Олумчева, градоначалничка на Богдаци.

Носител на проектот е Центарот за развој на југоисточниот плански регион, а проектни партнери се општините Богданци и Гевгелија. Средствата за негова реализација беа обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој.




http://www.press24.mk/node/71668

Edited by gjoko - 27-Feb-2014 at 20:03
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 03-Mar-2014 at 19:15
Започна возобнувањето на стариот Струмички театар









За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 17-Mar-2014 at 01:05

Незнам дали некогаш сме ја документирале веста, но во отчетот на владата читам дека овој проект е во тек но незнам во која форма и дали така како што е во проектот од веста. 


Објавено на:број 21969 | вторник 27.4.2010

Хавзипашините конаци - филмски град

Објектот ќе биде пренаменет во депо, мултимедијален простор, а ќе има и џебно кино и филмски музеј. Со ова се создаваат услови Кинотеката на Македонија да се вброи во кинотеките во светот кои ги исполнуваат стандардите за чување филмови


Репрезентативниот објект од профаната османлиска архитектура, Хавзипашините конаци, изграден во 18 век, ќе добие нов лик и современи стандарди за чување и заштита на филмовите со кои располага Кинотеката на Македонија. Објектот ќе се реконструира според трудот на „Македонија проект“, избран од комисијата предводена од Трајко Димитров. Автор и главен проектант на првонаграденото решение е архитектот Љубиша Ѓорѓевиќ.

Овој проект, заедно со уште двата труда-учесници за идејно архитектонско решение на комплексот Хавзипашини конаци во с. Бардовци се изложени во Кинотеката на Македонија.

Со овој капитален проект целиот објект ќе биде пренаменет во еден вид филмски град, чија основна намена би била чување и презентација на македонското аудиовизуелно наследство.

- Објектот ќе биде пренаменет во депо, мултимедијален простор, а ќе има и џебно кино и филмски музеј. Со ова се создаваат услови Кинотеката на Македонија да се вброи во малкуте кинотеки во светот, кои ги исполнуваат стандардите за чување филмови - рече заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ на отворањето на изложбата.

Со пренамена четирите кули на објектот ќе прераснат во депоа за чување хартија и пишана документација, за костими и сценографски елементи и реквизити. Централниот дел од комплексот, наречен „Селмалак“, ќе биде филмски музеј кој преку артефакти ќе даде севкупна слика за развојот на македонската кинематографија. Во централниот дел во план е да се изгради сцена со платно, монтажна кинокабина и гледалиште со стотина седишта. Стражарницата ќе биде адаптирана во спомен-соба на Хавзи Паша, градителот на овој комплекс. Женскиот дел од конаците ќе биде пренаменет во мултимедијален центар со сцена за кино, театарски претстави, концерти, а во рамки на амамот предвидена е и изградба на апартмани за сместување на гостите.

Сега од целиот комплекс активно се користи само западниот двор, во кој се наоѓаат филмските депоа. Обновата и ревитализацијата на конаците претставува најзначајна државна инвестиција во областа на аудиовизуелната уметност. Покрај наградениот труд, откупени се и трудовите на архитектката Маја Хаџи-Јорданова под шифра „Медиа“ и трудот на петтемина автори под шифра „Смок“.




Автор: Мимоза Петревска - Георгиева

http://www.google.de/imgres?client=opera&hs=0y1&sa=X&channel=suggest&biw=1366&bih=578&tbm=isch&tbnid=Gab5R_3ChZqZuM%3A&imgrefurl=http%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2FNewsDetal.asp%3Fvest%3D427101048338%26id%3D16%26setIzdanie%3D21969&docid=eu6FhW8HcYrg5M&imgurl=http%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2FUploads%2FNews%2Fhavzi.jpg&w=420&h=267&ei=ATsmU_iuBsmGswbZxoH4Bw&zoom=1&iact=rc&dur=873&page=1&start=0&ndsp=20&ved=0CFoQrQMwAQ

Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 17-Mar-2014 at 02:37
Сме го спомнале и тоа пред повеќе од 5 години кога ни најавија дека ќе биде готов во 2010 година. Потоа се пофалија дека е во тек спроведувањето пред 3 години, а ќе биде завршен во 2013 година. Оваа година повторно е во тек спроведувањето. Разликата е во тоа што немаат веќе храброст да дадат претпоставка дали и кога ќе биде завршен. Тоа не ги спречува да се фалат со нешто што не постои.

Отчет - Писмен или устен извештај за извршена дејност.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 03-Apr-2014 at 09:33
Мобилна/Монтажна Галерија, парк на Франкофонијата, Скопје







и видео од монтирањето

http://vimeo.com/90813676

Edited by Џоле - 03-Apr-2014 at 09:33
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 03-Apr-2014 at 13:33
Еве неколку фотки и од лице место...







За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 06-Apr-2014 at 18:24


фотографија на Gadjowsky

Edited by Џоле - 06-Apr-2014 at 18:24
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 01-May-2014 at 21:49
Министерството за култура одвои средства за реконструкција на првото училиште на македонски јазик




Со средства од Годишната програма на Министерството за култура, годинава се планира да се реконструира првото училиште со настава на македонски јазик во село Подвис во Кичевско.

Овој објект почна со работа на 23 септември 1943 година, шест дена по ослободувањето на Кичево. Василко Лазарески го одржа првиот час на македонски јазик на слободната територија на Македонија.

- Овој објект се наоѓа во незавидна и руинирана состојба. Од тие причини и заради зачување и соодветен третман на ова значајно спомен-обележје за македонската историја, култура и образование, стручните екипи на Националниот конзерваторски центар интензивно работат на проектот за негова целосна санација и реконструкција која ќе се спроведува во неколку фази, соопшти Министерството за култура.

Реализацијата на проектот за реконструкција и санација на овој значаен споменик на културата е дел од заложбите на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура за соодветен третман и достојна презентација на објектот во кој пред 70 години за првпат се одржала настава на македонски јазик.



Македонија
01.05.2014 - 15:01

линк

Edited by gjoko - 01-May-2014 at 21:49
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 03-May-2014 at 13:48
Оваа идеа не е нова но мислам дека не е постирано до сега. Во секој случај мислам дека ваков музеј би можел да биде многу интересен ако е соодветно уреден.

Вевчани ќе добие Музеј на маски

Сабота, 03 Мај 2014 | Прочитано 10 пати.

Вевчани ќе добие Музеј на маски. Музејот ќе биде сместен во поранешната училишната зграда во центарот на Вевчани.

На 2000 метри квадратни, конечно на едно место ќе бидат изложени традиционалните маски, кои продефилирале изминативе години на Вевчанскиот карневал.

- Фотографии маски некаде имаме фотографии од педесетитте години од пред 60 70 години. Тој музеј сигурно ќе биде посетен ќе ги интересира гостите. Тука ќе имаме и конгресна сала, изјави Цветомир Угриноски градоначалник на општина Вевчани.

Една од најмалите, но и најпосетуваните општини во земјава доби и сувенирница, каде се продаваат традиционалните вевчански производи- пасоши и личници.

- Тука се вевчанските пасоши, вевчанските пари личници, разгледници, мапата на Вевчани, вевчанска невест- кукли, кои се многу атрактивни имаме убава носија и други предмети кои ќе ги понудат, вели Угриноски.

Во музејскиот комплекс ќе бидат изложени и делата на вевчанските писатели, историчари и книжевници.

извор:Канал 5
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 11-May-2014 at 20:41
Општина Пробиштип ја изработи потребната техничка документација за изградба на минеролошка збирка која ќе биде лоцирана во централното градско подрачје. Вака ќе изгледа зградата.





Изградба на современ музеј за ретка минеролошка збирка. Во тек е изградба на Музеј за ретки минерали во централното градско подрачје кој ќе биде единствен од ваков тип на Балканот. Вредноста на проектот е 11 милиони денари.

(За жал, само тоа може да се најде како информација на официјалната интернет страница на Општина Пробиштип).
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 19-May-2014 at 08:52
Во Коџаџик ќе биде отворена Спомен куќата на семејството на Ататурк
   


Спомен куќата на Али Риза Ефенди, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, денеска ќе биде свечено отворена во село Коџаџик, општина Центар Жупа.

На отворањето ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

Спомен-куќата е изградена во соработка меѓу Министерството за култура и Турската агенција за соработка и координација - ТИКА.

Заедничкиот проект опфаќаше и конзервација и реставрација на старите постојни ѕидови во приземјето на куќата, како и изградба на пат од центарот на селото Коџаџик до Спомен-куќата.

Семејството на Мустафа Кемал Ататурк, според сознанијата на макесонските и турските историчари и археолози, живеело во Коџаџик во втората половина на XIX век. Кон крајот на XIX век, Али Риза се сели во Солун и се оженил со Зебеиде Ханим, која потекнувала од старо турско семејство од Лангаса, близу Солун. Тука е роден и нивниот син Кемал Мустафа. Али Риза, воден од желбата да ја сочува врската со родната земја, го испратил синот во војното училиште во Битола.

Покрај куќата на семејството на Мустафа Камал Ататурк во Коџаџик, се наоѓа уште еден станбен објакт, наречен Роднинска куќа. Заедно, тие две градби претставуваат единствена целина, музејски комплекс, како сведоштво за потеклото и животот на семејството Ататурк во селото Коџаџик.

http://www.sitel.com.mk/mk/vo-kodzhadzhik-kje-bide-otvorena-spomen-kukjata-na-semejstvoto-na-ataturk
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 19-May-2014 at 09:17
Да се потсетиме како изгледа целиот комплекс...

Originally posted by Џоле

Меморијалниот музеј на Мустафа Кемал Ататурк во село Коџаџик, општина Центар Жупа















За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 19-May-2014 at 09:24
Претпоставувам дека околината ќе се уреди зо зеленило а по можност и со високостеблести дрва. Зошто вака како што е во лето нема да биде пријатно да се остане подолго време во комплексот.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.254 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.