![]() |
![]() |
![]() |
Објекти од културата (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1920212223 34> |
Author | ||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
http://www.tumbamadzari.org.mk/ |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Активно се работи на реконструкција на киното „Кисела Вода“
Мултимедијалниот центар во скопската населба Кисела Вода ќе ги отвори вратите за посетители на крајот од 2015 година. Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец денеска извршија увид на санационите активности што се вршат врз објектот на старото кино „Кисела Вода“, кое ќе биде дом на овој културен центар. „Сакам да изразам огромно задоволство од почитувањето на динамиката во однос на изградбата. Направено е и повеќе од она што е планирано досега. Завршени се првата и втората фаза, сега следува бетонирање и поставување челична конструкција“ рече Канческа – Милевска. ![]() *извор на фотографии: Министерство за култура Во Мултимедијалниот центар ќе има сала со 170 седишта, мултимедијален простор, библиотека и сала за читање која ќе биде сместена во приземјето. „Идејата беше што поскоро да се затвори објектот за да може во зимските услови градежните работи да се одвиваат внатре во објектот за да се стигне со реализација до крајот на 2015 година бидејќи тогаш Кисела Вода слави 60 години од постоењето на општината“ истакна градоначалничката Билјана Беличанец. ![]() За реконструкција на објектот од општинскиот буџет и од буџетот на Министерството за култура се издвоени 41.681.730 денари (околу 677 илјади евра). Изведувач на градежните работи е фабриката „Карпош“ АД од Скопје. Проектната документација ја изготви Ј.П. за Просторни урбанистички планови од Прилеп. http://www.build.mk/?p=39636 Edited by Џоле - 14-Oct-2014 at 07:33 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Реновираната сала на Домот на културата во Валандово
![]() vecer.mk |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() zase.mk |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Авто-етно музеј во село Крклино, Битолско
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.358969327489437.88541.187597354626636&type=3 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
|
Сум бил во музејов во Крклино и морам да признам секоја чест за сопственикот. Иако во релативно тесен простор, може да се каже дека има повеќе експонати од повеќето државни музеи низ Македонија. Главно се она што се користело во Мк во последните 150-200 години.
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
дали можи некој да ги препостира сликите од ФБ?
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Ѓоко, многу се, но и без тоа линкот се отвора и страницата е достапна, а со тоа и самите фотографии.
|
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
браво за музејот
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Бојан одличен текст. Ако има конкретна најава за реконструкција на овој музеј мислам дека би требало да се отвори посебна нишка за Музејот на Македонија.
Саниран дел од Музејот на Македонија, отворена нова поставка „Македонците бегалци во Втората светска војна и граѓанската војна во Грција 1940-1949“ е новата постојана поставка во Музејот на Македонија. Поставката се простира на површина од 400 метри квадратни, со која оваа музејска установа развива поинаков концепт на работа, по преместувањето на Археолошкиот музеј во новите простории покрај реката Вардар. Во рамките на поставката се изложени фотографии, документи, оружје, облека, предмети од битов карактер, како и други сведоштва од овој крвав историски период во кој загинале 21.000 лица, а повеќе од 50.000 македонци биле раселени во странство.
*Извор на фотографија: Министерство за култура
„Историјата понекогаш знае да биде исклучително болна и трагична, но никогаш не смее да остане заборавена. На човек може да му се земе детството, да му се сруши куќата, да му се запали селото, но човековата меморија не може со ниту едно средство да се уништи. Таквата меморија поврзана со една болна и тешка историја на дел од нашиот народ денес е поткрепена и со оваа прекрасна музејска поставка“, изјави премиерот Никола Груевски. Постојаната поставка за македонските бегалци во Втората светска војна и граѓанската војна во Грција е збогатена со ликовното решение насловено како „Патека на децата бегалци“, која овозможува посетителите да се навратат низ историските премрежја на протераните семејства, кои изоделе пеш 100 километри од грчко – југословенската граница до Преспа.
Во склоп на новата поставка е и приказот на семеен дом, кој ги симболизира влијанијата на настаните и војните врз семејствата, а посетителите на Музејот на Македонија ќе можат да се запознаат со автентични филмски документарни материјали и видео презентација со усни искажувања на учесниците во овие историски настани, како и презентација на играните и документарните филмови од македонската кинематографија кои ја обработуваат оваа тематика.
Целокупните активности на изведба на постојаната поставка се одвиваа уште од почетокот на годинава. Во просториите е инсталиран нов систем за климатизација, но и комплетно е саниран дел од изложбениот простор во склоп на објектот на Музејот на Македонија. Културната установа во санациониот зафат вложи 9.634.777 денари.
И покрај овој проект, на музејските простории во оваа установа им е неопходна итна реконструкција, додека на поставките за македонската историја и културното наследство, кои се стари неколку децении, им е потребно темелно осовременување. Според најавите на Министерството за култура, во наредниот период треба да се обнови постојаната историска поставка со нови предмети и документи од македонската историја, додека етнолошката поставка ќе претрпи техничко – технолошко осовременување.
Бојан Блажевски http://www.build.mk/?p=40101 |
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
120.000 евра се потрошени за обнова на Дом на млади во Штип
![]() Во тек се градежните зафати за реконструкција на Домот на млади во Штип. Активностите моментално се врзани за внатрешниот и надворешниот (фасаден) дел, а се очекува на крајот да биде обновен и дел од кровната конструкција. Во внатрешниот дел, заменети се прозорците, најголемата просторија која служеше за концертни настапи и различни перформанси веќе е со нови ѕидови, а се работи и на обнова на одводната мрежа и реконструкција на тоалетите. Според градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, до сега за обнова на Дом на млади се потрошени околу 120.000 евра, и во рамките на предвидената сума ќе бидат завршени сите градежни зафати. ![]() Претходно Домот на млади доби асфалтиран влез и паркинг простор до објектот. Ова е прва поголема инвестиција во Домот на млади, со кој ќе се овозможи заживување и негово адаптирање за младински активности, со оглед на децениското пропаѓање и неодржување. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.porta3.mk/120-000-evra-se-potrosheni-za-obnova-na-dom-na-mladi-vo-shtip/ |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Реконструкција на Албанскиот театар (поранешен Театар на народностите)
1 ![]() 2 ![]() 3 ![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Реконструкција на велешка Костурница...
(галерија на линкот) https://www.facebook.com/media/set/?set=a.674226369361660.1073742436.371536522963981&type=1 Реконструкција на Дом на млади, Штип (галерија на линкот) https://www.facebook.com/media/set/?set=a.811698812223095.1073742113.483699321689714&type=1 Edited by Џоле - 12-Dec-2014 at 14:58 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
поздрав за реновацијата на домот на млади... не им треба на младите само спорт, треба и малку култивирање
![]() (само вентилаторот на влезната врата... ![]() |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Куќата на Ахмет Чаку во Гостивар. На овој објект во целост е реализиран проект за конзервација и за реставрација од страна на Министерството за култура.
![]() фото: mia.mk Edited by Џоле - 17-Dec-2014 at 00:29 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
ОБНОВЕНА КУЌАТА НА АХМЕТ ЧАКО ВО ГОСТИВАР
![]() Киро Кипроски Гостивар - Во центарот на Гостивар, на улицата „Кочо Зози“ се наоѓа куќа, сарај, изграден пред повеќе од два века од трговецот на добиток, богатиот Реџеп-ага Пурде. Куќата ја наследил неговиот зет за ќерка, Ахмед Гани - Чако и се смета за редок пример на архитектура од османлискиот период, од турско-муслимански тип, не само во Гостивар, туку и во западниот дел на Македонија. Пред две години преку јавно приватно партнерство меѓу Конзерваторски центар - Гостивар и синовите на Ахмет Чако, сопственици на објектот, овој значаен споменик на културата започна целосно да се реконструира, бидејќи постоеше опасност и да пропадне. „Извршивме замена на покривната конструкција и поставивме нови ќерамиди. Завршија работите на фасадата од сите страни, а во наредната година планираме да ја обновиме столаријата и да го уредиме дворот“ , ни изјави Елзам Чако, еден од сопствениците. На вчерашната презентација на овој вреден споменик на културата во Гостивар присуствуваше министерската за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која беше воодушевена од надворешниот и надворешниот изглед и вредностите на аристократската куќа. „Овој објект, изграден во 18 век, претставува типичен пример на традиционална архитектура од османлискиот период. Беше извршена конзервација, реставрација и санација на покривот и покривната конструкција, како и санација на неговата фасада, со што на овој значаен објект од старата градска архитектура на Гостивар му се врати автентичниот изглед“, изјави Канчевска-Милеска. Министерката го посети и објектот на старата Медреса од 17 век, кој се наоѓа во комплексот на Саат џамијата, во центарот на Гостивар. Стручни екипи на Конзерваторскиот центар и таму извршија реконструкција на покривот и ја обновија фасадата. За овие два зафати, како и за санацијата на Саат кулата и на Беговата куќа во градот, Министерството за култура оддели над 250.000 денари. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска најави дека идната година во централното гостиварско јадро ќе бидат обновени фасадите на 20 згради. http://www.utrinski.mk/?ItemID=C343AEE0EB9BFD4AADAF6863939AAB92 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Отворен музејот на ВМРО во Штипско Ново Село
Во штипско Ново Село денеска свечено беше отворен „Музејот на ВМРО за Штип и штипско (1893-1934)“. На свеченото отворање на Музејот присуствуваше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Музејот е сместен во куќата на старото семејството Андонови, која е типичен пример на стара македонска архитектура која во изминатиот период беше целосно реконструирана. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.1.mk/galerija-grad-bez-istorija-ne-e-grad-otvoren-muzejot-na-vmro-vo-stipsko-novo-selo/ |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Tony Martin ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Aug-2012 Location: EU Online Status: Offline Posts: 124 |
![]() ![]() |
|
![]() Реконструиран споменикот на културата Турбето на Крал Кзи Се претпоставува дека Турбето е од крајот на 15. век или почетокот на 16. век и е гробница на последната босанска принцеза Катерина Томашевиќ, ќерка на босанскиот крал, која живеела во Македонија. Споменикот денеска го посетија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и нејзиниот гостин, министерот за култура и спорт на Босна и Херцеговина, Салмир Каплан. – Ова е еден исклучително значаен проект од областа на културното наследство, кој се реализираше во соработка и со Министерството за култура на БиХ и нашата надлежна институција Националниот конзерватски центар. Се вршеа археолошки истражувања и се што е сочувано и автентично е вградено. Споменикот на културата се наоѓа на фреквентно место и има добро партерно уредување. Се работеше интензивно, истакна Канческа-Милевска. Министерот Каплан рече дека станува збор за проект за кој разговарале со Канческа-Милевска уште во 2011 година и во изминатите три години тој е реализиран. – Постои добра соработка меѓу БиХ и Македонија на полето на културата. Двете држави и на останатите полиња имаат солидна соработка. Се заблагодарувам за поддршката и помошта која Македонија ја даде кога беа поплавите во мај во БиХ. Народот на БиХ и властите многу ги почитуваат напорите кои пријателскиот народ на Македонија ги вложи да помогне на загрозениот народ на БиХ, посочи Каплан. Босанскиот амбасадор Здравко Беговиќ истакна дека многу долго време работеле на проектот и се заблагодари на Владата на Република Македонија и на Министерството, кои не само финансиски, туку и логистички и стручно помогнале проектот да се реализира. Посочи дека ќе биде потребно да се завршат и дополнителни работи околу хортикулурното уредување. Директорката на НУ Конзерваторски центар Скопје, Ема Петрова рече дека повеле грижа изминатите три години значајниот споменик на културата да биде реконструиран и да се врати во неговата автентична состојба. – При реконструкцијата беа употребени сите автентични материјали најдени при археолошките истражувања извршени во текот 2010 година. Сите елементи што беа откриени и урнати за време на земјотресот, сите остатоци кои можеа да се употребат, се употребија при реконструкцијата, додаде Петрова. ![]() ![]() ![]() Kral Kızı Monument |
||
We shape our buildings; thereafter they shape us.
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
турбето е одамна реконструирано... за што сечат ленти ни сам господ не знае
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1920212223 34> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |