![]() |
![]() |
![]() |
Квалитет на воздухот во Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2223242526 42> |
Author | ||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
Е па како некој кој шета низ Водно пешки, а не со моторно возило, одлично знаеш дека планината претежно е наменета за луѓе кои планираат да ги мрднат задниците и да потрошат вишок енергија, а не за дополнително да биде уништувана со моторни возила, односно во недела, заедно со скопјани, и загадувањето да замине на викенд на Водно. Нека ми прости Бог бидејќи го посакувам ова, но навистина од се срце посакувам ново свлечиште кое нема да земе човечки жртви, но кое сепак трајно ќе онеспособи изградба на нов или обнова на постоечкиот пат, па само тешка механизација да може да пристапи кон планината, а скопјани нека се освестат и нека се изборат конечно за зеленилото во градот, а не само на планината. Бидејќи и градот постои за живеење, а не за труење, доколку скопјани досега тоа не го знаеја. Edited by Dexter26 - 21-Oct-2014 at 17:47 |
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Нешто од Тетово..
Тетово – опасно по живот! И минатата недела, како и многу недели пред тоа, како и лани и преклани... воздухот во Тетово е есктремно загаден со опасните канцерогени честички ПМ10. Во градот под Шара има денови кога концентрацијата на овие честички достигнува и до 20 пати над максимално дозволените 50 милиграми на еден кубен метар. Така беше и минатата недела, кога конечно некому му текна пред влезот во Тетово да стави знаци со предупредување – опасно по живот. ![]() Фабриката „Југохром“ е најголемиот загадувач на воздухот во Тетово, а и во Скопје, зависи од воздушните струења. Рокот за примена на европските еколошки стандарди за поставување на филтри и друга опрема за сите македонски загадувачи беше поместен за 31 октомври. ![]() Тоа значи уште 5 дена. Неодамна министерот за екологија Нурхан Изаири за време на својата посета на Тетово изјави дека во „Југохром“ досега ништо не се направило во однос на почитување на овие стандарди. Тоа, според Министерството за екологија, ќе значи неминовно затворање на фабриката. Белким потоа тетовчани конечно ќе можат да вратат на планинскиот чист воздух од Шара. ![]() http://www.mkd.mk/makedonija/tetovo-opasno-po-zhivot |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
За статијава, само ќе кажам, живи биле, па да видиме дали ќе го спроведат ова, зашто малку не ми се верува. Како на пример, ветувањата дека камионите не смеат да возат низ Скопје беа кажани уште кога се пушташе Обиколницата, ама еве уште ништо, пак има многу што поминуваат оттука, иако овие камиони се многу мал дел од целокупниот проблем.
Многу работи се спомнати во статијава, а богами и многу ветувања, ама некако тешко да се остварат и клучното прашање останува неодговорено, од кога почнува да ги бројат тие 10 дена ![]() МЕТРОПОЛА Датум: 26.10.2014, 18:18 АКО 10 ДЕНА ПО РЕД ИМАМЕ ВИСОKО АЕРОЗАГАДУВАЊЕ АВТОМОБИЛИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПАР - НЕПАР, ВО АВТОБУСИТЕ БЕСПЛАТНО Kога аерозагадувањето со ситни честички ќе стане неподносливо, граѓаните бесплатно ќе се возат во јавниот автобуски превоз. Ова го предвидува Град Скопје како мерка од втор степен за заштита на здравјето на граѓаните од високото загадување. Мерките од втор степен се преземаат кога десет дена по ред среднодневната вредност на ситен прав (ПМ10) во воздухот изнесува 100 микрограми на кубен метар воздух (максимално дозволени 50 мцг/м3). Скопјани и останатите ќе се возат бесплатно с` додека траат деновите со толку високо аерозагадување. За да нема голем метеж со возилата и за да се задоволат сите граѓани, на централните градски автобуски линии ќе има зголемена фреквенција на автобуси, односно ќе се вклучуваат дополнителни 30 возила. Парите за бесплатниот превоз ќе бидат обезбедени од Градот и од Владата. По барање на советничката група од СДСМ, Град Скопје изготви информација за краткорочните и долгорочните мерки што ќе ги преземе за справување со постојаното енормно аерозагадување, со посебен акцент на зимскиот период. Информацијата во која се наведени овие и низа други мерки ќе биде усвоена в четврток од Советот. Дотур до 10 наутро Во краткорочните мерки за намалување на загадувањето се предвидува да се воведе движење на патничките возила во Скопје по принципот пар - непар, со исклучок на возилата за специјална намена. Ова значи дека во одреден период, најчесто од еден ден, имаат право да возат само автомобилите чиј број на регистарската табличка завршува со парен, а потоа оние со непарен број. Градот ја разгледува и можноста за пренасочување на сообраќајот по споредните улици за да се избегнува центарот. Извршители на оваа мерка ќе бидат МВР и Градот и во тек е подготовка на измена и дополнување на Законот за безбедноста во сообраќајот. Целта е да се обезбеди законска основа за Град Скопје да може да постапува по мерката. Од ограничувањата на сообраќајот, Градот планира и дотурот на роба да се врши најдоцна до 10 часот наутро. Kамионите чија крајна дестинација не е Скопје ќе треба да се движат по обиколницата. Но, за да се реализира ова, Министерството за транспорт преку Агенцијата за патишта треба да изготви проект за патна сигнализација, за забрана на влез на тешки товарни возила. Посебен режим по улиците што ќе се прскаат Новитет во оваа грејна сезона, со кој градоначалникот Kоце Трајановски ќе се обиде да го намали загадувањето со прав, е прскањето на улиците со средството калциум магнезиумацетат, кое ќе се врши со 10 камиони на „Kомунална хигиена“. - Се планира прскање на сообраќајниците поради контрола и намалување на ситниот прав (ПМ10 и честичките ПМ2,5) и за стабилизација на патиштата, што се применува во големите метрополи, како Лондон, Виена, Kлагенфурт, Линц, Хелсинки, Брунек, Штутгарт, Стокхолм, Гетеборг итн. Понатамошната примена ќе зависи од првичните резултати што ќе се добијат - се вели во информацијата. Проектот ќе се реализира во фази, а онаму каде што ќе се нанесува средството, ќе се воведе посебен режим на сообраќај. - Првата фаза ќе биде на улиците Јордан Мијалков, во делот од раскрсницата со „Свети Kлимент Охридски“ до „Антон Попов“, на булеварот Свети Kлимент Охридски и на улицата Свети Kирил и Методиј. Овие сообраќајници се избрани затоа што во непосредна близина е мерната станица за квалитет на амбиенталниот воздух на Министерството за животна средина и најлесно ќе може да се споредат резултатите пред и по третирањето со калциум магнезиумацетат - се вели во документот. На улиците оваа зима ќе се води повеќе сметка за хигиената, како и за градилиштата. Kомуналните инспектори ќе вршат од 30 до 50 контроли месечно на поголемите градилишта за тоа дали ги мијат гумите од камионите пред да излезат на улица, дали приколките се покриени со церади итн. Инспекторите за животна средина ќе вршат од 120 со 130 контроли месечно на малите фабрики што работат со Б-еколошка дозвола. Ќе се врши контрола и на системите за затоплување на јавните објекти за тоа дали котлите работат со оптимален режим на согорување, кој е пропишан во стандардите. Овие контроли ќе ги вршат инспекторите од Дирекцијата за заштита и спасување. За подигање на јавната свест Град Скопје ќе изработи практичен водач за работа на градилиштата, брошура за квалитетно согорување, ќе почне кампања за енергетска ефикасност и ќе иницира институциите и компаниите да ги наградуваат вработените што патуваат до работа со велосипед. Гасификацијата е клучна На долг рок Град Скопје како најефикасна мерка што ќе донесе чист воздух во котлината ја гледа гасификацијата, со целосна изградба на примарната и секундарната мрежа. Kако долгорочни мерки се наведуваат: воведување систем за редовно одржување на димоводните канали и горилници, обука и кампањи за користење биогорива и гасно гориво, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, проширување на автоматизираниот систем на управување со сообраќајот, постепено воведување возила со повисоки евростандарди, како и иницирање обврска за вградување катализатори во возилата со Евро 1 и 2. Градот планира да воведе ParkиRide-систем, односно изградба на паркинзи на рабовите на мрежата за јавен градски превоз и интегрирање тарифен наплатен систем за превоз и за паркирање, со што ќе се намали влезот на автомобили од рабните населби кон центарот. Ќе се воспостави и контрола над станиците за технички преглед, кои задолжително ќе мора да ги контролираат издувните гасови од возилата што се регистрираат. Kонечно, ќе се воспостави императив за проучување на конкретните микроклиматски услови и проектирање во сооднос со природните текови на воздухот во градот во процесот на урбанистичко планирање. Планскиот документ за воздухот ќе се прави до 2016 година Во информацијата за мерките за помало загадување Град Скопје наведува дека изготвува план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, кој треба да биде готов во 2016 година. Направена е анкета во домаќинствата на подрачјето на Скопската агломерација (Скопски регион од 17 општини) за видот и количините на гориво што се користи за затоплување. Изготвена е и оперативна програма за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух со ПМ10 од страна на „Фармахем“ и таа ќе биде составен дел на планот. Следната година треба да биде завршен инвентарот на стакленички гасови. Соња Христовска Угриновска |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() уште една епизода од серијата „Брилијантните идеи на Коце“ ![]() |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|
Срамота е ова, срамота.
Сите мерки се срамни, ама бесплатен превоззз??? Како бе бесплатен превоз? Тоа не е бесплатен, тоа платен превоз од даночните обврзници од цела држава, значи и од оние кои не живеат во Скопје. Ќорав денар не се вложува во другите градови, на пример во Куманово, а вие ќе се возите бесплатно. Каде го има тоа? Што ми е гајле колку е загадено, кој ве тепал по уши да се селите во Скопје. А сите добро сте знаете дека во Скопје има смог, и не се дише кога ќе падне смог. Море еден стап, и би ве расселил низ цела Македонија. И би го решил проблемот со загадување. Аааааа, епа и јас ќе си идам во Скопје, за до толку пари ќе најдам. Па таму има театар, опера и балет, музеи, спортски случувања, имам жичара до водно, имам факултети, меани, дискотеки, работни места по администрација и разноразни претставништва на фирми од надвор, сите ги носат парите во Скопје, таму се собрани најубавите македонски жени,..., кога ќе дојде есен и загадувањето, ќе си се возам џабе... Ама ајде, не, расселување е строго премногу, ама би ви наплатил “скопјарина“, 20% плус данок за сите што живеат во Скопје на маката на останатиот дел на Македонија. Скопје со политичка одлука е направен таков град, и заради тоа страда сега цела Македонија. Кои 20? 50% скопјарина би вовел, и тие средства да се пренаменат за зголемување на стандардот во останатиот дел на Македонија. Затоа посреќни држави како Словенија, ооодамна имаат средено демографска политка, и имаат избалансирана финансиска распределба по региони, не можеш туку така да се преселиш од еден град во друг, и кога ќе се погледне историската демографска слика на нивните градови, ќе се запрепасти човек колку е права линијата. Срамота, какво е ова пренемагање... |
||
Од чаламот си патиме!
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
Прочитавте некаде казни ?
Јас не прочитав, но што мислите, што ги чека тие кои ќе возат возило со парен број на регистарски таблички на ден резервиран за возилата со непарен број на регистарски таблички, и обратно ? Очигледно државната каса премногу брзо пресушува, а мора да се платат споменици, административни згради, плати за партиски вработени и бројни други тотално непотребни глупости. |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
bojan-+1
|
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Зарем треба да бидеш гениј за да согледаш дека Владата сака да ги сотре другите градови? Еве Куманово, самиот знаеш дека нема никаква инфраструктура, никаков развој и од ден на ден сѐ повеќе и повеќе пропаѓа. Бидејќи нема развој, никој не го вложува својот капитал овде, што значи дека не можеш да најдеш работа. А оние што работат за својот труд се платени два пати помалку од нивните колеги во Скопје. Малите градови како што се Кратово, Пробиштип, Виница, Крушево веќе се преполовени според бројот на жители и за неколку години ги очекува судбината на некогашните градови Дојран и Мелник. |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
one1 ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 13-Mar-2013 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
|
Како може човек од провинција да држи предавање? Генерално во Скопје ако сака нека се дослеат и 100.000 Кинези и Марсовци тоа е нормално за еден глобализиран град во иднина ама нашите провинцијалци се стварно со ниска елементарна и образовна свест и ниво.
|
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Toкму затоа сите ќе се доселиме во Скопје за да не бидеме повеќе од провинција и за да можеме да држиме предавање. |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|
Овој човек за тебе (one1) е интелектуален Монт Еверест, штом Скопје е ГЛОБАЛИЗИРАН град, а тоа ми ти било нормално, и според твоите глобалистички погледи нормално е да наречеш човек провинцијалец кој живее на 25км од центарот на главниот град... некој друг тука ќе да сељак без елементарна образовна свест.
Сакам да кажам дека не е некое достигнување да се биде Скопјанец, никогаш не било. Еве јас решив за брзо време ќе бидам Скопјанец. А како течат работиве во Македонија многу скоро мнозинството ќе бидат Скопјани. И воопшто не е за фалење да се биде Скопјанец. Од мака биваме Скопјани. Скопје 1948: 102 000 жители Скопје 2006: 668 000 жители Каква тоа магија има Скопје, за 60 години 566 000 жители од провинција со ниска елементарна свест и образовно ниво да направи еманципирани граѓани на град во тек со глобалистичките вредности... Или како тоа 566 000 нееманципирани сељаци од провинција со ниско образо ниво успеале да го усмерат Скопје да биде..., ма што ќе биде, Скопје отсекогаш било и ќе остане најголемото село во Македонија. |
||
Од чаламот си патиме!
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
еј, луѓе, дај прекинете со тие локал-патриотски муабети кои ги слушам од кога знам за себе и поради кои како Скопјанец еден нормален муабет не можам да напраам со луѓе од други места во земјава
Бојан, кај најде простор за дискусија за демографскиот состав на градов и земјава, жити све, во тема за загадување? што сега, заради дебилните еколошки идеи на Коце, криви ви се граѓаните на градов и самиот град? и немој жити све, избалансирана финансиска распределба... погледнете си ги прво градоначалниците на другите очигледно толку многу подценети општини, на кои цел живот оправдание им е како немале буџети, додека истите ги јадат за доручек, и ич уво не им чуе ни една дупка на улица да закрпат за тоа ви се криви владата и Скопје така? |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Загадувањето во Скопје градоначалникот нека проба да го реши на следниот начин; нека изгради што поскоро нови, брзи сообраќајници како би се намалило времето на возење! Со изградба на вистински сообраќајни решенија патот од КВ-Аер би се скратил за 4-5 мин. Влае-Аер за бар 5 мин и сл. 50-70.000 возила дневно доколу скратат 5 мин во правец ќе има видлива промена.
Во исто време политика на дестимулација за користење Еуро3 и подоле! Edited by alexsend - 29-Oct-2014 at 17:38 |
||
![]() |
||
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|
Добро ајде ќе се правиме сите ударени овде...
Како да е исто дали се грејат во таа магла 600 000 или 300 000, дали се возат 600 и 300 илјади... Државни пари од БУЏЕТОТ на РМ се преусмеруваат во буџетот на град Скопје а до пред 2 години и во општина Центар. Сега се правиме овде дека сме ненормални и не гледаме што се случува. За загадувањето е крива политиката. Демографската, политиката кон градењето и урбанизмот во градот,финансиска распределба по региони,енергија вложена за развивање на регионте, сместување на сите големи фабрики и загадувачи таму... |
||
Од чаламот си патиме!
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Значи, не сум тип што се расправа на интернет, зашто во живо е подобро, ама на вакви мислења (повторени) не може да не се реагира. Како прво, аман веќе со тоа дека Скопје добива пари повеќе од сите. Ако сега Скопје чат-пат добива пари во вид на преусмерени дотации од Буџетот на РМ, тогаш доколку се спроведе до крај финансиската децентрализација на локалната самоуправа во државава, Скопје нема да има беден буџет од по 40-50 милиони, туку реално треба да има буџет над 200 милиони евра. Побогу, зборуваме за град од над половина милион жители и е секаков центар на државава. Како второ, во ваква тема најде да се расправаш за ова. Тебе кој очигледно не живееш во градов можеби не те интересира, но нам ни е важна темава, зашто секој ден го дишеме воздухот во градов и затоа ако треба и државата ќе плати за загадувањето, затоа што како што и ти самиот кажуваш води лоши политики во однос на развојот на регионите низ државата, демографската политика и слично. Како трето, зашто одредени општини и градови во државава се развиваат подобро од другите и покрај тоа што горе-долу сите имаат исти пари и немаат некој специјален третман од државата. Веројатно нивните градоначалници нешто работат. Мора да се погледне и во сопствениот двор, пред да се обвинува државата. За крај, не викам дека не си во право за водењето на рамномерен регионален развој и на темава имам многу да кажам, ама во интерес на насловот на темата ќе прекинам. |
||
![]() |
||
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|
Од следната година ќе имате уште еден оџак, и уште еден дизел автомобил во Скопје, а со тоа и уште еден релевантен соговорник на оваа тема. Толку, пријатно.
|
||
Од чаламот си патиме!
|
||
![]() |
||
one1 ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 13-Mar-2013 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
|
Генерално Скопје одсекогаш беше поим за град и за напредок во државата. Со самото тоа луѓето што со генерации живеат во овој град го градеа Скопје. Фактите се дека државата не инвестира рамноправно и дека провинцијата во Скопје се доселува на големо. Но најголемиот факт е дека Скопје се посељанчи и се спушти на ниво на афричките градови. Најмногу треба да ни е криво што неовразована раја се досели во Скопје. И тој тренд продолжува. Скопјани не се криви ни за воздухот ни за ситуацијата во државата. Туку самата држава нема стратегија и сето тоа сега е еден голем круг. Но секој што живее во Скопје не е Скопјанец. Ако ништо друго се приметува секој во овој голем град.
|
||
![]() |
||
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
|
Скопје станал главен град 45та исклучиво заради близината на Белград и српското влијание, инаку тоа ќе бил Битола. Луѓето со генерации НЕ живеат во овој град, напротив ако ги видите бројот на жители по војната под 100илјади и денес ~700илјади, го дава фактот дека најголем дел од денешното живо населението во Ск се дојденци и не се родени во Скопје. А тие што се родени имаат барем еден родител кој не е роден во Ск.
Доколку во Рм би се инвестирало рамноправно и во другите населени места сигурен сум дека доселувањето на Скопје би било значително помало. Фактот што Ск е главен град, целото државно раководство, седиштето речиси на сите банки, осигурителни компании, национални медиуми, најголемите универзитети се сместени тука. И покрај оваа природна предност како главен град Скопје добива значително повеќе државни инвестиции по глава на жител. Скопје доби нов јавен транспорт, нова жичара, стадион, спортски сали, цел СК14, нови улици, тротоари, паркови.. За жал нема друг град во МК што би се пофалил со вакви проекти сразмерно со бројот на жители. Ск доби 300 владини автобуси, зошто Прилеп, Битола и Куманово на пример не добиеа по 30-50 туку жителите во овие градови се возат во крнтии. Централизираноста во МК е огромен проблем и некои од вас тука провинцијалците ги нарекуваат сељачишта ![]() Јас сум роден битолчанец и горд како таков. Живеам во Скопје од што морам, а не од тоа што сакам. Ако не е Скопје ќе е странство. Познавам такви како мене многу. Edited by stratus - 30-Oct-2014 at 01:36 |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
не ми е јасно зошто дискусијава ја водите овде?
што да кажеме за милионски градови кои се многу поголеми, ама истовремено и почисти од Скопје? |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() не знам што понатаму треба да се каже... Скопје како главен град добива мизерен буџет и дури и со тој буџет нема добиено ништо посебно е сега ако мислите дека со тоа што владат произволно си купила автобуси и му ги тупнала на ЈСП, Скопје добило нешто, се лажете во крајни граници... тоа се пари кои се перат, се фрлаат за џабе и се манипулира политичкиот свет... и мене не ми е ама баш воопшто важно во која општина се прави тоа, парите се истите се работи за општо недомаќинско работење на државните институции, министерствата и општините, а не за некаква си централизација ќе прекине ли некогаш Скопје да биде извор на фрустрации на секој граѓанин на земјава? |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2223242526 42> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |