build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 209>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 14-Oct-2009 at 13:21


Косовскиов Клинтон е многу сличен на нашиов „фраер“....уште еден доказ дека глупавоста на луѓето е регионална, а не национална одлика...не е убаво вака да се тешиме, ама да ни беа комшии јапонците, којзнае што убаво ќе ни беше у животов (ова ништо националистички)...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 14-Oct-2009 at 14:01

, ама да ни беа комшии јапонците, којзнае што убаво ќе ни беше у животов (ова ништо националистички)...[/QUOTE]
 
 
LOLLOL
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 14-Oct-2009 at 15:44
Да ни беа комшии јапонците, гарант на нас ќе ни се паднеше да бидеме Северна Кореја!

ova u smisol na nivo na razvitok!


Edited by lslcrew - 14-Oct-2009 at 15:44
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 18-Oct-2009 at 23:43

За споменикот на Јане Сандански се заинтересирани 16 автори

Шеснаесет автори се понудиле да го изработат споменикот на Јане Сандански, кој е предвиден да се постави во истоимената населба во Аеродром, во близина на полициската станица. По кое решение ќе се гради споменикот на македонскиот револуционер, надлежната комисија ќе треба да одлучи најдоцна за 90 дена.

Согласно со критериумите на јавниот повик за избор на идејното решение, споменикот ќе може да достигне максимална висина до 8,5 метри, од кои 3,5 метри е дозволената висина за постаментот, а остатокот е за коњаничката скулптура на Сандански. Македонски револуционер качен на коњ, согласно со ДУП, е предвидено да го краси зеленилото во близина на полициската станица, на аголот на булеварите „Јане Сандански“ и АВНОЈ. Кога ќе се постави скулптурата и колку пари ќе чини, се' уште не е утврдено.

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, вели дека овие детали ќе се утврдат по конечниот избор на идејното решение, а дотогаш ќе се одреди и максималниот буџет за оваа намена. Засега е сигурно дека за најуспешните три труда од конкурсот, Општината ќе обезбеди награден фонд во висина од 10.000 евра.

Идејата за поставување споменик на Јане Сандански е на градоначалникот Ивица Коневски, а беше поддржана и од мнозинството на Советот. Изградбата на овој споменик е дел од предлог-програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности на подрачјето на Аеродром. (Дс.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1654DACA7D668346BBF6EBDF8C58C01C



Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
shaun.r View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Jul-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote shaun.r Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 19-Oct-2009 at 13:38
http://www.globusmagazin.com.mk/default.asp?ItemID=58394E711695E9408B5DA85ADC04D7C2


mnogu dobar tekst za nasite "dokazani vajari i skulptori"
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 19-Oct-2009 at 23:44

Оштетена скулптура во Прилеп

Оштетена е скулптурата „Тронот“ од шкотскиот уметник Дејвид Мур, која пред две недели беше поставена во центарот на Прилеп. Непознати сторители завчеравечер се обиделе да го украдат горниот дел од скулптурата. Бидејќи мермерните делови биле тешки, ги оставиле покрај уметничкото дело. Локалните власти го осудија уништувањето и го оценија како вандализам на поединци. Случајот е веднаш пријавен во полиција.

- Делото е оштетено во горниот дел. Актот го извршиле луѓе што не умеат да ценат уметност. Ќе се погрижиме да го вратиме првичниот изглед на скулптурата, но граѓаните треба да ги негуваат културните вредности. Прилеп располага со големо културно богатство, со кое треба да се гордееме - вели Снежана Ристеска, советник за култура во општината.

Скулптурата беше поставена во рамките на проектот „Прилеп- галерија на отворено“. Уништувањето го осудија и од Центарот за современа ликовна уметност.

- Не знам кому му смета уметноста. Вакви непримерни потези не се својствени за граѓани што претендираат да станат членови на европското семејство, каде што се цени и почитува уметноста. Се доведува во прашање и проектот Прилеп да стане галерија на отворено - вели Диме Јанески, раководител од Центарот за современата ликовна уметност.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2FF956BDC7D9E0488641FA17FEF3AF0D
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 20-Oct-2009 at 16:45
Како може на оваа "култура" во државава да се поставуваат споменици не ми е јасно. Треба со закон да бидат забранети поради преголемиот број на примитивци
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 20-Oct-2009 at 17:27
што се криви примитивците што нема видео надзор и чуварски служби по плоштади и трговско-деловни локации!? некој од бес, некој од алчност, некој од инает, вандали секогаш ќе постојат, но државата бар во сред град може да воспостави ред ако неможе во пустелија, ова навистина е примитивно и од страна на надлежните ги истуриле скулптурите расфрлено а никако не ги обезбедиле...

туку од фоткава на веста ми го одвлекуваат вниманието и други недоследности, како немање никаков постамент за скулптурава, можеле да се потрудат некаков подест да истоварат ако ништо друго, но можеби највпечатлив момент е местоположбата која мислам дека досега најнеинвентивно е избрана за која било скулптура од новиов бран, ваква симетрија од колонада за партерно решение немам видено! скулптура - жардињери - канделабра и корпа - клупи... се посреди, ајде се ќе разберев дека е вклопливо во ваква композиција од урбана опрема како би се направиле две странични пешачки патеки, но редење во истиот ред симетрично на уметничко дело е нешто што не би можел да го сварам!
ова требало да оди или на страна или на чиста површина, и никако симетрично поставена во однос на останатите елементи во опкружувањето, туку искосена како би се одвоила од истото и би и се дал посебен акцент! особено што станува збор за геометриска скулптура која единствено така би можело да се истакне како нешто вредно и оригинално, или нека го залепат тронов за некоја фасада, но повторно не симетрично во однос на објектот...

зошто ова го издвојувам како битен момент бидејќи скулптурата треба да се доживее визуелно а не да се фрли како вишок кој ете треба некаде да стои, дури помалку ќе бодеше очи да ја ставеја пред ацето сред прилеп него тука вака што ја истуриле!
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 20-Oct-2009 at 17:57

се согласувам со тебе дека не и е баш местото тука,но сакам само да кажам дека во живо изгледа подобро,во смисла се вклопува на некој начин
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 20-Oct-2009 at 18:29
скулптурата дека е интересна тоа и јас се сложувам, но вакво кративно решение околу поставката можно е само кај нас и на ниедно друго место!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 27-Oct-2009 at 19:52
100 хектари?!?

Што крие комплексот за Егејците на Меџитлија

Битолските здруженија тврдат дека споменикот е привидение на „Македон“

БИТОЛА, ВЕЛЕС - Меморијален комплекс во чест на Егејците протерани од Грција никогаш нема да се изгради на граничниот премин Меџитлија. Идејата е магаломанска и чини неколку милиони евра. Ова е ставот на битолските здруженија на Егејците откако здружението „Македон“ дури завчера се охрабри јавно да каже дека е иницијатор за изградба на комплекс споменици во битолското село Лажец и дека пари ќе собираат од Егејците раселени низ целиот свет.

Никола Костурски, претседател на Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција, со седиште во Битола, вели дека проблемот не е во тоа дали со споменикот ќе ги испровоцираме Грците или не. За него е спорна локацијата, од аспект на оддалеченоста од градот, но и тоа што ќе чини милиони евра. Наспроти ова, идејата на битолските Егејци да се изгради спомен-обележје во паркот кај Офицерскиот дом ќе чини само 100 илјади евра, а таа финансиска конструкција полесно може да се затвори. Костурски тврди дека нивниот предлог-план за спомен-обележје во центарот на Битола цела година стои во некоја од фиоките во општинските канцеларии.

„Апсурдна е идејата на ‘Македон‘, со три-четири милиони евра од Егејците раселени низ светот да се гради споменичен комплекс за холокаустот на бегалците од Грција и тоа на самата граница. Тоа повеќе личи на обид да се изигра македонското прашање, да се изиграат Македонците од Егејска Македонија со мегаломанска понуда за градење некој меморијален центар кој никогаш нема да се реализира. Никогаш нема да има спомен-обележје. Нашата иницијатива е полесно остварлива“, смета Костурски. Ваквото негово видување го поткрепува со фактот што како иницијатор се јавува токму првиот човек на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

„Изградбата на меморијален комплекс за македонскиот егзодус на самата граница со Грција е само масло на Тодор Петров, кој егзистира, работи и заработува од идеи“, реагира Костурски.

За Егејците од Битола се' уште останува нејасна улогата на битолската локална власт, која иако првично тврдеше дека идејата за изградба на споменичен комплекс во Лажец е на Владата, подоцна ретерираше во изјавите. Премиерот Никола Груевски, при последната посета на Битола, категорично посочи дека за проектот најдобро знае Општината.

За Костурски е спорно и контрадикторно како Советот на Општина Битола без да се знае што ќе се гради на самата граница со Грција дозволи да се истурка предлогот и тој да влезе во процедура на изработка на проектна документација. Според одлуката изгласана на Советот на Битола, споменичниот комплекс ќе зафаќа простор од 100 хектари. Не само што ќе се гради меморијален комплекс за Егејците, туку треба да има црква, хотели и други придружни објекти.

Здружението „Македон“ се огради од сите провокации кои изминативе денови на нивна сметка биле искажани од опозициони советници во Општина Битола, пратеници, здруженија и медиуми околу намерата за изградба на споменичен комплекс.

„Не сметаме дека кревањето ваков споменик претставува причина за евентуална нова обврска или оневозможување почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Ова е затоа што во основа разликата за државното име е геноцидот врз македонскиот народ што го вршела Грција во балканските војни и во Граѓанската војна“, објасни Тодор Петров, член на здружението „Македон“, кое ја поведе иницијативата за изградба на меморијален паметник.

Од „Македон“ велат дека споменикот ќе се гради токму сега оти ова е јубилејна година, во која се одбележуваат 60 години од крајот на граѓанската војна во Грција и 70 години од почетокот на Втората светска војна. Споменичниот комплекс ќе претставува духовно обединување на Македонците од целиот свет и ќе ја врати меморијата на целиот македонски народ за ужасите од балканските војни и Граѓанската војна во Грција.

Според здружението, меморијалниот комплекс не го финансира Владата ниту Општина Битола, туку пари за него ќе дадат Македонци од Егејскиот дел кои сега живеат во Австралија, Америка и во Европа.

„За жртвите нема цена“, вели Ташко Јованов, претседател на здружението „Македон“. Тој најави дека споменикот наскоро ќе биде изграден. Тодор Петров се надева дека ќе победат демократските процеси во Грција. „Како што германската премиерка Меркел се извини за ѕверствата на германскиот режим, така еден ден и грчкиот премиер ќе подаде рака и ќе се извини за ужасите од балканските војни и од Граѓанската војна“, смета Петров. (А.Б. - С.Ќ.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C74AFC5DCB3A7E43839E9E670900C57B
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 30-Oct-2009 at 15:44
Денеска две вести во врска со спомениците во Општина Центар

ИНИЦИЈАТИВА ПРЕД УСТАВЕН СУД
Под лупа спомениците во Центар

Деветнаесет одлуки за подигнување спомен-обележја на значајни личности и настани, донесени од Советот на Општина Центар, ќе бидат под лупа на уставните судии на наредната седница, в среда. Уставниот суд ќе ја разгледува иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на одлуките на советниците од Центар, поднесена од група скопјани. Станува збор за одлуките на Советот за спомениците на Крсте Мисирков, Карпош, Никола Карев, Гоце Делчев, Даме Груев, на загинатите припадници на МВР, на Цар Самуил, Ченто, гемиџиите, цар Јустинијан Први, скулптура на воин, светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, на македонските бранители, на паднатите херои за Македонија, на основачите на македонската револуционерна организација, првото заседание на АСНОМ и на Тарас Шевченко. Покрај другото, ќе се разгледува и прашањето за локацијата за поставувањето на спомен-обележјата, за надлежноста за нивното донесување, како и за постапката и за процедурата при донесувањето на советничките одлуки.

Ж.Ќ.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=10&tabid=1&EditionID=1854&ArticleID=125435




Нема осветлување за новите споменици во Центар

Општината треба да одлучи дали повторно ќе се обиде да најде идејно решение за осветлувањето

Деспина Трајковска

Седум од триесетината споменици што треба да се постават во централното градско подрачје нема да бидат осветлени, иако општинарите планираа преку конкурс да изберат идејно решение за нивно осветление. На меѓународниот конкурс не била доставена ниту една понуда, па така неизвесно е дали ќе има осветление за спомен-обележјето на ајдутскиот водач Карпош, за гемиџиите, Јустинијан Први, како и за спомениците на просветителите Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски и за спомен-обележјата на основачите на ТМОРО и на АСНОМ.

Во повикот Општината не инсистираше ниту, пак, укажа за начинот на системот на осветлување. Единствено побара оригиналност и иновативност во предлогот.

Сега допрва надлежните ќе треба да одлучат дали ќе се откажат од проектот или можеби ќе го повторат конкурсот. Ќе треба да се разреши и дилемата дали евентуално повторениот повик ќе ги има истите критериуми и услови. Инаку, спомен-обележјата се' уште се во фаза на изработка. Општинарите објаснуваат дека проектот за осветлението бил, всушност, дел од целиот проект за изработка и поставување на спомениците.

„Спомен-обележјата не се завршени, но идејното решение е прва фаза од подготовките за изработка на постаментите и поставување на спомен- обележјата. Откако ќе заврши конкурсот за идејно решение за осветлението, ќе може да се донесе одлука за почнување постапка за јавна набавка, избор на изведувач на осветлувањето. Конкурсот е распишан токму за да се дадат идеи за видот и начинот на осветлување“, објаснија општинарите за текот на планираната постапка.

Не информираа дали и колку средства во тековниот буџет се предвидени за оваа намена. Единствено посочија дека имаат пари да ги наградат авторите на најуспешните трудови. Во повикот беше наведено дека наградниот фонд е во висина од 370.000 денари.

Инаку, со одлука на општинскиот Совет од пред година и пол одлучено е скулптурата на Карпош да се постави на плоштадот „Карпошово востание“, од левата страна на Вардар, покрај Камениот мост. На десната страна на Вардар, пак, покрај Камениот мост, предвидено е спомен-обележјето на Јустинијан Први. Во паркот „Жена борец“ се наоѓа локацијата наменета за спомен- обележјето во чест на Првото заседание на АСНОМ. За гемиџиите и за останатите споменици допрва ќе се одлучува каде ќе се постават. Начелно, сите ќе се наоѓаат на некоја јавна површина во централното градско подрачје.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4C03BF46C1FA4E4DA7497EB7546D8C49
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 30-Oct-2009 at 16:24
околу споменикот на Јане Сандански. Најдобро спроти Бисер, плус уреден парк, ако веке ресиле да ставаат
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 30-Oct-2009 at 16:29
знаете што е добро. да се стави модел од авион во Аеродром кај подземниот премин кај Скопјнка. по поставувањето на жардињерите остана едно место со онаа жолто црвена ограда. е таму над подземниот премин едно мало моделче на авионсвртено кон железничка би била интересна работа, има смисла и уникатно би било
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 04-Nov-2009 at 00:35

Општината ниже споменици за Ѓорче Петров

Во паркот кај пазарот веќе има еден споменик на револуционерот, подигнат пред неколку децении, а вториот, за кој веќе е распишано и конкурсно решение, ќе биде поголем и поимпозантен

Општина Ѓорче Петров распиша конкурс за подигање на уште едно спомен-обележје на патронот Ѓорче Петров, иако во реонскиот парк веќе постои споменик на револуционерот. Пред два месеца, кога се разгледуваше оваа одлука, членовите на Советот на Ѓорче Петров негодуваа и ја критикуваа идејата за изградбата на втор споменик, но Општината сепак си остана на своето.

Монументалната скулптура, како што се вели во конкурсот за избор на идејно решение, ќе биде изведена од бронза и мора да се вклопува во зададениот архитектонски простор. Таа ќе биде поставена на кружен тек меѓу улиците Ѓорче Петров, Воин Драшковци и новопроектирана улица што води кон пазарот. Според конкурсот, претсметковната вредност на споменикот изнесува до 5,5 милиони денари, односно до 90.000 евра. Првата награда за идејното решение е 100.000 денари, втората 50.000 денари, а третата 30.000 денари. Краен рок за испраќање на трудовите е 29.1.2010 година.

Градоначалникот Сокол Митровски, кој е предлагач на Програмата за подигање спомен-обележја, вчера рече дека не може да каже ништо за споменикот до петок, кога заедно со Одборот ќе одржат прес-конференција. Неофицијално, тој смета дека постоечкиот споменик на Петров е мал и сака да изгради поголем.

Првиот споменик на револуционерот е подигнат пред неколку децении во паркот во населбата Ѓорче Петров, а просторот околу него е соодветно уреден. Членовите на Советот негодуваа зошто општината ќе троши пари за подигање уште едно обележје на иста личност, наместо парите да се пренаменат за нешто друго, како на пример, довршување на градинката во населбата Даме Груев.

Горан Симовски, координатор на советничката група на СДСМ, изјави дека не добиле логично објаснување на седницата на која се расправало на оваа тема. Им било кажано дека вториот споменик ќе биде поголем, со што ќе се покажело значењето на револуционерот Ѓорче Петров.

- Објаснувањето што го добивме беше дека вториот споменик ќе биде поимпозантен од првиот - изјави тој.

На седницата беше кажано и дека трошоците за споменикот ќе ги покрие Министерството за култура, но Општината ќе мора да учествува со по 3.000 евра за девет членови на Одборот за подигање на споменикот, што е вкупно 27.000 евра. Петмина членови на Одборот се дел од општинската администрација, од Советот и пратеничка во Собранието на Македонија, а четворица се надворешни членови, меѓу кои и директорот на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман.

Опозицијата жестоко реагираше на издатоците и ги нарече непотребни, особено поради фактот дека станува збор за Општина која има многу поургентни проблеми. Годинава, како што беше презентирано во кварталниот финансиски извештај, Општината има намален приход од даноци, но и од комунални давачки за 50 отсто, што ја зголеми нервозата кај дел од советниците.

- Ние не сме против поставување споменици, но како што му кажавме и на градоначалникот, логично е да се почекаат подобри времиња - рече советникот Симоновски.

Според Предлог-програмата за подигање спомен-обележја на истакнати личности на територијата на Ѓорче Петров, освен на патронот, планирани се уште осум споменици: на Даме Груев, Димитар Поп Георгиев-Беровски, Јоаким Крчовски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Тихомир Милошевски и на Христо Батанџиев. Споменик ќе добијат и загинатите бранители во конфликтот во 2001 година - Раде Јанкуловски, Ивица Златевски, Томе Димовски, Ацо Ангеловски и Томислав Настевски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F9E9CAD26B46464EA8F4BD2BEE7B4A62

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 06-Nov-2009 at 23:59

КОНКУРС ЗА ГРАНДИОЗЕН СПОМЕНИК СПРОТИ СП ПЛАНЕТ


Скулптура на Ѓорче Петров на влезот во Ѓорче


Коњаникот ќе биде висок 7 метри и ќе биде поставен на триметарски елиптичен постамент на кој ќе бидат испишани големите мисли на Ѓорче Петров. Споменикот ќе гледа кон Водно, од неговата јужна и западна страна ќе биде поставен грбот на општината, а на скверовите на сите четири улици ќе има по една фонтана и клупи за одмор


Грандиозна скулптура на Ѓорче Петров со висина под 9 метри ќе биде поставена на крстосницата кај трговскиот центар СП Планет во Општина Ѓорче Петров. Конкурсот за идејно решение веќе е распишан и ќе биде отворен до крајот на јануари идната година до кога можат да се пријават сите скулптори од земјава и странство. Проектот ќе го реализираат Општина Ѓорче Петров со поддршка на Министерството за култура и ќе чини 90 илјади евра. Пристигнатите трудови ќе ги разгледува специјално формирана комисија која најдобриот ќе го награди со 100.000 денари, а второ и треторангираните со 50.000 денари, односно 30.000 денари.
- Нашата општина ќе биде единствената која на влезот ќе изгради голем кружен тек и на него ќе постави модерен споменик посветен на својот патрон. Коњаникот ќе биде висок 7 метри и ќе биде поставен на триметарски елиптичен постамент на кој ќе бидат испишани големите мисли на Ѓорче Петров. Споменикот ќе гледа кон Водно, од неговата јужна и западна страна ќе биде поставен грбот на Општината, а на скверовите на сите четири улици ќе има по една фонтана и клупи за одмор. Споменикот ќе биде изработен во бронза, ќе биде достоинствен, велелепен и не многу скап, информираше претседателот на Одборот за подигање на споменикот Марјан Димитријевски.

Градоначалникот Сокол Митровски информираше дека споменикот симболично ќе претставува капија на општината која ќе ги потсетува минувачите дека влегуваат во општина која гордо го носи името на македонскиот револуционер.
- Ние во континуитет работиме на афирмација на името и делото на Ѓорче Петров. Освен споменикот ние имаме покренато иницијатива и за враќање на моштите на нашиот патрон од Бугарија. Ако успееме во таа наша намера тие ќе бидат изложени во црквата Свети Петар и Павле - рече Митровски. Тој најави дека стариот споменик на Ѓорче Петров, што се наоѓа во паркот, ќе биде преместен во дворот на училиштето што го носи неговото име. "Нашиот патрон заслужува поголем и помаркантен споменик", рече Митровски.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9C86173ECA776046A05A8E2BF5BDFC4C

(Е.А.)




ДВА НОВИ СПОМЕНИКА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР


Коњаници во Жена-парк, а Св. Климент Охридски пред Универзитетска


Наместо очекуваниот транспаретен отчет како се трошеле народните пари, на седницата на Советот на општината, Тодоровиќ презентираше извештај за сработеното кој не даде одговор - кога ќе бидат готови спомениците за Александар, Гоце и другите


На платото пред Универзитетската библиотека "Св. Климент Охридски" во Скопје наскоро ќе никне споменик на ученикот на просветителите Кирил и Методиј. Ваквата идеја ќе се реализира некаде на почетокот на следната година. Оваа одлука центарските советници ја усвоија во четвртокот на последната седница на Советот на општината каде покрај неа тие одобрија подигање на уште еден споменик на паднатите херои на Македонија како и ослободување од комуналии во висина од 14 милинои денари на ЈП ССД за изградбата на трибините на стадионот. Наместо очекуваниот транспарентен отчет како се трошеле народните пари, на седницата на Советот на општината, Тодоровиќ презентираше извештај за сработеното кој не даде одговор - кога ќе бидат готови спомениците за Александар, Гоце и другите.

Поставување на споменикот пред платото пред Универзитетската библиотека е дел од програмата за култура на Општината Центар, а истиот ќе биде финансиран од Министерството за култура. Засега не се знае колку додатно овие два споменика ќе ја чини Општината ако се земе предвид дека таа од почетокот на оваа година за 6 месеци потрошила 140 милиони денари за подигање на спомен-обележја на нејзината територија.

Опозициските советници јавно критизирајќи го проектот околу спомениците побараа детален финансиски извештај околу изработките на спомениците и нивното вајање.
Советничката Благородна Мојсовска во своето излагање рече дека дел од средствата кои општината ги расфрла по споменици и уривање на дивоградби таа треба да ги пренамени во незавршените примарни проекти: осветлувањето, фекалните канализации, пешачки патеки и сл. Според советниците од ВМРО-ДПМНЕ, со поставувањето на ваквите споменици ќе се потенцира духовноста на градот и општината.

Неофицајално спомен-обележјето на паднатите херои за Македонија, кој ќе биде извајан на четири коњаници со фонтана од страна на скулпторот Томе Аџиевски, ќе биде сместен во Жена-паркот и ќе претставува еден од најубавите идејни решенија за споменици со фонтана во нив на нејзина територија.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BDABAA4F0FAF634BBF68F7EAE9D421B1

Дејан СРБИНОВСКИ
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 07-Nov-2009 at 01:38
добро не значи дека ако населбата го носи неговото име дека треба да има негови споменици насекаде, доволен е еден голем и забележлив споменик, но за жал сеуште се занимаваат со во моментов непотребни работи
а силувањето на малиот ринг продолжува, што мајка бараат коњаници во жена парк
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 07-Nov-2009 at 10:04
Originally posted by FoSsiL

знаете што е добро. да се стави модел од авион во Аеродром кај подземниот премин кај Скопјнка. по поставувањето на жардињерите остана едно место со онаа жолто црвена ограда. е таму над подземниот премин едно мало моделче на авионсвртено кон железничка би била интересна работа, има смисла и уникатно би било


Многу откачена идеја
...сигурно може да се најде и искористи некоја стара школка од авион и да се обработи на некое ниво или во некаква техника да биде скулптура...

Ова што се прави во Ѓорче Петров со скулптури од револуционерот(свака му част) е претерано. Ако толку сакаат да знаат каде се луѓето може некакви културни информативни табли да постават, ќе ја сфатат поентата посетителите...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Keeray View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Sep-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Keeray Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 08-Nov-2009 at 18:49

Ѓорче Петров ќе јава на коњ на влезот на општината

Целиот споменик од бронза ќе биде висок десет метри, од кои три метри ќе биде постаментот

Десетметарски споменик на Ѓорче Петров ќе биде поставен на влезот во истоимената општина, спроти новиот објект „СП Планет“. Споменикот ќе се постави на новоизградениот кружен тек на раскрсницата на улиците „Ѓорче Петров“ , „Воин Драшкоци“ и „Циборовски“. Околината ќе биде парковски уредена, а на сите четири краци од раскрсницата ќе има фонтани и клупи.

Бистата од бронза треба да го претстави револуционерот качен на коњ и ќе биде свртен кон југ. Целиот споменик ќе биде висок десет метри, од кои три метри ќе биде елипсовидниот постамент. На него ќе стои и грбот на Општината, а ќе има и неколку бронзени плочи со информации за револуционерот и неговото дело. Бистата ќе чини 5,5 милиони денари, а од Општината велат дека заеднички ќе ја финансираат со Министерството за култура. Стариот споменик на Петров, кој моментно се наоѓа во паркот, ќе се пресели во истоименото основно училиште.

„Постојниот споменик на Ѓорче Петров ќе биде засенет по изградбата на новата општинска зграда. Со новиот споменик, поголем и на порепрезентативно место, ќе го истакнеме значењето на патронот на општината“, вели Марјан Димитриевски од Одборот за подигнување на спомен-обележја.

Во иднина, најави градоначалникот на општината, Сокол Митровски, ќе се смени и патрониот ден на општината, место денот на смртта на Ѓорче Петров ќе се одбележува неговиот роденден. Во општината во тек е и иницијативата од Бугарија да се вратат и моштите на револуционерот. (С.Н.)

Преземено од утрински весник CrazyCrazy



Edited by lslcrew - 08-Nov-2009 at 19:09
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #580 Posted: 09-Nov-2009 at 23:24
„Постојниот споменик на Ѓорче Петров ќе биде засенет по изградбата на новата општинска зграда. Со новиот споменик, поголем и на порепрезентативно место, ќе го истакнеме значењето на патронот на општината“, вели Марјан Димитриевски од Одборот за подигнување на спомен-обележја.

да да, некој сигурно ќе мисли на патронот кога ќе заглави во сообраќајна гужва и ќе се нервира Roll%20eyes
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 209>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.959 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.