Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#41 Posted: 19-Mar-2009 at 10:13 |
 Јас мислев дека е ова уште една "креативна" метафора како што беше скопскиот менхетн... Ама ова стварно ќе се викало Биг Бен 
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#42 Posted: 19-Mar-2009 at 15:30 |
Проектов мене ми делува интересно. Добро е и како скулптура и како идеја ми е симпатична. Но кока веќе е крстена бигбен тогаш веќе нека направеле макета на бигбен, вака само имево не му е прикладно инаку идејава ми е интересна.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#43 Posted: 19-Mar-2009 at 15:34 |
ад хок идеја во форма на "донација" пред избори од некоја си таму фирма, која ќе се вика биг (тире) бен дефинитивно не е по мој вкус. тоа не е начин да го оформуваме нашиот градски простор.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#44 Posted: 19-Mar-2009 at 15:41 |
 Па добро, може да биде локална атракција и поради тоа не ми пречи. Сепак станува збор за парк и тоа во општина која е на периферијата на градот, а не за централно градско подрачје...
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#45 Posted: 19-Mar-2009 at 15:47 |
Originally posted by La Linea

Па добро, може да биде локална атракција и поради тоа не ми пречи. Сепак станува збор за парк и тоа во општина која е на периферијата на градот, а не за централно градско подрачје...
|
се работи за принцип. BTW... на Плоштад Македонија има една мала кружна жардинерија блиску до Лондон паб. Комплетно рандом насадена по истава оваа методологија. Донација од незнам која фирма.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#46 Posted: 19-Mar-2009 at 15:52 |
Па жардињера е урбана опрема, а ова е цел објект што е вртан во ДУП, ваљда не го третираат исто како жардињера па диво да го всадат. Најмногу не ми пречи пошто е на периферен дел од градот не е во центар, а и е донација па не гледам тука ништо спорно. Исто така кога сме кај донацииве, оној скверот на влез во кисела вода, кај рампата, е донација од урбанинвест.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#47 Posted: 10-Apr-2009 at 13:42 |
Тендер за часовниците за "Биг Бен" во Ѓорче
Локалните
власти од Ѓорче Петров за дваесетина дена треба да изберат фирма што ќе
постави четири часовници и електронски дисплеј на саат кулата која
Општината ја гради во паркот. Изградбата на саат кулата, која има
работен наслов "Биг Бен", треба да заврши до 28 јуни - роденденот на
Општина Ѓорче Петров, кога е планирано и официјално да се пушти во
употреба. Саат кулата е донација од градежната фирма "Адора", се гради
во централниот дел од паркот и ќе биде висока 12 метри. (Е.А.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=424BDC69AF7C74439A1C967254303468 |
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#48 Posted: 17-Apr-2009 at 07:33 |
ВО ОПШТИНСКИОТ ПАРК
Ѓорче Петров ќе прави свој "Кермес"
Куќарките среде паркот, во кои сега живеат неколку семејства, градоначалникот најавува дека ќе ги преуреди во кафеана, а жителите ќе ги обесштети
Во паркот во Ѓорче Петров општинските власти планираат да направат градска кафеана и музеј на македонски железници. Градоначалникот на Ѓорче Сокол Митревски вели дека сакаат среде паркот да направат градска кафеана во куќарките каде што сега живеат неколку семејства. Тој објаснува дека оваа скопска општина нема своја градска кафеана и оти куќарките во паркот се совршени за тоа. "Идејата е да направиме ѓорчепетровски 'Кермес', односно објектите да ги уредиме со модерна тераса, по принципот на некогашната кафеана во Градски парк. Луѓето што живеат тука, ќе ги обесштетиме", вели Митревски. Освен градска кафеана, општинарите сакаат во паркот да направат и музеј на Општината и на "Македонски железници", бидејќи на крајот од паркот сe уште стои депо од некогашната дирекција на ЈП"Македонски железници". Градоначалникот вели дека во уредувањето на музејот ќе им помогне и Министерството за култура. "Разговаравме со ЈП'Македонски железници' да ни го дадат објектот и да го направиме заеднички музеј на Општината и Железницата, бидејќи развојот и растот на Ѓорче се тесно поврзани со развојот на Железницата. Веднаш до објектот го ставивме и некогашното скопско вовче пампурче, и сметаме дека со ова ќе се заокружат содржините во паркот. Се надевам дека годинава ќе можеме да почнеме со реализација на овој проект, но тоа ќе зависи од решавањето на имотно-правните односи", вели Митревски. (Е.А.)
|
Edited by vardar - 17-Apr-2009 at 07:36
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#49 Posted: 24-Jun-2009 at 12:41 |
Хонорарите за комисиите од Министерство за култура тајна
Академик
Крум Томовски, академските скулптори Гоце Наневски и Васил Василев,
професорот од Архитектонски факултет Митко Хаџи Пуља, магистерот по
економски науки Нермин Адеми, министерката Елизабета Канческа -
Милевска и директорот на Управата за заштита на културно наследство
Паско Кузман се најчести членови на комисиите и одборите за подигање
на споменици и за изградба на новите културни објекти во Скопје. Академик
Томовски е во жирито на четири комисии, професорот Митко Хаџи Пуља е
во две комисии. Директорот на Управата за заштита на културно
наследство Паско Кузман учествува во 15 одбори во Општина Центар и во
една комисија во Министерството за култура. Исто толку членства по
комисии и одбори имаат и скулпторите Гоце Наневски и Васил Василев.
Магистерот по економски науки Нермин Адеми е член три комисии, а
актуелната министерка за култура Елизабета Канческа - Милевска, во
времето кога сe уште беше државен секретар на Министерството за
култура, членувала во четири комисии. Од кабинетот на
министерката Канческа - Милевска вчера одбија да одговорат колкави
се надоместоците кои ги плаќа Министерството за членовите на
жири-комисиите и на одборите. "Министерката ни е на Влада и
додека не се консултираме со неа, не можеме да во одговориме.
Навистина се работи за јавни податоци, но мора првин да се
консултираме тука во Министерството", рекоа од Министерството за
култура.
- За новата зграда на Драмски театар одлучувала
комисијата во состав: Мартин Пановски, Мишко Ралев и Искра Казиева,
како надворешни соработници, потоа Билјана Ќулавковска, шеф на
кабинет во Министерството за култура, и директорот на Драмски театар
Бранко Ѓорчев.
- Како ќе изгледа новата зграда на
Македонскиот народен театар одлучило жирито составено од:
архитектите Кристинка Радевски, Анета Таневска и Веселинка Герасимова
- Петровска, потоа Борче Јосифовски, советник во Министерството за
култура, Бошко Ангелевски и Анастасија Кукоска - Јованоска, како
надворешни членови, и Сашо Миленковски, директор на Македонскиот
народен театар.
- За Стариот театар претседател бил академик
Крум Томовски, а членови: Ристо Стефановски, театролог, архитектите:
Крсте Џидров, Бујар Муча, Тихомир Арсовски, Вангел Божиновски и
градежниот инженер Владимир Симонче.
- За проектот Градска
куќа повторно претседател е академик Крум Томовски, а членови се:
Манфред Вехдорн, австриски архитект и професор, и архитектите Аљоша
Шопар, Трајко Димитров, Љупчо Георгиевски и Вангел Божиновски.
-
За Филхармонијата претседател бил професор Славко Брезовски, а
членови биле академик Бојан Шоптрајанов, Кристинка Радевски, Оливер
Петрески, Томас Дресен, Елизабета Канческа - Милевска, Оливер
Арсовски, Маја Чанаќевиќ, Нермин Адеми, Лидија Лазарова, Снежана
Ристовска и Драгана Курчиовска.
- За Музејот на ВМРО и на
жртвите од комунизмот одлучувале: академик Александар Никољски, Руди
Ричиоти, Љупчо Георгиевски, Јован Стефановски, Томе Тимов, Гоце Аџи
Митревски, Паско Кузман, Елизабета Канческа - Милевска, Нермин Адеми,
Авни Адеми, Лидија Лазаровска, правник, и економистите Ѓурѓица
Трајковска и Јулијана Угриновска.
- За 35-те скулптури во Скопје
претседател е професорот Митко Хаџи Пуља, а членови се: Гоце Наневски,
Васил Василев и Светлана Аџигогова.
- За Спомен-куќата на
Мајка Тереза претседател е професор Јасмина Хаџиева, а останатите
членови се Јован Стефановски, Анџело Молфета, архитектите: Анета
Тановска, Билјана Филиповска, Тихомир Арсовски, новинарот Антон
Серечи, Стојан Тренчевски, Елизабета Канческа - Милевска, магистерот
по економски науки Нермин Адеми, Авни Халими, Лидија Лазарова и
технологот Драги Стојановски.
- За Спомен-домот на Тоше Проески
во жирито биле: Кристинка Радевски, претседател, архитектите: Мартин
Пановски, Елена Зафировска и Томаж Канцлер, зетот на Тоше Славен
Ристески, Илија Ивановски, Елизабета Канческа - Милевска, Борис
Јосифовски и Билјана Ќулавковска.
- Во тек е конкурсот за идејно
решение за возобновување на комплексот Светиклиментов универзитет,
кој се повторува по третпат, бидејќи комисијата, составена од:
академик Крум Томовски, претседател, Благоја Колев, Вера Битракова -
Грозданова, Митко Хаџи Пуља, отец Тимотеј, Лазар Шуманов и Христина
Станева од Бугарија смета дека од 10-те пристигнати предлози, нема
таков кој целосно ги задоволува проектната програма и конкурсот.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=4FA477DBA5178E4E9B5A39CF952FD0FF |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#50 Posted: 25-Jun-2009 at 11:11 |
Хонорарите се од Општина Центар
Министерството за култура вчера регираше на текстот "7.000 евра за
членство во комисија" објавено завчера во Вест, дека по написот кај нив
стигнале реакции од членови на жири-комисиите формирани токму за
проектите кои ги реализира ова Министерство. "Министерството
информира дека нема исплатено хонорар од 7.000 евра на ниту еден член
на жири-комисиите кои се формирани од страна на нашето Министерство",
се вели во реакцијата. Вест сака да појасни дека во текстот јасно
стои дека хонорарите се однесуваат за одборите и комисиите на Општина
Центар, а не на Министерството за култура. Напротив, во текстот кој што
се однесува на Министерството за култура стои дека иако ги баравме
сумите на хонорарите за комисиите формирани од Министерството, не ги
добивме.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=2377A09ED3541B41AABCA1FF1CE241FC |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#51 Posted: 26-Jun-2009 at 16:48 |
Саат-кулата во Ѓорче без часовници
Од
Општината велат дека веќе ги нарачале часовниците кои треба да ги
постават на сите четири страни на кулата, но оти не се сигурни дека ќе
ги добијат навреме, и затоа официјалното пуштање во употреба е
одложено за следниот месец
Саат-кулата
која се гради во општинскиот парк во Ѓорче Петров, иако беше најавено
дека ќе биде готова и пуштена во употреба на 28-ми овој месец, за
роденденот на Општината, тоа нема да се случи бидејќи таа сe уште нема
часовници. Официјалното пуштање во употреба на Кулата, која
локалната власт во Ѓорче ја нарече македонски Биг Бен, е одложено за
следниот месец. Градоначалникот на Ѓорче Сокол Митревски вели дека
веќе ги нарачале потребните четири часовници, кои ќе стојат на сите
четири страни на кулата, но оти не може да прецизира дали ќе ги
добијат за празникот. "Ако стигнат навреме, тогаш ќе ја пуштиме
Саат-кулата за празникот. Но, бидејќи не сакам нешто да ветам, а
потоа да не излезе така, нашиот Биг Бен ќе го пуштиме до 15-ти следниот
месец", вели Митревски. Саат-кулата е донација од скопската фирма
"Адора инженеринг" која, како што велат од Општината, веќе ги завршила
градежните работи. "Градежниот дел е завршен, дисплеите на кои
треба да се покажува температурата и влажноста на воздухот веќе се
поставени, сега се чекаат само часовниците", вели Митревски. Кулата е висока 12 метри и се наоѓа веднаш до спомениците на Ѓорче Петров и на паднатите борци во паркот во Ѓорче.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=687AD9A372D2F04A8BF7CA640DE85D2C |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#52 Posted: 26-Jun-2009 at 23:43 |
Проект за реновирање
Во рамките на презентацијата на "Културната патека", вечерва
посетителите ќе можат да ја погледнат изложбата на мастер план - главен
проект за реновирање и унапредување на Музејот на Македонија. Изработен
е од студенти на Архитектонскиот факултет во Скопје од класата на
професор Анета Христова. Изложбата ќе биде поставена на платото пред
Куршумли ан, каде со почеток во 23 часот ќе се одржи и концерт на
групата Супер Хикс.
Оваа презентација претставува завршница на повеќегодишниот проект
што се реализира од страна на Интернешанел Менаџмент Групата и Владата
на Италија. Проектот се одвиваше во неколку фази, во рамките на кои беа
извршени истражувања, дигитализација и други активности насочени кон
ревитализација на Старата скопска чаршија.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F5E5A4C1B19AF54CA0FA3143FBAD4F05 |
|
 |
se_manda
Senior Member
Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#53 Posted: 27-Jun-2009 at 17:26 |
off... Супер Хикс....
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#54 Posted: 06-Jul-2009 at 13:05 |
znae li nekoj kade treba da se gradi ovaj proekt??
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#55 Posted: 06-Jul-2009 at 13:35 |
мајмацедониа интересен проект. Јас прв пат слушам дека воопшто се планирало некаков центар за православно пеење, а не па готов проект да имаме. Сепак вака како објект пред се културен, а не верски, ми изгледа ок.
|
 |
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#56 Posted: 06-Jul-2009 at 17:42 |
Ова е тазе дипломска на колега, си пишува...
Project: Damjan Cingarski
Animation: Igor Noev
My diploma work.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#57 Posted: 06-Jul-2009 at 18:57 |
Ми мириса на оваа локација која е совршена за нов парламент
41°59'44.79"N 21°26'17.51"E
Дополнително, објектот во позадина ми изгледа како во земјотресот урнатата црква Св. Мина (ваљда има визија да се возобнови)
А и во ДУП-от мислам на оваа лолкација се најавуваше некаков голем комплекс на МПЦ со секакви религиозни објекти, за што сметам дека не е среќно решение. Во тој контекст и не сум баш сигурен дека објектов треба да го третираме општо како културен, туку попрецизно како религиски.
Edited by Cloverstack - 06-Jul-2009 at 18:58
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#58 Posted: 06-Jul-2009 at 19:11 |
А зашто не би бил среќно решение?! Може би е престрог центар, но отскочната даска која му се дава на проектов со Св. Богородица и Св. Мина ја оправдува локацијата за комплексов. Да има локација во склоп на теолошкиот факултет тамо би било и најдоборот решение, но кога таму нема место и кога веќе МПЦ се одлучила за нов комплекс незнам зашто не би го направила тоа тука. Ваков евентуален комплекс воопшто нема везе со верски објект туку е пред се образовен и едукативен. Во верски објект се врши верски одреди, во академска институција за пеење се врши учителска дејност. А пеењето е дел од културата и највеќе би го окфалификувал како културно-образовен.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#59 Posted: 06-Jul-2009 at 19:31 |
Јас не зборам само за овој објект туку за тоа дека се работи за цел комплекс (според тоа што процури од ДУП-от, кој не знам дали е донесен или е заглавен). Јас таков комплекс составен од разноразни директно или индиректно религиски објекти во никој случај не го сметам едноставнио како културен или образовен. Градење на таков религиозен комплекс во строг центар на град во денешно време во најмала рака е несреќен избор. Ако му дадам и друга конотација (а каква што има на претек), целата работа ќе изгледа уште понеразумно, но не би забегувал натака со муабетов.
На таа локација најрадо би го видел идното ново собрание на Република Македонија.
Edited by Cloverstack - 06-Jul-2009 at 19:32
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#60 Posted: 21-Jul-2009 at 23:00 |
Запустено киното во Луна-паркот
Ентериер стар
со децении, дотраена сцена и филмски проекции само во десет дена од
летото се новиот белег на некогаш славното Летно кино во Луна-паркот, во кое се одржуваа и претстави и концерти

Стари столчиња, дотраена сцена, валкано платно и публика која сепак,
сака да гледа филмови на отворено е вообичаената глетка деновиве во
старото скопско Летно кино во градскиот Луна-парк. Тука тече филмската
програма на Скопско лето. Просторот, на кој некогаш се одржуваа
претстави, концерти, фолклорни настапи и во редици се чекаше билет за
филм, од година во година е се' позапуштен. Тоа што некогаш беа
случајно никнати грмушки внатре, денеска се големи дрвја чии крошни се
надвиснуваат покрај гледалиштето. Единствено потсетување за некогашните
славни денови на Летното кино се филмофилите, кои деновиве ги следат
проекциите што таму ги организира Скопско лето. Кога ќе заврши
ревијата, киното повторно ќе ги затвори вратите, а најави за други
активности нема.
- Секоја година во лето доаѓам на филмовите што
тука се прикажуваат. Убаво е чувството да се присуствува во киново, но
за жал се забележува како од година в година е во се' полоша состојба.
Внатре е чисто, но сепак се неопходни поправки. Постарите генерации
сега само се сеќаваат на деновите кога беше една од најпопуларните
локации во градот. Штета ќе биде да се остави и да пропадне овој
културен простор, кој сега гледаме дека само инцидентно живурка - вели
гледач од Скопје, кој присуствуваше на една од проекциите во киното.
Кафе за публиката
Од
Дирекцијата на Скопско лето веќе пет години се обидуваат да го заживеат
просторот носејќи светски филмски хитови и нудејќи им бесплатно кафе на
кинопосетителите. Сепак, киноопремата е стара, па на половина филм се
прави пауза за смена на лентата. Од Дирекцијата се согласни дека на
киното му е неопходно реновирање. Веруваат дека со евентуално
реновирање на дотраената сцена, запуштениот затсценски простор,
седиштата во гледалиштето и со набавка на нова киноопрема ќе се отворат
можности просторот да се користи и за многу концерти, камерни изведби,
претстави, нови филмски проекции.
- Публиката сака да доаѓа во
Летното кино. Имавме ситуации кога иако врнеше, гледачите останаа до
крајот на филмот. За жал, последниве неколку години, таму се
прикажуваат филмови само кога трае нашата филмска програма. Штета е
просторот да се остави неискористен. Неопходно му е реновирање. Сцената
веќе не може да се користи, не може лесно да се гази по неа, платното
треба да се смени, а треба да се поправат и просториите зад сцената.
Некогаш таму организиравме и концерти и претстави и настапи на
фолклорни ансамбли, но денес тоа веќе не е можно. Единствено што
преостана е да се прикажуваат филмови, но секако со позајмена опрема -
вели Никола Глигоров од Дирекцијата за култура и уметност, кои го
организираат Скопско лето.
Куса сезона за Летното кино
Киното
е во надлежност на Луна-паркот. Од таму се свесни дека просторот не ги
задоволува условите за секакви изведби, но велат дека се отворени да му
излезат во пресрет на секој поединец, институција или ансамбл кои
сакаат да го користат киното за културни настани. Според Миодраг
Атанасиевски од Луна-паркот, не планирале да вложуваат повеќе средства
во реновирањето на просторот зашто од Градот Скопје се најавува
поголема акција за реновирање на целиот парк.
- Со сите што се
заинтересирани ќе се договориме и ќе ги направиме потребните поправки и
адаптации што им се потребни. Порано имавме и повеќе претстави,
игроорни друштва. Сега, тоа поретко се случува. Направивме поправки
колку што можевме и ја потсредивме сцената. Сепак, поголеми инвестиции
уште не планираме. Од Градот дојдоа најави дека целиот парк ќе се
реновира, па затоа чекаме и не вложуваме средства, за да не бидат
залудно и избрзано фрлени пари - вели Атанасивески.Од Градот Скопје,
под чија надлежност е Луна-паркот, најавуваат целосна реконструкција на
објектите на тој простор.
- Градоначалникот Коце Трајановски во
својата програма има предвидено проект за нов Луна-парк. Во склоп на
реализација на овој проект, во согласност со роковите во програмата ќе
се решава и прашањето на Летното кино, заедно со останатите компоненти
во него - велат од градот.Додека да се донесе одлука за реновирање, за
Летното кино летото изгледа и годинава ќе заврши порано. Филмови таму
ќе има до крајот на неделава, а други настани уште не се најавени. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=79CCC7E6C73DFF48AE499D35E27C4A24 |
|
 |