Градска инфраструктура (општо) |
Post Reply | Page <1 28293031> |
Author | |
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #581 Posted: 28-Feb-2022 at 20:55 |
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1648&PN=25 |
|
За сè има вторпат
|
|
MarkoMK
Newbiе Joined: 15-Apr-2011 Location: MK Online Status: Offline Posts: 7 |
Quote Reply #582 Posted: 04-Mar-2022 at 19:23 |
Thanks
|
|
Phiko
Senior Member Joined: 24-Aug-2020 Online Status: Offline Posts: 209 |
Quote Reply #583 Posted: 30-May-2022 at 19:12 |
Се пробива улицата Партизанска 2 во Карпош 4:
Edited by Phiko - 30-May-2022 at 19:12 |
|
Phiko
Senior Member Joined: 24-Aug-2020 Online Status: Offline Posts: 209 |
Quote Reply #584 Posted: 31-May-2022 at 15:01 |
|
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 563 |
Quote Reply #585 Posted: 22-Jan-2024 at 22:31 |
Кејот на Вардар во Велес: Edited by Théoden - 22-Jan-2024 at 22:31 |
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 878 |
Quote Reply #586 Posted: 24-Jan-2024 at 23:57 |
Убаво. Ќе се продолжи и натаму или дотука? И дали стварно нема рампа од кејот кон горниот дел и мостот? Како вакви аматерски лапсуси со сите нови мостови на Вардар
|
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 563 |
Quote Reply #587 Posted: 25-Jan-2024 at 12:14 |
.
Не ми звучи како некоја конкретна најава. |
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 878 |
Quote Reply #588 Posted: 26-Jan-2024 at 01:07 |
Најава за напори.
|
|
SkMk
Newbie Joined: 18-Jul-2023 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 23 |
Quote Reply #589 Posted: 05-Feb-2024 at 14:59 |
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје, изградбата на булеварот Македонија кој ќе го реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.
Овој булевар има за цел да го растерети сообраќајот во центарот на градот особено на улицата Јордан Мијалков, улицата Павел Шатев, улицата Св. Кирил и Методиј и булеварот Кочо Рацин. Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата краци на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај Лимак. Реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Град Скопје, а значително ќе го намалат сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олеснат движењето на граѓаните низ централното градско подрачје. Во првата фаза која се реализира на траса предвидени се и нова велосипедска патека по целата должина како и пешачка зона, а истовремено се реконструира целосно водоводната и канализационата мрежа. https://www.facebook.com/share/p/U51KHiMtrv3mCU2m/?mibextid=K8Wfd2 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #590 Posted: 03-Mar-2024 at 14:59 |
СТОПИРАН ПРОЕКТОТ ЗА ЦЕНТАРОТ НА ВЕЛЕС ДА БИДЕ ПЕШАЧКА ЗОНА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ БАРА ТОА ДА ВАЖИ САМО ВО ЛЕТО
Стопиран е проектот за реконструкција во пешачка зона на улицата 8 Септември во центарот на Велес. Проектот, кој е финансиран од европски фондови, предвидува улицата до плоштадот Сармаале кај споменикот на Коњаникот да биде затворена за возила во текот на цел ден. Единствено во одредени делови на денот низ неа да минуваат само автобусите на големите компании кои превезуваат работници. Велес е единствен поголем град во Македонија кој нема пешачка зона во центарот. Градоначалникот на Велес Марко Колев објаснува дека проектот е стопиран, бидејќи Општината бара измена односно улицата да биде пешачка зона само во лето. „Кога дојдов на оваа позиција кажав дека ќе ги продолжам сите проекти кои ги наследив. Ова сообраќајно решение е подготвено многу порано пред јас да дојдам. Се обидуваме со сообраќајните инженери да докажеме на финансиерот дека делумно тоа што е пишано во апликација е можно, делумно не. Се трудиме да објасниме дека ни е потребна пешачка зона, но во период кога народот е раздвижен, а тоа е во топлите месеци. Нашиот концепт не е да се затвори целосно улицата 8 Септември, туку во летните месеци кога децата се на распуст. И тоа во одреден дел од денот, тоа е попладне, како што беше порано корзото. Тие два, три, четири часа, улицата 8 Септември да биде затворена, а улиците Гоце Делчев и Страшо Пинџур да бидат двонасочни“, вели Колев. Градоначалникот вели дека постои опасност ако не се реализира проектот да се вратат 700-800 илјади евра кои се обезбедени од фондовите на ЕУ. Според проектот, предвидено е намалување на кружниот тек кај споменикот Коњаник, изградба на друг на Сармаале, што е реализирано. Потоа, улицата Архиепископ Михаил да биде еднонасочна што исто така се случи, а улицата 8 Септември да биде пешачка зона, освен за автобусите, во период кога ги превезуваат работниците на работа. Исто така, завршено е поставувањето на одводна мрежа за атмосферската вода од центарот на градот, од Сармаале до мостот Гемиџии. Предвидено е улиците Гоце Делчев и Страшо Пинџур да бидат двонасочни. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/stopiran-proektot-za-tsentarot-na-veles-da-bide-peshachka-zona-gradonachalnikot-kolev-bara-toa-da-vazhi-samo-vo-leto/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #591 Posted: 05-Mar-2024 at 18:20 |
ОД БОМБАСТИЧНАТА НАЈАВА НА АРСОВСКА ОСТАНА САМО ЛЕНТАТА Што се чека за да почне изградбата на булеварот Македонија?
Извадени две палети со бехатон плочки, еден контејнер-барака кој треба да служи како канцеларија и ништо друго нема и по еден месец откако беше најавена првата фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје кај стара „Рампа“. Точно пред еден месец градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, изврши увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на изградбата на булеварот Македонија со кој ќе се реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Сепак, според тоа што може да се види на терен, засега нема ниту еден работник или машина која ќе ги извршува работните задачи и нејасно е зошто и покрај најавата на Арсовска, ништо не се случува. Според сајтот за јавни набавки, Град Скопје на 5 февруари за реализацијата на овој проект има склучено договор со компанијата ЈУ-БАЈ 2 Амет ДООЕЛ село Бојане, Скопје, во износ од 48.083.564 денари со ДДВ или 781.847 евра. Во битката за оваа јавна набавка покрај ЈУ-БАЈ 2 Амет ДООЕЛ биле уште 10 градежни компании, но сепак изведувачот од Бојане ја имал најприфатливата понуда според Град Скопје. Градоначалничката Арсовска тогаш истакна дека овој булевар има цел да го растовари сообраќајот во центарот на градот, особено на улиците: Јордан Мијалков, Павел Шатев, како и на булеварите Свети Кирил и Методиј и Кочо Рацин. „Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 Октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата крака на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај Лимак“, соопштија тогаш градските власти. Како што пишуваше во соопштението од Градот, реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Скопје, а значително ќе го намали сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олесни движењето на граѓаните низ централното градско подрачје. https://plusinfo.mk/od-bombastichnata-na-ava-na-arsovska-ostana-samo-lentata-shto-se-cheka-za-da-pochne-izgradbata-na-bulevarot-makedoni-a/ |
|
Carpe diem
|
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #592 Posted: 12-Apr-2024 at 19:42 |
Го тргнаа и кенот што беше поставен по свеченото отпочнување со изградба...
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 563 |
Quote Reply #593 Posted: 02-May-2024 at 15:15 |
Кејот во Велес: |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #594 Posted: 02-May-2024 at 16:52 |
Еј, баш ме потсети дека имам и јас фотки, вчера се шетав натаму: |
|
За сè има вторпат
|
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 563 |
Quote Reply #595 Posted: 02-May-2024 at 20:20 |
Не ми е јасно зошто не се следи линијата поставена од левиот брег, туку се започнува со блага кривина толку далеку пред мостот „Гемиџии“. Дали до толку биле проблем експропријацијата на тие метар-два? Или можеби во меѓувреме се променети урбанистичките планови? Не знам која година е направен кејот од левата страна. Вака сега е нарушена симетричноста и изгледа полошо од очекуваното.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #596 Posted: 07-May-2024 at 18:47 |
СЕ ГРАДИ КЕЈОТ ДО СТАР МОСТ
Продолжи изградбата на кејот од десната страна на река Вардар. Градежните работи се во тек за изградба на кејот на потегот од Мало мовче до Стар мост. Граѓаните на Велес добиваат уште едно модерно уредено катче за релаксација. https://www.facebook.com/photo?fbid=841424031359022&set=pcb.841424721358953 |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #597 Posted: 09-Jun-2024 at 12:36 |
И шума се исече и пари се потрошија, но патот од Водно за Сопиште уште е неупотреблив
Од Јавното претпријатие за државни патишта во чија надлежност е патот од Водно до Сопиште нема одговор дали се санирани свлечиштата ниту кога конечно ќе биде ставен во функција. Цели седум години откако е завршена неговата изградба, патот што води од Водно за Сопиште, не е официјално пуштен во употреба. Изговори за тоа има многу, но главната пречка е свлечиштето кое се појави откако беше завршен и за кое досега очигледно не се најде решение како да се санира. Или едноставно сите институции го заборавија иако за изградба на делницата долга 4,4 километри се потрошија 7,7 милиони евра. Со проблемот со одрони и свлечишта, се соочуваше и изведувачот на градежните работи „Гранит“, поради што беа пробиени роковите за градба, а сепак надлежните во 2017 година се пофалија дека изградбата е целосно завршена иако свлечиштата на патот останаа. Пробивањето на регионалниот пат Р2138, кој беше еден од условите за да започне изградбата на елитната населба Сончев Град, почна во 2013 година и 11 години подоцна сѐ уште е со пречки на двата негови влеза, затоа што никој не може да им ја гарантира безбедноста на граѓаните доколку го поминуваат со автомобил. Неговото пуштање во употреба со години го очекуваат жителите на Сопиште и на другите населени места во тој дел, затоа што наместо да кружат преку Кисела Вода, за многу побрзо време би можеле да стигнат до центарот на Скопје. Во моментов патот го минуваат само моторџии и велосипедисти на сопствен ризик. Од Јавното претпријатие за државни патишта во чија надлежност е патот од Водно до Сопиште не одговараат дали се санираа свлечиштата ниту кога конечно ќе биде ставен во функција. Претходните две години оттаму соопштуваа дека во текот на градбата се појавила потреба за одредени измени и дополнувања на проектната документација, коишто се опфатени со изработка на нова проектна документација на ниво на инфраструктурен проект. Признаа и дека при пробивање на трасата направени биле отстапувања од градежната линија. – Измените и дополнувањата го опфаќаа препроектирање на дел од трасата, проектирање три потпорни конструкции, како и дополнително осигурување на стабилност на косината од високиот засек. Во текот на градбата при пробивање на трасата и оформување на косините на делови во должина на трасата на терен направени се отстапувања во однос на градежната линија која е предвидена во одобрениот проект за инфраструктура. Поради сите горенаведени настанатите промени потребно беше да се изработи измена и дополнување на одобрениот проект за инфраструктура – информираа лани од претпријатието. Новиот проект за инфраструктура уште минатата година беше одобрен од Министерството за транспорт и врски и во тек беше постапка за „измени во тек на градба“ кои исто така требаше да ги одобри Министерството, по што требаше да се изврши технички преглед и да се издаде дозвола за употреба. Досега тоа не се случи, а од јавното претпријатие не одговараат на прашањата дали веќе се санирани проблемите на патот. После седум години откако го прогласија за изграден ( но очигледно недограден) и делот од патот каде немаше свлечишта ќе остари и ќе почне да се уништува. Се чувствува ли некој одговорен за лошата изведба на патот, за залудно фрлените пари и конечно затоа што за неговото пробивање и покрај жестоките противења на граѓаните и граѓанските организации, се исече шума на Водно, се уништи дел од планината? https://www.slobodenpecat.mk/i-shuma-se-iseche-i-pari-se-potroshija-no-patot-od-vodno-za-sopishte-ushte-e-neupotrebliv/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #598 Posted: 10-Jun-2024 at 19:00 |
(ФОТО+ВИДЕО) Се урна дел од потпорен ѕид над Клиниката за детски болести, од ЦУК велат дека во прашање се часови кога ќе падне целиот
Ангелов вели дека под улицата која го разграничува Клиничкиот центар со куќите има шахти и подземни канали кои се во лоша состојба и не ја собираат подземната вода што доаѓа од падините на Водно што, пак, е причина таа да избива на самиот ѕид и дополнително ја нарушува неговата стабилност Дел од потпорен ѕид на улицата „Белградска“, која поминува над Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ над Клиниката за детски болести, утринава се урнал, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Информацијата дека е ѕидот се урнал денеска од страна на граѓани стигнала на единствениот број за итни случаи 112. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, денеска во видеообраќање од местото каде што се урна ѕидот апелираше до Министерството за здравство, до Град Скопје и до Општина Центар итно да се зафатат со надминување на оваа опасност за граѓаните. Тој вели дека е прашање на ден, а можеби и на час кога ќе се урне и преостанатиот дел од ѕидот под кој се паркираат возила, но се движат и лица кои влегуваат во кругот на Клиничкиот центар. Во најлошо сценарио, рече Ангелов, постои можност возила што се движат по оваа тесна улица, која е проодна во два правци, да дојде до уривање не само на ѕидот туку и на дел од улицата и да дојде до поголема трагедија во која ќе бидат опфатени и возила. Според него, за проблемот со лошата состојба со ѕидот, кој бил накосен и постоела опасност да падне, пријава имало уште во ноември 2022 година. Тогаш, како што рече Ангелов, биле информирани сите надлежни институции вклучително и Министерството за здравство, Град Скопје, како и Општина Центар, а запознаени биле и во Министерството за внатрешни работи за преземање на потребните мерки за заштита на животот и здравјето на граѓаните. [URL]https://360stepeni.mk/foto-video-se-urna-del-od-potporen-zid-nad-klinikata-za-detski-bolesti-od-tsuk-velat-deka-vo-prashane-se-chasovi-koga-ke-padne-tseliot//URL] |
|
Carpe diem
|
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 497 |
Quote Reply #599 Posted: 04-Jul-2024 at 14:24 |
Гевгелија има нов булевар до граничниот премин Богородица? Од каде до каде конкретно? Никаде јас не гледам булевар со 4 ленти.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #600 Posted: 05-Jul-2024 at 12:13 |
ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ ПАТЕН ПРАВЕЦ КАЈ МИЛЦИ
Гевгелија доби ново поврзување со автопатот и Коридорот 10 со изградбата на патниот правец Милци. Со пресекување лента од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и новиот претседател на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицковски, во присуство на бројни гости, беше означена завршницата на овој капитален проект. - По поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација, патниот правец кај Милци ги исполни условите за пуштање во употреба. Должината на делницата изнесува вкупно 850 метри со кружен тек. Реализацијата на оваа делница се реализираше во две фази, со средства од Буџетот на Општина Гевгелија во износ од 18.917.780 денари. Гевгеличани покрај тоа што добиваат нова сообраќајна врска со граничниот премин Богородица, истовремено со реализацијата на овој патен правец се зголемува и можноста за нови потенцијални инвестиции во месноста - Милци, истакна градоначалникот Сарамандов во своето излагање за медиумите. https://www.facebook.com/profile.php?id=100071471694876 |
|
Carpe diem
|
|
Post Reply | Page <1 28293031> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |