build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 157>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 15-Nov-2009 at 15:43
Анкета за транспортните навики на скопјани

Заради потребите за изготвување на Студија за сообраќајниот систем на Град Скопје, со идејни проекти за сообраќајниците, Булевар "Св. Климент Охридски" и подземната сообраќајница од Соборниот храм до Комплексот банки во Скопје, во периодот од 17 ноември до 8 декември ќе се спроведе теренска анкета во која ќе бидат опфатени 11.000 испитаници во градот Скопје.
 
Анкетата, чиј предмет се транспортните навики на жителите на град Скопје ќе биде спроведувана во домовите на граѓаните.
 
Лицата кои ќе ја вршат анкетата ќе бидат овластени дека вршат анкета за потребите на Министерството за транспорт и врски и истите со себе ќе носат соодветни легитимации.
 
Врз база на податоците од анкетата и дефинираните цели за развој на сообраќајните системи во Градот, ќе се направи модел за прогноза на идната побарувачка за транспорт на долг период. Со изработката на Студијата за сообраќаен систем на Скопје треба да бидат дефинирани  стратегиските цели за спроведување на сообраќајната политика во Градот за иден долгорочен период, како и воспоставени показатели за следење на успешноста во функционирањето на транспортните системи и применетите политики.

Со Студијата ќе бидат дадени предлог-мерки за зголемување на институционалните капацитети во управувањето со сообраќајот во Градот, предлог-мерки за зголемување на користењето на јавниот сообраќаен систем во Градот, предлог мерки за подобрување на понудата и користењето на паркинг просторот во Градот.
 
Оваа Студија ќе ги опфати сите десет општини кои според последната територијална и административна организација го сочинуваат Градот Скопје, информираат од министерството за трнапсорт и врски.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=64220&kategorija=1
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 18-Nov-2009 at 20:06


Повеќе детали:
ЗА ИЗРАБОТКА НА СООБРАЌАЈНА СТУДИЈА
Скопјани ќе си ги кажат транспортните маки

Што користат скопјани за превоз за да стигнат до работа, автомобил, автобус или такси, и по која релација најчесто се движат, се дел од прашањата на кои граѓаните ќе треба да одговараат во наредните три недели. Анкетата, која ја побарало Министерството за транспорт и врски, ќе ја спроведува овластена агенција „Рејтинг“. Резултатите од неа ќе послужат за да се направи сообраќајна студија за Градот, со идејни проекти за булеварот Св. Климент Охридски и подземната сообраќајница од Соборниот храм до Народна банка, која треба да ја изработи шпанската фирма „Идом ингенерија и консулторија“, избрана на тендер ова лето. Студијата треба да помогне да се направи компјутерски модел на сообраќајот во Скопје, а во втората фаза да се дадат решенија како би можеле да се проектираат главните артерии. - Анкетата се прави затоа што сеопфатна сообраќајна студија за Скопје не била изработена во последните 20-30 години. Во првите шест месеци ќе се собираат сите можни податоци за сообраќајот во Скопје. Тоа вклучува фреквенција на линии и број на патници во ЈСП, статистички податоци за превезени патници со такси, информации од Агенцијата за регионални и магистрални патишта за протек на возила од четирите влезови во Скопје - вели Горан Арнаудовски, управител на фирмата „Џонсон и Филипс“, која е овластен претставник во земјава на шпанската „Идом“. На овие податоци ќе се надоврзат и одговорите од 3.200 анкетирани семејства, односно вкупно 11.000 испитаници. - Ваквите студии се максимално корисни затоа што утре ќе им помогнат на градските власти во решавањето на сообраќајните проблеми или можеби ќе им укажат на неопходноста од воведување алтернативен превоз, како трамвај или тролејбус. Покрај другото, студијата ќе даде информација и каде и какви паркинзи треба да се градат - вели Арнаудовски. Ангажираните лица од „Рејтинг“, кои со себе ќе носат и легитимации, ќе ги посетат анкетираат граѓаните во нивните домови, во периодот од 17 до 21 часот. Студијата ќе ги опфати сите десет скопски општини и треба да биде готова до 2010 година.

Р.П.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1869&ArticleID=126818
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 18-Nov-2009 at 22:32
Еве ако чита некој релевантен, јас би ги поканил од агенцијата на форумов да разчлитаат доста идеи имаат паднато тука.

Но една друга работа ме занима мене тука у анкетава. Дали ова ќе се злоупотреби како дополнителен аргумент да се збришат значајни сообраќајници од ГУП-от?!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 18-Nov-2009 at 23:06
Cheers

ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА


Реконструиран патот од Средно Водно до манастирот Св. Пантелемон


Екипите на ЈП "Улици и патишта" деновиве целосно ја завршија реконструкцијата на патот од Средно Водно до манастирот "Свети Пантелејмон". Обновата на патот опфати машинско гребење оштетен асфалт на длабочина од 3 до 5 сантиметри и на површина од 2.587 квадратни метри, целосно раскопување за целосна реконструкција на оштетената асфалтна површина од 415 квадратни метри, асфалтирање со дебелина од 4 сантиметри со асфалтна маса АБ 11 на површина од 2.587 квадратни метри. Беа поставени армирано-бетонски цевки Ф 400 во должина од 12 метри за одвод на атмосферската вода.

Работните активности беа изведени од страна на две екипи на ЈП "Улици и патишта". Едната екипа извршуваше машинско гребење на оштетените асфалтни површини, а другата екипа ги санираше ударните дупки. Вкупно беа асфалтирани 4.438 квадратни метри, а реконструкцијата со прекини поради лошите временски услови траеше два месеци. Реконструкцијата на патот Средно Водно - манастир "Свети Пантелејмон" изнесува околу четири милиони денари, а финансиските средства целосно ги обезбеди Градот Скопје.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F5DF845F78EB87479A6E8C29D9BAC48C
#


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 25-Nov-2009 at 01:27
На локалниот пат Визбегово - Шуто Оризари


Од денеска стартува изградбата на првиот локален пат во Општина Бутел што ќе го поврзува Визбегово со Општината Шуто Оризари. Должината на овој локален пат изнесува 1 600 метри, односно главната траса што почнува на влезот во Визбегово, кај подвозникот, и која минува сред ело и се движи покрај Кампот за азиланти и продолжува кон Шутка, изнесува 1200 метри.
- Локалниот пат ќе има и крак во должина од 400 м што ќе ја поврзува главната траса со стариот Качанички пат, кај бензиската пумпа на ,,Мак Петрол". На најголем дел од споменатата делница поминува и главниот колектор на големата фекална канализација, што граѓаните на Визбегово ја добија минатата година. Сега ќе добијат и квалитетен асфалтен пат, по што може да се каже дека Визбегово прераснува не само во современа индустриска зона туку и во убава урбана населба за живеење - се вели во соопштението.

Проектот за рахабилитација и реконструкција на локалната патна мрежа во Општина Бутел се реализира во соработка со Агенцијата за државни патишта. Изведувач на локалниот пат Визбегово - Шуто Оризари е фирмата ,,Гранит'', а вкупната инвестиција изнесува над 5 000 000,00 ден.

http://vecer.com.mk/?ItemID=3E4E0EDE48A9414F8FCA979E34C34F1C
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 25-Nov-2009 at 17:52
Ја разбра некој трасава? Ај ако има таков нека пушти нешто визуелно  Smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 25-Nov-2009 at 18:37
На овој подвозник се мисли за почетокот 42° 1'47.45"N 21°24'24.85"E. Овдека се двои кракот 42° 2'3.82"N 21°24'29.75"E, а ова е бензинската Макпетрол 42° 1'56.42"N 21°24'14.23"E. А ова мислам дека е тој центар за азиланти 42° 2'36.45"N 21°24'35.54"E.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 26-Nov-2009 at 09:59
Originally posted by lslcrew

Ај уште малку да го проанализирааме кружниов тек. Многу работи ми се магловити околу ова сообраќајно решение што е на повидок да се прави.



Прво на почеток мора да се нагласи дека кружниов тек со самото тоа што е одбрано ова решение, а и со самото тоа што е кружен тек има конфликтни точки. Во маркерите 2 и 3 има такви конфликтни точки, односно такви точки ќе се јават де факто кај секое место каде што се раѓа новца лента во кружниот ток коцентрично од центарот. Значи за овие, ај добро. вака малку анализирајќи точката три ми изгледа многу покритична него ли точката 2 поради тоа што низ делницата 5-3 проаѓа целиот сообраќај од Католичка према Амбасада на Р Бугарија, за разлика од делницата 4-2 каде што проаќа чат-пат по некој што свртел скоро полукружно движејќи се од правец Амбасада-АМСМ што воопшто не е некоја логична траса на движење. Единствено некој ако предходно погрешил па тука ја исправа грешката.

Втора работа што ми изгледа дека ќе биде проблем е приклучувањето на возилата од правец Амбасада, односно во точка 6. Од ситуација каде што имаме нормален проток на возила ние сега ќе го загушиме и ќе ги насукаме сите возила да се движат по крајната десна лента, па и тоа нема да иде така лесно пошто и таа лента е дел од кружиот тек и ќе треба да се чека за приклучување. Тука воопшто немаше да биде проблем доколу кружниот тек се повлече уште према југ и се остави нормалниот проток на возила да функционира со тоа што де факто правецот Амбасада-Католичка нема да биде дел од кружниот тек иако ќе изгледа така. Нормално цената што за ова ќе се плати е неможност а да се вклучуваат возила од кружниот тек према уличката 1 која ионака е споредно, а самиот збор споредна кажува дека може да ја плати цената. Уствари ни овака неможе да се добие комотно приклучување кон уличката 1, само дополнително се закржува во точка 6 и поради едно споредно уличе се прави конфликтна точка (3-1 / 6-4).

Трета работа е исклучувањето кон правец АМСМ. Оставена е една лента за приклучување, а понатака улицата се двои на две (маркер 8). Чуму две ленти кога пак имаме тесно грло со само една лента. Можело слободно профилот меѓу точките 5 и 7 да се направи со две ленти за исклучување со тоа што внатрешниот прстен ќе се исклучува по овој моментално вцртаниот крак (7-8), а надворешниот прстен ионака тука завршува па штета е да го искористи кракот за исклучување и слободно може да се додаде уште една лента по правецот 7-8 со тоа што дополнително ќе се елиминира тесното грло, а ионака две ленти подолу ќе добијат повеќе логика. (Освен доколку тоа не е влезот за во бензинската па не се гледа доволно на скицава).

И уште еден голем проблем кој ќе го имаме е хаосот што ќе го создаваат несовесни и неупатени возачи кои ќе надоаѓаат од правец 1 сакајќи да се вклучат кон правците Амбасада или АМСМ. Буквално ќе возат преку неколку дупли линии, а од уличката може да се вози исклучиво кон Католичка. И ова е една од црните точки само што оваа е една од оние кои се нелегалните точки, но сепак се потенцијална опасност како и оние легалните.


Овде ФАЛИ ОБАВЕЗНО УШТЕ ЕДНА СПОЈКА. со улицата што би се излегувало експресно кај домот за Деца без родители на Васил Ѓорѓов - е тек тогаш тесните грла ке ги снема.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 26-Nov-2009 at 20:32
Originally posted by gorco

Овде ФАЛИ ОБАВЕЗНО УШТЕ ЕДНА СПОЈКА. со улицата што би се излегувало експресно кај домот за Деца без родители на Васил Ѓорѓов - е тек тогаш тесните грла ке ги снема.
Не се слагам, мислам штетата би била многу поголема од добивката:
- Дополнително би се искомплицирало функционирањето на кружниов тек
- Би се направил проблем и потреба од семафоризирана крстосница на ул. Народен Фронт (плус тоа, таа крстосница би била недозволиво преблиску до кружниов тек)
- Малата напречна уличка во Капиштец е не е прикладна да служи за ваква конекција
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 29-Nov-2009 at 15:50
Кај „Тутунски“ се уште не е готово Roll%20eyes
Ама веќе некое време функционира крстосницата по нов режим.

Очигледно уз пат се предомислиле и го смениле и редуцирале решението што прво ни го најавија:

1


2


3


4
Пешачкиот остров ни ваму ни таму...

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 01-Dec-2009 at 05:16
САНАЦИЈА НА БУЛЕВАРОТ НИКОЛА КАРЕВ

Во рамките на програмата на Градот Скопје за санирање на улиците и булеварите, екипи на „ЈП Улици и патишта“ денеска /27.11.2009 година/ ги асфалтираат оштетените површини на булеварот „Никола Карев“ во општина Чаир.
Во текот на изминатата седмица, машински беше изгребан оштетениот асфалт на колотразите на овој булевар, со површина од 700 квадратни метри и длабочина од 3 до 5 сантиметри.
Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги асфалтираат претходно изгребаните површини. За санацијата се употребени 50 тони асфалт тип АБ 11, со дебелина од 5 сантиметри.
Активностите се изведуваат под сообраќај и се очекува да завршат до крајот на денот.

01.


02.


03.



www.skopje.gov.mk
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 04-Dec-2009 at 12:47
Еден дожд и Скоп­је е па­ра­ли­зи­ра­но

Од 12 до 18 ча­сот низ ули­ци­те вла­дее вис­тин­ски ха­ос. Да се стиг­не од крс­тос­ни­ца­та кај Цр­вен крст до Ка­пиш­тец пот­реб­ни се ду­ри 45 ми­ну­ти Во Скоп­је 15 го­ди­ни не е про­би­е­на ни­ту ед­на но­ва ули­ца или бу­ле­вар, ни­ту пак пос­тој­ни­те се про­ши­ре­ни. По­ра­ди тоа во гра­дот од 12 до 18 ча­сот вла­дее со­об­ра­ќа­ен ха­ос, а ко­га ќе за­вр­не и нај­мал дожд Скоп­је бук­вал­но е па­ра­ли­зи­ра­но. За да се од­ми­не цен­та­рот на гра­дот, од­нос­но да се стиг­не од крс­тос­ни­ца­та кај Цр­вен крст до Ка­пиш­тец пот­реб­ни се ду­ри 45 ми­ну­ти. Та­ков бе­ше слу­ча­јот и по зав­че­раш­ни­от дожд. Скоп­ја­ни не зна­е­ја кој крај да го фа­тат за да стиг­нат до до­ма. Бу­ле­ва­рот 11 Ок­том­ври и ули­ца­та Ди­мит­рие Чу­пов­ски беа бло­ки­ра­ни со ко­ло­ни во­зи­ла. Ав­то­мо­би­ли­те и ав­то­бу­си­те не се мр­даа од мес­то по пет­на­е­се­ти­на ми­ну­ти. Ре­ди­ци во­зи­ла има­ше и на Бит - па­зар ка­де ни три­те лен­ти од две­те стра­ни на бу­ле­ва­ри­те Крс­те Ми­сир­ков и Го­це Дел­чев не мо­жеа да ја на­ма­лат за­кр­че­нос­та на со­об­ра­ќа­јот. Ис­та бе­ше сли­ка­та и на Пар­ти­зан­ска и на Те­о­до­сиј Го­ло­га­нов, кои ве­ќе по­дол­го вре­ме се пре­тес­ни за си­те во­зи­ла, па за­тоа гра­ѓа­ни­те кои жи­ве­ат во овој дел на гра­дот, ка­ко ал­тер­на­тив­но ре­ше­ние, за да го за­о­би­ко­лат цен­та­рот во­зеа низ Вод­но, иа­ко оваа мар­шру­та им е три па­ти по­дол­га.
Вак­ва­та сли­ка на Скоп­је е се­кој­дне­вие ве­ќе де­се­ти­на го­ди­ни, но ни­ту еден гра­до­на­чал­ник до­се­га не нај­де ре­ше­ние. И гра­до­на­чал­ни­ци­те Рис­то Пе­нов и Три­фун Кос­тов­ски нај­а­ву­ваа де­ка ќе го ре­а­ли­зи­ра­ат про­ек­тот за из­град­ба на Ју­жен бу­ле­вар и ќе гра­дат под­зем­ни со­об­ра­ќај­ни­ци под Плош­тад и под Ка­ле, за да се рас­то­ва­ри ме­те­жот во цен­та­рот на гра­дот, но си­те тие про­ек­ти са­мо сто­јат на хар­ти­ја. Ре­ал­ни про­ек­ти не­ма. От­ка­ко пред 10 го­ди­ни бе­ше про­би­е­на ули­ца­та Вод­њан­ска, Скоп­је не до­би ни­ту ед­на со­об­ра­ќај­ни­ца ко­ја ќе овоз­мо­жи про­точ­ност на со­об­ра­ќа­јот. Бе­ше из­гра­ден бу­ле­ва­рот Сло­ве­ни­ја, ули­ца­та Адолф Ци­бо­ров­ски, клуч­ка­та кај "Кон­ти­нен­тал" и мос­тот кај Тран­спор­тен цен­тар, но тие ре­ал­но, спо­ред со­об­ра­ќај­ни­те ек­спер­ти, не го ре­ша­ва­ат проб­ле­мот со тес­но­то гр­ло во гра­дот.
Од ка­би­не­тот на гра­до­на­чал­ни­кот Ко­це Тра­ја­нов­ски приз­на­ва­ат де­ка сос­тој­ба­та во со­об­ра­ќа­јот во Скоп­је е алар­ман­тна, а при­чи­на за тоа, спо­ред нив, е до­се­гаш­на­та нег­ри­жа на прет­ход­ни­те влас­ти за ова пра­ша­ње.
"При­о­ри­тет на гра­до­на­чал­ни­кот е до кра­јот на не­го­ви­от че­ти­ри­го­ди­шен ман­дат низ ули­ци­те на Скоп­је да има про­точ­ност на со­об­ра­ќа­јот. Ве­ќе стар­ту­вав­ме со про­ши­ру­ва­ње­то на Илин­ден­ска за уш­те две но­ви лен­ти. В го­ди­на ќе се за­поч­не и со из­град­ба на уш­те две лен­ти на ули­ца­та Пр­во­мај­ска, а во тек е и из­на­о­ѓа­ње па­ри за ре­а­ли­за­ци­ја на про­ек­тот за Ју­жен бу­ле­вар", ве­ли Не­дел­чо Крс­тев­ски, ра­ко­во­ди­тел на Од­де­ле­ни­е­то за од­но­си со јав­ност во Гра­дот.
Спо­ред ка­би­не­тот на Тра­ја­нов­ски, спас за тес­но­то гр­ло во стро­ги­от цен­тар се под­зем­ни со­об­ра­ќај­ни­ци под Плош­та­дот и Ка­ле­то, но приз­на­ва­ат де­ка тие се мно­гу круп­ни про­ек­ти.

http://vest.com.mk/?ItemID=F775EF9E095C2C4E97E0F3247CE1EFDE
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 04-Dec-2009 at 14:15
Текстов нема врска имам многу пати кажано еве да повторам во градски средини со население над 500.000 луѓе постојано е закрчен сообраќајот поради еве за пример ќе го земам Белград кадешто има 100 пати пошироки и поголеми градски магистрали од Скопје и повторно му се случува сообраќаен колапс едноставно кога имате толку многу возила и не се држи потребно растојание се закрчува сообраќајот.
Доколку се направат промени во градската инфраструктура со булевари кои што треба да бидат урбани автопати низ градот ќе се олесни ситуацијата но никогаш нема да биде како да возите во недела. Една од причините се зголемува бројот на возила и другите горенаведени.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 04-Dec-2009 at 14:25


Ова воопшто не е точно ниту пак Белград е ултимативен пример за добро развиен град. Има неброени примери во Европа каде гужвите се случуваат на некои од главните артерии но поголемиот дел од градот е проточен со добро планирање и усогласување на сообраќајната мрежа, јавниот превоз, сообраќјната политика, паркинг просторите но и воопшто интелегентно урбано планирање и насочување на главните текови на луѓе и стока.


Edited by pbanks - 04-Dec-2009 at 14:26
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 04-Dec-2009 at 14:37
Originally posted by Andrej_LJ

Дечки еве го проектот (груб нацрт, следат сите детали околу ова кога ќе бидат готови) околу тоа што ќе го правам (Кловер и Пибенкс нешто знаат): Би го нарекол Премостување на центарот на Скопје во насока запад-исток.

Се работи за брза комуникација помеѓу сите западни квартови на градот, особено во најголемиот од нив, Карпош. Во најгусто населените квартови (Карпош 1-4 и Центар) предлагам бул. Партизански одреди да да се денивелира на раскрсниците со големите улици почнувајќи од Лептокарија и тоа на раскрсниците со: ул. кај Романска б-ца (незнам како се вика) и бул. 8ми Септември (еден тунел долг околу 500м) потоа со ул. Франклин Рузвелт (денивелација од околу макс 7-8 метри во должина од околу 200м. Главниот тунел (должина од околу 2 км) од раскрсницата на Партизанска со ул. Ленинова, под раск. со бул. Св. Климент Охридски, бул. ВМРО и натаму под Арабска куќа и пл. Македонија, по кеј 13 Ноември и излегување кај НБМ. Еве како тоа изгледа грубо:



Со зелено е делот на коловозите (2 ленти во насока, освен од Соборен Храм до НБМ, каде што има по 3 ленти во насока) кои се предвидени подземно односно тунел или денивелација.
Со жолто се обележани коловозните ленти кои се надземни.
Со плава е линијата на ЛРТ (подземна во деловите каде што е паралелна со зелената боја и надземна при палалелност со жолтата.)
Со сини кругови станиците на ЛРТ (подземна станица кај Соборен Храм, пл. Македонија и ГТЦ).
Со црвени коцки станиците на автобуската мрежа кои сообраќаат паралелно со коридоров.
Со лилјакова се останатите улици кои го сечат коридоров.


Размислував деновиве воопшто онака некоја идеа да ми дојде во глава, како да се среди Партизанска.

Андреј има еден пост кој е сличен на моите размислувања. Само што јас би ја спуштил цела Партизанска под земја а над неа надземен дел, дупло, и горе и доле. Доле по три ленти, горе по две па и три нека се, но поентата ми е доле да поминуваат автомобили, а горе автобуси, комбиња, трамвајот кога ќе го изградат. значи долниот дел би се споил со тунелот под плоштад, а ми искачал пред мостот обидинети нации, притоа пристап до сите странични улици и раскрсници, но во вид на клучки.

премногу е амбициозно ама ете нека биде само како идеја

п.с. ако се повторувам бришете зашто ова на Андреј го гледав одамна и не се потсетив ако има нешто исто



Edited by FoSsiL - 04-Dec-2009 at 14:42
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 04-Dec-2009 at 14:38
Вака ми се мотаат низ глава размислувања, колку само ние како нација ќе штедиме диретно од пробивање нови сообраќајници како на пример бензин и амортизација на возила. До сега како нација имаме сто посто "извозено" неколку јужни булевара. А да не збориме дополнителни индиректни трошоци по здравјето и на човекот и на околината и парите за нивно санирање.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 04-Dec-2009 at 15:10

Е така е лсл и јас така викам. досега ќе се изградеа многу големи работи да не се фаќавме на ситници, на крпење, на поправање, губење време, нерви, од еколошки аспект и се друго. многу поекономично ќе биде да направат нешто од почеток до крај отколку да импровизираат и да прават по делчиња. можеби се многу пари, ама кога ќе собереш за десет години глупости е многу поисплатливо, и подобро во секаков поглед. ако немаш пари штеди некое време и направи ја работа асално а не ќе ти дојдат пари, ќе ти отидат, тоа е многу логично. Е сега има и пари кои не се знае кај залутале ама па после ќе се прашуваме зошто се давиме, ама на некој тоа му одговара (зборам општо). А никој не се грижи за проблемите во градот, зашто нема што да се прави дека го интересира кога не го интересира...ццц...само за пари

и што беше тоа 'трошење' пари за глупости, поготово за жолтите линии- пречките



Edited by FoSsiL - 04-Dec-2009 at 15:11
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 07-Dec-2009 at 01:26

Пат Визбегово - Шуто Оризари

Изградбата на првиот локален пат во Општина Бутел, кој ќе ги поврзува населените места Визбегово и Шуто Оризари стартува денеска. Должината на патот изнесува 1. 600 метри, а главната траса почнува кај подвозникот на влезот во Визбегово и минува среде селото. Патот продолжува покрај кампот за азиланти во Шуто Оризари во должина од 1. 200 метри. Оваа локална сообраќајница ќе има и крак од 400 метри, што ќе се поврзе со главната траса на стариот Качанички пат, кај бензинската пумпа на „Макпетрол“.

Од Бутел информираат дека проектот за рехабилитација и реконструкција на локалната патна мрежа во општината се реализира во соработка со Агенцијата за државни патишта.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=F98C0140D8216C4B8432C51E00039696
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 28-Dec-2009 at 15:38
СООБРАЌАЕН ХАОС КАЈ КРСТОСНИЦАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Ѓорче ќе причека за кружен тек Роза Петкова

Жителите на Ѓорче Петров најмалку уште една година истовремено ќе возат во сите четири правци на крстосницата кај црквата „Светите Петар и Павле“ затоа што локалните власти допрва ќе го прават проектот за кружен тек. Со изградбата на првата делница од булеварот Македонска војска, точката каде што оваа сообраќајница се вкрстува со улиците Лука Геров, Партизански одреди и 4 Јули стана критична затоа што секој вози како што сака и без да ги почитува правилата за предност. Поради тоа, жителите од општината побараа надлежните да постават семафор или да се најде друго решение. Скопјани имаат проблем и на спротивниот крај на Македонска војска, каде што таа се приклучува на улицата Ѓорче Петров. И на таа точка, велат тие, се создава метеж затоа што нема семафори, па возилата кои сакаат да се приклучат на главната општинска улица мора да чекаат, исто како и тие што од Ѓорче Петров сакаат да се приклучат кон Македонска војска. - На крстосницата кај црквата нема сообраќајни знаци, ниту семафори, освен еден знак кој покажува дека калдрмената улица, всушност, е главна улица и таа има предност, што некој кој не живее во населбата нема ни да го забележи. Тоа ни го отежнува движењето, а на местото се создава метеж бидејќи сите возила тргнуваат истовремено, без да си дадат предност. Истото се случува и на приклучокот на Македонска војска кон улицата Ѓорче Петров. Возачите се нервозни и пцујат, па само со среќа се избегнуваат сообраќајни несреќи - вели Теодора од Ѓорче Петров. Од пролетните најави на властите дека ќе се прави кружен тек, сега на почетокот на зимата се уште нема конкретна информација кога ќе почне изградбата. Општинарите од Ѓорче Петров прво најавуваа дека ќе учествуваат во проектот, а сега велат дека се ќе биде во надлежност на Градот. - Во општина Ѓорче Петров кружен тек треба да се гради на две локации, на крстосниците кај Македонска војска и кај „СП планет“. Проектите ги изработува Град Скопје. Откако ќе се направат главните проекти, ќе се пресметаат трошоците за изградба, а се планира таа да почне во 2010 година. Сите трошоци ќе бидат на сметка на Градот и за изградбата и за проектирањето затоа што тоа се градски улици - објасни Сокол Митровски, градоначалник на Ѓорче Петров. Од Град Скопје велат дека работите се во тек, но не даваат прецизен почеток на изградбата. - За крстосницата кај „СП планет“ во тек е јавна набавка за изработка на изведбен проект, а за крстосницата кај црквата направено е идејно решение и треба да се распише јавна набавка за изведбен проект. По добивањето на проектите ќе се распише тендер за изведувач и тогаш ќе се знаат точно цените на изведбата и роковите за изградба на кружните крстосници - тврдат надлежните. Улицата Македонска војска во 2010 година треба да продолжи да се гради, на потегот од крстосницата со улицата Ѓорче Петров, покрај стадионот на ФК „Македонија“, до кејот на Вардар. За таа намена во градскиот буџет се издвоени 20 милиони денари.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1903&ArticleID=130049
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 08-Jan-2010 at 05:37
Еднонасочен сообраќај за Дебар Маало

Жителите од Дебар Маало бараат Општина Центар и Градот конечно да го спроведат она што го најавуваат со години и да воведат еднонасочно движење на возилата по сервисните улици во оваа населба. Целта на нивното барање е, како што велат, да може нормално да се движат по улиците и по тротоарите, зашто моментно таму владее неподнослив метеж.

Откако на неколку поголеми улици во Дебар Маало беше воведено зонското паркирање, граѓаните ги паркираат автомобилите на тротоарите и на коловозите во потесните улички, каде што е бесплатно, но и незаконско. Секојдневната слика во оваа населба говори дека повеќето возачи немаат волја за плаќање зонското паркирање.

- Најлесно им е автомобилот да си го остават на тротоарите во тесните улици или на самите коловози. Улиците и онака се тесни и не може да го поднесат овој метеж. Не може да се разминат две возила на улица, а за нормално и безбедно движење на пешаците може само да сонуваме. Возилата секојдневно се закрчени во уличките поради големиот сообраќаен хаос што го создаваат посетителите на кафулињата. Неретко се случуваат и жестоки караници поради инаетот на возачите кој кого да пропушти - револтирано велат жителите од Дебар Маало.

Од Градот објаснуваат дека проектот за зонско паркирање во центарот на градот е поддржан со задолжително воведување еднонасочен сообраќај по малите сервисни улички.

- Општина Центар треба да изработи сообраќајна документација за детализирање на сообраќајната структура за Дебар Маало 1 и Дебар Маало 2, како и за Буњаковец. По изработката на неопходната документација, Секторот за сообраќај на Град Скопје ќе ги изработи останатите документи за воведување на еднонасочен сообраќај во Дебар Маало - изјавија од одделението за односи со јавност.

Од Општина Центар пак велат дека до нив не била доставена иницијатива за воведување еднонасочен сообраќај од жителите. Но, и покрај тоа, како што велат, се подготвени да го решат метежот во Дебар Маало заедно со Градот.

- Општина Центар е подготвена стручно да ја разгледа таквата иницијатива и да предложи до Град Скопје да се најде решение за сообраќајниот проблем во Дебар Маало и во Буњаковец. Во општината постои желба за решавање на сообраќајниот метеж во овие и во други населби, со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните - изјави портпаролот на Центар, Јовица Ацковски.

За воведување еднонасочен сообраќај во овие населби локалните власти зборуваат уште од 2004 година, од времето кога еднонасочно движење на возилата беше воведено во уличките во Карпош 4. Општинските власти од Центар и од Градот Скопје уште тогаш беа свесни дека е потребно пренасочување на сообраќајот во центарот, за да се овозможи нормално движење на возилата и на пешаците. Беше најавено дека еднонасочен ќе се воведе на улиците Орце Николов, 29 Ноември и на улицата која води до Владата. Интересно е и што во тоа време не се планираше сечење на дрворедот на „Илинденска“ и нејзино проширување во делот од Владата до фонтаната Лотосов цвет во паркот. Напротив, овој потег беше планирано да остане ист, а на него да се воведе еднонасочен сообраќај. Проширувањето на „Илинденска“ беше планирано да биде во делот од фонтаната до булеварот Октомвриска револуција во Карпош 3.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B61E888F971B7F4095CA02F61B99D7AC



Edited by Cloverstack - 08-Jan-2010 at 13:37
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 157>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.551 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.