![]() |
![]() |
![]() |
Скопје 2014 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 312313314315316 329> |
Author | |||||||||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
||||||||
Истиот тој Анте: Vjerujete li analitičarima, Donald Trump danas možda ne bi bio u Bijeloj kući da nije bilo teškog granatiranja dezinformacijama iz Velesa. ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||||||||
Е ајде де. СК2014 е „проект“ на централната власт. Зошто не е проект МК2014 не знам да ти кажам. Дополнително може да прашаш зошто централната не само што не помага на локалната власт таму кај што не е власта во нејзини раце туку и одмага колку може.
Изгледа ми промакнала веста за јавниве тоалети во Ск. Може линк? (најозбилно)
Освен пар монтажни, другите катни гаражи се или во државна или во приватна сопственост. Зошто Владата не направила гаражи во Куманово стварно не знам.
Во Ск ни оддалеку нема доволни канти и современи контејнери, ама ок, тие што ги има се придобивка од локалната власт.
Голем минус за локалната власт во Ку. Мада не мислам дека осветлувањето на улиците во Ск е на задоволително ниво.
Освен по кејот не сум чул за сите овие години да има некоја нова велопатека низ Ск. Обновена подлога на веќе постоечки патеки не го сметам за некој успех, тоа е рутинска работа на службите. Ниедна од проширените улици не доби соодветна вело-патека... така да, не гледам дека скопската и кумановската власт нешто посебно се разликуваат тука.
Слободно земи го тој во Ск што е, ако мислиш дека тоа ќе го подобри животот на кумановци.
Сериозно ќе збориме за урбанистичко лудило во Ку? Па ти си го видел Ск како се гради последниве 10тина години? И не само во ММ (чиј ДУП е патем од 2012та) туку и ДМ, Буњаковец, Радиобран, Карпош, Аердром, Кисела Вода... цело Ск. Ѓорче нешто послабо, мада да имаше интерес и таму гарант од секоја шупа ќе никнеше зграда. ---------- Ботомлајн, не ги знам можностите, буџетот и сл. на Куманово, гледам по општинскиот сајт дека се работи нешто (ете базен покриен/откриен, Домот исто гледам се има изреновирано), ама веројатно недоволно. Во секој случај не гледам зошто ради неоправдано слабиот развој на Куманово би требало да престанеме во критикување на СК2014, и уште помалку зошто истото не би го правеле и странци. Другиве коментари како она со Хитлер... се троа офтопик ми се чини.. така да нема што да коментирам. |
|||||||||
![]() |
|||||||||
ja_licno ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 110 |
![]() ![]() |
||||||||
Куманово е таква дупка,на која само некој косовски град може да му конкурира.А сега читам дека архитектот сака и четврти мандат да се кандидира.Разумен човек би се самоубил со такви резултати во својата работа,нашиов архитект нема ни минимум чувство на срам.
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
||||||||
Да, треба да критикуваме. Но ти цитираш новинар кој пренесува став на некојси Хрват кој Македонците ги смета за полинезиско племе и кој смета дека Трамп можеби и не би бил во Белата Куќа да не му била сесрдната помош од велешките блогери. И ние ваков човек треба да го земеме за сериозно. Плусинфото што си го навел непријателски е расположен не само кон постоечката Влада, туку и кон македонскиот народ и сајт на кој отворено се промовираат албански платформи и останати антимакедонски натписи и ставови, а самиот тој квазиновинар алудира на тоа дека кога ќе дојдат овие другиве на власт ќе биде сè сјајно и бајно. Па да ги видиме нивните достигнувања на локално ниво: - уништена Кумановска Бања - извадена пруга од Куманово кон Бељаковце - уништен Пионерскиот Дом каде постоеја разни детски секции - уништен единствениот трговски центар Гарнизон - уништени јавни тоалети - направени неколку мини депонии во самиот центар - Житомел и околината кои се наоѓаат на 200 метри од плоштадот направени да личат на Припјат кај Чернобил Е сега замисли што ќе направат на државно ниво, кога сето ова го направиле на локално. - |
|||||||||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||||||||
уф, не знам од кај да тргнам за да ти објаснам.. уствари шо ќе се мачам, читај си дудинка и уживај си.
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
||||||||
Ниту дудинка, ниту црница не читам. Туку, помачи се да ми објасниш за нешта кои постоеја додека јас бев дете и тинејџер, а кои подоцна беа уништени, запуштени и руинирани. Можеби твоето објаснување за тие работи ќе има поголема тежина од моето искуство на истите тие работи кои ти ќе тргнеш да ми ги објаснуваш. |
|||||||||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||||||||
Ок, не изгледа така, ама нејсе. Не знам кога си бил дете и под чие владение и/или сопственост биле објектите кои ги спомнуваш. Појма неам ни Житомел што е ни Гарнизон што е. Ти си од таму, повели информирај не, па ќе дадам мислење. Пругата сигурно не е во надлежност на локалната власт. Еве Билд што има пишано http://build.mk/foto-vest-bavno-teche-rekonstruktsijat/ Генерално, сме прилично неспособни ко народ и себични ко луѓе. Ретко кој гледа за општо добро, а таму кај што тоа се причинува дека е случај можеш 1000% да бидеш сигурен дека во позадина стои личен интерес и добар ќар. Еве запна за јавните тоалети.. па ја Коце два мандати го чекам да постави тоалети низ градов па ништо. Edited by fichot - 29-Jan-2017 at 22:43 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||||||||
по не знам кој пат релативизирате коментар на база на ликот/медиумот што го искажал и неговата позадина... и никако никој не се фокусира на она што е напишано
епа чисто онака, да почнеме да анализираме така, повеќе од половина про-владини медиуми и платформи се финансирани од организации кои наводно, според вас, по не знам која логика, главен фокус им е да ја уништат оваа вечна библиска земја па и во политички редови оваа гарнитура има комунисти, бивши членови на политички опоненти, да не речам безрбетници, а меѓу новинарите има еден куп забеганковци кои се случувало да тврдат дека земјата е рамна а немојте да почнеме да збориме за албанизација, затоа што, погодете кој прв се тепа да ја придобие најголемата албанска партија по секоја цена, па макар и да ги погази своите главни зборови во предизборна кампања против двојазичност, федерализација и не знам уште што... ...антимакедонски натписи, хех... ај не се брукајте ако ви останало барем малце достоинство а да, и главен аргумент против се ви се Куманово и Центар, две општини, наспроти органи кои ја контролираат судбината на цела држава, меѓудругото и Куманово и Центар... не би навлегувал затоа што fichot не можеше покристално да ви објасни се и оф леле, во Скопје нити има доволно рекреативни површини и паркови (во поглед на распределеност), нити осветлувањето блешти, нити има современ систем за справување со смет, нити катните гаражи се користат и се ефикасни во решавање на проблемот со паркинг просторот, нити пак има доволно јавни тоалети, а оние вкупно два што ги има, се под клуч... а градежната офанзива е се, освен контролирана, легална и урбанистички издржана, во било кој населба да отидете, сеедно... ...не знам, очигледно живееме во паралелни универзиуми |
|||||||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||||||||
А пред некое време признаа дека и првата не била профитабилна...
УШТЕ НЕ СТАСАНА ВТОРАТА, ЌЕ СЕ КУПУВА ТРЕТА ВРТЕЛЕШКА Грaадските власти одлучија да купат уште една, трета вртелешка по ред. Планирано е да се постави на плоштадот „Пресвета Богородица“ пред истоимената црква. И во овој случај, како и со претходните две вртелешки, обврска да ја спроведе и реализира набавката има „Паркови и зеленило“. Ова е одлука на Советот на Град Скопје, кој на последната седница одлучи да го субвенционира јавното претпријатие со околу 400.000 евра, од кои половина се за набавка на каруселот. Од „Паркови и зеленило“ вчера не сакаа да кажуваат детали околу новата набавка, единствено потврдија дека ќе треба да ја реализираат одлуката на Советот. А, се' уште се чека да стаса втората вртелешка, која треба да биде поставена на плоштадот „Филип Втори“. Пред истекот на минатата година, „Паркови и зеленило“ потпиша договор за нејзина набавка, вреден речиси 200.000 евра. Вртелешката е порачана преку „Технометал“, исто како и првата. Според потпишаниот договор, „Технометал“ има обврска да ја испорача вртелешката најмногу за една година. Но, извесно е дека ќе се направат напори таа да биде донесена и монтирана до лето. На тендерот доставиле понуди две фирми, но останала само едната понуда, бидејќи другата немала уредна документација. Инаку, и оваа вртелешка ќе биде иста како таа на плоштад. Не е исклучена можноста да има помалку или повеќе реквизити, поголем дијаметар... Во огласот за набавка се инсистираше вртелешката да има минимум 17 фигури и 30 седишта, односно 12 коњчиња со по едно седиште, четири кочии со не помалку од 14 седишта, една ротирачка чаша (шолја) со четири седишта, минимум шест коњчиња што се нишаат, шест што се движат горе-долу... http://www.utrinski.mk/?ItemID=A898793C5000FE4EB4367181EF6F3EE6 |
|||||||||
За сè има вторпат
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
MGS ![]() Senior Member ![]() Joined: 10-May-2011 Location: Охрид,МКД Online Status: Offline Posts: 307 |
![]() ![]() |
||||||||
Абе нека порачаат, нека има, ќе се најде место и за третата...
![]() ![]() Јас мислам дека сфатија со каков народ си имаат работа па се може да им помине. Edited by MGS - 02-Feb-2017 at 12:48 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||||||||
Три вртелешки во радиус од 300 метри. Зошто ако веќе е толку исплатлива инвестиција не се постави една што знам во Чаир друга во Карпош или Ѓорче? Нема ли деца таму?
Овие не гледаат вон границите на Мал Ринг, а некои тука се прашуваат што со Куманово. ![]() |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||||||||
Предавање на Линеа Вест од МОМА: „Скопје 2014“ не е наивно како Лас Вегас
Предавање на Линеа Вест од МОМА: „Скопје 2014“ не е наивно како Лас Вегас Линеа Вест, писателка и кураторка која ja координира глобалната истражувачка програма „Современи и модерни уметнички перспективи“ (C-MAP) на Музејот на модерна уметност во Њујорк, во клубот ГЕМ, во Скопје одржа предавање на тема „Национализми, споменици и идентитет на културата: наследства на модернизмите во современиот момент и начини на отпор“. Примерите како паркот „Мементо“ во Будимпешта и програмското шоу „Скопје 2014“ покажуваат како проектите, на различни начини, реагираат на модернистичките наследства и ја злоупотребуваат формата на споменик. Вест се запрашува дали местата ненамерно имаат ехо од естетиката на социјалистичкиот реализам и дали тие прават разлика меѓу вистинската и лажна меморија. Вест го почна предавањето со нејзиното истражување на национализмот и постсоцијалистичките споменици низ призма на историјата на уметноста. Спомениците се користеле/ користат за да се формира национален идентитет преку поправањето на колективната меморија во долгорочна културна меморија. .Мементо паркот е сместен надвор од Будимпешта, направен е во 1993 година, содржи 42 споменици и обележја од периодот на социјал-реализмот, собрани од повеќе локации. Иако Мементо паркот во Будимпешта и проектот Скопје 2014 имаат различни контексти, и двата се однесуваат на реструктурирање на колективната меморија и постсоцијалистичкиот национален идентитет, преку спомениците. Двата проекти се со големи размери, поставени на јавни простори и симболични гестови на владините политики. Како нови независни држави, и Унгарија и Македонија го обликуваат културниот идентитет и колективната меморија преку спомениците, на застарен, традиционалистички начин, што резултира со силен национализам. Според неа, Скопје 2014 е обид главниот град на државата да се претвори во буржуаски, 19-вековен град, за да се покрие модернистичката архитектура, која според идеологијата на власта, се поврзува со социјализмот. „Ќе го раскажам моето искуство на средбата со Скопје 2014: прв пат дојдов во Скопје во август 2013 година и бев вџашена од новите градби, за кои дотогш немав слушнато и тоа што го видов беше навистина изненадување. Тргнав по улицата од Железничката станица кон центарот, по кејот на реката и како што се приближував до централниот плоштад, почнав да се прашувам: Што е ова? Какви се овие градби? Дотогаш немав видено нешто слично. Првично ми се чинеше дека се работи за квинтесенцијален постмодернистички град од типот на Лас Вегас, каде се позајмуваат рази стилови од историјата на архитектурата и за да се предизвика фанатазијата. Но, сега мислам дека споредбата со Лас Вегас е површен поглед на нештата. Таа огромна реконструкција е еден симболички гест кој оди подлабоко, еден вид буржуаска желба да се „цивилизира“ градот со грандиозно минато преку многу специфична визуелизација. Се разбира, Скопје 2014 може да се гледа и како реакција на модернистичката архитектура поврзана со социјалистичкото минато. Но не се работи само за реновирање, туку за целосна реинвенција на градот со цел да се воспостави алтернативен историски наратив кој ќе биде единствениот што треба да е прифатен и запаметен. Што се однесува до колективната меморија, барањето јавноста да го заборави социјалистичкото минато и да го памти само минатото што е претставено преку овие споменици е многу проблематично“, вели Вест. Таа го издвои примерот на Триумфалната порта, која според интернет страницата на Владата е поставена во „слава на најважниот јубилеј на државата, 20 години од прогласувањето на независноста на 8 септември 1991, еден од најголемите триумфи на македонскиот народ во борбата за слобода и независност“. Вообичаено, спомениците означуваат специфичен момент или личност, но македонската власт има поинаква логика. Македонија со овој споменик го слави одделувањето од Југославија, а не некоја специфична битка за ослободување. На повеќе од триесетина мермерни релјефи на портата се претставени главите на антички воини, ангели и млади модерни луѓе, за да се прикаже блескавото минато што сè уште трае. Споменикот собрал разни луѓе од различни места и времиња за да асоцира на бесмртноста на триумфите на Македонија, како во минатото, така и во сегашноста и во иднината. Пораката, се чини, е позитивна промоција на националниот идентитет, Македонија е еднакво на слава. Триумфалната порта функционира како билборд. Намерата за националното брендирање преку оваа Триумфална порта се покажува и преку ограничениот простор на внатрешноста на градбата, во која е сместена продавница за сувенири, во сопственост на државата. Во продолжение, скалите и лифтовите водат кон галериите и отворениот покрив наменет за свадби и други настани. Иако изградена да ја покаже вековната и античка историја, оваа продавница за туристи, што се претставува како како споменик, всушност, го покажува триумфот на капитализмот и состојбата на една држава која го отфрлила социјализмот. Продавањето сувенири е далеку од споменик на оние кои го жртвувале животот, а и функцијата на портата да служи како позадина за свадбени фотографии, го докажува тоа. Наместо смртта за слобода и достоинството, новиот почеток на македонската држава е комерцијалноста и славењето. Па, не е чудно што критичарите на Скопје 2014 го нарекуваат споменик на лажна меморија и националистички кич“, рече Вест. http://okno.mk/node/62137 |
|||||||||
За сè има вторпат
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||||||||
тууу мајката, пак критики.. ќе наидеме ли некогаш на пофалба?
![]() |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||||||||
Чисто за потсетување, одлукава која општинските советници на општина
Центар ја донесоа дури денес, среда, 22 март 2017, можеа да ја донесат и
во изминативе 4 години - 2013, 2014, 2015 и 2016.
И освен ако не помнам добро, не им истекуваат денес мандатите на општинските и градските советници и на градоначалниците ? Чекаа да поминат 4 години за ваков административен ќорсокак, додека на градов му се случува криминално силување какво што не е видено никогаш во неговата досегашна пост-земјотресна историја ? ![]() Првата реченица од статијата не е целосно точна, бидејќи не е стопирана изградбата баш на сите идиотизми во Центар кои само дополнително ја прошируваат рак-раната во централното градско подрачје на Скопје. http://www.24vesti.com.mk/stopirana-gradbata-na-panoramskoto-trkalo-i-shpanskite-skali Стопирана градбата на Панорамското тркало и Шпанските скали
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
||||||||
ДИК им ги продолжи до средината на мај. |
|||||||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||||||||
Ние треба да разбереме дека за да се донесе одлука за поништување на ДУП-от не се потребни единствено гласови. Да, во нормална земја тоа е стандардна процедура. Не треба да заборавиме дека по било каква одлука на Општина Центар пред општината се истоварува цел автобус различни инспекции за да најдат дупка во она што го изгласале.
Надлежност на општината беше да воспостави контрола над ДУП за Мал Ринг. Тоа е направено. Работа на сите други професионалци, првенствено асоцијации и факултети, е да се насочат кон собирање на документацијата за сето она што е испогането во центарот на Скопје. По ова, тие ќе треба да предложат како треба да се интервенира во урбанистичкиот план Мал Ринг. Исто така, владата е таа која на крај одлучува дали ќе се скратат или зголемат парите за одреден проект. Ако извршната власт ги сопре средствата за Панорамско тркало, сигурно е дека ЈСП нема да може од сопствени приходи да го догради истото. |
|||||||||
![]() |
|||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||
![]() И да е така, јасно е генералното (а очекувано) разочарување од Општина Центар. 4 години се скоро невидливи. Дури и да беа блокирани, требаше да бидат гласни и транспарентни. Голем дел од граѓаните на центар глаасаа за нив токму поради СК2014. |
|||||||||
![]() |
|||||||||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
||||||||
Иако доцнат, сепак мислам дека се користи моментот каде партијата во заминување е послаба. Барем скали, кејот и други грдотии се спречени во моментов. Сепак голем дел се изгради или сеуште се гради. Од мојот аспект пак позитивно за одлуката.
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||||||||
Избори се ближат.
![]() |
|||||||||
![]() |
|||||||||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||||||||
да ве потсетам, една од главните одлики на Скопје долго време се мочалници како Југобанка, Соравија, Кермес, Печатницата Гоце Делчев, Објектот на Еуростандард, дупката кај Рамстор (тие што ми текнуваат во моментов)... ок, сите беа напуштени од различни причини, ама ми ја сфаќате поентата |
|||||||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 312313314315316 329> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |