Author |
Topic Search Topic Options
|
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#621 Posted: 10-May-2010 at 18:51 |
wowwww ubav izgleda planov, no tzabe i taka nema da se realizira.
Bas vo tie zemjiste se gradi nesto drugo  navistina steta, planot ima evropski izgled, ostaj kako ke izgleadaa kulite, super ama kako sekogas ni bega sansata
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#622 Posted: 10-May-2010 at 23:49 |
Еден архитектонски потпис за новото Скопје

По Јосиф Михајловиќ и Кензо Танге, Коста Мангаровски е третиот архитект чие име ќе остави траен белег во ликот на главниот град
Билјана Ангеловска
По Јосиф Михајловиќ и Кензо Танге, Коста Мангаровски ќе биде, веројатно, третиот архитект чие име ќе остави траен белег во оформувањето на ликот на центарот на главниот град. И додека Михајловиќ, најпознатиот градоначалник на Скопје, беше исклучително прогресивен архитект што го изготви првиот Генерален план на градот, а Танге претставуваше име со светско архитектонско реноме, своевидна икона на модернизмот, Мангаровски е речиси анонимен проектант за пошироката јавност, за кого слушнале само малкумина. Затоа, пак, во иднина негов потпис ќе имаат неколку значајни објекти кои допрва ќе се градат во центарот на Скопје.

Коста Мангаровски е професор на Архитектонскиот факултет на Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ и предава компјутерско проектирање. Граѓаните на Скопје не го знаат по некои конкретни проекти, бидејќи нема изградени маркантни објекти со кои би можел да се поистовети. Печат со негово име носи почнатиот, но недовршен објект на Европскиот универзитет во населбата Ченто.
Но, Мангаровски ќе остане во сеќавање како еден од бранителите на проектот „Скопје 2014“. Улога, во која, како што се покажа, мошне успешно се снајде и ја понесе заеднички со својот колега по архитектура, Вангел Божиновски. Тоа и не е толку неочекувано, со оглед на неговата присутност во визијата за изгледот на главниот град.
Мангаровски е автор на дури четири проекти од „Скопје 2014“, чија реализација ќе се преточи во маркантни објекти во централното подрачје на главниот град. По негов проект ќе се гради Градската куќа (некогашниот Офицерски дом), потоа објектот веднаш до него кој е предвиден за хотел, пешачкиот мост „Око“ и надградбата со куполи на зградата на Собранието. Освен како проектант, името на Мангаровски се јавува и како претседател на Комисијата која одлучуваше за изборот на скулптурите што ќе бидат поставени на мостот „Око“.
„Моето учество во Комисијата беше од аспект на автор на објектот, а освен мене, членови беа и скулпторот Аџиевски и археологот Паско Кузман. Секој учествуваше во работата на комисијата од свој стручен аспект. Како што е познато, авторите имаа слобода сами да изберат лик на кого ќе му изработат скулптура и сметам дека е направен коректен избор. Во самиот конкурс имаше услов да се прават скулптури на личности од периоди што се изложени во Археолошкиот музеј“, го објаснува Мангаровски изборот на непознати и малку познати луѓе, чии скулптури ќе се најдат на „Око“.
Тој вели дека мостот го замислил да претставува на некој начин изложбен салон на Археолошкиот музеј, бидејќи ќе оди директно во новиот објект. На него ќе може повремено да се одржуваат изложби на старото богатство од лапидариумот на Музејот. Пешачкиот мост е проектиран и како шеталиште и како лапидариум, а тоа, според авторот, го дозволува и самиот негов распон.
Колку и да има логика во изборот на Мангаровски за претседател на комисијата за избор на скулптурите поради фактот дека е тој проектант на објектот, самото спомнување на неговото име, уште еднаш, по петти пат во кој било контекст на проектот „Скопје 2014“ кај многумина внесува сомнеж. Тој лично не гледа ништо спорно во тоа, бидејќи, како што вели, тој не решава чиј труд ќе биде избран на конкурсите. „Јас работам, проектирам и го покажувам тоа што го работам“, вели Мангаровски.
Сепак, сите не гледаат на работите како него. Иако никој од неговите колеги не сака да зборува јавно, генерално, сите имаат исто мислење. Не навлегувајќи во лични дискредитации, архитектите се согласуваат дека приватизирањето на урбанистичкото и архитектонско наследство на еден град не смее да биде ничија привилегија. Зашто, во спротивно, ќе се изгуби архитектурата.
„Кога во еден толку голем зафат, како што е проектот ’Скопје 2014‘, во кој треба да се сподели креативната енергија на повеќе архитекти, ќе се појават само неколку автори, се добива впечаток како да нема архитектонска позадина. Жал ми е што врз база на некој проект нема да се одрази вистинскиот креативен дух. Од друга страна, тоа е голема одговорност за сите учесници во неговата реализација, зашто, на крајот, сепак, ние оставаме нешто што треба да има свое траење. Вака, од многу причини не е во ред, не само од естетски туку и од етички“, вели архитектот Минас Бакалчев, дополнувајќи дека најголема штета е што се работи за меѓународни конкурси во кои учествуваат и странски архитекти. Тој како пример го посочува конкурсот за мостот „Око“, на кој учествувал врвниот англиски архитект, Питер Кук, кој претставува многу важна личност во историјата на авангардната архитектура од 60-тите години.
„Токму од тие причини веројатно и требаше еден таков објект да се издвои во средината и да се направи да биде атракција, да го промовира плоштадот, зашто би бил препознатлив по авторот. Имаше можност и други наши архитекти да дојдат до израз, да направат ремек-дела. Точно е дека секоја епоха има свои имиња, но треба да се направи таа да има свој белег и значење. Точно е и дека секој има право да учествува на конкурсите, но, пред се', потребно е да се има самосвесност“, нагласува Бакалчев.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#623 Posted: 21-May-2010 at 19:02 |
se znae!! kapitalnite investicii(sk 2014 )e najvazen od zdratstvoto i vrabotuvanjeto!!!
Ставрески: Нема кратење на капиталните инвестици
published - 21/05/2010 14:41:00
Големина на текст:
Нема кратење на парите за капиталните инвестиции и за започнатите проекти од „Скопје 2014“ најави министерот за финансии, Зоран Ставревски. Според него, иако сè уште се прават пресметките за тоа каде ќе се скуси буџетот со ребалансот во јуни, реално е да се очекува дека ќе се најдат пари за започнатите работи.
„Нашата ориентација е ниеден проект да не биде целосно прекинат туку да видиме каде согласно динамиката и прогресот во нивната реализација, да видиме каде има простор да се промени динамиката и средствата да се распределат дел во оваа година, а дел следната година“, изјави Ставревски.
Ставревски претходно најави дека владата ќе го ревидира своето трошење за да се одржи макроекономската стабилност и планираниот буџетски дефицит од 2,5 отсто.
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#624 Posted: 21-May-2010 at 19:21 |
Па откако еден опозиционер најави дека доколку дојдат на власт Ск 2014 ќе биде ревидиран, а каде може и ќе се стопира зависно од тоа во кој стадиум би биле објектите тогаш, имам чувство дека проектов преку ноќ стана Скопје 2012.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#625 Posted: 21-May-2010 at 19:35 |
Originally posted by SkyBoy
Па откако еден опозиционер најави дека доколку дојдат на власт Ск 2014 ќе биде ревидиран, а каде може и ќе се стопира зависно од тоа во кој стадиум би биле објектите тогаш, имам чувство дека проектов преку ноќ стана Скопје 2012. |
 Добра констатција! Не дека го забрзале заради изјавата на тој опозиционер, јасна им е судбината на проектов ако се смени власт ионака. Јас мислам дека овој пат се работи за девизата "Тоа што можеш денес не оставај за утре". Или "Tоа што можеш до 2012 не го оставај за 2014"! Шала на страна, неколку пати сум рекол и пак ќе кажам, подобро завршен објект без разлика дали ми се допаѓа или не ( што во случајов поголем дел ми се допаѓа), одколку вечно градилиште. Не се сомневам дека тој опозиционер има "капацитет" (па и било кој да е) да остави едно чудо вечни градилишта, барем за тоа пари не треба. Така да подобро што порано да се заврши.
Edited by lslcrew - 21-May-2010 at 19:36
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#626 Posted: 21-May-2010 at 20:37 |
Ако се толку сигурни дека мнозинството од народот ги поддржува (што им беше и главен аргумент зошто сето ова се гради), тогаш зошто се плашат дека некој друг би можел да дојде на власт и да остане нешто недовршено?
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#627 Posted: 22-May-2010 at 00:42 |
На „Скопје 2014“ му фалеле велосипедски патеки
Градската власт нема да троши пари за „Скопје 2014“, како за проект диригиран од Владата, туку има желба со своето учество да го разубави центарот на градот - ова беше главната поента на владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Советот на која по барање на опозицијата се расправаше за проектот „Скопје 2014“. Наспроти ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Коце Трајановски дека парите ќе се вложуваат во нешто убаво што ќе остане за низа генерации, од СДСМ побараа да се усвојат заклучоци со кои ќе се стопира „Скопје 2014“. Според нив, проектот незаконски е протнат на мала врата, како дел од детаљниот план за центарот „Мал ринг“, а Градот е втурнат во него и принуден да троши пари, иако е во финансиска криза.
- Градот беше заобиколен од Владата за „Скопје 2014“, односно проектот и' беше директно делегиран на Општина Центар, што не е логично. Поради тоа, но и поради многубројните случувања во националниот и во цивилниот сектор, кои инсистираат на свои спомен-обележја, мнозинството треба да размисли овој проект да се замрзне. Не само затоа што се фаворизира една верска заедница, туку и поради тоа што постои неусогласеност меѓу детаљниот урбанистички план со Генералниот план на Скопје - рече координаторот на советничката група на СДСМ, Софија Куновска.
Градската власт за потребите на расправата на Советот на членовите им достави информација за што се' ќе се трошат пари. Во неа имаше податоци за обнова на фасади, мостови, како и за зајакнување на инфраструктурата. Предвидено е нови фасади на плоштадот да добијат четири згради, и тоа во барок стил, како и да се санираат и осветлат неколку мостови. Градот учествува и во дислоцирањето на инфраструктурата на плоштадот, кое е потребно за изградбата на фонтаната и споменикот на Александар Македонски.
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Ѓуровски на завчерашната седница изрази став дека Градот учествува со малку пари. Според него, „Скопје 2014“ треба да се дополни со доуредување велосипедски патеки и нивно осветлување. Неговата сопартијка Дафина Саздова рече дека проектот е „историска шанса за македонизмот“.
Според градоначалникот Трајановски, од градскиот буџет за сево ова ќе се потрошат околу 14 милиони денари. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека со учеството во овој проект ќе ја докажат заложбата за поубаво Скопје, а од СДСМ рекоа дека таа заложба нема врска со естетика и љубов кон градот, туку со остварување на владините каприци.
- Не е време за трошење пари, кога половина население живее со егзистенцијални проблеми, а здравството и образованието ни тонат - рекоа од опозицијата.
Темата за трошењето пари на градската власт во владиниот проект со месеци не беше прифаќана од владејачката партија за каква било дискусија, па следуваа низа обвинувања на СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ за задушување на демократијата и за нетранспарентност.
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#628 Posted: 22-May-2010 at 01:07 |
Градот бара Владата да ја запази мултиетничноста во „Скопје 2014“
Неофицијално, со предлогот на ДУИ, чисто формално се остава можност за изградба на албански споменици
Деспина Трајковска
Советот на Град Скопје ќе и' препорача на Владата да ја запази мултиетничноста и мултикултурата при реализација на проектот „Скопје 2014“. Што конкретно ќе значи ова, не објаснија од советничката група на ДУИ, по чиј предлог беше усвоена препораката од мнозинството градски советници на завчерашната седница на која за владиниот проект се расправаше по двомесечни очекувања. Од ДУИ единствено дополнија оти во ваква форма „Скопје 2014“ претставува провоцирачки проект, бидејќи со него не се рефлектира мултиетничноста во Скопје и во државава воопшто.
Неофицијално, со овој потег чисто формално се отвора можност за проширување на проектот во однос на спомениците, односно за поставување споменици на албански личности на скопскиот плоштад што пред извесен период, наводно, го договориле коалициските партнери во Владата. Дали се остава можност и за изградба на Бурмали-џамијата, никој не сака да коментира.
Предлогот, всушност, како и поголемиот дел од излагањата на советниците не ја тангираше суштината на расправата што требаше да се однесува конкретно на учеството на Град Скопје во владиниот проект. Во случајов, тој е директен носител на активностите за обнова на фасадите и оградите на мостовите, како и во делот на дислокација на делови од инфраструктурата.
Инаку, освен ДУИ, предлог поднесе и советничката група на СДСМ со барање Владата да ја стопира реализацијата на „Скопје 2014“ се' до неговото конечно осмислување заради евентуалното проширување поради задоволување на барањата на албанските политички партии. Сепак, тој заклучок не помина.
Очекувано, расправата за „Скопје 2014“, која траеше речиси три часа, помина во речиси на моменти кафеанска атмосфера, со препукувања меѓу советниците, уфрлувања во збор, обвинувања по разни основи....Неколкупати претседателката на Советот, Ирена Мишева, ги опоменуваше советниците од СДСМ во нивните излагања со укажување дека не се држат до темата. Неусогласени законски постапки и непотребно трошење пари во време на криза, генерално, беа образложенијата на опозициските советниците зашто бараат мораториум на „Скопје 2014“. Советниците, пак, од владејачката коалиција го правдаа проектот потенцирајќи дека тој ќе остави траен белег во градот, Скопје ќе добие свој идентитет, ќе се профитира од неколку аспекти...
Тенки беа дискусиите за конкретното учество на Градот во владиниот проект што, всушност, беше и тема на дневниот ред на седницата. Притоа, од ДУИ побараа проектот да вклучи и обнова на неколку фасади во Чаир.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#629 Posted: 24-May-2010 at 00:05 |
тоа не е мултиетничност, тоа е би-етничност во сред каша попара
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#630 Posted: 26-May-2010 at 22:13 |
Моите студенти би паднале на испит со „Скопје 2014“

Еден од дискутантите на трибината „Форум Скопје 2010“, предавачот на „Харвард“, Антонио Петров, истакна дека проектот не ги претставува верувањата на многумина околу тоа каде земјава би требало да оди
Доколку на испит би имал студенти со идеи или стилови како од проектот „Скопје 2014“, тие веројатно би паднале, го изнесе својот личен став предавачот на „Харвард“, Антонио Петров, на дебатата „Форум Скопје 2010“, што почна завчера.
Темата на завчерашното отворање на третото издание на оваа дебата за архитектурата беше „Паралела меѓу 1963 и 2014“. Петров рече дека 1963 година ја предизвикала 2014, и сега кога веќе минатото се издига, добро е да го задржиме дијалогот околу ова прашање.
- Ако ја немавме 1963 година, можеби немаше да ја имаме ни 2014. Едни се идентификуваат со Кензо Танге, други со возобновените згради. Дел од популацијата можеби сака вакво нешто, но најважно е дека општеството ова ќе го проживее само ако се задржи дијалогот. Сметам дека проектот не ги претставува верувањата на многумина околу тоа каде земјава би требало да оди - рече Петров.
Една од поентите на учесниците, претежно архитекти, беше дека заедничкото нешто меѓу „Скопје 2014“ и Франција е кралот Луј Четиринаесетти со неговата позната изјава - „Државата тоа сум јас“. Со споредбата со прочуениот француски крал тие всушност ставија акцент на авторитарниот карактер на овој владин проект.

Според многумина од учесниците, проектот е протуркан по одлука на најтесниот врв на власта, без валидна стручна, па и каква било граѓанска расправа. Во тој контекст беше нападната и архитектонската фела, како најповикана да го крене гласот и нешто да каже, а која занеме околу оправданоста на замислените зданија и нивната смисла. Меѓу причините за молчењето на архитектите беа нагласени очигледните бизнис-релации на поединци од фелата со Владата, околу разни проекти, сегашни или идни, со кои краткорочно или долгорочно се „купени“.
Професор Михаил Токарев, кој се вклучи во расправата, изрази став околу барокниот стил на повеќето објекти во изградба. Според него, власта не разбира дека барокот нема врска со нашето општество, туку е карактеристика на буржоаскиот апсолутизам.
- Мислат дека се работи за некоја крива линија или, пак, елеганција во движење - рече Токарев.
„Форум Скопје 2010“, како платформа за урбанизам, архитектура, социологија и филозофија, годинава се одржува по третпат. До петок, во „Мала станица“, на разни теми ќе дебатираат експерти од разни области од Универзитетот во Харвард, од Србија, Словенија, Грција, како и од универзитети од Виена, Филаделфија и од Цирих. Според архитектот Иван Мирковски, кој е организатор на настанот, „Форум Скопје 2010“ не е настроен критички, туку целта е со дебати да се искористат странските искуства за да се дојде до компаративни модели за одговори на прашањата за регионот.
|
 |
nenad
Senior Member
Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
|
Quote Reply
#631 Posted: 27-May-2010 at 09:51 |
Uste eden glas na strukata koj e otiden niz veter! Zatoa Skopje 2014 ima posirok kontekst, toa e uste edno surovo potsetuvanje deka na ovie prostori politickiot voluntarizam ima prednost nad strucnoto i argumentirano razmisluvanje. Visokite zreci na mokta od svoite kuli od slonoa koska vladeat po svoj keif. Uste ednas i se voodusevuvam na genijalnosta na Orvel
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#632 Posted: 30-May-2010 at 23:18 |
„Скопје 2014“ е вештачки наметната работа
Додека „Скопје 1963“ е нешто футуристичко, бидејќи некој тогаш ја донесе иднината, сега во „Скопје 2014“ некој ја носи историјата
Билјана Ангеловска
„Сакав Скопје да го ставам во некоја перспектива, а мојот аргумент за такво нешто е дека 1963 година не треба да се занемари, тоа несомнено е огромна катастрофа, додека проектот 2014 е вештачки наметната работа. Се обидов двете работи да ги ставам во ист контекст за да се разберат. Но, додека Скопје 1963 е нешто футуристичко, бидејќи некој тогаш ја донесе иднината во Македонија, сега, во ’Скопје 2014‘ некој ја носи историјата, која, пак, е под прашање“.
Вака за Скопје говори архитектот Антонио Петров, по потекло Македонец, но и Германец, бидејќи е роден и пораснат во Германија, а потоа и Американец, зашто таму живее и работи веќе осум години. Петров има завршено архитектура и урбанизам, а во Чикаго дошол во 2001 година со Фулбрајтова стипендија в џеп, на која е особено горд и за која вели дека секогаш со неа ја претставувал Македонија во Америка.
Досега има предавано на вкупно шест универзитети, а моментално на еден од најпрестижните универзитети во светот, на Харвард, предава неколку предмети - урбанистички развoj, историја и теорија на урбани интервенции.

Последен пат бил во Скопје лани, по речиси десетгодишна пауза, со надеж дека ќе ги насети неговите проблеми и ќе го доживее градот со сите негови мани и убавини. Денеска тој е повторно во Скопје како учесник на форумот „Скопје 2010“. Но, не само да зборува, туку, како што вели, и да биде активен со градот и со луѓето и да направи нешто конкретно. Продукт на таа негова замисла е магазинот за архитектура „Дома, куќа, дом“, во кој се идентифицирани силите што ги обликуваат културата и ликот на Македонија и на Скопје. Книгата, всушност, е почетна точка на испитувањето на сето тоа што се подразбира како „дома“, за по една година да се каже правецот по кој се движи Скопје.
Според Петров, мора да постои минато од 30, 40 години за да може да се евалуира она што се случува сега. Неговиот став е дека иднината и историјата треба да се формираат сега, а не да се размислува на друго место. Треба идеите да се земат од иднината и да се имплементираат во денешнината, бидејќи живееме во денешнината, ниту во историјата ниту во иднината. Се согласува дека проектот за Скопје во 2014 не е репрезент на она што се случува денеска и тоа многу го загрижува.
„’Скопје 2014’‘ е еден правец, кој мора да го сфатиме сериозно. Не треба само да критикуваме, туку треба и да го разбереме тоа што се случува, во контекст на историјата на градот за да може да учиме од грешките што се правеле. Во овој проект се гледа начинот на кој се однесуваат политичарите кон градот. Но, и граѓаните мора да се преиспитаат и да ги реевалуираат процесите за да научат како да се движат натаму, се' со цел да може да се гледаат предностите на општеството, а не само нечии лични идеи“, појаснува Петров.
Тој вели дека ова што му се случува на Скопје се случува и во други градови низ светот, само што овде тоа е порадикално изразено. Смета дека за се', а особено за вакви проекти, е потребна јавна дискусија за да можат да се искажат луѓето, а не тоа да биде индоктринирано и имплементирано од некои повисоки инстанци. Говорејќи од сопственото искуство, тој појаснува дека на секој град, па и на Скопје му треба некој визионер што ќе го води градот во новата генерација, ќе го позиционира на глобално поле и ќе го постави на исто рамниште со сите големи градови.
„Потребни се многу нивоа на јавен активнизам и многу визионерски градоначалник, бидејќи тој е лицето на градот. Но, и граѓанство, кое ќе се бори за своите права. Несомнено дека се потребни силни граѓани, не само градоначалник. Оти, ако граѓаните не му ја дадат моќта на градоначалникот да зборува, тогаш и тој нема да може да зборува. Но, тоа е веќе политика, а јас сум архитект“, констатира Петров.
И покрај фактичката состојба на градот, архитектот од Харвард, сепак, е оптимист дека Скопје може да го преброди овој период и да продолжи да живее, зашто реално, има многу друго што да се прави со градот. Појаснува дека во 1963 година, практично, во Скопје дошла авангардата конфронтирајќи го градот со некои, во тоа време радикални идеи. Сега, вели, има друга екстрема во Скопје, но убеден е дека и таа може да се преброди на ист начин како пред 50-ина години.
„Авангардата од 1963 беше тоа што го поседуваа граѓаните и направија замисленото да биде возможно. Еве, на пример, Бразилија е утопистички град што се појави од никаде и остана како музеј. Но, Скопје не е музеј, Скопје е вистински град и верувам дека може да ги преброди сите пречки. Скопје има долга иднина, се надевам многу плодна. Неговата иднина е во рацете на граѓаните. Сепак, потребен е и добар совет и тоа не мора да е однадвор, бидејќи има интелигентни луѓе и во државата. Факт е дека мора да има кворум за тоа што се случува, зашто тоа е демократија, така се справуваме со тоа во светот“, заклучува архитектот Антонио Петров.
|
 |
Buliwyf
Senior Member
Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
|
Quote Reply
#633 Posted: 08-Jun-2010 at 10:36 |
Дечки имам неколку прашања и ако може некој да ми објасне.
Со изградбата на скопје 2014 а и останатите идни градби во скопје дали се нарушува тн.градски ѕид?,и од каде до каде се простираат градбите на градскиот ѕид?
Дали некој воопшто води гриша за микроклимата(знаејќи како е во скопје во летните денови)?
И ме интересира дали градскиот ѕид е дел од проектот на Кензо Танге ?
Edited by Buliwyf - 08-Jun-2010 at 10:38
|
 |
se_manda
Senior Member
Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#634 Posted: 08-Jun-2010 at 11:01 |
градски ѕид е дел од проектот на танге, а тоа се кулите и тие долгите блокови во центар... почнува од зелено пазарче, позади собрание и продолжува до гоце делчев мостот (полукруг праи). 2014 нема никаква врска со овие згради, само на плоштад ќе биде тоа (нели туристите само плоштадот треба да го гледаат во градов). за другите прашања не знам...
|
 |
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
|
Quote Reply
#635 Posted: 08-Jun-2010 at 11:59 |
Градскиот Sид не е завршен комплетно. Фалат 2 блока згради кај Ново Маало, кај што е паркингот. Меѓутоа скоро сигурно е дека нема да се градат за да се заврши.
Некои велат дека Градски Sид попречува проток на воздух во централното градско јадро, што доаѓа во израз во лето. Верувам дека има вистина во тоа.
Градски Sид нема никаква допирна точка со "Скопје 2014".
|
 |
Buliwyf
Senior Member
Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
|
Quote Reply
#636 Posted: 08-Jun-2010 at 14:12 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#637 Posted: 08-Jun-2010 at 14:26 |
Фали и една ламела неизградена од една од пониските згради меѓу зелено пазарче и собрание.
|
 |
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
|
Quote Reply
#638 Posted: 08-Jun-2010 at 14:34 |
Originally posted by lslcrew
Фали и една ламела неизградена од една од пониските згради меѓу зелено пазарче и собрание.
|
Точно, и една висока зграда југоисточно од неа, и уште една ниска карши Рамстор (и да се сруши зградата до основното школо Гоце Делчев, сосе школото, неможам да разберам како уште тогаш лошо размислувале, зграда во двор не бива).
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#639 Posted: 19-Jun-2010 at 15:12 |
„Скопје 2014“ со полна пареаМостот „Око“,
фонтаните во Вардар, како и онаа каде што треба да се постави споменикот
на Александар
Македонски, се дел од проектите на кои во моментов интензивно се работи
или ќе почне
да
се градат |
|
|
|
 |
|
На повеќе идејни решенија, дел од проектот „Скопје 2014“, активно
ќе почне да се работи деновиве, јавуваат од општината Центар.
Специфичниот
мост во форма на око, вреден два милиони евра, треба да почне да се
гради во текот на оваа недела. Неговиот камен-темелник е поставен во
почетокот на септември.
- Работите за мостот „Око“ се планирани
да почнат неделава. За два-три дена се очекува да пристигне тешката
механизација на сплитски „Конструктор“, што се пренесува со камиони.
Исто така, ги очекуваме и екипите од Хрватска и сметаме дека градежните
работи ќе завршат за 18 месеци - вели Јовица Ацковски, портпарол на
општината Центар.
Мостот ќе биде долг 94 метри, а широк четири
метри, но како што се оди кон неговата внатрешност ќе има ширина со
дијаметар од 14 метри и ќе има облик на око. На него ќе бидат поставени
29 бронзени скулптури, по 14 од двете страни и една во центарот, со
ликови од подалечната македонска историја. Долниот дел ќе биде проѕирен,
така што минувачите одозгора ќе можат да ја гледаат реката Вардар.
Работите
ќе ги изведува „Конструктор инженеринг“ од Сплит. Автор на ова дело е
архитектот Коста Мангаровски. Тој, исто така, е автор и на четири други
проекти од „Скопје 2014“, надградбата на куполи на зградата на
Собранието, Градската куќа, Офицерскиот дом и објектот до него, кој е
предвиден да биде хотел.
Покрај овој мост, и фонтаните во
Вардар, исто така, ќе почнат да се градат овие денови. Тие ќе бидат
поставени од левата и од десната страна на Камениот мост. Едната ќе биде
пред театарот, а другата пред новата зграда на Уставниот суд. Ќе бидат
изработени од арминирана бетонска конструкција со кружна форма во која
ќе бидат монтирани пониклувани цевки со прскалки и една средишна
прскалка.
- Изградбата на фонтаните би почнала до крајот на
неделава. Работите ќе ги изведуваат екипи на „Ла моне мореда“ од
Италија, а нивната изградба се очекува да заврши за седум месеци -
додава Ацковски.
Не е познато кога ќе завршат работите на
плоштадот и кога скопјани конечно ќе можат да дишат и слободно да се
прошетаат во срцето на градот. Во моментов таму се гради фонтаната во
чија средина треба да биде поставен споменикот на Александар Македонски.
- Во моментов сé уште се работи на поставување на темелите што
значи дека подземните градежни работи се во тек. Старите подземни
инсталации се дислоцирани, како и машинската соба. Сега се работи на
придружните инсталации на фонтаната, за која е потребна поголема
машинска хала - рече портпаролот Ацковски. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61910854202&id=14&prilog=0&setIzdanie=22012
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#640 Posted: 19-Jun-2010 at 22:15 |
Нека градат инаку у принцип глупости
|
 |