![]() |
![]() |
![]() |
Предлог стратегија против сообраќаен хаос - Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2345> |
Author | |||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
||
Иако не сум најстручен во поглед на сообраќајни решенија, мој предлог е целосно да се затвори за сообраќај потегот Собрание-Мекдоналдс, со тоа што единствено право на поминување ќе имаат само таксистите и јавниот превоз + луѓе што работат во непосредна близина на овие места, кои нормално ќе плаќаат одредена сума за проаѓањето низ тој дел. Но, ваков план дури после изградбата на подземната сообраќајница. Рекорд мора да остане главна станица за сите важни автобуски линии, плус од тука мора да проаѓа и една линија на идниот трамвај, па може да се послужиме со загребачкото решение, каде сите главни трамвајски линии проаѓаат низ плоштадот на банот Јелачиќ. Или, улицата да биде отворена од 00:00 часот до 07:00 часот. Во врска со приказот на Лсл, не гледам зошто би било проблем каде би проаѓале пешаците. Ќе се направат подземни премини, пристапот до улиците ќе биде ограден, така да сите ќе мора да проаѓаат низ таквите премини. Плус ќе се отворат доле продавници а тоа значи и мала можност за плус нови вработувања. Кај нас некако табу-тема е создавање на нови подземни премини. Насекаде во светот на поглавните раскрсници се поставени огради, па сакале ние или не единствен начин да ги поминеме сообраќајниците е по тие подземни премини. Идејата на Лсл не ми изгледа комплицирана и во догледно време би било добро ако таква или слична идеја се разгледа од страна на градските власти. |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Но да не паѓаме толку лесно на приказните за кружните текови. Пред се, гужвите во Скопје не се предизвикани од семафорите. Семафорите се неизбежна алатка за контролирање на сообраќајот. Гужвите се предизвикани од фактори како што се: - недоизградената примарна сообраќајна мрежа (фалат цел куп сообраќајни коридори и клучни сообраќајни алки) - закржлавениот и неадекватен јавен превоз - тотално застарената технологија за контролирање на семафорите, кои на тоа поле се заглавени во 70-тите години од минатиот век - сообраќајната недисциплина во комбинација со сообраќајна полиција која многу лошо си ја врши работата Кружните текови не се лек за ништо од горенаведеното. Кружните текови секако дека имаат корисна примена, но ограничена примена, во специфични ситуации. Од друга страна, имаат многубројни недостатоци кои во одредени ситуации можат да донесат многу повеќе штета отколку корист. Скопје сеуште нема направено кружен тек на локација која не го поднесува, но такви допрва се планираат. Не ми останува ништо друго освен да се надевам дека нема да се реализираат, за да не мора на дело видиме дека не е се мед и млеко со кружните текови. И уште нешто многу важно во врска со оваа тема. Семафоризираните крстосници можат да се контролираат, кружните текови не можат. Во ова време кога технологијата ни нуди палета можности за крајно ефикасно и целисходно контролирање на сообраќајот, со сила да туркаме „аналогни“ решенија како кружните текови, е уште понеразумно. Со „интелигентни“ семафоризирани крстосници може да се менаџира протокот во зависност од моменталната состојба (не само на конкретна крстосница, туку во цела мрежа), може да се обезбеди приоритет за јавниот сообраќај, може да се биде флексибилен во случај на специфични или вонредни ситуации, може лесно да се прилагодуваме на краткорочните и подолгорочните флуктуации и промени во сообраќајните текови, може да функционираат добро координирани зелени бранови долж главните оски итн... Ама дури и со такви „интелигентни“ крстосници, доколку им вметнеме неартикулирани кружни текови измеѓу, целиот концепт ќе биде сериозно поткопан. Навистина би си пукале во нога, ако сега во 21 век почнеме да воведуваме кружни текови на клучните сообраќајни вкрстувања. Инаку конкретно за твојата скица, гледајќи ги локациите кои ги предлагаш за кружни текови (практично сите крстосници во центарот), веднаш паѓа во очи дека: - на некои локации нема доволно простор за кружен тек што би бил со адекватна големина за интензитетот на сообраќајот - на некои локации било каков кружен тек би бил неприкладен поради преголемиот интензитет на сообраќај (кружните текови многу лошо се справуваат со голема гужва, полошо од семафоризирана крстосница во слични околности), како на пример кај соборна црква, каде ситуацијата би била уште покритична после изградбата на тунелот под Кале и врската со северниот дел од градот - кружен тек на еднонасочна улица (како што си ја предвидел според планот) на која би можело да се очекува многу интензивен сообраќај кој речиси исклучиво ќе се движи право (без многу свртувања на кружниот тек) би створил изразито доминантен тек долж таа оска, а со тоа тешко пробоен ѕид за оние што доаѓаат од напречните правци... зборувам за локацијата кај Палома Бјанка А генерално за ситуацијата во градов и за култот што неспособните политичари го изградија кон кружните текови... Кога ќе дочекам да видам дека за секоја локација се врши темелна анализа и кога ќе видам вистински аргументи поткрепени со прецизни податоци, зошто на некоја локација е пожелно да се направи кружен тек, тогаш со задоволство ќе го подржам. Во меѓувреме, додека типчиња како градоначалникот од видео клипов подолу, ни ги промовираат кружните текови како совршени универзални решенија, верглајќи ги оние добро познати ретардирани „аргументи“ кои се вртат во последните 10+ години, ќе останам „критизер“ што би рекол дотичниов:
Edited by Cloverstack - 07-Nov-2011 at 03:55 |
|||
![]() |
|||
mladen_s ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
![]() ![]() |
||
Не знам дали баш така размислувал LsL кога ја нацтал крстосницата. Мислам дека и двајцата разговаравме за експресно решение. И токму тоа што го гледам како проблем во неа, останува и при подземни премини: каде би биле влезовите од страна на Рекорд? Настрана тоа што сум против подземни премини...
Moжеби грешам, па ќе се појави некаков пример од некаде во светот, но насекаде во централно градско подрачје се тежнее кон континуитет на пешачки површини, а не расцепкување. Не знам каде во светот на вакви локации има подземни премини? Не се работи тука за урбан автопат, напротив, Малиот ринг не треба да стане бариера. Токму оваа крстосница е едноставна за пешаци, а возилата секогаш ќе се соочуваат со некаков застој, бидејќи се работи за централно градско подрачје. Генерално, мислам дека има тенденција на форумов да се дава приоритет на протокот на возила, на сметка на пешаците, велосипедистите па дури и јавниот превоз. Тоа потсетува на општата филозофија од времето на Планот на Танге, која не доведе баш до среќни решенија, особено во светот.
Токму во прилог на претходното, дури и трамвајот како нов превоз останува приврзан на останатиот сообраќај. Можеби некоја линија и може да помине на Рекорд, но доколку тоа биде првата линија: исток-запад, тогаш нема да се промени скоро ништо. Секако, може да биде привремено решение до пробивање на тунел под Кеј (бидејќи ставањето на трамвајот заедно со другиот сообраќај во Големиот-тунел-кој-никако-да-се-изгради е само потврда на горенаведеното), но мислам дека со добро планирање би се постигнала целта што јас лично ја посакувам: трамвајот од првиот ден да биде забележан како најбрз превоз - бидејќе еднаш стеканатиот впечаток тешко се менува... Отидов во нишка Трамвај... ![]() Edited by mladen_s - 07-Nov-2011 at 09:12 |
|||
![]() |
|||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
||
Прво, да ви се извинам бидејќи немав време да ги прочитам претходниве ваши досегашни идеи и замисли. Ќе постирам скици од неколку мои идеи околу сообраќајот во центарот на градот:
Доколку би се изградил правилниот коридор Партизанска-Комплекс Банки (а не Илинденска-Комплекс Банки), заедно со проширување на Даме Груев на 4 ленти, сметам дека е доволно скоро сите улици околу плоштадот да бидат пешачки, заедно со Димитрија Чуповски, под која би имало тунел кој води од Палома Бјанка, врти кај портата кон ГТЦ, фактички се спојува со постојната денивелација кај ГТЦ и излегува кај Соравија. Не ми е претерано разработена идејава, затоа поарно да ги лупнам скициве, па ќе дискутираме за понатака: 1. Сите сиви улици се пешачки, и на сите има дрвореди од двете страни. ![]() 2. Тунелот од ГТЦ до Палома Бјанка ![]() (обоен според нивелација) ![]() 3. Излезот од кај Мекдоналдс ![]() ![]() 4. Под Порта Македонија ![]() 5. Кај Собранието би било целосно пешачка улица, така што Портата доаѓа токму на средина меѓу почетокот на пешачката улица и Споменикот на Александар. Собранието би го задржало службениот влез од кај Даме Груев. ![]() Ќе приметите на скицава дека Лумикс го имам тргнато ![]() |
|||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|||
![]() |
|||
tomi_z ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Oct-2010 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 196 |
![]() ![]() |
||
Like
![]() Ахх, дали ќе доживееме да се среди центарот на Скопје... |
|||
![]() |
|||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||
Браво Алекс, веќе имаме разговарано и убаво е да се види и визуелно колку ова решение според мене држи вода.
Штета што Коце во неколку наврати изјави дека не предвидува претварање на улиците од малиот ринг во пешачки зони , наводо поради малиот проток на пешаци во насока Мек Доналдс Собрание. Што се однесува до сообраќајниот хаос мислам дека огромно влијание на хаосот во Скопје има некултурата на возење. Така да готово сум сигурен дека паралелно со развивање на инфраструктурата треба да тече и сообраќајно образовување на учесниците во сообраќајот, зголемување на свеста за користење на велосипед и секако построго казнување за оние кои не се држат до сообраќајните правила. Последно кога бев во Скопје очигледно беше дека инфраструктурата оди напред но однесувањето на возачите и пешаците е дефинитивно на најниско можно ниво. |
|||
![]() |
|||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
||
![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
||
Ова е последица од нешто што се нарекува немање визија. Зарем не е очигледно дека тука може да биде уште поубаво навечер отколку што е на пример, кај Ленинова (минус колите на сред улица). Инфраструктурата во Скопје, за среќа, има многу добри изгледи да се реши, со разумна количина средства (бидејќи има добра основа поставено после земјотресот), освен можната катастрофа (стопати ќе споменам) со подземниот коридор накај Комплекс Банки. Што се однесува до менталитетот на возачите, можам да констатирам дека ситуацијата е далеку од идеална, но истотака далеку е од нивото на кое бевме пред 10тина години. Барем јас гледам некакво подобрување. |
|||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
Да се држиме до тоа што го имаме, и тоа што реално можат да го сторат нашиве власти. Со оглед на тоа што направија со трамвајот.... не верувам дека ќе можат да направат нешто што е толку многу софистицирано, одвоено, урбано... или под земја... Еве мене што ми текна, гледајќи ја скицата на лсл... Неговата: Мојата: Се надевам нема да ве збунат многуте бои и линии. Има две варијанти. Едната е оваа... каде што се избегнува семафоризирање, но се оди со еден мал дел на Даме Груев под земја. А другата е Даме Груев да си остане на земја, но да се постават семафори, но и тоа не е лошо, затоа што ќе биде на еден или два такта... или како ли тоа и да се вика... За Рекорд-ЈБТ и Тифани-Беко... тие насоки... добро ај не е важно... ај вака... легенда... Црвено - Димитрие Чуповски, цел Рекорд еднонасочна, две автомобилски ленти Портокалово - Даме Груев, Тифани - Палома Бјанка 2 автомобилски ленти, плус една после Палома Бјанка.. тоа се 3. Тиркизно - Комбинирана исклучиво автобуско-трамвајска лента... и тоа оградена.... за секој случај... Зелено... исклучиво автобуска лента.... Жолто - автобуско-автомобилска лента... притоа тука е и преминот од еднонасочна во двонасочна на Димитрие Чуповски... И уште една работа... Во секоја лента има по уште една-две линии кои го обележуваат правецот и насоката на движење, дали на трамвај, автобус и автомобил.. сеедно... притоа соодвествува со самите ленти... со исклучок на преклопувањето на тиркизната и зелената... бидејќи... во тиркизната спаѓаат и автобуси и трамваи, а зелената само автобуси... така да за автобусите... и двете важат... на делот на рекорд... ете така испадна... За понатаму... изработувам уште неколку скици... за тоа како би функционирало сево ова... во склоп на патната инфраструктура во Мал и Голем Ринг. Не за друго... ме мрзи сега ПС: Трамвајот има предност кај што се сече со Димитрие Чуповски, многу нормално. И контурите се тие... точни се.... скицава ја правев врз основа на таа на лсл.... само малку го продолжив Даме Груев... поради денивелизацијата... можеби бега малку лево десно, или горе доле... ама поентата е важно да се сфати.. во реалност, секако не би било така, тука како што налага просторот... Edited by FoSsiL - 09-Nov-2011 at 01:09 |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
@ alexgizh
Каква намена има подземната улица во твојот план (од Мекдоналдс до Соравија). Транзитна или замислата ти е поинаква? @ Fosil Зошто три ленти на Даме Груев? Реално Даме Груев има доволно простор за четири ленти, освен кај тесното грло близу улица Македонија, но таму нема ни за три, туку за две како што е сега. Значи Даме Груев или би останал со две ленти како сега, или кога би се правел според планот би бил со четири, бидејќи трошоците за решавање на тесното грло би биле практично исти и за три и за четири ленти. |
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
Три ленти во делот кај раскрсницата. После може и на четири да оди, но јас мислам дека не е потребно, потребно е само сообраќајот да тече непрекинато и без застој. Но како и да е, на оваа раскрсница и на раскрницата кај Собрание мора да има по три ленти. Тука, поради самиот изглед на раскрсницата, што го претставив. А кај Собрание поради тоа што една лента би продолжувала право кон Соравија, а другите две да се спојат со 11 Октомври. Уствари тие две ленти се и 11 Октомври во насока кон Кјуби, поради тоа што 11 Октомври по раскрсницата кај Собрание или Градска како сакате... накај Рекорд е 3 ленти еднонасочна.... а после се намалува на две... и доаѓа до Палома Бјанка. И се ова испаѓа вака поради фактот дека, автобуските, односно комбинираните трамвајско-автобуски ленти се целосно одделени од останатиот дел од коловозот. Со огради Како и да, едно нешто треба да знаеме, а тоа е дека гужвата и хаосот во Скопје не е поради тоа што имаме тесни улици, што и не е точно. Повеќето булевари ни се со по 3 ленти во двете насоки. Состојба во сообраќајот се должи на многуте раскрсници, кои вооедно се и лошо осмислени, регулирани, и се прави голем застој. А сообраќајот не е во континуитет. Така да јас, мое мислење е дека со Даме Груев треба вака да се игра... 3 ленти кај Палома Бјанка, 2 ленти да си останатат на делот кај улица Македонија, со тоа што пешачкиот премин некако да се изостави од целата приказна... Дали тој, дали Даме Груев (2 ленти) да оди под земја.... Тоа сеуште не не сум размислил убаво, зашто ми прави проблем улица Македонија, односно што ќе биде со неа. И по улица Македонија, па се до раскрсницата кај Собрание да си биде пак 3 ленти. Барем јас така мислам... Ај ќе го довршам цртежот за Мал и Голем Ринг вечерва. Ќе го пуштам и малку поилустрирано да објаснам што мислам... |
|||
![]() |
|||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
||
Сметам дека нема потреба да биде некоја битна/главна улица, туку нешто како сервисна. По една лента од правец. Дури може и да биде ограничен пристапот на дуќанџии и жители во околните згради. Сметам дека Мал Ринг е доволно мал за да може безболно да биде заобиколен со 4-лентни булевари околу него + (правилниот) подземен коридор од Партизанска до НБРМ. Во однос на Даме Груев, би сакал таа зградата да се сруши и да се прошири улицата на 4 ленти, а на место на таа зграда да се изгради што и да е, само нешто не толку коми ![]() |
|||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|||
![]() |
|||
mladen_s ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
![]() ![]() |
||
Незнам дали некој досега го постирал овој линк, но мислам дека открива многу работи за планираната иднина на сообраќајот во Скопје... Втората слика е позната, донекаде е јасна и третата.
Но првата слика покажува еден многу поголем план: го нема Источниот булевар (според мене, храбро и одлучно решение). Во секој случај, ИДОМ е сериозна компанија и сигурно не го направиле ова случајно. Би било добро доколку Министерството за транспорт биде потранспарентно и ја објави студијата во целост, а не само да ја вметне во ГУП. Можеби има начин да се дојде до неа? http://www.idom.com/en/infrastructures/projects-infr/projects/nuevas-avenidas-en-skopje-diseno-conceptual/ |
|||
![]() |
|||
mladen_s ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
![]() ![]() |
||
![]() ![]() ![]() ![]() Edited by mladen_s - 14-Nov-2011 at 02:41 |
|||
![]() |
|||
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
||
Раскрсницата кај пластичарската улица (Мак-Кос Бригада и Никола Карев) мора да биде регулирана со кружен тек бидејќи како што е сега е катастрофа. Инаку има ли во план да се поврзе булеварот Македонско Косовска бригада со булеварот Св. Климент Охридски во скоро време?
|
|||
ಠ_ಠ
|
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Гледајќи ја мапата (она што содржи наспроти она што не содржи) не сум сигурен што точно треба да претставува, но доколку студијата навистина инсистира на бришење на источниот булевар, односно Крушевска република, се прашувам која би била алтернативата? Особено што не е претставена некаква модификација (како на пример што е идејата трасата да оди обострано околу транспортниот центар). Бришење на Крушевска република (или реализација на некаква несмасна импровизаторска модификација) би значело рушење на целиот сообраќаен систем според кој Скопје треба да се развива. Исто така доколку се избрише Крушевска, во најголема мерка бесмислен станува и планот за Јужен Булевар... и каде е крајот? Многу бргу трасите на овие клучни коридори ќе се пополнат со градби и засекогаш ќе се збогуваме со можноста градов да добие исклучително ефикасна сообраќајна мрежа и тоа по релативно ефтина цена. А ИДОМ навистина делува сериозно на хартија, но од она што произлезе од планот за подземната сообраќајница под плоштадот, потоа бледите предлог-решенија за трамвајот кои се во оптек, и конечно доколку е точно ова за Крушевска република, впечатокот мене ми е крајно негативен. Сепак да не заборавиме дека за подземната сообраќајница наводно ИДОМ предложил 10 варијанти, а градот & владата си одбрале една која ни ја претставија. Истото веројатно горе-долу се однесува на целата студија. Edited by Cloverstack - 16-Nov-2011 at 15:45 |
|||
![]() |
|||
mladen_s ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
![]() ![]() |
||
А помислував дека никој на форумов не го заинтересира ова
![]() И јас ја гледам мапата и тоа што се гледа од неа. Навистина би било добро да ја видиме целата студија бидејќи двете детални решенија (и нивните варијанти) се произлезени од неа. Всушност без тоа и не може многу да се дискутира бидејќи не знаеме ни што претставува мапава - можеби е само фазно решение? Сепак, крајно сум заинтересиран за тоа што испланирале ИДОМ, бидејќи и покрај некои работи што дојдоа до нас, ги гледам како сериозно фирма (а и лично сум видел некои нивни планови како добро функционираат), но не знамеме дури ни со какви барања биле соочени.. Повторно, дали некој има идеја како да се дојде до студијата? Дали подлежи на достапност до информации? А моето мислење за бришење на Источниот Булевар не е во никој случај нешто конечно и најдобро аргументирано. Само сметам дека е храбро и одлучно решение кое би ја одразило реалноста на состојбите. Но само по себе не значи ништо ако не се предложи алтернатива - или друг радикално различен концепт на сообраќај. Има многу примери на градови кои исто така не успеале да пробијат сообраќајници што се сметале за клучни, па компензирале во следниот прстен на булевари и надоместиле преку ефикасен јавен превоз - одвоен од другиот сообраќај (за што јас лично се залагам). Исто така, Шпанциве некако го отфрлаат концептот на рингови, што е можеби добра стратегија, со огледа на поинкавите услови во кои тоа решение се појавило (густо населени предградија) и ги зајакнуваат тековите кон главните јазли. Само, без јавен транспорт тоа брзо колабира.. Јужниот булевар пак е сосема различна приказна бидејќи структурно е остварлив - следи стара инфраструктурна траса - и дури и во случај да се изгради независно од другите два, и тоа како би вршел работа. Можеби крајниот резултат би биле два јаки подолжни правци, а прстенот на булевари „екс-ју републики“ би станал поважен. Но од ова што го гледам, некако изгледа како изборот направен според тоа што е поинтересно за градба моментално и што ќе го задоволи гласачкото тело - а тоа сака да вози побрзо со сопственото возило, па макар требале 7 ленти. Повторно ќе кажам, ја читав картата, но студијата можеби кажува многу други работи. Транспарентност во планирање.. Изгледа пак ќе треба да сме среќни што се копа, без да знаеме што. Па во 1965 барем покажаа макета. |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Младен, во каков формат и со кои крајни точки го замислуваш Јужен булевар во случај на бришење на Крушевска? А за достапноста на студијата: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1265&PID=114527#114527
![]() Edited by Cloverstack - 16-Nov-2011 at 17:09 |
|||
![]() |
|||
mladen_s ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
![]() ![]() |
||
Па, еве отприлика, за да не се повлечам една година и да размислувам
![]() две-три основни варијанти на профил: 2 х 3, со тоа што крајната десна скоро секогаш би била вклучување - исклучување. Во овој случај јавниот транспорт би бил димензиониран како брз трамвај по средината. Ова е сегашното решение и е добро само за делови од трасата. 2 х 2 и странични улици за забрзување-успорување, со тоа што целиот булевар се движи долу-горе за да ги избегне големите крстосници. Има простор за зеленило од страните, но не и во средниот дел. Јавниот транспорт е на површинско ниво од страните и/или метро-трам на ниво -3. Добро решение за периферните делови од трасата и поевтино - комбинира експресна со собирна улица 2 х 2 за подолги секции без приклучувања Секако, решението е во наизменична употреба на различни профили. Сегашниот план упорно турка еден, скоро ист профил по цела должина.. Крајните точки на целосните профили би се поместувале фазно, според потребите. Јавниот превоз би користел сосем други траси кои би поминувале низ најгусто населените области - кои не секогаш се крај Јужниот булевар. насока запад: Католичка црква, Рузвелтова, пресек со 8-ми Септември, Студентски Дом Гоце Делчев после оваа точка работите стануваат посложени, но некаков профил (2 х 2)би се донел до автопатот за Тетово.. насока исток: Стара рампа, Булевар Србија, потоа (2 х 2) до Драчево, ако воопшто има потреба. Во делот на Кисела Вода булеварот би имал барем едно спојување со Аеродром, преку кој потоа би се надоврзал со Северниот Булевар. Ќе мора да се прифати редефинирање на рангот на некои сообраќајници, можеби најмногу на булевар Србија.. Но на крај можеби нема да мора да се копа под Малиот Ринг - и понатаму сметам дека тунелот под Кеј треба да биде наменет за јавниот превоз, а големиот тунел е помалку веројатен и од Источниот булевар.. Ете вака набрзина.. Има многу недоречености, но мислам дека останува како решение. Се надевам дека ИДОМ работеле повеќе ![]() Edited by mladen_s - 16-Nov-2011 at 19:16 |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
![]() Северниот и Јужниот булевар мора да бидат поврзани со сообраќајница од адекватен ранг. Комуникацијата би било најдобро да биде таму каде што нивните коридори се: - меѓусебно најблиску - на локација која ќе овозможува најкратки релации помеѓу најголем број делови од градот (особено за најбитните) Идеална за таа функција секако е Крушевска република односно Источниот булевар и не случајно е вцртана таму. Може да се оди и на опцијата Источен булевар малку да се помести кон исток и да се изведе од двете страни на Транспортен центар (комплетно денивелирано се разбира, а Бојмија и Никола Карев да бидат колектори). Вакво решение би имало негативни страни, но и бројни предности. Всушност вакво можно решение досега и било спомнувано од надлежните, но јас лично секогаш сум го дочекувал на клизачи затоа што ми буди сомнеж дека не е искрена желба за барање алтернатива, туку дека е обично замајување и фрлање прашина во очи. Ова особено откога ќе се слушнат „аргументите“ кои ги наведуваат за ваквото дислоцирање, кои не се темелат на вистинските потенцијални предности, туку се класични скопски бапски приказни. Што се однесува до бул. Србија како алтернатива за поврзување на Јужен и Северен Булевар, мислам дека е многу лоша опција бидејќи е комплетно надвор од двата клучни критериуми кои ги спомнав погоре (за тоа каде би било најдобро да биде таа спојка). Ситуацијата би можела да се подобри со надградба на бул. 8ми Септември во урбан автопат. Но вкупната должина на булеварите 8ми Септември и Србија/Војводина е повеќекратно поголема од должината на Крушевска република. А како и за Крушевска република, и при вакво решение би имало редица крупни проблеми, како на пример повеќеколосечниот железнички мост кај Фершпед кој и сега е затка на трасата, потоа недостаток на простор за изведба на адекватни клучки на некои локации без кои концептот би имал битни слабости итн. Така да мислам дека за да се направи било какво доволно добро алтернативно решение на Крушевска Република, веројатно повторно би се соочиле со слични или поголеми трошоци. Покрај тоа, ако еднаш ја избришат, не знам колку ќе може воопшто да се надеваме дека некој ќе се замара со алтернативи... се плашам дека ако се збогуваме од Крушевска, ќе се збогуваме за навек, а со тоа ќе се простиме и од сите оние огромни бенефити кои ќе ги имаме доколку правилно ги реализираме клучните сообраќајни коридори. Затоа мислам дека Источниот Булевар мора жестоко да се брани. Еве направив еден анимиран gif на ГУП-от наспроти опишаното во твојот пост. Мислам колку-толку визуелно доловува дека бул. Србија не е најсреќно решение како замена за Крушевска република: ![]() |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2345> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |