![]() |
![]() |
![]() |
Зеленило |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 40414243> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Исушени дел од дрвјата со имиња на деца во паркот „Авионче“
![]() До овој момент до Град Скопје се пристигнати 414 пријави, од кој околу 390 се реализирани, а за преостанатите се чека изработката и поставувањето на плочките. Растењето на детето заедно со дрвото кое е засадено во чест на неговото раѓање од градските власти, идеја која се реализира во рамките на проектот „Дрво за секое дете“, веднаш по најавата за нејзина реализација, од многумина беше дочекана со одобрување. Родителите на новороденчињата од 2019 година па сè досега, имаат можност да аплицираат до Град Скопје за да се засади дрво во чест на раѓањето на новиот член на семејството но и нов жител на Град Скопје. Идејата беше, секое дрво да „носи“ плочка со името на детето, а за новата садница да се грижат и надлежните, но и родителите. Сепак, за жал, на терен состојбата е многу поразлична. На многу локации во Скопје каде што има засадено дрвја со плочки со име и презиме на новороденчиња стојат исушени подолг временски период и не се заменуваат со нови садници. Таков пример на исушени дрвја со плочки со имиња на новороденчиња има во паркот „Авионче“ во Ново Лисиче. Дел од дрвјата на дрворедот засаден во чест на новите жители на главниот град е исушен, што дава неубава слика и го нагрдува изгледот на една од најпосетуваните зелени површини во Општина Аеродром, која важи за главно збиралиште на најразлични генерации во овој дел од Скопје. – Редовно го посетувам паркчето и можам да заклучам дека не се води доволно грижа за засадените дрвја. Има најмалку десетина дрвца кои се целосно исушени а има и такви кои започнале да се сушат. Институциите мораат да реагираат. Доколку не можат да се спасат овие дрвја, тогаш нека насадат нови со истите плочки со имињата на децата. Сите треба да знаеме дека секое дрво во Скопје, кој е загаден град, е и повеќе од важно – сведочи жителка на Ново Лисиче. Од Град Скопје пак велат дека од почетокот на акцијата „Дрво за секое дете“ па сѐ до денес, постои голема заинтересираност кај новите родители за да се вклучат во оваа акција за раззеленување на Скопје. – Градот Скопје во 2019 година започна со реализација на проектот „Дрво за секое дете“, со кој се овозможува на нашите сограѓани да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе, на некој од градските дрвореди, паркови или скверови, а на самото дрво ќе има плочка каде што ќе го пишува името на детето и датумот на раѓање. Поради пандемијата со коронавирусот проектот подолг период беше ставен во мирување, а со наредната акција за засадување истиот ќе продолжи. – информираат од Град Скопје. Според нив, целта на проектот е да се овозможи децата да растат истовремено со дрвјата и да можат да го следат растот на своето дрво. – Со тоа, на симболичен начин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани. Овој проект се реализира фазно и досега се засадени и поставени плочки на поголем број локации, како што се на кејот на реката Вардар, зад Воениот стадион во Градскиот парк, како и новиот дрворед во должина на булеварот „8 Септември“. Самиот проект немаше големи финансиски импликации, бидејќи се спроведуваше во рамки на стандардните акции за садење на дрвја, а единствен трошок беа изработката на плочките кои се поставуваат на дрвјата – заклучуваат градските власти. Како што информираат оттаму, до овој момент до Град Скопје се пристигнати 414 пријави, од кој околу 390 се реализирани, а за преостанатите се чека изработката и поставувањето на плочките. https://www.slobodenpecat.mk/isusheni-del-od-drvjata-so-imina-na-decza-vo-parkot-avionche/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФОТО) Дрво падна и оштети возило во Центар
Во Општина Центар падна дрво и оштети возило. Градоначалникот Саша Богдановиќ информира дека службите го отстраниле дрвото. „Вчера, во непосредна близина на влезот на ООУ „Коле Неделковски“, падна уште едно дрво. При извршениот првичен увид, дрвото е паднато поради исушените корени, исто како дрвото кое падна пред некој ден на улицата Орце Николов. Екипи на ЈП Паркови и Зеленило и службите од Општина Центар го отстранија паднатото дрво кое оштети едно возило. Дрвото, како што се гледа на сликите, има зелени лисја, здраво стебло, но нарушен коренов систем поради кој што може да падне и без посилен ветер“, наведува Богдановиќ. ![]() ![]() https://faktor.mk/foto-drvo-padna-i-oshteti-vozilo-vo-centar |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Шо мајка барала колата паркирана на тротоар? |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Јас да сум политичар во ова неблагодарно општество, нема да чепнам ниедно старо дрво. Нека паѓаат, ама штета по кариера не си правам. А овој што бил паркиран надвор од паркинг место, не треба да добие оштета. Така да градот е на чисто, општината чиста, порталите кликови, сите задоволни. Тоа што луѓе може да настрадаат од овие стари дрва, тоа никого не го интересира. Сакате хистерија, изволте гледајте.
Edited by user8642 - 24-Jul-2021 at 12:03 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Градот е преполн со стари,високи суви дрва кои очигледно само се маркирани и со години чекаат да им дојде ред а ете многу од нив и паѓаат.На многу прометни раскрсници и тротоари има вакви случаи но никој ништо не превзема.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ново засадените дрвца во Мичурин,ги оставија без вода а и воопшто овој дел поред Трета македонска е тотално запуштен
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/192261398109214 |
|
![]() |
|
antigona ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 16-Jan-2012 Online Status: Offline Posts: 86 |
![]() ![]() |
![]() Edited by antigona - 30-Jul-2021 at 10:08 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВО ТЕТОВО ИСКРШЕНИ ДЕСЕТИНА ДРВЦА КОИ НЕОДАМНА БЕА ЗАСАДЕНИ
![]() Засега непознати сторители вчера искршиле десетина млади дрвца на улицата кај градскиот стадион. Дрвцата неодамна беа засадени кога се реновираше оваа улица. Од Општина Тетово посочуваат дека ова не е првпат да се оштетува зеленилото засадено по тетовските улици. „Оштетени се десетина дрвца кај градскиот стадион, а причините ги знае само сторителот, за кој кога ќе се открие, ќе бидат преземени соодветни дејства. Ова не е првпат да се случи вакво нешто. Неодамна беше оштетена урбаната опрема околу едно средно училиште, а оштетувања на зеленилото и опремата имаше и на шеталиштето кон месноста Бањиче и во Жена паркот. Она што ни преостанува е да апелираме да се чува она што е направено во интерес на граѓаните. Исто така, ги замолуваме граѓаните кои се очевидци на ова уништување веднаш да пријават за да можеме брзо да реагираме“, соопштуваат од канцеларијата за односи со јавност на Општина Тетово. Тетово некогаш важеше за зелена оаза и град со најмногу дрвја, но со брзата урбанизација, уште побрзо исчезнуваше градското зеленило. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-tetovo-iskrsheni-desetina-drvtsa-koi-neodamna-bea-zasadeni/ |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
И после биле против федерализација и кантонизација. Нека си го земат и нека си го носат.
![]() |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Мичурин е тотално забатален,со децении се нема изградено систем за наводнување,околу новата црква се е пепел и руина,ѓубре насобрано со недели,диви паркинзи и изгазени тревници на секој чекор. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Аеродром пожолте: Лесно е да се засади – тешко е да се одржува
![]() ![]() Вакви се сликите од Општина Аеродром во Скопје, иако на повеќе места се поставени системи капка по капка или прскалки. Всушност тие се и единствените зелени површини во општината. Зелено е и околу некои згради каде постари лица, пензионери наводнуваат со свои црева долги и по 50-тина метри. Ќе ви признаат и дека прават малку „криминал“. Се трудат да наводнуваат наутро од 8 до 11 часот, кога во хидрантите има техничка вода, но наводнуваат и во вечерните часови од вода која се користи за тоалетите во зградите, која пак не смее да се користи за наводнување. Сепак, на овие горештини, тоа носи поголемо добро за сите, овозможува да преживеат тревниците меѓу зградите, кои во вечерните часови пак, ги разладуваат граѓаните кои седат на клупите. Во општината има многу зелени површини, некои помали некои поголеми. Најновите паркови изградени на „Бојмија“, на улица „Методија Шаторов-Шарло“ и неколку други локации изгледаат добро и здраво, но веќе во паркот „Нирнберг“ се забележуваат првите загуби. Имено, таму беше засаден лавиринт од 1.200 садници, кој за само неколку месеци се исуши. Спроти него, беа засадени високи зимзелени дрвја од кои неколку се веќе исушени. Малите парковски решенија пред влезовите на зградите се своја приказна. Одамна на нив не никнала ни тревка, а камо ли да личи на одржувано зелено парче земја. Особено тоа е забележително околу ТЦ „Скопјанка“, но и на други места низ општината. Од Општина Аеродром, за „Независен весник“ велат дека се свесни за подисушениот лавиринт во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче. Викнале луѓе кои се разбираат во градинарство и им кажале дека растенијата од лавиринтот добивале повеќе вода од потребното, па скапале од корен. Признаваат и дека од 1.200 нови садници кои беа насадени низ целата населба, 200 не успеале и треба да се заменат со нови. Дополнително, велат, суша е секаде, а имаат обврска да штедат вода во летните месеци и заради тоа не може зелените површини во овој период да се одржуваат зелени. Потенцираат дека сепак, булеварските жардиниери се зелени, затоа што имаат систем за наводнување. – За одржување на зеленилото се вработуваат и сезонски работници, кои не се доволно мотивирани работата совесно да ја извршуваат, а нема доволно луѓе, кои пак би ја надледувале нивната работа. Во преговори сме со Гоу грин, невладината организација, кои би ни помогнале да уредиме повеќе тревни површини, а тие луѓе да бидат под нивни надзор, па можеби на тој начин состојбата би се подобрила – велат од Општина Аеродром за „Независен весник“. Општина Аеродром почна и со раззеленување на поранешните стари фонтани. Односно, затоа што биле стари и амортизирани, полесно и поевтино е да се претворат во градини. Но, сепак останува прашањето како ќе се грижат за нив понатаму? На фотографиите постирани од општината на Фејсбук, направени од дрон, се гледа дека на плоштадот пред пазарчето „Бисер“ само мал дел е фонтанско решение, останатиот поголем дел се зелени жардиниери, кои ни оддалеку не се зелени. Ако се запуштиле тие стари жардиниери, дали има оправданост новото решение, доколку и тоа за неколку месеци се претвори во жолта оаза. https://nezavisen.mk/aerodrom-pozholte-lesno-e-da-se-zasadi-teshko-e-da-se-odrzhuva/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Не се кастрат гранките на дрвјата
![]() ![]() ![]() Состојбата не е розова и во другите делови од градот. Скопјани забележуваат, особено оние кои се движат пеш, со велосипед или електричен тротинет дека не можат безбедно да поминат поради надвиснати гранки на пешачки и велопатеки. Некои пак, револтирани сами искршиле надвиснати гранки и ги фрлиле настрана и така стојат со денови. Интересен феномен што го приметив на велосипедските патеки низ градот е што никој не се замара со гранките од дрвата кои на некои места се спуштаат до 1 метар од земја. Не е можно да се помине без некаква акробација или спуштање од точак/тротинет. Ова кажува дека нема ниедна екипа во градов која е задолжена за редовно одржување на патеките – коментира еден скопјанец. – За малку главата ќе си ја повредев од надвисната гранка на патеката каде возев со велосипедот. Бидејќи Скопје го крстарам на сите страни, ваков проблем има на повеќе места низ градот. Зарем на надлежните им е тешко да направат обиколка и да ги поткастрат гранките, на некој кој е залетан, на пример со точак или тротинет, може очи да му извадат – вели Стојан Б. Проблем со надвиснати гранки до нашата редакција пријавија станари од зграда 33 на улицата „Митрополит Теодосија Гологанов“. Велат дека гранките од високите дрвја пред нивната зграда влегуваат во становите, дури се надвиснувале на покривот на петкатната зграда, па им ги уриваат олуците и оневозможуваат пристап на работниците за да ги поправат. – Пријавивме кај управителот да се направат олуците, ама мајсторите не можат да интервенираат… викаат прво да се исечат гранките, па ќе дојдеме – кажува станарка од зградата. Од Град Скопје појаснуваат дека екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, врз основа на претходно издадени решенија од страна на секторот за комунални работи на Град Скопје, работат на терен за кастрење на гранки. – Сите граѓани кои имаат потреба за ваква услуга треба да се обратат до Град Скопје, до Секторот за комунални и да поднесат Барање за сечење (корнење, кастрење) на дрва, грмушки и дива ограда – кусо одговорија од Градот. https://www.vecer.press/вардар-се-дави-во-ѓубре-неуредни-дрвор/ |
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Се возам со 5ка на работа секое сабајле и звукот од гранките кои трескаат по автобусот ме расонува баш пред постојката каде треба да се симнам. Така да не мора да се кастри ништо.
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Уште едно навидум здраво и зелено дрво падна после денешното невреме, овој пат зад паркингот кај Холидеј Ин.
За среќа, нема повредени граѓани, но оштетени се две паркирани возила. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/sasha.bogdanovik |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТРАНИЧНОТО ЗЕЛЕНИЛО НА БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ ВО КАРПОШ
На барање на жителите на Општина Карпош Градот Скопје ќе го обнови зеленилото на булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со улицата Московска до крстосницата со улицата Париска. - Градот Скопје денеска почнува со есенската акција за обновување на зеленилото во нашиот град. Почнуваме овде на булеварот Партизански одреди, на потегот од улицата Московска до улицата Париска, на површина од околу 4.000 квадратни метри. Ова зеленило беше сериозно запуштено, имајќи предвид дека во минатото било само засадено без соодветни системи за одржување. Сега, на оваа површина ставаме целосен систем „капка по капка“ што ќе овозможи развој на вегетацијата и подигнување на стандардите за квалитет на зелените површини, како и одвојување на пешачкиот од велосипедскиот сообраќај – рече на денешната прес-конференција градоначалникот Петре Шилегов. Тој нагласи дека за Градот Скопје урбаната мобилност, алтернативните начини на движење и зазеленувањето на градот немаат алтернатива. - Оваа есенска акција за зазеленување ќе се одвива до крајот на ноември. Градот Скопје само оваа година има обновено и подигнато нови над 120.000 квадрати зеленило – рече Шилегов. ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
МАКСИМАЛНА КАЗНА ЗА ПРЕСЕЧЕНОТО ДРВО ВО КИСЕЛА ВОДА Инспекторатот на Град Скопје, денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот Борис Трајковски. Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје. Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира. https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
УБ | Паркови и зеленило: Надоместуваме штета од паднати дрвја, но само ако биле маркирани за сечење
Сезоната на дождови проследени со невреме е пред нас. Старите дрвја на територијата на Град Скопје се најранливи па често можеме да прочитаме дека дрво или исушени гранки паднале врз нечиј автомобил при што причинета е материјална штета. За тоа што треба да се направи во ваков случај разговаравме со Елизабета Ѓеоргиевска, раководител на Одделот за односи со јавност при ЈП Паркови и зеленило. -Најчесто штом има вакви временски услови со дожд и ветер, нашите екипи работат интензивно на терен. Од петокот наваму постојано расчистуваме и имавме околу 15 интервенции во Центар, Карпош, Аеродром. Стануваше збор за паднати гранки и дрвја, некаде и врз возила. Екипите работеа да се ослободат колозовите, а продолжуваме и денес. Ова е многу честа наша активност, вели Ѓеоргиевска за Утрински брифинг. Таа информира дека-најголемиот дел од пријавите што секојдневно ги добиваат Паркови и зеленило на нивната интернет страница и по телефон се за сечење и кастрење дрвја, но вели дека граѓаните треба да ја знаат процедурата. -Во такви ситуации раѓаните ни се обраќаат нам. Но, ние не смееме да постапуваме без решение на Центарот за комунални работи на град Скопје. Ние се грижиме за садниците во јавното градско зеленило, на јавниот простор. Ако дрвото не било обележано за сечење, значи било здраво. Таа ситуација се третира како несреќен случај. Кога Комисијата излегува на терен тогаш тие издаваат решенија и ги обележуваат дрвјата со знак С ако се за сечење и знак А за кастрење, вели Ѓеоргиевска за Утрински брифинг.. Ако се пресече некое дрво Ѓеоргиевска за Утрински брифинг вели дека се сади секоја сезона, а сега во тек е есенското садење. Таа вели дека се сади дупло од она што се сече. Ѓеоргиевска ги посоветува граѓаните ако падне дрво и предизвика штета кај нивниот автомобил или имот, да повикаат полиција да направи записник и фотографии, па потоа да се обратат во јавното претпријатие Паркови и зеленило кај нивниот осигурителен агент па штетата ќе биде надоместена. Но, штета се надоместува само ако дрвото било маркирано, а не и ако било здраво. https://www.slobodenpecat.mk/ub-parkovi-i-zelenilo-nadomestuvame-shteta-od-padnati-drvja-no-samo-ako-bile-markirani-za-sechenje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Лажна битка за враќање на урбаното зеленило
![]() Во Македонија попусто се носат закони и правилници бидејќи практиката покажува дека државата и локалната самоуправа се неспособни да ја спроведат регулативата. Таков е Законот за урбано зеленило којшто беше усвоен во јануари 2018 година, а кој што меѓудругото предвидува 20 отсто од секоја градежна парцела да се обезбеди за зеленило. Изминуваат четири години откако е донесен новиот закон, а состојбата на терен покажува дека при изградбата на станбените и на деловните објекти се зграбува и се бетонира секоја можна педа за да се добие квадрат плус и да се оствари поголем профит. За таа сметка трпат зелените површини коишто од ден на ден ги снемува од главниот град. Инвеститорите користејќи ги законските дупки, не ја исполнуваат обврската за обезбедување зеленило во рамките на градежните парцели. Имено, во Законот за градење по којшто се водат градежниците никаде не се спомнува терминот урбано зеленило. Уште еден проблем е што Законот за урбано зеленило остава можност за манипулации со таканаречените зелени кровови и тераси. „На градежните парцели со веќе изградени објекти, каде што не постојат просторни можности за обезбедување на процентот за зелена површина, се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на кровни тераси и фасади. Исто така во Правилникот за урбанистичко планирање („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр.225/2020, бр.219/2021) уредена е глава 11 Зелени инфраструктури каде што се уредени целите и принципите на планирањето зелена инфраструктура, општи стандарди, видот и категоризацијата на зелената инфраструктура, процентот на озеленетост, паркови и зелени површини на градби, димензионирање на дрвореди и зеленило во уличен профил и заштитно зеленило.“, велат од Министерството за транспорт и врски. Сепак, доволно е човек да прошета по улица Козара во Капиштец, во Аеродром, Карпош, Дебар Маало и другите населби во Скопје за да се увери дека не се почитува ниту оваа обврска. Зелените кровови и тераси се фарса Според дел од експертите со долгогодишно искуство во професијата навредувачка за жителите на Скопје е практиката да не се обезбедува простор за зеленило во градежните парцели и да се бара алтернатива во решение како кровно зеленило. Професор д-р. Стефанка Хаџи Пецова, пејзажен архитект вели дека зелените кровови и тераси не можат да бидат замена за урбаното зеленило во околината на станбените објекти. Од Комората на архитекти и овластени инженери велат дека проблемите произлегуваат од нецелосно спроведување на самите планови, визиите на урбанистите и на општините, но и од недоречености во некои од споменатите правни акти што овозможува нивно различно толкување. „Во овој момент, колку и да се силни заложбите на професионалните организации да наметнат целосно спроведување и почитување на легислативата врз локалните власти и инвеститорите, не постои доволно силен правен механизам и правна поткрепа за тоа. Покрај тоа, процесот на проектирање и градење опфаќа голем број на институции, компании и луѓе со различни професии и интереси и сето тоа дополнително го усложнува процесот на контрола. Од тука, моралните и етичките принципи на секоја индивидуа вклучена во процесот и спроведување на законите треба да бидат дополнителен контролен механизам за спречување на злоупотреба на таканаречените „дупки во законите“ поврзани со урбано зеленило.“, велат од Комората. Особено во центарот на градот има објекти коишто веќе постојат, а за кои некој некогаш не водел сметка ниту за околното зеленило, а нема ниту обезбедено паркинг места. Тоа се поправа со промена на деталните урбанистички планови, но ефектите не се веднаш видливи, сметаат од Градежната комора при Сојузот на стопански комори. Оттаму велат дека „дупки во законите“ има и вината ја лоцираат во луѓето кои еднократно влегуваат во градежниот бизнис. За општините се е по закон Општина Центар, Општина Карпош и Општина Аеродром важат за општини каде што градежната експанзија е најизразена. При изведбата на градежните објекти на хартија сè е законски, но на терен лесно може да се забележи дека новите градби буквално излегуваат на улица и дека нема никаков простор за урбано зеленило. Општина Центар „Општина Центар издава одобрение за градба врз основа на актуелен (важечки) Детален урбанистички план и законска регулатива која се однесува на таа проблематика: Закон за градење (и сите подзаконски акти поврзани со овој закон) и Закон за општа и управна постапка (постапките за добивање одобрение за градење се управни постапки). Во однос на постапката за добивање на одобрение за градење тие мораат да ја почитуваат законската обврска, во спротивно нема да биде одговорено позитивно на нивното барање за издавање одобрение за градење.“ Општина Карпош „Согласно новата законска регулатива, инвеститорот е должен во рамки на градежната парцела да обезбеди 20 % зеленило. Во општина Карпош, спроведувањето на ова законско решение го контролираат комунални инспектори од Градот Скопје, затоа што општината нема свој комунален инспектор. Во процес сме на обука на комунален инспектор, кој на дневно ниво ќе може да работи на оваа проблематика. Се користат параметри исклучиво кои се пропишани во законската регулатива. Секако, општината има предвид и за јавното мислење и ставови, имајќи предвид дека урбанизацијата е една од главните теми овие години. Токму од таа причина, согласно новиот закон, општина Карпош формираше и Партиципативно тело во областа на урбанизмот. Тука учествуваат службеници од Секторот за урбанизам, претставници од Комисијата за урбанизам, како и претставници на граѓани од урбаните заедници и граѓански организации.“ Општина Аеродром „Општина Аеродром издава одобрение согласно со Законот за градење и позитивната законска и подзаконска регулатива. Доколку не се испочитуваат сите услови од Законот и параметрите кои се во ДУП-от и се заобиколува обврската за урбано зеленило, Општина Аеродром не издава одобрение за градење, односно го одбива барателот.“ Од Министерството за транспорт и врски велат дека обврската за зеленило уредена во законите и подзаконските акти, ја контролираат преку издавањето на согласност на урбанистичките планови во кои мора да биде испочитувана. По донесување на таков урбанистичкиот план со вградени одредби за зеленило, надлежност на општината е да го спроведува планот така како што е донесен. Во сите овие општини во изминатиов период се организирале помали или поголеми протести против уништувањето на зелените површини за сметка на огромни станебно-деловни објекти и ништо не навестува дека ќе престане тоа да се случува во догледна иднина. Токму затоа јасно е дека проблемот е системски, а решенијата се кријат во одлуките на институциите. Едно од главните ветувања на речиси сите локални избори, па и на годинешните, е дека ќе се стави крај на урбанистичкото дивеење. Практиката покажува дека политичарите не останаа доследни на дадените ветувања и дека носењето нова законска регулатива е недоволно доколку не се направат функционални механизми за нејзино спроведување. https://doma.edu.mk/tehnosfera/lazhna-bitka-za-vrakjanje-na-urbanoto-zelenilo/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФОТОВЕСТ: Конечно им текна дека палмите се тропски, а не кочан скопски
![]() Температурите во Скопје деновиве се спуштаат до минус 10 степени Целзиусови, а палмите покрај Кејот на Вардар се разлистале небаре се покрај топло море. Станува збор за посебен вид на влакнести палми trachycarpus fortunei чие стебло расте во височина и над четири метри што издржуваат до минус 14 степени и најразлични временски услови, а поради изгледот се познати и како палми-ветерници. Во Пловдив, Бугарија, во 1993 година регистрирана е ваков вид палма што издржала на минус 27,5 степени Целзиусови. Со цел да не ги тестираме до колку минусни температури можат да издржат, вчера од ЈП „Паркови и зеленило“ крошните на палмите ги обвиткаа со најлони. https://www.vecer.press/фотовестконечно-им-текна-дека-палмит/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 40414243> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |