build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Голем Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 10-Feb-2009 at 22:56
Previous
Добро избрани зборови Thumbs%20Up
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 10-Feb-2009 at 22:58
aj nekoj od vas neka dade nekoja slika za koj bulevar tocno se raboti , posto jas znam nesto nesto no ne mi e jasno od kade ke go izveduvaat toj bulevar, neka nacrta nabrzina mislam koj moze , oti nekako mi se cini deka epten e tesna taa ulickata sto izleguva od zeleno pazarce za bulevar.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 10-Feb-2009 at 23:31


Нема булевар, се работи за пристапни и сервисни улички. Тоа со булеварот е вообичаен фолклор во вакви ситуации.
Како што е веќе спомнато, на некои места кај нас не ни може да пристапи противпожарно возило на пример. Ако се запали некој таков објект не дај боже, тогаш истите што се бунат против уличкиве ќе фрлаат дрва и камења дека на никого не му текнало да направи пристап... Тоа е тоа - деструктивен негативизам и отпор кон се и сешто. Би го дефинирал како дезорјентирано незадоволство. Луѓево ниту можат да го најдат изворот на проблемите, а камо ли правилно да го дефинираат и насочат отпорот. Навистина штета што е така затоа што кај нас не недостасуваат работи против кои навистина треба жестоко да се бориме!

Значи не верувам дека општина центар го има стокмено планов одговорно, водејќи се од општиот интерес, но се разбира тоа не значи дека автоматски граѓаните се во право.


Edited by Cloverstack - 10-Feb-2009 at 23:36
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 11-Feb-2009 at 06:52
Да не направиле некаква збрка новинариве со Крушевска, со оној другиот ДУП што беше до скоро актуелен па да се измешале лончињата?!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 11-Feb-2009 at 11:52

Центарот ќе остане без Зелено пазарче

Заради поврзување на улиците „Даме Груев“ и „М. Х. Јасмин“, треба да се урне станбена зграда

Деспина Трајковска

Парк на местото на Зелено пазарче, катна гаража пред Домот на синдикатите и нови сервисни улички низ „Градски ѕид“ со кои треба да се поврзат улиците „Даме Груев“ и „Мито Хаџи Василев-Јасмин“. Ова се суштинските предвидени работи со Детаљниот урбанистички план „Голем ринг- јужен дел - исток“, кој го донесоа советниците од Центар и покрај револтот на жителите што живеат во реонот на предметниот план. Тие на завчерашната седница не успеаја да издејствуваат да се пролонгира неговото донесување, ниту, пак, таков идентичен предлог од советникот Иванчо Вучевски не беше поддржан од мнозинството на Советот. Засегнатите жители се обидоа да им укажат на советниците дека предвидениот ДУП ќе им се загрози нормалното живеење. Реагираа дека планираното поврзување на сообраќајниците ќе придонесе за огромен метеж и загадување на маалото, а пак за сметка на неговата реализација ќе треба да се исечат десетици педесетгодишни липи и неопходно ќе биде и да се урне една зграда. Од „Скопски пазар“, пак, најавија дека дури денеска официјално ќе реагираат во јавноста во врска со новиот ДУП, бидејќи тој предвидува дислокација на Зелено пазарче, субјект со кој стопанисува и се наоѓа на нивно приватно земјиште.

„Сите што живееме таму, околу 1.500 до 2.000 луѓе, ќе треба да се иселиме за да се задоволат нечии потреби со кои ќе ни се уништат нашите нормални услови за живеење. Со новите улици, некои згради ќе станат сообраќајни острови, а ќе се загрози безбедноста на станарите. Веројатно и со овој план некој сака да ќари, како да му беа малку осум години. За жал, во Македонија силата не моли Бога, па и ова ќе помине. Но, нема да застанеме. Ќе се обратиме до Уставен суд, а како инструмент секогаш ни останува и живиот ѕид за да спречиме нешто да се гради таму“, рече претседателот на ССМ, Ванчо Муратовски, пред седницата, кој живее во „Градски ѕид“. Токму неговото присуство меѓу насобраните жители, како и на пратеникот од НСДП Горан Мисовски, за некои од советниците значеше дека собирот на жителите е само навидум да го искажат својот револт поради планот. Меѓу жителите, дел од советниците „видоа“ политички маркетинг и жртви на манипулација. Жителите реагираа и дека планот што е ставен на усвојување не бил истиот со оној што се наоѓал на јавната анкета, односно претрпел измени.

Соња Шумкова, раководителка на општинскиот Сектор за урбанизам, објасни дека тоа се должи на прифатените забелешки на граѓаните.

„Прифативме плочниците над гаражите да не се претворат во надземни паркинзи, туку да останат пешачки површини. Подземните паркинзи, пак, само се потврдија, а се избриша и катната гаража на аголот кај ‘Автомакедонија‘“, дополни Шумкова.

Инаку, планот предвидува изградба и на анекс на блокот 8 со висина од 18 метри, кој е преземен од стариот план од 2001 година.





http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6FD5055E54DA674E81D051CA837404D5


Edited by Cloverstack - 11-Feb-2009 at 12:09
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 11-Feb-2009 at 12:25
slikata mi se dopaga
 
Скопје
Сообраќајници наместо слепи улички околу Зеленото пазарче
Скопје
Поврзувањето на слепите улички околу Зеленото пазарче и пробивањето нови сервисни сообраќајници беше главната причина поради која граѓаните што живеат во овој реон беа против усвојувањето на новиот детален урбанистички план за Големиот ринг, јужен дел - исток.

Со планот се предвидува уличката меѓу административните згради на фирмите „Макпетрол“ и „Аутомакедонија“, наспроти Цветниот пазар, да продолжи лево по двете кули и да се пробие меѓу двете згради од Градскиот ѕид зад Собранието на Република Македонија. За да се изведе овој градежен зафат е потребно да се урне една стара зграда, но и да се изгради нов анекс на Градскиот ѕид во кој би биле сместени нејзините станари. Зад објектот на „Макпетрол“ и зградата „хармоника“, пак, треба да се направи уште една сообраќајница, која потоа ќе излегува на булеварот Кочо Рацин, кај вториот влез во пазарчето. Самото пазарче треба да се претвори во зелена површина и дел паркинг, а тоа ќе се заобиколи со нови улици што ќе бидат поврзани со другите што треба да се прават.

Жителите најмногу ги загрижува тоа што сообраќајно ќе се поврзат две еднонасочни улици, Мито Хаџивасилев - Јасмин кај Цветниот пазар и Даме Груев кај Собранието, па се плашат дека на новите улици, иако е најавено дека ќе бидат само сервисни, ќе има густ сообраќај. Според нив, на овој начин ќе им се овозможи на возачите воопшто да не го користат третиот дел од улицата Македонија, што е засега единствената директна врска меѓу еднонасочните сообраќајници.

- Некои згради ќе бидат вистински сообраќајни острови. Од сите страни ќе бидат опколени со улици. Сообраќајот ќе поминува не само до нашите влезови, туку и покрај детско игралиште и пешачки зони. Нашата безбедност ќе биде толку загрозена, што ќе мораме да се иселиме од ова место. Несфатливо е што се носат планови со кои едно оформено градско подрачје треба да се претвори во отворено градилиште - смета Ванчо Муратовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија и жител на овој плански опфат.

И покрај реакциите на жителите, кои собрале 1.500 потписи на петицијата против планот, тој беше усвоен од советот на општината Центар. Беше донесен во забрзана постапка, затоа што бил еден од плановите што Владата ги оценила како приоритетни.

- Новите сообраќајни решенија ќе овозможат пред с? подобро поврзување на жителите во овој дел од центарот. Ниту тие веќе нема да мораат да вртат крукчиња околу блоковите и веднаш ќе можат да излезат на која сообраќајница сакаат. Освен тоа, на овој начин се овозможува и полесен пристап на возилата за интервенции, како противпожарната бригада, брзата помош или полицијата - тврдеа советниците од мнозинството.

Виолета Аларова, градоначалничката на општината Центар, вчера истакна дека главната предност и причината поради која бил изработен новиот план е што со него е направена парцелизација на земјиштето и им е овозможено на граѓаните да станат сопственици на плацовите под зградите во кои што живеат.
 
 

 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 11-Feb-2009 at 12:41
Жителите најмногу ги загрижува тоа што сообраќајно ќе се поврзат две еднонасочни улици, Мито Хаџивасилев - Јасмин кај Цветниот пазар и Даме Груев кај Собранието, па се плашат дека на новите улици, иако е најавено дека ќе бидат само сервисни, ќе има густ сообраќај. Според нив, на овој начин ќе им се овозможи на возачите воопшто да не го користат третиот дел од улицата Македонија, што е засега единствената директна врска меѓу еднонасочните сообраќајници.

А колку се тие луѓе кои би транзитирале на овој правец и колку од нив би преферирале тесни замрсени сервисни улички во однос на улица Македонија?
На крајот на краиштата нека се постават 2-3 лежечки полицајци и тоа дополнително ќе се дестимулира било каков интерес... ионака лежечки полицајци се поставуваа каде ќе се стигне, па зошто е проблем да се постават таму каде што навистина има оправданост и логика?


Нашата безбедност ќе биде толку загрозена, што ќе мораме да се иселиме од ова место. Несфатливо е што се носат планови со кои едно оформено градско подрачје треба да се претвори во отворено градилиште - смета Ванчо Муратовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија и жител на овој плански опфат.

Nuts
Баш ти поверував...




Edited by Cloverstack - 11-Feb-2009 at 12:53
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 11-Feb-2009 at 13:46
е до кога со вакви дебилни резонирања и уште таквите да бидат кочница за развојот на градот - ќе им се нарушел мирот, дрн дрн...ако сакаат мир нека живеат во Карпош, Аеродром!

до кога ќе се дозволува на некакви локални тајфи кои по низа на околности живеат во најстрогиот центар на градот да го попречуваат развојот и средувањето на центалното подрачје!?

поради вакви како овие на времето пропадна комплетната изградба на Палата Македонија (тогаш се побунија исто комшиите со изговор дека тоа наказата од паркче помеѓу Дом на Арм и Улица Македонија бил неопходен за децата да им играат фудбал (во најстрог центар!!) и ете до ден денес остана тоа ругло од грмушки таму, а шансата Улица Македонија да се комплетира со цел венец на згради, со што ќе се добиеше вистинска градска линија пропадна за навек...


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 12-Feb-2009 at 22:59

Зелен пазар е испазарен за градилиште

Граѓаните од соседството велат дека зад ургентното донесување на урбанистичкиот план со кој ќе се дислоцира Зелениот пазар се кријат други планови - да никне градилиште

Жителите од Градски ѕид ќе го обжалат на Уставен суд усвојувањето на новиот Детален урбанистички план за Голем ринг, со што се уништува и Зелениот пазар.

- Ако треба, и со жив ѕид ќе спречиме да ни направат градилиште под прозорците, велат станарите од соседството.Од општината неофицијално коментираат дека граѓаните најмногу негодуваат оти сите што имале подземни гаражи им ги издале на пазарџиите и дека револтот произлегува оттаму што тие ќе изгубат добри месечни приходи. Станарите на околните згради имаат спротивно мислење и велат дека зад итното донесување на планот, под „превезот“ приоритет на Владата, се кријат други намери.

- Се сомневаме дека воопшто ќе се гради парк на местото на Зелен пазар, што би било идеално. Познавајќи го кадарот во општината Центар, сигурни сме дека се' е лага и дека ќе се градат други објекти. Проектот набрзина се турка, а тоа ни остава сомнеж дека има таен план - вели Ѓоре Блажевски, кој живее во Градски ѕид.

Зелен пазар од пред неколку дена веќе не постои на хартија со донесувањето на ДУП „Голем ринг - јужен дел - исток“. Од Општина Центар велат дека со донесувањето на планот се предвидува изградба на парк и паркинг. Според општинарите, тие немаат обврска да бараат ново место за преселба на пазарот.

- Не е надлежност, ниту обврска на општината да го дислоцираме или да бараме ново место за Зелен пазар. Според ДУП, јасно е предвидено што треба да има на тоа место. Можеби е добра волја што општината размислува пазарот неофицијално да го смести на местото кај Цветниот пазар. Но, секако општината нема обврска да го прави тоа. Досега ниту еден од граѓаните не доставило писмено барање или молба пазарот да го дислоцираме - вели Ратко Савовски, секретар во општина Центар.Скопски пазар, кој стопанисува со Зелениот пазар, по повод дислокацијата испрати соопштение во кое велат дека се надеваат оти општина Центар предвидува соодветна локација, со која ќе се надомести евентуалното селење на Зелениот пазар и целокупниот деловен простор во тој реон.

„Пазарот е на површина од 6 000 квадратни метри и обезбедува егзистенција за повеќе од 600 корисници на тезги, како и за голем број корисници на деловен простор. Логичен е заклучокот дека повеќе од неопходно е да се обезбеди континуитет во работењето за сите овие луѓе. Скопски пазар има повеќе 3.500 квадратни метри од актуелната локација, а за другата површина има корисничко право“, се вели во соопштението.Жителите на овој дел од градот уште лани реагираа поради планот да се дислоцира Зелениот пазар. Тие сметаат дека поврзувањето на сообраќајниците во овој дел на градот ќе предизвика метеж и загадување во нивното маало.

ИНФО-Со жив ѕид против планот

Парк на местото на Зелено пазарче, катна гаража пред Домот на синдикатите и нови сервисни улички ќе никнат покрај Градскиот ѕид. Детаљниот урбанистички план „Голем ринг - јужен дел - исток“ го донесоа советниците од Центар. Жителите што живеат во реонот се подготвени со жив ѕид да спречат изградба на други објекти и се сомневаат во кадрите од општината Центар поради досегашните искуства.

Марија Тасев



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3A188BE802C936458CFC5AA8E849A88D
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 08-Jun-2009 at 03:51
Пазар во сендвич меѓу шеталиште и паркинг

Тодоровиќ сака да го измени новиот детален урбанистички план, кој ги негира постоечките тезги, со цел да се овозможи изградба на покриен пазар со подземен паркинг и шеталиште врз него


Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, сака да издејствува промена на деталниот урбанистички план за дел од локалитетот Голем ринг и тоа за просторот каде што сега се наоѓа Зеленото пазарче. Со идеен проект за покриен пазар со шеталиште врз него, Тодоровиќ ќе се обиде да го реши проблемот што постои околу уредувањето на овој простор во центарот. Постоечкиот детален план, донесен пред два месеци, предвидува таму да има парковско зеленило, согласно Генералниот план, а од АД „Скопски пазар“, кои го поседуваат земјиштето под пазарчето, велат дека без обештетување според пазарна цена нема да се повлечат од локацијата. И граѓаните од Урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“ се сомневаат дека ако се дислоцира зеленото пазарче, наместо парк, може да добијат градилиште.

Градоначалникот Тодоровиќ смета дека со неговата идеја локацијата може да се уреди на начин што ќе им одговара на сите.

- Сакам, пред се', граѓаните да се задоволни и затоа предлагам проект со кој пазарот нема да ја менува локацијата, а станарите од околните згради ќе здивнат од метежот и вревата. Значи, предлагам да се направи подземен паркинг за муштериите и сопствениците на тезги, приземјето да се покрие и во него да работи пазарчето, а одозгора да се изгради шеталиште со клупи, осветление и зеленило.
Ќе има и подрумски магацин за стоката. Сета работа ќе се изведе етапно, со цел да не се затвори пазарчето, па изградбата би можела да трае подолго. Тогаш граѓаните ќе имаат чиста ситуација - вели Тодоровиќ.Бидејќи важечкиот детален план предвидува само парковско зеленило, тој ќе го стави на ревизија, односно ќе побара измени и дополнувања пред Советот.

- Се надевам на разбирање и поддршка од советниците. Граѓаните што живеат во околните згради не се должни секое утро околу 5 часот да се будат поради вревата на пазарот, а и сегашниот изглед на тезгите не е глетка како за центар на град - вели Тодоровиќ.

За својата идеја тој ќе бара и согласност од „Скопски пазар“ бидејќи земјиштето е нивно. „Скопски пазар“ поседува повеќе од 3.500 квадратни метри од локацијата, а за другата површина има корисничко право. Пазарот е на површина од 6.000 квадратни метри и обезбедува егзистенција за повеќе од 600 корисници на тезги и на деловен простор.

Во акционерското друштво велат дека соработката со Општина Центар, како и со сите други општини отсекогаш е на високо ниво.

- На тема Зелен пазар, досега немаме официјален предлог од Општина Центар, но отворени сме за соработка. Секоја идеја, која е за општо добро на градот и граѓаните и која не е на штета на нашата компанија, е добредојдена - велат од „Скопски пазар“.

Без разлика дали ќе се оствари идејата на Тодоровиќ, од пред два месеци, со донесувањето на ДУП „Голем ринг - јужен дел - исток“, Зелениот пазар веќе не постои на хартија. Покрај паркот, урбанистичката документација предвидува да се организира сообраќајот на сервисните улици и да се догради анексот на блокот осум.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F07E387A164D5E4C9493850EBEF7559C


Edited by lslcrew - 08-Jun-2009 at 19:51
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 08-Jun-2009 at 13:07


Според мене идеално решение сепак би било дислокација на пазарот, но со оглед на околностите, ми се чини дека концептот изложен во текстот е веројатно најдобар можен компромис, каде сите интереси (јавни и приватни), би биле разумно испочитувани.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 19-Jun-2009 at 07:47

Јавна презентација на ДУП „Голем ринг“

Општина Центар утре ќе одржи јавна презентација и анкета за Предлог-деталниот урбанистички план „Голем ринг-јужен дел-запад“. Планот ќе биде изложен во просториите на урбаната заедница „Мирче Ацев“, 10 работни дена, секој работен ден од 10 до 17 часот. Во овој рок заинтересираните правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Како што соопштуваат од Општина Центар, границите на ДУП се на север по коритото на реката Вардар, на североисток по оската на булеварите ВМРО и „Даме Груев“, на југоисток по оската на булеварот „Мито Хаџивасилев- Јасмин“ и на запад по оската на булеварот „Св. Климент Охридски“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0F11F9C3CA98AD45A30F7300F5E1DD03
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 19-Jun-2009 at 07:52
Што е работава?! Па нели лани се донесе?! Немало најава за некои измени, или па да не е некоја грешка на новинариве пошто во за границите ги имаат напишано границите на цел голем ринг. Dunno
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 19-Jun-2009 at 08:00
Врз основа на член 24 и член 26 став 8 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (пречистен текст) /“Службен весник на РМ” бр.24/08/, Градоначалникот на Општината Центар, го издава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од локалитетот Голем Ринг-Јужен дел-Запад дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Решение за организирање

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Предлог- Детален урбанистички  план “Голем Ринг- Јужен дел- Запад” Општина Центар – Скопје.
Границите на опфатот се :

- На север границата се движи по коритото на реката Вардар
- На северо-исток по осовината на булеварот ВМРО и Даме Груев
- На југо-исток по осовината на булеварот Мито Хаџи-Василев  Јасмин
- На Запад Булевар по осовината на булевар Св. Климент Охридски

Јавната презентација на Предлог- Детален урбанистички  план “Голем Ринг- Јужен дел- Запад” Општина Центар – Скопје ќе се одржи во просториите на Урбаната заедница Урбана заедница Мирче Ацев (ул.Орце Николов бр.29) на ден 19.06.2009 година во 10,00 часот.

Предлог- Детален урбанистички  план “Голем Ринг- Јужен дел- Запад” Општина Центар – Скопје ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница Урбана заедница Мирче Ацев, 10 работни дена, сметано од денот на објавувањето на Соопштението, секој работен ден од 10-17 часот.

Контакт телефон 3203 605

Во определениот рок заинтерисираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 20-Jun-2009 at 11:49

Владата доби доградба во урбанистички план

Зградата на Владата може да се догради, односно да се додадат нови канцеларии во приземјето, според новиот детален урбанистички план за Големиот ринг, јужен дел - запад, кој од вчера е поставен на јавна анкета во урбаната заедница „Мирче Ацев“. Не се предвидува објектот да излезе од сегашните граници, туку само е овозможено со прегради да се пополнат празните простори во приземјето, бидејќи тоа е потесно од катовите. Од Владата засега нема најави дека ќе го менуваат изгледот на зградата

%20
Со новиот план се предвидува нов објект и до Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, кој ќе служи како крстилница. Тој е вметнат по барање на црквата, а ќе се гради меѓу храмот и зградата на Архиепископијата.

Вметнати се и уште две катни гаражи, кои, за разлика од претходните слични објекти, што станаа деловни згради, засега имаат чиста намена, односно не може да се комбинираат со деловен или со друг простор. Едната е во блокот меѓу булеварите Климент Охридски и Партизански одреди, кај просториите на авиокомпанијата „МАТ“, а другата во близина на ресторанот „Виторија“. Максималната висина на овие две градби ќе биде пет и пол метри, односно тие ќе може да имаат по две надземни и подземни нивоа.

Се потврдуваат и некои решенија најавени од претходно, како десеткатницата на местото на театарот Центар, како и спортската сала за основното училиште Гоце Делчев. И станбената зграда кај „Трготекстил“ може да се прошири.

Деталниот урбанистички план за Големиот ринг, јужен дел - запад го опфаќа појасот од Вардар зад зградата на Владата до улицата Македонија кај хотелот „Бристол“. Од едната страна е ограничен со булеварот Климент Охридски и со улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, а од другата со булеварот ВМРО и со улицата Даме Груев. Од проектантската куќа „Ин-пума“, која го изработи планот, велат дека целта била да се создадат подобри сообраќајни решенија, со сервисни улици околу зградите. Токму тоа ги вознемири неколкутемина жители на планскиот опфат што присуствуваа на вчерашната презентација, кои реагираа дека таквите коловози би им го нарушиле мирот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6209105335&id=14&prilog=0&setIzdanie=21717
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 20-Jun-2009 at 11:59
Владата можда не планира да ја доградува зградата но веќе го прави тоа. Подолго време заборавам да фотографирам дека на две од коцките има некакви чирови од доградби. Скоро дознав дека се работи за нови лифтови кои со додавале во зградата.

Добра вест е тоа што кај Трготекстил може да се надградува но би сакал да видам како е тоа точно испланирано.

За катните гаражи Roll%20eyes Уморен сум од сеење маркици од ракав.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 20-Jun-2009 at 12:00
Џуро која е таа зграда кај трготекстил?! и како би можело да се надоградува?!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 20-Jun-2009 at 12:05
Originally posted by lslcrew

Џуро која е таа зграда кај трготекстил?! и како би можело да се надоградува?!


Зградата карши НЛБ тутунска покрај БЦС (ЕУ). Имаме некаде дискутирано не ми текнува каде за таа моја идеја да се надгради постоечкиот деловен објект и да се енкапсулира станбената зграда која е во позадина и сето тоа да се уклопи убаво со венецот на БЦС (ЕУ). Имав направено и некаква скица, знам Кловер нешто се бунеше...


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 20-Jun-2009 at 12:19
Да да се сеќавам, не беше скица, него беше на една од сликите што ги постираше theone сликани од Водно! Епа додека го немаме планов неможам да видам за каква воопшто надградба се работи и дали е како што ти го замислуваше. Дали знае некој дали работат месните заедници у сабота и каде е маснава заедница Мирче Ацев?!

Edited by lslcrew - 20-Jun-2009 at 12:20
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 07-Jul-2009 at 14:04
neli e planirano da se prosiruva ulicata tamu kade sakaat da gradat stokatnici??
ili se lazam??!!
 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.160 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.