![]() |
![]() |
![]() |
Проблем со запрежни коли |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 456 |
Author | |
LAV ![]() Newbiе ![]() Joined: 12-Mar-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Slabi ste vie vo Belgrad treba da se modernizirate malce kako Skopje!
|
|
![]() |
|
LAV ![]() Newbiе ![]() Joined: 12-Mar-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
on.net.mk/makedonshtina/vistina-za-skopskata-shminka
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Ако се однесува за мене, ја од Скопје сум, само сликата е позајмена од Београд. |
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
LAV ![]() Newbiе ![]() Joined: 12-Mar-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
da ama zapreznata kola od Skopje
![]() |
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Ова ги преоѓа сите граница. У 2 и 10 така лагано пред зграда ми проаѓа запрежна кола. Оф и после туризам ќе сме правеле. Што убаво сеа поред некоја дискотека да помине...
![]() |
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Директно од пред зградата каде е сместена мисијата на ЕУ
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
![]() КРИВИЧЕН ЗАКОНИК Мачење животни Член 233 (1) Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци. (2) Тој што со нехранење, непоење или на друг начин изложува животно подолго време на тегобна состојба, ќе се казни со парична казна или со затвор до три месеци. |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Ние во Кичево немаме проблем со запрежните коли,толку ги има што сме навикнати на нив
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
При ваква ситуација најтрагични се здруженијата за божемна заштита на животни, кои едино се интересираат ако некое куче е убиено, кое пак претходно напаѓало луѓе на улици. Сега гледам истите тие ставаат налепници на рекламните паноа на буарскиот циркус кој е тренутно у Скопје, као демек стоп за изживување врз животните, а од друга страна нема буква се кога станува збор за овој вид на превоз, веројатно затоа што во нивната матрица стои дека запрежна кола е нормална ствар, ко што рече Ѓоко, а не дека исто така станува збор за малтретирање на животно, кое у поразвиен свет е веќе изумрено. Но цивилизацискиот развој кој стагнира во одредени општествени заедници кај нас, веројатно е погоден за манипулација врз истите, а многу побитно е да се изнајдат пари за кичерозна ограда, а не за отстранување на овие животни од градските и приградските улици.
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Дел од "урбанизацијата" во Аеродром
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Петиција за забрана на влечен сообраќај во урбано Скопје
Здрав коњ во кој удри возило минатата недела во центарот на градот и кој угина на самото место, како и други немили случки во Скопје, каде што овие животни паѓаат од умор на скопскиот асфалт додека влечат тешки товари, беа поттик за здруженијата за заштита на животните да поднесат иницијатива за целосна забрана на влечен сообраќај во метрополата, пишува Дневник. Под мотото „Спас за коњите во Скопје и Македонија“ веќе се собираат потписи и за еден ден се потпишале 571 лице. Петицијата се наоѓа на страницата на „Анима мунди“ и ќе трае една недела. Потоа иницијаторот официјално ќе испрати барање за забрана и одземање на коњите до Градот Скопје и до Агенцијата за храна и ветеринарство. Пред да им бидат одземени, сопствениците треба да бидат соодветно обесштетени. Во фокусот на активистите е овој предлог да се најде на седница на Советот на Скопје. Нивната намера е градските советници и градоначалникот Kоце Трајановски да најдат решенија за овој неколкудецениски проблем со кој сопствениците на запреги често кршат неколку закони: за јавна чистота, за благосостојба на животните, како и оној за безбедност во патниот сообраќај, кој налага дека запрежните коли мора да се осветлени навечер со една или две светилки, задолжително да имаат исправна задна кочница и да бидат регистрирани. Велат, време е Советот на Скопје да реши спас за коњите или ќе ја гледаме нивната смрт на улиците. - Свесни сме дека коњите најчесто ги користат сиромашните слоеви на населението, оние на кои судбината и општеството не им дала поинакви опции, оние што немаат услови за поинаку. Со нив сочувствуваме и не осудуваме никого, но сметаме дека никој нема право да живее врз маките на недолжните животни. Бараме Скопје да биде препознаено по хуманоста, а не преку измачувањето на животните по улиците, кое е трауматична слика за секој жител, но и за многуте странски посетители што н` контактираат и кои се шокирани од она што го гледаат - велат во „Анима мунди“. Активистите посочија дека концептот ќе го разработат детаљно со цел никој да не претрпи штета. Активностите би се одвивале во фази, а приоритет да биде одземање на оние коњи што се најболни и истоштени. http://skopjeinfo.mk/gradot/484034825/peticija-za-zabrana-na-vlecen-soobrakaj-vo-urbano-skopje |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() прв пат некаква организација за заштита на животни всушност да биде корисна ![]() ![]() |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Колку што не можам да го поднесам системот за перење мозок на рајата, исто толку овие Анима Мунди не можам да ги поднесам. Требаше да угинат неколку коњи, за на нив да им текне нешто да преземат. И што е потрагично, пак не преземаат ништо, туку прават онлајн петиција. Немам ништо против мачињата и кучињата, али мислам дека претерано грижа водат за нив, а ова со запрежниве коли колку што е проблем за животните, толку е и за целиот град. Да не заборавиме дека коњ угина и во Куманово, а претходно и на филм на Столе Попов. Премногу инертни и незаинтересирани се Анима Мунди, така да според мене ова им е закаснет обид. Али пошто сме научени кај нас гласот на обичниот човек да не се слуша, а организациите што имаат влијание да ќутат, сепак ова е голем чекор напред.
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
а петицијата каде може да се потпише ?
|
|
![]() |
|
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
Еве линк од петицијата :
http://www.peticije24.com/92842 Браво за Анима Мунди ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Коњи ги запоседнуваат јавните површини
![]() Метрополата личи на времето кога крупен добиток беше вообичаена глетка во центарот на градот Запрежните коли сѐ почесто ги има низ градските улици, но и низ парковите и поголемите зелени површини низ градот. Граѓаните често дојавуваат дека се сведоци на вакви глетки, но уште повеќе се вџашуваат од снеможени или пцовисани коњи паднати среде улици, или пак од постапките на нивните „газди“, кои немилосрдно удираат со камшик по нивните слаби и снеможени тела. Трауми не доживуваат само возрасните туку и децата, кои воопшто не можат да сфатат зошто „чичкото го удира коњот по грбот“. И тоа не е единствениот проблем. Сопствениците на запрежните коли ги исцрпуваат животните, малтретирајќи ги да го влечат возилото по високи или ниски температури, по дождови и лизгави улици, по угорници и удолници, па во обид да ги одморат од напорната работа, застануваат и се паркираат во зеленилата или парковите во Скопје, каде што го одврзуваат животното и го пуштаат неконтролирано да се движи низ тревата, паркот или детските игралишта. И да, сите би се согласиле дека коњот заслужува да биде ослободен и слободно да трча и да пасе трева, но, сепак, тоа не треба да биде во населени места каде што трчаат и играат деца и каде што е голема фреквенцијата на луѓе. – Летово имавме навистина многу непријатна глетка предизвикана од сопственик на запрежна кола. Коњот беше слободно пуштен буквално кај нас пред врата, бидејќи имаме огромно зеленило пред куќата. Моите деца играа со топка со другарчињата и ненадејно топката случајно им избега кон коњот. Животното, што е и нормално, се исплаши, па за да се одбрани се затрча кон децата. Сите се исплашивме, почнавме да трчаме, да ги земаме децата, кое во раце, кое за рака, за да избегаме и да влеземе во дворовите, за коњот да не ги повреди. Сопственикот на коњот никаде го немаше. Дојде дури по половина час. За среќа, коњот си се врати повторно на пасењето трева, но ние и нашите деца останавме затворени, затоа што ни беше страв да не ни се пушти коњот повторно – вели Филип Здравковски, жител на Бутел. И ова не е единствен таков инцидент. И возачите велат дека коњите знаат да предизвикаат хаос во сообраќајот, особено доколку некој е доволно трауматизиран од сопствениците, па доживее некаков страв додека се движи по улицата. – Верувајте ми, кога ќе видам запрежна кола на улица, јас бегам, затоа што коњ ми скокна со двете предни нозе на автомобилот и ми го искрши ветробранското стакло. Неговите копита беа во скутот на жена ми. Оттогаш ги избегнувам таквите возила, затоа што не сакам повторно да доживеам таква траума – вели Благоја Трајковски. За граѓаните, сепак, најжално е што коњите се измачуваат и што се малтретирани од страна на нивните сопственици. – Гревота е да се гледаат коњите снеможени, со видлива неухранетост и со рани по телото од ќотекот што секојдневно го добиваат. Затоа и толку често низ улиците се соочуваме со паднати и колабирани коњи, кои биле доволно несреќни да добијат бездушни сопственици – вели Тања Вељанова. Градските власти велат дека во овие случаи интервенираат на база на неколку основи. – Во случаите со коњи, ние како институција интервенираме на неколку основи за овие прашања. Ако животно (во случајов коњ) почине на јавна содржина, екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ја подигнуваат мршата – информираат оттаму. Од градот додаваат дека во случаите кога коњи шетаат слободно низ јавни површини и паркови, ги заловуваат и транспортираат. – За случаи со коњи што слободно шетаат по паркови и јавни површини, ЈП „Комунална хигиена“ набави приколката за превоз на крупен добиток (сега предадена на ЈП „Лајка“). Оваа приколка се набави по иницијатива на месните заедници и на граѓаните, бидејќи имаше многу случаи кога коњи шетаа по јавните зелени површини и по жардиниери низ градот, а имавме проблем како да ги пренесеме од местото на заловување до местото одредено за престој – велат оттаму. Градските власти велат дека за изминативе години неколкупати е интервенирано за вакви ситуации, но никој не се појавил да ги подигне животните. – Во голем број случаи никој не дојде да ги подигне животните, по што тие беа однесени во резерватот во националниот парк Јасен – информираат надлежните. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/коњи-ги-запоседнуваат-јавните-површи/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Напуштените и изнемоштени коњи конечно ќе бидат згрижени
Покрај грижата за кучињата кои немаат сопственик, од оваа година, ЈП „Лајка“ во рамките на програмата за хуман третман и благосостојба на животни скитници на подрачјето на Град Скопје, ќе ја вклучи и грижата за коњите во својата програма за работа. – Со оглед на тоа дека коњите неретко се користат како превозно средство, а рутинската грижа на коњите е значаен и постојан трошок, многу често се случува колабирани и угинати животни да гледаме на улиците на територија на Град Скопје. Набавната цена на коњот, честопати е помала од трошоците за негово одржување на годишно ниво, затоа често пати се наоѓаат напуштени, изнемоштени во различни региони во главниот град. Земајќи ја предвид сериозната ситуација на овие животни, прифатилиштето на ЈП „Лајка“, оваа категорија на животни ја приклучува во Програмата за хуман третман и благосостојба на животни скитници за 2021 година, преку неколку активности, а согласно со годишната наредба за здравствена заштита на животните од Агенцијата за храна и ветеринарство – стои во Програмата на ЈП „Лајка“ за 2021 година. Активностите во кое ќе биде вклучено ЈП „Лајка“ се: извештај од доктор по ветеринарна медицина за животното, заловување на коњ, транспорт на коњ, храна за коњи и прва медицинска помош кај коњи. – На коњите им треба постојан пристап на суво, безбедно засолниште за да се заштитат од дожд, силен ветер, снег, екстремно високи и ниски температури, редовно снабдување со храна и вода, одржување на копитата, потреба од ветеринарна нега (најмалку еднаш годишно треба да се вакцинираат од тетанус и други болести и да се прават испитувања и контроли), ставање под антипаразитски режим од стручен доктор за коњи, според годишната Наредба за здравствена заштита на животните од Агенцијата за храна и ветеринарство, што доколку не се направи, може да предизвика сериозни болести и смрт – се вели во Програмата. Од ЈП „Лајка“ објаснуваат дека тие како јавно претпријатие ќе бидат вклучени во заловувањето и третманот на напуштените и изнемоштени коњи, но како претпријатие немаат ингеренции да одземаат коњи од сопствениците. Сепак, согласно Програмата за хуман третман и благосостојба на животни скитници на подрачјето на Град Скопје на ЈП „Лајка“ за 2021 година, тие ќе бидат вклучени во заловувањето и транспортот на коњите кои ќе бидат одземени од Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за одземен имот. ЈП „Лајка“ во моментов работи на обезбедување на соодветен карантин за овие животни. Транспортот ќе го извршуваме со соодветна приколка, која веќе е подготвена – информираат од јавното претпријатие од каде што велат дека, нивните екипи на терен ќе работат согласно наредбите и решенијата издадени од надлежен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од Агенција за храна и ветеринарство објаснуваат дека освен нив, ингеренции за одземање животни има и Министерството за внатрешни работи и тоа во случај на констатирани прекршоци од Кривичниот законик (член 233 – мачење животни) и Законот за заштита и благосостојба на животните (член 4 став 6). Оттаму додаваат и дека одземањето на животните треба да е во соработка и со информирање на Агенцијата за управување со одземен имот. Кога станува збор за движењето на запрежни коли низ скопските сообраќајници, од Агенцијата за храна и ветеринарство објаснуваат дека движењето на запрежни коли е дозволено само доколку се исполнети повеќе услови од повеќе области. – Примарно е да бидат исполнети условите за безбедност во сообраќајот и да се запази благосостојбата на животните (животното треба да е микрочипирано, во добра здравствена состојба и кондиција и да не биде принудувано на работа која го надминува неговиот физиолошки капацитет). Надлежност за регулирање на нивното учество во сообраќајот има Министерството за внатрешни работи – Сообраќајна полиција, во однос на Законот за безбедност во сообраќајот. Точно се знае под кои услови и на кои улици смее да се движат запрежни коли – објаснуваат оттаму. Агенцијата за храна и ветеринарство минатата година организираше кампања за подигнување на јавната свест за заштита на работните коњи преку закуп на билборди, видео спот кој се емитуваше на телевизиските станици и одржување на работни состаноци со повеќе институции. Според најавите, кампањата ќе продолжи напролет. https://www.slobodenpecat.mk/napushtenite-i-iznemoshteni-koni-konechno-ke-bidat-zgrizheni/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Таман може да направат уште едно ново претпријатие за коњи, "ЈП Букефал" или "ЈП Шарац" по коњот на Крале Марко, ем не да биде антиквизаторски по Букефал, ем ќе ги нервираат малку бугарите по Крале Марко како припадник на српска средновековна династија.
![]() Edited by user8642 - 03-Feb-2021 at 17:23 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 456 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |