![]() |
![]() |
![]() |
Св. Климентов Универзитет на Плаошник |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 15> |
Author | ||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Уште е рано да давам оценки за проектот но чудна ми е предпоследната слика на која се гледа дека објектот се гради врз темели од некој друг објект. Предпоставувам дека темелите ќе останат такви какви што се. Но факт е ако се одело на таа варијанта дека плафонот е премногу низок.
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
тоа веќе го има во црквата на `Плаошник` каде над старите зидини се ставаше оловна лента и врз неа се наставува новиот ѕид.јасна е разликата до каде е старата градба а од каде започнува новата
Edited by gjoko - 26-Apr-2014 at 00:03 |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Ѓоко го знам тоа но мислам дека во овој случај се работи за нешто друго. Јас како што гледам од сликите врз старите темели има изградено комплетно нова карабина и не се работи за доградување или реставрација како во случајот со Плаошник. Од тука ми е чудно што плафонот на први спрат е многу низок а зидините од руините сеуште стојат. Ќе разберев да беше цела конструкција повисока па да сакале да ги заштитат руините. Вака барем на прв поглед многу несмасно изгледа. Но како што реков не сум стручњак и можеби финалното решение ќе ме демантира.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() фото: Роберт Алаѓозовски |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|
Неофицијално, од страна на УНЕСКО на Владата и се дадени 2 опции. Првата е да ги руши овие монструми. Оваа опција ќе значи поставување на Охрид на листата Светско наследство во опасност. Втората е да продолжи градењето со што Охрид ќе го изгуби статусот на светско наследство.
Владата го крие извештајот на УНЕСКО кој според нивните внатрешни правила бил изготвен и ни бил испратен најдоцна во март 2014 година. УНЕСКО нема да го објави се додека Владата не се изјасни. Рокот е 6 месеци. Според тоа, а имајќи ги предвид тековните градежни активности, извесно е дека ќе останеме без претставник на УНЕСКО листата. Пред една седмица бев на Плаошник со поголема група странци. Никој не можеше да разбере која е потребата од сквернавење на историјата и затворање на еден од најубавите погледи во Европа. |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Можеби си во право, но доколку се следи примерот на Дрезден, таму УНЕСКО уште при плановите за градба реагираше многу остро и јавно, а воедно при самото започнување со градба на новиот мост, Дрезденската долина на Елба беше тргната од списокот на културно наследство, така да ова ми е чудно. Плус, Охрид е заштитен и како природно и како културно наследство, а самите објекти реално може да прават штета само на градот Охрид како културно наследство, додека Охридското Езеро не гледам со што е загрозено.
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Ако изградбата на овој монструозен комплекс продолжи, ајде да бидеме објективни, Македонија апсолутно заслужува да го изгуби статусот на Охрид како дел од светското културно наследство. Како што спомна ehrlich, Охридското езеро е на листата на природно наследство и во секој случај ќе ни служи како утеха дека ни останал барем еден ентитет на листите на УНЕСКО, барем додека не го упропастиме и самото езеро до таа мерка да биде избришано и тоа, достигнување за кое сме на добар курс. @ OCB Значи работата е или во листата на загрозено светско наследство или комплетно во аут? Сегашниот статус секако ќе се менува? Ме буни што точно повлекува таа листа на загрозено светско наследство. Некакви негативни последици, или можеби некаква помош? Единствено објаснување во врска со таа листа што го пронајдов е следниов член на конвенцијата:
Океј еве да речеме преовлада разумот... ![]() Се расчистат тие глупостите на Плаошник и го стават Охрид на листата на загрозено светско наследство. Што би значел тој статус ин риал лајф? Edited by Cloverstack - 11-May-2014 at 21:35 |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
И да не заборавам, ако погледнете добро од пристаништето во Охрид кон стариот град, ќе забележите дека во моментов се градат МИНИМУМ 7-8 куќи. Ако подобро погледнете, ќе видите уште МИНИМУМ 5-6 куќи што се веќе изградени, а кои се без фасада, само цигла во градот ставен на листата на УНЕСКО.
Притоа, ова го говорам само за делот што се гледа од пристаништето, ако прошетате низ стариот град ќе видите барем уште толку објекти што се градат или се веќе завршени без никаква фасада. Но и ова ќе биде тема за обработка и истражување во многу брзо време... |
||
![]() |
||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|
Живеев во Дрезден во 2005-06 па имав можност да ги следам настаните од таму. За разлика од кај нас, граѓани и невладини го известија УНЕСКО за планот на градот да гради мост преку Елба. По поплаките и кога се дозна дека е усвоен план за изградба на мостот, во 2006 долината беше ставена на листата на загрозено наследство, во 2007 започна да се гради мостот, а кога во 2009 беше извесно дека проектот нема да биде стопиран, статусот беше одземен. На телевизија и во весниците можеа да се видат безброј дебати и анкети во врска со градежниот план и можноста да се изгуби статусот. Таму беше јавно затоа што јавноста и медиумите го направија такво, а градот и државата не ги криеја деталите поврзани со средбите со УНЕСКО. Останува да се види дали градбите на Плаошник го засегаат само градот или и природата. Всушност заштитен е голем дел од Охридскиот регион и дел од езерото. Еден цел рид е пополнет со градби и тоа нормално дека ја нарушува и природата.
Неофицијално, сегашниот статус ќе се промени. Листата на загрозено светско наследство може да повлече и негативни и позитивни последици. Во нашиот случај би била користена како закана дека ако не постапиме по препораките на УНЕСКО ќе ни биде одземен статусот (случајот на Дрезден). Ова е механизам на УНЕСКО да ја подигне свеста на локално и меѓународно ниво со цел да предизвика мерки што ќе придонесат да биде вратен претходниот статус. Позитивни последици би имало кога на пример некое наследство е оштетено од природна непогода па да се биде на листата значи и можност да се добијат средства од УНЕСКО за санирање на оштетувањата. Да не заборавиме дека целта на посетата на УНЕСКО не беше само Плаошник. Се проверуваше цел заштитен регион во кој знаеме дека има засилени градежни активности, дел од кои и многу близу до крајбрежјето на езерото. Дополнително, квалитетот на неколку реки што се влеваат во езерото е од трета категорија. Наскоро на виделина ќе излезат и други проблеми што ние како општество или не ги сметаме за такви или некој не сакал да допрат до нас... |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека Климентовиот Универзитет е најмалиот проблем со кој се соочува Охрид, а се однесува на УНЕСКО статусот. Во градското јадро се градат многу нови куќи, крајбрежјето е буквално сатанизирано со нови огромни објекти и плажи на секој чекор. Да не зборуваме за реките кои се вливат и на некој места непостоечкиот или нефункционалниот колекторски систем. Како резултат на оваа дивјаштво е исчезнувањето на лебедите од Охрид како и намалување на фондот на Охридката пастрмка и други ендемски видови.
Значи на Охрид му се собрани многу работи кои се собирани со години па дури и со децении. Затоа мора да се биде многу внимателен со вакви специфични случаи каде што треба да се најде баланс од една страна да се обезбеди егзистенција на граѓаните а од другата страна да се зачуваат културините и природните вредности. Што се однесува до Свети Климентовиот универзитет секако дека има простор за критика и дебата особено поради гломазноста и бројот на објекти. |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Преспанско-охридскиот регион ќе биде прогласен за прекуграничен биосферен резерват
Одлуката за ова се очекува да биде донесена на 10/11 јуни на состанок на УНЕСКО во Шведска, како што и пишува во статијата, па ќе видиме дали е вистина заканата за одземање на статусот. Исто така, годишниот состанок на Одборот на светското наследство на УНЕСКО ќе се одржи од 15 до 25 јуни во Катар, каде се донесуваат крупните одлуки за одземање/додавање на статус на некое наследство, така да ќе видиме што ќе се случи. |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Алфа екслузивно ви го претставува новиот изглед на Плаошник
Ридот на Охридското Езере кое е едно од најголемите духовни и интелектуални светилиштa станува културенн и научен центар. 08.06.2014 18:20:01 Share on facebookShare on twitterShare on emailShare on printMore Sharing Services 0 Ридот на Охридското Езере кое е едно од најголемите духовни и интелектуални светилиштa станува културенн и научен центар. Жариштето на словенската писменост и култура полека го добива новиот лик, но се задржува автентичноста на охридската архитектура. Интензивно се работи на возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник. Алфа екслузивно ви претставува како ќе изгледа сеќавањето за светиклиментовото време и дух во модерно значење. Со одобрение од Министерството за транспорт и врски на локалитетот се градат три комплекси со објекти согласно деталниот урбанистички план на град Охрид едногласно донесен во 2010-тата и по препораките на УНЕСКО. На површина од околу 900 квадратни метри од левата страна на црквата ќе се простираат манастирските конаци. Веднаш до нив ќе биде резиденцијата на МПЦ. На местото на охридската школа на Свети Климент, сега ќе биде богословскиот факултет. Зградата во која ќе бидат сместени амфитеатарот и предавалните е спој на традиционалната охридска и црковна традиција. Dо Универзитетот, ќе бидат изграден Музејот. Подот во оваа зграда чија градба е инспирирана од охридската традиционална куќа ќе биде стаклена галерија од каде што ќе се гледаат археолошките остатоци од светиклиментовиот универзитет. Во овој комплекс ќе се наоѓа и една од најбогатите библиотеки на Блаканот во која ќе можат да се пронајдат голем број од книжевните дела на големиот учител и просветител. Во вечното светилиште ќе биде сместена и галеријата на охридски икони кои се со непроценлива вредност. Свое место во зградата ќе добие и МАНУ за меѓуакадемски научни средби. Плаошник ќе има и свој плоштад. Новоизградените објекти со пешачки патеки ќе бидат споени со ова централно кружно место каде е лоциран споменикот на Свети Климент под кој се наоѓа вечниот оган. Одовде ќе се гледаат сите градби, во кои се наталожени слоеви историја, кои с есимбол и печат на времето во кое се создава. Посетителите ќе можат да уживаат и во светиклиментовата градина, катче за одмор и креативна инспирација. Возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет е доказ дека делото на најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј е непресушен извор. Сеќавањета за него ќе бидат мотив за создавање на подобра, похумана и поцивилизациска утрешница. Бојана Димитријевска http://www.alfa.mk/News.aspx?id=77853#.U5SZQ3KSwrU ПС.Во вестите имаше и интервју со министењрката за култура Е.К. која посебно ја истакна соработката со УНЕСКО за овој проект и позитивните оцени од нивна страна.Се надевам дека `не прави филмови`,т.е. не лажи за тоа |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Еве го интервјуто со Министерката во врска со УНЕСКО и некој други детали околу изградбата.
Факт е дека некој забелешки од УНЕСКО се прифатени, сега за сега намален е бројот на објекти и катноста. |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
И уште еден прилог на АЛФА каде што на видеото можат да се види до каде е изградбата. Меѓу другото објаснето е и моето прашање од погоре во врска со старите темели.
Плаошник - спој на духовното и световното, проект кој го враќа она што го зело времето Проектот треба да ги спои духовното и световното, да ги премости вековите и милениумите, да го надгради пејзажот обединувајќи ги во една визура Самоиловата тврдина, црквите Св. Климент и Пантелејмон, Св. Јован Канео... Охрид дефинитивно е македонскиот духовен центар, а Плаошник неговото најсвето место. На овој мал простор има најмалку две ранохристијански базилики изградени од 4. до 6. век и најпознатата Св. Климентова црква која етапно се градела од 9. до 14. век. Овој храм со доаѓањето на Османлиите бил урнат, а на неговото место се издигнала Имарет-џамијата. По повеќе од 5 векови, црквата која првично ја направил самиот Св. Климент беше повторно изградена во 2002-та. Оттогаш нејзината духовна големина привлекува и Македонци и странци. Успешниот пример на враќање на она што го зело времето треба да се преслика и на дополнителните содржини на кои интензивно се работи. При изградбата на новите објекти особено се внимава на археолошкото наследство. Оваа римска цистерна за вода беше неодамна откриена и целосно конзервирана, а ќе се вклопи во новиот комплекс. Од римскиот период пронајдени се и бањи, како и делумно сочуван храм посветен на Дионис. Но, овој рид пулсирал со живот и многу порано. Има гробници од 8. век пред новата ера односно од железното доба, остатоци и мозаици од македонската антика. Ништо од ова нема да биде урнато, се ќе биде вклопено во новите објекти. Најважен дел од овој проект се археолошките истражувања – конзервацијата и реставрацијата на историското наследство кое овде се таложело со векови. Археолозите со години откриваа слој по слој. Пронајдоа ретки и вредни фигури, накит, монети. Сите овие артефакти ќе бидат изложени во новиот Музеј, каде ќе биде преместена и галеријата со највредните икони од охридскиот крај, како и библиотеката со најретките ракописи. На ова место во 886 година била формирана Охридската книжевна школа – првиот словенски и еден од најстарите европски универзитети. Новите објекти треба да ја возбноват традицијата подолга од еден миленум. Проектот треба да ги спои духовното и световното, да ги премости вековите и милениумите, да го надгради пејзажот обединувајќи ги во една визура Самоиловата тврдина, црквите Св. Климент и Пантелејмон, Св. Јован Канео и околната традиционална архитектура. Овој простор во некогашниот Лихнидос, сегашниот Охрид треба да го рефлектира времето во кое се создавале глаголицата и кирилицата, во кое твореле просветителите. Никола Крстиќ http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=77848#.U5V-D_l_v9U Морам да кажам дека вака редефинираниот и корегиран проект ми се допаѓа многу повеќе од првичната замисла. |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Сликава е од 6 јуни.
![]() Edited by Џоле - 11-Jun-2014 at 15:26 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Регионот Охрид-Преспа прогласен за меѓуграничен биосферен резерват на УНЕСКО Очигледно чим од УНЕСКО се одлучиле и за дополнување на заштитата на Охридското Езеро на овој начин, веројатно се исполнети и понатаму условите за заштита на езерото. Што се однесува до самиот град, тоа е веќе друга приказна, ќе треба да прикачекаме официјални новости. Edited by ehrlich - 15-Jun-2014 at 17:07 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 15> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |