build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авијација и сè што е поврзано со летање (видео)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 21-Jan-2011 at 13:21
Originally posted by lslcrew

atclwsk и јас имам неколку прашања. Има ли некоја идеја, имало ли за уште некоја писта изградба. Дали паралелна покрај автопатот под некој агол со оваа с. Мралино с. Чојлија, или па паралелно на Бунарџик, или па од другата страна на м1 во полигонот Чојлија. Некаква варијанта се вртело ли некогаш?Како е означена трасата од автопатоот што треба да е резервна писта. Има ли броеви свои и дали воопшто некогаш се случило да се искористи или да има барем случај кога некогаш била на работ на искористување? Имало ли некогаш таква ситуација да се помислило на оваа опција?


Originally posted by гитардемон

Читав баш пред некој ден за ова на форумот avijacija.mk и постарите членови (поранешни припадници на југословенското воено воздухопловство) кажуваа дека имало луѓе од ЈНА (ЈВВ) на пунктовите за наплата на патарина кои биле обучени во рок од половина час да ја уредат таа делница за слетување. Значи тргање на средишната ограда, поставување на светлосни уреди, и сè друго што подразбира подготовка за слетување. Не знам дали луѓето од цивилното воздухопловство имаат врска со тоа, сум добил впечаток дека тоа било повеќе за итни случаи на военото воздухопловство, на пример во вонредна состојба.

Го затрупавме човекот со прашања, но има и што да сподели со нас.



Јас колку што знам нема никаков план за правење уште една полетно слетна патека, барем не во следните 20-30 години, а мислам и дека никогаш немало. Во врска со правата делница после наплатната рампа кон Скопје, јас не сум сретнал ниту еден документ каде е обележана таа траса како резервна писта. За тоа знам колку и вие, и никогаш не сум слушнал да била на работа на искористување. Како што кажува и гитар, можеби тоа било дел од ВВ.
Back to Top
firefox View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote firefox Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 21-Apr-2012 at 21:00

Здраво момци,

Правиот дел на автопатот на излез од Скопје према Велес негде после надвожњакот кај Идризово пред првата наплатна рампа е планирана и всушност била резервна полетно-слетна писта за ловечко-бомбардерските единици сместени на воениот дел од аеродромот Петровец за време на бившата ни заедничка држава. Предвидено било во случај на онеспособување на полетно-слетната писта на аеродромот во услови на војна или пак во случај на несреќи овој дел од автопатот да се користи за таа намена. Постои тесен пат за таксирање кој го поврзува автопатот со т.н. Јужна стајанка од воениот дел на аеродромот која сега е вон употреба по превземањето на тој дел од аеродромот од страна на ТАВ.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 21-Apr-2012 at 21:08
Точно така
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 16-Jul-2012 at 21:34
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 05-Sep-2012 at 09:39
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 07-Sep-2012 at 00:51
нешто интересни линкои за моторни делтаплани залутаа во космологија [1] но ќе преживеат и вака, а во контекст ето и светски претседател качен на еден







Путин, после летот, 5 септември 2012 За рускиот претседател водењето држава не е доволно интересно. Тој вчера со моторна едрилица морал да ги одведе сибирските птици на безбедно. Во операцијата „Борба на надежта“ тој водел шест мали птици на нивниот прв миграциски лет од сибирските студени краишта до потоплите јужни предели.

Сибирските птици сепак се израснати со способност да го најдат патот до јужните краишта без никаква помош, но бидејќи на претседателот (најверојатно) му е здодевно од водењето држава, решил овој пат тој самиот да ги одведе птиците.

Ова не е прва публицистичка егзибиција на Путин, тој за неговиот шеесети роденден е сликан како убива тигар, а еднаш има убиено и сив кит. Во април 2010 година тој е сликан како прегрнува поларна мечка и, има управувано со авион за гаснење пожари над еден пожар во централна Русија. Минатата година тој нуркаше до потопениот антички град во Фанагорија и, се возеше заедно со моторџиските групи Харли Дејвисон и Ноќни Волци.

Сибирските птици сепак се израснати со способност да го најдат патот до јужните краишта без никаква помош, но бидејќи на претседателот (најверојатно) му е здодевно од водењето држава, решил овој пат тој самиот да ги одведе птиците.

Ова не е прва публицистичка егзибиција на Путин, тој за неговиот шеесети роденден е сликан како убива тигар, а еднаш има убиено и сив кит. Во април 2010 година тој е сликан како прегрнува поларна мечка и, има управувано со авион за гаснење пожари над еден пожар во централна Русија. Минатата година тој нуркаше до потопениот антички град во Фанагорија и, се возеше заедно со моторџиските групи Харли Дејвисон и Ноќни Волци.

http://think.mk/2012/09/06/putin-ima-povazhna-rabota-od-vodene-drzhava/




Edited by Max - 30-Jun-2017 at 21:31
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 12-Oct-2012 at 23:00

     

 



Edited by Max - 12-Oct-2012 at 23:00
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 14-Oct-2012 at 22:32

 

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 09-Nov-2012 at 20:38


http://en.wikipedia.org/wiki/Non-stop_flight#Longest_flights

http://www.dailymail.co.uk/news/article-2222956/Worlds-longest-commercial-non-stop-flights--Singapore-U-S--cancelled.html
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 603
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 09-Nov-2012 at 21:34
само кај Ербасите, некоја си пумпа за притисок лае како куче, лично сум ја слушал и не е баш пријатно внатре во кабинатам но срека лае само додека таксира авионот







Edited by vladegf - 09-Nov-2012 at 21:41
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 09-Nov-2012 at 21:44
Previous
 
Повеќе звучи на парна локомотива, уште свирката на локомотивата недостига и ќе звучи како воз.
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 17-Nov-2012 at 19:14
Originally posted by vladegf

срека лае само додека таксира авионот

така е,додека таксира и евентуално при полетувањето
Mir - If you're taxiing on one engine only (which a lot of airlines do these days), the PTU will start doing its thing once the pressure differential between the systems goes out of limits. http://www.airliners.net/aviation-forums/tech_ops/read.main/185263/


а си чул ли некогаш дека можеш и ти да лаеш додека леташ,исто ко лајка,само уплати си аранжман за Миг29 и опушти се добро за да не почнеш и да завиваш http://www.mytravel.hr/posebna-ponuda/let-u-ruskom-borbenom-zrakoplovu-mig-29 за 12.000 евра 25 минути прошетка со мигот,за 16kue-45мин,а за 20k имаш и лет до орбита,иако најдобро е сам да се распрашаш ако навистина се заинтересираш со оглед дека истраниве ко агенција ем хрватски стандард клесаат отпојќе него реалната цена од 11k$,таман разликата да ја дадеш на смештај,сувенири и дружење!

https://www.bing.com/videos/search?q=Flight+to+%22Edge+of+Space%22+in+MIG+29&FORM=HDRSC3




Edited by +Protagorist - 30-Jun-2017 at 21:15
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 19-Nov-2012 at 12:20

секоја чест за познатиот Струмичанец (двојник на сегашниот претседател на РМ) што си напраил карневал на Батајница,не дека е прв во светов со вакви идеи,но прв е што надитрил со макети современи технологии како сателити,им бабнал тоа запалени буриња под макетите и напраил од нив и веродостојна термална патка

29 DEC 2010 - HEROJ BEZ ODLIKOVANJA - KAKO JE NEKADAŠNJI VOJNI PILOT ĐORĐE IVANOV NADMUDRIO NATO GENERALE



Iako za svoj podvig nije dobio ni zahvalnicu, najveća satisfakcija za ovog hrabrog potpukovnika bila je u tome što su neprijatelji umesto srpskih “migova” na batajničkom aerodoromu sravnili sa zemljom – makete



Mada je od NATO napada prošlo deset godina, tek ove se saznalo da je mnogobrojne vojne planere i generale, kao i najsavremeniju vojnu tehniku 19 najmoćnijih zemalja sveta nadmudrio samo jedan čovek koji ne samo što nije imao više milijardi dolara budžeta, na hiljade operativaca i inženjera – kao ispomoć, već čak ni pomoć sopstvene vojske. Među herojima odbrane SR Jugoslavije 1999. zlatnim slovima će ostati upisano i ime potpukovnika 55-godišnjeg Đorđa Ivanova, poznatog slikara i nekadašnjeg pomoćnika komandanta 204. lovačko avijacijskog puka iz Batajnice, Makedonca koji i danas živi u Beogradu.



Doduše, iako je državi tokom rata bukvalno uštedeo najmanje 200 miliona evra jer je svojim “patentnom” – maketama borbenih aviona “MiG-29″, spasao veći deo najmodernije srpske avijacije na vojnom aerodromu Batajnica, Ivanov za svoj podvig nikada nije dobio ni odlikovanje, ni priznanje, čak ni običnu čestitku. Da apsurd bude kompletan, mada je rat uveliko besneo, većina srpskih generala ga je podržala tek pošto se u praksi pokazalo kako i nepunih 500 evra uloženog u “staro gvožđe” može da nadmudri najsavremenije satelite i uređaje za osmatranje vredne milijarde dolara. Naime, NATO avijacija je prestala da gađa aerodrom kada su uništili šest “MiG-29″. Tek kada je prošao rat saznali su da su umesto aviona zapravo pogodili – šest maketa!



Trojanski konj

- Prvog dana agresije, na aerodromu Batajnica je bilo stacionirano šest “MiG-29″ u borbenoj funkciji. Nije bilo dileme da su uz piste i ti avioni meta napada i da neće odustati dok ih ne eliminišu. Dok su te noći bombe besomučno rovale pistu i hangare, a ja nisam znao ni da li ću dočekati jutro, odlučio sam da, ako preživim, nadmudrim NATO na isti način na koji su Grci nadmudrili Trojance. Setio sam se detinjstva, kada sam sa 12 godina u rodnoj Strumici od dasaka sa taraba i poljskih WC-a napravio pravog Trojanskog konja visokog četiri metra. Doduše, tada sam se jedva spasao komšijskih batina, a sada sam želeo da spasem naše vredne avione – priča Ivanov za koga su “Trojanski konj” bile makete od drveta migova 29. “Mere” je uzeo s plastičnog modela, a zatim pokušao da svoj naum objasni nadređenima.

- Kada su drugog dana NATO bombardovanja našu jedinicu obišli komanda Ratnog vazduhoplovstva i predstavnici lokalne vlasti Stare Pazove, nekolicini sam pokušao da kažem šta hoću, alisamo bi odmahivali rukom uz rečenicu: “Kakve, bre, makete Đole, čoveče rat je”. Na kraju je general Spasoje Smiljanić klimnuo glavom samo da bi me se ratosiljao, ali za mene je to bilo dovoljno – priča sagovornik “Vesti” koji je sa još desetak drugih entuzijasta, svakodnevno rizikujući živote, krenuo u ostvarenje tog nauma i ne znajući da sem NATO avijacije i raketa, za protivnika imaju i “srpsku glupost”.

- Za prvu maketu nam je bilo potrebno 25 dana. Verovatno bismo sve završili i ranije, ali imali smo problem da nabavimo čak i najobičniju šperploču. Direktori nekih firmi nisu ni hteli da čuju za nas, a da apsurd bude veći neke vojne ustanove nisu htele da nam daju ni 100 litara farbe da bismo obojili makete – priseća se Ivanov svojih muka, ali kada je ta prva maketa izašla na otvoreno, a posle nekoliko sati zvaničnici NATO u Briselu saopštili kako su uništili još jedan “MiG 29″ – srpski generali su shvatili da je operacija “Trojanski konj” pun pogodak.







Poslednja odbijenica

- Dobili smo “odrešene ruke” i nije bilo većeg zadovoljstva nego da u tim direktnim prenosima iz Brisela slušamo NATO generale kako se hvale uspesima u Batajnici. Međutim, meni je srce bilo puno kada je na pistu izašao komandant 204. lovačko avijacijskog puka, pokojni pukovnik Milenko Pavlović i kada je videvši našeg “miga” upitao: “Đole, zašto ovaj avion nije naoružan?” – seća se naš sagovornik i dodaje da je na isti način bila zavarana i najmodernija tehnologija i ljudstvo NATO-a.

- Upravo da neprijatelji ne bi posumnjali, već smo u drugu maketu ubacili radio-stanicu, a zatim i burad sa kerozinom koje bi zapalili kako bi se stekao utisak da je pilot pokrenuo motore. Nijednom nisu posumnjali da ne gađaju migove već šperploču i lim. Doduše, moja strategija je i bila da se naše makete pojavljuju na mestima za koje su oni očekivali da bi mogle biti poletno-sletne staze – kaže Ivanov, koji da je sa NATO generalima igrao šah, moglo bi se reći, da ih je matirao u šest poteza. Doduše, za taj podvig nikada nije dobio bilo kakvo priznanje, a već posle dve godine je bio prinuđen i da se penzioniše. Ipak, najbolnije mu je što je nedavno, sa svojim saborcima iz rata pokušao da od gradonačelnika Beograda Dragana Đilasa izmoli oko 3.000 evra kako bi maketu poslednjeg “miga” koju su uradili, a nije pogođen, reparirali i postavili u Vazduhoplovni muzej uz ostatke aviona F-117 A. Da se nikad ne zaboravi!

- Ta maketa nije pogođena greškom NATO pilota, pa smo tako sačuvali deo istorije. Maketa je i dalje u Batajnici, ali je već počela da se raspada. Zbog toga smo i tražili od Đilasa pomoć da je repariramo. Međutim, odgovorio nam je da mu te pare trebaju za predstojeću Univerzijadu. Kao da je to neki veliki novac i kao da se Srbija stidi da pokaže na koji način je nadmudrila NATO – sa žaljenjem konstatuje potpukovnik Ivanov.







Na sve četiri strane sveta

Po profesiji ratni pilot, Ivanov je inače jedan od priznatijih srpskih slikara i ikonopisac koji je do sada imao više od 55 samostalnih i grupnih izložbi na sve četiri strane sveta. “U lepom sećanju su mi ostala druženja sa našim ljudima u Slovačkoj, Francuskoj, Austriji, Italiji, Bugarskoj, Americi. I za pilote i za umetnike je najvažnija ta “treća dimenzija”. Bez nje nema ni letenja ni slikanja – tvrdi ovaj umetnik i ponosno ističe da je najveće priznanje dobio rođenjem sina Jovana, 24. aprila 1999, u vreme kada je već stvarao makete. Ove godine, 10-godišnji Jovan već je imao i svoju prvu samostalnu izložbu u Vukovoj zadužbini na dan Svetog Save.

Trik za Amerikance

Koliko su Ivanove makete bile verodostojne mogli su da se uvere i svi koji su gledali film “Rat
uživo” Darka Bajića. Sa ratnim kolegom i “desnom rukom” Radojem Blagojevićem napravio je svoju sedmu maketu “MiG 21″. Doduše, za vreme rata planirali su da naprave i maketu “suhoja 35.”

-Želeli smo da zbunimo Amerikance, kako bi pomislili da smo od Rusa dobili nove avione, ali smo odustali jer je u komandi procenjeno da bi to moglo da proizvede znatne posledice – kaže Ivanov.







http://avijacija.com/?p=809



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 19-Nov-2012 at 17:14














HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 19-Nov-2012 at 19:51
знам за овој,ама има анегдота за вакви `херои` како вицот со рамбо кој слетал во Босна,ама речникот не ми дозволува да го напишам вицот
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 19-Nov-2012 at 22:00
Originally posted by +Protagorist

секоја чест за познатиот Струмичанец (двојник на сегашниот претседател на РМ) што си напраил карневал на Батајница,не дека е прв во светов со вакви идеи,но прв е што надитрил со макети современи технологии како сателити,им бабнал тоа запалени буриња под макетите и напраил од нив и веродостојна термална патка

 
Едно е двојник, а друго е имењак.
 
Ме збуни, си реков од каде сегашниов претседател има двојник, не сум слушнал да има брат близнак, а и не е по потекло од Струмица, туку од Валандово, цели 2 планини ги делат тие различни населени места.
 
Ме збуни бидејќи помнам дека покојниот Борис Трајковски беше по потекло од Струмица и има брат близнак.


Edited by Dexter26 - 19-Nov-2012 at 22:02
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 19-Nov-2012 at 22:38

хехе,Ти со буквар ме стрефи,а овој Ѓоко со пишман сеир,мене пак ме збуни стаклениот капак на кабинана од Галебот,па до толку да неможеле да најдат оригинална,бар нека излиеле од полнето стакло ако не им се фрлало камен за соодветно,хм чим општина си дозволову од готово вересија вадејќи на астал импровизации,тогаш разбирливо е што народ сам вади недоносени муабети пр. фонтаната на Тоше во Прилеп!

ако веќе сакале симболика за аеродром,требало најнапред ваквиот парк да го кренат кај касарната Гоце Делчев,ем не со што имаат при рака колку да се рече дека таму слетуеле авиони,туку да инсталираат реплика-макета на првиот авион што слетал таму Потез-29 бар имал патничка намена и немаше воопшто да асоцира на воена птица!

а за букварот,чоекот апла сличи со претседателот ни,ем од исти регион,ем исто име,ем и двајцата уметници в душа а професиналци во живот,ем не е претседателски двојник ако му е брат
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 19-Nov-2012 at 23:12
инаку имаме и астронаути за сограѓани,само што не се експонираат многу у јавност до душа имаме и светски терористи од типот на микросам но кого го боли уво освен тук таму некого на некој форум

http://www.ostertag.name/tweety/Modellbau/Turboplan/

МАКЕДОНЕЦ ВО ЛЕТЕЧКА ЧИНИЈА


Ванчо Салџиевски, некогашен директор на „Технометал“ и на „Славија“ раскажува за контактите околу производството на трбопланот односно на летечки чинии во Македонија

Една од можните дефиниции на Македонија е - земјата на пропуштените шанси. За некогашниот директор во "Технометал - Вардар" и на "Славија увоз-извоз" Ванчо Салџиевски (83) таа дефиниција е често на неговите усни. Како човек кој комуницирал постојано со претставниците на западната технологија, по службена должност, но и како човек заинтересиран да и' помогне во развојот на својата потесна и тогашна поширока заедница, овој некогашен борец во НОБ, денес витален старец, доаѓал во контакт и со многу иноватори и научници преку "железната завеса". Најнеобичната епизода во неговиот богат живот, поврзан со европските градови и фабрики, секако, е возењето во една необично аеродинамична машина, која за оние што би ја виделе оддалеку, секако, би ги вратила во сеќавањето сцените видени во документарните и во играните филмови за аферата Розвел (1947). За разлика од оние кои говорат за средби со претставници на вонземни цивилизации, Салџиевски говори за мудри и далекугледи индустријалци, кои користејќи ги најновите сознанија на технологијата, се обиделе да создадат машина за воздушен превоз која ги надминува границите на човековиот ум.

ВОНЗЕМЈАНИ На проспектот на фабриката од Клагенфурт, Австрија, во однос на нивните две летачки чинии стои лозунгот "шлуспункт ајнер фантази", со што се кажува недвосмислено дека неидентификуваните објекти на небото (НЛО) многу често се само докази дека индустриските нации, во тоа време и воените блокови, создавале летала кои ја возбудувале јавноста кога би се јавиле на дневното, а особено на ноќното небо, кога имагинацијата е настроена да гледа марсовци во се' што не е авион или хеликоптер. "Турбопланот е резултат на долгогодишна работа на повеќе конструктори од најразлични подрачја, на стотина проекти и цртежи и исто толку тестирања; зад нас се собирањето емпириски искуства од многу области и сознанија кои овозможија развој на летачко тело со невидени можности досега, со непознати карактеристики досега", стои на проспектот на фирмата која ја посетил Салџиевски.

И Салџиевски летал во една ваква машина, која за 5 минути може да се искачи на височина од 5.000 метри, има неверојатни маневарски способности и мала тежина. Однадвор целосно личи на летачките чинии од холивудските СФ-филмови, а нашиот соговорник и ни го даде проспектот во кој производителот, чија фирма е регистрирана во Линц, ги прикажува своите модели наречени "турбоплан" и ги нуди на заинтересираните инвеститори своите два модела - со пилот и без пилот.

"За да се добие летачка чинија е неопходно да се обезбедат две работи. Најпрвин да се совлада принципот на ротационо движење колку што е можно полесно и да се пронајде нов материјал со кој ќе се обезбеди исфрлување на сите компликувани елементи на денешните летала. Се искачив на височина од 30 метри, целосно бесшумно. Леталата летаат високо, се' до онаму до каде што практично има воздух и таа височина ја достигнуваат брзо - 16 метри во секунда е совладувањето на просторот за турбопланот. Можат да се симнуваат целосно вертикално од која било височина и тоа го прават лулајќи се во воздухот, како кога паѓа лист од дрвото. Моторот работи на керозин и е многу мал а потрошувачката му е безначајна", вели Салџиевски.

Она што е посебно вредно да се истакне е дека турбопланот, односно летачката чинија е изработена од пластична материја базирана на новата материја карбон и се добива единственото превозно средство за стока и патници што носи двојно потежок товар од сопствената тежина! Дури и за една мала земја ваквите перформанси нудат невидени превознички потенцијали, пред се' во пристапноста на машината за сите терени (полетувањето е вертикално и без писта!) и за сите видови товари.

ФАУ-РАКЕТИ Зошто Австријците, на чело со конструкторот Хајнц Јордан, се одлучиле да комуницираат со претставник од Македонија? Најпрвин во прашање е личен контакт со еден друг индустријалец од Штутгарт, кој со години соработувал со македонските фабрики, пред се' со "Микрон" од Прилеп. Станува збор за научник кој своевремено работел на островот Пинемонде, каде што се изработувале фамозните ФАУ-ракети. Тој бил оставен намира по капитулацијата на нацистите и се вклучил во повоената обнова на германската индустрија. За Салџиевски е можно, иако за тоа нема докази, дека некои сознанија на германските конструктори од времето на Хитлер се вградени во турбопланот.

Овој научник го одвел Салџиевски во Австрија и го внел во еден свет за кој може само да се сонува. Таму му понудиле на Македонецот соработка со тогашна Југославија, со тоа што веќе ги имале одбрано и фабриките во кои би можеле да се работат компонентите за леталото. Претпоставка на Салџиевски е дека германскиот блок во Европа (Германците и Австријците) не сакал да влезе во дил со воените блокови, кои веројатно и самите работеле на вакви проекти. Понатаму, Југославија, преку своето лидерство со неврзаните, нудеше неверојатно широк пазар за новата технологија на летање. Оттаму, Германците својот производ и го преселиле во Австрија (која според Државниот договор од 1955 година беше обврзана да не влегува во ниту еден воен пакт и да остане независна од сите сојузи). Конструкторите на турбопланот мислеле основната компонента за изработка на леталото да ја прават во "Хемтекс", а моторите и чинијата да ја прават во некоја од фабриките во Македонија, која имала сопствена леарница ("Тоза Драговиќ", Металски завод "Тито"...).

За ваква соработка, секако, се очекувало од кај нас дека ќе се јават кофинансиери: тоа, впрочем, требал да биде заеднички австриско-југословенски производ, што само би излегувал од лента во Македонија.

"Писмото за деловно-техничка соработка преку ноухау-моделот пристигна во 'Славија увоз - извоз' на 14 мај 1980 година. Заведено е во деловодната книга под реден број 08-6677/80. Поради карактерот на понудата, требаше да го запознаам тогашниот врв на ЈНА и јас го сторив тоа", вели тогашниот директор на фирмата.


Дури и за една мала земја леталото нуди невидени превознички потенцијали, пред се' во пристапноста на машината за сите терени

ГЕНЕРАЛИ Под форма на посета на група банкари на Западна Германија, тргнала екипа во која имало неколку генерали, а на чело на екипата бил човекот кој се занимавал со наука во Армијата - Брана Јоиќ. Воените лица биле задоволни од презентацијата, а прво што им паднало на ум е да се користат овие апарати за вежби на ПВО-единиците. Бидејќи, при вежбите со вистинска муниција авионите, кои влечеле макети, често биле соборувани и имало многу жртви меѓу пилотите. Тоа е она што Салџиевски го чул од "банкарите" додека се враќале во Белград. Потоа, интересот на ЈНА нагло се изгубил - војската, како и државата, имала многу проблеми. Да се потсетиме дека во мај 1980 година почина врховниот командант, потоа дојдоа безредијата во покраината Косово, земјата се готвеше за транзиција во посттитоистичко општество, а Армијата се' уште немаше ориентир дали се' ќе остане како претходно.

Поради недостаток на средства (само во усвојување на програмата за производство на карбон требале да се вложат тогашни две милијарди југо динари) или поради целосна пасивност на стопанските субјекти, кога е во прашање новата технологија, Македонија не се одлучила на самостојно прифаќање на овој производ. Впрочем, променети се целосно економско-политичките прилики во земјата, а некогашниот лидер на неврзаните станал земја што прави проблеми за целиот свет и, секако, не доаѓало предвид некоја од страните во судирот на Балканот да дојде до вакви летала.

Турбопланот, инаку, е прикажан на две авиоизложби - една во Братислава, а другата во Канада. Интернет- потрагата по конструкторот Јордан не' доведе до Ванкувер - таму се преселило неговото семејство. Хајнц не е повеќе меѓу живите, а со фирмата раководат неговата сопруга и ќерка. Тие се меѓу најеминентните индустријалци на западниот брег на Канада и имаат широка палета на производи, со тоа што летачките чинии повеќе не се споменуваат. Двата модела на летачки чинии се уредно регистрирани во Американското биро за патенти, а за нив можете, навистина прилично скудно, да прочитате и во "Википедија".

Последен контакт со понудувачот е направен во 1989 година кога една македонска стопанска делегација во Германија се распрашувала за судбината на "играчките". На споменувањето на овој термин (изречен од еден сегашен прилепски директор во пензија), домаќините се налутиле и истакнале само дека проектот "турбоплан се развил до невидени можности".

Земјаните како вонземјани

Додека го водевме разговорот со Салџиевски, на Си-Ен-Ен (13 ноември во вечерните часови) имаше најнова дебата околу летачките чинии. Повод беше изјавата на гувернерот на Аризона Фајф Симингтон дека видел лично нешто што не се совпаѓа со неговото искуство и смисла за реалност. Имал средба со масивен делтоиден НЛО во близина на Скво Пик. Како поранешен висок офицер на авијацијата и пилот, тој истакнува дека такво нешто, секако, не е плод на човечката технологија. Во САД одамна стивна интересот за НЛО- ата, иако одвреме-навреме, како на пример лани, кога на аеродромот "О'Хара" во Чикаго дојде до масовна хистерија поради присуството на еден НЛО, се обновува барањето владата да се врати на својата славна "сина книга" за овие појави.

Салџиевски секогаш нагласува дека летачките чинии постојат и тој во нив е подготвен да гледа одреден дострел на некоја од повисоко рангираните технички нации во светот. За него тоа не е недостижна цел, иако е рано да се зборува за вонземни летала од тој тип како плод на човековиот прогрес. Кога говори на оваа тема, обично не е сфатен добро, па луѓето сметаат дека пред себе имаат некој страстен "уфолог", кој ги заморува со својата фантазија и муабетите бргу завршуваат како што и започнуваат.

За Салџиевски не е незамисливо оние летала што ги видел, со мало дотерување, да имаат, на пример, воено-шпионска употреба. Честите посети на овие летала на преспанското селото Стење токму во време на распадот на државата во Албанија (1997), во ноќните часови, кога предизвикуваа страв кај населението со своите вперени рефлектори кон земјата, веројатно е покажување интерес дали македонските сили на безбедност концентрирале сили на границите, во светлината на големата криза кај западниот сосед. И посетите на вакви летала на Штип и на Кичево Салџиевски е подготвен да ги гледа како веројатни шпионски операции над гарнизоните кои постојат таму и кои имале специфични единици и оружје.

"Секогаш кога ги прашував луѓето од фабриката во Австрија дали знаат дали другите земји имаат вакви проекти, не сакаа да ми одговорат. Нив ги интересираше дали Југославија, односно Македонија, сака да влезе во копродукција со нивниот проект или не", вели еден од бившите директори на "Славија".

За нашиот соговорник ова летало е многу интересно за цивилниот сообраќај. Бидејќи носи два пати поголема тежина од сопствената, се добива практичен и евтин превоз во која било насока и за кој било стопан да се вози, дури и во најнедостапни терени. Кај нас било предвидено да се прави и трет модел, покрај постојните, со дијаметар од 6 метри, чија носивост би била многу голема.

Пречките за нас доаѓале од Винча

Основната карактеристика на споменатите летачки чинии од Австрија е нивната мала тежина, која се должи на користењето лесни материјали. Најбитна компонента е карбонот. Се работи за композитен материјал, микс на графитни елементи и силикон карбид, кој минал низ процес на оксидација. Тој се користи при изработката на спејс-шатлите, потоа во изработката на делови на интерконтиненталните балистички ракети, кок-питот кај авионите, кај автомобилите од класата "формула 1", кај возилото "бугати вернон"...

Карбонот овозможува отпорност на високи температури и дури и премин во ниски температурни зони (значи т.н. температурен шок не им може ништо на предметите изработени од овој материјал). Друга карактеристика е неговата отпорност на удари. Салџиевски вели дека авион, чија основа била од овој материјал, се лизгал на пистата. И додека пистата се вжештила од триење, на авионот не му било ништо, иако не користел тркала! Трета карактеристика на карбонот е дека се користи минимално - се нанесува во тенки слоеви, кои се мерат со милиметри, а изгледаат како да се работи за дебели слоеви.

Карбонот денес се произведува во многу земји во светот, но официјално дури по 1998 година. Значи, понудата за "Хемтекс" (која се должела на блискоста на технологијата со изработката на најлон влакното во овој некогашен хемиски комплекс) била дадена барем 15 - 20 години порано! Денес фабриката е во руини, а Македонија навистина може да говори за една голема технолошка шанса, која би ја вброила во водечките индустриски нации.

Битно е да се каже дека Институтот во Винча имал проект за самостојна изработка на карбонот. Иако се потрошени 7 тогашни милијарди динари, од проектот не останало ништо, а за тоа време Македонија со влог од 2 милијарди би го имала овој скапоцен производ.

[url=http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=4C4B9D44D9F6E54491B98BBB0F29097F]http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=4C4B9D44D9F6E54491B98BBB0F29097F/url]

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 19-Nov-2012 at 23:17
во нашата сакана и мила ЈНА бев противвоздушна одбрана,и научив многу за авиони(нешто и сга памтам),а офицерите ни раскажаа една анегдота која можи и да е точна.

во 80-тите години наводно некој пилот на ЈНА(хрват по потекло) научил со МИГ21 да се спушта до пистата при слетување скоро до самиот асфалт со тркалата,ама при крајот на пистата повторно се издигнувал горе.

и така извежбан влегувал во воздушниот простор на италија(вакви провокации секогаш имало и ќе има),и нормално италијаните ќе прателе два борбени авиона да го приземјат,ќе застанеле од страните на мигот и со пратња до првиот аеродром.

и нормално слетуваат сите три авиони,но крајот на пистата мигот се крева нагоре,а овие италијанските авиони поради намалената брзина како реакција на тркалата неможат одма да се дигнат во воздух,и додека тие успеат да се дигнат,мигот заминал до средината на јадранско море.

нормално овој пилотов воодушевен што ги за.....л италијаните се враќа назад среќен.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 21-Dec-2012 at 19:05

Квалитетен и вреден материјал... 10 минути корисно потрошено време... 

Добро... секако дека е малку ‘‘наметливо‘‘ и не е баш најпријатно за слушање...

Но видео материјалот е нешто што треба да се евидентира на форумов...



Edited by FoSsiL - 21-Dec-2012 at 19:17
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.180 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.