build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Мал Ринг
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 535455
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote David Quote  Post ReplyReply #1081 Posted: 23-Jul-2020 at 16:26
Originally posted by zabegan


факт е дека дури и тие објекти од проектот што имаат смисла, се далеку поскапи да се одржуваат и на нив да се изведат еден куп интервенции за да опстојуваат и воопшто функционираат, отколку да им се рокне по некој динамит и хилта

разберете дека не е се реваншизам, и не мора во се да се меша политика, едноставно овие објекти ќе ни сметаат и подобро е да се решат што поскоро, отколку да „влезат во срцата на народот“ па да се вадат дека имаат каква-таква вредност, приказна што ќе ја гледаме по 100-ти пат

Па иди ставај динамит што чекаш

Ако е така тогаш све нека иде под динамит па јово на ново,цел главен град,еве да се спасиме и од квази барок и од хорор брутализам еднаш засекогаш.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1082 Posted: 27-Jul-2020 at 14:31
Плоштад Слобода“ бара продолжување на рокот за забелешки за Предлог ДУП-от за Мал Ринг

Здружението „Плоштад Слобода“ до градоначалникот и Советот на Општина Центар упати барање да го продолжат рокот предвиден за одржување на јавната анкета по Предлог-ДУП Мал Ринг со цел, како што велат, тие да можат да доставуваат анкетни листови со забелешки.

Од здружението велат дека барањето го поднесуваат поради тоа што биле одбиени сите апели на професионалните и граѓански здруженија и поединци за повлекување на предлог – планот од јавна анкета, поради, како што потенцираат, недемократскиот потенцијал на организирање на јавна презентација и анкета по еден од најкритичните предлог – планови во Општината во најжешкиот летен месец од годината, насред прогласена пандемија и комплетно загрозено јавно здравје во нашата земја.

-Поради особениот интерес разбуден кај јавноста со општествениот дијалог и борба на оваа тема,
а отежнати услови за спроведување на јавната анкета, поради сѐ, поголемиот број забелешки за содржината на предлог – планот, поради јавните заложби на градоначалникот Богдановиќ за инкорпорирање на сите аргументирани забелешки во наредната верзија на предлог – планот, а исклучително кратко време на располагање да се достават, бараме да се продолжи рокот во кој предлог – планот ќе биде изложен за граѓаните, а тие ќе можат да доставуваат анкетни листови со забелешки до 31 август 2020 година, велат од „Плоштад Слобода“.

Од здружението потенцираат дека само со дијалог и соработка може да се гради меѓусебната доверба, да се носат соодветни јавни политики и да имаме стабилна јавна администрација и одговорни граѓани.

Предлот ДУП-от за Мал Ринг беше презентиран пред пет дена во Општина Центар.

https://nezavisen.mk/ploshtad-sloboda-bara-prodolzhuvanje-na-rokot-za-zabeleshki-za-predlog-dup-ot-za-mal-ring/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 417
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1083 Posted: 27-Jul-2020 at 16:18
Кој фактор е "Плоштад Слобода"?! Имаме комора на архитекти, здруженија во други релевантни професии, институции? Каков е овој Хеџболах во урбанизмот во Скопје? Пара-политичка организација која бара нешто од легитимни иснтитуции!
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1084 Posted: 29-Jul-2020 at 19:16



како кој фактор, Граѓанско Здружение се, та по секој основ имаат право да побараат нешто од Инстиуции, тоа и Месна Заедница да беше во прашање па го имаат тоа право а не пак и тоа Урбано НВО!

мене ме чуди кај беа за Скопски Саем бар да запеат ко порано, а не пак да се кренат да го гушнат Саемот, колку жолчни беа за Ск’14 смешно е колку рамнодушни биднаа за Саем, којзнае може ретроактивно ќе ги прскаат со Боја тамошните комиблокои откако се изградат!?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1085 Posted: 30-Jul-2020 at 14:58
Работната група за „Скопје 2014“ бара дислокација на сите незаконски изградени споменици и враќање на старите фасади во „Мал ринг“

Работната група за справување со последиците од т.н. проект „Скопје 2014“, која ја координира архитект Мирослав Грчев, упати допис по повод јавната анкета за ДУП „Мал ринг“ на Општина Центар во кој бара да бидат обележани и дислоцирани сите незаконски подигнати споменици, како и да биде вратен стариот лик на фасадите во тој дел од градот.

Според основа на увидот во целокупната документација, Работната група утврдила дека при одлучувањето, финансирањето, изработувањето и подигањето на спомениците и другите артефакти, во сите случаи, без исклучок, биле прекршени предвидените законски процедури.

Имајќи ги предвид овие премиси, тие го разгледале и предлог-детален урбанистички план „Градска четврт Ц 01 – Мал ринг 1, Општина Центар – Скопје“ за планскиот период од 2019-2024 и утврдиле дека во него не се внесени постојните споменици и констатирале дека во предложениот документ не постојат ниту плански одредби и мерки за решавање на проблемот на незаконските споменици и други градби од т.н. проект „Скопје 2014“. Од друга страна, тие сметаат дека со невцртувањето на постојни градби и споменици во предлог-планот тој станува спротивен на законот, како да е правен на неажурирана геодетска подлога.

Уште повеќе, не само што во предлог планот не постојат мерки за враќање на просторот во рамки на со закон утврдениот статус на земјиште за општа употреба, туку со него некои од спомениците се легитимираат така што им се потврдува незаконски формираната градежна парцела на земјиште за општа употреба и со планот им се даваат услови за градење, па така и овој план го претвораат во незаконски акт со кој се нарушува уставноста и владеењето на правото“,

Тие сметаат дека за да се обезбеди ДУП за „Мал ринг“ да биде во согласност со Уставот и законите, и да ги исполнува начелата и целите на урбанистичкото планирање, планот треба да претрпи корекции.

Работната група, во која освен координатор Грчев членуваат и Никола Наумоски, Донка Барџиева Трајковска и Златко Теодосиевски предлага сите споменици што се изградени во планскиот опфат во периодот 2007 – 2016, како и оние што се во градба, треба да се регистрирани како постојни градби и да бидат во планот нацртани со геодетска линија како дел од постојната состојба и геодетската подлога.

Предметните незаконски споменици, според нив, треба да бидат нумерирани и обележани како постојни споменици во графичкиот дел од планот, додека во текстуалниот дел од планот, во Општите одредби за спроведување, треба да стојат со број и опис, по кој треба да се формулира општата планска одредба дека со планот се предвидува нивно дислоцирање и доведување на јавните површини во првобитна состојба.

„Овие забелешки особено се однесуваат на Споменикот на Мајка Тереза и Порта Македонија, кои на најбрутален начин се ставени сред сообраќаен коридор, за коишто спротивно на Устав и закон се формирани градежни парцели на сметка и во земјиште за општа употреба, јавна патна површина – градска улица и јавен простор: овие споменици не смеат да бидат со формирана градежна парцела и услови за градење во предлог планот, туку само со геодетска линија, како постојна состојба. Под истиот третман мораат да бидат и т.н. Шпански скали, со геодетска линија што ја опцртува катастарската парцела на незаконски отуѓената и приватизирана јавна површина: таму во планот не треба да има ништо друго освен јавна плоштадска површина. За овие три објекти, уредувањето на планските одредби со кои во планот се предвидува враќање на статусот на јавната улична површина и нејзино доведување во првобитна состојба, треба да се помести во текстуалниот дел од планот и во Општите и во Посебните одредби за спроведување на планот“,

Во однос на т.н. галии, тие според нив, треба да бидат обележани (со нумерација и опис во легендата) и за нив во Општите одредби за спроведување на планот треба да се одредат плански одредби за нивно отстранување, поради незаконското градење (без хидротехничка студија што ја докажува нивната безбедност) и поради фактот што драматично ја нарушуваат јавната безбедност и ги зголемуваат ризиците од поплавување и разурнување во центарот на градот.

„Во Општите одредби за спроведување на планот треба да се уредат мерки за ревизија на сите други објекти во коритото на Вардар, незаконски изградени во предметниот период на реализација на „Скопје 2014“ и отстранување на оние што ги зголемуваат ризиците од плавење како и другите што и пречат на основната функција на коритото или на друг начин се спротивни на законот“,

Тие, исто така сметаат дека во Општите одредби за спроведување на планот треба да има дел што ќе одреди мерки за враќање на оригиналните фасади на згради што имаат големо значење како културно наследство и високи архитектонски квалитети, како што се зградите на бивша НАМА, ЕВН, МЕПСО и други (при што во графичкиот дел од планот градежната линија на објектот на ЕВН треба да се совпаѓа со линијата на оригиналниот објект – а не со линијата на незаконската фасада, исто како што за објектот на бивша НАМА шрафурата за намена на објектот треба да биде само на површината на оригиналната основа, а не и врз незаконски исфрлениот трем).

Во планот, Работната група смета дека треба да се поништат сите мали градежни парцели што се формирани на земјиште за употреба и потоа отуѓени, а земјиштето повторно да добие статус на земјиште за општа употреба, додека овие и слични намени треба да се решаваат со урбана опрема или монтажни објекти со краткотраен закуп на земјиште за општа употреба (трафики и други мали услужни и трговски објекти).

„Со овие забелешки се утврдува политиката на враќање на законот во центарот на Скопје, враќање на правата на граѓаните на јавен простор и визија за градски и граѓански центар ослободен од товарот на фашизоидни и други радикални, националистички и налудничави злоупотреби што го претворија центарот на Скопје во европска престолнина на кичот и политичката злоупотреба“, велат од Работната група.

Оттаму укажуваат дека планерите и особено органите на Општина Центар треба да знаат со сигурност дека ниту еден процес или негово непостоење, за ниту еден случај од планскиот опфат, што се однесува на сопственоста на објектите и земјиштето или пак на правниот статус или се во судска постапка од кој било вид, не се релевантни, не се однесуваат и не треба да влијаат на планерските одлуки за расчистување на криминалното наследство од „Скопје 2014“ што ја детерминираат иднината на центарот и на престолнината.

https://360stepeni.mk/rabotnata-grupa-za-skopje-2014-bara-dislokatsija-na-site-nezakonski-izgradeni-spomenitsi-i-vrakane-na-starite-fasadi-vo-mal-ring/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1086 Posted: 31-Jul-2020 at 10:18
СО НОВИОТ ПЛАН ЗА МАЛ РИНГ, „ШПАНСКИ СКАЛИ“ И МАЈКА ТЕРЕЗА ДА СЕ ИЗБРИШАТ, СПОМЕНИЦИТЕ ДА СЕ ДИСЛОЦИРААТ, БАРА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА „СКОПЈЕ 2014“

Низа забелешки се поднесени на јавната анкета за Деталниот урбанистички план за Мал Ринг од Работната група за справување со проектот „Скопје 2014“ која беше формирана од Владата на СДСМ по доаѓањето на власт во 2017 година.

Според членовите на Работната група, со измените на планот предложени од раководството на Општина Центар предводено од градоначалникот Саша Богдановиќ не се расчистуваа со проектот „Скопје 2014“ туку му се дава легитимитет. Од работната група бараат маркичките за објектот „Шпански скали“ да се избришат, Мајка Тереза и Портата да се урнат, а сите спомениците да се прикажат во планот дека постојат и во него да се предложат мерки за нивна дислокација. Исто така, се бара на фасадите на дел од зградите во централното градско подрачје кои добија барок изглед да им се врати претходната фасада и да се отстранат галиите во Вардар.

„Наодите до кои е дојдена Работната група, покажуваат дека во сите случаи се работи за тешко прекршување практично на сите позитивни закони што ја уредуваат материјата на подигање на споменици, законите за буџет и јавни набавки, како и законите за просторно и урбанистичко планирање и градење. Во Предлог-детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал Ринг 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024, не постои ниту трага од спомениците, дури ниту во геодетската подлога врз којашто графичките прилози на планот се вцртани, поради што во планот не постојат ниту плански одредби и мерки за решавање на проблемот на незаконските споменици и други градби од т. н. проект ‘Скопје 2014’. Од друга страна, со невцртувањето на постојни градби и споменици во предлог-планот тој станува спротивен на законот, како да е правен на неажурирана геодетска подлога“, велат од Работната група за справување со проектот „Скопје 2014“.

Членовите велат дека во предлог-планот не постојат мерки за враќање на просторот во рамки на со закон утврдениот статус на земјиште за општа употреба, туку со него некои од спомениците се легитимираат така што им се потврдува незаконски формираната градежна парцела на земјиште за општа употреба и со планот им се даваат услови за градење. Со тоа, како што велат од Работната група, и овој план го претвораат во незаконски акт со кој се нарушува уставноста и владеењето на правото.

За да биде планот Мал ринг во согласност со Уставот и законите, како и да се отстранат спомениците и објектите од „Скопје 2014“, Работата група ги доставила следниве забелешки до Општина Центар:

1. Сите споменици што се изградени во планскиот опфат во периодот 2007 – 2016 , како и оние што се во градба, треба да се регистрирани како постојни градби и да бидат во планот нацртани со геодетска линија како дел од постојната состојба и геодетската подлога.

2. Предметните незаконски споменици треба да бидат нумерирани и обележани како постојни споменици во графичкиот дел од планот, додека во текстуалниот дел од планот, во Општите одредби за спроведување, треба да стојат со број и опис, по кој треба да се формулира општата планска одредба дека со планот се предвидува нивно дислоцирање и доведување на јавните површини во првобитна состојба.

3. Забелешките од точките 1 и 2 особено се однесуваат на споменикот на Мајка Тереза и Порта Македонија, кои на најбрутален начин се ставени среде сообраќаен коридор, за коишто спротивно на Устав и закон се формирани градежни парцели на сметка и во земјиште за општа употреба – градска. Овие споменици не смеат да бидат со формирана градежна парцела и услови за градење во предлог-планот, туку само со геодетска линија, како постојна состојба.

4. Под истиот третман мораат да бидат и т. н. „Шпански скали“, со геодетска линија што ја опцртува катастарската парцела на незаконски отуѓената и приватизирана јавна површина. Таму во планот не треба да има ништо друго освен јавна плоштадска површина.

5. За случаите од точките 3 и 4 од овие забелешки, уредувањето на планските одредби со кои во планот се предвидува враќање на статусот на јавната улична површина и нејзино доведување во првобитна состојба, треба да се помести во текстуалниот дел од планот и во Општите и во Посебните одредби за спроведување на планот.

6. Галиите во коритото на реката Вардар треба да бидат обележани (со нумерација и опис во легендата) и за нив во Општите одредби за спроведување на планот треба да се одредат плански одредби за нивно отстранување, поради незаконското градење (без хидротехничка студија што ја докажува нивната безбедност) и поради фактот што драматично ја нарушуваат јавната безбедност и ги зголемуваат ризиците од поплавување и разурнување во центарот на градот. Во Општите одредби за спроведување на планот треба да се уредат мерки за ревизија на сите други објекти во коритото на Вардар, незаконски изградени во предметниот период на реализација на „Скопје 2014“ и отстранување на оние што ги зголемуваат ризиците од плавење како и другите што и пречат на основната функција на коритото или на друг начин се спротивни на законот.

7. Во Општите одредби за спроведување на планот треба да има дел што ќе одреди мерки за враќање на оригиналните фасади на згради што имаат големо значење како културно наследство и високи архитектонски квалитети, како што се зградите на бивша НАМА, ЕВН, МЕПСО.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/so-noviot-plan-za-mal-ring-shpanski-skali-i-majka-tereza-da-se-izbrishat-spomenitsite-da-se-dislotsiraat-bara-rabotnata-grupa-za-skopje-2014/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1087 Posted: 02-Aug-2020 at 10:31
Мал ринг – мала бара многу крокодили

Во просториите на Општина Центар се одржа јавната презентација по Предлог – детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал ринг 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019 – 2024. Мал ринг, повторно ја бранува јавноста и повторно е изработен од истата планерска куќа „ИНПУМА“, како и сите претходни скандалозни мали рингови.

Приказната започна во далечната 1993 година со распишување конкурс трагајќи по идентитетот на градот и завршува со недоделување на првата награда, туку на втора и трета. Второнаградениот труд во 1997 година се изработува како ДУП за кој постојат и тогаш полемики во стручната јавност. Голем дел од површините за градење се вклучени во наредните планови. А наредните планови во период од пет години (2007 – 2012 година) со разни измени и дополни се изработени ни помалку ни повеќе девет, од кои три само во 2012 година. Во меѓувреме се направени и законски измени за да може да се реализира целиот ужас на проектот „Скопје 2014“, да биде легализиран криминалот и на крај да се најдеме во оваа состојба, наизглед безизлезна.

Предлог-ДУП Мал ринг повторно ја бранува јавноста. Советничката Јана Белчева-Андреевска, достави до градоначалникот на Општината, до Комисијата за урбанизам и до Советот на Општина Центар, барање ДУП „Мал ринг“ да биде повлечен, одново стручно разгледан, а анкетата пред јавноста да биде одложена за периодот по септември 2020. Белчева-Андреевска изјави: „Ќе ги набројам само кусо објектите за кои се отворени постапки и дискусии, но сè уште се дел од планот. Тоа се: „Шпански скали“, меморијалниот објект „Мајка Тереза“, катната гаража во зеленилото зад Собранието, сите споменици од „Скопје 2014“, објектите во коритото на Вардар, па дури и онаа спорна ќебапчилница пред хотел „Холидеј Ин“.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ испрати писмо до градоначалникот и до претсетадателката на Советот на Општината, каде меѓудругото се вели: „ААМ бара да се повлече и преработи предлог-планот каде се планирани истите објекти кои беа спорни и во претходниот криминален план со кој беше овозможена изградба на објектите од таканаречениот проект „Скопје 2014“. Во прилог на писмото е и Декларацијата на ААМ од март 2010 година за проектот „Скопје 2014“.

Во планот суштински не е многу променето – да се сруши „Скопје 2014“, но за ваков радикален потег очигледно е дека расположение нема. За да се случи тоа треба Владата, удобно сместена во преобликуван објект, да заземе став (став нема) и решително да застане зад таа одлука. Но и според она што го велат од Општина нема ни правна можност. Овој проект е веќе легализиран криминал и уништување на градот. Останува дилемата што е она што може да се спаси, бидејќи, како сега стојат работите очигледно е дека проектот „Скопје 2014“ ќе ни остане. Очигледно е дека има недоверба меѓу граѓаните, струката, институциите, а и дека Општината е заглавена во институционалните и правни лавиринти. Градоначалникот вели дека сите само зборуваат, а не прават ништо. Тој изјави: „Токму затоа и инсистираме на јавна расправа за предлог-планот и дадовме можност да се отворат дискусии, токму затоа што сите се прават мутави“ и додава „се формираа комисии, но никој не става потпис, никој не носи правен акт“. Тој вели дека успеал да го поништи одобрението за „Шпански скали”, поднесени се до ОЈО 29 кривични пријави поврзани со проектот „Скопје 2014“ и покренати се обвиненија и додава: „Во фиоки со години се чувале предмети, и откако кажав дали треба градоначалникот да се самозапали за некој да реагира, тогаш ме викнаа во Обвинителство, ајде да го отвориме тој предмет. Намерно го употребив тој збор оти сите седат, држат предмети во фиока, а никој не презема ништо“. Највеќе бура предизвикува градежната парцела за „Шпанските скали“ и започнатиот споменик на „Мајка Тереза“. Градоначалникот вели дека за градежната парцела се води судски спор и само доколку е тој завршен и решението е правосилно може од ДУП да се избрише површината за градење, сè дотогаш таа површина мора да остане во планот.

Искрено не гледам што многу ќе се спаси доколку овие два споменати објекта ги нема во планот, а другото сè остане исто. Во меѓувреме и Град Скопје изработил физибилити студија, доставена од раководно лице во Градот, кое претходно беше началник за урбанизам во Општина Центар и го спроведуваше планот за „Скопје 2014“. Замислете, студијата предлага од сите улички кои водат кон плоштадот со рампи ќе се влегува во подземен паркинг, а во меѓувреме за подземниот паркинг под зградата на Телеком, како и во моментов, ќе се вози по „Кеј 13 ноември“.

Предлог-планот прави измени, поповолни од претходните, но козметички, нежни, онаму каде не се задира во отстранување на објектите и спомениците. И тоа, ќе повторам, Општината не може да го направи сама, без поддршка од државата.

Дали Општина Центар сака на мала врата да ни го протне и потврди проектот „Скопје 2014“ јас не знам. Бев една од четирите архитекти на јавната расправа и мојот впечаток е дека се обидува нешто да направи, но повеќе од ова не може. И да се префрлеше јавната расправа, како што е барано во септември, не гледам разлика, дека нешто драматично ќе се променеше. Дека Општината требаше да организира расправи и дискусии пред да објави јавна расправа, со архитектите и сите институции кои се дел од процесот, вклучувајќи го и судот, да, требаше. И дека Мал ринг треба да се изземе од останатите планови и третира посебно, треба. И треба да се дискутира онолку колку е потребно да се дојде до решение. Мал Ринг, а и останатите планови кои се од прв до последен спорни, не може и понатаму да бидат дел од јавна набавка и изработувани, ревидирани и одобрувани од истите луѓе кои ги создале, речиси непремостливите проблеми. Она што во моментов е важно да се знае е дали е државата спремна да го реши радикално проблемот со „Скопје 2014“? Ако не е, а изгледа дека не е, тогаш овој предлог-план „џабе кречи“. Изработка на нови планови може да прави само внимателно избран обемен тим од планери, архитекти и останати инжери со единствена задача, изработка на планови и рок за нивно завршување. Во меѓувреме мора да се разговара и да се отворат сите карти. Од лично искуство, како поранешен претседател на ААМ знам колку е тешко и невозможен е резултатот кога не се разговара со институциите, кога на апели остануваат глуви, а повици за разговор се игнорираат. Единствено позитивно од овој план е што се поттикна дискусија, бидејќи досега се молчеше. Разговарањето можеби нема да придонесе за подобар план, сугестиите од стручната јавност нема да се земат во предвид, можеби е само парада на надлежните, можеби е задоцнето. Но, со неразговарање тоа никогаш нема да го дознаеме, ноншалантното игнорирање, „нема за што да разговараме“, сигурно не дава резултат. Има многу за што да се разговара, сите дофрлања од далечина и препукувања остануваат само на претпоставки, а коментарите се произволни, недоречени, паушални, необмислени. Распишување меѓународен конкурс е нешто што го прави цивилизираниот свет, но за да може да се спроведе потребно е да се добие цивилизирана подлога, имотно- правно расчистена, проектна програма која прецизно ќе каже што е она што сакаме да го добиеме во центарот на државата. Сè дотогаш сè е само парола. Искрено се надевам дека овој предлог-план ќе ја размати малата бара со многу крокодили, досега мудро се молчеше и кукавички чекаше да помине време, веројатно со надеж дека „Скопје 2014“ ќе го подзаборавиме, во меѓувреме ќе се навикнеме и секогаш ќе имаме поважни проблеми за решавање, за на крај да станеме рамнодушни, да ни биде сеедно и го прифатиме единственото понудено, да ни остане.

план 1993



предолг план 2020



https://www.porta3.mk/mal-ring-mala-bara-mnogu-krokodili/

Edited by stef4o - 02-Aug-2020 at 10:31
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 535455

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.