build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 52>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 06-Jan-2010 at 15:53
дури сега приметив дека на плоштад на кој името му е „Карпошово востание“ во централниот дел ќе има споменици на Климент, Наум, Кирил и Методиј, а на Карпош споменикот ќе биде збутан кај жардињерите до камени мост Suicide

абе барем трошка логика да имаше се
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 06-Jan-2010 at 16:58
Забеган прочитај два реда историја за Карпош и после те молам кажи дали има посоодветна локација од оваа.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 06-Jan-2010 at 17:00


ЛСЛ, забеган зборуваше за комбинацијата на споменици, не за името или локацијата на плоштадот, која мислам дека сите се сложуваме дека си е на место.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 07-Jan-2010 at 13:03
Originally posted by pbanks



ЛСЛ, забеган зборуваше за комбинацијата на споменици, не за името или локацијата на плоштадот, која мислам дека сите се сложуваме дека си е на место.
да, за тоа зборев, несоодветна поставеност на спомениците, што веќе знаеме Ohno
а за остатокот од планот и не знам веќе што може да се коментира, како на мало дете да му дале со прст да покаже што каде треба да има
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1903
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 07-Jan-2010 at 17:54
samo Cak Noris moze da uspee da napika markica tuka, svaka cast!
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1903
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 07-Jan-2010 at 20:20
najverojatno mob im bode oci na vlasta zatoasto e premnogu moderno za niv vkus, pa gledaat da go pokrijat na sekoj nacin... najubavata e, spored mene zgrada vo skopje MOB ama toa e...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 07-Jan-2010 at 22:38
Originally posted by xnx

najverojatno mob im bode oci na vlasta zatoasto e premnogu moderno za niv vkus, pa gledaat da go pokrijat na sekoj nacin... najubavata e, spored mene zgrada vo skopje MOB ama toa e...
па и да не е најубава, пак тоа не е изговор, ни најмал, требаше да се доврши тоа што било почнато, ама некој не сака така и тоа е...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 09-Jan-2010 at 14:36
Originally posted by mileeeM

па добро а што е работава со тажниве врби лево и десно од камени мост ? демек ... незнам .. добро шта им то значи? поврзани со зафат?


Зарем не си ја видел визуелизацјиата?




Edited by pbanks - 09-Jan-2010 at 14:37
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 12-Jan-2010 at 13:24

Црквата исфрлена од плоштадот

Нов мост на Вардар, три сплава, објект за државна институција и пет катни гаражи, се дел од предвидените градби

Деспина Трајковска

Нема место за црква на плоштадот! Желбата на премиерот Никола Груевски да се изгради верскиот објект во центарот барем засега ќе остане неостварена, ако се суди според најновите корекции на ДУП „Мал ринг“. Нејасно е кој и со какво образложение сугерирал бришење на маркичката. Планот не предвидува изградба ниту на џамија на местото на некогашниот Офицерски дом. Мистерија засега е што ќе се случи со предвидената парцела за храмот, која летово, како што тврдеа од МПЦ и Министерството за транспорт, ја купија црковните власти. На тој простор, последните предложени измени на планот не предвидуваат каков било објект.

Како и да е, овие измени на ДУП-от се иницирани од Владата, како дел од нејзината програма за приоритетна изработка на урбанистички планови. Централната власт по шести пат за малку повеќе од две години урбанистички го прекројува централното градско подрачје според сопствени желби и потреби.

Нов пешачки мост на Вардар, три сплава, пет катни гаражи, објект за државна институција, фонтани и споменици кај плоштадот „Карпошово востание“ и во паркот „Жена-борец“ се главните дополнувања на планот. Практично, со последните прекројувања на ДУП „Мал ринг“ се овозможува изградба на објекти и други содржини што ги најавуваше градоначалникот Коце Трајановски во предизборието, како заеднички проекти со централната власт.

Авторите на измените, од проектантската куќа ИНПУМА, одбиваат да го коментираат и објаснат планот. Благоја Тагасовски и Силвана Ваноска, дел од авторскиот тим, за објаснување упатуваат на директорот Борислав Јосифов, но тој не одговара на повиците. Општинарите од Центар, пак, објаснуваат дека се' уште не го виделе планот и од тие причини не сакаат да го коментираат. Како дел од владината програма за приоритетна изработка на ДУП, „Мал ринг“ се носи по скратена постапка, па ќе ја помине само фазата на предлог-план.

Вчера заврши јавната анкета на која имаше доставено само една забелешка од граѓанин. Се очекува Советот на Центар, речиси како набљудувач, само да го аминува планот, доколку вообичаено преовлада владејачкото мнозинство.

Во недостиг од официјални толкувања, останува непознато за која државна институција е нацртана маркичката лоцирана помеѓу амфитеатарот и Уставниот суд на левата страна на Вардар. Единствено е јасно дека е предвидена изградба на објект со висина од 29 метри, додека објектот на Финансиската полиција и Јавното обвинителство ќе има кружна форма и висина дури до 35 метри. Сепак, мистерија е и дали помеѓу тие два објекта навистина ќе се гради амфитеатар или, пак, колонада од столбови. Единствено е посочено дека е предвиден објект со намена за култура.

Од паушалното разгледување на ДУП-от може да се забележи дека новина е пешачкиот мост на Вардар, кој ќе биде врска на театарот и Музејот на ВМРО со десниот брег. Планот предвидува и изградба на три сплава на реката, едниот пред наводниот амфитеатар, еден во речното корито пред театарот и еден отспротива. Нацртани се и пет маркички за катни гаражи, со вкупен капацитет од речиси 2.200 паркинг-места.

Најголемата катна гаража ќе се наоѓа спроти полициската станица „Беко“, предвидено е да достигне висина до 21 метар и да има 883 места за паркирање. Најмалата катна гаража, пак, ќе се гради на сегашниот паркинг што се наоѓа помеѓу „Холидеј ин“ и бензинската пумпа на влезот во ГТЦ. Ќе може да достигне висина до 15 метри, а планиран капацитет е 141 место. Во ДУП-от има маркички и за катна гаража на просторот помеѓу МЕПСО и управната зграда на „Т-хоум“ и една зад управната зграда на „Македонска пошта“. И двете со максимална висина колку деветкатница, првата со капацитет за 315 или 515 возила, а другата ќе обезбедува 267 или 297 места. Петтата маркичка за катна гаража е нацртана веднаш до музејот на холокаустот и е со максимална висина од 21 метар и планиран капацитет од 450 места.

Место за паркирање со последните корекции на планот е предвидено и во комплексот градби од левата страна на Вардар и тоа од подземен тип. Зад објектот на Уставен суд е планиран подземен паркинг со капацитет од 140 места, а зад кружниот објект со државна намена, е дозволено подземно паркирање на две нивоа со капацитет за 845 возила.

Авторите на планот во последната негова верзија ги „потврдуваат“ многуте спомен-обележја, за чија изградба Советот на Центар веќе донесе одлука. На плоштадот „Карпошово востание“ ќе се градат две фонтани со споменици, два портала, а во паркот „Жена-борец“ веќе најавениот обелиск, во чест на паднатите херои. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A42A38B754E3E64F8D143F8FDD15DD6F
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 12-Jan-2010 at 17:17
Не ми е јасно како може новинарката толку упорно да ја пласира во јавност таа заблуда дека маркичката за црква на плоштадот е избришана... Дополнително, истата новинарка и при претходната модификација на планот тврдеше дека маркичката е избришана:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132&PID=46350#46350

Па како побогу сега избришале веќе избришана маркичка?!?


Како и да е, факт е дека маркичката за жал ниту тогаш ниту сега не е избришана. Еве извадок од последнава верзија.

Блок: 1.5
Градежна парцела: 1.5.1
Намена: В5 (верски институции)
Максимална дозволена висина за црквата: 29 метри
Максимална дозволена висина за камбанаријата (иако е впишано малку настрана од самата камбанарија): 50 метри

Овој пат ново е тоа што дури е вцртан и самиот објект кој победил на конкурсот (забележете ги тенките розеви линии во рамките на маркичката... јасно е отцртана и црквата и камбанаријата)




Edited by Cloverstack - 12-Jan-2010 at 17:17
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4475
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 12-Jan-2010 at 17:55
Плоштад Маршал Тито   

Да не е планов од СФРЈ ископан бе?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 12-Jan-2010 at 17:58
Шкрабале врз стара подлога
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 12-Jan-2010 at 19:19


И мене првата реакција ми беше дека новинарката ширела дезинформациии... Но, еве што вика и А1.

Центарот на Скопје повторно ќе се прекројува

12.01.2010 15:59
Владимир Тодоровиќ

 

Центарот на Скопје повторно се прекројува, но никој па ни градоначалникот не знае што сега ново ќе се гради?

Тодоровиќ повеќе сака да зборува за новото лизгалиште отколку да прецизира дали со новите измени на Детално урбанистичкиот план е избришана или не е црквата на плоштадот. За Бурмали џамија е сигурно дека и во новите измени на планот.

„Во новиот детален план за Мал ринг дали постои црква? Јас мислам дека постои. Малку прерано ме прашувате за Деталниот план на Мал Ринг, ќе ви бидам на располагање кога ќе биде тој како нацрт готов“, изјави Владимир Тодоровиќ, градоначалник на општина Центар.

Градоначалникот не објасни ни со каква намена е објектот кој се предвидува да се гради до зградата на Уставниот суд со висина од 29 метри?

Објектот е само во низата згради на левата страна на Вардар и треба да никне меѓу Уставниот суд и зградата на финансиската полиција, зад кои е предвидено да никне цела канонада од антички столбови.

До нив ќе се стигнува преку мостот Око, вреден 2 милиони евра. Камен темелник беше поставен во септември, требаше да биде готов за година и пол, а уште не е ниту почнато да се гради. Останаа само металните огради и блокадата на кејот.

„Има проблеми околу темелењето во проектот, се менуваат некои концепти во темелењето за да се направи навистина стабилен мост“, вели Тодоровиќ.

Ако Око мирува, Градот работи. Веќе избрале две решенија за нова ограда на мостовите кај „Холидеј Ин“ и Булеварот на револуција. Се чека изборот и за мостот „Гоце Делчев“.

За мостот кај „Холидеј Ин“ чија ограда ќе била со раскошни елементи, а не се знае колку ќе чини, автор е Константин Јанев, истиот автор чии антички лавови ќе бидат поставени на мостот „Гоце Делчев“ оваа година.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118573
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 12-Jan-2010 at 20:33


Па не гледам што менува веста на А1. Ако градоначалникот не знае што е предвидено со ДУП-от, тоа зборува единствено за него. Уште почудно е што мисли дека прерано го прашале. Па побогу ДУП-оп е веќе подготвен, беше изложен... нема допрва да го цртаат... јавната анкета штотуку заврши.

Мислам тој извадокот од ДУП-от што го поставив е јасен во врска со маркицата.

Ако тргнеме да се потпираме на збунет градоначалник и на збунета новинарка, богами и ние ќе останеме збунети...


Edited by Cloverstack - 12-Jan-2010 at 20:37
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 12-Jan-2010 at 20:39
gradonacalnikot za sto i da go prasaat i odbiva da odgovori
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 12-Jan-2010 at 22:55
Прво се работи за утрински и за а1, крајно шпекуланстски медиуми. Не верувам дека до толку не го виделе планов или па до толку да прости и за нив маркица да биде све што е розево. Маркицата со црквата моментално во ДУП-от го има истиот статус како со филхармонијата. Како објект што наводно е почнат да се гради. Значи не само што не е е избришана маркицата, туку е доцртан проектот. Сепак, ако има задна намера да служи текстов за конфузија на јавноста, нека им служи на чест, но ДУП-от е повеќе од јасен. Понекогаш знаат вака до го испошкрабаат и да личи на "мустра од Бурда", но јасен е.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 13-Jan-2010 at 03:30
Originally posted by lslcrew

Маркицата со црквата моментално во ДУП-от го има истиот статус како со филхармонијата. Како објект што наводно е почнат да се гради
Од каде сега ова? Ене од другата страна на плоштадот 5.1 и 5.2 се градат ли?

Далеку е планов од јасен... ама дека маркичката за црква не е избришана, до толку се слагам дека е јасно.
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 13-Jan-2010 at 13:02
Исчезна ли црквата од „Малиот ринг“?

Роза Петкова

Нејасно останува дали црквата што треба да се гради на плоштадот „Македонија“ е избришана од урбанистичкиот план „Мал ринг“ зашто ниту една надлежна институција не дава јасен одговор за ова прашање. По написите во некои медиуми дека „Св. Константин и Елена“ е избришана со последните предложени измени на планот, надлежните молчат. Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, вчера не сакаше да коментира за измените во „Мал ринг“. - Прерано ме прашувате. Ќе ви бидам на располагање кога урбанистичкиот план ќе се најде во процедура пред Општината. А и не е така како што беше објавено во некои медиуми - рече Тодоровиќ. Надлежниот секретар на Скопската епархија, прота Коста Станоевски, вчера не беше достапен за да даде коментар на информацијата дека црквата е тргната од планот затоа што бил на службен пат. Дури и подготвувачите на планот од проектантската фирма „Импума“ одбија да одговорат дали е избришана црквата со измените на ДУП. Оттаму велат дека за сите детали е надлежна да одговори Општината. Од деталниот план, на кој пред два дена му измина јавната презентација, може да се забележи дека стои впишан бројот на парцелата 1.5. што беше наменета за црква, заедно со класата намена В5, што се користи за верски објекти. За разлика од претходните верзии на планот, кога објектот беше обоен и потенциран, сега тој е прекриен со повеќе линии од проектираните подземни сообраќајници. Македонската православна црква - Охридска архиепископија пред неколку месеци целосно го презеде од Владата проектот за изградба на црквата „Светите Константин и Елена“. Секретарот Коста Станоевски тогаш потврди дека МПЦ - ОА ќе биде инвеститор на новата црква. Министерството за транспорт и врски и пресмета цена на МПЦ од 1.800 денари за квадратен метар, по која целата парцела од 1.525 квадратни метри чинеше околу 45.000 евра. Објаснувањето од надлежните беше дека цената се утврдува по уредба за начин и постапка на отуѓување на градежно неизградено земјиште, по пат на непосредна спогодба.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1914&ArticleID=131030
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 13-Jan-2010 at 13:05
Изгледа новинаркиве имаат за задача да ни го исперат мозокот дека таму нема да се гради црква на плоштадот, или се во креативна блокада па ке вадат одговри и заклучоци од ракав.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 13-Jan-2010 at 13:18
Па види кои се медиуми се и ќе ти стане јасно. Утрински, А1, Време. Им фали уште шпиц коха и слични да подгреваат јавност. Крајно шпекулантски настроени медиуми и покрај тоа што е јасно све во ДУП-от. И прокетот е вцртан, а они се запнале дека е нејасен статусот. Ако не им е нив јасно, немора цела јавност да ја тормозат.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 52>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.