build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Филип Втори (Карпошово востание)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 40>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 09-May-2013 at 17:24
Originally posted by kenzo_fan

Па добро, да не ситничариме, и Мостот на Уметноста нема врска со уметност па ете така се вика. 


Сериозен си?

Сите споменици на мостот се од личности кои се уметници, затоа мостот се вика така ...

Edited by HugoGoulding - 09-May-2013 at 17:27
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 09-May-2013 at 21:42
Originally posted by HugoGoulding

Originally posted by UrbanFreak

Мене ми е апсурдно, тоа што плоштадот се вика Карпошово Востание а споменикот на Карпош е вон плоштадот, минијатурен на самиот кеј, а главниот лик на плоштадот е Филип. Според мене, или треба плоштадот да се применува (со што не би се согласил, сепак ова место и тоа како е поврзано со Карпош а никако со Филип) или требаше поцентрално да биде ако не и најцентрално Карпош на плоштадот. Но си патиме од комплекси, па Карпош не ни е доволен херој.

Што се однесува до крајниот впечаток, се согласувам неспоредливо е со руглото кое тука беше, но пак далеку е од нешто посебно и вонсериски.


Ако е така, каква врска има Востанието на Карпош со локацијата на плоштадот? Демек на плоштадот се одвивало востанието?
Моменталната локација на споменикот на Карпош е најточната, бидејќи таму во непосредна близина бил набиен на колец, што повторно нема никаква врска со Востание, туку со смртта на Карпош ... А и споменикот на Карпош е далеку од минијатурен ... Си пишувате работи од ракав значи, како ќе ви дојде ... Секоја чест.


Дечко во недпстиг на контра аргументи веднаш користиш ниски удари но тоа на форум како Билд не проаѓа.

Карпош и тоа како е поврзанс со таа локација а ако си прочитал малку историја на нашиот сакан град Карпошовото востание го помогнала Австрискиот прогрес и краткотрајното владеење на Австриците со Скопје. Значи и Скопје било дел од востанието.

Ајде сега како голем познавач на историјата кажи ми кога Филип стапнал во Скопје? Јас ќе ти кажам НИКОГАШ бидејќи било вон границите на неговата и Александровата империја.

אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7347
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 09-May-2013 at 22:07
дури и да немаше Карпош никаква врска со плоштадот, зарем требаше ова да се прави?
просторот си беше веќе културно дефиниран со сопствен идентитет и приказна и имало барем некаква позадина за тоа, а ние му се посравме со моменталниот национализам во земјава свртен околу само две личности...

зошто мораше да се измени културниот контекст на тој плоштад, за мене останува нејасно... истото се работи и за паркот Жена-борец
едно време се бараа оправданија во стилот дека требало да има „симетрија“ со споменикот на Александар на плоштад Македонија, ама тие воопшто не држат вода, затоа што двата плоштади се две сосема различни целини, без разлика на тоа што се дел од еден заеднички коридор
и како тоа за Карпош немаше простор како централна фигура, ама некој беше доволно паметен да ги пресмета „точните координати“ на неговото бесење, и таму најнеадекватно да го спика споменикот, чиј најмонументален дел ќе биде неговата задница

и не намеравам веќе да пишувам на таа тема, затоа што навистина треба да е јасна, само ќе ја напоменам како фактор во финалната оценка на сето ова


edit: и ве молам прекинете со дискусиите за тоа како било претходно, за кои патем е распалено пред една страна... мислам дека и на најнеписмен човек му е јасно дека е подобро од претходно, ама не е тоа поентата... на тој плоштад и најобичен плочник да му ставеа само колку да се расчисти хаосот, ќе беше подобро, навистина, тоа е јасно...
не е поентата дека само да е подобро


Edited by zabegan - 09-May-2013 at 22:15
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 09-May-2013 at 22:22
90% од спомениците ниту се родени во Скопје, ниту стапнале во Скопје, и ниту имаат некоја посебна значајна дејност или мисија поврзана со Скопје ... Зарем не го научивте и укапиравте тоа веќе еднаш?

Сите овие личности од спомениците се поставено во Скопје поради тоа што заедничко за сите нив е името Македонија, а Скопје е главен град на денешна Македонија ... Е баш поради тоа се поставен тука, а не поради тоа кој стапнал во Скопје, а кој не.

И темава е зборена по МИЛИОНИТИ пат, сфатете веќе еднаш, аман.

Edited by HugoGoulding - 09-May-2013 at 22:24
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7347
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 09-May-2013 at 22:38
Originally posted by HugoGoulding

90% од спомениците ниту се родени во Скопје, ниту стапнале во Скопје, и ниту имаат некоја посебна значајна дејност или мисија поврзана со Скопје ... Зарем не го научивте и укапиравте тоа веќе еднаш?

Сите овие личности од спомениците се поставено во Скопје поради тоа што заедничко за сите нив е името Македонија, а Скопје е главен град на денешна Македонија ... Е баш поради тоа се поставен тука, а не поради тоа кој стапнал во Скопје, а кој не.

И темава е зборена по МИЛИОНИТИ пат, сфатете веќе еднаш, аман.
не треба ние да сфатиме, туку ти... затоа и ја збориме темава по милионити пат
како прво, малце не си јасен, прво како аргумент го ставаш фактот дека востанието не се одиграло на плоштадот, а после викаш како не е важно дали некој стапнал таму... сам си ставаш сопки објаснувајќи се колку добра идеја е да лупнеш споменик на Филип и Александар буквално кај ти прдне, со изговор дека бил главен град...
што ако Скопје е главен град? зарем Скопје нема своја култура и историја, испреплетена со националната, и зарем неговата куклтура и идентитет почнуваат од Ск2014 и треба да се збрише и промени се друго?

еве да речеме дека потребно е во градот да се постават милион мегаломански споменици на Филип и Александар... кога веќе се правиме паметни, објасни зошто е добра идеја насилно, беспотребно и безосновно да се смени идентитетот на еден плоштад? не говориме за некоја полјана која допрва треба да стане плоштад, туку за стар, оформен плоштад со свој печат
ќе те разберев и ќе се согласев доколку плоштадов се викаше Маршал Тито, ама ова е апсурдно
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 10-May-2013 at 00:19
За Карпош сум сигурен дека бил од овие простори,а за Филип не сум сигурен(засега само прибирам информации,т.е.приучувам,кога ќе знам ќе се кажам )
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 10-May-2013 at 02:19
Originally posted by gjoko

За Карпош сум сигурен дека бил од овие простори,а за Филип не сум сигурен(засега само прибирам информации,т.е.приучувам,кога ќе знам ќе се кажам )




Хахаха историја за 5то, основно?
Филип, роден во Пела, како и неговиот син Александар, никогаш не ни стигнале до Скопје. Така да... немаат баш врска, како и многуте други кои добија споменици... ама по некоја(никоја) логика, поставени се истите. Обележје на една земја, да. Историска вредност за градот? Не.



Edited by Danndy - 10-May-2013 at 02:24
Traveling.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 10-May-2013 at 10:31
секогаш сум бил слаб по историја,и слабо сум ја сакал(иако секогаш знаев све,ама сосила учев)
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 10-May-2013 at 11:03
Во Пела е роден и Крсте Петков Мисирков, не гледам дека се фативте за него некаде ... Дури тој во Скопје стои 4-5 години пред сите овие споменици од СК2014, никој не слушнав да се побуни за него што барал во Скопје.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 10-May-2013 at 12:28
Нервозната реакција на Хуго му е навика кога нема аргументи и неможе логички да одбрани некој проект.

Како и да е, дали на Трг Бана Јелачиќа во Загреб има споменик од да речеме Трпимир 2? Или можеби на Trafalgar Square има споменик од Кралица Викторија 1 или пак споменик посветен на битката кај Трафалгер? Или можеби на Сан Марко во Венеција има статуа на Цезар? Св. Петар во Ватикан можеби има статуа на Св. Матеј????

Шампини сте да најдете светски пример несоодветен да ни покажете зашто треба барокно милениумско тркало или рингишпил, ама кога немате аргументи напаѓате нервозно.

Edited by UrbanFreak - 10-May-2013 at 12:33
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 10-May-2013 at 12:30
Originally posted by HugoGoulding

Во Пела е роден и Крсте Петков Мисирков, не гледам дека се фативте за него некаде ... Дури тој во Скопје стои 4-5 години пред сите овие споменици од СК2014, никој не слушнав да се побуни за него што барал во Скопје.

Да затоа што Крсте Петков Мисирков е директно заслужен за денешниот македонски јазик, затоа што со сигурност можеме да го поврземе со нашата независност и затоа што за него има едвај еден потскриен споменик, а се живо и диво во државата не се вика по него. Смешни компарации.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 10-May-2013 at 17:39
Воопшто не сакам да терам повторно историски дебати, посебно не со лаици. Само ќе бидам краток и ќе речам дека сите личности од спомениците, без разлика дали се од Античка историја или Модерна историја се длабоко поврзани со Македонија и со македонскиот идентитет, нација и историја, овие делби што се обидувате да ги наметнете се трагични.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2457
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 10-May-2013 at 20:14
Штета што и Филипа не го качија на коњ. Та самото име значи љубител на коњи.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 10-May-2013 at 20:27
Previous
 
Ако сакаш дај предлог за размена на споменици, Филип Втори Македонски на коњ во Автокоманда во замена за Воинот на плоштад Карпошово Востание. Big%20smile
 
Тоа барем не би чинело нешто многу пари, нема да се набавува нов споменик, туку само 2 веќе постоечки и веќе поставени споменици ќе си ги разменат местата меѓусебно. Cool
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2457
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 10-May-2013 at 23:38
Ништо од тоа. Да е до мене, ја би ги тргнал сите тие споменици (како извадени од детски сликовници) и би ставил централно на плоштадот попригоден споменик на Карпош.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7347
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 11-May-2013 at 01:12
Originally posted by HugoGoulding

Воопшто не сакам да терам повторно историски дебати, посебно не со лаици. Само ќе бидам краток и ќе речам дека сите личности од спомениците, без разлика дали се од Античка историја или Модерна историја се длабоко поврзани со Македонија и со македонскиот идентитет, нација и историја, овие делби што се обидувате да ги наметнете се трагични.
се некако се објаснуваш ама никако да се објасниш зошто е потребно да се менува идентитетот на еден плоштад и покрај тоа што нема никаков проблем со неговиот идентитет? какви трагични делби жити све, ти збориме за нешто конкретно и ти даваме и конкретни примери и објаснувања, ама ти си тој што се фаќа за историски лаички дебати кои немаат никаква врска со целата поента на проблемот

гледам си дал пример за плоштад пела и Крсте Петков Мисирков ама малце си се прелажал... на форумов за тоа имаше дискусии долго време пред ти да се регистираш, за тоа како локацијата на тој споменик е неадекватна и за тоа каква мизерна изведба е самиот диспропорционален споменик... прокопај, и ќе ги најдеш
инаку плоштадот Пела никогаш не бил дефиниран и оформен, а пред да почне целата хајка по антички корени, никогаш немал име, така да, не е нешто врежано или „со печат“ како што би рекол погоре...

Edited by zabegan - 11-May-2013 at 01:15
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 11-May-2013 at 01:20
Сите го викаа Кај Фреш, беше многу популарно место за чекање! Каква црна Пела, какви бакрачи. А и едно време имаше една од ретките фонтани кои работеа во градов.

Edited by Andrej_LJ - 11-May-2013 at 01:20
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 11-May-2013 at 02:55
Originally posted by HugoGoulding

Воопшто не сакам да терам повторно историски дебати, посебно не со лаици. Само ќе бидам краток и ќе речам дека сите личности од спомениците, без разлика дали се од Античка историја или Модерна историја се длабоко поврзани со Македонија и со македонскиот идентитет, нација и историја, овие делби што се обидувате да ги наметнете се трагични.


Зборуваме за Скопје, поврзаноста на Филип, Александар, Пела и градот Скопје... и Македонија по 1991. Ти, како еден добар историчар, ајде најди ни ја поврзаноста, со факти, мапи, итн.

Кои пропаганди шириш Хуго, барем да ти дадат нешто од влада
Traveling.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 11-May-2013 at 09:00
Originally posted by HugoGoulding

Воопшто не сакам да терам повторно историски дебати, посебно не со лаици. Само ќе бидам краток и ќе речам дека сите личности од спомениците, без разлика дали се од Античка историја или Модерна историја се длабоко поврзани со Македонија и со македонскиот идентитет, нација и историја, овие делби што се обидувате да ги наметнете се трагични.


Тешки зборови, но ниту еден аргумент. Ваквата дискусија и тон, не се достојни за една интелектуална и логична дискусија.

Повторно ќе те прашам, чив споменик има на Трафалгар Сквер, на битката од Трафалгар или на Елизабета Прва? Дали плоштадот Св. Марко во Венеција се вика така поради истоимената катедрала на него, и дали можеби Италијаните/Венецијанците планираат да постават споменик од 20 метри на Гај Јулие Цезар на него, со мајката на Цезар како го дои како бебе пред него? Дај ми вакви банални примери како нашиов, просветли не бидејќи ние појма си немаме.

Околу делбата, кој ја прави поделбата со тоа што се маргинализираа ликовите од Втората Светска војна, преродбениците, па дури и нашите херои од Илинденскиот период, сите оние кои се директно и неоспорно поврзани со нашата земја? Тие добија занемарливи споменици, во споредба со мегаломанските Воин на Коњ и неговиот татко, неговата мајкаи сл. Кој прекрсти се што постои во државата по овие ликови (Стадион, Автопат, Аеродром....)? Ајде посоветувај се во штабот, кај Миленко и Јанко и пиши ни да видиме како требаат да ни се исперат мозоците за да ти поверуваме.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 11-May-2013 at 09:36
Карпош - "Кралот на Куманово” (титула која подоцна била призната од царот Леополд) e предводник на големото востание против Османлиската империја... Крај камениот мост на Вардар, Карпош бил набиен на колец, избоден од копја и фрлен во реката... Постои споменик, а името на плоштадот е Карпошово востание...

Скопје е главен град на Македонија, името на областа во чие ослободување се колнеа сите револуционери чии споменици се наоѓаат низ градот... А што повеќе би ја симболизирало Македонија од најпознатите Александар и Филип? Сеедно е на кој од плоштадите кои носат име на некој од револуционерите се поставени. Тие се симболите кое ги обединуваат сите револуционери од различни временски периоди... Тие се најпознатите личности за кои секој од револуционерите морал да чуе, кога веке се бори за ослободување на народот кој се вика македонски!

Дали по некоја логика од плоштадот кој се вика Карпошово Востание би требало да бидат отстранети и спомениците на Кирил и Методија, односно Климент и Наум кои го описменија македонскиот народ?



Edited by Tony Martin - 11-May-2013 at 09:40
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 40>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.