build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Филип Втори (Карпошово востание)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 40>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 02-Nov-2011 at 10:17
Брзо напредува:


The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 07-Nov-2011 at 12:38

Нови сообраќајни правила додека не се исправи Филип Втори


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/07/Karposovo%20vostanie%200201.jpg

Се известуваат станарите, сопственици на локалите, вработените и останатите граѓани, дека поради изградба на плоштадот „Карпошово востание“ се воведува посебен режим на сообраќај на улиците Иљо Војвода и Црвена општина. 
Од општина Центар апелираат граѓаните да ја почитуваат новопоставената сообраќајна сигнализација.
Плоштадот треба да добие четири големи фонтани и 13-метарски споменик на Филип Втори, поставен на постамент висок 15 метри. Ќе има и други придружни скулптури, меѓу кои и скулптура на „Мајка со дете“ и скулптури на коњи.

http://www.plusinfo.mk/vest/21746/Novi-soobrakjajni-pravila-dodeka-ne-se-ispravi-Filip-Vtori
Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 07-Nov-2011 at 23:42
Tурбо се работи овде како што гледам Cheers
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 08-Nov-2011 at 12:48
http://www.vest.com.mk/?ItemID=7E4BCFBC2937CF42BE34F1B72E459053



Само Карпош го нема на Карпошово востание

Екипите на ГП "Бетон" почнаа со градежни работи за уредување на плоштадот Карпошово востание, на кој ќе има четири фонтани, во кои се наоѓаат споменици на Филип Втори, Олимпија, мајката на Александар Македонски, како го држи в раце нејзиниот син, и скулптури на коњи

Улицата Црвена општина, кај црквата "Свети Димитрија", од вчера е затворена за сообраќај поради изградба на плоштадот Карпошово востание. Екипите на ГП "Бетон" почнаа со градежни работи за четирите фонтани, па от сега граѓаните нема да можат да го користат паркингот во близина на сто­ковната куќа "Мост". За пристап на камионите и машините, отворена за сообраќај ќе биде само улицата Иљо Војвода, од мостот Гоце Делчев до хо­телот "Стоун бриџ", но со посебен режим.
Според измените на деталниот урбанистички план "Мал ринг", предвидено е плоштадот Карпошово востание да добие сосема нов лик. Централната фонтана во облик на солза ќе се наоѓа во крајниот дел од плоштадот, во делот кон Старата скопска чаршија. Во неа ќе биде поставен споменик на Филип Втори, кој ќе биде висок 13 метри, ќе стои на 15-метарски постамент, а околу ќе се наоѓаат скулптури на војници. Во централниот дел на плоштадот, челно од Камениот мост, ќе се гради фонтана со женски фигури, а најголема од нив ќе биде скулптурата на Олимпија, мајката на Александар Македонски, како го држи в раце нејзиниот син. Две помали фонтани ќе има до спомениците на просветителите, во кои ќе има скулптури на коњи.
Скоп ја ни коментираат дека на плоштадот Карпошово востание ќе нема спо ме ник само од Карпош. Неговиот споменик е поставен пред Уставниот суд, на Кејот на Вардар, во близина на местото каде што бил набиен на кол.
Це ли от проект за уредување на плоштадот Карпошово востание чини око лу пет милиони евра, од кои три се потрошени за леење на скулптурите во Ита ли ја. Сите скулптури се дело на Валентина Каранфилова - Сте ва нов ска.
Од Општина Центар не кажуваат кога ќе биде готов плоштадот туку само об јас ну ва ат дека во моментов скулптури се леат во леарница "Фондерија ар тис ти ка Гуастини". (А.А.)


Edited by spaceman091 - 08-Nov-2011 at 12:52
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 307
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 08-Nov-2011 at 13:26
Ахаа ете ја и Олимпија.Ајде сега еден споменик на Клеопатра.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 08-Nov-2011 at 19:02


Дебили. Жалосно ќе биде и после изградбата на ова чудовиште плоштадот и понатаму да го носи, инаку заслуженото и досега сосема на место, име. Најубо да го прекрстат во Плоштад Ветер и Магла.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 10-Nov-2011 at 18:59
Се согласувам дека името на плоштадот не соодветствува со планираните централни фигури и споменици, но невистина е да се каже дека го нема Карпош на плоштадот. Кога ќе се расчисти градежниот шут и кога ќе се тргнат тарабите, споменикот на Карпош ќе си се наоѓа на Плоштад Карпошово Востание. Тоа што не е централна фигура е глупаво, но не и трагично, бидејќи сепак повеќе соодветствува да биде каде што е, отколку поместен во средина за да „личи“. Друга Варијанта е фиктивно да го „поделат“ плоштадот, полукружниот дел да биде Плоштад Карпошово Востание, а тој триаголниот дел нека се вика Плоштад Херонеја ако сакаат (малце цинизам ама зошто да не?).

Edited by alexgizh - 10-Nov-2011 at 19:00
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 10-Nov-2011 at 20:30
mislam deka imeto na plostadot ke se promeni vo filip, zatoasto vaka nema logika
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 10-Nov-2011 at 22:02

moze plostadot da se vika Filip II a kejot Karposovo vostanije

...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 11-Nov-2011 at 20:27
ја нити го прекрстувам, нити намеравам да се прилагодувам, само хилта и дилсокација му е мајката...
зошто? зошто плоштадов изгуби секаква концепција, урбанистичка, културна и уметничка... воопшто не ми е ни јасно како некој успеа во главата да си склопи таква турлитава и во јавност насилно да ја бута таквата идеја бе разлика на се
неверојатно е колку иритира тоа што плоштадот ќе има нова димензија затоа што на некој така му било кеиф (повторувам) по не знам која логика... а реално немало потреба од такво нешто
зошто на плоштадот да му додаваме нови ликови и култура, кога веќе си ги има запечатено тие кои ги има??? 
се што требаше да си добие плоштадов беше централно поставен споменик на Карпош и да се уреди како што доликува... ништо друго!

и пред да се опуштиме сите со прифаќање на вакви лудила и со менување на имиња и објаснувања за сателитски точните кординати на бесилката на Карпош и концепцијата на тоа на кејот што не може ни да се нарече споменик... барем да ве прашам да дадете логичко објаснување за „потребата“ од сето ова, едноставно ЗАШТО?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 12-Nov-2011 at 04:34

No comment.

Edited by HugoGoulding - 13-Nov-2011 at 00:24
Back to Top
Makedon PV View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Makedon PV Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 12-Nov-2011 at 07:49
>I JAS NE GO RAZBIRAM KAKO MOZI COVEK DA E TOLKU NEGATIVNO NASTROEN::
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 12-Nov-2011 at 09:46
И јас не разбирам како го коментирате zabegan, ама ви одговара да се шутне во ќош ликот кој е физички и духовно врзан со местото, а на негово место да се насади некој лик со воопшто спорна поврзаност со нашата историја...има ли некаква здрава логика да бидете вака „позитивни“!?

Zabegan е негативен, а вие како за промена може нешто „модерно-скопско“ да не го дочекате вака...

Седнете малку и памет уклучете, аман веќе...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Дарко View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дарко Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 12-Nov-2011 at 10:30
Dave Gahan Јас не гледам како е шутнат настрана Карпош....има централно место пред музејот....се наоѓа точно на местото каде што бил убиен па затоа не е ставен во центар на плоштадот...му се дава чест целиот плоштад да се вика по него...од каде и да гледаш од плоштад Македонија можеш да го видиш...навистина не разбирам каде е тој "шутнат настрана". а ако мислиш дека Филип 2. има спорна поврзаност со нашата историја објасни ми со чиjа историја има поголема поврзаност?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 12-Nov-2011 at 12:10
да не забегуваме во историја,Филип е последниот македонски крал,Александар е полугрк(по мајка му) а се однесувал тотално како грк.затоа Филип треба да го чествуваме подобро него ли син му
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 12-Nov-2011 at 17:35
Originally posted by gjoko

да не забегуваме во историја,Филип е последниот македонски крал,Александар е полугрк(по мајка му) а се однесувал тотално како грк.затоа Филип треба да го чествуваме подобро него ли син му


Половина Молосиец. А тоа не значи Грк.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 13-Nov-2011 at 21:44
Originally posted by Дарко

Dave Gahan Јас не гледам како е шутнат настрана Карпош....има централно место пред музејот....се наоѓа точно на местото каде што бил убиен па затоа не е ставен во центар на плоштадот...му се дава чест целиот плоштад да се вика по него...од каде и да гледаш од плоштад Македонија можеш да го видиш...навистина не разбирам каде е тој "шутнат настрана". а ако мислиш дека Филип 2. има спорна поврзаност со нашата историја објасни ми со чиjа историја има поголема поврзаност?
и сега како да коментирам на ова? позитивно?
како прво, споменикот нема централна локација пред музејот, но тука тоа најмалку е битно...
каде и да оди дискусијата, упорно се повторува тоа како споменикот се поставил таму каде што бил обесен Карпош
како прво, точната локација според сателитски координати за бесењето на карпош не ја знаете, па ова да ви биде главен коментар не бива...
како второ, споменик како тој што го направија, се става на плоштад, каде сите визури водат кон него, а не на некој простор каде човек ќе помине само ако е дојден специјално да го види споменикот, ако ме разбирате што зборам...
коњаници се ставаат на плоштади или било какви места каде има симетрија на просторот и упатувањата се кон споменикот, како и на места кои се посветени на ликот, како што во овој случај е Карпошово востание
а на точни локации каде се одржал некој историски настан, се ставаат спомен плочи и индикатори на настанот во други уметнички форми, за да се знае дека тука се случил тој настан (или ако просторот дозволува, спомен комплекс)...
не е проблемот дали споменикот се гледа или не, проблемот е што едноставно не личи така да се поставува таков вид на споменик, и сакале или не има правила за овие нешта... штета што ова ви го објаснувам од лаичка перспектива, па тешко е некогаш да ме сфатите озбилно

но колку и да филозофираме за поставеноста на спомениците, очигледно е дека го шутнаа Карпош на кеј (со изговор-теорија) за тука да наредат нешто друго, без некое логично објаснување или разумна причина за таквата промена
да се работеше за промена на политички систем ќе разберев (пр. преименувањето на Маршал Тито во Македонија), но тука се работи за нешто што нема потреба да се менува
и ај, еве, за карпош гледам сте нашле какво-такво објаснување (кое тешко држи вода), ајде сега пронајдете објаснување за четирите просветители кои ги лупнаа до мостот и како тие композициски се вклопуваат во целава приказна???


Edited by zabegan - 14-Nov-2011 at 16:06
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 29-Nov-2011 at 01:02
1


2

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 12-Dec-2011 at 17:34
01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


http://vecer.com.mk/galerii/karposovo/
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 12-Dec-2011 at 17:40
Едно е сигурно со спомениците некој автори ќе блеснат, а некој сами си ги закопаа своите кариери. Нема да ме чуди ако Валентина добие некоја понуда за споменици и надвор од Македонија, можеби Грција, зошто да не.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 40>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.