build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ново маало

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mjtodo View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Sep-2011
Location: USA
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mjtodo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Ново маало
    Posted: 02-Sep-2011 at 21:23
Zdravo na site !!!Nov sum na build.com taka da se nadevam deka go postavuvam narednovo prasanje vo praviot forum.Dali nekoj znae da mi kaze kakov e noviot Urbanisticki Plan za Novo Maalo ili dali nekoj znae sto e predvideno za ovoj del od Centar. Pokonkretno me interesira karsi Olimpiskiot Bazen ili pozadi skoloto Korcagin na Ulica Tetovska. 



Edited by BOJAN - 02-Sep-2011 at 21:25
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 28-Mar-2012 at 10:44
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.51/05, 137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 и 53/11), Градоначалникот на Општина Центар го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од oпфатот на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Маџир Маало и Градска Порта Ново Маало , Општина Центар – Скопје, Предлог план, дека Градоначалникот на Општина Центар донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
по изменување и дополнување на Детален урбанистички план
Маџир Маало и Градска Порта Ново Маало, Општина Центар – Скопје, Предлог план
Границата на планскиот опфат :
- На северозапад оди по осовината на бул.„Кочо Рацин" се до пресечната точка со осовината на бул.„Кузман Јосифовски-Питу" ;
- На североисток оди по осовината на бул.„Кузман Јосифовски-Питу" до пресечната точка со осовината на ул.„Никола Карев";
- На југоисток оди по осовината на ул.„Никола Карев" се до пресечната точка со осовината на ул.„Стале Попов";
- На југозапад оди по осовината на ул.„Стале Попов" се до пресек со осовина на бул.„Крушевска Република",продолжува на југ по осовината на бул.„Крушевска Република",врти на запад по осовината на ул.„Новопланирана" 2,се до пресек со осовината на бул.„Кочо Рацин".

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 11,39 ха.

Јавната презентација по Изменување и дополнување на ДУП Маџир Маало и Градска Порта Ново Маало , Општина Центар – Скопје, Предлог план, ќе се одржи во просториите на О.У.„11 Октомври", ул.„Мирче Ацев" 102, на ден 05.04.2012
година (четврток) во 13,00 часот.

Изменување и дополнување на ДУП Маџир Маало и Градска Порта Ново Маало, Општина Центар – Скопје, Предлог план , ќе биде изложен во просториите на У.З.„Мирче Мацан", ул.„Пролет" 39, секој работен ден од 10 -17 часот,
односно од 28.03.2012 година до 11.04.2012 година.

Одделение за урбанизам и просторно планирање,контакт телефон:3203 605 и 3203 660

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.


Izvor: http://www.opstinacentar.gov.mk/JAMadzirMaalo.aspx
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Apr-2012 at 03:33
Кога би требало да се рушат тие стари никакви куќи у сред центар на град?Wallbash Незнам како идат овие работи па ако може некој да образложи.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 28-Jan-2015 at 21:24

што редат одма до Веро!? и дали Ново Маало ќе ја зачуваат бар калдрмата, таа тука од секогаш ми била мила, место кое на Пролет му го враќаше шармот и в лете и в зима, иако и тогаш и денес е ко у.е. од друга димензија

инаку ова некогаш беше и најрасцветаниот дел од општина центар



Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7262
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Jan-2015 at 00:14
Previous
таму требаше да има катна гаража
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Dec-2015 at 02:02
Она кога некој стварно ќе уклучи мозок.

„Компактни соседства-одржлив град“ - магистерски труд на млад архитект

http://goo.gl/Ihoheb
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5100
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Dec-2015 at 07:53
Tuka treba turski investitor Okan da gradi visokokatnici,pogolem del od zitelite imaat potpisano pred dogovori megutoa vo posledno vreme nema nisto novo. Uste ne e usoglasena katnosta na objektite koi treba da se gradat.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5100
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Dec-2019 at 15:36
Во маалово веќе почна да се гради,засега е активно само едно градилиште на Луна поред булеварот Кочо Рацин но за неколку месеци(максимум година) би можело да се очекува експанзија од нови згради бидејќи жителите веќе се во фаза на преддоговори и договори со разни инвеститори.

Еве го деталниот по кој ќе треба да се гради



и плус еден извадок од Google Maps



Зградите всушност треба да никнат на потегот меѓу улиците Истарска и ул.706 односно меѓу бул.Кочо Рацин и ул.83 која по изведбата на некои од зградите нема да постои(сервисната уличка зад верото)

Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 28-Dec-2019 at 15:52
Убав ДУП, 7-9 катници на 5 метра растојание, со 0 зеленило или било каква јавна површина.
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 59
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 29-Dec-2019 at 13:52
Е тоа е. Ама па какво зеленило во центар? Се знае центар е бетонска џунгла со трговски центри и деловни простории, проблемот е што во населбите ги уништуваат зелените површини
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 29-Dec-2019 at 18:31
Ете преку улица во населба правена пред 70 години (Пролет) има добар пример за зеленило и генерално за добро планирање. Не мора ако е Центар да биде Дебар Маало. Се надевам дека барем инвеститориве ке направат нешто интересно помеѓу зградите.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5100
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 29-Dec-2019 at 19:56
Деталниот не е сјаен но има некои предности во смисла што овој простор уште одамна требаше да се урбанизира бидејќи се живее во супстандардни услови во 21 век среде центар на град,притоа маркиците ми се допаѓаат бидејќи не се класични коцки како во Стар Аеродром и други места така да би можело да се оди на нешто покреативна варијанта но сепак тоа зависи од инвеститорите колку ќе се вложат.Сепак мора да се работи на инфраструктурата бидејќи според планот некои од уличките ќе ги снема.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5100
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Dec-2019 at 21:59
Neznam kolku primetivte no pogolem del od markicite se bez potkrovje sto e dobar preduslov za nestompoubavi zgradi poucheni od iskustvoto deka najgolem del od zgradite se unakazeni tokmu od potkrovjeto.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5100
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-Jan-2020 at 16:17
Денес направив неколку фотки низ маалото

ул.Благоја Деспотовски-Шовел најдолгата уличка во маалото која според планот ќе стане слепа улица но ќе добие малце во ширина





ул.83 воопшто нема да постои ако се реализира деталниот бидејќи дел од парцелите се вцртани врз нејзе поточно ќе има една 7 и една 9 катница





тука е планирана 7-катница



а тука 9-катница



ул.47 исто така нема да постои бидејќи истата би требало да служи како партер или паркинг на новите згради а нова улица треба да се пробива кај црвените згради во позадина на првата фотка





ул.Битолска



овие се поред бул.Кочо Рацин каде треба да никнат 10-катници од кои едната веќе се гради



Но сепак ќе помине доста време додека овој дел целосно се видоизмени и урбанизира бидејќи неможе истовремено да почне да се градат сите згради можно е да се влече 10-тина години како што е случајот со Маџир Маало...


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5100
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Jun-2020 at 15:55
Колку само му треба средување на овој дел од градов...толку години не се најдоа инвеститори да почнат со градба,10 пати го сменија планот.Досега само Луна отпочнаа со 10-катницата но парцелата им беше празна ниту една куќа не рушеа.



https://www.facebook.com/aerofoto.mk/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7262
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Jun-2020 at 16:21

му треба средување, ама не со 7-9 катни станбени кокошарници, како што тоа го прават откарши во Маџир маало
крајно разочаруивање е што градежната експанзија на градот се сведе на бутање станови насекаде каде што ќе се добие чист простор, најчесто со низок квалитет и незавиден екстериер, дури да почне да ти фали СК2014 бог да чува
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 221
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-Jun-2020 at 16:34
Ова е едно од последните „слободни“ места во центарот, наместо да се добие нешто репрезентативно во висина и паркче плус, ќе напумпаат коцки и квадрати од 10 ката.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 08-Jun-2020 at 16:38
Едноставно ќе мора да дочекаме да дојде ден кога Македонците ќе престанат да купуваат рефус стамбена квадратура. Мора да почне да се појавува поголема дискрепанца во старо-ново, правилно-згужвано, пространо-набутано, има-нема паркинг. Доста е само блиски-далеку до центар да ја варира цената. Или може би почнало ама близината до центар ја крева цената, а згужваниот терен ја спушта исто толку, па има некој еквилибриум и од страна не се гледа дека тие фактори влијаат. Едноставно со други зборови, мора до толку лош да стане квалитеот на живеење во овие маала од згради, за да почнат луѓето да размислуваат за попериферни поправилни населби.

Edited by user8642 - 08-Jun-2020 at 16:39
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2005
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Jun-2020 at 16:42
Решавање на непрописно паркираните коли и данок од имот од 100% за објекти прогласени за „непријатели на природата и македонскиот народ, остаток од злосторничкиот режим и спротивни на здравиот разум“. Тоа или во диктатура или во функционална демократија.

Edited by Staro Skopje - 08-Jun-2020 at 16:42
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7262
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Jun-2020 at 16:51
Originally posted by user8642

Едноставно ќе мора да дочекаме да дојде ден кога Македонците ќе престанат да купуваат рефус стамбена квадратура. Мора да почне да се појавува поголема дискрепанца во старо-ново, правилно-згужвано, пространо-набутано, има-нема паркинг. Доста е само блиски-далеку до центар да ја варира цената. Или може би почнало ама близината до центар ја крева цената, а згужваниот терен ја спушта исто толку, па има некој еквилибриум и од страна не се гледа дека тие фактори влијаат. Едноставно со други зборови, мора до толку лош да стане квалитеот на живеење во овие маала од згради, за да почнат луѓето да размислуваат за попериферни поправилни населби.
реално, нема кој да влијае врз пазарот на станови во Скопје, луѓето ќе го купуваат тоа што го има во зависност од финанскиска состојба и лични преференци во однос на локација и флор план на станот, не се тие виновни тука
секако дека становите може да се регулираат со урбанистички планови и закони, затоа и постојат, може да има категоризација на единици за домување и од таму да има нивна регулација, ама кого да прашаме? истите тие што го дозволиле бутањето на кокошарнициве во сред центар?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.