![]() |
![]() |
![]() |
Квалитет на воздухот во Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 39> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8312 |
![]() ![]() Posted: 29-Nov-2020 at 16:34 |
|
Северна Македонија е на врвот на листата на најзагадени земји во светот, со 3000 жртви годишно, како последица на загадениот воздух.
https://www.facebook.com/dw.macedonian/videos/3570774296351451 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8312 |
![]() ![]() |
|
Тротоари и улици во локви моторно масло
НЕИСПРАВНИ АВТОМОБИЛИ ЈА ЗАГАДУВААТ ОКОЛИНАТА, НО СОЗДАВААТ И СООБРАЌАЈНИ РИЗИЦИ ЗА ГРАЃАНИТЕ Ризикот по животот на луѓето, безбедното движење на пешаците, велосипедистите, но и по безбедноста во сообраќајот на возилата сѐ почесто е присутен поради несовесното постапување на возачите кон нивните автомобили, особено за истекувањето на моторното масло. Оваа појава станува сѐ позачестена, како што расте бројот на паркиралишта, улици и тротоари, пропорционално расте и појавата на истечено моторно масло од превозните средства. Негрижата за возилата негативно влијае на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, бидејќи прегореното масло кога поради некоја причина ќе истече од возилото е лизгаво и особено опасно за постарите лица, децата, велосипедистите и за автомобилите. Наедно, тоа силно девастирачки влијае на животната средина, особено на водите каде што неконтролирано истекува. Додека загревањето на простории (работилници) со прегорено моторно масло е посебен проблем. ТЕШКО СЕ ЧИСТАТ ДАМКИТЕ ОД МОТОРНО МАСЛО НА УЛИЦИТЕ Еден драстичен пример е околината во близината на објектот на Општина Чаир, односно целиот тој потег што се користи како паркиралиште не само за возила туку и за таксистите. За жителите на оваа населба, ваквата состојба претставува сѐ поголем проблем: непријатна миризба, теренот е лизгав, опасно е да се минува на тој потег, па велат дека иако реагираат до сопствениците на возилата, досега решение за овој нивни проблем нема. – Имам мали деца со кои морам да поминам токму на тој тротоар за да заминам дома или да одам до продавница. Огромните дамки од маслото се лизгави, а деца знаете и сами дека не се многу внимателни кога се движат. Синот со велосипед неколкупати досега падна како последица на маслото на тротоарот. Некои од сопствениците на возилата дури и тука си ги поправаат возилата, па кога ќе им укажам веднаш со висок тон и со закани ми велат да не се мешам и дека тоа не е моја работа – вели Ирена Јовановска, жителка на оваа населба. Од Јавното комунално претпријатие велат дека во вакви случаи не можат многу да направат, освен да се обидат да го исчистат истеченото масло од возилата. – При појава на истечено масло на јавни и сообраќајни површини што се во надлежност на ЈП Комунална хигиена – Скопје, екипите на претпријатието најпрво го посипуваат местото со песок (земја) за да се впие маслото, а потоа со помош на електрична метларка се врши суво метење на локацијата. Тоа е единствениот начин да се санираат евентуалните штетни последици за возилата и минувачите – информираат од претпријатието. Од Градот информираат дека ќе ја испитаат оваа појава. – Ќе пријавиме за да се испита оваа појава од страна на нашите комунални инспектори и редари за нејзино санкционирање – одговорија градските власти. ОГРОМНА ШТЕТА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА За жал, штетата од истеченото моторно масло е уште поголема за животната средина. Испарувањето на моторните масла од земјата, нивното мешање со вода, доаѓањето во контакт со животните, се само мал дел од ризиците што се појавуваат како последица не неисправните возила. Истекувањето на маслото од возилата претставува показател за неисправност на возилото, но уште поголеми се последиците по животната средина. Според научните истражувања, моторните масла се создадени за да го подмачкаат и ладат моторот на автомобилот. И таа нивна намена завршува тука. Тие се штетни за животната средина, убиствени се за животните и растенијата, а смртоносно се опасни и за животот на луѓето. Нивното истекување завршува во водата што ја пиеме, бидејќи при само еден дожд, се мешаат со водата што потоа завршува во земјата, во растенијата, а при испарување, истите тие повторно ни се враќаат како бумеранг во форма на дожд што ни ги наводнува растенијата и садниците. Така загадената вода доаѓа во контакт со овошјето и зеленчукот со кои секојдневно се храниме, доаѓа во контакт со реките и езерата каде што во летниот период се разладуваме… Кога истеченото моторно масло доаѓа во контакт со сончевите зраци, како последица на топлината, се случува испарување при кое се испуштаат штетни хемикалии во воздухот, со што директно се зголемува загадувањето на воздухот. Кај луѓето што ги вдишуваат овие штетни хемикалии се забележуваат негативни здравствени последици како болести на белите дробови, отежнато дишење и слично. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/тротоари-и-улици-во-локви-моторно-масл/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8312 |
![]() ![]() |
|
Топењето бакарни кабли за откуп го зголемува загадувањето на воздухот
https://telma.com.mk/2020/11/13/топењето-бакарни-кабли-за-откуп-го-зго/ |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Online Posts: 2444 |
![]() ![]() |
|
Не чека поблага зима со зачестени магли што оди во прилог на вирусот
Студија: Загадувањето на воздухот може да ја зголеми смртноста од Ковид-19 за 15 отсто
|
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1090 |
![]() ![]() |
|
Ама во Скопје само домаќинствата загадувале според надлежните, другото не допринесува и се е регулирано и според најстроги критериуми.
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 1989 |
![]() ![]() |
|
Изминатите 5-6 дена од Охис, поточно карши: Андро Мебел, Канапе Мебел, Металмонтинг, вртењето накај Корни, се создава голема црвена прашина, облаци...
Иако повеќе луѓе, повеќе пати вртевме на инспекторат за заштитна на животна средина на град скопје и кисела вода на телефоните кои им се оставени на веб никој не одговара! Срамота! Истото се случуваше и кога истече онаа материја од Охис кога едвај се дишеше, а објавија после 3 дена! И тогаш никој не се јавуваше... Срамота е во отровен град да не функционираат овие телефони! И каде треба граѓаните да се пожалат? На Фејсбук и по форуми очигледно... Edited by alexsend - 02-Nov-2020 at 18:39 |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8312 |
![]() ![]() |
|
Сезоната на аерозагадување пристигна, еколошките налепници на возилата не профункционираа И по две години поминати од првичните најави, еколошките налепници на возилата во земјава не профункционираа. Од Министерството за економија за „Мета.мк“ потврдија дека црвените, жолти и зелени налепници кои требаше да ги класифицираат возилата според степенот на испуштање на издувни гасови во моментов не се функционални. Од ова министерство побаравме информација што се случува со донесувањето на подзаконските акти и дали еколошките налепници ќе се користат претстојнава зимска сезона, но на овие прашања не добивме конкретен одговор. Инаку, за воведување на еколошките налепници на возилата, најпрво требаше да се изработи правилник, по што Бирото за метрологија при Министерството за економија требаше да ги изработи овие налепници, кои ќе се истакнат на возилата, по што општинските совети низ земјава беше планирано да носат одлуки кои возила во какви услови на аерозагадување ќе можат да сообраќаат по улиците. Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) минатата недела го објави првиот Глобален извештај на тема „Половни возила и животната средина“, во која предупредуваат дека развиените земји во светот мора да престанат да извезуваат возила кои не ги задоволуваат стандардите за животна средина и безбедност, додека земјите во развој и неразвиените земји да воведат посилни стандарди за квалитет при увозот на половните возила. Северна Македонија во овој извештај на УНЕП е вметната во рангот на земји со „слаби“ политики за регулирање на увозот на половни возила, во која е дозволен увоз на возила со ЕУРО 3 стандарди на емисија. Во оваа група со „слаби“ политики од земјите во Источна Европа и поранешен СССР сме заедно со Босна и Херцеговина, Србија и Узбекистан. Законот и правилниците предвидуваат во Македонија да можат да се увезуваат само возила со најмалку ЕУРО 4 стандарди за испуштање на гасови, информираат од Министерството за економија за „Мета.мк“. Сепак, и покрај тоа што ваква одлука започна да важи на 1 јули 2016 година, на пазарот за автомобили до денес може да се препродаваат возила во земјава со пониски стандарди. Токму од оваа причина, еколошките налепници требаше да бидат важна мерка за да се ограничи користењето на возилата со пониски ЕУРО стандарди. Инаку, со последните измени на Законот за оданочување на возила при увоз кој го спроведува Царинската управа, се намали данокот согласно Еуро стандардот на возилото, односно колку е повисок стандардот на возилото, толку се плаќа помал данок. Во однос на спроведување на измени во подзаконските акти со кој би се ограничил увозот на возила под ЕУРО 5 стандард, од Министерството за економија велат дека ќе ги спроведат доколку Владата заземе став да се засилат критериумите за увоз на половни возила. Од Царинската управа на РСМ минатата недела информираа дека во првите девет месеци од годинава е забележано намалување на увозот на половни возила од странство за 42 отсто, што во најголем дел е резултат на воведувањето на механизмите во новиот Данок на моторни возила чија цел беше спречување и демотивирање на граѓаните за купување на половни возила со високи емисии на СО2. https://meta.mk/sezonata-na-aerozagaduvanje-pristigna-ekoloshkite-nalepniczi-na-vozilata-ne-profunkczioniraa/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8312 |
![]() ![]() |
|
Деновиве екипите на JP Ulici i patista - Skopje работат на рушење на диво пробиените рампи на кејот на Вардар кај депонијата Вардариште. Овие пристапи ги користат дивите одлагачи на отпад, но и намерните палачи на депонијата и се причина за честите пожари на оваа локација, кои што пак се еден од најголемите фактори во загадувањето на воздухот на околните населби Маџари, Аеродром и Ново Лисиче.
Во наредниот период ќе се затвораат и северните пристапи кон депонијата со што дополнително ќе се засили контролата на инспекторатот, пожарникарите и полицијата во сузбивањето на огновите на отворено. Во претстојната сезона на загаден воздух, ги потсетуваме граѓаните да ги пријавуваат огновите на отворено на 193 за тие што побрзо да бидат угаснати и превенирани од мешаните тимови на Пожарна Скопје, Полицијата, Инспекторат на град Скопје и Црвен Крст. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Online Posts: 2444 |
![]() ![]() |
|
Како можеш да протестираш против загадениот воздух со автомобили кои го загадуваат воздухот? Ќе имаше смисла само ако беа електрични наполнети на струја од сонце, ветар или ураниум. Алтернативата би била обичен протест среде пандемија, без маски или со маски под нос, ширејќи корона. А може и физички дистанциран протест со велосипеди, каков што имаше во Љубљана, ама тоа е изгледа премногу за жмро. Edited by Staro Skopje - 31-Oct-2020 at 21:53 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Online Posts: 4906 |
![]() ![]() |
|
Не спорам дека се ефикасни за прочистување, но јонизаторите не се баш тоа што ги рекламираат. Едно многу интересно видео од еден многу паметен дечко:
Честитки за новиот стан! |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
Semir ![]() Newbiе ![]() Joined: 16-Mar-2020 Online Status: Offline Posts: 6 |
![]() ![]() |
|
Здраво дечки, не знам дали е соодветно ова тука да го постирам, ако не е слободно избришете го
![]() Продавам Тефал прочистувач за воздух, купен во Нептун користен една сезона. Го продавам бидејќи купив нов поради тоа што се преселив во поголем стан и ми требаше прочистувач со поголема квадратура. Прочистувачот на тефал всушност има повеќе филтри од новиот бидејќи има четврт филтер кој што го собира формалдехидот од воздухот. Исто така има и опција за јонизација на воздухот (го прави како воздухот на планина со негативни јони просто кажано). Ако некој е заинтересиран можеда ми пише во дм или да ме побара на 076282238 Купен е за 13.000 го продавам за 8.000 |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Online Posts: 4906 |
![]() ![]() |
|
Значи и ти си глуп. Да протестираш за чист воздух со дизел коли е како да протестираш со јадење месо против убивањето на животни.
Скопје е котлина, ама протестот се случи во Битола. Битола има термоцентрала и многу заболени од рак. Овие дебилите имаа власт 11 години, воздухот ниту тие ниту сегашните ќе го исчистат. За што точно протестираат никој не може да разбере. |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 185 |
![]() ![]() |
|
Што бе да не е забрането да се протестира ? Ако протестираа на нозе ќе цвикавте дека се групирале ширеле болест...
Дај кажи ја фразата,колите се криви,протестите се криви за загадувањето...а да и "Скопје е котлина" затоа е загадено. Сите се криви само овие што ги браниш тука не се. |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Online Posts: 4906 |
![]() ![]() |
|
Добро, дали се нормални? Ја гледа некој друг иронијата во протест за чист воздух со возење на коли?
Тера Телевизија |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8312 |
![]() ![]() |
|
Само остана на ветување,сите мерки кои се построги и кои треба да удрат по џебот на народот максимално се избегнуваат и затоа нема подобрувања. |
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 714 |
![]() ![]() |
|
Држи вода тоа, но непотребно ја комплицира постапката, а прашање е дали и под таков услов некој би се нафатил да ја земе терцијарната. Особено, во следниве 2-3 години каде сите компании ќе спуштат инвестиции на минимум. Подобро парцијално да се оди, а таму кадешто нема интерес, државата да си гради мрежа ако смета дека има потреба и потенцијал за во иднина да даде под концесија веќе изградена мрежа (или јпп). Вака Скопје се кочи, иако и во првата и втората варијанта, Скопје ќе го субвенционира Пехчево. Има некоја разлабавеност изгледа во тие владини сектори, каде ништо не може во разумен период да се истера како проект, освен екпресниве патишта кои тераат без проблем. Координираност меѓу Град и Влада, исто минимална. |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1090 |
![]() ![]() |
|
А со налепниците на возилата до кај сме? Значи освен еден дрон што купија, ништо немаат направено 3 години.
|
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Online Posts: 4906 |
![]() ![]() |
|
Дури не се гасифицира земјава, секоја друга мерка е скоро залудна. Огромен дел од населението надвор од Скопје се грее на дрва. Новиот закон за задолжително приклучување на парно е фантастичен почеток (за Скопје), но остатокот од државата ќе мора да го чека гасот.
За жал, како што спомна Шилегов во тоа интервјуто што беше постирано овде, иако градот сакал да започне со терцијарна гасификација (до домаќинствата), владата ги посоветувала да не започнуваат, бидејќи Скопје ќе биде дел од пакет-понудата за национален дистрибутер на гас. Логиката е дека ако треба да се формира „Пехчево гас“ или „Демир Хисар гас“, никој нема да се јави на тендер, бидејќи тоа е крајно непрофитабилен бизнис за таков мал пазар. Но ако оди цела Македонија (особено делот од Скопје кој не е покриен од топловодната мрежа) во пакет, тогаш ќе има повеќе заинтересирани наддавачи. |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7447 |
![]() ![]() |
|
![]() крајно политички упорно се избегнува главната мерка што треба да се воведе за да имаме ефекти, а тоа е удирање по џебот на граѓаните, без разлика дали е тоа за возила или за греење еве може да настапат системски , прво да ги разрешат индустриските загадувачи и депониите, нелегалните палења и слично, па кога ќе се увиди дека загадувањето сеуште е на високо ниво, да се удри по домаќинствата... све супер стимулации со субвенции и замени, ама сеуште нема ни 10% од заинтересираноста на граѓаните за проблемот, а упорно се посочува на фабриките како изговор |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8312 |
![]() ![]() |
|
Колите имаат учество во загадувањето но не во таа мера колку што учество зема греењето,бројките се зголемуваат во вечерните часови што укажува дека со палењето на ќумбињата и што се не се гори во нив е главната улога во загадувањето + сите депонии кои повремено горат а се во околина или во рамки на градот.
---------------------------------------- Концентрацијата на отрови во воздухот се зголемува по 17 часот Аерозагадувањето е највисоко навечер. Ова го покажуваат графиконите на Министерството за животна средина. Во нив се гледа дека по 17 часот се зголемуваат концентрациите во воздухот. Во тој период граѓаните се враќаат од работа, има гужва низ улиците, а во домовите се вклучуваат грејните тела. Според графиконите, воздухот не е толку загаден во раните утрински часови и попладне, период кога сообраќајот не е густ. Пред два дена најмногу загадување е измерено во Кавадарци со присуство на 361 микрограм ПМ 10 честички во воздухот. 291 микрограм ПМ 10 вчера беа измерени во Куманово, а во скопскатата населба Лисиче 280 микрограми ПМ 10 честички во воздухот. Овие мерења се од пет до седум пати поголеми од дозволената граница на загаденост. Според владата, се преземаат мерки. „Незалудно се оние проекти замена на стари печки и подобрување во тој дел за да се заменат со горива коишто нема да ја загадуваат животната средина, така што само би додал дека ова е дел од проблемот и сигурно дека натаму треба заеднички да работиме и граѓаните и институциите во таа насока“, рече Душко Арсковски, портпарол на Влада. Со речиси 9 милион евра, пари од Светска банка догодина општините ќе можат да искористат проекти за енергетска ефикасност. Ќе се реконструираат општинските објекти. Општините ќе може да аплицираат за замена на загревањето во училиштата со еколошко, рекоа од министерството за економија во емисијата Економски магазин на Алсат. „Зградите мораат да ги исполнуваат критериумите коишто се утврдени претходно, а тоа се, да се сеизмички отпорни, да се стари најмалку 10 години…, рече Валентина Старделова, министерство за економија. Догодина економија повторно ќе дава субвенции за граѓаните. Новина е што ќе се доделуваат субвенции за фотонапонски соларни панели за крововите на домаќинствата кои ќе заменат електрчна енергија. Од денеска се поставени два уреди за 24 часовен надзор на воздухот во Скопје – во Карпош и Лисиче, кои ќе собираат податоци за квалитетот на воздухот 24 часа на ден во текот на наредните 12 месеци. Со анализа на добиените податоци попрецизно ќе се откријат поединечните извори на загадување на воздухот во градот, велат од УНДП. https://alsat.mk/mk/ |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 39> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |