build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Квалитет на воздухот во Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 353637
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #721 Posted: 08-May-2020 at 00:12
Апсолутно се согласувам дека итно ни треба намалување на загадувањето, а дел од тоа е намалување на издувните гасови од дизел, но нагло скокање на акцизата за 10 денари би предизвикало големо незадоволство, а Владата која тоа ќе го стори ќе се соочи со проблем на гласачките кутии, па тешко дека би презела таков чекор. Тоа треба да се развлече едно 5-6 години, паралелно со забрана за увоз на одредени возила, еколошки налепници, реформа на други давачки и низа други мерки од областа на екологијата.

Дали е возможна пониска цена на дизелот за камионите, автобусите и механизацијата наспроти автомобилите и моторите? Ако не директно, преку помала цена на станиците, тогаш индиректно преку поврат на акциза или нешто слично. Тоа би ги ублажило негативните економски последици од зголемената акциза. Со тек на време и развој на новите технологии на автобусите, а потоа и камионите и механизацијата градуално би им се намалувал повратот, се` до негов престанок.

Edited by Staro Skopje - 08-May-2020 at 00:12
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #722 Posted: 17-May-2020 at 23:27
Одлично решение за Рекорд, со тоа што тука би требале две, а не една линија за БРТ-то.
Предлог од 21 век за Grey Street во Њукасл:
“Pro-city, not anti-car!” Transforming parking & curbing cars on the “finest street in England” to make room for widening sidewalks & pop-up cycleways, plus more 20mph streets, & more! (BrentToderian@twitter)

извор

Истата улица на почеток на 21 век:

извор
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #723 Posted: 27-May-2020 at 19:45
АЛБАНИЈА ВО ОКТОМВРИ ЌЕ ВОВЕДЕ ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ АВТОМОБИЛИ ЗА ВИКЕНДИ

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека ќе забрани да се возат автомобили во викенди, во интерес на поголема заштита на животната средина. Оваа мерка би стапила на сила во октомври и би била на сила до март.

„Правилото за невозење автомобили би се применувало за викенди или барем во неделите, од октомври до март. Ова би било во интерес на животната средина, децата и старите лица“, изјави Рама.

(...)

sdk.mk

No cars in the centre of Athens for three months

A three-month ban of traffic in the centre of Athens and other restrictions will be introduced for the summer, taking advantage of two different opportunities, that of a cautious post-pandemic opening to tourism and municipal plans to promote a pedestrian-friendly program, the ‘Grand Walk of Athens’.

The ministries of Citizen Protection, Health and Interior have jointly approved Athens municipality’s set of traffic proposals through an inter-ministerial decision (KYA) announced Thursday and published in the Government Gazette on Friday.

These changes in central Athens’ traffic flow are part of the new Athens urban development plan to offer citizens and tourists alternative ways of transportation in the capital, Athens mayor Costas Bakoyannis told ANA-MPA.

(...)

Exempt from these traffic restrictions are: members of the government, members of parliament, mayors, governors, army personnel, as well as Ministry of Health, Civil Protection and medical staff, and the immediate area’s permanent residents. Violating the traffic measures carries a €150 fine.

The overall urban development plan for Athens provides for a 6.8 km pedestrian walk (including the capital’s historical center of Plaka) and will free some 5 hectares of public space for citizens and visitors, including a bicycle lane on Panepistimiou Street.

greekcitytimes.com

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #724 Posted: 27-May-2020 at 20:40
Moже да се направи истово на Рекорд, да се видат ефектите ако стане пешачка зона, можеби нема да биде потребно проширување на Даме Груев.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #725 Posted: 27-May-2020 at 21:21
Со долгорочни и поскапи, но поисплатливи и поеколошки решенија, Даме Груев ќе може да остане 1+1, а дрвјата да не се исечат.

Изградба на Јужен Булевар и тунелот под Плоштад би дозволиле Рекорд да се затвори за автомобили, а Даме Груев да остане споредна улица:

Сегашно решение:
Црвена рута - 3.44km
Жолта рута - 4km
Зелена рута 1 - 7.46km
Зелена рута 2 - 7.09km


Идно решение:
Црвена рута - 3.1km
Жолта рута - 3.43km
Зелена рута - 5.90km
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #726 Posted: 29-May-2020 at 13:09
Вардариште“ вчера, а пред денешното изгласување на ДУП-от

Вака вчера изгледаше на екс депонијата „Вардариште“.





https://www.vecer.press/вардариште-вчера-пред-денешното-и/





https://www.facebook.com/groups/145337166272043/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #727 Posted: 29-May-2020 at 13:10
Дали на еколошкиот чир „Вардариште“ ќе никнат спортски терени и паркови?

Утре на седница во советот на општина Гази Баба, конечно после толку години, ќе биде ставен на гласање деталниот урбанистички план за Вардариште. Со планот „ДУП за градска четврт СИ 09, блок 1, не се предвидени објекти за домување туку парковско зеленило со водоснабдителна инфраструктура за полевање на зеленилото, а во седумте градежни парцели да се подигнат повеќенаменски спортски терени на отворено без трибини за фудбал, кошарка, ракомет, тенис, атлетика, одбојка, голф и слично со пропратни објекти за компатабилни намени (угостителски единици, хотели, градби за собири итн).

Меѓу советниците има расположение ДУП-от за Вардариште да добие зелено светло, но кај некои од нив постои скептицизам дека ќе има конечно решение за еден од најголемите проблеми со отпадот на територијата на општина Гази Баба. Ова поради фактот што со ДУП-от од 2014 година за овој простор од 22,7 хектари, кој е до поранешната фабрика „Годел“ беше предвидено да се уреди со голф терени, игралиште за пеинт бол, голем парк и расадник за рози за потребите на Град Скопје.

Тој план стои во фиока и таму во изминативе 6-7 години нема направено ништо од планираното, а Вардариште и понатаму служи како депонија за одлагање на секаков отпад од каде се шири реа. Таму живеат околу сто жители – фантоми кои околу живеалиштата имаат направено депонии од пластика, картони, отпадно железо и разноразни кабли кои ги горат. Жителите на општините Аеродром и Гази Баба и репризно секоја година ги чувствуваат последиците од неконтролираните пожари од Вардариште.

Советници од општина Гази Баба велат дека Министерството за труд и социјална политика треба, а не го решава, проблемот со фантомите и во изминативе години само го става под тепих. Тие лица им прават проблеми на жителите од населбата „Кирил Петрушевски“ бидејќи ги крадат и им провалуваат во нивните куќи.

Тие се скептици и дека во догледно време тешко таму нешто ќе се гради со оглед на проблемот со метанот и другите гасови кои излегуваат од Вардариште, која официјално е затворена пред речиси 25 години со изградбата на депонијата „Дрисла“. Таму се натрупани милиони килограми отпадоци од скопските домаќинства, а тоа продолжи да се провлекува до ден-денес.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/дали-на-еколошкиот-чир-вардариште/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #728 Posted: 29-May-2020 at 13:46


Ова „повеќенаменски терени на отворено без трибини“, особено „голф“ и „угостителски единици, хотели и сл.“ ми личи на нешто веќе договорено. Ќе видиме ли country club на сред Скопје?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #729 Posted: 29-May-2020 at 14:07
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #730 Posted: 21-Jun-2020 at 09:26
Македонските граѓани бараат повеќе еко-инспектори и казни, а пријавувањето загадувачи да се поедностави

Граѓаните бараат бројот на инспектори за животна средина да се зголеми. Инспекторите да бидат поактивни и достапни 24 часа, начинот на пријавување загадувачи да се поедностави, а лицето што пријавува да остане анонимно и заштитено од притисоци. Исто така, голем процент граѓани не се информирани за исходот на постапките и сметаат дека е премал бројот на изречени казни од инспекторите. Истовремено, инспектори имаат проблем со законски решенија и со субјекти што се подготвени да платат за да продолжат да наштетуваат на средината. Отворената платформа на Град Скопје треба да одржи континуитет и да се прошири низ инспекциите низ Македонија.

Ова се дел од заклучоците на вчерашната јавна дебата „Инспекторите под лупа на граѓаните“, организирана од Зелениот институт. Онлајн настанот беше дел од проектот „Алатки за подобрен инспекциски надзор на локално ниво“, преку кој се спроведуваше и анкета во четири македонски градови – Скопје, Битола, Куманово и Велес.

Христина Оџаклиеска, планер со посебни овластувања за заштита на животната средина во Агенцијата за просторно планирање, нагласи дека повеќе од 75% од граѓаните потврдиле дека забележуваат загадување во својата општина.

Потенциран е проблемот со аерозагадувањето, дивото депонирање на отпад, а меѓу причините е и горењето на нестандардни горива во домаќинствата.

„Во населените места, во чија близина има индустриски капацитети, граѓаните ја посочуваат и индустријата како извор на загадување. Во општина Велес имаат и проблем со животински фарми и каменолом. Битола има изразено мислење дека големо влијание има и рудникот, кој е во непосредна близина“, потенцираше Оџаклиеска.

Граѓаните велат дека пројавуваат интерес да пријавуваат загадување, но, од друга страна, се’ уште голем процент не пријавиле загадување. Исто така, скоро 50% сметаат дека немало реакција од надлежните служби, или пак инспектори биле на увид, но не знаат како завршил случајот (22% Велес, 34% Скопје, 35% Битола до 42% во Куманово).
Граѓаните од четирите градови, со проценти од 82 до 96%, бараат можност за повеќе начини за пријавување загадувачи. Најмногу ја фаворизираат опцијата преку специфична онлајн платформа, каде би закачиле фотографија и локација. Исто така, би пријавувале и по телефон, по е-мејл на службите или Фејсбук. Мал процент граѓани знаат колку има инспектори за животна средина, но мнозинството сака да дознае колку се вработени.
„Исто така, интересно е тоа што, независно дали знаат колку инспектори работат во општината, најголем дел, или повеќе од 50%, со исклучок на Куманово (45%), сметаат дека бројот на инспектори треба да се зголеми“, нагласи таа.

Меѓу 73 до 88% од испитаниците по општини не виделе дека се објавуваат записниси и наоди од инспекциски надзори. Голем е процентот и што не ја виделе Платформата на Инспекторатот на Град Скопје.

Нови алатки на Инспекторатот на Град Скопје

Мирослав Богдановски, раководител на Градскиот инспекторат во Скопје, вели дека целта е да се олесни комуникацијата меѓу граѓаните и инспекциските служби. За него е поразително што според анкетата има висок процент на граѓани што не пријавуваат. Истовремено, нагласи дека треба да се зголемува бројот на инспектори за животна средина, бидејќи сега шестте се задолжени за бројни правни субјекти и 40-ина инсталации со Б-интегрирани еколошки дозволи.

„Отворени сме за соработка. Инспекторатот на Град Скопје воведе новини. Пример, своја Фејсбук-страница, ги информираме граѓаните за работата, преземени дејствија за одредени предмети. Во соработка со тимот на Скопје Лаб, дојдовме до заклучок дека оваа пракса треба да се унапреди. Воведена е апликацијата е Flashdesk“, рече тој.

Алатката е пуштена ланскиот октомври и има 60 корисници од Секторот Инспекторат. Freshdesk е поврзана со Фејсбук, па секоја пријава стигнува и до раководителите.

„Доколку граѓанин пријави одредена нерегуларност, откако ќе се заврши доделувањето на предметот, тогаш инспекторот пишува како постапил, што постапил, што е преземено… Граѓанинот го има тоа на увид. Известен е за дејствијата од инспекторот“, објаснува Богдановски.

Преку Платформата за отворени податоци, пак, ги преземаат предметите од инспекторите, податоците од записниците. Богдановски вели дека е запазен и Законот за заштита на лични податоци. „Меѓутоа, секој граѓанин ќе може да види во својата општина колку записници се направени, колку казни се изречени, по кој основ и закон“, вели тој.

Воведена е и апликација „Е-инспектор“. Сите инспектори добиле мобилни и можат да го оптимизираат работењето. Раководителите, пак, да проверат дали е постапено според планот за работа.

„Доколку инспектор треба да оди денес во Ѓорче Петров, раководителот може да провери дали навистина отишол таму, колку и каде се задржал. Во однос на безбедносен аспект, бидејќи имавме напади на инспектори и редари, има инсталирано копче ‘panic’, преку кое веднаш се лоцира инспекторот и се праќа полиција или други инспектори. Целиот процес на имплементирање не одеше така лесно. Имавме отпор и од оваа наша страна, од инспекторите. Требаше да им се објасни што се планира, како се планира, дека им се олеснува, а не оптоварува работата“, вели Богдановски.

Се надева дека и другите инспектори од државата ќе го следат примерот, па ќе дојдат и до поширока, законски оформена и имплементирана апликација.

„Контактираме и со општински инспекторати, објаснето им е како функционира платформата, но никој не изрази желба да рече ‘дајте да направиме и кај нас да имплементираме’, затоа што се’ ова го правиме е дополнителна работа. Но, ние постоиме како алатка на граѓаните, тоа ни е работа“, забележа Богдановски.

На дискусијата немаше претставник од Државниот инспекторат за животна средина. За овој Инспекторат, Државниот ревизор во извештај од 2018 потенцираше дека „отсуствуваат доволни и достапни информации за инсталациите над кои бил извршен надзор, бројот и видот на извршени надзори, утврдени наоди, изречени мерки и резултати од истите“. Ревизорите утврдија и дека, од своето самостојно функционирање, Инспекторатот со недоволен број инспектори, несоодветна организациона поставеност и функционалност на одделенијата, недоволно обуки и стручно усовршување на инспекторите, недостаток на финансиски средства.

Во заедничкиот извештај за квалитет на воздухот на EUROSAI – Европската организација на врховни ревизорски институции, стои и дека „инспекциите за животна средина се вршат на централно и локално ниво без координација“.

„Законот за инспекциски надзор е направен во корист на извршителите на дела“

Дејан Димитровски, советник од скопска Гази Баба, потенцираше дека цело време се води „војна“ меѓу граѓаните, инспекторите и загадувачите. Законот за инспекциски надзор, вели тој, повеќе е во корист на извршителите на дела, отколку на граѓаните.

„Апелирам многу пати во општината, преку ЗЕЛС, градоначалникот веднаш да побара промена на тој Закон. Пример, фаќам извршител со полн камион шут како го исфрла во Гази Баба. Тој ми се смее, вика ‘слободно пријави ме, казна ми е 50 евра, а јас од секој камион имам 300 евра’. Буквално 80% од законот треба да се смени. Тоа е моето мислење“, вели тој.

Во однос на ефикасноста на инспекторите, дополнува Димитровски, многу пати кога одат на терен – не ги завршуваат работите, затоа што обично доцна стигнуваат на „местото на злосторот“ за да фатат загадувач. Независно дали некој палел бакар, фрлал шут друг начин загадува околина.

„Апликацијата на Град Скопје многу би ја подобрила работата за директно фаќање на извршителите. Понатаму, проблем е за редарите и инспекторите, кога ќе биде фатен извршител, немаат право да го легитимираат, право да го приведат. Ако не сака да даде лична карта – не можат со сила да му земат. И, тука завршува целата работа. Џабе имаме инспектори на терен кога не можат да си ја завршат работата!“, нагласи тој.

https://www.radiomof.mk/makedonskite-gragjani-baraat-povekje-eko-inspektori-i-kazni-a-prijavuvanjeto-zagaduvachi-da-se-poednostavi/?fbclid=IwAR0AzEnmHFDSfzlj4t1pwRDCimUqk-psTHEEwUUCbt7qFnrRvI9nzXUoUJc
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #731 Posted: 23-Jun-2020 at 23:50
Што ти е ветар лете. Усје пак труе.
EAQI


PM2.5

mojvozduh.eu
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #732 Posted: 29-Jun-2020 at 15:50
ГИНЕКОЛОГИЈА ЧАИР ОД ЗИМАВА НЕМА ДА ЗАГАДУВА, ПОЧНА ГАСИФИКАЦИЈАТА НА БОЛНИЦАТА



Почна гасификацијата на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Деновиве во болницата се поставува нов котел за греење и потребните приклучоци и цевки за загревање на објекот на гас.

Директорот Башким Исмаили вели дека од оваа зимска сезона повеќе болницата нема да се грее мазут.

„После долги години Министерството за здравство спроведе тендер за гасификација на болницата. Не само што ќе се придонесе во борбата против аерозагадувањето во Скопје туку сега ќе имаме подобри услови за родилките и бебињата во болницата“, вели Исмаили.

Гинекологија Чаир секоја зима се споменува како еден од загадувачи на Скопје и постојано на социјалните мрежи се споделуваа фотографии од црн чад кој излегува од оџакот. Лани во феврури скопскиот градоначалник Петре Шилегов му се закани на министерот за здравство Венко Филипче дека ќе ја затвори болницата ако не го смени начинот на греење. По ваквите закани од Шилегов, Филипче тогаш рече дека ја почнуваат тендерската постапка за гасификација на Гинекологија Чаир.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/makedonija/ginekologija-chair-od-zimava-nema-da-zagaduva-pochna-gasifikatsijata-na-bolnitsata/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 353637

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.