build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Forumest View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Forumest Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 04-Dec-2011 at 15:38
Вчера вечер посериозно осетив колку е загаден воздухов. Се движевме од Саем кон жележничка и ко да дишевме директно од алспух.
Вчера заборавив да ги проверам графиците ама еве ги од сега. Сегашното ниво изнесува 339.






EXPRESS YOURSELF
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 04-Dec-2011 at 17:05
Ме чуди како тоа од кога се ставија Мерачите на загаденост сите почаа да го осеќат загадениот воздух, медиумите почнаа да тресат зелени и манипулират статистики, и наеднаш сите се загриживме за нашето здравје.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 04-Dec-2011 at 17:38
Previous
 
Тоа и мене ме интересира, ако добро помнам, овие мерачи не се стари ни година дена, јас лично одвреме навреме чувствувам како да ми тежи воздухот кој го дишам, тоа сум го чувствувал од секогаш, но многу ретко излегувам надвор, поради што и ретко се жалам.
 
Факт е тоа дека воздухот е загаден, но скопјани не ги интересира тоа, се додека не ги почувствуваат последиците на сопствена кожа, или се додека медиумите не почнат да обрнуваат внимание на тоа што го велат овие мерачиве на квалитетот на воздухот.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 04-Dec-2011 at 17:47

  Јас имам проблеми со дишењето секогаш кога има зголема концентрација на честички во воздухот, што/какви и да е/се, не ми прави разлика. И без разлика дали се штетни или не. Многу е густ. И затоа неможам да дишам нормално. А многу ретко е свеж и разреден. Тие денови кога е свеж, за мене се празници. Тогаш можам да се изнадишам и да уживам во воздухот, онака кога ќе земеш здив и кога ќе се исполниш. 

Е сега проблемот е тоа што стануваат се поретки. И без да ја поставија мернава станица, можам да го почуствувам. И летото беше исто, многу пред да беше ставена во функција станицава.

Единствен период кога во Скопје има доволно или повеќе денови со чист и свеж воздух се во пролет. Лето, есен и зима многу се ретки.... и плус на сето тоа се временските услови, кои се и фактор за состојбата на воздухот....

Еве една споредба, во пролет има најмногу ветер и дожд во Скопје, и затоа воздухот е чист. Лето е многу сушно и топло, а есен и зима имаат премногу магла, влага, или пак се премногу суви.... а не дува многу ветер, есен ај така така (со исклучок на оваа), ама зима многу малку.... и плус ниските температури... навистина е измачувачки....

Е сега ќе речеме, па до времето е... да до времето е, но во комбинација со самото загадување.... Ама бидејќи неможеме да го контролираме времето... тогаш треба да почнеме да го контролираме загадувањето....

на нас магла не ни пречи природно... ни пречи смесата на магла со загадувачи, ни пречи смогот....  

И уште пореволтирачко покрај тоа што не презимаме ништо за да ја подобриме состојбата, ние се повеќе свесно или несвесно ја влошуваме...

А ова со мернава станица.... тоа беше само една шлаканица за освестување.... нешто што ни посочи за состојбата, и нешто што ни даде неоспорливи факти и податоци за воздухот кој го дишиме...

Секој скопјанин знае дека е нечист воздухот во Скопје, но бидејќи тоа е најчесто константно, а спротивно трае многу кратко.... ние се навикнавме да го дишиме овој воздух... во смисла да не го приметуваме, но тоа не значи дека тоа не влијае на нашиот организам, нашето тело, метаболизам....

И треба да почнеме стратегија... што и како ќе правиме со проблемов... а не само да си наоѓаме изговори.... А најмногу што го мразам е изговор дека сме биле голем и важен и носечки град во сите сфери во државата, и затоа треба ова да го сфатиме како жртва... е не е така.... не смее да биде така... нема смисла.... 



Edited by FoSsiL - 04-Dec-2011 at 17:50
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 04-Dec-2011 at 18:09




значи треба да се најде причината за загадувањето,дали е тоа градски ѕид,или комплексот згради во аеродром кој го спречува јужниот ветер,тоа треба да го каже науката и да се трага по решение

Edited by gjoko - 04-Dec-2011 at 18:10
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 04-Dec-2011 at 18:27

И уште нешто сакам да додадам.

И без да е загаден воздухот, нека е чист. А притоа да нема доволно ветер или да не заврнало. Скопскиот водухот пак ќе биде тежок за дишење. Баш поради густината. Бидејќи не се движи, не циркулира, се натиснува и стои така, и станува тежок за дишење... Колку и да е чист.... пак не е здрав.. зашто тоа е исто како да остаиш млеко да стои на отворено... ќе скисне... ферментира... исто и со вода... станува стојна.... се создаваат минерали, бигор... или еве најобично.... не отварајте прозорци и врати дома, да не влегува воздух... тој воздух што се наоѓа во просториите станува штетен, не е свеж, густ е, и не е пријатен за дишење....

Е истото се случува и со Скопје, само што во Скопје, најчесто има и дополнителни штетни материи.... Но и да ги нема, нека е чист... пак ќе биде заникаде....

Прашањето е, зошто воздухот природно не циркулира, без учество на ветер во таа процедура....

Одговорот е.... Самата конструкција, формата, архитектурата на градот.... Не дозволува циркулација... а со се повеќето новоизградени објекти или обејкти во изградба, просторот уште повеќе се намалува и се затвара...

Пристапот е погрешен, многу е погрешен, растојанието помеѓу обејктите е многу мало, пешачките, но и коридорите за патен сообраќај се стеснуваат... процепите во градот стануваат се помали... и за на крај намалување на зеленилото, стеснување на коритото на Вардар, поготово опфатот во Центар.... и уништувањето на Водно....

А незнам колку знаете, дека е ова е особено битно за циркулацијата на водухот...

И толку е очигледно, а не е сериозно сфатено...

А ај на страна да го ги тргнеме вообичаените загадувачи на воздухот... 

Што правиме со Радонот? Кој е радиоктивен... И кој неизбежно секаде го има... Но во различни концентрации и количини....

Радонот е радиоактивен гас, кој се добива при разградување на потешки и поголеми (во атомски број) радиоктивни елементи, како ураниумот, радиум, и други... кои се наоѓаат насекаде низ нашава планета, во почвата и длабоко во земјата, но и најчесто се безбедни, бидејќи или се во мали количини или пак се длабоко, или пак се неактивни... но Радонот полесен елемент, супстанца кој како гас излегува  на површината на земјата.... Но, не е полесен од површинскиот воздух.... и затоа паѓа и се таложи во ниските слоеви... некаде до 9 метри висина... или втори кат... но во помали концетрации и количини... но затоа пак на приземје има големи количини и концентрација, и ако не постои негово движење, циркулација на воздухот, негово разредување... станува многу концентриран, и со тоа и екстрмно штетен по здравјето на човекот, но и на сите други живи организми....

Е сега, јас би прашал.... Што правиме со тесниот и од една страна целосно затворен простор помеѓу Уставен Суд, Комерцијална и АЕК?

А не дека ова е единствен пример.... ги има стотици низ Скопјево наше...

И не заборавајте, дека оваа локација кога објектот ќе биде ставен во употреба, ќе има голема концентрација на луѓе... те за веќе постоечка Комерцијална, те АЕК, те некој за во музеј, некој архив, некој суд, итн.. итн...

Само што немаме сеуште поставено мерачи на Радон низ градов.... па после да се шокираме што ќе покажат и што ќе дознаеме... официјално.... ама и не е за смеење... 

Нас ни треба доказ за да знаеме нешто.... а нема врска што во меѓувреме се гушиме... Ама ако... ова е добра работа... барем сега знаат луѓето... го имаме со тапија...

А баш би ме интересирало што ќе отчитуваат мерачите на радон ако некој ден бидат поставени....



Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 04-Dec-2011 at 18:36
Originally posted by gjoko





значи треба да се најде причината за загадувањето,дали е тоа градски ѕид,или комплексот згради во аеродром кој го спречува јужниот ветер,тоа треба да го каже науката и да се трага по решение

Ова е многу точно.

Живеам во Аеродром. А Аеродром нели е во форма на квадрати. Е што се случува тука... Зградите се еден вид брана за струењето на воздухот... И зимно време, кога ќе падне магла или еве имаме загаден воздух... во средишните паркови, во средината на квадратите од згради... таа магла и штетен воздух, толку многу се таложи, што на 5 метри од мене не гледам... А морам да поминам, да поминувам секој ден, по најмалку два пати дневно.... 

Верувајте дека е многу почисто меѓу згради, отколку во парковите.... таму ама баш се‘ се собира, како дупки се.... или одвод од мијалници... А и поладно е, и зимно време и летно време... нели поладниот воздух е полесен... што за летно време е и позитивна работа, плус за околните жители, да се освежат и оладат...

јас не сум научник, јас само го кажувам тоа што го гледам, и го чуствувам...

А верувам истото за жал е и со Градски Ѕид, само што овој случај не се работи за средишен парк, туку за цело строго централно подрачје на Скопје....

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 04-Dec-2011 at 18:45
Ако може некој да ме потсети не се сеќавам добро, но колку што ми текнува по саеми мислам дека се појавуваа некакви фасадни матерјали кои ја кондензираат ли концентрираат прашината, е сега тоа како функционира не знам дали е со некоја електростатичност или хемиски со некаква катализација, ама имаше нешто такво. Ама тоа цел град да е со такви фасади е голем проект.

Ова со градски населни што поречувале во ветровите за мене е некако глупава теорија, како да ако тоа е проблемот ќе го срамниме градот со земја. Има многу поизградени градови од Скопје и тоа е нормално. Она што не е нормално е лоцирање на комбинати во котлина од 60 км^2.

Тоа што државата некогаш градела по централизам, штотребало да значи некаква ефикасност, денеска како решение може да се бара модел за релоцирање, и тоа дебел дел на државна сметка. Само што Македонија не е општество кое може да си дозволи толкав степен на животен квалитет, па тоа во догледна иднина може и да се заборави. Можеби некои повисоки оџаци може да имаат некаков ефект кога издувните гасови (оние после филтрите што мора да се постават) би се кренале до некоја различна ружа на ветрови.

Како едно решенијата мислам дека се вршеше некакво аеросолно прскање со хемикалии кои предизвикуваат окрупнување и таложење на прашината, но тоа е ад-хок и во вакви случаеви и би требало да се примени.

Други начини да стимулираме проветрување немаме, освен ова.




Edited by lslcrew - 04-Dec-2011 at 18:48
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 04-Dec-2011 at 18:58

Добро да не бидеме иронични но има сигурно решенија. Не сме во среден век...

Ако не за целосно искоренување тогаш за делумно, за подобрување на состојбата...

Но, еве, блоковите во Аеродром, Градски Ѕид, Капиштец, па и Карпош во делови.... Тие се завршени работи... постојат... нема сигурно да ги рушиме... иако можеме да промениме некои работи и да ги намалиме штетните ефекти, да компензираме... Ама да сакаме, и да се фатиме сериозно за тоа....

Но, што правиме ние, нешто што многу ме ама многу нервира... Наместо да се занимаваме со овие блокови... Ние градиме нови блокови... Од МНР до Уставен, па и до МНТ, тоа е огромен ѕид, пречка... 

Потоа идејата целосно да се затвори плоштад Македонија.... не само поради скратување на пешачки коридори, штетно е и поради намалување на просторот за циркулирање на воздухот... 

Или што е она што го дозволивме и направивме во Лисиче, зградине една од друга десет метри дали имаат... исто и за Реонски... А Расадник... таму... таму... тоа е ненормално тесно....

Тоа е.... не мислиме, поим си немаме од планирање и искористување на просторот... најважно е да се бутнат што е можно повеќе маркички, за повеќе комуналии, за повеќе профит, за пари... ма кој ја е.е Екологијата и здравјето, животите на луѓето кои живеат и ќе живеат во тие населби, ќе функционираат и ќе извршуваат се‘, па да, ќе ‘‘живеат‘‘ во овој град... или подобро речено... ќе преживуваат.... ќе заболуваат и ќе се лечат, ќе се гушат... ќе умираат.... добро ова може претерав со умирањето.... ама секако имаме полош и пократок живот од луѓе кои живеат во градови со иста големина на Скопје, но многу поеколошки средини од него.... 



Edited by FoSsiL - 04-Dec-2011 at 19:03
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 04-Dec-2011 at 19:17
Абе фосил и ова си има своја логика до некаде, ама и развојот си има своја логика, само малку да го пренасочиме кон источните ливади пред Скопје, за да не биде сега политика на од крајност во крајност, нема сигурно да забраниме изградба. Па нема ваљда сега да почне од тука светов со Venus project, што се па една друга радикално спротивна страна на монетата. Само рамномерна географска дисперзија на становите и економијата нудат квалитетен живот, не за џабе порано концентрацијата на населението била повеќе по руралните области, зашто така се добива некоја оптималност. Ние живееме во ситуација на наследена, интервенционистички предизвикана, централизација која не се ни обидуваме да ја промениме.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 04-Dec-2011 at 19:19

Би сакал да додадам.... Единствено почисти (по воздух) места во Скопје се Чаир, Бутел, дел Гази Баба и нагоре Скопска Црна Гора, и наваму Водно, ама како ненаселена површина...

Кога има магла во Центар, Аеродром, Карпош, во овие места најчесто и ја нема. На повисоко се, имаат најверојатно различна ружа на ветер и почест е... 

Тоа е исто со приказната за кога некој турски бег (ако единствено не се лажам или грешам) дошол на ова место да изгради град (односно Скопската Чаршија и делот на Чаир натаму) и дал наредба да се заколат 4 овни или овци (што и да се) и да се постават на кол (ако не се лажам) на четири места во Скопје, според страните на светот.... и таа која најмногу ќе и треба време да скапе, на тоа место да се изгради градот. Испаднало дека таа на Север издржала најмногу, и затоа таму и го изградил градот, т.е. Чаршијата...

Што е и доволно издржано... и најверојатно вистинска приказна....

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 04-Dec-2011 at 19:46

Ај вака Лсл.

Кажи ми кое според тебе е поеколошки и поекономичен и поефикасен концепт.

Тој лево, или тој десно?

Притоа да напоменам дека опфатот на вкупна површина и кај двата е ист. И да кажам дека збирот на површините на маркичките или парцели како сакаш за 16-те ниски згради е еднаков на 2*збирот на површините на маркичките за двете високи. 

Но вкупната бруто површина, а воедно и искористлива површина (со оглед дека високите се 4 пати повисоки од ниските), кај високите е за два пати поголема од вкупната кај ниските. Односно попросто кажано. Една висока е еквивалентна со 16 ниски. А две високи со 32 ниски. Иако не се претставени.

И очигледна е разликата во празен простор помеѓу зградите. Кај ниските е неколку пати помал одколку од тој кај високите. И тука се заклучува дека меѓупросторот кај високите ќе овозможува многу поголема циркулација на воздухот одколку меѓупросторот кај ниските згради.



Edited by FoSsiL - 04-Dec-2011 at 19:50
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 04-Dec-2011 at 19:57
еден факт е точен,тоа кај нас сите го знаат-од кога почна да се прави браната Козјак,во Кичево постојано има магла,а порано ја немаше никогаш,доаѓам јас од Скопје каде прст пред око не се гледа,во Кичево е бистро како во лето.запрено е струењето на воздухот и сега тоа многу се одразува и кај нас.нешто слично треба да се бара и во Скопје.

ако се направи вардарска долина,од аспект на квалитет на воздух црно му се пишува на Скопје
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 04-Dec-2011 at 20:00

Ова секако е само пример. И за Скопје треба дополнително да се разгледа, со оглед на условите. Но е далеку од невозможно, односно е сосема возможно, сосема реално и прилично сум сигурен со голема оправданост. 

И покрај тоа се добива и поголема густина на население. На истиот опфат, кај високите живее дупло население, во споредба со ниските.

Со тоа се зголемува и исплатливоста на секој вид јавен транспорт.

Исто така се користи површината и ресурсите рационално, и не загубите се сведуваат на минимум, а се намалува и неоправдано, неекономично, неефикасно искористената површина, а се зголемува коефициентот на добро искористената површина. 

И секако градот функционира многу подобро и побрзо.

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 04-Dec-2011 at 20:01
Fossil, навистина незнам која опција е подобра, но знам дека повеќето Западноевропски градови се со ниска градба и тоа по прицип „лепенка, значи објектите најчесто се лепени еден до друг а и доста збиени, што од аспект на струење е апсолутно неповолно, Но за разлика од Скопје овие грдови го немат Макстил, Усје и слични, а и немат автомобили кои се со просечна старост од 17 години, а и луѓето користат повеќе јавен сообраќај и велосипеди. Значи муабетот ми е дека загадениот воздух во Скопје е сплет на повеќе фактори меѓу кој можеби и распоредот и непланското градење на објектите.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 04-Dec-2011 at 20:10
Originally posted by gjoko

еден факт е точен,тоа кај нас сите го знаат-од кога почна да се прави браната Козјак,во Кичево постојано има магла,а порано ја немаше никогаш,доаѓам јас од Скопје каде прст пред око не се гледа,во Кичево е бистро како во лето.запрено е струењето на воздухот и сега тоа многу се одразува и кај нас.нешто слично треба да се бара и во Скопје.

ако се направи вардарска долина,од аспект на квалитет на воздух црно му се пишува на Скопје

Делумно се согласувам. Но мислам дека ова важи повеќе или исклучиво за летно време, бидејќи испарувањата се многу поголеми, а во зима се многу ниски, или дали воопшто ги има.

Ние можеме да ставаме претпоставки. Зошто некој покомпетентен и позапознаен со овие работи тоа не го истражи и да се објави јавно, а не да се протне како ништо сериозно.  

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 04-Dec-2011 at 20:22

Originally posted by kultuzin

Fossil, навистина незнам која опција е подобра, но знам дека повеќето Западноевропски градови се со ниска градба и тоа по прицип „лепенка, значи објектите најчесто се лепени еден до друг а и доста збиени, што од аспект на струење е апсолутно неповолно, Но за разлика од Скопје овие грдови го немат Макстил, Усје и слични, а и немат автомобили кои се со просечна старост од 17 години, а и луѓето користат повеќе јавен сообраќај и велосипеди. Значи муабетот ми е дека загадениот воздух во Скопје е сплет на повеќе фактори меѓу кој можеби и распоредот и непланското градење на објектите.

Па да... во право си. 

Но треба да се земе во предвид и теренот. 

На пример. Рим е лепенка до лепенка. Но има многу по број, и големи по површина паркови. И плус целиот распослан на ридови и возвиженија.... горе-доле-горе е Рим. И покрај тоа пак не им е чисто... еве сега ќе возат пар - непар...

За другите градови кои се во рамнини, котлини, а кои имаат лепенки... тука си во право... но и како што рече, и да го имаат тој проблем сигурно нашле решенија да го решат. Дали во соораќајот, во јавниот превоз, во решенија за идно планирање и развивање на градовите и слично.. А најверојатно се справиле и со индустриските капацитети...

Но тоа не значи дека нема да имаат магла или што и да е.... Важно е дека и покрај се, успеале да го намалат штетниот ефект. Како што реков, на Скопје, не му е проблем маглата, проблем е смесата од магла и се останато...

И плус Скопје е во поголем дел рамничарски град.... поготово делот Аеродром...

Знам зборував еднаш со професорот... И ми вика... кога се градел градот после земјотресот... во времето на Југославија.... вика наместо да земат да го градат на Север и на местата каде имало урнатини... тие го граделе на Исток.. на ниско земјиште... и мочурливо... А зошто? 

Затоа што биле ниви, било рамно, им било најисплатливо и наједноставно.... да изградат објекти по калап... И не се грижеле многу - многу за тоа каков ќе биде животот таму...

Ама зошто ние да го правиме тоа и денес?



Edited by FoSsiL - 04-Dec-2011 at 20:35
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 04-Dec-2011 at 23:41

@Forumest и сите останати

Кога ги постирате графиците, прво прекачете ги на некоја хостинг страница, да ви даде засебен линк. Затоа што вака, кога се апдејтира страната, се менуваат графиците и тука веќе не постојат.

ПС: А сум приметил дека за викенд време, поретко ја апдејтираат. Чудна работа... Што ми дава претстава дека системот или софтверот, што и да е... не е автоматизиран и дека мануелно, односно човек е задолжен за апдејтирање.

Зашто за викенд знае да биде неапдејтирана и по неколку часови, а преку работна недела, од 15-30 минути најмногу има апдејти.



Edited by FoSsiL - 04-Dec-2011 at 23:47
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 05-Dec-2011 at 02:00
Не е за смеење работава, но...

Ги видовте новите разгледници за Скопје?

http://kosta.stamatovski.com/post/13753467042
Sleepy
Sleepy

Sleepy
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 05-Dec-2011 at 02:27
урбанистичкиот распоред на објекти и нивната форма и големина има најмала улога во движењето на воздушните сили, Скопје се наоѓа во котлина и единствен двигател на струење на воздух е Вардар, премала река за да има генерално влијание на регионот тоа е факт, тука поголема улога има самата природа, одколку градот

и фосил, со ги побркал лончињата нешто, може јас грешам, ама воздух многу полесно струи на рамничарски предел одколку на ридест или планински, а воздушната маса сепак е огромна за да и влијае објект
ти ја разбирам поентата но не си во право, сеуште не ми е јасна сета физика на флуидите, ама мора да разбереш дека дали објектите ќе бидат поставени скалесто (на рид) или паралелно (по рамнина) не прави голема разлика, има многу други побитни фактори
всушност, ако правиме анализа на влијанието на еден рид, ќе приметиш дека на ридот ќе има помало струење со самото тоа што на воздухот му е отежнато движењето бидејќи не се движи по рамна подлога


Edited by zabegan - 05-Dec-2011 at 02:30
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.