build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Квалитет на воздухот во Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3435363738 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 128
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #701 Posted: 28-Oct-2019 at 09:15
Половина Шара гореше вчера над тетовските села. Кој знае што све горат. Јас лично верувам дека по црни канали на отворени стрништа се носи и отровен медицински и каков се не отпад за горење. А наште несовесни сограѓани за црни пари си прифаќаат и си го горат. Мислам дека време е сите кои навистина се загрижени за воздухот да соберат 1000 дронови во државава и да прават ршум по медиуми и улици со снимки и докази се додека држават не свати дека е нејзина работа да превенира. Се повеќе снимки се објавуваат како најголемиот дел од загадувањето доаѓа од горење на се и сешто.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7390
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #702 Posted: 06-Feb-2020 at 16:55
Се грееме како во среден век, исклучително неефикасно, скапо и токсично (видео)



Скап увоз на струја, уништување на дрвниот фонд на шумите, огромно загадување на воздухот во градовите и дотраена мрежа за снабдување со централно греење се само дел од оценките на Светската банка за затоплувањето на објектите во земјава во текот на зимските месеци.

Банката во еден од извештаите за реализација на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во земјава, предупредува дека загревањето на просториите во зимските месеци се врши првенствено со дрва, кај 64 отсто од објектите и електрична енергија, која го покрива затоплувањето на 25 отсто од севкупниот фонд на згради.

На централно греење се затоплуваат само 9 отсто од објектите во Македонија, и тоа само оние што се лоцирани во Скопје. Притоа, Светската банка го оценува парното греење во главниот град како доста старо и со неефикасна мрежа, што само ја засилува оценката за исклучителната енергетска неефикасност на затоплувањето.

„Греењето на електрична енергија е многу неефикасно и ги влошува предизвиците за снабдување со електрична енергија, создавајќи потреба од скап увоз на електрична енергија, особено за време на зимската сезона. Големата потрошувачка на нерегулираното огревно дрво е исто така неодржливо и може да доведе до уништување на шумите, што предизвикува неповолни влијанија врз животната средина, економијата и здравството“, се нагласува во извештајот на Светска банка.

Податоците на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат дека во 2018 година во главниот град имало вкупно 55.553 активни потрошувачи приклучени на трите системи за дистрибуција на топлинска енергија – „Балкан енерџи груп“, АД „ЕСМ – Подружница енергетика“ и „Скопје север“ АД. Бројката на корисници на централното греење во главниот град континуирано расте и е зголемена за над 7.400 во изминативе пет години.

Сепак, поради незадоволството на граѓаните од високите цени на парното и бројните исклучувања во периодот од 2011 до 2014 година, централното парно греење во 2018 година успеало да ја достигне единствено веќе постигнатата сума на корисници на парното од 2006 година. Најголем дел од новите корисници што се приклучени во изминативе пет години се бројните нови објекти што се изградија во централните скопски општини.

За сметка на ова, податоците од Годишните извештаи на РКЕ покажуваат дека во одредени делови на Скопје, како што се општините Чаир, Бутел и Гази Баба, со години не е изграден ниту еден нов километар на дистрибутивната мрежа за централно греење, при што дистрибуцијата функционира како три одделни системи за топлинска енергија што меѓусебно не се поврзани. Како резултат на ова, цените за затоплување на објектите со централно греење се различни за секоја од трите системи одделно. Од друга страна, во некои населби од скопските општини Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Сарај воопшто не е изградена дистрибутивна мрежа за централно греење.

За да се надминат бројните проблеми со затоплувањето на објектите, Градот Скопје пред една и пол година го основаше новото јавно претпријатие „Градски енергетски системи“. Минатата есен поднесоа и барање за лиценца за работа за дистрибуција на топлинска енергија, но до денешен ден ова претпријатие не го започнало своето функционирање во делот на преземање на дистрибутивната мрежа во главниот град.

Во меѓувреме, државата планира да преземе мерки за да се зголеми бројот на корисници на централното греење во Скопје. На предлог на Регулаторната комисија за енергетика, во новиот Закон за градење ќе се вметне обврска за инвеститорите на нови објекти да обезбедат приклучок за парно греење, без кој нема да имаат можност да добијат одобрение за градење.

Собранието на вчерашната седница го усвои Законот за енергетска ефикасност, во кој се вметнати отежнувачки обврски за граѓаните кои ќе сакаат во иднина да се исклучат од системот за централно греење. Имено, тие ќе мора да достават извештај од енергетска контрола, со кој ќе докажат дека новиот систем за греење или ладење што би го употребувале ќе обезбеди намалување на користењето на примарната енергија, ќе биде еколошки поприфатлив и енергетски поефикасен. Исто така, секој граѓанин за исклучување на системот од парно ќе мора да обезбеди писмена согласност од мнозинството станари во зградата во која живее.

https://meta.mk/se-greeme-kako-vo-sreden-vek-iskluchitelno-neefikasno-skapo-i-toksichno-video/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7390
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #703 Posted: 28-Mar-2020 at 10:25
Редовна појава и глетка спроти ПИОМ близу топланата Скопје-Исток,дивата населба од ден на ден е се поголема,никому не му пречи а гуми,најлони и пластика се спалуваат многу често...особено на удар се жителите на Острово каде поголем дел од зградите имаат поглед кон овој дел.



https://www.facebook.com/groups/787942044967923/
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 370
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #704 Posted: 28-Mar-2020 at 10:31
Има број, пријавете ги.
ಠ_ಠ
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7390
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #705 Posted: 28-Mar-2020 at 10:38
Originally posted by Macedonicus

Има број, пријавете ги.


Точно,ова се случува на неколку локации низ градот(под Кале,под мостот кон Сајмиште и низ други места) и Инспекторатот на Град Скопје понекогаш успева да ги спречи ваквите појави но за жал тоа не е доволно...годинава имаа 10-тина интервениции под Кале и повторно се случува истото.Решението не се состои во конкретно гасење на запалените гуми или што и да е...неопходно е наоѓање трајно решение за овој проблем.Џабе сите анализи,дебати за загадувањето кога среде Центар сеуште има вакви диви населби каде се греат на што стигнат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7390
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #706 Posted: 28-Mar-2020 at 10:40
Еве и една фотка од дел од населбата спроти ПИОМ...



https://www.facebook.com/groups/145337166272043/photos/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7410
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #707 Posted: 29-Mar-2020 at 18:42
со комплетно секнување на сообраќајот во Скопје, работат само домаќинствата и неколкуте фабрики во Скопје... па кој загадува сега?

не велам дека сообраќајот нема огромен удел, но мора да се обрне внимание на другите главни фактори во аерозагадувањето на Скопје
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1013
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #708 Posted: 29-Mar-2020 at 20:12

И палачите

Значи, Сарај секој ден е нешто запалено, нема буквално ден да не гори нешто, што не треба да се заборави во целиов муабет.

Пак ќе кажам, ние сме домаќинство кое користи дрва за затоплување и од лично искуство ќе повторам, беа од БЕГ, не прашаа, сакате ли парно (на 10 метри ни поминува), рековме сакаме, 4 години подоцна ништо од тоа. Не сме ние будали да се мачиме, а да не зборувам дека во последниве години е и далеку поскапо.

Поентата ми е, дека на граѓаните треба да им се дадат опции (гас, парно, струја), првиот период со поттик (некаков финансиски), вториот период (казнен), остануваш на стариот начин плаќаш некаква такса.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7410
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #709 Posted: 04-Apr-2020 at 01:15
Originally posted by ehrlich


И палачите

Значи, Сарај секој ден е нешто запалено, нема буквално ден да не гори нешто, што не треба да се заборави во целиов муабет.

Пак ќе кажам, ние сме домаќинство кое користи дрва за затоплување и од лично искуство ќе повторам, беа од БЕГ, не прашаа, сакате ли парно (на 10 метри ни поминува), рековме сакаме, 4 години подоцна ништо од тоа. Не сме ние будали да се мачиме, а да не зборувам дека во последниве години е и далеку поскапо.

Поентата ми е, дека на граѓаните треба да им се дадат опции (гас, парно, струја), првиот период со поттик (некаков финансиски), вториот период (казнен), остануваш на стариот начин плаќаш некаква такса.
не ме сфаќај погрешно, не покажувам со прст кој е крив, туку го посочувам ноншалантното соочување со проблемот
треба да се види кои се загадувачите од корен, и кои се најефективните решенија без премногу да се загрозува обичниот граѓанин
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7390
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #710 Posted: 12-Apr-2020 at 15:35
Наместо 5 милиони за домаќинствата, на „црно“ се трошат 50 милиони литри „црвена нафта“



Наместо во печките – „црвената нафта“ заврушува во резервоарите на возилата. За да се задоволат годишните потреби за домаќинствата потребни се 5 милиони литри екстралесно масло за домаќинства, но статистиката покажува дека се трошат 50 милиони литри, потврдија за Телма од Регулаторна.

Јавна тајна е дека некои бензински го точат во замена за дизел гориво, но санкции за злоупотребите и покрај најавите – нема. Мобилната лабараторија со која одамна пазарните инспектори требаше да ги откриваат злоупотребувачите,се уште не е во нивни раце, туку ја делат со Бирото за метеорологија.

„Неколкуте контроли што ги направивме покажаа дека не можат да се вршат такви контроли, бидејќи исклучиво надзорот, записникот комплетно ДПИ го прави и нормално ако таа лабараторија беше кај ДПИ до сега ќе имаше направено многу контроли на горивата. Пазарен инспекторат треба на лице место да фати кога некој го злоупотребува екстралесното гориво. Во спротивен случај на снимени и кажани работи не можеме да постапуваме.“- вели Пауновски

За периодот пак кога е дозволена употребата на ова гориво, од 15 октомври до 15 април, но исклучиво за греење – никој и не контролира каде завршува.

Од 15 октомври до 15 април еве сега го немаме контролирано. Само кога е забраната за продажба на екстралесното гориво – вели Пауновски.

Дека преку злоупотребите буџетот губи најмалку 30 милиони евра годишно потврдуваат и од регулаторна. Велат важен е и еколошкиот фактор – токму екстралесното масло за домаќинство има 100 пати повеќе сулфур од обичниот дизел и е сто пати поголем загадувач.

„Овие злоупотреби доаѓаат од таму што екстралесното гориво има многу пониска акциза од дизелот и од тие причинина некој начин се случуваат овие злоупотреби бидејќи се користи за транспортни цели.

Изедначувањето на акцизата на екстралесното со дизелот ќе биде од корист на сите имајки во предвид дека со злоупотребата на екстралесното гориво некаде во буџетот на државата недостасуваат околу 30-тина милиони евра.“- вели Бислимоски.

Од регулаторна го поддржуваат предлогот на Стопанската комора за изедначување на акцизата на екстралесното гориво со дизелот. Но, од Владата се уште не се изјаснија за овој предлог. Инаку државата губи повеќе 11 денари по литар, од пониската акциза на екстралесното гориво кое се „троши “ како дизел.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2266
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #711 Posted: 16-Apr-2020 at 20:43
Link between air pollution and coronavirus mortality in Italy could be possible

Date: April 6, 2020

Source: Aarhus University

Summary: A group of scientists has found another small piece in the puzzle of understanding COVID-19. Looking for reasons why the mortality rate is up to 12% in the northern part of Italy and only approx. 4.5% in the rest of the country, they found a probable correlation between air pollution and mortality in two of the worst affected regions in northern Italy.

The world has been hit hard by coronavirus, and health services and authorities everywhere are struggling to reduce the spread, combat the disease and protect the population. Nevertheless, the pandemic will cost lives throughout the world. An environmental researcher from Aarhus University has studied whether there could be a link between the high mortality rate seen in northern Italy, and the level of air pollution in the same region. The short answer is "yes possibly." The long answer is in the article below.

(...)

At Aarhus University, the environmental scientist Dario Caro from the Department of Environmental Science, and two health researchers, prof. Bruno Frediani and Dr. Edoardo Conticini, from the University of Siena in Italy have found yet another small piece in the puzzle of understanding the deadly disease. They have focused on examining why the mortality rate is up to 12% in the northern part of Italy, while it is only approx. 4.5% in the rest of the country.

They have just published an article entitled "Can Atmospheric pollution be considered as a co-factor in the extremely high level of SARS-CoV-2 lethality in Northern Italy?," in which they demonstrate a probable correlation between air pollution and mortality in two of the worst affected regions in northern Italy: Lombardy and Emilia Romagna.

The research project has been published in the scientific journal Environmental Pollution.

"There are several factors affecting the course of patients' illness, and all over the world we're finding links and explanations of what is important. It's very important to stress that our results are not a counter-argument to the findings already made. At the moment, all new knowledge is valuable for science and the authorities, and I consider our work as a supplement to the pool of knowledge about the factors that are important for the course of patients' illness," says environmental scientist Dario Caro, and clarifies that there are a number of other factors that could possibly play a role in the Italian situation:

"Our considerations must not let us neglect other factors responsible of the high lethality recorded: important co-factors such as the elevated medium age of the Italian population, the wide differences among Italian regional health systems, ICUs capacity and how the infects and deaths has been reported have had a paramount role in the lethality of SARS-CoV-2, presumably also more than pollution itself," he explains.

(...)

Повеќе на: https://www.sciencedaily.com/releases/2020/04/200406100824.htm
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2266
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #712 Posted: 06-May-2020 at 19:54
(Темата за Екологија можеби е посоодветна, но нема голема активност)



Нека не останат само празни зборови. Мислам дека може да се проба и Рекорд и автомобилскиот сегмент од ул. Македонија од петок навечер до понеделник сабајле да бидат пешачки зони. Ако биде успешен, по пуштањето во употреба на булеварот под Лимак и евентуално пренаменување на Св. Кирил и Методиј во двонасочна улица, истиот може да стане правило.

Макрадули: Може секој петок да се работи од дома, а среда да е ден без автомобили

На иницијатива на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, а во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје и Еко-свест, Центарот за истражување и информирање за животна средина, преку видео-конференција се одржа средба на тема „Митови и факти за влијанието на коронавирусот врз животната средина“.

Како што соопшти владината прес-служба, заменик-министерот Макрадули остварил видео-конференција со Ева Елерајт од Фондација Фридирх Еберт, канцеларија Скопје и Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест, Скопје и Франциска Веингер, Фондација Фридрих Еберт МЕНА.

„Целта на оваа средба беше да овозможи структурирана дискусија помеѓу претставниците на институциите, граѓанските организации, како и домашни и меѓународни експерти на темата, со цел увид во состојбата и креирање на препораки кои понатаму ќе бидат искористени за креирање на документ за јавни политики, односно водич за прогресивните субјекти во креирањето на политики, како и сите заинтересирани на темата“, се вели во соопштението.

Макрадули во својот говор истакнал дека пост-ковид периодот треба да има три клучни компоненти: зајакнување на јавното здравство, економско опоравување и справување со климатските промени.

Според него, економското опоравување потребно е да се направи преку изработка на македонска верзија на Европскиот зелен договор. Во тој договор ќе бидат приоретизирани климатската акција, енергетската транзиција, биодиверзитетот, циркуларната економија, Планот за чист воздух, зазеленување на државниот буџет и дигитализацијата. Макрадули смета дека ова е единствено можно со заедничка интегрирана политика на сите чинители. Науката, граѓанските организации, приватниот сектор и јавните институции.

– Новиот договор треба да понуди рамка за преобликување на општеството, како и нов начин на размислување. Она што беа дел од мерките за време на пандемијата со КОВИД-19, мора да станат дел од нашето секојдневие. Може секој петок да се работи од дома. Среда да е ден без автомобили. Еднаш неделно да се учи преку електронските образовни платформи – нагласил Макрадули.

(...)

https://netpress.com.mk/makraduli-mozhe-seko-petok-da-se-raboti-od-doma-a-sreda-da-e-den-bez-avtomobili/

Edited by Staro Skopje - 06-May-2020 at 19:55
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7410
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #713 Posted: 07-May-2020 at 01:34

зошто секогаш кога се збори на тема на сообраќај не се зема во предвид дека најголем дел од популацијата на Скопје работи во повеќе смени во услужен и продажен сектор и една добра третина работи во центарот на градот или на другата страна од градот од местото кај што живее?
мерките од Ковид19 да се воведат ко мерки против загадување е нешто најнесериозно

а со тоа затворено во определени периоди или пешачки и велосипедски зони мора малце да се стрпиме на форсирањето од западните земји да копираме работи кои се воведени во развиен систем... како прво треба да имаме развиен систем на јавен превоз на ниво на светските метрополи, мрежно поврзување на сообраќајот во градот (фала богу бар после 30 години почнаа булевари да се градат), па после све друго
во меѓувреме може да се фокусираат и на други проблеми

и нешто што најефикасно и најпрво ќе удри на загадувањето од сообраќај е контрола на самите емисии на гасови, нешто во кое заостануваме со години и тешко се воведува кога треба да се удри по џебот на граѓаните, особено уште потешко од кога се воведе глупата либерализација на увоз на возила, и тука има возни паркови на фирми и домаќинства со по неколку возила

Edited by zabegan - 07-May-2020 at 01:36
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2266
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #714 Posted: 07-May-2020 at 16:12
Ова се сепак само нафрлени предлози, а не усвоени мерки, но и како такви се многу важни зашто го менуваат наративот и внесуваат авангардни и радикални идеи во јавната дебата.

Некои од предложените мерки, како работа од дома во петок, може да се реализираат без поголеми потешкотии. Бесколната среда треба подобро да се разработи и мора да биде придружена со други мерки, како бесплатен јавен превоз тој ден. Сега може да се проба како експеримент за да се увиди како би функционирала и како би реагирале граѓаните, а како трајно решение не смее да се имплементира пред целосна реформа на јавниот превоз. Покрај ова и викенд без коли на Рекорд, може да се размисли и за други проекти, како пренамена на по една сообраќајна лента во велосипедска на, да ги наречеме секундарните булевари (Илинденска, Трета Македонска Бригада, Џон Кенеди итн) секој викенд.

Дузина градови низ светот ги увидеа придобивките на намалениот сообраќај за време на антивирусните мерки и почнаа со реформирање. Дел од реформите се привремени, но сепак носат придобивки и можат да станат трајни:
Toronto closing down some streets to car traffic in favour of pedestrians and cyclists
Cars Not Welcome In Europe’s Cities When Lockdowns End


Overnight pop-up lanes for bikers and pedestrians are helping Tirana ease restrictions with more people walking and biking than ever in the last 30 years, since the fall of communism.

извор

Будимпешта

извор

Милано

(ист извор)

Recently, #Brussels announced it would create 40 extra km of cycle path, as part of its post-#COVID mobility plan. What a pleasure to see them appear, one by one, in our streets!

извор

Today, our team built a parklet to help keep 6 feet sidewalk clearance for pedestrians while allowing outdoor seating with plenty of room for separation. The city of Dallas is voting on temporary parklets a week from tomorrow. We'll use this model as a reference for that meeting.

извор

Rue Saint-Jacques. "On découvre un matin qu'on a une piste en bas de chez soi !"
Le programme des #coronapistes est lancé ! Заменик градоначалникот на Париз е Македонец, можат нашиве лесно да искомуницираат

извор
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 686
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #715 Posted: 07-May-2020 at 17:42
Нека останат празни зборови. Прво БРТ, ЛРТ или што и да е, па после затварање на некои улици за сообраќај. А во никој случај глупости од типот ден без возила или ден за работа од дома. Вакви „мерки“ може да предложи само човек без ден искуство во реален сектор.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1013
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #716 Posted: 07-May-2020 at 19:42

Вака сега. Еве ние сме мала фирма со 30 вработени и ако ги прашавте нашите шефови пред кризата ќе речеа дека ако не сме на работа, фирмата пропаѓа. Веќе два месеци, сите сме дома, освен мојот сектор, каде се менуваме по 1 човек по 1 ден во неделата за да ѕирне ситуација со пошта/документи и слично.

Фирмата си работи најнормално, ништо се нема случено, се е завршено на време.

Поентата ми е, како мојата фирма, има барем стотина во градов, кои и те како можат да бидат во оваа група. Тука никој не вика дека тоа мора да биде државна обврска, туку може да се рече препорака/совет од Владата или поттик како и да го кажете.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 686
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #717 Posted: 07-May-2020 at 20:06
Никој не го спори тоа. Еден куп фирми има што може така да функционираат. На крајот на денот, секоја фирма може да си одлучи дали и е побитно така да заштеди средства, дали и е побитен социјален аспект, ефикасност итн. Нема што државата да се меша во таа сфера. А особено па не да се меша дечково, претставувајќи го тоа како некоја мерка, во отсуство на други мерки за подобрување на квалитет на воздухот.

За забраната за возила. Не се прави тоа така. Има фирми што даваат бонуси за доаѓање на работа со точак - супер. Ама држава/град да воведува некакви забрани е надвор од памет. Со непостоечки јавен сообраќај немаат кредибилитет за такво нешто.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #718 Posted: 07-May-2020 at 22:06
Originally posted by zabegan

и нешто што најефикасно и најпрво ќе удри на загадувањето од сообраќај е контрола на самите емисии на гасови, нешто во кое заостануваме со години и тешко се воведува кога треба да се удри по џебот на граѓаните, особено уште потешко од кога се воведе глупата либерализација на увоз на возила, и тука има возни паркови на фирми и домаќинства со по неколку возила


Целосно се согласувам, дефинитивно тука лежи најголемиот проблем со загадувањето од сообраќајот. Секој и со голо око може да види дека има многу возила што чадат како парни локомотиви (а што останува тек за тоа што не може да се види со голо око). Јасно е дека имаме голем процент на неисправни возила што според одредени параметри загадуваат многукратно повеќе од едно просечно возило регистрирано во Македонија.

Заклучокот е дека ако на пример трајно или привремено се отстранат 3-4% од вкупниот број регистрирани возила, но тоа да бидат токму тие што се најпроблематични, веројатно ќе се ослободиме од 30-40% од загадувањето од сообраќајот. Секако, сето ова се бројки од ракав, но сакам да ја доловам поентата.

Меѓу овие „големите загадувачи“ многу често се забележуваат и прилично нови и скапи модели (очигледно неисправни), што е уште една потврда дека ни треба контрола на емисиите, а не само ограничување на увоз според староста на возилото и за ЕУРО стандарди што фигурираат само на некоја хартија.




Главното прашање е како тие „парните локомотиви“ поминуваат на технички преглед. Пред тој проблем не смее да се замижува. За мерки како контрола на издувни гасови во сообраќај не ни знам кој е надлежен. Сообраќајна полиција ли е? Спијат ли како и за се друго?

Би додал и дека крајно време е да се зголеми акцизата на дизелот, затоа што најголемото загадување доаѓа од дизел возилата (без разлика дали се исправни или неисправни). Или воведување на еколошка такса за дизел горива од која парите директно ќе одат во мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Но истовремено државата да престане да спие на тема злоупотреби на нафтата за домаќинство, затоа што во тој случај ваква мерка би била контрапродуктивна.

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2266
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #719 Posted: 07-May-2020 at 22:36
Што бидна со еколошките налепници? Уште пред 2 години ги најавија.

Имам впечаток дека техничките прегледи се доста поригорозни по трагедијата кај Ласкарци, дали обрнуваат поголемо внимание и на издувните гасови или тоа е помалку битно?

Околу акцизата, сегашната цена одговара на стандардот, а Македонија може да се стреми да биде своевидна бензиска станица на Балканот. Треба добра анализа на економските наспроти еколошките бенефити. Гледајќи ги реакциите на двете покачувања од по 3 денари, не верувам дека Владата политички би си дозволила да ја качи акцизата за некоја поголема сума, освен доколку не понуди широк пакет мерки како алтернатива за намалување на побарувачката на дизел.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #720 Posted: 07-May-2020 at 23:57
Originally posted by Staro Skopje

Околу акцизата, сегашната цена одговара на стандардот, а Македонија може да се стреми да биде своевидна бензиска станица на Балканот. Треба добра анализа на економските наспроти еколошките бенефити. Гледајќи ги реакциите на двете покачувања од по 3 денари, не верувам дека Владата политички би си дозволила да ја качи акцизата за некоја поголема сума, освен доколку не понуди широк пакет мерки како алтернатива за намалување на побарувачката на дизел.

Ова што го кажуваш има смисла. Но еве да речеме дека не мора да биде само политика на зголемување на цената на дизелот, колку што би било политика на менување на соодносот на цената на дизелот спрема другите горива. Разликата во цени може да се зголеми и преку намалување на цените на останатите горива, па да имаме умерено намалување и умерено зголемување во зависност од горивото, а ефектот врз буџетот и врз севкупниот стандард да се избалансира донекаде. Јасно е дека ова не е идеално решение за категориите на возила кои по дифолт се предоминантно дизел (камиони, автобуси, механизација...), но мора да почнеме да се движиме во овој правец.

Апсолутно не мора ни да има неочекувани ценовни шокови, туку може да се усвои некој закон со кој редефинирањето на овој ценовен сооднос ќе оди постепено, а роковите ќе бидат јасни и јавни. Со таков пристап, секој потенцијален купувач на возило ќе си ја вкалкулира идната ценовна разлика, а тоа ќе резултира со увоз на поеколошки возила, а без основ за „лутење“ како кај постојните сопственици. Во оваа група не би биле само патничките возила, туку еве на пример и приватните градски превозници убаво ќе си размислат дали повеќе им се исплати дизел автобус, или автобус на природен гас.


Со твојот пост не се согласувам во делот каде што велиш „Треба добра анализа на економските наспроти еколошките бенефити“. Не дека не треба анализа, ама еколошките бенефити не се само заради квалитет на живот, туку се воедно и економски бенефити. Високата загаденост на воздухот во македонските градови ите како има висока економска цена, која се испорачува воглавно преку здравствени последици. Трошоците што ги генерира здравствениот систем од оваа причина тешко се мерат, а уште потешко се мери на пример намалената продуктивност на популации изложени на високо аерозагадување. Овие работи генерално поминуваат под радар, ама една сериозна анализа треба да ги земе во предвид и таквите аспекти.


Edited by Cloverstack - 08-May-2020 at 00:05
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3435363738 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.201 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.