build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 41>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 07-Feb-2012 at 21:51
Значи концентрацијата на ПМ10 четички во воздухот само 3 дена во декември била под опасното ниво, а 17 дена била 10 пати над максимално дозволеното...

Од божиќ навака сајтот за следење на загадувањето тивко престана да работи, и еве сега што велат во град Скопје - сајтот не работи зашто требало да распишат тендер, а тоа било комплицирана постапка. Од што е комплицирана, гледам на e-nabavki.gov.mk секоја недела бар 3 тендери има поставено од град Скопје


Сакате да дознаете каков е квалитетот на воздухот во центарот на Скопје? Ќе си ги облечете чевлите за снег, дебелата јакна, капа, шал и ракавици и ќе одите до улицата Македонија да ги проверите информациите од прва рака, од дисплејот на мерната станица покрај статуата „Шмизла“. Интернет сајтот „Скопје дише“ на кој до пред Божик во живо се објавуваа податоците сé уште не работи, а најверојатно нема ниту да проработи.


Од еколошката лабораторија на фирмата Фармахем која една година го одржуваше системот ни потврдија дека се работи за нешто повеќе од само надградба на софтверот, како што сега стои на страницата. Имале едногодишен договор за одржување на системот , но тој истекол, а досега од Градот Скопје нема иницијатива да се продолжи. Од Фармахем велат дека сакале да го надградат системот и со архива од податоците од мерењата, но дека за судбината на оваа транспарентна интернет алатка со која се служеа голем број граѓани треба да се обратиме во Градот.

Од Градот пак делуваат целосно незаинтересирано за продолжување на објавувањето на податоците за квалитетот на воздухот на интернет. Портпаролот Неделчо Крстевски вели дека поставувањето на сајтот уште од почетокот било иницијатива и добра волја на фирмата.

„Сајтот не беше наш. Во моментов не можеме да кажеме дали зависи од нас или од Фармахем. За нас е важно да работат мерните станици и граѓаните да можат да ги добиваат информациите за квалитетот на возухот од дисплеите на уредите“ вели Крстевски.

Од Градот признаваат дека за евентуално продолжување на работењето на „Скопје дише“ тие треба да ја почнат постапката која како што велат, била комплицирана бидејќи вклучувала распишување на тендер. Дали пак тоа ќе се случи, ниту тие самите не знаат.

„Не можам ништо да ви кажам сега, ниту дали ќе го има , ниту дали ќе го нема сајтот“ вели Крстевски.

Преку „Скопје дише“ граѓаните зимава дознаа дека загадувањето на воздухот во главниот град беше и до 10 пати поголемо од максимално дозволеното при што се препорачуваше воопшто да не се излегува надвор. Градските власти и Министерството за животна средина по притисокот од јавноста беа принудени да извршат инпекции во индустриските објекти по што загадувањето се намали. Според истражување на Институтот за јавно здравје во Скопје годишно ќе се избегнат 117 смртни случаи и 420 заболувања ако во воздухот се намалат за една третина концентрациите на прашина.



Извор: Гринбокс


Edited by tomi_z - 07-Feb-2012 at 21:52
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 29-Feb-2012 at 01:53
Среднодневни концентрации на суспендирани честички со големина до 2,5 и 10 микрограми и азотен диоксид за месец јануари 2012:


гранична вредност 50 µg/m3


гранична вредност 25 µg/m3


гранична вредност 220 µg/m3

Концентрациите на сулфур диоксид, јаглерод моноксид и озон се во рамките на дозволеното, односно под граничната вредност.

http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Mesecen%20izvestaj%20Vozduh%20Januari%202012.pdf
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 20-Mar-2012 at 18:50
Среднодневни концентрации на суспендирани честички со големина до 2,5 и 10 микрограми и азотен диоксид за месец февруари 2012:


гранична вредност 50 µg/m3


гранична вредност 25 µg/m3


гранична вредност 220 µg/m3

Концентрациите на сулфур диоксид, јаглерод моноксид и озон се во рамките на дозволеното, односно под граничната вредност.

http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Mesecen%20izvestaj%20za%20VOZDUH%20-%20Fevruari%202012.pdf
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 08-Apr-2012 at 18:22
Истражување: Стотина скопјани ќе преживеат ако се намали загадувањето на воздухот


Повеќе од сто животи може да се спасат годишно во Скопје ако за една третина се намали загаденоста на скопскиот воздух од прашината ПМ10, се вели во студија на Институтот за јавно здравје која сé уште се изработува, а е поттикната од неодамнешното големо загадување.

Наспроти благиот однос на властите кон загадувањето од прашина, д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за Гринбокс вели дека првичните пресметки по формули на Светската здравствена организација покажале дека состојбата е многу посериозна. Просечната годишна концентрација на прашината ПМ10 во скопскиот воздух изнесува 64 микрограми на метар кубен. Според пресметките ако таа се намали за 20 микрограми ќе се избегнат 117 смртни случаи и 420 заболувања. Доколку пак концентрациите се намалат за 5 микрограми тогаш ќе се избегнат 13 смртни случаи.

Истражувањето се темели на споредба на податоците за загаденоста на воздухот, со бројот на пациенти со белодробни и кардиоваскуларни заболувања кои се јавуваат во болниците и бројот на смртни случаи од такви болести во периодите на поголема загаденост. Скопскиот воздух до пред една недела беше и над 10 пати позагаден од максимално дозволеното ниво и тоа најмногу од прашината ПМ10 која потекнува од индустријата, сообраќајот и греењето на домаќинствата кои не се поврзани на парно. Тогаш се препорачуваше граѓаните воопшто да не излегуваат надвор со образложение дека воздухот е толку загаден што е опасен по живот.

„Во суштина студијата ќе покаже колкаво е сегашното оптоварување со болести кои се врзани со загадувањето, колку ќе се намали смртноста и заболувањата ако се намалат концентрациите за 5 и 20 микрограми и колку тоа потоа во пари би донело и економска заштеда. Нормално дека животите се најважни , но еве да им кажеме и на политичарите од кои зависат мерките дека и би се заштедиле и големи пари бидејќи тие често знаат да кажат дајте ни пари па ние ќе го средиме. Не тоа е обратно, ако го средите проблемот ќе заштедите и пари“ вели д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје.

Тој потенцира дека не може да се најде директна поврзаност меѓу загадувањето на воздухот со прашина ПМ10 и смртните случаи. Нејзиното влијание е индиректно односно може да го намали имунитетот и капацитетот на белите дробови и ги засилува ефектите од постојните заболувања што потоа може да доведе до смрт, особено кај ранливите групи на луѓе. Сепак според Ѓорѓев прашината доколку содржи канцерогени материи како азбест, во некои случаи може да биде причина за јавување на рак.

„Тоа се игличести честички кои се толку ситни и остри што го поминуваат одбранбениот систем и доаѓаат до белодробното крило. Над 10 микрони се смета дека се задржуваат во носната празнина, но поситните продолжуваат надоле и ако носат материја која е канцерогена може да биде причина за рак, но во основа ракот не го врзуваме директно. Многу е поголема релацијата на ракот од цигарите отколку од загадувањето“ објаснува Ѓорѓев.
Според податоците од мерните станици изминатава недела скопскиот воздух е многу почист од пред една недела. Откако Градот и министерството за животна средина ги засилија инспекциите на фабриките и препорачаа да се користи јавниот превоз се случува загадувачките материи да видат во рамки на дозволените количини, што е вистинско чудо. Сепак од Институтот велат дека властите мора да направат цел систем од долгорочни мерки со кои трајно ќе се намали загадувањето. Почнувајќи од сопирање на прекумерната урбанизација без еколошки стандарди, зголемување на свеста на граѓаните за сообраќајот, па се до поставување на електронски систем за директна комуникација на матичните лекари со пациентите.

„Ако не се реши таа урбанизација, отидоа и зелените бранови во сообраќајот, нема проветрување и апсорбирање на загадувањето. Друг сектор е индустријата. Таа мора да се притисне да покаже еколошки дозволи во зависност од дејноста дека ги прочистуваат горивата до максимум. Помеѓу индустријата и градот треба да има зона , а не да бидат во град како што е на пример железарницата. Здравството, пак, ќе го прави овој мониторинг, ќе проценува колку животи ќе се спасат, ќе ја држи комуникацијата на матичните доктори со ризичните групи кои ќе ги имаат пациентите со име и презиме и ќе ги контролираат во периодите со голема загаденост“ вели Ѓорѓев кој како пример ги посочува најголемите светски метрополи како Лондон и Њујорк кои и покрај повеќе милионското население имаат многу почист воздух отколку Скопје.

Институтот за јавно здравје планира студијата целосно да ја заврши и објави во следните два месеца. Велат дека потоа ова истражување ќе биде основа за постојано надгледување на состојбата во кое од податоците од мерните станици за загаденоста на воздухот и од движењето на ветрот ќе се пресметува каде се движи загадениот воздух и потоа ќе може поточно да се предупредуваат граѓаните. Велат дека голем напредок треба да има следната година кога во Министерството за животна средина ќе почне да работи хемиска лабораторија која ќе помогне точно да се откријат изворите на загадувањето и таму да се насочат инспекциите.
 

skopjeinfo.mk



Edited by FoSsiL - 08-Apr-2012 at 18:23
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 05-May-2012 at 23:20

Препорака е да го пуштите на цел екран и со висока резолуција (HD). Иако најверојатно се разликува се разликува од првичната цел и намена на видеото би сакал да го искористам за да се воочи и да се даде претстава за влијанието на скопска железара врз Скопје и воопшто скопскиот регион. Видеото секако може да се третира и како TimeLapse од Скопје и може да се постави и во нишката Скопје - видео снимки.

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 06-May-2012 at 01:09


Од Водно убаво се гледаат гасовите кои ги испушта Железара, но под услов да се биде на средно Водно кај видиковецот кај што имаше двоглед, или уште подобро, горе кај крстот, и се разбира, што е можно порано наутро, пред да почне да работи Железара за да се види убаво кога ќе се појави чадот и ќе се формира облакот, во спротивно, тешко е да се забележи после 10 часот претпладне.

Среде летни горештини, станувам околу 4 и нешто часот наутро, а кај крстот сум околу 7 или 8 часот, зависи од кондицијата, веќе околу 9 часот се забележува облакот.

Но не ни е гајле на нас скопјани за тоа што се гледа само од планина, а не и од доле во градот, па затоа, тие кои не одат на планина, ако се заинтересирани, ќе се информираат за влијанието на Железара врз околината преку вакви клипчиња, доколку воопшто се заинтересирани, се разбира.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 09-May-2012 at 20:37

 

 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2460
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 09-May-2012 at 23:13
Постои ли некоја апликација за мобилен телефон која би го покажувала квалитетот на воздухот при вашето движење?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 12-May-2012 at 13:45
Што дишеме, никој не знае!

А клипов со time-lapse од Водно е одличен доказ!

Инаку во Автокоманда живеам, и синоќа околу два Железарница пак почна со испуштање на овој облак, но сега беше малку различно, прв пат да осетам и мирис на сулфур...


Edited by tomi_z - 12-May-2012 at 13:51
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 24-May-2012 at 13:12
Среднодневни концентрации на суспендирани честички со големина до 2,5 и 10 микрограми за месец април 2012:


гранична вредност 50 µg/m3


гранична вредност 25 µg/m3

Концентрациите на азотен диоксид, сулфур диоксид, јаглерод моноксид и озон се во рамките на дозволеното, односно под граничната вредност.

Ги проверив и мерењата за првите 20 дена од мај во Општина Карпош. Воздухот е чист и граничните вредности се минимално надминати само 2 дена (во рамките на дозволеното).

Заклучок: Причина за загадувањето на воздухот во Скопје во зимските месеци (види постови #140, 142 и 143) е неговата местоположба во комбинација со ниските температури. Ситуација која не дозволува струење на воздухот при што агенсите кои допринесуваат до негово загадување се задржуваат во котлината.
Back to Top
buco55 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote buco55 Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 24-May-2012 at 14:08
OCB најпрво ... одлична информација! Секако е многу добро да се видат најновите информации за воздухот во Скопје. Меѓутоа имам еден коментар за анализата - според "најдоверливиот извор на информации" wikipedia, во европски рамки границите за присутност на PM10 се значајно пониски од 50 µg/m³ како што е посочено во графиконот. Според информациите тука (http://en.wikipedia.org/wiki/Particulates) во главата Regulation - EU legislation, е наведено дека 50 µg/m³ е максимална просечна дневна вредност со тоа дека во текот на една година само во 7 случаи вредностите можат да бидат над овој максимум. Гледано на годишна основа, границата треба да биде во просек од 20 µg/m³.

Гледајќи ги графиконите погоре, може да се забележи дека деновите кога овие вредности ги надминуваат максимално дозволените вредности се повеќе од 7 во текот на еден месец со што во Скопје има поголемо присуство на овие честички во текот на целата година, без разлика на сезоната, условите и/или местоположбата.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 09-Jun-2012 at 13:36



23ka.wordpress.com
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 09-Jun-2012 at 13:44
Мхмммм.... Мислиш пожар е... мислам дека треба малку да се заинтересираме за ова... и да се преземе нешто...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 17-Jun-2012 at 22:08
Личи као НЛО, али е само загадување. Да бевме Амери, одма и сценарио од ваквата слика ќе склопеа. Колку и да е непријатна сликава, колку и Железара да загадува, да бидеме реални, 10-тина илјади луѓе во Скопје директно живеат од платите на работниците.

1.


2.


3.


4.

23ka.wordpress.com
Back to Top
redsonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-Nov-2009
Location: tuka nekade
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote redsonja Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 20-Jun-2012 at 13:13
ВОЗДУХОТ Е ПРЕKУМЕРНО ЗАГАДЕН И ЛЕТЕ И ЗИМЕ

Да беше Европа Скопје, алармот би бил на црвено


Скопјани и во лето дишат загаден воздух, покажуваат податоците од автоматскиот мониторинг-систем на Министерството за животна средина. Според мерењата во март, април и во мај, концентрацијата на ситен прав (ПМ10) во главниот град редовно ја минувала максималната граница за заштита на човековото здравје, која изнесува 50 микрограми на кубен метар воздух. Во април во одредени делови од градот граѓаните дишеле тројно позагаден воздух од дозволеното, односно концентрацијата на ПМ10 на моменти достигнувала и до 150 мг/м3, а во мај правта најмногу се искачила до вредност од 113 мг/м3. За споредба, зимоска Скопје беше меѓу најзагадените градови во Европа затоа што правта постојано достигнуваше вртоглави вредности од 500 мг/м3, а имаше моменти и со 1.000 мг/м3! Kонцентрацијата на другите загадувачи, јаглеродмоноксид, сулфурдиоксид, азотдиоксид и озон, се во рамките на дозволените граници.

Сепак, и покрај пониските вредности во споредба со зимското аерозагадување, не може да се рече дека скопјани дишат чист воздух. Според Законот, во текот на една календарска година не смее да има повеќе од 35 дена со зголемена вредност на прав над 50 микрограми, а таа норма ја надминавме само во јануари и во февруари. Во април на мерните места Гази Баба и Лисиче 19 дена поминале со надмината вредност на прав, а во мај 18 на едната, а 12 дена на другата локација.

Проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје вели дека имаме значително аерозагадување и покрај растоварувањето со честичките.

- Зимно време аерозагадувањето е поголемо поради тоа што Скопје е во котлина, нема проветрување и е отежната размената на топол со студен воздух. Освен климатските и географските предуслови, битен фактор за зимското загадување кој го нема лете е греењето. Летно време проблем е аерозагадувањето со озон, а најголем аерозагадувач е сообраќајот. Имаме зголемени концентрации на штетниот озон во Скопје, Kуманово и во Битола. Сега има помалку прав во скопскиот воздух од зимоска, но со ваков сообраќај, а без зелени зони, ништо нема да постигнеме. Не треба да чекаме ветер да ни го прочисти воздухот, мора сами да преземеме конкретни мерки - вели проф. д-р Ѓорѓев.

Да се појават вредностите од воздухот во Скопје измерени во мај во некој од европските градови, алармот би бил вклучен на црвено. Во Париз вчера индексот на аерозагадување изнесуваше 33, во Берлин 30, а во Лондон 20. Најзагадени градови во Европа вчера беа Падова (Италија) и Марибор (Словенија), со индекс 80 и аларм кренат на високо портокалово ниво. Доколку концентрацијата на ситниот прав ја надмине вредноста од 100 микрограми за кубен метар воздух, во градовите на ЕУ се смета дека таквиот воздух е опасен за здравјето, а препораката е сите да избегнуваат престој надвор. Kај нас се препорачува да не се престојува надвор ако границата на прав надмине 500 мг/м3. Во ЕУ воздухот се смета добар ако правта не надминува 12,5.

Според Светската здравствена организација, во светот годишно умираат над два милиона лица како последица на заболувањa од аерозагадувањето.

Најлош воздух во Тетово

Најлош воздух во мај дишеле жителите на Тетово. Според податоците од автоматскиот мониторинг цел месец загадувањето со прав било над максималната граница, односно надминувањето било присутно 29 дена. Во просек, вредноста во мај во Тетово изнесува околу 90 мг/м3, а највисоката концентрација била на 14 мај, 142 мг/м3.

Жителите на другите поголеми градови каде се врши мерење на аерозагадувањето може да бидат задоволни, затоа што квалитетот на воздухот секаде е добар. Во Велес во мај пет дена бил надминат лимитот за прав, а во Битола само еден ден.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=42CD29EF38E7F045949E67B7AB9EB572


Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 20-Jun-2012 at 13:57
Previous
 
Па како е тоа можно ?
 
Ооо да бе, ми текна - грижата на скопјани за квалитетот на воздухот во Скопје си замина со мерните станици за мерење на квалитетот на воздухот во Скопје, како што мерните станици ги снема, така и грижата на скопјани за квалитетот на воздухот во Скопје ја снема.
 
Ако ако, на здравје нека ни е, само да не почнеме да паничиме и да се жалиме после кога ќе ни се појават првите симптоми на најразни болести предизвикани од ваквото загадување и од скопската негрижа за квалитетот на воздухот во Скопје.
 
Ич да не се грижите, мерните станици ги снема, а со нив и нездравиот воздух го снема.
 
Или не го снема... ?
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 23-Jun-2012 at 14:27
Среднодневни концентрации на суспендирани честички со големина до 2,5 и 10 микрограми за месец мај 2012:


гранична вредност 50 µg/m3


гранична вредност 25 µg/m3

Концентрациите на азотен диоксид, сулфур диоксид, јаглерод моноксид и озон се во рамките на дозволеното, односно под граничната вредност.

Ги проверив и мерењата за првите 20 дена од јуни во Општина Карпош. Граничните вредности за суспендирани честички со големина до 10 микрограми не биле надминати ниту еден ден. Граничните вредности за суспендирани честички со големина до 2,5 микрограми се минимално надминати (до 2 µg/m3) само 3 дена што е во рамките на дозволеното.

Дишете слободно, во лето воздухот е чист
Back to Top
Oxygen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jun-2012
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote Oxygen Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 24-Jun-2012 at 08:52
Поздрав до сите на форумот. Се регистрирав за да се придржам во искажувањето на револт кон квалитетот на воздухот од една страна и манипулацијата на Градоначалникот со апаратите за мерење.

Вчера мерачот на улица Македонија беше исклучен. Скопјани повторно беа во мрак за квалитетот на воздухот, имав добра прилика пред некој ден од Водно да го набљудувам испуштањето на отровните материи од работилницата на МИНЧО ЈОРДАНОВ ке поставам слики. Со големи букви бидејќи дури и неговиот дирекотр укажа пред 2 години дека не смееат да работат без соодветни филтри, кој немале пари да ги набават. КОлку што ги погледнав билансите финансиски на Макстил тие имаат обрт од над 100 милиони евра годишно, а несакаат да одвојат 2%.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 24-Jun-2012 at 08:54

Денес во околу 5:30 наутро...

 

 

 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 24-Jun-2012 at 11:24

Не... ова веќе станува ненормално... катастрофа...

Како што се движев по кеј... се осеќаше некој тежок и непријатен мирис во воздухот... 

Сакам да напоменам... дека овој чад го има на прилично голема површина од градот, и тоа само ова густиов... периферно можеби зафаќа и поголема површина... 

А најверојатно поради ружата на ветрот... која е запад-исток најчесто... можам да заклучам дека директно погодени населби од овој чад се: Железара (секако), Автокоманда (исто така), Керамидница, 13 Ноември, Јане Сандански, Ново Лисиче, Маџари, Хиподром, Ченто... тоа е голем дел од о. Гази Баба, па и од о. Аеродром... 

Сигурно станува збор за ако ништо друго најмалку 50 илјади жители кои се засегнати од ова загадување... а мое мислење е дека се многу повеќе...



Edited by FoSsiL - 24-Jun-2012 at 11:25
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.703 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.