build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Битола 2016

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Битола 2016
    Posted: 13-Jan-2012 at 22:24

„Битола 2016“ како помал брат на „Скопје 2014“

Во Битола во наредните четири години ќе се градат нови 28 спомен-обележја

Битола - Проектот „Скопје 2014“ добива помал брат, „Битола 2016“. Во градот под Пелистер во наредните четири години ќе се градат нови 28 споменични обележја. Од нив 14 ќе бидат бисти, седум споменици и исто толку спомен- плочи. Локалната власт очекува помош од државата за реализација на овој проект. И опозицијата, за чудо, ја поддржува програмата. Засега е сигурно дека финансиска конструкција за овој проект се' уште нема.

Програмата на битолскиот Совет дека за само четири години во градот ќе никнат нови триесетина спомен-обележја ја разбранува јавноста, особено што за изградбата и поставувањето на само еден споменик посветен на античкиот крал Филип Втори граѓаните чекаа со години. Сега споменици треба да добијат Даме Груев, царот Гаврило Радомир, Ѓорги Сугарев, Александар Турунџев, Димитар Илиевски-Мурато, главниот штаб на Илинденското востание, а се планира и реставрација на гробот и надгробната плоча на Павел Шатев. Во програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја е предвидена и изградба на спомен-биста на Захарија Василева-Шумјанска, хуманистка од битолскиот крај, која по Илинденското востание го отворила и првото сиропиталиште на овие простори.

„Во моментов не можам да кажам точно колкава е потребната сума и дали ќе се реализираат сите овие спомен-обележја, но се надеваме дека и државата ќе даде пари. Со тоа ќе го заокружиме овој проект“, потврдува Диме Попов, претседател на комисијата за финансии и буџет во Советот на Битола. Притоа тој додава дека Општината е должна да изгради споменици за некои знаменити луѓе.

Програмата предвидува и изработка на 14 бисти за што доби зелено светло и од Општинската организација на Сојузот на борци од Битола.

„За сите споменици што се предлагаат, за Пере Тошев, за Ѓорѓи Поп Христов, Илија Димески- Гоце... ние даваме целосна поддршка, бидејќи тие се дејци заслужни за оваа држава“, вели Александар Трајковски, претседател на СБМ во Битола.

За изненадување, битолската опозиција ја поддржува програмата за поставување нови 28 споменични обележја во градот. Но, сепак, изразува спомнеж дека градот со пари од општинската каса ќе успее да ги изгради сите споменици до 2016 година. Бидејќи, наместо црква како што се најавуваше за свет Нектариј Битолски сега се предвидува само спомен-плоча. Истото важи и за великомаченик Агатангел Битолски, за Леринско-костурската бригада, турскиот затвор во ОУ „Ѓорги Сугарев“ и куќата на Анастас Лозанчев. Спомен- обележја треба да добијат и борбите на битолско-леринскиот одред и леринско-костурската бригада на локација кај бензинската пумпа на магистралниот пат кој води кон Грција.

„Ние ја поддржавме програмата оти мислиме дека нема спорни ликови од историјата. Меѓутоа, сметаме дека нема пари во буџетот за овие споменици. Ова е само на хартија, до реализација сигурно нема да дојде“, вели Валентин Груевски, советник на ЛДП.

„Иста ваква програма имаше и порано, но мислам дека нема средства ова да се направи“, смета и Менде Тасевски, советник од СДСМ.

Сомнежите дека проектот нема да успее опозицијата ги поткрепува и со фактот што во буџетот на општината за оваа година не се предвидени средства за изградба на спомен-обележја. Од власта велат дека ставката можеби ќе биде пополнета со некој од ребалансите на општинската каса, секако доколку тоа се случи. (А.Б.)




Статијата е прочитана 2956 пати.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=163ACFC94731494D9EB56C247A510BA4
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 700
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-Jan-2012 at 22:50
Money for cultural initiatives can be better spent elsewhere, such as the renovation of the many historical structures in Bitola.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 14-Jan-2012 at 19:25
значи повторно, не знам зошто вака се јуриша да се направат споменици на број, а не на квалитет и културно значење... Битола како прво, како град и онака има разни знаменитости, тука барем не можат да се вадат како во Скопје, дека „немало доволно“...
значи споменици се, не се печурки... полека

барем ми е мило што малку повеќе се размислува за буџетот


Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 14-Jan-2012 at 20:27
28 споменици, од кои 14 се бисти, а 5 се спомен плочи воопшто не е многу..

Тоа што ме интересира се локациите, а тука најмногу може да се утне, па и да се уништи околината.

Последните две се такви - прво Филип, а потоа оној за бранителите - за кој можам да кажам дека е на неверојатно чудно место..

Edited by mladen_s - 14-Jan-2012 at 20:27
Back to Top
TomceBT View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote TomceBT Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Apr-2012 at 18:03
Прво нека ја средат спортската сала и стадионот па после нека градат вакви луксузи.

http://www.europlan-online.de/stadion-pod-tumbe-kafe/verein/2192

http://www.plusinfo.mk/vest/31117/Oshteten-pokrivot-na-sportskata-sala-Mladost-vo-Bitola
http://www.youtube.com/watch?v=ESih179JlcU

На шо личи ова? КАТАСТРОФА!!! Wallbash
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Apr-2012 at 19:47
treba stvarno stadionot i salata od koren da se renoviraat i bitola da dobie novi sportski hramovi pa i tamu da se igraat utakmici od reprezentacijata na makedonija
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Feb-2015 at 10:33

што бидна со споменициве, може сега и по некој музеј влегол у шема

патем ко за иронија веб страната на битолскиот музеј е во аут а не па потака http://www.bitolamuseum.org/cgi-sys/suspendedpage.cgi

мое мислење - нека кренат аеродром в Пелагонија [1] таман сега имаат увид и кои се критични точки да ги избегнуваат заради поплавиве, а потем самите иселеници ќе си реинвестираат каменот во скулптури и паркови
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 18-Feb-2015 at 00:50

море море почнале

Originally posted by kultuzin

Калвир на кружен тек во Битола. Навистина прекрасно изгледа кружниот тек се надевам дека во скоро време нема да го видиме истиот на темата Вандализам и Примитивизам

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-Mar-2015 at 00:43

скоро чув некаде по телевизииве дека првиот клавир во османлиското царство завршил во Битола, колку е ова вистина незнам но со оглед дека битолци опнале еден сред кружен тек ова ми држи вода, што погласен чалам од ова за тоа

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 16-Mar-2015 at 07:08

патем колку несвојствен ми делува ваквиот ренесансен имиџ за Битола тоа е чудо, ајде неокласичнаниот широк сокак и ова муабетов за конзулите и клавирите може држи вода во овој правец, сепак нит Битола а уште помалку Скопје може да се перцепираат проевропски

во најмала рака тоа се ориентални градови а лично ги доживувам строго атнички, но во овој правец воопшто не помагаат тоа недоносените споменици нит на Филип во Битола нит па Алексо в Скопје, евентуално скулптури исклесани во бел мермер би можело да ја припитомат во овој контекст атмосферата ко оние на Самоил и Јустинијан што се на плоштад, но излеани толку пластично во бронза истите би изгледале само ко новокомпоирана имитација и ништо повеќе, но и тоа мермерерот како го клесале небаре фигури од шах се тоа владетелите, еветуално Ченто што има подобра претстава, несвојтвено за него блештаво антички небаре скитал по вија игнација кога живеел на овој свет

просто нит за имиџот нит за атмосферата некој заокружено размислувал волку за деталите та и Битола 2016 може утре а излезе лесмно ко Скопје 2014 само од брзање
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 716
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 16-Mar-2015 at 09:17
Кон крајот на распадот на Отоманската империја, преку Битола како централен град на Румелија, од второвината половина на 19ти век, Отоманците имале за цел да ја претстават нивната држава како европска. За таа цел се креирани конзулатите од најмоќните држави во тоа време. Па така, архитектурата својствена за европа во тоа време (главно неокласична и арт деко, во мала мера и нео барок) била пресликана и во Битола. И ден денес си постои француска четврт, еврејски маало, влашко маало. Зборот ми е, архитектурата воБитола не е само отоманска или ориентална. За жал доста објекти во Битола ден денес не постојат поради бомбардирањето со запалливи бомби во прва светска војна.
А, што се однесува до денес, освен споменикот на Филипче и бранителите (кој е патем пристоен) нема некакво унаказување како во СК.
За клавирот и таквите споменици (украси) по кружните текови немам некоја негативна забелешка. Патем Битола и ден денес има голема збирка на стари клавири.
Во новиот филм До Балчак, иако не е спомнат во кој град се работи дејството, претставува директен репрезент за начинот на живот во златните времиња на Битола (~1900), каде постепено се чувствува европеизацијата на Балканот.

Edited by stratus - 16-Mar-2015 at 18:38
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 16-Mar-2015 at 21:47
пред некоја ден поминав тука,но клавир немаше.мислам дека имаше нешто како филџан или така ми се причини
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 716
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 16-Mar-2015 at 22:25
Се работи за два различни кружни тека. На едниот (влезот од кај Охрид) има филџан за кафе кој е поставен пред една година. Додека, другиот се наоѓа кај горното Веро и е со клавир на средината, поставен од неодамна.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-Dec-2017 at 23:55

што бидна со иницијативава 28, се исполни ли бар приближно, колку знам не, има ли некој абер ... може дпмне затоа ги има праено ова скопскиве споменици во мал ринг без ред и процедура, за ето сега ако не тие sds да ги распредели ...

ајде јас би рекол можеби Ника липицанерите и Прометеј можат да ги прошетаат до Хераклеа со еден плоштад и нов музеј зад тумбата ...
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.