build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Цени на станови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
sid View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sid Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Цени на станови
    Posted: 24-Jan-2012 at 23:32

Здраво


Една многу често поставувана тема, цена на становите во Скопје. Зошто се толку скапи становите во Скпје. Еве почна и поинтензивно да се градат нови згради, со отворањето на нови факлутети во внатрешноста на Македонија и нема веќе студенти. Но цената никако да спадне. Толку ли има потреба од нови станови или пазарот го контролираат само мал број на компании.

А и старите станови не се ништо подобри стари санови ги продаваат поскапо од нови.


Сега со проектот на владата мислам дека ситуацијата уште повеке ќе се влоши... И кај можеш да најдеш стан од 900 е кв во скопје?



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12307
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 26-Jan-2012 at 01:08
Здраво sid и добредојде на форумов


Originally posted by sid

Толку ли има потреба од нови станови или пазарот го контролираат само мал број на компании.
Мој впечаток е дека пазарот е контролиран, мада не обавезно поради малиот број на компании (всушност бројот на компании и не е толку мал, колку што е мал бројот на оние кои навистина можат да испорачаат сериозна квадратура, особено без преголема финансиска „креативност“ и разни одолговлекувачки фактори)


Originally posted by sid

Еве почна и поинтензивно да се градат нови згради
Веројатно да, но сепак би бил претпазлив во проценката, особено за тоа за колкав процент се работи. Верувам дека кај повеќето луѓе (вклучувајќи ме и мене) преовладуваше впечаток дека и во изминатите години изградбата се интензивирала, но статистиката не го потврдува тоа:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=52&PID=112039#112039



Originally posted by sid

со отворањето на нови факлутети во внатрешноста на Македонија и нема веќе студенти.
Можеби бројот на вакви студенти е намален, но можеби и не е, со оглед дека новоформираните факултети во другите градови го апсорбираат и зголемениот број на студенти (неспорно сега имаме осетно повеќе вкупно студенти отколку пред неколку години). По ова прашање добро би ни дошла попрецизна статистика.

А миграцијата, односно трајното преселување во Скопје (особено на млади лица) продолжува со силно темпо, веројатно и се засили во последните години.



BTW разгледај ја оваа нишка, досега воглавно таму дискутиравме за цената на становите, верувам ќе најдеш работи кои ќе ти бидат од интерес:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=353


Еве и една интересна статија од порталот, на тема цената на становите во Скопје:

http://www.build.mk/?p=9206







Edited by Cloverstack - 26-Jan-2012 at 01:12
Back to Top
anonimen View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 10-Mar-2012
Online Status: Offline
Posts: 58
  Quote anonimen Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Mar-2012 at 11:31
Zdravo, go sledam vasiot forum redovno i smetam deka sodrzi dosta kvalitetni informacii. Vo momentot sum vo faza na kupuvanje na stan i sekojdnevno gi preslituvam oglasite ,a go pisuvam komentarot isprovociran od cenite na nasite gradezni kompanii koi se dvizat od 900 EU/m2 za objekt koj sto seuste ne dobil nitu gradezna dozvola pa do 1450 EU/m2. Za sporedba napraviv proverka i kako se dvizat cenite na stanovite vo Belgrad, Zagreb itn. i se frapirav kolku se poevtini . Cenite na novoizgraden stan vo Belgrad na periferija od gradot vo prosek se dvizi od 700 EU/m2 pa nagore vo zavisnost od lokacijata , a vo Zagred za novi stanovi cenata e od 800 EU/m2, 900 EU/m2 pa nagore, a se naoga stan i za 750 EU/m2. Se postavuva prasanjeto kako e mozno ovie gradovi koi nudat pokvalitetni uslovi za ziveenje da nudat poniski ceni , vo sporedba so nasite fuserajski novogradbi??? Eve nekolku oglasi:
Trešnjevka, Severinska, 2-sobni stan površine 45 m2, roh-bau, prodajem

Lokacija:     Trešnjevka, Grad Zagreb
Adresa:     Severinska
Ukupna cijena:     35.000 € (~ 264.479 kn)
Cijena po m2:      777 € -60.46%
Površina:     45 m2
Više informacija
Dalmatinska, 2,5-sobni stan,podrum, 46 m2, za uređenje !!!

Lokacija:     Centar, Grad Zagreb
Adresa:     Dalmatinska
Ukupna cijena:     36.800 € (~ 278.080 kn)
Cijena po m2:      800 € -61.37%
Površina:     46 m2
Više informacija
PRODAJA - Maksimirska cesta, 43.00m2, 39000.00 €

Lokacija:     Maksimir kvart, Grad Zagreb
Adresa:     Maksimirska cesta
Ukupna cijena:     39.000 € (~ 294.705 kn)
Cijena po m2:      906 € -51.94%
Površina:     43 m2
Više informacija
Vrapče, Trebež (kod Risovog naselja), 3-sobni stan površine 60,20 m2, roh-bau, prodajem

Lokacija:     Vrapče, Grad Zagreb
Adresa:     Trebež
Ukupna cijena:     48.000 € (~ 362.713 kn)
Cijena po m2:      800 € -46.06%
Površina:     60 m2
Vrbani, novogradnja, 2s od 54m2, vrlo povoljno

Lokacija:     Vrbani, Grad Zagreb
Ukupna cijena:     48.609 € (~ 367.315 kn)
Cijena po m2:      900 € -52.03%
Površina:     54,01 m2
Back to Top
Bobi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Bobi Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Mar-2012 at 13:13
Секоја чест за информацијава.Меѓутоа кога би седнал да зборуваш очи во очи со некој наш инвеститор ќе ти го каже следното: Па знаеш имам камати за плаќање,имам многу мито за плаќање,па ако не ви го вкалкулирам во цената,тогаш јас ќе работам за беспари ....Како во овие градови кои ги напомена нема мито,нема камати итн.Црно од под нокти ќе ти земат и ќе ти обеќаат брда и долини додека не уплатиш,а потоа ќе биде муабетот неможе тоа така,чекај ќе видиме,треба да доплатиш пола метар кабел затоа што тоа што го бараш е надвор од цената....
Поздрав и со среќа да си најдеш стан каков што сакаш!!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12307
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Mar-2012 at 02:54
Да се надеваме дека конкуренцијата сепак ќе си го направи своето:

Зголемена вредноста на предвидените објекти за градење во јануари

#


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2012 година вредноста на предвидените објекти за градење изнесува 2.412.089.000 денари што е за 14,7% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Причина за ваквото зголемување се издадените градежни дозволи за поголеми зданија во секторот високоградба, кој бележи раст од 35,2% во однос на јануари 2011 година. Во извештајниот период е забележано зголемување на вкупната вредност на градежните работи кај објектите за реконструкција од 9,7%, а намалување е констатирано единствено во секторот нискоградба, кое не се одразува значително во крајната сума на предвидени градежни активности.

Во првиот месец од оваа година се издадени 169 градежни дозволи што е за 1,7% помалку во однос на идентичниот период лани. Од вкупниот број на одобренија за градење, 126 (74,6%) се наменети за објекти од високоградба, 13 (7,7%) за објекти од нискоградба и 30 (17,7%) за објекти за реконструкција. Најголем пад од 18,7% е констатиран кај секторот нискоградба, кој сепак има мало влијание врз целокупните придвижувања кај издадените одобренија од општините.

Значителен пораст е забележан во изградбата на станови во текот на јануари 2012 година. Правните и физичките лица предвиделе подигање на 477 станбени единици со корисна површина од 37.552 метри квадратни, односно зголемување од дури 80% на бројот на планирани станови во споредба со истиот период од минатата година. Скопскиот регион со предвидени 346 станови за изградба предничи во споредба со останатите региони од државата. Аеродром во континуитет е најатрактивна општина за инвеститорите кои вложуваат во изградба на живеалишта, само во јануари 2012 година се издадени градежни дозволи за подигање на 193 станови на неколку локации.


#
Објавено на 05.03.2012 во категорија Вести.

Тагови: Станбени, Статистика

http://www.build.mk/?p=13021
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9836
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Jan-2021 at 17:59
АНАЛИЗА: Цените на становите во пораст – што ги поскапе недвижностите ?

Цените на становите во пораст – се намалува бројот на издадени одбренија за градба. На пазарот со недвижности, конкретно со продажба на станови изминатиот период е регистриран тренд на поскапување на метар квадратен станбен простор, пишува „Порталб“ . Позади ова стојат повеќе причини, една од нив и мориториумите за градба кои се на сила во дел од општините.

Се намалува бројот на одобренија за градба

На истекот од 2020 та, Заводот за статистика регистрира „негативни“ трендови во градежниот бизнис. Во ноември годинава во споредба со истиот месец лани е намален бројот на издадени одобрени за грдаба, но се намалува и вредноста на објектите кои треба да се изградат. Конкретно, во единаесетиот месец од 2020 биле издадени 208 одобренија за градба на територијата на целата држава што е за 14,4 отсто помалку во однос на лани, истиот месец.

– Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 112 (53.9 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 20 (9.6 отсто) за објекти од нискоградба и 76 (36.5 отсто) за објекти за реконструкција – наведува Заводот за статистика.                               

Предвидената вредност на објектите во ноември изнесувала 31,2 милиони евра што е за дури 22,2 отсто помалку во однос на анализираниот период лани. Само кај предвидената изгрдба на станови регистриран е пад за дури 61,6%.

Новемри 2020/2019

Издадени одобренија за градење    -14,4 отсто

Предвидена вредност на објекти    -22,2 отсто

Предвиден број на станови        -61,6 отсто

Во ноември била предвидена изградба на 302 станови, најголем дел или 91 во скопскиот регион, 50 во североисточниот регион, 47 во југозападниот регион и 33 во вардарскиот регион. Во останатите региони била предвидена изградба на помалку од 30 станови.

Што ги зголеми цените на становите?

Забавената изградба на нови станови, рестрикциите за градење во одредени општини и зголемените трошоци во градежништвото ја зголемија цената на метар кавдратен – коментираат луѓето од градежниот бизнис.

– Во изминатиот период се забалежува тренд на постојано зголемување на цените на недвижностите. За ова постојат повеќе причини. Една од клучните е што се зголеми цената на трудот во овој сектор, односно зголемени цени на услуги во градежништво, потоа се зголемија и цените на градежните материјали во 2020 та година – уште еден фактор што влијаеше врз пораст на трошоците за работа – вели Ивица Јакимовски од Градежната комора на Македонија.

Овој тренд на ценовен пораст го регистрираше и Народната банка – на крајот од 2020 та регистрин раст од 1,7 отсто. Но, не само трошоците, туку и сегашните мораториуми предизвикаа „поместувања“ на пазарот на недвижности. Во бизнис круговите се коментира дека цената на кавдратен метар во Центар достигнува и до 1.300 евра за нов стан.

– Врз цената на становите неизбежно влијаеше и мораториумот на териорија на општина Центар, односно неможноста за градење што предизвика застој во градежните работи, па дури и загуби за одредени фирми. Овој мораториум се покажа како незаконски, што беше потрвдено од Уставен суд. Потоа на територија на општина Карпош имавме укинати Детални Урбанистички Планови по вина на Општината, а од страна на Уставен Суд. Сите овие политики имаат влијание во бизнисот, во понудата на пазарот – вели Јакимовски и додава дека и со сегашните цени на недвижности Македонија во споредба со земјите од опкружувањето има најниски цени за метар квадратен стабен простор.

Податоците од банките покажуваат дека во ноември, на годишно ниво, регистриран е пораст на станбените кредити за 13,6 отсто . Граѓаните на крајот од ноември по основ на станбени кредити во банките должеле 930 милиони евра.

https://plusinfo.mk/analiza-cenite-na-stanovite-vo-porast-shto-gi-poskape-nedvizhnostite/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7533
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Jan-2021 at 02:48

не мора предетална анализа, главни се два збора, лакомост и побарувачка
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 19-Jan-2021 at 10:09
Kaj nas e ušte i dobro. Vo Belgrad e cenite odat i do 4000 po kvadrat.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9836
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 28-Jan-2021 at 15:42
РАСТЕ ПОБАРУВАЧКАТА НА СТАНОВИ ВО ОХРИД, ОД 1.300 ДО 1.500 ЕВРА ЧИНИ КВАДРАТ ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР

Побарувачката за станови во Охрид последнава година е зголемена иако цената за квадратен метар пораснала за 20 проценти. Според Агенциите за недвижности, атрактивноста на Охрид и побарувачката за купување недвижнини покрај езерото и во градот чии природни убавини се заштитени од УНЕСКО се зголемила поради мораториумот за градба и новиот План за управување со Охридскиот Регион. За разлика од изминатите години кога во Охрид неконтролирано се градеше, последниот период градбата на нови објекти е намалена, па поради тоа се бележи и раст на цените.

Моментално, метар квадратен во централното градско јадро и на самиото крајбрежје чини од 1.300 до 1.500 евра, а становите веќе се распродаваат уште во градба.

„Од средината на 2019 до средината на 2020 година имаше значителен пораст на цената за квадратен метар од 20 до 30 проценти, токму поради новиот План за управување со градот. Во централното градско подрачје и на охридската ривиера како најатрактивни делови од градот, цената е од 1.300 до 1.500 евра за квадратен метар. Тука можностите за градба се навистина ограничени, а од друга страна местото е највредно и најпривлечно и природно е цените да растат, бидејќи побарувачката за тој дел е навистина висока. За останатите локации цените се од 750 до 850 евра за нови градби, што е за 20 проценти пораст на цените“, вели Наташа Спасеска од Агенцијата за недвижнини „Капитал“.

За разлика од минатото кога најбарани беа апартманите, сега најголем интерес има за двособните станови.

„Според новите законски прописи и маркици за градба кои ги имаме според новите урбанистички планови, апартманите не поседуваат паркинг простор како во минатото, паркирањето е решено внатре во самата парцела односно во гаражи. Бројот на станови треба да одговара со соодветен паркинг простор и од таа причина, во самата понуда на еден нов објект се случува да има само еден или два апартмани што е многу малку“, вели Спасеска.

Во Струга цените се далеку пониски и се движат од 650 до 850 евра за најатрактивните делови од градот, централното подрачје, струшкото крајбрежје, а во останатиот дел од градот метар станбена површина чини околу 600 евра.

Најчести купувачи на станови и куќи во Охрид се од останатите делови од Македонија кои купениот имот го користат за одмор, но и за семејно домување во периодот по нивното пензионирање.

„Живеам во Скопје и пред една година купив стан во Охрид. Тоа беше мојата животна желба. Доаѓам со семејството за викенди, но планирам тука да ги поминам моите пензионерски денови“, вели 53-годишен скопјанец.

Голем е бројот и на странци, најчесто од Англија, Америка и Холандија, кои изминативе години купиле стан или апартман покрај езеро. Покрај луксузни апартмани се купуваат и куќи во стариот дел на градот, но и во руралните средини кои се во непосредна близина на градот. Зад ваквата одлука најчесто ја потенцираат убавината на градот, но и традицијата и љубезноста на охриѓани.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/raste-pobaruvachkata-na-stanovi-vo-ohrid-od-1-300-do-1-500-evra-chini-kvadrat-vo-strogiot-tsentar/
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 636
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 29-Jan-2021 at 01:11
Originally posted by stef4o

...Зад ваквата одлука најчесто ја потенцираат убавината на градот, но и традицијата и љубезноста на охриѓани.




Edited by hcitrS - 29-Jan-2021 at 01:13
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9836
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 29-Jan-2021 at 10:26
ИЗГОР СКАПИ СТАНОВИТЕ ВО ОХРИД



https://24.mk/details/izgor-skapi-stanovite-vo-okhrid
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9836
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 25-Mar-2021 at 15:51
Гарсониерите во Центар достигнаа цена од 1.400 евра за квадратен метар

И покрај растот на цените на становите во Скопје, интересза нивно купување има, потврдуваат градежните компании и агенциите за недвижности.

Од агенцијата „Прима каза“ велат дека малите станови во центарот на Скопје, во полуксузните згради, се продаваат дури и по цена од 1.400 евра за квадратен метар.

-Веќе неколку месеци се чувствува заживувањето на пазрот на недвижности. Но, станови се купуваа и претходно, во периодот на кризата. Она што се забележа е намалувањето на закупите. Во однос на цените, поради интересот, но и поради мораториумот за градење во центарот на Скопје, забележлив е раст на цената на квадратниот метар. Во Општина Центар цените се од 1.100 евра за квадратен метар, па нагоре. Малите станови и гарсониерите во полуксузни згради се продаваат и по 1.350 евра, односно 1.400 евра за квадратен метар – вели Мила Радојевиќ, дректорка на агенцијата.

Во градежните компании велат дека цените на квадратниот метар растат соодветно на растот на цените на градежните материјали, но дека се распродаваат сите станови и во огромни згради.

– Норамлно е што се зголемуваат цените, затоа што се зголемија цените и на материјалите за градење. Сепак, може да се забележи дека интересот за купување станови во Скопје и понатанатаму е голем. Она што може да се смета како специфично за последно време, е што сега многу помалку се купуваат станови во градење, односно почесто се купува готов стан за кој веднаш може да се добие имотен лист. Така, додека се градат становите не се продадени, но кога ќе дојдат при крај згардите, и тоа големи згради со по 7.000 – 8.000 квадратни метри површина, често има купувачи за сите станови – вели Никола Велковски, член на Управниот одбор на Градежната комора.

Според Регистарот на Катастарот на недвижности, во Македонија, подолг период се евидентираат околу 6.000 станови што ги чекаат своите купувачи.

https://www.slobodenpecat.mk/garsonierite-vo-czentar-dostignaa-czena-od-1-400-evra-za-kvadraten-metar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9836
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 31-Mar-2021 at 08:44
Цената на стан во Скопје исто како во Загреб

Според информациите од светската платформа Нумбео која пресметува трошоци за живеење низ светските метрополи, може јасно да видиме дека цената на стан во Скопје е речиси иста колку и во Загреб. Иако Македонија е неколку пати помала од Хрватска, сепак парираме со хрватската метропола.

Имено, според Нумбео Загреб се наоѓа на 33-то место во Европа, а Скопје се наоѓа веднаш зад него, односно на 34-то место. Она што изненадува е дека поевтино може да се купи стан во другите земји од поранешна Југославија како Љубљана и Подгорица.



Според податоците од оваа страница во конкуренција од 192 држави може да забележиме дека Скопје е со коефициент 13.46 и е на 33-то место.

Во услови на коронавирус индустријата за недвижности е една од најзагрозените. Според некои податоци од претходната година може да забележиме дека во главниот град поскапеле становите во Центар, Ѓорче Петров, Гази Баба, каде метар квадратен станбена површина се продава за 50 до 70 евра поскапо во споредба со претходната година.

Според некои информации од кои успеавме да стигнеме најскапи станови во Скопје се во населбата Центар, а најбарани се становите во Карпош.

https://lider.mk/cenata-na-stan-vo-skopje-isto-kako-vo-zagreb/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1210
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 31-Mar-2021 at 19:23
Во Хром продаваат станови за 1.050 евра квадрат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9836
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 01-Apr-2021 at 10:20
Во Кисела Вода карши Расадникот и во нас.11 Октомври стига и до 1150 евра м2,во Тафталиџе кај Млечен е 1350-1400м2 мислам дека за такви затки од објекти што ги градат,лепенки без нормално растојание и други услови воопшто не е оправдана цената.И секако на овие цени плус 6000евра за паркинг место.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 756
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 02-Apr-2021 at 08:53
И уште ќе растат, нема некоја разлика кај нас од пазарниот менталитет на некој што продава грав на пазар и за празник ја дига цената и на овие управители на градежни компании, тесното селско его си останува како жичка.
Понуда = Потражња, се додека продолжува преселувањето на остатокот од државата во Скопје така ќе биде...чак мислам дека властите си имаат дилови со овие што градат станбени единици низ Скопје, овие да ја вршат депопопулацијата на внатрешноста за сметка на Скопје, а овие да им дадат удел у колачот.
Но нема да е вечно, демографски гледано ова ќе биде случај уште макс 10 години.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5085
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Apr-2021 at 11:17

Бумот на станови не е толку поврзан со миграцијата внатрешност->Скопје, туку со порастот на куповната моќ, и на луѓето веќе не им се живее во истото станче со старците, туку младите брачни парови се трудат да си живеат настрана, и уште поважно, поимашните млади луѓе кои се single си живеат на страна наместо дома со мама и тато. Меѓу другото, да не заборавиме дека добар дел од становиве зјаат и празни со години.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1087
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 02-Apr-2021 at 15:39
Становите во голема мера во Скопје се користат како валута. Затоа што немаме државно осигурување, гаранција на депозити над 30 илјади евра, и затоа што народот е изгорен со банките, и затоа што нема саглам бизнис клима во која можеш да инвестираш во акции или да отвараш мал бизнис без да те испопреебат мангупи. Затоа се користат како валута со која се осигурува дотогаш стекнатиот имот, зашто и немаш у што друго да инвестираш а да ти остане фамилијарно. Ниви да купиш како side-hustle друг ќе ти ги обере, шума да купиш друг ќе ти ја исече што му дозволила власта да го прави тоа во замена за гласови, акции да купиш џабе ти се пошто профитот се извлекува преку фиктивни набавки кон надворешни фирми со целосна сопственост на доминантните акционери во големите фирми. И што останува ?!, биткоин сигурно не!

Edited by user8642 - 02-Apr-2021 at 15:41
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12307
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 02-Apr-2021 at 16:38
Originally posted by user8642

И што останува ?!, биткоин сигурно не!


Е зошто не?


Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1087
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-Apr-2021 at 17:06
Биткоин е за да фрлиш пари што не си ги заработил сам.    Наследство, лото, подарок. Тешко заработени пари не ги дава македончето на виртуелни пирамидални шеми. Доволно тепано куче е!

Edited by user8642 - 02-Apr-2021 at 17:06
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.