build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопско Кале

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 293031
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #601 Posted: 16-Jan-2016 at 13:08
План на калето, втора половина на 19 век
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #602 Posted: 16-Jan-2016 at 13:39
Мене гравурата од 1594 ми има многу повеќе смисла доколку се преврти (флипне) хоризонтално. Мостот би бил Камениот мост, а насликана би била од џамија во Влашкото маало (денес ГТЦ). Ме чуди што ја нема Бурмали
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 716
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #603 Posted: 16-Jan-2016 at 15:59
Многу мал делува за Камен мост. Јас сепак сметам дека оваа река врвела зад Кале, од страната на Чаир, а подоцна била пренасочена што логично и мостот денес не постои.
На сликата е обележано што предлагам



Портата 7 денес не е реконструирана.

Edited by stratus - 16-Jan-2016 at 16:15
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 716
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #604 Posted: 16-Jan-2016 at 17:19
Исто така анализирајќи ја другата достапна гравура за средновековно Скопје (Кале), ми дава смонеш дека неодамнешната реконструкција не е соодветно направена.



Имено, постоечките кули, нумерирани како 1, 2, 9,19 ,21 сметам дека се соодветно направени. Но неколку кули во реконструираниот дел мислам дека недостасуваат (на пр. 3, 8). Исто така висината на новите кули и висината на ѕидот е несоодветна. Недостасуваат прозори на новите кули, а нив ги има на старите и на гравурата. Ново креираната порта е премала и паушално изведена. Голем број на кули недостасуваат и треба да се доизградат.



Кога се правеше реконструкцијата пред неколку години, ми изгледа како да е земено во предвид реконструирање само на тоа што се гледа од плоштадот и притоа е мнооогу штедено на камен.


Edited by stratus - 16-Jan-2016 at 17:22
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #605 Posted: 17-Jan-2016 at 00:01
^
за првата гравура се верува дека е од северната страна на калето и дека реката на сликата е Серава по стариот тек... се веругва дека практично вака изгледал градот пред да го запали Пиколомини
втората гравура е многу поверојатна затоа што соодветствува на денешниот лик на калето, гледано од јужната страна
реконструкцијата не се правеше според гравурите, туку според основите на кулите видливи во тогаш изрушениот ѕид, се согласувам дека реконструкцијата е паушална, ама па да се правеше според гравурите ќе беше уште полошо
се согласувам и дека портата е лошо изведена и се сомневам дека соодветствува на оригиналот

калето сеуште не е довршено, им остана да реконструираат уште две кули од горниот ѕид (18 и 15), а колку што знам, ако не е сопрено нешто, моментално се врши шрезервација и реконструкција на некои делови од Киклопскиот ѕид

инаку, ова скицава горе ти е малку погрешна, Киклопски ѕид не е дел од горната ѕидина, туку уште една ѕидина во внатрешноста, која би требало отприлика да се движи по линијата на патеките од паркчето... овој дел колку што знам најинтензивно се копа и истражува, заедно со делот измеѓу двете ѕидини

засега, би требало да се задржат најмногу на ископувањето и детерминирањето на линиите на се што постоело како градба горе... после тоа, би било кул да ја реконструираат шестоаголната кула бр.18, култата 20 (за која имаме основа) и ѕидовите кои се наоѓаат во долниот дел од ридчето од кои има слики поназад во оваа тема, или во темата за објектот на Водовод
токму затоа тој дел не требаше да се чепка и да се градат објекти врз него, туку да се креира едно убаво паркче/пешачки простор, кое со реконструираните парчиња од тврдината, би се надоврзало на влезот каде што е новата реконструирана порта

Edited by zabegan - 17-Jan-2016 at 00:03
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 680
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #606 Posted: 17-Jan-2016 at 18:30
Како надополнување на дискусијата од горе, денес се појави информацијата за уривање на ресторанот и продолжување, односно заокружување на археолошките истражување на целото Скопско Кале.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #607 Posted: 17-Jan-2016 at 18:39
Originally posted by zabegan

^
за првата гравура се верува дека е од северната страна на калето и дека реката на сликата е Серава по стариот тек... се веругва дека практично вака изгледал градот пред да го запали Пиколомини


Сосема се согласувам со ова. Стариот тек на Серава, ако не се лажам, е улицата која врви пред Сули-ан.

Инаку за втората „гравура“ мислам дека е современа реконструкција, не постара од 50-60 години. Субјективна е и големината на долниот град на истата(делот кој излегува на директно на реката). Највероватно авторот бил доста убеден во значењето на долниот град, иако се знае дека најразвиениот трговски дел на градот бил токму истиот како и денес - чаршијата. Во прилог на ова одат и остатоците од црквата св. Ѓорѓи (Султан-муратова џамија) (позната средновековна практика е формирањето на градски и трговски центри околу манастирските панаѓуришта кои од периодични настани прераснувале во перманентни населби(пр. Прилеп))
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #608 Posted: 17-Jan-2016 at 19:00
Originally posted by ehrlich

Како надополнување на дискусијата од горе, денес се појави информацијата за уривање на ресторанот и продолжување, односно заокружување на археолошките истражување на целото Скопско Кале.


„...три сувенирници, простор за галерии, како и два музеја.“

Охохо пак нешто се премислија околу црквата. По немилите настани околу нејзината изградба и затворањето на калето, се склопи идејата за замачкување на јавноста дека у ствари црквата е само еден од трите планирани објекти кои ќе служат како музеј на праисторија, отомански/исламски период и византиски/христијански период. Во меѓувреме се испланираа, почнаа и завршија првите два музеја, додека за црквата-музеј ДУИ не сака никако да попушти. И оп, наеднаш ја снемува црквата од целиот план, воопшто не се ни спомнува дека постои, а дреми како карабина.

Сега, или ДУИ е стварно најсилниот одлучувачки фактор во владата, или гујо чека подобри времиња за сепак да изгради црква на Кале, за да има добар селфи-спот при свадбата на неговите ќерки.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11760
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #609 Posted: 02-Oct-2016 at 20:58
Музеите (двата, без црквата)









фото: миа.мк
За сè има вторпат
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #610 Posted: 10-Oct-2016 at 10:12
Прочитав дека истразувачките работи и ископувања на локалитето кале се завршени, но сеуште не го имаат срушено ресторанот кале и проширено копањето под него... или мислат дека нема нешто...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11760
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #611 Posted: 10-Oct-2016 at 15:18
Најверојатно се немаат пари за понатамошни истражувања и довршување на реконструкцијата. Или пари има, но се пренаменети за други проекти, од типот панорамско тркало, споменик на Мајка Тереза итн.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11760
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #612 Posted: 16-Oct-2016 at 16:46
Местото каде што порано се наоѓаше ресторанот. Патем, денес го посетив Кале и се разочарав од сеприсутното ѓубре, а тврдината беше преполна со туристи. Навистина не знам кој е одговорен за јавната чистота таму, но воопшто не си ја врши работата. Жива срамота!

За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #613 Posted: 17-Oct-2016 at 17:19

и јас бев на кале пред околу месец дена и јас сум разочаран од ситуацијата

во ред е дека сеуште се вршат ископувања и истражувања, ама целата област е многу небезбедна за движење, се е обраснато со дива вегетација и насекаде е растурено, како да се движиш на градилиште, а не на археолошки локалитет

инаку, сеуште се врши реставрација на Киклопски ѕид? јас кога бев беше затворен просторот околу него
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11760
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #614 Posted: 17-Oct-2016 at 17:34


Просторот околу Киклопски ѕид беше ограден со црвена лента, иако не видов траги од истражувања или реставрација.
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #615 Posted: 07-Dec-2016 at 14:52
Повеќегодишните расчистувања, археолошките истражувања на Скопското Кале полека влегуваат во последната фаза. Во моментов се работи под експроприраниот ресторан „Кале“.

Наскоро ќе завршат и конзерваторски работи што се во тек на три откопани архитектонски целини: објект од 14-16 век и објект од раното отоманско време од 17-18 век во централниот дел на тврдината, како и конзервација и реставрација на внатрешните преградни бедеми на тврдината.

Периодот од 2006 до 2014 година ги изнесе на виделина основните културни хоризонти, а неодамна професорот Митревски ја промовира првата студија за локалитетот. Над 13.000 археолошки артефакти, 10 културни хоризонти од раниот енеолит до XX век.

Д-р Драги Митревски, вели дека се прикрај со истражувањата и останува само оној дел што беше некогашната тераса на ресторанот „Кале“, што е подигната на нанос на шут од рушевините од скопскиот земјотрес во 1963 година.

- Тој дел таму е за пет до шест метри подолу во оригинал, но е насипан од рушевините од земјотресот и така е добиена таа тераса на толку високо ниво. Мораме тој простор да го истражиме за да можеме да го ослободиме оној влез кој е всушност главен на средновековната тврдина, а тоа е јужниот влез. Оној што сега го користиме и од каде што влегуваме е пробиен влез, но не бил оригиналниот. За да го пробиеме првиот влез, јужниот, оној што гледа сега накај театарот, треба прво сите културни наслојувања да се истражат, па потоа сиот шут што е одозгора да се отстрани, за да стигнеме до ниво каде што ќе може да се комуницира со влезот, за во иднина да може да се стави во функција

Митревски вели дека иако времето заладува, ќе ги искористат сите денови со погодни временски услови за дополнителна работа.

Премногу небитни и веќе чуени детали

Edited by hcitrS - 07-Dec-2016 at 14:56
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #616 Posted: 01-Oct-2017 at 21:33
Немам коментар се коски


Edited by my Macedonia - 01-Oct-2017 at 21:34
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #617 Posted: 24-Oct-2017 at 11:37

чинам сега е прав момент да се реши проблемот со карабината на Црквата на Кале и да се надминат етничките недоразбирања, та ако се попушта околу двојазичност, да видиме дали и колку албанците ќе попуштат околу ова ... иако по аршинот на мнозинскиот модел опптина Чаир стегна чалам па еве Зајко нека ги услови за ова ...

реално ако некогаш имало овде Црква не треба да се гледа на овој момент како спорен ...
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #618 Posted: 24-Oct-2017 at 12:22
Калето е под општина Центар, заедно со дел од чаршијата и Св. Спас.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 293031

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.