build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Административно раководење на Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Административно раководење на Скопје
    Posted: 21-Jan-2008 at 15:55
Темава е за проблемот на Скопје кој го има од носењето на законот за град Скопје па навака. Оттогаш навака Скопје стана жртва на наметнати политички прашања, како двојазичноста. Имено за Скопје да има 25% албанци, се убација и сарај и кондово како дел од градот, а општина сопиште не е дел од градот. На Скопје му е итно носење на закон кој ќе воспостави двослојно владеење. Треба да се донесе закон кој ќе оневозможи судир на ингеренции, и апсурни ситуации како 100 катниците, клучката кнтинентал, па после се караат градоначалници меѓу себе. Еве на пример плоштадот неможе да биде на центар кога тој е градски плоштад. Дајте предлози како може Скопје да функционира полесно.

Edited by lslcrew - 12-Jul-2008 at 18:23
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Jan-2008 at 15:57



Edited by lslcrew - 21-Jan-2008 at 16:01
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-Jan-2008 at 16:05
Овдека јасно се приметува дека сарај е вештачки вметнат исто како и некоисела шо се вметнати во општина бутел. Мислам дека градскиот дел од Бутел и Газибаба треба да функционира како еден дел, а исто така и селскиот дел од Бутел и селскиот дел од ГазиБаба треба да е друг посебен дел.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 21-Jan-2008 at 16:16
Да на темава има доста да се зборува. На Трифун тоа му е една од подобрите идеи иако не ми се свиѓа формата која ја предлага а и плус тоа му е само параван за неспособноста (не треба да е човек многу паметен а да не сконта дека тука треба да има промени).

Спрема мене. Локалните општини треба да си ги задржат ингеренциите во однос на двојазичноста и сличните работи што ја тангираат културата и малцинските права. Се друго треба да биде на централно ниво, посебно урбанизмот. Од кожа се вадам ко ќе ги видам оние знаци добредојдовте во Центар, Гази Баба итн... Или коа има 1234234 новогодишни прослави, посебно за секоја месна заедница.

Ингеренциите на централизирано ниво треба да се однесуваат пред се на урбаната површина на Скопје (која е околу 240sqm).

Истовремено треба да се дефинира Skopje metro зона. Значи неможе ние да функционираме скроз независно од Сопиште, Студеничани, Арачиново, Илинден, Петровец итн. Мислам дека се вкупно 18 општини, 10 градски + 8 приградски. Значи има цела низа прашања која треба да се решава на едно вакво ниво... Јавен превоз, инфраструктура итн...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 21-Jan-2008 at 16:20
Ми се свиѓа идејата 10+8 како две зони градска и приградска. Така веќе е јасно што каде, а нема да има поголеми превирања за сарај. Трифун знам дека се залага за нов закон, ама незнам што предлага он, имаше скоро едно инервју ама го немам читано. Порано си имавме златно министерство за урбанизам, ама ич незнам зашто го укинавме. Урбанизмот е дефинитвно нешто што мора да една глава да го мисли, а не вака го слушнав дека клучката била дивоградба ми дојде преку глава.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Jan-2008 at 18:29


Трифун претеруваше, она сакаше и Ѓорче и Бутел да ги исфрли скроз од тоа урбано јадро... Спрема мене тоа нема логика...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Jan-2008 at 18:41
За жал етничките критериуми имаа преголемо влијание во креирањето на законската рамка за Скопје и сега за тоа плаќаме преголема цена. Тоа треба да се смени и да се бараат решенија. На пример оној делот за двојазичноста не е проблем да се регулира и на друг начин, без да мора да се достигнат 20% барем за случајот на Скопје. Ама делот со самите општински граници би бил многу потежок за решавање Roll%20eyes. Абе ја би ги стрељал сите говеда што туркаат ирационални етнички концепти на штета на општото добро и најосновното функционирање на градот.

@ lslcrew - за двојазичност не треба 25% туку 20%, така да не се циљаше на толкава бројка. Ако мораше да се стигне до 25%, ќе мораше да се направи уште поирационална организација Nuts. А Сарај и Кондово не се проблем сами по себе, туку тоа дека општина Сарај се простира се до Полог (вклучувајќи еден куп крајно рурални населби). Јасно е дека така во никој случај Скопје не може да функционира како урбана административна целина.


Edited by Cloverstack - 21-Jan-2008 at 18:42
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Jan-2008 at 20:06


веројатно може да се најде модалитет каде административната граница на Скопје (и на општините би останала иста) но би се дефинирале две зони, градска и приградска. И за едните и за другите би се дефинирале правилници за начинот на користење на средствата. Постоечките општини може и да се задржат но треба да се деградираат на пониско ниво и голем дел од ингеренциите да се префрлат на градот (како што реков освен они кои произлегуваат од рамковниот договор). Градските општини нема потреба да имаат градоначалник. Се што може треба да биде на централно ниво.

Мислам.... на памет зборам не дека имам врска од територијална организација, не е тоа тек така касапска работа... Ама ете ова се некои мои видувања.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Apr-2008 at 21:59
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2A1A83A04E9B874CBE38C11771D3644E

ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ РАЗРАБОТУВААТ НОВИ ЗАКОНСКИ ВАРИЈАНТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ГЛАВНИОТ ГРАД

За Скопје е најдобро да биде една општина

Кога градот би бил една општина, сите буџети би биле на едно место и локалната самоуправа би располагала со 150 до 200 милиони евра годишно

Градските власти ќе и' предложат на Владата, односно на вицепремиерот Зоран Ставревски, три варијанти за нов закон за Град Скопје, најави скопскиот градоначалник Трифун Костовски. Целта е да се најде најдобриот законски модел што ќе овозможи Градот конечно да почне ефикасно да функционира.Во Градот веќе работи експертска група, составена од проф. Гордана Силјановска од Правниот, проф. Благоја Марковски од Природно-математичкиот и проф. Илија Ацевски од Филозофскиот факултет, кои работат на варијантите на законот. Тие ќе предложат измени и во другите закони што се однесуваат на локалната самоуправа, како законите за територијална организација и за финансирање на општините.

ГРАДОТ  НЕМА ВЛАСТ

- Ќе понудиме три варијанти на законот, од мека до радикална. Со најтврдата варијанта ќе предложиме да се укинат општините, односно Скопје да биде една единица на локалната самоуправа. Втората варијанта е да се зголемат надлежностите на Координативното тело на градоначалници, односно тоа тело да добие извршна моќ. Тоа значи дека одлуките ќе се носат во интерес на целиот град и ќе мора да се спроведуваат. Најмеката варијанта е да се зголемат надлежностите на Градот Скопје во однос на општините и строго да се дефинира што е во градска, а што во општинска надлежност - вели Антони Малинов од правниот сектор во Градот.Тој додава дека со овие предлози сакаат конечно да се расчисти со дуализмот, паралелизмот и со нејасното дефинирање на ингеренциите. Градоначалникот Трифун Костовски вели дека со сегашните законски решенија вистинската локална власт е во рацете на општините, а Градот функционира како нивен сервисер. Нема одлучување на едно ниво. На пример, ние сега ќе го менуваме јавното осветление на градските улици со поевтини светилки, но за да се направат вистински заштеди, и општините треба паралелно со нас да ги сменат светилките. Затоа, јас ќе се залагам за варијантата Скопје да биде една општина, а не како сега 10 општини плус Градот. Со сегашните решенија во Скопје има 11 сектори за урбанизам, за финансии, за екологија итн. Поради тоа во локалната администрација има голем број луѓе, а за нивните плати се одлева значаен процент од општинските буџети. Локалната самоуправа не смее да биде скапа. Кога Скопје би било една општина, сите буџети би биле на едно место и Градот би располагал со 150 до 200 милиони евра годишно. Со тие пари може многу да се направи - вели Костовски.

ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД

Според градските власти, сегашните законски решенија од скопјани прават граѓани од втор ред. Тие се во подредена положба во однос на жителите на Охрид, Тетово и на другите градови. На пример, за да изградат куќа, наместо на еден шалтер, документите мора да ги прибираат најмалку на два шалтера, во соодветната општина и во Градот. Комуналиите се плаќаат на две места, за различни изводи и потврди мора да одат или во општината или во Градот. Честопати и самите скопјани се револтирани и понижени поради тоа - вели Аљоша Шопар, раководител на секторот за уредување на просторот.Тој додава дека наместо едношалтерски систем, со ваквите законски решенија скопјани на својата кожа чувствуваат што значи „десетшалтерски“ систем.

Соња Христовска
Фото: Маја Златевскa


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Apr-2008 at 22:07
И? Што мислите? Факт е дека со ваквата административна поделба, Скопје е заглавено во бирократија до гуша. Сигурно има и лоши страни ова, ама не верувам дека може полошо
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-Apr-2008 at 22:12


Се слагам, тешко дека може да е полошо од моменталнава ситуација (Иако не еднаш сум се зезнал кога сум давал вакви констатации... Сепак во Македонија се е можно Roll%20eyes)


Edited by Cloverstack - 13-Apr-2008 at 22:12
Back to Top
skywings View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote skywings Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Apr-2008 at 23:13

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТОВСКИ БАРА ПРОМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ГРАД СКОПЈЕ


Бирократијата ги сотре скопјани


Во Градот е формиран експертски тим кој изработува нов организациски модел по кој би функционирал градот. Се предлага нова територијална организација и дефинирање на надлежностите меѓу градот и општините, со што би се намалила администрацијата и би се зголемила нејзината ефикасност


Градските власти сметаат дека Скопје заедно со сите 10 општини има огромна и скапа администрација, а скопјани се заложници на бавна и неефикасна бирократија. Во Градот веќе е формиран експертски тим кој изработува нов организационен модел по кој би функционирал градот. Се предлага нова територијална организација и дефинирање на обврските меѓу градот и општините, со што, би се спречило дуплирање на надлежностите и би се намалила адинистрацијата, а би се зголемила нејзината ефикасност.

- Веќе е направена споредба со останатите европски градови во однос на нивното функционирање, надлежностите и начинот на финансирање. Врз основа на ова веќе се утврдени неколку модели кои би биле најповолни за Скопје. Нашата заложба е и да расчистиме со дуализмот во надлежностите меѓу Градот и општините, вели Тони Малинов помошник раководител на секторот за правни работи на Град Скопје. Оттаму додаваат дека проблемите се јавуваат кај уредување на градежно земјиште во однос на инфраструктурата. Плаќањето на комуналиите се врши и во градот и во општините.

Од Градот потенцираат дека скопјани за разлика од жителите на другите општини, треба да поминат на дупло повеќе шалтери и да чекаат дупло подолго време, доколку сакаат да завршат одредена работа, независно дали се работи за плаќање на данок на имот, или за вадење на документација за изградба на објект. Нелогична ситуација има и во урбанизмот. Општините ги носат деталните урнбанистички планови, а Градот дава согласност, иако постапката не се почитува секогаш, бидејќи не е обврзувачка. Според надлежните, таквиот пристап кон уредување на просторот, доведува до нееднаков статус на граѓаните, со оглед дека одредена општина може повеќе да направи за урбанистичко уредување. Надлежностите се мешаат и во однос на поставување на урбана опрема.

- Јас сум застапник на најрадикалниот модел според кој Скопје треба да биде една општина, додека сегашните општини треба да бидат истурени единици на Градот, каде граѓаните би ги реализирале секојдневните обврски. Во случајов, имаме огромна администрација која постои во општините. Имаме 11 сектори за урбанизам, исто толку сектори за финансии, односно наместо со 500 луѓе да дадеме квалитетен сервис на граѓаните, ние имаме вработено повеќе од 2000 луѓе, а најголем дел од буџетот оди на лични доходи, смета скопскиот градоначалник Трифун Костовски.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 14-Apr-2008 at 00:46
Од шапка се гледа (или од авион, како сакате) дека проблем со законот е двојазичноста. Се надевам дека Груевски ќе успее да ја договри двојазичноста на Скопје (не навлагам како и што) со албанскиот политички фактор, па конечно ќе го смениме законот за градот и ќе биде пофункционален. Секако мора да се обрне внимание на проблемот со чаршијата која што е под три општини, и сличните проблеми. Мора овие субјекти да се издвојат од општините и да бидат под директна заштите на градот, во соработка со мин. за култура.

Edited by lslcrew - 14-Apr-2008 at 00:46
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Apr-2008 at 16:42
Абе да ве прашам нешто! Што е со онаа функцијата која порано постоеше "главен градски архитект"?! Мислам дека оваа функција повеќе не постои. Што беше работата, имаше ли ова везе нешто околу градското планирање или што?! Ај ако може некој некој нека објасни!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Apr-2008 at 16:48
Постои, постои... Моментално главен градски архитект е Никола Груевски Roll%20eyes
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Apr-2008 at 17:11
Заебанција на страна, има еден у општина кисела вода се вика Никола Груев!!! Озбилно. Нешто у совет е мислам.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 19-Jun-2008 at 23:18
Originally posted by pbanks


Ima uste edna rabota sto me nervira vo seto ova i ne e ekskluzivno vrzana so Gazi Baba, no plostadov e odlicen primer. Skopskive opstini se vlezeni vo film deka se posebni gradovi i sekoja treba da zivee sama za sebe, paralelno od drugite. Sekoja treba da ima svoj plostad, svoj centar, svoj park, svoi javni pretprijatija.... Duri i go zagadija gradot so onie znaci Dobre dojdovte vo opstina taa i taa, Srekjen pat od opstina taa i taa. NA sekoj cekor gi gledas tie znaci samo izlagas i vlagas nekade.

Normalno e grad so golemina na Skopje da ima povekje centri no ne znaci deka tie treba da koincidiraat so politickite granici na opstinite  i sekoja da glumi drzava za sebe! Uste edna pricina plus zosto na Skopje mu treba pod itno nov model za funkcioniranje, momentalniov ne lici na nisto. Mora da se napravi pogolema centralizacija.


Одлична поента!

Очигледно резултат на сељачки локал-патриотски пристап. Кај нас резултатите од овој пристап (доколку не се прекине), ќе бидат уште полоши него што би се очекувало, затоа што општинските граници се повлечени по политички критериум, наместо географски и демографски...

Е сега како да се прекине ваквиот пристап? Очигледно не можеме да рачунаме свеста да завладее кај повеќето градоначалници скопските општини... Пак доаѓаме до тоа дека законските решенија и овластувањата на општините треба да се сменат и на градската управа да и се даде вистинска диригентска палка, а не како сега да глуми англиска кралица.


П.С.
Сега ако улета некој од Австралија или Северна Америка (Big%20smile) да каже дека таму тоа функционира баш така расцепкано, одма да кажам дека таму трендот е обратен - многу од тамошните големи урбани средини настанале со спојување на поранешни помали, додека во Скопје од една целина со сила се растргнуваат интегралните делови и дополнително ради неодговорноста на тие што ги водат овие делови, секоја си тера по свое без да се гледа себе си како дел од целината. Плус тоа еден северноамерички или австралиски град има сосема различен концепт на планирање и функционирање од повеќето европски градови меѓу кои и Скопје.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 20-Jun-2008 at 02:20
Како нема да се понашаат како посебни градови, кога законов им дозвољава да си играат држава?! Се со цел да се зачува некаква си имагинарна двојазичност, се осакатува градов до даска. Што се однесува конкретно до општините мислам дка градскиот дел од Бутел и Гази Баба треба да се обедини во една општина, а руралниот дел (после обиколница) од двете општини исто така треба да се обедини во друга општина. Така од две ќе напраиме пак две само што нема да биде толку безвезе, а не како сега градските пари да се одлеваат за селски водоводи. А што се однесува до градот, ако веќе до толку мора да функционираат општини тогаш тие треба да се сведат да некои си области со помали ингерении. Јас ипак се залагам градот во целина да биде еден субјект со еден градоначалник и никакви подсубјекти. А за граници јасно треба да си биде до обиколцица, ни мање ни више!!!


За ова имам отворено посебна тема така да може да идат постовиве тамо.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 20-Jun-2008 at 02:42
Zasto treba da se ima gradonacalnici za site opstini vo Skopje? Nemoze da bide kako eden? Edna golema opstina ako me razbirate...sepak ke se ima nekoj 'pretstavnik' na pomalite opstini ama nema da se gradonacalnici...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 20-Jun-2008 at 10:08
Originally posted by Cloverstack


П.С.
Сега ако улета некој од Австралија или Северна Америка (Big%20smile) да каже дека таму тоа функционира баш така расцепкано, одма да кажам дека таму трендот е обратен - многу од тамошните големи урбани средини настанале со спојување на поранешни помали, додека во Скопје од една целина со сила се растргнуваат интегралните делови и дополнително ради неодговорноста на тие што ги водат овие делови, секоја си тера по свое без да се гледа себе си како дел од целината. Плус тоа еден северноамерички или австралиски град има сосема различен концепт на планирање и функционирање од повеќето европски градови меѓу кои и Скопје.



Независно од децентрализацијата во тие земји големите урбани средини функционираат како една иако се составени од многу независни единки. Има еден кластер на облакодери на пример не 10... Глеаш кај нас веќе испланираа 2 (не дека ќе се направат но зборувам за резонот), ништо чудно секоја скопска општина да најави амбиција да има свој облакодерски бизнис кластер. Wallbash
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.