build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Административно раководење на Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 13>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Административно раководење на Скопје
    Posted: 27-May-2012 at 22:14
јас сум против воведување на функцијата градски архитект.ние во Кичево имавме таква функција до 2000 година и народски кажано тој човек во неврзан муабет пред многу луѓе има коментирано `дојдов во Кичево(живееше во охрид) по 1 милион марки а си заминав со 5`.и вистина после тоа си изгради многу убава и голема зграда одма спроти спорниот хотел зад рамстор
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 27-May-2012 at 22:02
Како што се споменува во текстот, ваков предлог-закон ДОМ поднесе во април 2011. Најновиот сѐ уште не е поднесен до Собранието. Ова се најважните моменти од предлогот од 2011:

- Градскиот архитект ќе го избира Советот на Град Скопје по предлог на градоначалникот на градот.
- По изборот, градскиот архитект формира совет од 5 члена (по еден член делегираат Комората на овластени архитекти и овластени инжињери на Македонија, Асоцијација на архитекти на Македонија и Здружение на архитекти и инжињери на Република Македонија).
- Ако градскиот архитект нe даде позитивно мислење на деталните урбанистички планови што ги донесуваат општините од подрачјето на градот Скопје, постапката за нивно донесување не може да започне.
- Градскиот архитект се залага за промовирање на концептот на одржливост и енергетска ефикасност при планирањето, проектирањето, изградбата и одржувањето на објектите и инфраструктурата.

http://sobranie.mk/ext/exporteddocumentdownloadwindow.aspx?Id=1619faff-4ec5-4c2c-bb87-02b90bfdc329&t=pdf

Иако главните идеи се одлични, предлогот е непрофесионално изработен затоа што воопшто не се осврнува на траењето на мандатот на архитектот, условите за негов избор, неговото финансирање, престанокот на функцијата итн. Да се надеваме дека новиот предлог е изработен попрофесионално.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 27-May-2012 at 20:58
Previous
 
Под претпоставка дека ќе им успее, кои ќе бидат тие градски архитекти и како ќе бидат избирани истите ?
 
Ние имаме независни органи како што се Советот за Радиодифузија, Државната Комисија за спречување на корупцијата, Уставниот Суд, Јавниот обвинител и ред други институции чиишто членови ги бира - Парламентот.
 
Градските архитекти најверојатно ќе ги бира Советот на град Скопје, во кој мнозинството ќе го имаат или овие од оваа партија или оние од онаа партија, на крајот повторно се ќе се сведе на исполитизирана администрација и на исполитизирани вработени во самата администрација.
 
Јас сум повеќе песимист доколку воопшто се донесат ваквите закони за градски архитекти, отколку што сум песимист доколку истите тие закони воопшто не бидат усвоени.


Edited by Dexter26 - 27-May-2012 at 21:00
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 27-May-2012 at 20:47
Дајбоже да им успее, ама не сум оптимист...
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 27-May-2012 at 14:20
ДОМ ќе поднесе закони за градски архитект

ДОМ ќе поднесе два закона со кои се внесуваат поимите Градски архитект и Градски совет на архитекти за градот Скопје и за уште 13 градови со над 30.000 жители, со што се очекува архитектите да го добијат важното место во општеството во насока на обезбедување квалитетни урбанистички решенија и заштита на животната средина.

- Предлагаме измени и дополнувања во Законот за Град Скопје и во Законот за локална самоуправа, каде ги дефинираме поимите, надлежностите и начинот на избор. Важно е дека градски архитект се избира од предлозите на трите професионални организации на архитекти, при што сите предложени кандидати стануваат членови на Советот на архитекти. Со ова ќе се испочитува волјата на еснафот и ќе се обезбеди стручност во работата, рече на денешната прес конференција лидерот на партијата Лилјана Поповска.

Таа потсети дека ДОМ веќе имаше поднесено слични измени минатата година, но оти поради предвремените парламентарни избори законот не дојде на дневен ред. Годинава ја повторуваат постапката со широка јавна дебата со стручната јавност и работна група од претставници на професионални асоцијации на архитекти.

http://kurir.mk/makedonija/partii/72324-DOM-ke-podnese-zakoni-za-gradski-arhitekt
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-May-2012 at 21:06

Случајно ова да не е едно од тие видеа, ТВ спотови кои вртат по телевизииве? 

Ако е така... па ова и јас можам да го направам... ова е... power point + музика... 



Edited by FoSsiL - 23-May-2012 at 21:07
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2493
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 16-May-2012 at 14:47
Originally posted by Dexter26

Подобро тоа, отколку трејлерите за филмови кои можеби воопшто нема да стигнат во конкретното кино.  


Мене лично трејлерите ми се супер. Пошо Холивуд последниве години е тапа, најчесто трејлерите се и поинтересни од самите филмови.

офтопик знам.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-May-2012 at 13:07

Добро бре....

Под 3Д визуелизации не се подразбира дека тие се направени во 3Д техника. Туку дека се видео (компјутерска графика) кое дава поглед на објектите и на предметите од сите агли и во сите 3 димензии... Нешто како што беше визуелизацијата за Скопје 2014, иако таму се работи за поголема површина... концептот е ист... евентуално градот тоа би го применувал на помала површина, помали објекти и предмети...

Не ги сфаќајте работите толку буквално...

А што е расфрлање пари... да, се согласувам, непотребно трошење на пари...

Еве пример за 3Д визуелизации и анимации, иако ние само ги знаеме и ги викаме како визуелизации/анимации, нека не ве буни тоа 3Д-то:


ПС: Заборавив да кажам дека во пракса се користи за презентирање на сеуште нереализирани, неотпочнати, или незавршени проекти. Би било смешно ако градов тоа го направи на нешто веќе готово наместо да оди и да го сними... но кај нас ништо не би ме чудело и тоа да го направат... добро... реално се прават визуелизации и за веќе готови работи... но тоа е најчесто поради ориентација дали во отворен или затворен простор... и најчесто се интерактивни... односно корисникот може да ги манипулира во зависност од неговата потреба да си создаде јасна слика...



Edited by FoSsiL - 16-May-2012 at 13:48
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-May-2012 at 12:43
Previous
 
Подобро тоа, отколку трејлерите за филмови кои можеби воопшто нема да стигнат во конкретното кино.
 
Вака барем ќе си имаме реклама за нешто наше, за кое знаеме каде е и можеме да го посетиме, за разлика од рекламите за филмовите кои се неподносливи, ако сакаш да го гледаш филмот, воопшто не доаѓај во најавениот термин, слободно дојди си 15-20 минути подоцна, вака барем ќе има нешто асално за гледање во текот на тие 15-20 минути.
 
Е сега, дека со тек на време ќе станат досадни таквите реклами бидејќи ќе се повторуваат до бескрај како на МРТВ, дополнето со фактот дека истите ќе бидат платени со народни пари, додека трејлерите за филмовите доаѓаат во пакет со самиот филм кој ќе се прикажува, се бесплатни и не се секогаш истите, тоа е веќе друга приказна.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 16-May-2012 at 12:30
ЗD визуелизациите ќе бидат наменети за Милениум, сто посто. Ќе биде баш као у време на нацистичка Германија, промотивни државни спотови пред секој филм Bash
23ka.wordpress.com
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 16-May-2012 at 00:57
Најновиот грабеж гласи:

ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

Осмислување и реализација на информативно-едукативни ТВ спотови за презентирање на позначајните проекти на Градот Скопје за периодот 2009-2012 година и дополнително информирање на ВЕБ порталите.

Предметната набавка вклучува:
-15 (петнаесет) ТВ спотови со уснимени кадри од постоечките локации,
-продукција на 1 (еден) ТВ спот за туристичка промоција на Скопје,
-изработка на 4 (четири) комплетни 3D визуелизации со 3D визуелни ефекти и
-закуп на простор на минимум 4 (четири) ВЕБ портали, за период од 12 месеци, кои ќе упатуваат до спотовите.

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Dossie/dosieACPP.aspx?EntityId=d082062e-eed3-4c3f-a1de-73ef66f60fd5&Level=2
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 25-Apr-2012 at 16:28
Originally posted by oTeget

Интересно Мацедоникус. Границите на областите дали ги црташе прецизно и по некои критериуми или чисто орјентациски ?

Па границиве ги нема во ниту еден закон или урбанистички план што значи ги цртав по мои критериуми т.е идејата ми е во Општина Скопје да влезе претежно урбаниот дел од градот (Волково и Ченто се исклучени) а руралните делови да функционираат како посебни области или околии доколку околиите се на пониско ниво.
ಠ_ಠ
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 25-Apr-2012 at 00:06
Област по дефиниција е поголема од околија, така што треба овие два поима да си ги заменат местата во хиерархијата. Инаку воведување на области е супер чекор, кој кај нас не би поминал без политички и меѓуетнички тензии и тоа е всушност причината зошто не се воведуваат. Нема ни многу голема потреба да има уште поделби, доволно е Област -Општина, значи регионална и локална власт. Инаку јас ја гледам Македонија поделена на најмногу 6 области, вкл. Скопје. 
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
oTeget View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote oTeget Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 25-Apr-2012 at 00:03
Интересно Мацедоникус. Границите на областите дали ги црташе прецизно и по некои критериуми или чисто орјентациски ?
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 03-Apr-2012 at 23:48
Можеби идејава ми е малку нереална ама мислам дека целата администрација ќе функционира подобро доколку се воведат околии како првостепена форма на организација а општините да се второстепена форма (како и во сите нормални држави). При што градот Скопје би бил еднаков со општина Скопје додека приградските (рурални) населби би биле поделени на области пр. Област Скопје (Север), Област Скопје (Југ) итн. Областа би била третостепена форма на орг. и би била присутна само во Околијата Скопје. Вака графички би изгледало:

Сина боја - граница на околија
Светло зелена - граница на општина
Темно зелена - граница на област



Edited by Macedonicus - 03-Apr-2012 at 23:51
ಠ_ಠ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 19-Nov-2011 at 05:39
Не тука сум сосема согласен окјолу боројот на верници, тоа да, то атреба да се посебни региони. Примерот го дадов за трите источни региони, за Гевгелија, Штип, Свети Николе. РАдовишкиот региопн е малкју на граница дали еповече кон Струмичкиот или Штипшскиот
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-Nov-2011 at 22:57
Previous
Можеби ваквата поделба одговара наМПЦ, според бројот на верници или верски објекти, но сметам дека е несоодветна поделба за Македонија. Пред се Куманово и полог би морале да бидат разделени, бидејќи заедно со Скопје би биле огромни региони и по површина и по население. Ајде Скопје ќе речеме главен град и географски не зафаќа голем регион, но што имаат заедничко Гостивар и Крива Паланка? Од друга страна ваквиот регион биимал 400.000 жители а струмичкиот не би имал ни 100.000, или пак кичевско-дебарскиот регион.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Nov-2011 at 03:27


Ова е епархиската поделба на МПЦ која вака е доста поприкладна во делот на источните региони, на пример Гевгелија мора да е во Повардарски, Штип и Свети Николе неможе да се во различни региони и слични модификации. А и имињата би ги извел малку повеќе од локална топологија отколку од ова географко според страни на светот. За Источен е супер Брегалнички, за југозападен, може некое име мавровско-рекански, за југоисточен струмичко-радовишки, за северо-источен Кумановско-Паланечки.


Edited by lslcrew - 18-Nov-2011 at 03:28
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 18-Nov-2011 at 03:19
Ова е многу симпаична поделба функционална на Македонија со региониве. Државиве околу нас имаат по неколку стешена организација, Македонија само еден степен, а природно и е да има два. Грција има 4-5, Бугарија, 2, Хрватска е интересн модел. Овие 8-те региони се добра поделба, само треба да се подизделкаат општините малку да имаат малку некоја поголема логика. Ова незнам колку одговара на околиската поделба во раните денови на Југославија, но на пример епархиите на МПЦОА речиси да се поклопуваат со региониве, статистичките региони. Можат како за почеток да си добијат ингеренции на регионални ниво кои природно им припаѓаат, односно регионалните патишта кои сега се под државата, регионалните депонии, околу туризам, на пример директна соработка по хоризонтала со епархиите, ги спомнувам два пати зашто баш се погодува како интересна паралела, има многу што да работат. Истото неодамна го имам размислувано и би ги организирал така што Скопски регион би бил поцентрализиран од другите со тоа што општините од тој регион нема баш да бидат со толку ингеренции како другите општини од другите региони и нивните одлуки ќе можат да бидат преиначувани на регионално централно ниво, со тоа што општините би имале строга граница меѓу рурални и урбани, и тоа не е обиколницата иако тоа така убаво на некои ви изгледа на гоогле еартх , однонсо да може дури и скопски регион да може на ниво на совет да ги реорганизра општините, ме сваќате за кое лабаво ниво на второстепена поделба зборувам.




Edited by lslcrew - 18-Nov-2011 at 03:21
Back to Top
oTeget View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote oTeget Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Nov-2011 at 02:26
Фосил,

Секоја чест за трудот но твојата идеја да се укине Скопје како административна единица и овие региони што си ги нацртал да функцонираат како посебни градови, тоа е погубно. Каков е резонот за таква организација и што би се добило со тоа???

Баш во обратен правец треба да се движиме бидејќи премногу е очигледно дека голем дел од проблемите на функционирањето на градот произлегуваат од слабата позиција на градските власти наспроти општините во рамките на Скопје, чии градоначалници и совети се однесуваат баш како да се посебни градови. А од друга страна и градските и општинските власти се премногу слаби во однос на централната власт која користејќи ја таа позиција не бира начин и средства да си го пикне носот таму кај што не му е местото.

Исто така треба да се направат големи усилби за на централната власт да и се одземат оние оружја кои таа ги злоупотребува за да им става сопки на оние градоначалници кои не и се по ќејф, а да им дава преференцијален третман на оние кои и прават мерак. Ова не го говорам само во контекст на погубните комбинаторики на власт и опозиција на централно наспроти локално ниво, туку ова е многу битно за да добиеме градоначалници кои ќе бидат ослободени и од партиските стеги на својата партија.

Сметам дека голем проблем е и тоа како се нацртани денешните граници на скопските општини, но не е пресуден проблем. Сметам дека е многу побитно прво да се средат работите што ги објаснив претходно.

А во врска со твојава мапа имам уште една забелешка. Она т.н. Јужно Скопје не е никаква логична целина. Во иста чорба си ги ставил и Државна болница и Нерези и Пржино и Шишево и Патишка Река и Нова Брезница и така натаму. Оваа територија не е никаква логична целина. Во нејзиниот центар на гравитација се наоѓа Водно а голем дел од местата немаат никаков НЗС ниту пак меѓусебни природни комуникации.



Originally posted by FoSsiL



Делумно се согласувам со тебе. И не е лошо и како што ти предлагаш.

Но еве и јас што мислам, па може и да споредиме.

- Црвено - Скопје - Центар или Централно Скопје

- Зелено - Скопје Исток или Источно Скопје

- Сино - Скопје - Север или Северно Скопје

- Жолто - Скопје - Запад или Западно Скопје

- Виолетово - Скопје - Југ или Јужно Скопје

Притоа, Скопје како административна единица повеќе не би постоел. Би постоел единствено само како статистички регион.

А овие пет административни единици би функционирале како посебни градови.

Но и не и местото на оваа дискусија баш тука, па ако можеш префрли ја и да се префрлиме таму. Мислам темата беше Административно раководење на Скопје.


ПС: Северната граница малку можеби ми бега и ми е грешна, зашто незнам која е границата помеѓу Арачиново и Липково, па ја земав таа што е на гугл мапс, а знам дека беше/е малку изместена и незнам колку е ова точно, но поентата е да се опфати Скопскиот Регион со овие 5 административни единици.

Т.е. ова...�





Edited by oTeget - 18-Nov-2011 at 02:30
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.258 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.